КАФЕ ПАУЗА

Tag: молив

  • Необични еко-производи

    Необични еко-производи

    Денес индустријата сè повеќе се ориентира кон изработка на еколошки производи кои не ја загадуваат околината, го рециклираат она што понекогаш погрешно го нарекуваме „отпад“, при што се добиваат нови извори на енергија. И покрај тоа што свеста кај луѓето не се менува така брзо, секоја година не изненадува некој нов изум и најнова технологија, кој треба да ни помогне во создавањето попријателски однос кон природата. Погледнете дел од нив.rn.rn

    Светилка која работи на крв

    rnПроблемот со потрошувачката на енергија е во нејзиното нерационално користење, но прашањето е како да научиме да бидеме штедливи?! Мајк Томпсон дизајнирал светилка на која и се потребни неколку капки крв за да функционира. Светлоста се создава како реакција на луминолот и железото од еритроцитите. Со неколку вакви светилки во домот, секој добро ќе размисли пред да го вклучи светлото кога тоа не е потребно.rnНеобични еко - производиrn

    „Жива“ завеса за туширање

    rnНедостигот на чиста вода за пиење е еден од најголемите проблеми на човештвото. Некаде ја има премалку, а во некои делови од светот чиста вода се користи и таму каде што тоа не е потребно. За оние кои предолго се тушираат Елизабет Бучер осмислила два типа завеси, една која после некое време се дува и ве заробува и друга од којашто излегуваат пластични шилци кои ве попречуваат во уживањето, додека водата тече врз вас.rnНеобични еко - производиrn

    Простирка за бања од мов

    rnМов вирее на влажни места, па затоа бањата е одлично место каде можете да ја чувате, а притоа да имате и некаква корист од тоа. Чувството под вашите нозе е прекрасно, а водата што капе од вас по туширањето е одлична за нејзино растење. Простирките се направени од три вида мов на подлога од посебен вид пена. Одржувањето нема да биде проблем дури ни за оние кои не се особено успешни во одгледувањето растенија, бидејќи е доволно да стапнете со влажни нозе на простирката од мов за таа да вирее.rnНеобични еко - производиrn

    Соларен костим за капење

    rnРетко каде може да се најде толку неискористена енергија како во лето на плажа. Ова било доволна инспирација за Ендру Шнидер да го дизајнира соларниот костим за капење. Изработен е од голем број соларни плочки и преку USB приклучоци може да полни батерии и разни уреди.rnНеобични еко - производиrn

    „Малиот принц“

    rn„Малиот принц“ е име за нов вид роботи за одржување билки. Делуваат на принцип на стаклена бавча, можат да се програмираат да бараат хранливи материи, а во себе содржат потребни резерви за почетен развој на растенијата. Одделните роботи се поврзани со безжична врска. Автор на овој пронајдок е Мартин Миклица.rnНеобични еко - производиrn

    Принтер без тонер

    rnОсобено интересен изум е принтерот кој користи молив наместо тонер. Вметнувате истрошени моливи и на тој начин го „храните“ принтерот со графит, кој му е потребен за печатење. Постои и опција за бришење, па така хартијата може да се користи неколку пати. Принтерот е дело на Хојонг Ли.rnНеобични еко - производиrn

    Теретана на вода

    rnОва е нешто што ќе ги мотивира и мрзеливите. Тертаната на вода се движи со помош на работата на справите кои се користат при вежбањето. Убав поглед, вежбање, забава и подобро здравје, е тоа што жителите на Њујорк би требало да ги оттргне од нивните каучи. Проектот е на Мишел и Даглас Јоаким, а е осмислен уште во 2005 година.rnНеобични еко - производиrn

    ЗД принтер за храна

    rnИстражувачите од универзитетот во Корнел добиле необична, скоро налудничава идеја, да создадат ЗД принтер за изработка на храна. Потребните материјали за подготовка би биле сместени во шприцови и со комбинирање би се добил саканиот производ. Како точно мислат да добијат толку многу различни производи и вкусови од само една машина сè уште не е познато, но тие тврдат дека ваквиот начин би ја отстранил потребата од транспорт, пакување, готвење и послужување.rnНеобични еко - производиrn

    Машина за тоалетна хартија

    rnМашината за преработка на отпадна хартија е изум што доаѓа од Далечниот исток. Оваа направа е доволно мала за да може да се смести во секоја фирма, многу е ефикасна, а резултатите се веднаш видливи. За само половина час отпадната канцелариска хартија ја претвора во ролна тоалетна хартија. Хартијата најпрво се меле и кваси со вода, а потоа со помош на валјаци се обликува во тенок слој и се витка во ролна. Единствениот проблем со оваа машина е нејзината цена – 100.000 долари.rnНеобични еко - производиПрочитајте и за утопиското еко-село предвидено за настраданите од земјотресот во Хаваи 2010 година.

  • NoteSlate – е-табла за секој ден

    NoteSlate – е-табла за секој ден

    Порано животот беше поедноставен. Имавме тетратки во кои ги пишувавме лекциите што ги предаваа професорите на училиште, цртавме на големи хамери со молив и правевме шопинг-листи на ливчиња од тефтер. Пресретнувајќи ги сите технолошки иновации, дозволивме овие да станат дел од нашето секојдневие; на работната маса веќе одамна нема расфрлани тетратки и ливчиња, туку лаптопи, мобилни телефони, електронски табли, музички плеери, кабли, батерии…NoteSlate – е-табла за секој денКреаторите на NoteSlate веруваат дека го имаат производот кој ќе ја врати практичноста и едноставноста од неодамнешните времиња, додека истовремено ќе го држи чекорот со модерното и технолошкото. Тие создадоа 13 инчна табла на која може да се пишува, црта и чкртка, исто како со молив на хартија.NoteSlate – е-табла за секој денNoteSlate – е-табла за секој денNoteslate се базира на е-мастило кое го овозможува примањето на информациите кои ги внесува корисникот со втиснување на специјалното пенкало кое доаѓа со него. Тие на таблата можат да прават буквално сè, а сработената задача, цртеж или есеј ќе се зачуваат на мемориската картичка за да може таблата да се користи одново и одново.NoteSlate – е-табла за секој денNoteSlate – е-табла за секој денКреираните фајлови може подоцна да се прегледуваат директно на самиот уред, но постои и опција за нивно префрлање на компјутер поврзувјќи го преку мини-USB порта. Батеријата ќе издржи користење на уредот до дури 180 часа (3 недели секојдневна работа), пред да се појави потреба повторно да се наполни.NoteSlate – е-табла за секој денОсновните верзии од уредот се монохроматски, но се достапни во неколку различни бои, додека пак, мулти-колор варијантата овозможува користење на бела, зелена, сина и црвена боја како мастило на црната мат површина.NoteSlate – е-табла за секој денОвој интересен гаџет кој се очекува да биде наследник на незаменливата комбинација „тетратка и молив“, треба да се пушти во продажба во јуни оваа година.NoteSlate – е-табла за секој ден

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #15

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #15

    Празниците официјално завршија. Расчистете сè што остана нерасчистено од лани и направете си уредна околина за работа за оваа година. Оваа црно-бела позадина е одличен избор за поставување на десктопот на вашиот работен компјутер.rnrnИнспиративна и уметничка, на оваа позадина можете да ги поставувате иконите на креативен начин, притоа вашиот десктоп секогаш ќе делува уредно и стилски.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #15
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1152×864) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.

  • Реалистички пејзажи направени само со молив

    Реалистички пејзажи направени само со молив

    Гурам Доленјашвили е сликар од Грузија, роден на 9 март 1943 година во градот Кутаиси и најчесто работи во техника со една боја. Тој е прогласен за почесен сликар во Грузија. Од 2004 година е почесен член во руската уметничка академија.rnrnРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливrnrnМногу од неговите дела  претставуваат пејзажи во црно-бела техника, направени со користење на молив или графит, притоа понекогаш внесувајќи надреалистички елементи. Сепак, тој важи за следбеник на традиционалните руски реалисти Иван Шишкин и Јули Клевер.rnrnРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливРеалистички пејзажи направени само со моливrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.