КАФЕ ПАУЗА

Tag: мобилни телефони

  • Технологија за стари луѓе

    Технологија за стари луѓе

    Постарите луѓе најчесто пружаат отпор против современата технологија. Во „нивно време“ без неа било поубаво, па не им треба ни кога се постари. Сепак, разумен човек секогаш знае како добро да ја исползува технологијата без да си нанесе штета на самиот себе, а овие неколку апликации би можеле многу да им помогнат на оние кои веќе зачекориле во третото доба од животот.Технологија за стари луѓеrn

    Кога слабо гледаат

    rnКога слабото светло е пречка за да ги видат добро работите околу себе, тогаш апликацијата LED Reading Glasses е мудар избор. Оној кој ја има инсталирано на својот мобилен уред може со само еден клик да ги вклучи до максимум сите светла кои му се на располагање во моментот, а при тоа обезбедува подобра светлина и од батериска ламба.rn
    rn

    Кога слабо слушаат

    rnReal Clarity App е апликација за мобилен телефон која го репродуцира звукот. Така, кога некој слабо слуша потребно е само да ја активира апликацијата и да го стави мобилниот телефон на увото, па мобилниот уред ќе го повтори она што „го слушнал“.rn
    rn

    Кога не можат да се присетат

    rnВо периодот кога нервите природно попуштаат поради староста потребно е мозокот да се одржува во кондиција со соодветни вежби. Апликациите Marbles MindSpring Software и Dakim BrainFitness нудат повеќе вежби кои многу ќе им помогнат на оние кои не сакаат да се предадат пред она што им го носат годините.rn
    rn

    Кога не можат да возат

    rnЧовек со нарушено здравје седнат зад волан е голема опасност за останатите возачи и пешаците. Најдобро е тие воопшто да не возат, но за некое време тоа веќе нема да биде пречка. Сè повеќе производители на автомобили вградуваат софтвери за помош при паркирање, електронско ограничување на брзината, а за неколку години се најавуваат и првите автомобили кои самите ќе се управуваат.rn
    rn

    Сепак…

    rnИако овие апликации можат многу да го подобрат квалитетот на животот на постарите, на крајот на краиштата, кој може да тврди дека технологијата навистина го олеснува животот? Според Робин Раскин, истражувач на полето на влијанието на технологијата врз животот, можеби слабеењето на сетилата всушност претставува природна заштита на организмот против сите оние нешта кои секојдневно ги перципираме, а не ни се потребни за среќен живот. Кој знае, доколку премногу се потпреме на ваквите технолошки достигнувања ќе ја изгубиме можноста да не се заморувме со она што не можеме да го видиме и слушнеме.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најкул концепти за мобилни телефони

    10 најкул концепти за мобилни телефони

    Ако мислите дека телефонот кој го поседувате е врв во технологијата, запрашајте се повторно. Технологијата сè уште не достигнала до нејзините граници, а дизајнерите постојано измислуваат нови концепти кои тотално го менуваат корисничкото искуство и очекувањата од еден мобилен телефон, паметен или не.rnrnСме виделе телефони со 18-каратно злато, преклопувачки телефони со 3 екрани, телефон кој се носи на зглобот на раката како часовник, таков кој ја користи телесната топлина за полнење или пак гласот на корисникот. Многу од овие концепти остануваат само добра замисла, но мора да им се оддаде почит на дизајнерите кои смислиле такви креативни начини да ги искористат потенцијалите на новите технологии.rnrnЕве листа на 10 најкул концепти за мобилни телефони. Кој би сакале да биде ваш?rn

    1. Visual Sound

    rn

    10 најкул концепти за мобилни телефони
    Ова е концепт на мобилен телефон кој го претвора гласот во текст и обратно. Наменет е за глувите луѓе.
    rn

    2. Mobile Script

    rn

    10 најкул концепти за мобилни телефони
    Ова е концепт на мобилен телефон кој е одличен доколку сакате секогаш да имате лаптоп во џебот. Составен е од два екрани осетливи на допир, еден мал и еден поголем (9.5 инчи) кој е сместен внатре во телефонот, а по потреба се извлекува за користење.
    rn

    3. SUS Waveface Ultra

    rn

    10 најкул концепти за мобилни телефони
    Ова е ултратенок, флексибилен телефон изработен во OLED технологија, кој можете да го носите на вашиот зглоб на раката како брезлетна. Концептот предвидува негово контролирање со движење на рацете или со допир на екранот.
    rn

    4. Window Phone

    rn

    10 најкул концепти за мобилни телефони
    Ова е уникатен концепт кој ги детектира временските услови и соодветно ги прикажува на екранот.
    rn

    5. Pen Phone

    rn

    10 најкул концепти за мобилни телефони
    На двата краја на овој концепт на мобилен телефон во вид на пенкало се наоѓаат слушалката и гласовниот приемник.
    rn

    6. Projector Cell Phone

    rn

    10 најкул концепти за мобилни телефони
    Ако ви треба мобилен телефон кој ќе има улога на проектор, тогаш овој концепт со ротирачки екран е остварување на вашата желба.
    rn

    7. Dial Phone

    rn

    10 најкул концепти за мобилни телефони
    Оваа симпатична алка проектира бројки во внатрешноста на кругот и на тој начин овозможува повикување броеви.
    rn

    8. Glassy Glassy

    rn

    10 најкул концепти за мобилни телефони
    За да ги видите екранот и тастатурата на овој мобилен телефон, најпрво мора да го вклучите.
    rn

    9. Double Layered Transparent Screen

    rn

    10 најкул концепти за мобилни телефони
    Овој мобилен телефон се состои од двослоен екран кој дава чувство на длабочина кога на двата екрани се прикажуваат слики кои се надополнуваат.
    rn

    10. Kambala Cell Phone Concept

    rn

    10 најкул концепти за мобилни телефони
    Концепт за мобилен телефон кој е наменет за прикачување на увото, претворајќи се во блутут-слушалка. Воедно, тој ја менува бојата штом го прикачите за увото, преземајќи ја бојата на вашата кожа.
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

    rnrnmobile script cell phone conceptrnrnA phone concept to have when you want a laptop in your pocket. Two touchscreens, small one on the front and the larger one with 9.5 inches diagonal internal screen is put inside the phone that you can slide out.rn

    SUS Waveface Ultra

    rnAsus-Waveface-UltrarnrnAsus-Waveface-Ultra-SmartphonernrnA superthin, flexible OLED cellphone concept that you can wear on your wrist just like a bracelet that you can control with hand gestures or by touching the screen.rn

    Window Phone

    rnwindow_phone1rnrnA unique cell phone concept that detects and illustrates the weather condition.rn

    Pen Phone

    rnpen-cell-phone-conceptrnrnTwo target-shaped areas on the top and bottom are earpiece and receiver.rn

    Projector Cell Phone

    rnprojector cell phonernrnWhoever needs a cell phone with rotating screen and built-in projector, take a look at this one.rn

    Dial Phone

    rndialphonernrnMake use of the projected light beam in the inner circle to dial a number.rn

    Glassy Glassy

    rnglassy glassyrnrnTurn on the phone to make the keypad and screen visible.rn

    Double Layered Transparent Screen

    rndouble layered conceptrnrnA cell phone concept that provides a feeling of “dept” when you display suitable pictures on both screens.rn

    Kambala Cell Phone Concept

    rnkambala phonernrnAn earphone that automatically blends its color with your skin tone at the time you clip it to your ear.rnrnrn

    Related Headlines for 10 Coolest Cell Phone Concepts

    rnTags: rn

    rnrn

    rn

    rn

      rn011

    1. rn
      rn

      rn

      rn

      #1 by Spirogs

      rnrn

      rn

      rnrnHrm, I really do like the visual camouflage earpiece, but honestly, that would make me thing people in airports where talking to themselves MORE than I already do =PrnrnNow, if they could use that same technology for military, or for super fun games of hide and seek…. totally awesome invention =]rnrn

      rn

      rn

      rn

      RE Q

      rn

    2. rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

  • 9 етички грешки што ги правиме со смартфоните

    9 етички грешки што ги правиме со смартфоните

    Денес сè повеќе луѓе се корисници на паметни мобилни телефони. Колку што се тие интересни за нивните сопственици, толку знаат да предизвикуваат зависност и занесеност, па не ретко се причина за оставање лош впечаток.rnrnДали сте вие од оние луѓе кои твитаат под маса на здодевните состаноци? Дали го ставате телефонот секогаш на масата, дури и кога сте на ручек или вечера, па вашиот смартфон го сервирате како дел од приборот? Дали го поставувате вашиот најнов Фејсбук-статус додека другите ви зборуваат? Ако се препознавате, вие имате премногу близок однос со вашиот телефон. Ние не замеруваме, но некој може да ви замери доколку ги преминете границите на учтивото однесување. Еве ги најчестите грешки.9 етички грешки што ги правиме со смартфонитеrn

    1. Мулти-таскинг

    rnНемојте да праќате СМС или да читате имејл-пораки додека разговарате со некого. Ако седите со некој на иста маса и истовремено пишувате порака, тоа ѝ покажува на личноста пред вас дека не ви е важна. Исто така, таа ќе почувствува дека не сакате да ѝ посветите време.rn

    2. Брзо пишување

    rnСекоја порака што ја праќате е продолжение на вашата личност, како персонално, така и професионално. Не пишувајте пораки со изговорот дека брзате. Вложете екстра време за да ја проверите секоја порака што сакате да ја пратите, исто како да праќате службен имејл од вашата канцеларија.9 етички грешки што ги правиме со смартфонитеrn

    3. Вклучени вибрации

    rnВибрациите го одвлекуваат вниманието бидејќи сите можат да ги чујат. Исклучете ги звуците на вашиот телефон и оставете го во џебот или во чантата додека сте на состанок. Доколку очекувате важен повик, кој мора да го прифатите, културно е да се извините и потоа да го направите разговорот надвор од просторијата, каде што нема да пречите никому.rn

    4. Читање в скут

    rnЧесто се случува да го држиме телефонот во нашиот скут, божем за да не се познава дека читаме. Но, единствено не се познава телефонот, но наведнатата глава ја издава акцијата. Ваквата пракса прави да изгледате незаинтересирано и ве спречува во редовното одржување контакт со очите на другите присутни. Исто така, ова е непристојно и остава многу лош впечаток за вас.rn

    5. Долги говорни пораки

    rnОва важи за сите корисници на мобилни телефони, не само за оние кои користат смартфони. Ако не ја добиете личноста што ја барате, сосема ОК е да оставите говорна пошта, но ако на неа подоцна ѝ треба лист и пенкало за да ги запише сите детали кои вие сте решиле да ги споделите, едноставно е премногу. На ова треба да го додадеме и фактот дека не смеете да зборувате неразбирливо додека оставате пораки со својот глас. Најдобро е да бидете кратки и јасни, кажете за што сакате да зборувате и евентуално оставете дополнителни информации за начинот на кој може да ве контактираат.9 етички грешки што ги правиме со смартфонитеrn

    6. На втора линија

    rnКога разговарате со некој и ви ѕвони втората линија, може за кратко да се префрлите на другиот повик, но не смеете да заборавите на личноста со која прво сте го започнале разговорот. Ако решите да го прифатите повикот, учтиво е да замолите да ве причекаат за момент, а потоа веднаш да се вратите назад. Во спротивно, доколку очекувате дека разговорот на втората линија може да потрае, културно би било едноставно да се извинете дека мора да прекинете и да кажете кога точно ќе се јавите за да го довршите разговорот.rn

    7. Повратни мелодии

    rnПовратните мелодии не се за професионалците. Можеби ви звучи забавно, но ако сакате да ве сфатат сериозно, не пуштајте го Еминем да рапува после звучниот сигнал кога некој ќе го повика вашиот број.rn

    8. Зборување пред други луѓе

    rn

    Извинете се и тргнете се настрана за да го прифатите повикот. Немојте да разговарате пред други луѓе, особено во професионална средина. Тоа е безобѕирно кон луѓето околу вас.

    rnrn

    9. Прекинување лице в лице комуникација

    rnПогоре кажавме дека не треба да се занимавате со вашиот смартфон додека сте во присуство на други луѓе, но ова уште повеќе важи додека сте во среде муабет. Да го прекинете соговорникот наведнувајќи ја главата и почнувајќи порака е едноставно премногу грубо. Ова покажува дека пораката ви е поважна од човекот кој е пред вас и му става до знаење дека сте незаинтересирани за разговорот.9 етички грешки што ги правиме со смартфонитеПрочитајте како да се однесувате културно во комуникацијата преку Скајп.

  • 10 љубовни предвидувања за 2011

    10 љубовни предвидувања за 2011

    Да бидеме реални. Она што е тука пред нас сега, може многу лесно да го снема утре, исто како што онаму каде што не постоело ништо, може да се роди нова љубов. Работите се менуваат за сите и љубовта никогаш не треба да се сфаќа здраво за готово. Влезете малку поподготвено на полето на љубовта во 2011. Да видиме што предвидуваат експертите за љубовта оваа година.rn.rn

    1. Моногамијата ќе биде повторно „ин“.

    rnБракот или барем моногамијата ќе стане повторно модерна. Позначајни ќе станат вистинските вредности во врските, а не материјалните работи. Повеќе време ќе се посветува на животот во заедниците и на добротворните акции, а помалку на расфрлање пари за скапи предмети.rnrnКако што сè повеќе истополови двојки се одлучуваат за заедничко чување деца, ова веќе нема да претставува контроверзен проблем и до крајот на 2012, многу земји ќе го прифатат правото за стапување во брак со секој.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    2. Луѓето кои се во врски ќе ја прифатат состојбата на статус кво.

    rnСреќните двојки ќе сакаат да останат во врска, под услов таа да е добра. Повеќето парови ќе се воздржуваат од стапување во брак, а брачните двојки кои се во криза, ќе го одложат разделувањето и раскинувањето на браковите додека се подобри економијата во светот. Ќе се зголеми бројот на љубовни двојки од различни раси, како и на такви во кои жената е постара по 5 и повеќе години од мажот.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    3. За оние кои се сингл, факторите за неуспех ќе исчезнат.

    rnСите како мали сме правеле листи на кои сме запишувале каков сакаме да изгледа нашиот иден партнер: некои преферирале високи, други крупно градени или тенки, трети со одредена боја на косата, а има и такви кои знаеле дека сакаат момче кое свири во бенд, девојка која се занимава со гимнастика и сл. Ваквите листи сега се веќе застарени. Општата состојба во светот и особено финансиската криза, предизвика многу луѓе да се запрашаат кои се нивните вистински вредности кои ги бараат кај својата идеална сродна душа.rnrnМажите и жените драстично ќе ги изменат своите листи и ќе ги намалат очекувањата, особено во однос на личниот изглед и возраста. Важно ќе биде колку е финансиски обезбедена другата личност. Ова пак не значи дека сите ќе станеме „копачи на злато“, но финансиската состојба на партнерот дефинитивно ќе се искачува погоре на личните листи.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    4. Ќе се вратиме на традиционалните улоги на родовите.

    rnМажите ќе ја вратат својата лидерска улога во врските, тие ќе го имаат главниот збор и ќе станат поголеми авантуристи, посилни и заштитнички настроени.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    5. Сè повеќе луѓе ќе закажуваат состаноци преку Фејсбук и Твитер.

    rnИ оние кои се и оние кои не се во врски се многу зафатени во денешно време, често работејќи многу за мали плати. Времето е луксуз. Затоа, сè повеќе врски ќе се формираат со користење на фејсбук и твитер, но и сè повеќе ќе гледаме како луѓето раскинуваат во реално време преку нивните статуси на овие социјални мрежи.rnrnСостаноци ќе се закажуваат со текстуални пораки, наместо преку телефонски повици. Раскинувањата нема да се случуваат лице в лице. Љубовта во врските на далечина се повеќе ќе се зголемува. Состаноците преку Скајп, со користење на веб-камери ќе ги одржуваат врските со своите сакани на далечина.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    6. Состанувањето преку мобилни ќе стане мејнстрим.

    rn

    Сè повеќе корисници на сајтовите за онлајн состанување пристапуваат од својот ајфон или ајпод и овој број продолжува да се зголемува секој месец. Причината за ова е брзината и практичноста во пристапувањето. Сервисите на мобилните оператори и апликациите за мобилни телефони ќе ни овозможуваат реално-временско договарање состаноци, дури и во движење.10 љубовни предвидувања за 2011

    rnrn

    7. Ќе бидеме попаметни во врска со праќањето сексуални пораки (sexting).

    rnСпоред едно скорешно истражување, праќањето сексуални пораки достигнува до 15% од сите испратени пораки преку телефоните на тинејџерите, додека над 30% кај младите на 18-29 години.rnrnПраќањето сексуални слики преку мобилни телефони стана посебна вредност, а ова особено го потврдуваат сè почестите сексуални изложувања на познатите. Во тренд е и фаќањето за ваквото „зло дело“. Во 2011 очекувајте нови етички правила и можности во врска со овој тренд. Ако сакате некому да му испратите интимна слика од себеси, која притоа не може да биде копирана, препраќана и ретвитана, добрата вест е што ќе има апликации кои ќе го овозможуваат тоа.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    8. Паровите ќе почнат да применуваат забрани и ограничувања на социјалните мрежи.

    rnКолку што Фејсбук и Твитер се добри за создавање нови врски, толку се ефикасни и за нивно раскинување. Замислете само колку драма може да додаваат социјалните мрежи во моногамните врски: незгодни коментари на ѕидовите кои можат да водат до недоразбирања и лутења со денови; приватни пораки кои ја преминуваат линијата на тој начин заматувајќи ја линијата помеѓу пријателството и емоционалното неверство; „спријателување“ со бивш кое може да распламти некои стари пламени што веројатно требале да останат во минатото. Листата може да продолжи до бескрај.rn

    Оние кои ќе сакаат да ја одржат својата врска ќе бараат од своите партнери да ги напуштат социјалните мрежи. На оние пак, на кои не им треба дополнително затегнување на односите, може да одлучат да се повлечат од сите работи поврзани со социјалните мрежи. Со оглед на тоа дека се зголемува потпирањето на виртуелната комуникација, вештите парови ќе се реорганизираат на овој план и својата потреба за комуникација со пријателите ќе ја фокусираат на контакти со оние вистинските, наместо на оние кои само постојат на сликите на социјалните мрежи.10 љубовни предвидувања за 2011

    rnrn

    9. Луѓето ќе се откажуваат од онлајн состанувањето, а повеќе ќе се потпираат на стројници.

    rnВо 2011 очекувајте повеќе надеж за романтични состаноци обраќајќи се до роднините и пријателите кои можат да ве спојат со некого.10 љубовни предвидувања за 2011rn

    10. Астрологијата ги потврдува предвидувањата.

    rnВо 2011 ќе има неколку големи планетарни промени. Некои планети ќе се движат кон знаци кој се посоодветни за нивните енергии. Еве ги главните астролошки трендови во 2011 кои се во корелација со превидувањата на неастролошките експерти:rn.rn

      rn011

    • Врзувањето ќе биде ин, необврзувачкиот секс ќе биде аут.
    • rn011

    • Ќе избегнуваме врски кои се засноваат на страв и потреба за сигурност или на грижата дека ќе бидеме осудувани од другите, за да се посветуваме на вистински врски кои се уникатни и либерални.
    • rn011

    • Мажите ќе стапнат еден чекор понапред и ќе земат поголема улога во динамизирањето на врската.
    • rn011

    • Љубовта ќе се базира на забава, авантури и спонтаност.
    • rn011

    • Ќе се намали трендот на онлајн состанување, а ќе се зголеми состанувањето преку мобилни телефони.
    • rn

    rn10 љубовни предвидувања за 2011Заклучок: И ѕвездите и експертите предвидуваат дека совршениот партнер можеби нема да биде згоден, но тоа нема да биде многу важно бидејќи секако нема да го изберете врз основа не неговиот онлајн профил. Тој ќе сака вистинска и ексклузивна врска, која ќе претставува повеќе од нов статус на неговиот профил на фејсбук. Па, има надеж за 2011.rnrn