Пред некој ден седнав на кафе и по некоја случајност јас стигнав порано, пријателката која ја чекав доцнеше. Одмарав и се ладев од жештината која се створи во мене затоа што доаѓав со точак. Порачав кафе и сок, по некое време и тие стигнаа и се задлабочив со погледот некаде во далечината. Сакала јас или не, муабетот од соседната маса ми го привлече вниманието. Две девојки зборуваа за тоа како им минува летово и дека сакале да помине. Зборуваа дека ќе одат на одмор на место на кое и не толку многу сакаат да одат, како сакале тиркизни бикини, а не розови. Како имале шанса да отидат на EXIT, но поради некаква причина не отишле.rnrnrnrnТука се исклучив од нивниот муабет и почна да зборува нешто во мене, ми велеше: Ако ти се оди на одмор со тиркизни бикини тогаш оди на одмор со тиркизни бикини. Немаш доволно пари и немаш сместување? И тоа е во ред, биди авантурист, сигурно ќе излезе некоја комбинација. Ако имаш шанса да одиш на EXIT тогаш зошто да ја пропуштиш? Имаш 20 години и сè ти е на дланка, само треба да се запрашаш ШТО ТЕ ПРАВИ СРЕЌЕН? – и цели право кон тоа.rnrnТоа е првото прашање, а потоа следат илјадници одговори, за многу обични и необични работи, за сите ваши стравови и сласти. Запознајте се себеси преку авантури, зграпчете ги авантурите и борете се за вашата среќа.rnrnАко претходно сте имале страв од возење на мотор, летање со авион, сега е времето тоа да го пребродите. Не оставајте за утре, сè додека велите „не сега“, времето минува и еден ден ќе се свртите зад себе и ќе видите дека веќе не можете да направите некои работи што порано сте можеле, но не сте се обиделе.rnrnМислите дека ова лето би било „ТОП“ да се офарбате виолетова, макар и со колор шампон, тогаш сторете го тоа. Не грижете се што ќе речат другите, победете ги нивните скептични коментари со широка насмевка. На оние кои вистински ве сакаат ќе им бидете поубава токму поради таа насмевка.rnrnСакате нова љубов? Тогаш што чекате, забавувајте се! Има толку многу луѓе на светов, не може ниту еден да не ви е погоден. Ако веќе сте зафатени и не сте задоволни, тогаш подобро прекинете ја таа љубов која ве гуши и најдете нова и свежа. Но, не го правете тоа на болен начин, не треба никој да биде повреден за вие да стигнете до вашата среќа.rnrnПодарувајте многу љубов и насмевки, тие ќе ви се вратат. Од вашиот плакар тргнете ги темните бои и заменете ги со весели, свежи и јаки. Истакнете ги позитивните особини на вашиот карактер. Осмелете се, не запирајте, не се врзувајте премногу и по ништо не жалете предолго. Запомнете, ништо не е вечно, ниту парите, ниту луѓето, ниту вашата младост.rnrnМожеби ова е единствен пат да сме биле одбрани на животната лотарија и да имаме среќа да чекориме по земјава. Затоа зграпчете го секој миг, затоа што тој се случува само еднаш, сега и тука. Прашувајте за сè што ве интересира, пробувајте, експериментирајте, сега е времето за стекнување искуства и авантури. Излегувајте, дружете се, запознавајте нови луѓе, создавајте нови пријателства, сочувајте ги старите. Направете по нешто убаво за вашите пријатели и роднини, некоја мала ситница која ќе донесе многу позитивна енергија. Не заборавајте дека среќата е во обичните работи – работи кои ни се случуваат секојдневно додека ние се жалиме дека немаме среќа.rnrnИ така, додека водев дискусија со самата себе, во далечината забележав дека пријателката доаѓа, потоа ми излезе таа од фокусот на видното поле и погледот ми застана во една саксија каде никнала детелина со четири листа. Ми се смееше и ме довикуваше. А јас знаев дека ова е моето среќно авантуристичко лето. Време е и вие да го направите вашето.
Џулија Ксантос изработува фотографии и видеа за „New York Daily News“, но и кога не е на должност таа пак не може да остане мирна. Камерата на нејзиниот ајфон секогаш ѝ е при рака додека трпеливо чека во парк, во метрото, на улиците, за да ги овековечи спонтаните изливи на љубов кај луѓето кои не ги познава, а кои потоа ги објавува на Инстаграм. Во оваа нејзина серија фотографии доминираат млади вљубени парови, но таа вели дека тоа не е намерно туку е последица на тоа што кај младите тие емоции, пред сè полетноста на почетокот на врската, полесно се забележуваат. Тие не само што ѝ помагаат на Џулија да се изрази, туку ѝ помогнале и да го залечи своето срце, да сфати дека љубовта е насекаде околу нас и повторно да се вљуби. На крај додава и дека сепак нема фотографија која може да го опише моментот на вљубување.rnrnrnrn
Оние кои добиваат дете додека се тинејџери се многу млади родители, а ако и нивните деца тргнат по нивните стапки, по петнаесетина години ќе станат и најмладите баба и дедо на светот. Ова се неколку такви примери.rnrnСамо девојката лево има наполнето 30 години. Мажот до неа има 29, а другите двајца се нивната ќерка и нејзиното момче кои очекуваат свое дете.rnrnrnrnОној лево е татко на оној од десно, а тој пак има свое бебе.rnrnrnrnОваа девојка од Романија имала 23 години во моментот на фотографирањето и веќе била баба.rnrnrnrnОвие две дечиња не се сликаат со своето помало братче или сестричка, туку со нивното новородено бебе.rnrnrnrnУште еден тинејџерски пар родители.rnrnrnrnИ актерката Вупи Голдберг е дел од едно такво семејство со мали генерациски разлики. Девојката од лево е нејзината ќерка, а дечињата напред се внуците.rnrnrnrnИ на крај уште една млада мајка која сè уште не знае ни како да го држи бебето.rnrnrnrn rnrn
Младите брачни парови се заедно и се венчале затоа што веруваат дека со тоа за нив следуваат поубави времиња. Затоа, немојте да им ги кажувате овие 12 работи. Сакаат да си уживаат во новата реалност која си ја создале за себе и не сакаат да им мудрувате и да им го расипете расположението.rnrnrn
1. Како е сега кога сте венчани? Поразлично ли е? Што се смени?
rnrn
2. Готово е, и вие се зацрнивте како нас.
rnrn
3. Толку од добриот секс.
rnrn
4. Ќе видите како е кога ќе имате деца.
rnrn
5. Без гајле, првата година е најлоша, ама после е подобро.
rnrn
6. Го зеде неговото презиме или не? Е, зошто?
rnrn
7. Трудна си веќе?
rnrn
8. Знаете дека денес многумина се разведуваат?
rnrn
9. Кога ќе имате деца? Почнете да „работите на случајот“.
rnrn
10. Имате среќа што сè уште можете парите да ги трошите на што ќе ви текне. Со деца е поинаку.
rnrn
11. Имате среќа што сè уште сте само вие двајца.
rnrn
12. Не знаеш што е тоа љубов сè додека не родиш дете.
Колку сон ни е навистина потребен? Ова прашање ги прогонувало експертите со години, но изгледа дека конечно можеме да го откриеме одговорот. На кратко, потребното време за спиење зависи од вашата возраст. Не постои совршено време кое му одговара на секој човек, но според извештајот од „National Sleep Foundation“ можеме да дознаеме колку отприлика време ни е потребно според возраста. Погледнете ги нивните препораки.rnrnrn
rn011
Новороденчиња (0-3 месеци): 14-17 часа на ден
rn011
Бебиња (4-11 месеци): 12-15 часа на ден
rn011
Деца (1-2 години): 11-14 часа на ден
rn011
Претшколска возраст (3-5 години): 10-13 часа на ден
rn011
Школска возраст (6-13 години): 9-11 часа на ден
rn011
Адолесценти (14-17 години): 8-10 часа на ден
rn011
Млади возрасни (18 – 25 години): 7-9 часа на ден
rn011
Возрасни (26-64 години): 7-9 часа на ден
rn011
Постари возрасни (65+ години): 7-8 часа на ден
rn
rnЗа најголемата група, возрасните, препорачаното времетраење на сонот останува непроменето, што има логика со оглед на тоа што 7-те часа се доволни за поголем дел од луѓето на оваа возраст. Овој извештај ги издвојува категориите млади возрасни и постари возрасни од возрасните бидејќи на помладите им е потребно малку повеќе сон. Од друга страна пак, постарите возрасни можат добро да поминат и со еден час помалку спиење.rnrnДобриот сон не секогаш е толку лесно да се постигне, но обидувајте се да наоѓате време за спиење бидејќи тоа може да биде клучно за вашето здравје.rnrn rnrn
Помислата на млад човек кој има многу пари на својата банкарска сметка наведува на мислење дека тој мора нешто да наследил од своите богати родители или дека сè уште не наследил ништо ама тие сè му купуваат. Некои од нив не се такви. Постојат примери на неверојатни млади луѓе кои сами, со својот труд и напорна работа, стигнале до голем професионален и финансиски успех. Марк Закерберг не е единствениот, туку има и некои кои не се толку познати. Нека ве инспирираат овие десетмина од нив.rn
1. Фрејзер Доерти
rnФрејзер Доерти својот претприемачки дух прв пат го покажал кога имал 14 години. Тогаш тој почнал да прави џем според рецептите на баба му и го продавал во своето маало во Единбург, Шкотска. Кога наполнил 16 години веќе почнал да прави свои верзии на бабините рецепти, нарекувајќи ги Супер Џем. Набргу морал да се откаже од училиштето за да може да ги заврши сите обврски поради големата побарувачка. Работите малку му биле олеснети кога добил понуда од еден синџир на супермаркети да го продава својот џем во сите нивни 184 маркети. Зел кредит од околу 9.000 долари за да го прошири производството и за скоро време веќе имал годишна заработувачка од 1,2 милиони долари. Потоа издал и книга со рецепти.rnrn
„Не можам да се преокупирам со парите. Правам џем затоа што сакам да правам џем. А и успехот ми е сладок“, вели тој.
rnrn
2. Ешли Кволс
rnЕшли Кволс е родена во 1990 година и веќе е милионер од сопствениот труд. Таа учела HTML кодирање кога имала 14 години и сакајќи своето знаење да го претстави пред светот, го создала сајтот WhateverLife.com. Никој не обрнувал внимание на тоа сè додека таа не почнала на своите другари да им нуди бесплатни теми кои го подобруваат изгледот на нивните Мајспејс профили. Одеднаш нејзиниот веб-сајт доживеал бум во веб-сообраќајот и почнал да заработува од програмата за огласување на Гугл. Денес има седум милиони посетители месечно, а има одбиено и една понуда на компанија која сакала да го купи нејзиниот сајт за 1,5 милиони долари.rnrnrn
3. Камерон Џонсон
rnРодителите го замолиле малиот Камерон да им ги направи поканите за една претпразнична забава која се одржувала кај нив, а тој ги направил толку добро што наскоро имало луѓе кои барале од него да им дизајнира картички, покани, честитки и слични работи. На возраст од 11 години, тој веќе ги заработил првите неколку илјади долари. Потоа ги искористил овие пари за да го основа SurfingPrizes.com, сајт на кој се заработува од кликање на огласи. И овде заработувал добро, па пред да заврши средно училиште веќе имал еден милион долари на сметката. Тогаш решил да ги продаде бизнисите и да се образува. Истовремено ја задржал листата со контакти од потрошувачите, оставајќи си простор за започнување на некој нов бизнис во иднина.rnrnrn
4. Џулиет Бриндак
rnНа десетгодишна возраст Џулиет Бриндак се забавувала цртајќи измислени женски карактери кои ги викала „кул девојки“. Шест години подоцна создала социјална мрежа за девојчиња кои веќе не се деца, но не се ниту адолесценти, на 10-12 години. Инспирирана од своите цртежи, мрежата се викала Miss O & Friends. Денес нејзината вредност се проценува на над 15 милиони долари, а има околу 10 милиони кликови секој месец. Повремено дава и бесплатни карти за концерти на ѕвезди како Џастин Бибер или Тејлор Свифт, но покрај тоа не употребува друг начин на рекламирање.rnrnrn
5. Дејвид и Кетрин Кук
rnДејвид и Кетрин Кук се брат и сестра кои станале милионери благодарение на тоа што направиле онлајн бизнис од училишниот алманах. Разгледувајќи ги нивните алманаси сфатиле дека она што е напишано во нив е бескорисно и не им остава можност да останат поврзани со поранешните соучениции и затоа решиле сето тоа да го стават на интернет. Нивниот постар брат Џеф инвестирал 250 илјади долари во новиот бизнис и наскоро имале речиси еден милион корисници, а вредноста на сајтот се проценува на 100 милиони. Сега бараат начин како да излезат на светскиот пазар.rnrnrn
6. Шон Белник
rnШон Белник бил импресиониран од можноста да продава разни работи на интернет, па наскоро почнал со продажба на Покемон картички и слични нешта за да се запознае со целиот процес. Оттаму добил идеја да продава канцелариски мебел преку интернет и пред да наполни 20 години веќе имал заработено 24 милиони долари.rnrn
„Мора да имаш желба за успех и преземање ризик, а тоа не е за секој. Јас ја обожавам возбудата поради можностите за раст, а сакам и да ја гледам мојата компанија како расте и се развива. Мора да имаш амбициозни цели“, вели Шон.
rnrn
7. Ник Д’Алојзио
rnrnСедумнаесетгодишниот Ник Д’Алојзио стана познат кога Јаху ја купиле неговата апликација за читање вести на смартфон и за тоа му платиле 30 милиони долари. Инаку, тој научил како да кодира кога имал 12 години, а на апликацијата работел во слободното време. Неговиот совет до бројните млади информатичари е:rnrn
„Ако имате добра идеја и ако знаете што недостасува на пазарот, веднаш промовирајте го вашиот продукт затоа што има многу инвеститори кои чекаат да се појави нешто во кое би инвестирале.“
rnrn
8. Адам Хорвиц
rnАдам започнал со старт-ап сајтови кога имал 15 години, имајќи цел да има еден милион долари на 21 година. Немал голем успех сè додека не ја создал Mobile Monopoly, апликација која ги учи корисниците како да заработат пари од огласувањето на мобилните уреди. Неа ја продал за сума со шест нули, а парите ги вложил во YepText, сервис на кој компаниите можат да огласуваат. Неговиот совет е:rnrn
„Ако некој ви рече ‘Нема шанси, никогаш нема да заработиш онлајн, сè е лага на интернет, бла бла бла…’ да знаете дека ве лажат. Не слушајте што ви велат другите, ви велам, јас поминував низ тоа секој ден со моите пријатели и другите. Не веруваа дека можам да заработам онлајн, а кога заработив, мислам дека беа шокирани. Само напред!“
rnrn
9. Тајлер Дикман
rnТајлер ги заработил своите први долари како и секое друго дете во Америка, со чување деца, косење тревници и продавање лимонада. Потоа заработил нешто и како изведувач на магични трикови на родендени, а судбината му се сменила кога го добил првиот компјутер. Брзо почнал да учи за овие машини, па веќе во осмо одделение можел да ги поправа компјутерите на своите наставници. Кога имал 15 години му се вратил на чувањето деца, а имал среќа тоа да биде кај заменик директорот на голема компанија од областа на финансискиот менаџмент. Кога тој ги видел способностите на Тајлер го повикал на пракса, а за две недели добил и редовно работно место во одделот за информатика. Истовремено ја основал Култроникс, со која поправал компјутери како свое хоби. Таа пораснала доволно за денес да му носи неколку милиони годишно од продавање на компјутери и компјутерски делови.rnrnrn
10. Џон Кун
rnЏон Кун почнал да прави милиони на 16 години продавајќи автоделови во Њујорк. Неговиот клучен клиент била музичката телевизија Ем-ти-ви, за чие шоу Pimp My Ride тој бил главен снабдувач на делови. Не сакал да остане само во овој бизнис, па онака од ќеф се впуштил и во модниот бизнис. Инвестирал во компанија заедно со раперот Јанг Џизи, а кога влегол и на азискиот пазар станал милијардер.rnrnrnrn rnrn
Автор: Зорица ТодороваrnrnДа, читањето е повторно во мода. Како човек во своите 20-ти кој ги следи новите модерни трендови, не смеете да си дозволите да не ги прочитате овие ремек-дела кои уште како ќе ви помогнат во потрагата по себеси и значењето на светот што ве опкружува.rnrnrn
1. „Цивилизацијата и нејзините незадоволства“ – Зигмунд Фројд
rn
„Повеќето луѓе всушност не сакаат слобода, затоа што слободата вклучува и одговорност, а повеќето луѓе се плашат од одговорности.“
rnСекој млад човек треба да ја прочита оваа книга само затоа што ги опишува погледите и идеите на Фројд кои сѐ уште се дел од нашата култура и разбирањето за светот. Добра шанса да разберете зошто живееме во општеството на начинот на кој живееме.rn
2. „Да се убие подбивната птица“ – Харпер Ли
rn
„Не можете да разберете една личност додека не ги земете предвид работите од нејзина гледна точка. Додека не се пикнете под нејзината кожа и одите во неа.“
rnОвој роман е за авантурите, забавата и врските на една млада девојка со оние околу неа. Треба да научи уште многу работи, како неправедноста кон децата, слабите луѓе или луѓето со друга боја на кожа. Како резултат на тоа, гледаме дека добрината, љубезноста и поддршката не зависат од бојата на кожата, статусот во општеството или јавното мислење. Зависат од душата на еден човек.rn
3. „Фауст“ – Јохан Волфганг фон Гете
rn
„Кога ќе почнеш да си веруваш самиот себеси, ќе знаеш како да живееш.“
rnОблогот помеѓу Бог и Мефистофел за душата на Фауст се претвора во натприродно патување за него и битка за својата волја и слобода. Оваа драма нѐ учи да ја разбереме разликата помеѓу доброто и злото, да научиме некои антички митови и да владееме со уметноста на дебатата.rnrnrn
4. „Големиот Гетсби“ – Ф. Скот Фицџералд
rn
„Најосамениот момент во нечиј живот е кога гледа како пред очите му се распаѓа целиот свет, а сѐ што може да направи е само бледо да зјапа во него.“
rnОваа книга треба да се прочита за да се доживее разочарувањето на многу млади Американци за време на „добата на џезот“. Таа ќе ве научи како да ги процените своите способности и да разберете дека минатото не може да се врати. Едноставно, пуштете го.rn
5. „Господарот на мувите“ – Вилијам Голдинг
rn
„Најдобрите идеи се наједноставните.“
rnЕден ненаселен остров, бескраен океан и момчиња без надзор од возрасните. Ова е приказна за општество поделено по примерот на малите деца. Револуција. Пролевање на крв. Смрт. Книгата нѐ учи за важноста на тоа да се биде добар лидер, да се има чиста визија, да може да се изнајде компромис и најпосле, да се биде човек.rn
6. „Хамлет“ – Вилијам Шекспир
rn
„Знаеме што сме, но не и што можеме да бидеме.“
rnЕдна од најпознатите драми на Шекспир, Хамлет ни помага да го најдеме одговорот на вечното прашање кое толку пати го имаме слушнато: „Да се биде или не?“ Оваа приказна нѐ учи да преземеме одговорност за сите наши одлуки и дела.rnrnrn
7. „Колибата на чичо Том“ – Хариета Бичер Стоу
rn
„Однесувајте се со нив како со кучиња и ќе имате кучешка работа. Однесувајте се со нив како со луѓе и ќе имате човечка работа.“
rnОваа книга долго беше дел од училишната литература иако беше и фалена и критикувана. Овде е претставен тежок и доста контроверзен дел од Американската историја која ќе им помогне на младите луѓе да ги разберат принципите и вредностите на една нација.rn
8. „Плодови на гневот“ – Џон Стајнбек
rn
„Ако си во неволја, повреден или имаш потреба од нешто – обрати се кај сиромавите. Тие се единствените кои ќе ти помогнат – единствените.“
rnОва е приказна за едно семејство кое се преселува во Калифорнија во потрага по подобар живот за време на Големата депресија; приказна за значењето на љубовта, поддршката и блиските луѓе; приказна за издржливоста и храброста на човекот да се справува со сите битки во животот.rn
9. „Странецот“ – Албер Ками
rn
„Ако нешто треба да ми се случи, сакам да бидам присутен.“
rnОткако ќе го прочитате овој роман ќе сфатите колку се важни личните избори што ги правите во животот и колку безначаен понекогаш може да биде универзумот. Приказната за личност која убива човек и која не чувствува вина ни покажува колку апсурден понекогаш знае да биде светот околу нас.rnrnrn
10. „Сто години осаменост“ – Габриел Гарсија Маркес
rn
„Тогаш направи уште еден последен обид да го најде местото во неговото срце каде љубовта му стана гнила, но не можеше.“
rnОва е митско-епски роман за еволуцијата на човештвото во која секој од нас е осуден на осаменост и каде осаменоста е единственото нешто кое доминира во овој свет врзан од прангите на фаталната љубов. Одлична книга која ќе ви помогне да ја сфатите важноста на семејството и блиските луѓе околу вас.rn
11. „Злосторство и казна“ – Фјодор М. Достоевски
rn
„Болката и страдањето се секогаш неизбежни за една голема интелигенција и длабоко срце.“
rnМногу познат роман за студентот Раскољников и неговите обиди да го пронајде своето место во светот и да разбере кој е навистина самиот тој. Откако убива една стара сопственичка на заложница, овој млад човек се обидува да ги оправда своите постапки. Приказната на Раскољников ќе го натера секој млад човек да се замисли за своите погледи за моралните закони и своето место во општеството.rn
12. „Мајсторот и Маргарита“ – Михаил Булгаков
rn
„Да, човекот е смртен, но тоа не е ни половина од проблемот. Најлошото е што понекогаш тој е неочекувано смртен!“
rnЃаволот доаѓа во Москва. Весели пакости и меланхолична тага, романтична љубов и магична опсесија, мистерија и безобѕирна игра со злите духови – сите овие работи може да ги најдете во овој роман. Одлично четиво за да откриете како злото може да биде поискрено од општеството и политичките режими.rnrnrn
13. „Божествена комедија“ – Данте Алигиери
rn
„На средината од патувањето на мојот живот се најдов во една темна шума каде го изгубив вистинскиот пат.“
rnКој не го знае Данте и неговите девет кругови од Пеколот, па потоа Чистилиштето и Рајот? Ова е шанса да ги научиме сите и да разбереме како луѓето во средниот век го сфаќале задгробниот живот. Сите треба да платиме за своите гревови и тоа не треба да го заборавиме.rn
14. „Лолита“ – Владимир Набоков
rn
„Знаев дека засекогаш се заљубив во Лолита. Но исто така знаев дека таа нема засекогаш да биде Лолита.“
rnПолн со хумор и интрига, овој роман зборува за забранетата љубов помеѓу еден човек и млада девојка. Контроверзен до ден-денес, сепак нѐ учи на разбирање, пожртвуваност, простување, многу важни карактеристики на кои луѓето понекогаш забораваат.rn
15. „Прекрасен нов свет“ – Алдус Хаксли
rn
„Зборовите можат да бидат како рендгенски зраци, ако ги користите правилно – поминуваат низ сѐ. Читате и ќе ве прободат.“
rnРоман наречен „негативна утопија“ од неговиот автор. Ова е приказна за нашиот иден свет, каде среќата игра голема улога, но индивидуалноста не се почитува. Дали е возможно да останете среќни, кога сте како сите други? Што им е поважно на младите луѓе: да ги прифатат работите онакви какви што се или да се борат против системот?rnrnrn
16. „Загубениот рај “– Џон Милтон
rn
„Самотијата понекогаш е најдобро друштво.“
rnСите ја знаеме библиската приказна за гревот на Адам и Ева на која ги намами Луцифер, арогантниот ѓавол кој падна долу во пеколот од небесната милост. Но што всушност знаеме за самиот Луцифер? „Загубениот рај“ ни овозможува да видиме една поинаква страна на доброто и злото и сами да одлучиме кој е во право.rn
17. „Оваа страна на рајот“ – Ф. Скот Фицџералд
rn
„Животот сам по себе не е комплициран, борбата за контрола над него е.“
rnПривилегиран студент на Принстон целосно се разочарува откако ќе дипломира. Дознава дека животот е сосема поинаков од другата страна на ѕидовите на неговиот универзитет и сега е во потрага по себеси. Ви звучи познато, нели?rn
18. „Уметноста на среќата“ – Далај Лама
rn
„Среќата е повеќе предодредена од менталниот склоп на една личност отколку од настаните во околината.“
rnСеријата интервјуа со Далај Лама ќе ви помогне да се чувствувате исполнети во врска со животот и да почнете да бидете среќни.rnrn
Ако имате барем малку идеја што се случува во светов во последно време, книгава не би требало да ја пропуштите
rn
Наша оценка: 9/10
rn
Ваша оценка: [ratings]
rnrnДорота Масловска имала само 18 години кога ја напишала „Бело – црвен свет“. Романот, примен од критичарите и од публиката со широко раширени раце, свеж литературен бран во младешки, контроверзен стил, е сè уште своевиден феномен и сè уште нашироко се зборува за истиот. Масловска има доживотно членство во клубот на големите имиња, а со првите неколку страници ќе сфатите дека е целосно заслужено, дури и ако не го повтори успехот со ниту едно друго дело.rnrnВпрочем, не мора ниту да ви се допаѓа книгата, дури многу веројатно е дека темата и стилот на пишување ќе бидат тешко сварливи за некои, но не верувам дека постои читател кој би можел да го оспори талентот, имагинацијата и способноста за конструктивна критика на младата авторка. Особено ако земеме во предвид дека поголем дел од осумнаесетгодишниците не гледаат ни вести а камо ли да имаат волја и способност да напишат книга која во завиена форма и преку младешки глупирања всушност ќе му тресне во фаца некои сериозни муабети на општеството.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrnГлавниот лик е Анджеј, или „Силниот“ ако баш сакате, бидејќи е главен во друштво, дрзок на јазик и остар во размилувањата, веројатно бидејќи поголем дел од времето е на спид и плус врти неколку женски во книгата. Го запознаваме во моментот кога неговата голема љубов Магда му пренесува преку нејзината другарка дека меѓу нив е готово. И Магда е на спид поголем дел од времето, плус се мафта со руски војници. Анджеј, нормално ја мрази поради тоа, но земено во предвид дека не прави нешто многу покорисно со неговиот живот а и можеби ќе може да ја легне пак во скоро време, спремен е да и прости и некоја таква грешка. Не дека е ова нешто многу трагично, горе – долу нивните животи не се разликуваат од животите на нивните врсници. Поголемиот дел од нив се невработени, без перспектива, огорчени и конфузни. Плус, се наоѓаат сред полско – руска војна под бело – црвено знаме.rnСцените и разговорите, горчливи во поголем дел од романот, се пренесени низ конфузни и набиени мисли на Анджеј кој дури и разговорите со другите му ги прераскажува на читателот, како да ги преработува прво и никогаш како да не ни дава „директно“ да ги слушнеме другите ликови (сигурно постои соодветен термин за ова, таму некаде во книгите по македонски јазик).rnrn
„Името ти е убаво, Магда, исто како и твоето лице. Твоите раце се убави, твоите прсти, нокти, нели можеме да останеме заедно? Ако сакаш, ќе те однесам одовде каде сакаш. Можеби дури и во болница, ако е неопходно. Ме прашуваш дали сум пиел, е па, сум пиел, ама не е ничија работа дали сум пиел или не. Ајде одиме, ајде само да влеземе во колата и да одиме, ќе те однесам секаде, дури иако десет илјади Руси сакаат да ни направат тестови за алкохол и дрога. Ми велиш да не те заебавам, да престанам…“
rnrnrnНекогаш не можев да одлучам дали навистина е дијалог или сè се случува во неговиот ум. И помеѓу сите „љубовни“ дискусии, драми и расправии кои единствено асоцираат на незрелост и преголема конзумација на дрога одеднаш се наоѓате сред монолог за некое општествено прашање. Сите прашања тргнуваат од политика, од војни, од слаба економија, од лошо образование, од нефункционални семејства и се враќаат пак таму, со ниту еден одговор, само некој краток горчлив бунт кој никој не го перцепира.rnrn
„Не се согласувам многу со даноците, предлагам држава без даноци, каде што моите родители нема да се убиваат од работа за некои принцови што пушат и си имаат свои апартмани и телефонски броеви во време кога работите не се баш толку едноставни. Како и да е, како што реков, економската ситуација во земјава е категорично заебана…“
rnКнигата е сплет на набиени случки, од трагични разговори до халуцинации од спид па до некои просветлувачки моменти кои кратко траат. Анджеј и сите попатни ликови се само одраз на уништена младина до срж, бунтовници со причина но без кауза. Трагично, но поголем дел од нив не знаат ниту на која страна треба да се свртат. Масловска, дури им се приклучува како еден од ликовите при крајот, генијален потег кој само додава на оригиналност. На моменти, чувството е како да сте вовлечени во „Requiem for a dream“ во генијалната режија на Дарен Аронофски, па се префрлате во сцени на „Trainspotting“ на Дени Бојл, а корицата неизбежно ме потсети на „Romper Stomper“ на Џефри Рајт… ако овие се наоѓаат на вашата листа на топ филмови, книгава не би требало да ја пропуштите. Всушност, ако имате барем малку идеја што се случува во светов во последно време, не би требало да ја пропуштите.rnrnКнижарница ТРИ, ГТЦ, I кат тел: 02/3238-722 knizarnica@kniga.com.mkrnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 26 ноември 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn
Кога стана необично да се вложува труд за да се постигне прекрасен изглед? Од кога некој кој НЕ носи тренерки и качулка ги прекршува непишаните социјални правила? И најважно од сѐ, зошто „дотерувањето“ треба да биде само за специјални прилики? Дотерувањето е за секој, а еве 25 причини зошто е позитивно:rnrnrnrn1.Затоа што животот е премногу краток за да се вклопите во обичното и да бидете задоволни со просечен изглед.rnrn2.Само еднаш сте млади. Вие сте многу убави сега и имате прекрасно тело на кое во иднина ќе му завидувате. Искористете го и покажете ја вашата убавина.rnrn3.Модата е метод за самоизразување. Што сакате да кажете?rnrn4.Никогаш не знаете на кого ќе налетате. Позната личност во локалното кафуле? Може да се случи.rnrn5. Затоа што ги нервира другите луѓе. Кога некој ќе ве праша што е поводот за вашето дотерување, дајте му на знаење дека се дотерувате и без причина, па нека се чуди.rnrn6.Никогаш не се знае, можеби ќе ве фотографираат за некој моден блог или сајт.rnrn7.Затоа што заслужувате секогаш да изгледате најубаво.rnrn8.Бидејќи никогаш нема да го подобрите стилот ако не се трудите.rnrn9.Затоа што дотерувањето ви ги открива вистинските пријатели. Ако не им се допаѓа начинот на кој се облекувате, тогаш тие не се луѓето со кои треба да сте опкружени.rnrn10.Убавата облека води до комплименти, а комплиментите и до нешто друго…rnrn11. Затоа што забавите не се единствениот период кога може да се забавувате.rnrn12.Поради прекрасниот скап фустан во вашиот плакар кој заслужува да биде облечен повеќе од еднаш.rnrn13.Затоа што е забавно!rnrn14.Дури и да живеете во град каде што модата не е приоритет и ве фаќа страв при помислата да облечете похрабра комбинација, запомнете дека модните градови станале такви само затоа што некој прв почнал. Осмелете се да го направите првиот чекор, а потоа гледајте како сите останати ве следат.rnrn15.Од грешките се учи – направените модни грешки се подобри од живеењето на сигурно. Во ред е да ги направите за да не ги повторите никогаш повеќе.rnrn16. Ја подобрува самодовербата. Необичниот стил е клучен за самодовербата, која прави да се истакнете.rnrn17.Модата е уметност.rnrn18. Имате сѐ што е потребно: одличен стил, самодоверба и прекрасни нозе. Би било штета да не го искористите тоа.rnrn19.Ќе дојде период кога најверојатно ќе работите во фирма со строг дрес код и ќе ви недостасуваат фустанчињата од младоста. Експериментирајте, нема подобар период од сега!rnrn20.Затоа што гламурот не е само за богатите и познатите, иако тие би сакале така да мислите.rnrn21.Бидејќи секој ден можеби ни е последен. Кој би сакал да биде лошо облечен кога ќе умре?!rnrn22. Кери Бредшо никогаш нема да ги одобри тренерките и УГГ чизмите. Можете подобро од тоа и длабоко во себе знаете дека тоа е точно.rnrn23.Затоа што кога сте дотерани не мора премногу да ја средувате косата. Веќе со облеката го привлекувате вниманието на себе.rnrn24.Ништо не е подобро од тоа кога ќе се погледнете во огледало и ви се допадне тоа што ќе го видите.rnrn25.Затоа што вие сакате така. А само таа причина е навистина важна.
Според едно ново истражување со кое се проучувале 134 студии на оваа тема, не постојат никакви докази дека умереното користење на интернетот може да им наштети на умовите на адолесцентите. Всушност, резултатите го покажале токму спротивното. Овој извештај кој бил објавен во журналот „Трендови во когнитивната наука“ ни открива дека постојат придобивки при нормалната употреба на интернетот. Голем дел од проучуваните ефекти кои интернетот ги има на мозокот биле базирани врз студии кои истражувале прекумерна употреба на интернет, а тие вклучувале само 5% од адолесцентите.rnrnrnrnПерцепцијата дека употребата на интернетот го уништува вниманието кај младите луѓе е многу распространета:rnrn
„Од 2.462 наставници и професори кои биле испитувани во овие студии, 87% сметале дека широката распространетост на интернетот создавала нови генерации кои немаат способност за одржување на нивното внимание, додека пак 88% верувале дека денешните ученици покажуваат фундаментално различни когнитивни способности поради дигиталната технологија покрај која растат,“ вели Милс.
rnЕдноставно нема цврсти докази дека интернетот предизвикува каква било штета врз когнитивните моќи на младите или во кои било други аспекти од нивниот развој. Всушност, ова истражување открило дека постојат и придобивки од користењето на интернетот. На пример:rn
rn011
Повисокото користење на интернетот помеѓу 14 и 24-годишните личности е поврзано со поголемо учество во реалните секојдневни активности, како одењето во клуб или спортувањето.
rn011
Комуницирањето со пријателите преку интернет покажало подобрување на социјалниот живот кај адолесцентите.
rn011
Да се биде дел од голема поврзана мрежа може да им помогне на луѓето да решат одредени проблеми.
rn
rnШто се однесува до „зависноста од интернетот“ Милс вели:rnrn
„Во овие 25 години од кога постои интернетот, нашиот начин на интеракција со другите луѓе, како и целата наша колективна историја комплетно се променија. Доколку сакаме успешно да се движиме во овој свет, мора да научиме нови вештини кои на некаков начин ќе се одразуваат врз нашата неврална архитектура. Но, моментално нема доказ кој сугерира дека интернетот има или нема изразени ефекти врз развојот на мозокот.“