Сме слушнале многу работи и често ги прифаќаме како такви цел живот без да ја преиспитуваме нивната вистинитост, бидејќи тие се „општо познати“. Време е да ги закопаме митовите во минатото…rnrn
rnrn1. Не постојат докази дека викинзите имале рогови на шлемовите.rnrn2. Наполеон не бил низок, иако не бил ни особено висок (1,69 м).rnrn3. Мусолини не е заслужен за навременото пристигнување на возовите.rnrn4. На голтната мастика не ѝ требаат 7 години за да се разгради (затоа што брзо ќе се исфрли од вашиот организам).rnrn5. Големиот Кинески ѕид не е видлив од вселената. Според НАСА, ниеден астронаут го нема видено.rnrn6. Лилјаците не се слепи, само имаат други поразвиени сетила кои примарно ги користат.rnrn7. Црвената боја не ги разлутува биковите, туку матадорите кои мавтаат со своите наметки пред нив.rnrn
rnrn8. Бричењето не предизвикува влакната да растат побрзо, погусто и појако.rnrn9. Црвенокосите луѓе нема да исчезнат.rnrn10. Алкохолот не ги убива мозочните клетки.rnrn11. Мажите не мислат на секс секои 7 секунди. Можеби мислат, но статистички е невозможно да се измери.rnrn12. Повеќето метеорити се ладни кога ќе ја допрат Земјата.rnrn13. Пукањето на прстите не предизвикува артритис.rnrn
rnrn14. Црвениот сок од живото месо не е крв, туку комбинација од протеинот миоглобин и вода.rnrn15. Мислењето дека луѓето кои повеќе ја користат левата односно десната страна на мозокот се повеќе предодредени за уметност, односно за логика е тотален мит.rnrn16. Библијата не потенцира каков вид овошје зеле Адам и Ева од дрвото.rnrn17. Сонцето не е жолто, бело е. Така ни изгледа поради распрскувањето на светлината во атмосферата.rnrn18. Гледањето премногу телевизија не влијае на вашиот вид.rnrn
rnrn19. Имаме многу повеќе од 5 сетила. Научниците одредиле 14-20, во зависност од начинот на кој се дефинира зборот сетило.rnrn20. Мускулите не се претвораат во сало откако ќе престанете со вежбање.rnrn21. Не користиме само 10% од мозокот.rnrn22. Ноевите не ја кријат главата во песок, само ја доближуваат до земјата.rnrn23. Суши не е сирова риба. Сашими е. Тоа се парчиња жива риба потопени во сос, кои понекогаш се служат со суши. Сушито е јадење кое се состои од ориз со оцет, а може да содржи сирова риба или други морски плодови и понекогаш доаѓа со разни топинзи.rnrn24. Доколку разбудите месечар, нема да го повредите. Но, ако не го разбудите, тој може да се сопне и да се повреди самиот.rnrn25. Златните рипки имаат малку подолго помнење од само неколку секунди.
Tag: мислење
-

Општо познати верувања кои се всушност заблуди
-

Уметноста на критичкото размислување
Во 1985 година Стив Џобс бил отпуштен од Епл затоа што начинот на кој гледал на потребата од технологија и начинот на кој ја водел компанијата се сметале за несоодветни. Не верувал во тогаш владејачките ставови на бизнис круговите. Единаесет години подоцна се вратил во компанијата и со истите принципи ја направил една од најуспешните во светот.rnrnКлучен во успешната приказна на Џобс бил неговиот скептицизам. Скептицизмот е неопходен за да се развие критичко размислување кое ќе ги стави на тест веќе востановените тврдења и ќе ја провери нивната точност. Луѓето кои не размислуваат критички ризикуваат да ги прифатат тезите кои им се наметнати преку воспитувањето, образованието или рекламната индустрија.rnrnЗа разлика од нив, оние кои размислуваат критички, тезата ја прифаќаат со резерва и ја преиспитуваат нејзината точност. Дури и кога ќе се уверат дека таа е исправна, тие сè уште се спремни да го сменат својот став доколку излезе некој нов факт кој ќе ги натера на тоа. Поради ова тие се свои личности кои не трпат нерационално наметнување на авторитет и ставови. Тоа успеваат да го постигнат преку следните неколку чекори.rnrn
rnБараат докази
rnКога на човек со изграден позитивен скептицизам ќе му се изнесе одредено тврдење, тој нема ништо да зема здраво за готово, туку ќе бара истото и да му се докаже. Ќе праша на што се темели тврдењето, со какви докази е поткрепено и дали доказите се веродостојни.rn
Се сомневаат
rnКога некој дозволува друг да мисли за него (сеедно дали тоа е родителот, професорот или телевизијата) станува лесно подложен на наметнување на мислења. За да се одбие овој „напад“ потребно е да се изрази сомнеж не само во ставот, туку и во аргументите на другиот и да се преиспитаат.rn
Играат улога на „адвокат на ѓаволот“
rnСкептиците понекогаш се конфронтираат со другите со цел подобро да ги разберат нивните тврдења. Дури и кога се согласуваат со тезата, тие заземаат спротивен став и влегуваат во дебата, со што ги проверуваат сите аспекти на тезата пред да донесат заклучок.rn
Ги комбинираат логиката и интуицијата
rnЛуѓето кои немаат развиено позитивен скептицизам размислуваат користејќи или премногу логика или премногу интуиција. Критичкото мислење бара да се комбинираат и двата начини. Мора да се верува во нешто, па тоа да биде преиспитано преку логиката, па повторно да се верува во тоа сè додека логиката повторно не ја предизвика точноста.rn
Не трпат тенденциозност
rnЛуѓето кои размислуваат критички не гледаат вести само на еден канал. Откако ќе добијат одредена информација ја бараат и другата страна на приказната, односно преиспитуваат дали се работи за личен став на новинарот или тоа е објективно пренесена информација.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Што се крие зад лошите навики на мажите?
Познато е дека никој не е совршен, но некои навики кај мажите може да бидат навистина вознемирувачки. Сепак, експертите успеаја да ги откријат и да ги дешифрираат најчестите лоши навики кај посилниот пол.rnrn
rnПишува СМС-пораки за време на состанокот
rnПишувањето пораки за време на состанок често го поврзуваме со покажувањето незаинтересираност, но експертите го тврдат спротивното. Според нив, оваа навика не значи нељубезност и незаинтересираност. Ова значи дека тој се чувствува удобно кога е со вас и дека има целосна слобода при изразувањето. За мажите оваа навика не е голема работа и можат да престанат со праќањето пораки, доколку вие го побарате тоа од нив. Едноставно, кажете му дека неговото однесување прави да се чувствувате како да не сте му важни и замолете го да го користи телефонот само кога е навистина потребно.rn
Секогаш кога ќе побарате негово мислење, тој е неутрален
rnЕкспертите велат дека кога мажот не знае што сака жената, тогаш тој попрво ќе молчи отколку да каже нешто погрешно. Затоа, ако побарате негово мислење околу нешто за што тој не знае многу, бидете сигурни дека нема да добиете никаков одговор. Колку повеќе тој знае за вас и вашите интереси, толку помалку ќе се соочувате со оваа ситуација. Ако оваа навика се повторува подолго време, кажете му дека очекувате тој да биде поодлучен наредниот пат кога ќе побарате негово мислење.rnrn
rnНе зборува многу кога ќе се врати од работа
rnДокажано е дека мажите се подобри од жените во одвојувањето на работните обврски од приватниот живот. Потребно им е малку повеќе време за да се преориентираат од работа на некој друг аспект од животот. Исто така, потребно им е време за да си ја обноват потрошената енергијата. За да ја спречите оваа навика, изберете некоја активност која ќе ја правите заедно, но која нема да бара многу енергија.rn
Се подготвува во последен момент
rnМажите не признаваат дека во просек им е потребно исто толку време за подготовка, колку што им е потребно и на жените. Ако постојано го потсетувате на овој факт, постои можност да станете здодевни. Наместо тоа, половина час пред излегување потсетете го колку ви се допаѓа неговиот изглед, стилот на облекување и неговата фризура. На тој начин потсвесно ќе го натерате да сфати дека е потребно да вложи повеќе време и труд за да го привлече вашето внимание.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Што мислат мажите за бојата на вашиот кармин?
Каков кармин користите? „Жежок“ ретро црвен или заслепувачки розов? Или пак можеби користите динамичен светкав сјај, па некој може да си ја види сопствената рефлексија во вашите усни? Доколку сакате да експериментирате со разни бои на кармин, пред да ја наполните вашата торбичка за шминка со нови бои, земете ги предвид советите на Мет Бин, еден од уредниците на американскиот магазин за мажи „Men’s health“, во врска со машката перцепција за разните нијанси кои ги красат женските усни.
rnКласичнa црвенa
rnrn
„Тоа е боја која вели: „погледни ме“ или „сакам да привлечам внимание“. Ако сте излезени во некој бар со другарките, со кармин во оваа боја дефинитивно ќе го уловите погледот на мажите. Ако сте на состанок со вашиот сопруг, тоа кажува дека сакате да ги „зачините“ работите помеѓу вас. Од друга страна, не можете да бакнете девојка со светло црвен кармин, бидејќи на крајот ќе изгледате како кловн.“
rn
rnЖестоко розова
rnrn
„Оваа боја нема класична романтична нота, каква што има светло црвената. Овој кармин е повеќе наменет за оние девојки кои сакаат да делуваат авантуристички и панк-рокерски. Оваа боја значи дека не се плашите од малку „рок енд рол“. Од девојка која носи ваков кармин би очекувал да е специфична и да има добар вкус за музика.“
rn
rnТемно виолетова и вино-црвена
rnrn
„Оваа боја значи дека девојката не се плаши да презема ризици. Темно виолетовата боја ми вели дека девојката е малку остра, но во добра смисла на зборот. Ова не значи дека таа има некоја „темна“ страна, туку дека едноставно е… различна. На оние жени на кои им прилега кармин во темна боја, изгледаат интригантно.“
rn
rnНеутрална
rnrn
„Кога носите кармин кој има иста боја како бојата на вашата кожа, личите на леш, како да сте биле премногу долго надвор на студот. Бојата вознемирува. Воедно, неутралните усни личат на глазирана крофна.“
rn
rnСветло портокалова
rnrn
„Ме наведува да помислам… „сакаш Фанта?“ Исто така, ми кажува дека има интересен карактер и најверојатно е многу забавна девојка. Таа е сигурна во себе и не се плаши да проба нешто поразлично.“
rn
rnМеталик боја
rnrn
„Ова е боја за тинејџерки, па доколку сте во тие години, дозволено е да изгледате по малку „евтино“. Во секој случај, светките треба да останат само на стриптизетките. Башка тие паѓаат насекаде.“
rn
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Игра на неделата: Пронајди го излезот
На почетокот на оваа авантуристичка и логичка игра, вие се наоѓате затворени во еден тоалет и треба да најдете начин да излезете. Низ текот на целата игра треба да собирате предмети кои можат да ви помагаат во играњето, како и за да го следите дејството внимателно.
Управувајте на маусот, предметите земајте ги со клик, а употребувајте ги од делот Inventory.rn -

Како да бидете добар колега?
Одржувањето на пријатна атмосфера на работа е од големо значење за вашето лично чувство на исполнетост и задоволство, а има влијание и врз постигнувањето на вашите успеси. Прочитајте неколку кратки совети за зацврстување на врската со колегите на работа, што воедно ќе направи да се чувствувате подобро во текот на тие 8 часа кои секојдневно ги поминувате на работното место.rn.rn
Секое утро расположено кажете „Здраво“
rn
Доаѓате на работа со очите вперени во подот, рамениците спуштени долу и веднаш почнувате да работите? Ако е така, не е ни случајно што вашите колеги ве игнорираат (во најдобар случај) и ве избегнуваат (во најлош случај). Нека ви стане навика кажувањето „здраво“ на колегите, со тон на расположеност и среќа. Правете го тоа кога ќе дојдете на работа или кога ќе ви почне смената. Неверојатно е тоа колку малку пристојност е потребно за добри релации со колегите на работа.rn.rnКратки разговори
rnПрашајте ги колегите за нивните интереси – омилената книга, филм, јадење, хоби. Покажувајќи интерес, ќе направите да им е пријатно зборувањето со вас. Овие кратки разговори правете ги за време на паузата, бидејќи во канцеларија е навистина непријатно. Правејќи ги овие разговори ќе ги потсетите колегите дека вие не сте само вработен или колега, туку и човек.rn.rn
Прашајте за нивно мислење
rnЛуѓето сакаат да бидат прашани за мислење, па затоа слободно прашајте: „Што мислиш дека му недостига на извештајот?“ или „Како ти би ја решил оваа ситуација?“. Потоа, заблагодарете се дури и ако идејата или предлогот не биле од голема помош.rn.rn
Избегнувајте озборувања
rnСигурно не сакате да зборуваат за вас позади грб. Затоа, не правете им го тоа на другите. Ако некој колега ви пријде и почне да ви раскажува љубовна романса од канцеларијата, вие само одговорете со прашањето „Навистина?“. Потоа, сменете ја темата на разговор или вратете се на тоа што сте го работеле. Ако не одговорите, озборувачот ќе продолжи да зборува, а така вие брзо ќе ја изгубите довербата кај другите колеги.rn.rn
Разговор со комплициран колега = разговор со мало дете
rn
Ова е едноставна визуелизација која ќе ви помогне да останете прибрани. Кога мало дете поставува многу прашања кои понекогаш ви изгледаат чудни, вие пристојно му одговарате и не му викате со силен тон. Така, кога разговарате со ваш колега кој е малку комплициран, бидете присебни и прибрани. Сигурно не сакате колегите да ве гледаат како лесно се нервирате и гласно зборувате.rn.rnНе бидете себични со комплиментите
rn
Поделете некој комплимент за колега кој престанал да пуши, си ја уредил канцеларијата или направил некое достигнување на приватен или професионален план. Ова е затоа што многу почесто се фокусираме на негативните нешта, отколку на позитивните. Неколку убави зборови на секого му ја топлат душата.rn.rnПратете e-mail или одговорете на повик на време
rnЗа да ги придобиете колегите на работа како пријатели, добро е да почнете од основните добри манири. Нема ништо пофрустрирачки од неодговорена електронска порака, смс или телефонски повик. Тоа што вие не одговарате само ја отежнува работата и испраќа непријатна порака од вас кон нив која гласи: „Не си ми толку важен“ .rn.rn
Вратете му на колегата со иста мерка
rn
Ако колегата завршил некоја важна работа за вас, убаво е да му вратите со иста мерка кога следниот пат ќе се појави ист или сличен случај. -

Неделно утро… кафе и сок… досада
Гостински пост: Високо ЦrnrnПогледот низ прозорецот не е ни малку сличен на оној на Кери Бредшо во „Сексот и градот“. Ни мојот обид за срцепарателно искажување на размислувањата не е ист. Мислам, кого залажувам? Што може да каже некој кој за месец дена полни 30, нема дечко, има работно време од 8 до 4 и пауза од 30 минути помеѓу 12 и пол и 1? Можеби ништо, а можеби многу.rnrn
rnrnНа пример, цимет во утринското кафе може многу побрзо да ви ги разбуди сетилата. Но, нутриционистите истото го велат и за јаболкото. Иако, замената на утринското кафе со јаболко мене ми изгледа како предавство.rnrnКафе… Зачудувачки моќен напиток употребуван низ вековите за (без посебен редослед): рассонување, размножување, раскинување, разбирање, разговор, работа, релаксирање… и веројатно за уште многу други на буквата „р“ или на некоја друга.rnrnИ не можам да не помислам дека некако сѐ се врти околу кафето. Почнува или завршува со кафе. Да не го заборавиме и она кафе помеѓу. 3 кафиња на ден. Совршен докторски совет. Ни повеќе ни помалку. Доволно. 5 оброци, 3 кафиња, 1 ден. И така секој ден.rnrnКога сме веќе толку зависни од кафето, се обидов да најдам дефиниција за него во мојот омилен (саркастичен, злобен и неодоливо реален, без пардон) Ѓаволов речник. И замислете, го нема. Не можам да не се запрашам, дали, по дефиниција, ако го нема кафето во Ѓаволовиот речник, значи дека е дел од рајот?!? Знам дека е дел од мојот секако, но сепак.rnrnХм. Обидот да го консултирам интернетот, заврши со многу сајтови кои го величат кафето, сајтови кои медицински ги објаснуваат предностите и недостатоците на кафето, компании кои ни нудат различни вкусови и мириси, рецепти за подготовка со спецификации за соодносот на кафе, вода, шеќер, млеко и што уште не, а сепак ниту еден не ми го даде одговорот кој го барав.rnrnНеделно утро. Пред мене вториот филџан кафе со цимет и лажичка млеко. За жал, правилото 3 кафиња на ден, не важи кај мене. Одамна стапи на сила „Кафето е мојот рај, а од рајот никогаш премногу!“ Мојот партнер, господинот Лаптоповски веќе ми се жали дека е гладен. Одам да го приклучам на неговиот извор на енергија, а јас да му се вратам на мојот и да уживам на раат.rnrnНа здравје кафе почитувани мои!