Сите растеме и созреваме, некој брза да порасне, некој пак доцни со созревањето. Не дека има нешто лошо во тоа да се однесуваш позрело за своите години, напротив и тоа може да биде забавно, сè додека знаете како на моменти да „одлепите“. Ова се 15 знаци дека сте позрели од повеќето ваши врсници.rnrn
rnrn1. Ви се случило некој од колегите/познаниците да ве праша колку години имате и кога ќе му одговорите да се изненади бидејќи мислел дека сте макар 5 години постари од вашата вистинска возраст.rnrn2. Имате макар еден близок пријател кој е 5-10 години постар од вас.rnrn3. Имате навика да ги држите нештата под контрола, а тоа најмногу важи за вашето однесување. Ни на крај памет не ви паѓа да излезете, да се испијаните и да повраќате по пат. Кога ќе им го кажете ова на вашите врсници тие се на некој начин шокирани.rnrn4. Таткото на вашата најдобра пријателка или најдобар пријател мисли дека сте неколку години постари од неговата ќерка, или неговиот син. Подоцна, кога сте имале ваков разговор сфатил дека всушност сте врсници, а вие не знаете дали треба да бидете почестени или навредени што сите тие години ве сметале за повозрасни од она што сте.rnrn5. Може да се дружите, зборувате или пиете кафе со мајката на вашата другарка без да ви биде чудно или непријатно.rnrn6. Ретко кога се облекувате кежуал за надвор од дома. Дури и да е семејна средба или кафе со пријателите, вие додавате макар ронка отменост, елеганција и професионалност во вашиот изглед.rnrn7. Пријателите често ви се обраќаат за совет и понекогаш се чувствувате како родител кој минал низ сето тоа и може да го посоветува своето дете.rnrn8. Обично излегувате со личности кои се неколку години постари од вас, па кога ќе се најдете во нивното друштво, сфаќате дека сте во просек неколку години помлади од сите луѓе на масата, но не ви пречи, напротив, ви се чини како да сте врсници.rnrn9. Пријателите ви се обраќаат за финансиски совети и слични важни животни прашања, бидејќи ви веруваат и знаат дека сте стабилни личности на кои можат да се потпрат.rnrn10. Сфаќате дека она што сте се обидувале да им го докажете на вашите пријатели пред некоја година, тие сега почнуваат да го сфаќаат и да го применуваат во животот. Сепак, нема да им речете ништо бидејќи тоа би било безобразно од ваша страна.rnrn11. Полека чувствувате дека нема потреба да криете многу работи од вашите родители, всушност, кога ќе размислите добро, сте кажале само неколку „бели“ лаги измината година. Браво, бидете горди на себеси.rnrn12. Ви се случило во неколку наврати вашите пријатели да раскажуваат за лудата саботна вечер, но вашата приказна е следна: бевте дома, ја расчистивте собата, појдовте до продавница па гледавте филм.rnrn13. Не чувствувате потреба да купувате сè по најнов тренд, многу повеќе обрнувате внимание на квалитетот и цената, како и на тоа колку навистина ви е потребно ново парче облека.rnrn14. Веќе долго време не ви се случило да испратите „пијана“ порака или „пијан“ повик во 2 по полноќ, ниту пак ви паѓа на памет да одговорите на телефонски повици по 10 навечер.rnrn15. Не се преоптоварувате со туѓото мислење, и за разлика од порано, не чувствувате потреба да им се објаснувате себеси на другите.
Tag: мислење
-

15 знаци дека се однесувате постаро од вашата возраст
-

Како да оставите добар прв впечаток за само 9 секунди?
На повеќето луѓе им е важно што мислат другите за нив. Ако и вам ви е грижа каков впечаток ќе оставите во одредени ситуации, научете како се прави тоа. Првиот впечаток е исклучително важен, и во приватниот и во професионалниот живот. Истражувањата покажуваат дека за само 9 секунди другите нѐ проценуваат и врз основа на тој впечаток се темели секое понатамошно нивно размислување за нас.rnrn
rnrn1. Додајте вредност во првиот разговор. Поставете се како личност која има волја да помогне на другите и дајте го тоа до знаење во текот на првиот контакт.rnrn2. Научете да разбирате како светот ве доживува. Не е проблем ако не сте премногу љубезна или зборлеста личност, најважно е да бидете автентични. Немојте да глумите нешто што не сте бидејќи тоа се чувствува. Бидете свои и разговарајте како што тоа вообичаено го правите.rnrn3. Поставувајте ги вистинските прашања. Кога се работи за првиот впечаток вашите прашања се многу поважни од одговорите. Тоа значи дека за да ги поставите вистинските прашања мора да го слушате соговорникот. Личноста веднаш ќе се почувствува поудобно во ваше друштво.rnrn4. Размислете за што размислува личноста и што ѝ е моментално главна тема. Тоа секогаш може донекаде да се предвиди, па затоа подгответе се за тоа. Ќе бидете добар соговорник, а тоа сигурно ќе придонесе за подобар прв впечаток за вас.rnrn5. Запознавајте се со срце. Никому не му е едноставно да воспостави прв контакт – од првиот поглед до првото ракување. Секогаш постои страв дека тоа нема да помине најдобро. Но ако го победите стравот и му пристапете на запознавањето со срце, шансите за успех и добар впечаток се скоро загарантирани. Насмевнете се, стиснете ја раката цврсто и покажете дека сте добра личност. -

15 работи кои би ѝ ги кажал/а на помладата верзија од себеси
Како што растеме стануваме помудри поради лекциите на кои нè научил животот. Сигурно во моментов би имале многу нешта да ѝ кажете на помладата верзија од себеси. Иако нема поента да се навраќаме на минатото, кога ќе видите колку работи би си кажале самите себе, ќе сфатите колку сте постигнале и колку сте еволуирале. Земете лист и напишете што би ѝ кажале на помладата верзија од себеси. Тоа може да биде добра вежба за самодоверба.rnrn
rnrn1. Нема потреба од грижа. На крај сè ќе излезе добро.rnrn2. За навистина да бидеш среќен/на фокусирај се на тоа како ти го доживуваш животот, а не како тој им изгледа на другите.rnrn3. Што другите велат или прават не кажува ништо за тебе, туку зборува многу за нив и туѓите зборови и постапки не треба да те засегаат.rnrn4. Падот е неизбежен во сечиј живот. Важно е да се исправиш на нозе и да не се сопнеш пак на истиот камен.rnrn5. Единствената личност која ти стои на патот до среќата си самиот/ата ти.rnrn6. Тоа нешто што го мразиш кај себе обично е истото тоа што другите го сакаат кај тебе.rnrn7. Сè во животот е резултат на изборот кој го правиш. Ако сакаш различен резултат направи поинакви одлуки.rnrn8. Многу нешта во животот зависат од твојата самодоверба. Никогаш не потценувај се себеси.rnrn9. Најдобар начин да решиш некој проблем е да престанеш да му посветуваш толку големо внимание.rnrn10. Постојат многу „пријатели“ кои не ти се вистински пријатели. Не троши го времето на нив.rnrn11. Престани да се преокупираш со неважни работи. Животот е убав, препушти се и уживај.rnrn12. Колку и да не сакаш да го правиш тоа во моментов, вложувај многу во своето образование.rnrn13. Неретко луѓето ќе имаат спротивно мислење од твоето. Научи да ги ислушаш и да ги почитуваш оние со различно мислење.rnrn14. Не повредувај ги оние кои ги сакаш и те сакаат.rnrn15. Со напорна работа успехот е неизбежен.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

15 работи кои луѓето со голема самодоверба не ги прават
Да се има самодоверба значи да се верува во себе и во своите способности. Ако не веруваме во себе, зошто некој друг би верувал во нас? Доколку сакате да ја подобрите својата самодоверба или пак да проверите колку навистина имате верба во самите себе, обрнете внимание на оваа листа од 15 работи за кои луѓето со голема самодоверба кажуваат големо НЕ.rnrn
rn1. Не наоѓаат изговори
rnДоколку не пристигнале навреме на работа, не го обвинуваат сообраќајот ниту времето, едноставно задоцниле. Не се служат со изговори од типот „Немам време“, „Моите околности се тешки“, или „Не сум доволно добар/ра за тоа“, туку ќе најдат време, ќе ги променат нештата над кои имаат моќ да влијаат и ќе научат да бидат доволно добри во што било. Луѓето со голема самодоверба се свесни дека оној кој не сака – наоѓа изговори, додека оној кој вистински посакува нешто – наоѓа начини.rn
2. Не ги одбегнуваат нештата од кои се плашат
rnНикогаш нема да дозволат стравот да ги управува нивните животи. Најстрашните работи во нашите животи најчесто се токму оние со кои треба да се соочиме за да постигнеме определена цел и да еволуираме како личности. Луѓето со високо ниво на самодоверба се свесни дека работите за кои чувствуваат страв се токму оние работи кои вреди да се направат.rnrnКога еднаш ќе се соочите со стравот, ќе сфатите дека и не бил толку голем, но колку повеќе го одбегнувате, тој сè повеќе расте. Еве на пример, да речеме дека исто како малите деца се плашите од „чудовиштето под креветот“. Луѓето со самодоверба нема да спијат со запалена светилка ниту пак да појдат во креветот на мама, туку ќе го изгаснат светлото и ако треба ќе поминат една вечер под креветот, за дури и ако постои чудовиштето да му докажат дека нема да му дадат можност да ги контролира.rn
3. Не живеат во стаклено ѕвоно
rnОние со голема самодоверба нема да останат во безбедната зона туку ќе преземат ризици и ќе направат промени бидејќи безбедната зона е токму она место каде соништата умираат. Ако, да речеме, се стремите кон вашето тело од соништата, но останувате физички неактивни поради болката во мускулите и големиот напор кој се бара од вас, вие никогаш нема да ја постигнете вашата цел. Ќе останете на каучот гледајќи филмови и грицкајќи чипс. Но ако свесно се изложите себеси на тој физички напор, ќе сфатите дека и болката во мускулите се намалува по одредено време и истиот тој напор ќе ви стане рутина која ве носи до целта.rn
4. Не ги одлагаат работите
rnНе го чекаат „вистинското време“ или „вистинските околности“, бидејќи ако се поставите така, никогаш нема да дојде тоа вистинско време кое го чекате. Тие преземаат акција сега, денес, во овој момент, правејќи околностите да се прилагодат на нивните планови и цели, а не обратно.rn
5. Не се преокупирани со туѓите мислења
rnСе грижат за другите и не се однесуваат себично, но кога станува збор за туѓото мислење, не се преокупирани со она што другите го мислат за нив. Го живеат животот на свој начин, некогаш правејќи работи кои другите не ги разбираат, но нема да дозволат нивните соништа да зависат од мислењата на другите. Се фокусираат на оние кои им се блиски и за кои знаат дека ќе ги поддржат без оглед на сè, а што се однесува за остатокот од светот, не се преокупираат со идејата да ги импресионираат другите бидејќи знаат дека не е возможно секој да има добро мислење за нив.rnrn
rn6. Не ги осудуваат луѓето
rnСекој е различен и секој има свои проблеми, свое мислење и си го носи сопствениот товар. Луѓето кои имаат самодоверба не чувствуваат потреба да омаловажат некој друг со цел да се чувствуваат подобро самите за себе.rn
7. Не дозволуваат недостатокот на ресурси да ги спречи
rnСвесни се дека сè е возможно со доволна количина на креативност како и упорност. Нема да драматизираат околу сè она што го немаат туку ќе ги искористат сите оние нешта кои им се на располагање. Мислите дека најуспешните личности во светот секогаш ги имале сите потребни ресурси на сребрен послужавник? Не, туку одбрале да ги остварат своите цели и покрај сè.rn
8. Не се споредуваат со другите
rnНе се споредуваат со другите бидејќи се свесни дека никогаш не можат да знаат за туѓите околности. Единствената личност со која се споредуваат и натпреваруваат се самите себе. Гледаат да еволуираат во подобра личност од она што биле вчера.rn
9. Не се фокусираат на квантитетот туку на квалитетот
rnСекогаш ќе се одлучат за квалитет наспроти квантитет. Свесни се дека не можат совршено да се согласуваат со секоја личност со која ќе стапат во контакт, и тоа е во ред. Наместо тоа, тие се фокусираат на квалитетот на нивниот однос со другите.rn
10. Не се зависни од позитивниот фидбек
rnЖивотот понекогаш не е фер и некогаш работите не тргнуваат по замислената линија. Не секогаш околностите во животот ќе ви сигнализираат кренати палци и позитивен фидбек, не можете да контролирате буквално сè. Но она што можете да го контролирате е вашата реакција на случувањата во животот.rn
11. Не ги избегнуваат непријатностите во животот
rnСвесни се дека во животот неретко ќе треба да се соочат со непријатни и тешки ситуации, но тоа е многу подобро решение отколку избегнувањето што пак придонесува самиот проблем да се мултиплицира.rn
12. Не се откажуваат лесно
rnТие се свесни дека неуспехот е дел од сечиј живот и дека постојат две опции: да се исправиш по падот и да пробаш повторно или да се откажеш. Запомнете, неуспехот и не е толку лош. Со негова помош вие сте побогати за едно животно искуство и точно знаете како правилно да постапите во иднина.rnrn
rn13. Не им треба ничија дозвола
rnНе чекаат зелено светло од околината, од општеството или од кој било. Секогаш пред да преземат акција си велат: Ако не јас, кој? Ако не сега, кога?rn
14. Не се ограничуваат себеси
rnНема да дозволат да бидат ограничени од какви било норми, правила или забрани. Ќе излезат од кутијата, ќе ги надминат границите ако треба, но ќе најдат начин да го остварат својот сон и да стигнат до определена цел. Тоа што навидум стигнувањето до таа цел изгледа невозможно го сфаќаат како уште поголем и поисплатлив предизвик, а не како ненадминлива пречка.rn
15. Не ги прифаќаат нештата пред самите да размислат за нив
rnЛичностите со голема самодоверба секогаш одржуваат доза на „здрав скептицизам“. Им даваат можност на другите да го кажат своето мислење, но секогаш ќе размислат со своја глава и ќе ги одделат важните од неважните информации. Ништо што ќе прочитаат или чујат не го сфаќаат како универзална вистина туку го преиспитуваат според своите сфаќања и интереси.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

20 животни грешки за кои нѐ предупредуваат луѓето во длабока старост
Во поодминатите години од животот, човек е во можност да направи ретроспектива на своите мисли и постапки и правилно да расудува за она што се случило. За жал, неретко луѓето се каат за многу работи кои (не) ги направиле. Ова се најчестите работи за кои луѓето жалат кога ќе дочекаат старост.rnrn
rnrn1. Преголема грижа за туѓото мислење.rnrn2. Неисполнување на голем дел од плановите и целите во животот.rnrn3. Сокривање на своите чувства кон некого.rnrn4. Недоволно истакнување на себеси и недостаток на борбеност.rnrn5. Заборавање да се следи вистинската страст во животот.rnrn6. Постојани кавги со саканите.rnrn7. Децата не израснале онакви какви што тие сонувале за нив да бидат.rnrn8. Неживеење во сегашноста.rnrn9. Премногу вложиле труд и се посветиле само на работата и кариерата.rnrn10. Не патувале доволно и не искусувале нови авантури.rnrn11. Слушање сè што другите кажуваат.rnrn12. Недоволна грижа за себе и своето здравје.rnrn13. Непреземање ризици.rnrn14. Секогаш биле во битка со времето.rnrn15. Преголема грижа за сè.rnrn16. Неблагодарност за она што го поседуваат.rnrn17. Непоминување доволно време со семејството.rnrn18. Сфаќање сè, па и себеси, премногу сериозно.rnrn19. Недоволна грижа за другите.rnrn20. Тоа што биле често тажни.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 работи кои паметните луѓе не ги прават
Дали животот е една голема игра? Доколку е, тогаш мора да играме правилно и паметно. Ова се 10 големи „НЕ“, кои паметните луѓе ги почитуваат.rnrn
rnrn1. Не дозволуваат минатото да им ја диктира сегашноста
rnСекој доживеал лош период или голем неуспех, но тоа не значи дека треба да дозволиме некогашниот пад да ни го обележи животот. Сте биле разочарани, сте доживеале непријатни настани во минатото, како и секој човек. Но затоа се вика минато, оставете го зад себе. Никогаш не престанувајте да се обидувате, секогаш имате можност да ги урнете сите препреки и без разлика што и да ви се случило некогаш, да докажете дека сте способни и издржливи.rn
2. Не се фокусираат на негативностите
rnПаметните личности знаат дека тие ги контролираат сопствените мисли и затоа одбираат да се фокусираат на позитивните нешта. Важно е да се верува дека штом нашиот ум може да замисли нешто, тогаш истото може и да го оствари. Животот станува полесен кога знаеме да сонуваме, замислуваме, креираме, градиме, трансформираме и сакаме.rn
3. Не бегаат од своите проблеми
rnСите имаме проблеми. Пари, семејство, љубов, работа, кариера, образование… Но не можеме да се скриеме од проблемите и колку повеќе го одлагаме соочувањето со нив, тие стануваат сè поголеми. Секогаш барајте креативно решение за вашите проблеми бидејќи секогаш има решение. Кога ќе се сопнете или паднете, продолжете со работа. Со тоа што се соочувате со вашите стравови, имате поголема храброст и се мотивирате себеси за напредок.rnrn
rnrn4. Не се грижат што мислат другите за нив
rnНикогаш не дозволуваат негативното мислење или негодувањето на другите да ги спречи да живеат среќен и исполнет живот по нивни правила. Светот е полн со негативци, критичари и мрчатори. Формирајте круг на пријатели со кои делите исти или слични гледишта и пасии за животот и кои кога ќе ве критикуваат го прават тоа за ваше добро.rn
5. Не губат време
rnГо искористуваат своето време максимално. Одбираат навики и имаат хоби кои ги надградуваат како личности и ги прават сè попродуктивни. Тие работат паметно, а не премногу напорно. Не губете време на нешта кои немаат никаков резултат и цел.rn
6. Не очекуваат веднаш да бидат наградени
rnДобрите нешта доаѓаат кај тој што умее да чека и да биде стрплив. Ништо не доаѓа како инстант-награда, напротив! Големите награди и признанија бараат работа и трпение. Во меѓувреме фокусирајте се на сите други задоволства од вашата работа – тоа што креирате, создавате, вашата исполнетост како и фактот што умеете да уживате во она што го работите, а не секој е способен за тоа.rnrn
rnrn7. Не се фокусираат на нештата кои се надвор од нивна контрола
rnСекојдневно се соочуваме со непријатни ситуации – безобразни луѓе, метеж во сообраќајот, кавги и расправии. Не си земајте сè при срце. Не се преоптоварувајте со нечие мислење или постапки. Фокусирајте се на она врз кое можете да влијаете, а тоа е вашиот одговор на таквите ситуации.rn
8. Не се дружат со оние кои негативно влијаат на нив
rnЕдноставно се оддалечуваат од оние кои се негативни и кои прават тие да се чувствуваат лошо самите за себе. Бидете меѓу оние кои ве инспирираат и мотивираат и ве насочуваат кон повеќе и подобро.rnrn

rnrn
9. Не се арогантни и не се фалат
rnНикогаш нема да ги слушнете паметните, способните и успешните луѓе да се фалат за она што го поседуваат. Тоа е бидејќи оние кои вредат се препознаваат по делата, а не по зборовите. Секогаш дозволете им на делата да зборуваат за вас.rn
10. Не дозволуваат да бидат неблагодарни
rnЗа крај, никогаш не дозволувајте да помине ден без да помислите на благодетите со кои сте благословени и ценете го она што го имате. Блажените чувства потекнуваат од нашата скромност и благодарност.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Зошто не треба да ви е грижа што другите мислат за вас?
rn
„Може да бидете најзрелата и најсочната праска во светот, но секогаш ќе се најде некој кој не сака праски.“ – Дита Вон Тиз
rnСекој сака да биде почитуван и да им се допаѓа на другите, но што се случува кога туѓото мислење станува наша опсесија и почнува многу да влијае на нашата самодоверба? Дали треба да дозволиме нашите успеси, нашата работа, нашиот надворешен изглед, целосно да бидат оценувани преку туѓите очи? Ова се 5 причини зошто не треба да се оптоварувате со тоа какво мислење имаат луѓето за вас.rnrn
rnЛуѓето секогаш ќе веруваат во она што тие сакаат да веруваат
rnМоже да потрошите премногу време и напор за да му се допаднете некому, да привлечете повеќе внимание, или да го смените мислењето кое некој го има за вас, но сето тоа би ви било залудно. Со вашите постапки и зборови до некој степен можете да влијаете врз туѓото мислење, но никогаш целосно да го промените.rnrnРаботата е во тоа што, луѓето веруваат во она што сакаат. Можеби личноста чии симпатии сакате да ги привлечете има одреден круг на луѓе со кои сака да е блиска, или има некакви предрасуди, најверојатно строги и глупави, така што никогаш нема да го смените начинот на кој ги оценува луѓето. Па тогаш зошто да вложите толкав труд? Енергијата насочете ја кон луѓето кои ве ценат и ве сакаат такви какви што сте.rn
Не е ваша работа што другите мислат за вас
rnКолку повеќе се грижите што другите мислат за вас, толку повеќе тоа ќе влијае на вас. За брзо време ќе почнете самите да си поставувате граници и нема да бидете слободни во својата кожа, секогаш размислувајќи како другите гледаат на вас. Дали навистина мислите дека доколку се трудите премногу и кон сите сте добри, секој ќе има добро мислење за вас? Дали мислите дека вреди да потрошите толку време пробувајќи да влијаете врз туѓото мислење, наместо да го надградувате сопственото?rnrnОставете ги луѓето да мислат што сакаат, тоа е нивно право и слобода, и не е ваша работа, дури и ако размислуваат за вас. Вие имате свој живот и бидете зафатени живеејќи го по свои правила.rnrn
rnrnЛуѓето не се грижат толку колку што мислите
rnЛуѓето озборуваат за да си пополнат време, не мора да има некоја голема и важна причина. Доколку сте интересни и успешни, ќе ве озборуваат уште повеќе. Но, вистината е дека секој од нас, некој повеќе некој помалку, главно се фокусира на себе. Така што, додека вие губите време пробувајќи да влијаете врз туѓото мислење за вас, луѓето всушност најмногу се преокупирани со самите себе.rn
Не ви е потребна ничија дозвола
rnПрекрасно е чувството да се биде почитуван и некој да се огледува на тебе. Но, не можете целосно да влијаете на туѓото мислење, трудејќи се луѓето секогаш да го сакаат она што го правите. Доколку станете опседнати со тоа од сите да бидете сакани или пофалени, на добар пат сте да го изгубите здравиот разум, бидејќи тоа никогаш нема да успеете да го постигнете. Најважно е да се прифатите себеси со сите ваши маани и предности, а пофалбите кои ќе доаѓаат одвреме-навреме, едноставно сметајте ги за бонус, но никогаш не станувајте зависни од нив.rn
Не се важни оние кои не ве почитуваат, важни се оние кои ве почитуваат
rnКога луѓето не нè сакаат, ние уште повеќе се трудиме да нè засакаат. Кога луѓето нè одбиваат од себе, вложуваме огромен напор да нè прифатат. Можеби е самиот предизвик, или желбата да им докажеме дека не се во право. Но тоа е бесконечен круг од кој нема излез. Вистината е дека постојат луѓе кои нè сакаат без оглед на сè, и нè прифаќаат такви какви што сме, остануваат покрај нас и нè поддржуваат. Откријте кои се луѓето околу кои не чувствувате притисок и со кои можете да бидете свои и слободни, и почитувајте ги бидејќи не е лесно да се прифатат несовршеностите.rnrn
rnrnСекако, туѓото мислење до некој степен е важно. Не би смееле да се претвориме во бесчувствителни суштества кои не се грижат апсолутно за ништо и воопшто да не го почитуваме туѓото мислење. Она што треба да научиме е кои се луѓето чие мислење вреди да го почитуваме. Најважно е да знаеме каде е границата, односно кога ги слушаме туѓите мислења за наше добро, а кога дозволуваме целосно да ја обликуваат нашата личност.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

4 магични фрази кои можат да ѝ бидат од голема помош на вашата љубовна врска
Заљубувањето е полесниот дел. Ја запознавате личноста од вашите соништа и пред да се свестите – веќе сте на „седмо небо“. Но, што се случува кога тоа интензивно чувство на нова љубов започнува да избледува? Кога ќе се соочите со реалноста и кога конечно ќе почнете да ги забележувате недостатоците на вашиот партнер?rnrn
rnrnЉубовните врски бараат многу напорна работа. И доколку и двете страни не вложуваат константно многу труд, врската започнува да се распаѓа и во најлош случај целосно завршува. Но, тоа не мора да значи дека истото ќе ви се случи и вам. Доколку сакате да останете во моменталната врска, тогаш погледнете ги овие 4 магични фрази кои ќе ви помогнат многу лесно да ја остварите вашата цел.rnФраза #1 – „Што мислиш ти?“
rnСите сакаат нивното мислење да биде ценето или барем во најмала рака признаено. Со тоа што ќе ги запрашате вашиот партнер или партнерката за нивното мислење, им давате до знаење дека навистина се грижите за она што тие го мислат. Понекогаш сите ние знаеме целосно да се изгубиме во нашите работи, ги гледаме ситуациите и настаните само од наша гледна точка и не забележуваме дека е можно да постојат и други валидни размислувања.rnrn
rnrnБарањето размислување од друг може да ви помогне да станете поотворени и покреативни при изнаоѓање нови решенија за вашите проблеми. Ако го/ја запрашате партнерот, односно партнерката за мислење, тој/таа можеби ќе ви понуди сосема различно гледиште од вашето, нешто што вам ни на крај памет не би ви паднало. На тој начин ќе му/ѝ покажете дека го почитувате неговото/нејзиното размислување, дека тоа е важно за вас, ќе ја зацврстите вашата врска, а можеби и ќе научите нешто ново за полесно справување со секојдневните проблеми.rnФраза #2 – „Сакам да разберам“
rnКога сте во врска, многу често се случува да му се налутите на вашиот партнер поради некое негово постојано однесување кое ве вознемирува или иритира. Најтипичен пример за тоа е оставањето на капакот од веце-школка подигнат од страна на мажот или пак, планирањето на некој друштвен настан од страна на жената за време на спортски натпревар.rnrn
rnrnКога се случуваат вакви работи, многу лесно може да се сфатат лично. И покрај тоа што има шанси овие работи да се прават намерно, многу почесто тие настануваат поради случаен сплет на околности. Можеби вашиот партнер не знае дека толку ве нервира подигнатиот капак или пак вашата партнерка не е свесна колку ви се важни одредени спортски натпревари.rnrnОбидете се да му/ѝ објасните зошто толку ве иритираат овие ситуации, но направете го тоа на начин со кој ќе покажете дека сакате го разберете нивното однесување, не да ги обвинувате за она што е веќе направено. Исто така откако ќе го кажете своето, дајте им шанса за објаснување и откако ќе ги ислушате, едноставно и смирено објаснете им како тоа делува на вас. Ќе се изненадите што сè можете да решите со едноставна и смирена комуникација.rnФраза #3 – „Извини“
rnНикој не е безгрешен, сите ние постојано правиме грешки и намерно или ненамерно знаеме да ги повредиме оние кои најмногу ги сакаме. Тоа е во природата на човекот. И токму тогаш кога ова зборче е најпотребно, нам ни е најтешко да го кажеме. Зошто? Можеби не знаете како и кога да го кажете или сметате дека не треба вие да го направите тоа?rnrn
rnrnПробајте да ја погледнете ситуацијата од малку поинаков агол. Не мора да значи дека секогаш треба да ви биде криво за тоа што сте го направиле, но сепак тоа не ве спречува да се извините за своите постапки со кои сте ги повредиле оние кои ги сакате. Фразата „извини“ не мора да значи признавање на вината. Може да се каже за да покажете дека сфаќате дека сте повредиле некого и дека поради тоа жалите.rnФраза #4 – „Те сакам!“
rnЖелбата да се биде сакан е една од основните човечки потреби. Таа се појавува уште кога сте дете, барајќи љубов од родителите и продолжува низ целиот ваш живот така што барате љубов и внимание од личноста која го прави вашиот живот целосен. Кога сте во врска и кога ја чувствувате љубовта од другата страна, тоа ви помага да поминете и низ најтешките времиња. Знаењето дека имате целосна поддршка од некој кој многу ви значи и кој е тука за вас и во добро и во лошо, е клучот за поголем успех на секое поле во вашиот живот.rnrn
rnrn„Те сакам“ може да биде искажано на вербален, но и на невербален начин. Секоја личност е различна. Некои луѓе ги кажуваат овие 2 збора постојано, додека пак други многу ретко. Но, бројот колку пати се кажани не е мерило за љубовта која тој/таа ја чувствува за вас. На некои луѓе едноставно полесно им е да ви кажуваат „Те сакам“ преку одредени постапки, како на пример да ви подготвуваат свежо кафе секое утро. Пронајдете го начинот на кој вашиот партнер вистински ги искажува своите чувства и со тек на време ќе сфатите дека можеби тој/таа ви кажувале дека ве сакаат многу почесто отколку што претходно сте мислеле.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како да се справите со неодлучноста?
Нашиот мозок одлично функционира во сите видови активности, вклучувајќи го и размислувањето. Постои одлична причина зашто Рене Декарт напишал, „Je pense, donc je suis“ односно „Мислам, значи постојам.“ Вие навистина мислите затоа што сте и токму тоа сте затоа што можете да мислите. Но, тука има многу повеќе отколку што изгледа. Односно, помалку. Понекогаш навистина е подобро помалку да го употребувате вашиот мозок.rnrn
rnrnДа се има толку „голем“ мозок понекогаш знае да биде огромен проблем. Тој нè мами да мислиме дека треба многу да размислуваме за сè. Ова се протега до тој степен што ни создава потреба да контролираме сè што правиме, и тоа не на позитивен начин. Лошата страна е што во вакви ситуации почнуваме претерано да размислуваме, дури и кога станува збор за едноставни одлуки. Дали да одбереме да студираме во нашата држава или надвор? Дали да јадеме органска или неорганска храна? Дали да купиме балетанки или високи потпетици? Постојат неколку техники, кои доколку ги почитувате можат многу да ви помогнат во побрзо и поедноставно донесување на одлуки.rnВерувајте во себе
rnДве глави се секогаш подобри од една. Донесувањето одлуки со помош од блиска личност може да ви звучи како одличен начин за разгледување на повеќе перспективи, но тоа може да доведе до дополнителни проблеми. Заедничкото одлучување предизвикува отфрлање на одредени клучни информации, според нова студија која била објавена во „Психолошки науки“. Оние кои одлучуваат индивидуално, внимателно собираат многу повеќе информации, отколку оние кои одлучуваат со помала или поголема помош од друга личност.rn
Décidez en Français
rnДали забележувате дека правите одлуки според вашите моментални чувства наместо според логиката? Пробајте да размислувате на друг јазик. Научниците сметаат дека на овој начин ќе создадете емоционална оддалеченост од вашиот проблем. Во неодамнешна студија објавена во „Психолошки науки“, каде што од учесниците во истражувањето се барало да го предвидат ризикот во одредени ситуации, како на пример, или да задржат еден долар или да свртат паричка за да заработат еден и пол долар – тие правеле помудра одлука кога проблемот им бил претставен на друг јазик.rn
Не мислете премногу
rnПрестанете да зјапате во многуте видови мармалад од јагоди. Не е важно кој ќе го одберете. Кога ни изгледа како одлуката да е многу тешка, честопати погрешно ја сфаќаме како многу важна, велат истражувачите од Универзитетите во Флорида и Пенсилванија. Пред да ѝ дозволите на тривијалната одлука да ве парализира, размислете за потенцијалниот резултат од вашата одлука. Ќе сфатите дека не е ништо страшно, дури и да го изберете погрешното.rn
Престанете да рационализирате
rnКога правиме лоши одлуки, честопати си наоѓаме објаснувања кои ни ја оправдуваат нашата одлука и кои нè тераат да помислиме дека сме избрале правилно.rn
„Луѓето се господари за себе-измамување,“ велат Зои Ченс и Мајкл Нортон од Бизнис-училиштето Харвард. „Тие измислуваат оправдувања за нивното однесување – дури и за себе.“
rnЗа да ја избегнете нереалната самодоверба при донесување одлуки, пробајте да разгледате некој проблем без да сметате дека вашата првична одлука била неизбежна. Најдете начин да сфатите зашто сте ја донеле токму таа одлука и обидете се нареден пат да не ја повторите истата грешка.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Верни пријатели или отворени непријатели – сè според заслугата!
Денес, драги мои, решив мојата колумна да ја започнам со една од моите омилени изреки. Винстон Черчил рекол: „Имаш непријатели? Во ред, тоа значи дека некогаш во животот си застанал цврсто зад своето мислење!“ Колку и да ги почитувам паметните изреки на големите умови, оваа секогаш ќе ми биде меѓу најомилените.rnrnДа се нема многу непријатели е во ред, но да немаш воопшто непријатели, тогаш или си голем лицемер, (што би значело дека всушност имаш непријатели само што тие не се информирани за твоето мислење за нив), или си личност која гледа секому да му угоди, (е тогаш веќе си имаш огромен проблем во животот). Да го кажеш сопственото мислење, да му нагласиш некому дека ги преминал границите, значи да имаш свое сопствено ЈАС.Велат дека треба да си премногу храбра личност за да можеш лесно да оттргнеш некого од својот живот.
Јас велам дека треба да си премногу глупав за да трпиш нечие однесување кое те повредува. Затоа кога ќе ме вбројат во тие храбрите, само велам дека така правам бидејќи се грижам самата за себе.rnrnЛичностите за кои еднаш сте одлучиле дека треба да останат во вашето минато, треба засекогаш да останат таму, без да им давате шанса да бидат дел од вашата иднина. Бидејќи штом еднаш сте одлучиле така, сигурно сте имале добра причина. Зошто да си ги погазувате сопствените одлуки? Како што созреваме, сфаќаме дека одредени личности од нашето минато, не заслужуваат „камбек“.rnrnИ за врските и за пријателствата важи истото. Кога еднаш ќе тргне нешто надолу, само си трошите време и нерви да го вратите на вистинскиот пат. Никогаш не сум имала проблем момците да ги оставам во минатото, но секогаш повеќе сум се трудела околу пријателствата… Но во ред е, постојат личности кои можат да функционираат заедно, но постојат и такви за кои е најдобро да си одат секој по својот пат, за да не си наштетат ни на самите себе, а ни на другите околу нив.rnrnВо животот запознаваме многу различни луѓе, а штом ги запознаеме сме должни да им ја дадеме основната почит која секој човек ја заслужува. Но откако ќе ги преминат границите, имате должност кон самите себе да престанете да ги почитувате нив!rnrnНе сум ни скептик за љубовта, ниту сум ладна личност која лесно може да избрише некого од својот живот. Напротив, ја ценам вистинската љубов и прекрасните, искрени пријателства, и тоа ги ценам повеќе од било што друго. И не ви велам да сте ладни и бесчувствителни. Туку да сакате и да уживате, споделувајте среќа и убави мигови, имајте топли личности околу вас, но никогаш не заборавајте го сопственото ЈАС. Никогаш не трудете се да го вратите минатото во сегашноста, никогаш не трудете се да го поправите она што се скршило и никогаш да не забораваме дека треба да ги цениме само оние кои знаат да нè ценат нас. На оние кои ве сакаат дупло возвратете им ја љубовта, на оние кои се искрени кон вас, не кажувајте им лаги, но оние кои ви згрешиле, доволно е да ги избришете од својот живот, ако сте добри пријатели поголема казна од тоа за нив ќе нема.rnrnДенес решив да испробам еден рецепт за тоа како да имате убав ден. Треба да направите нешто лудо, нешто откачено, нешто што отсекогаш сте го посакувале, а никако не сте собрале храброст да го направите… Ќе размислам добро и ќе видам што всушност јас сакам да направам, но истото важи и за вас, ви го оставам ова како домашна задача на сите.rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.