Кај нас, како и кај остатокот од светот, владее мислење дека русокосите се понежни и посуптилни за разлика од бринетите, но и дека се наивни и глупави. Колку пати сте ја чуле изреката „глупа плавуша“ или сте се насмеале на своја сметка коментирајќи „не замерувајте ми што не ја сфаќам шегата, што да правам кога сум русокоса“?rnrnЗошто русокосите се третираат како секс бомби без мозок? Никој не го знае точниот одговор, но многумина го поврзуваат тоа со прочуениот основач на „Плејбој“, Хју Хефнер кој отсекогаш бил опкружен со неверојатно згодни и секси русокоси, без никакво престижно занимање. Главно тоа се неуспешни модели и хостеси кои се пробиле во светот на шоу-бизнисот благодарение на своето убаво лице и атрактивно тело, на кои интелигенцијата не им била јака страна.rnrnrnrnПа така, ако сте русокоса, сигурно првата асоцијација на луѓето за вас им е дека вашето ниво на интелигенција е многу ниско. Иако ќе се сложите дека паметот, интелигенцијата и образованието немаат никаква врска со бојата на косата, русокосите и ден-денес ги следи епитетот убави, но глупави жени.rnrnУште еден епитет што ги следи русокосите е дека тие се со плиток, ограничен ум и дека се многу наивни. Во разни филмови и серии сме имале прилика да забележиме дека тие се исмејувани како жени кои ништо не разбираат, кои се прости, смотани и урнебесно смешни. Ако некоја згодна девојка каже нешто сосема неповрзано и глупаво, веднаш многумина би рекле: „Најверојатно е русокоса“. Без разлика која е причината што девојките со руса коса се сметаат за помалку интелигентни суштества, сигурно сте доживеале многумина да се шегуваат на ваша сметка само затоа што вашата коса не е кафеава или црна. Неправедно, зар не?rnrnrnrnНикој не ги сфаќа русокосите сериозно.Кога на непознати луѓе, некоја русокоса би им кажала дека ќе оди дома за да чита книга, сигурно би ѝ се смееле на глас, бидејќи никој не очекува блондинките да се интересираат за нешто друго освен за нов пар чевли, шминки и фризури кои се во тренд. Тоа е еден од доказите дека генерално луѓето се со плиток ум, бидејќи не се свесни за фактот дека едни од најмоќните жени, како Хилари Клинтон, се русокоси, но и изразито влијателни, успешни и интелигентни. Русокосите мора да докажат дека не се само руси, туку и паметни.rnrnrnrnАко сте русокоса, ќе се согласите дека испуканите и суви краеви на косата се една од заедничките работи на сите жени кои ја имаат бојадисано својата коса руса. Редовното пострижување и одржување на краевите е неопходно, особено ако се трудите да бидете прекрасна русокоса. Сигурно барем еднаш сте поминале низ процесот на осветлување на вашата коса кога за малку ќе сте останеле без влакна на главата. Па така, да бидете русокоса не е едноставна одлука, а освен расцветените краеви треба да трпите и секојдневно да докажувате дека не сте прости, плитки и дека бојата на вашата коса нема никаква врска со вашата интелигенција.
Кога една девојка ќе ја изгуби својата невиност се јавуваат разни грижи – како ќе ја гледа друштвото, дали нејзиното мислење за себе ќе се промени, дали нејзиното тело ќе се промени… Иако многу девојки се самокритични, најважно е пред сѐ да се опуштите. Во текстот подолу ќе откриете кои работи остануваат непроменети иако девојката ја изгубила својата невиност.rnrnrnrnКога сте во врска и ќе започнете да размислувате дека треба да одите еден чекор понатаму, треба да ги знаете овие работи кои не се менуваат откако ќе ја изгубите невиноста. Сепак, треба да бидете многу сигурни пред да се одлучите да го направите овој чекор. Губењето на невиноста е посебен чин за секоја девојка и носи многу спомени кои ќе ги помните до крајот на животот.rn
1. Вашето тело
rnАко мислите дека вашиот химен се „кине“ кога имате секс по прв пат, тогаш сте во право. Но, хименот на една жена исто така може да биде скинат и при некои спортски активности како што е на пример, јавање.rn
2. Вашата вредност
rnСите ние пораснавме со приказната која ни ја кажуваа нашите мајки дека жените кои се девици се сметаат за чисти и повредни од што било друго. Запомнете, ако имате секс не се менува ништо и сексот нема да ја намали вашата вредност, ниту пак ќе ве направи нечисти. Ова се само митови.rn
3. Поразлично мислење
rnМногу девојки мислат дека другите ќе го сменат мислењето за нив после имањето секс. Ние ве советуваме да не ви е грижа што вашето друштво мисли за вас. Мора да го направите она што мислите дека е најдобро и што ви одговара.rnrnrn
4. Чувства
rnКога имате секс со саканата личност размислете за чувствата. Чувствата имаат тенденција да се зголемат после интимниот однос. Ако размислувате за раскинување после односот, тогаш тоа е погрешно.rn
5. Вашиот морал
rnНе впуштајте се во интимни односи додека не станете доволно зрели за да ја преземете одговорноста. Избегнувајте ги негативните мислења за сексот. Научете да уживате во него, но не заборавајте дека задолжително треба да користите заштита.rn
6. Вашиот однос
rnКога имате секс со личноста која ја сакате, тоа ја прави вашата врска појака. Ако имате секс со некој маж со кого само флертувате, не го очекувајте истото. Научете да бидете практични пред да го прифатите повикот.
Сосема е неизбежно секој од нас да формира одредено мислење за луѓето во негова близина, оние кои не ги познава или допрва ќе ги запознае, случајни минувачи и луѓе со кои разменил неколку збора. Но она кое малку од нас го забележуваат е дека мислењето кое го формираме најчесто се базира на работи за кои не сме ни свесни дека влијаат на нас. Истовремено, останатите луѓе формираат мислење за нас базирано на овие неколку навидум безначајни нешта.rnrnrn
1. Ракувањето
rnНачинот на кој се ракувате со луѓето може да открие дел од вашата личност. Додека силниот стисок одразува силна и самоуверена личност, слабото ракување е одраз на личност која нема самодоверба, која е срамежлива и која веројатно би го одбрала полесниот пат во животот. Постојат многу истражувања кои укажуваат на ова, меѓу кои се истакнува едно според кое силното ракување е одлика на екстровертите, луѓе кои не се плашат да се изразат емоционално и физички.rn
2. Доцнењето
rnДоцнењето е една од најлошите карактеристики на луѓето. Чекањето од друга страна, е една од најиритирачките ситуации во кои некој може да се најде. Токму затоа, доколку доцните, огромна е веројатноста дека оние кои ве чекаат веќе формирале негативно мислење за вас. Зошто? Бидејќи доцнењето за вас кажува дека сте личност која сака да ги одложува работите, најверојатно завршувајќи сѐ во последен момент. Од друга страна, доаѓањето навреме укажува на тоа дека го цените и своето, а и туѓото време, дека сте мотивирани и добро организирани личности.rnrnrn
3. Односот кон луѓе кои работат во ресторани и кафулиња
rnОдносот кон луѓе кои се наоѓаат во позиција да ве услужат кажува многу повеќе за вас отколку што мислите. Многу луѓе на моќни позиции кажуваат дека никогаш не би можеле да имаат интимен и/или професионален однос со некој кој не се однесува убаво со келнери, чистачки и сл. Рон Шеик, главен извршен директор на „Panera Bread“, изјавил дека му се случило да одбие да вработи жена која била културна со него, но безобразна со жената која ги бришела масите покрај нив.rn
4. Каде гледате кога пиете од чаша
rnВерувале или не, луѓето често судат на база на овој момент. Така на пример, некои истражувања покажале дека луѓето кои гледаат во чашата додека пијат од неа се фокусирани, идеализираат, тие се самосвесни и инстроспективни. Наспроти нив, оние кои додека пијат од чашата гледаат некаде настрана, имаат поразвиена свест за околината, потпаѓаат под влијание на други луѓе, екстровертни се, безгрижни, но и луѓе на кои може да им се верува. За разлика и од првите и од вторите, има и такви кои ги држат очите затворени. За нив, истражувањата покажале дека се луѓе кои веројатно чувствуваат некаква болка или едноставно не се чувствуваат удобно во дадената ситуација, па се преокупирани со тоа да се чувствуваат подобро.rnrnrn
5. Грицкањето нокти
rnКако една од најлошите навики на луѓето, грицкањето нокти дефинитивно не се оценува како позитивна одлика. Нервоза, перфекционизам, немирен дух – ова се само дел од особините кои ја карактеризираат личноста која гризе нокти. Не само што не делува убаво, туку е и целосно нехигиенски. Затоа не чудете се доколку луѓето веќе имаат некое мислење за вас на база на оваа ваша лоша навика.rn
6. Ракописот
rnПостојат повеќе истражувања направени на оваа тема кои покажале дека ракописот открива многу за личноста која го поседува. Читко или хиероглифски, лесно или со силен притисок, ракописот е и те како одраз на човековата личност. Кети Мекнајт, светски познат графолог, смета дека големите букви во пишувањето се карактеристични за луѓе кои се дружељубиви, додека малите се одраз на интровертна личност. Буквите накосени на десно можат да кажат дека покрај дружељубива, вие сте и чувствителна личност, а оние накосени на лево дека сте интроспективни. Од друга страна, пак, целосно исправените букви откриваат дека сте прагматични.rnrnrn
7. Проверување на телефонот
rnПовеќе истражувања, чија цел била да најдат поврзаност помеѓу карактеристиките на личностите и тоа колку често и каде го проверуваат својот телефон, успеале да доловат некои факти кои сигурно ќе ви помогнат да препознаете со каква личност си имате работа. Од разговори на телефон, па до проверување на нотификациите на Фејсбук, од чекање во ред и сѐ до излегување со пријателите, проверувањето на телефонот најчесто се поврзува со емоционалната состојба на човекот. Имено, едно истражување покажало дека постојаното проверување на мејловите или Фејсбук укажува на тоа дека личноста е емоционално нестабилна, па постоењето нови нотификации би го подобриле нејзиното расположение.rn
8. Гледање во очи
rnПсихологот Адријан Фурнам, доктор по науки, го искажува своето мислење на оваа тема во едно списание за психологија, велејќи дека основната поделба на луѓето во оваа смисла е меѓу екстроверти и интроверти. Така, екстроверите се луѓе кои почесто и подолго гледаат во очите на оној со кој зборуваат, додека инровертите брзо би го тргнале погледот. Во глобала, оние кои гледаат во очи додека зборуваат или слушаат некого се луѓе со поголема самодоверба и се социјално доминанти, додека наспроти нив се оние кои покажуваат послаба самоконтрола, немање волја и неудобност.
Девојки, време е за пауза. Жените ја имаат таа тенденција да се секираат премногу и да се грижат за мислењето на останатите, а тоа е едно долго патување пропратено со чувство на вина. Затоа отпакувајте ги куферите и почнете да уживате во животот, бидејќи тој е премногу краток.rnrnrnrn1. Јадење пржени компирчиња наместо салата.Не мора секогаш да се храните здраво. Ако сакате да се почестите со компирчиња тогаш направете го тоа. Ако не порачате, тогаш дефинитивно ќе земете од чинијата на партнерот или од вашата пријателка. Затоа, нарачајте ги и уживајте во нив!rnrn2. Да одбиете да бидете деверица.Да се биде деверица не е толку лесна работа. Потребно е време, може да биде скапо, а крајниот резултат да биде тотална утка. Ако имате добра причина за да кажете „не“, тогаш кажете го тоа. Не трошете време и пари ако чувствувате дека не морате.rnrn3. Спиење.Ако немате планови за денот, а не сте на работа, тогаш спијте. Ако тоа е она што навистина го сакате, тогаш нема потреба да чувствувате вина поради тоа. Спиењето понекогаш може да ви помогне да се опуштите.rnrn4. Разгалување. Ако планирате да купите нов кармин, сигурно би одбрале некој со солидна цена. Но, ако моментално имате повеќе пари, зошто да не се разгалите и да одберете некој од подобра марка. Сепак, тоа се ваши пари. Дозволете си себеси да се разгалите.rnrn5. Прескокнување едно вежбање. Вежбате секој ден, па пропуштањето на едно вежбање и не е толку голема работа за да почувствувате вина. Никој нема да ви замери за тоа.rnrnrnrn6. Да не ѝ се јавите веднаш на мајка ви. Понекогаш пред да ѝ кренете на вашата мајка мора да размислите во кој тек може да оди разговорот. Или пак, можеби не можете да се јавите во тој момент. Нема ништо лошо во тоа. Сè додека ѝ се јавите подоцна (најверојатно истиот ден) нема за што да чувствувате вина.rnrn7. Останување до касно поради гледање филмови. Вие сте возрасни. Гледањето филмови не е работа за која треба да чувствувате вина. Вие гледате филмови, не правите некој криминал.rnrn8. Ако немате планови за викенд.Најдобри викенди се оние кога не правите ништо. Викендот не е натпревар со кој се мери кој ќе направи повеќе интересни работи во рок од два дена.rnrn9. Ако ви се допаѓа некое шоу. Ако ви се допаѓа некое реално шоу, за кое сите останати превртуваат со очите, но вам навистина ви е супер, гледајте го, и тоа без чувство на вина.rnrn10. Вашите сексуални фантазии.Секој има сексуални фантазии, без разлика какви се, сепак тоа се само фантазии. Нормално е. Ако имате фантазии кои го вклучуваат вашиот шеф, тоа не значи дека тоа ќе се случи во реалниот живот, затоа не чувствувајте вина.rnrn11. Да бидете сингл, а да ја планирате вашата венчавка од соништата. Еј, ако сте сè уште сингл тоа не значи дека ви е забрането да ја планирате вашата венчавка. Албумите со фотографии од прекрасни венчаници, бурми, декорации… Не треба да чувствувате ниту мала вина поради ова.
Се сеќавате ли кога како мали деца ќе се искаравте со вашиот помал брат, помала сестра или другарче од вашето маало и кога вашите родители ќе ви речеа да бидете подобри и поумни, па да им попуштите? Таквите ситуации не им се случуваат само на мали деца.rn
rnСекојдневно се соочувате со луѓе чии мислења и ставови се разликуваат од вашите, постапки и однесувања кои не можете да ги разберете и зборови кои не ни можете да замислите да ги чуете пак. Немојте воопшто да се сомневате во тоа дека и вие го имате истото влијание врз нив. Но она по кое вие се разликувате од нив (и обратно) е реакцијата која ја имате кога ќе се соочите со некоја од овие ситуации. Да се биде подобрата и попаметна личност не е воопшто лесно, но следниве неколку реакции укажуваат дека вие сепак имате храброст да бидете такви.rn
1. Не дозволувате да ве изнервираат
rnЛуѓето прават глупави и непромислени работи секој ден. Логичната реакција за нив би била да се изнервирате и да им покажете што вие мислите за тоа. Но она што во тој момент би заборавиле е дека на тој начин вие се спуштате на нивно ниво и всушност се однесувате исто како и тие – глупаво и непромислено. Со тоа што им вртите глава на тие непромислености, вие на луѓето повторно им го покажувате своето мислење, но на многу подобар начин.rn
2. Се повлекувате од расправија кога не сте во право
rnИнаетот знае да биде многу поголем од разумот, па сакајќи да го истерате своето, тој може да ве одведе многу подалеку од една обична расправија за тоа дали ви било кажано да купите млеко или не. Почнувајќи од вакви банални примери, па сѐ до оние сериозните, желбата да се биде во право дури и кога знаете дека не сте, може да ви направи многу проблеми. Вие сте подобра личност бидејќи не дозволувате таа желба да владее со вас.rn
3. Признавате дека сте згрешиле дури и кога тоа не е вистина
rnИ додека се подразбира дека ова не се однесува на секоја расправија, некогаш едноставно не вреди да се докажувате со некој дека сте во право. Од која и да е причина што таа личност настојува да признаете дека вие грешите, застанете за момент и размислете дали е тоа толку лоша идеја. Да, неверојатно е тешко да речете погрешив дури и кога навистина е така, но во дадена ситуација тоа може да биде навистина добредојдено. Бидете подобрата личност кога тој наспроти вас не е и дадете си себеси повеќе време за оние важните проблеми.rn
4. Се радувате за други луѓе
rnСигурно сте се нашле во ситуација кога за некој кој не ви се допаѓа сте слушнале дека му се случило нешто убаво. Но дали разликите помеѓу вас треба да ве спречат да се радувате за таа личност? Дури и ако се работи за некој кој ви е близок и драг, вие сте подобра личност со тоа што не им оставате слободен пат на љубомората и зависта да ве надвладеат. Верувајте, задоволството е многу поголемо кога и вие ќе имате некој со кој ќе можете да се радувате на вашите успеси и со кој ќе можете да ги споделите вашите среќни моменти.rn
5. Избегнувате конфликти
rnИзбегнувањето расправија е често погрешно интерпретирано како кукавичлук и бегање од проблемот. Но паметниот човек знае дека конфликтот не е решение за ниту еден проблем. Па, наместо конфликт, вие во тој момент избирате да премолчите, да заминете и да најдете подобро решение за што и да ви стои на патот. Или едноставно знаете дека тој проблем не вреди за вие да се замерувате со некого.rn
6. Не го очекувате за возврат она кое вие им го давате на другите
rnЕдна од најголемите човечки особини е способноста да бидете хумани без да очекувате така да се однесуваат и кон вас. Најдоброто кај секој човек произлегува од несебичната желба да им помага на другите, дури и кога за возврат не добива ни благодарам. Овие луѓе сакаат да направат нешто повеќе бидејќи можат, а се подобри затоа што задоволството кое произлегува од тоа е единственото нешто кое очекуваат да го добијат.rn
7. Не сте злопамтило
rnНе секој е доволно голем човек за да ги остави лошите спомени позади себе. Не секој е подготвен да прости некому и да оди напред. Не секој знае како повторно да биде во добри односи со некој кој му има погрешено. Затоа оние кои го можат ова се подобри од останатите. Да бидеш свесен и да простиш за нешто што се случило многу одамна бидејќи не вреди толку за да влијае на можноста за подобра сегашност, е одлика на големите луѓе.rn
8. Не земате сѐ при срце
rnЈазикот често работи побрзо од умот. Некогаш дури и самостојно. Но вие како подобра личност го прифаќате тоа. Свесни сте дека луѓето кажуваат зборови кои не ги мислат, прават работи за чии последици не се свесни и едноставно не се грижат за тоа. А вие, кога доаѓате во директен контакт со тие луѓе, знаете подобро. Не ги земате нивните постапки при срце бидејќи, можеби, тие не знаат како поинаку.rn
9. Прифаќате мислење различно од вашето
rnНе секогаш ќе имате до себе личност која го мисли истото што и вие. Многу е поверојатно дека ќе се соочувате со луѓе кои не го делат вашиот став. Она на кое не можете да се потпрете е дека тие луѓе ќе знаат како да се справат со таа ситуација, но затоа вие знаете. Вие сте личност која прифаќа различно и поинакво од она за кое се залага и е подобра бидејќи не дозволува тоа да застане на патот на добрите односи.rn
„Не однесувајте се со луѓето онолку лошо колку што се тие лоши, однесувајте се кон нив онолку добро колку што сте вие добри.“ – Риту Гатури
Сакате да знаете во која мера вашите ставови се поклопуваат со мислењето на другите жени? Погледнете ги овие статистички податоци и споредете ги со вашето мислење.rnrnrnrnКога доаѓа моментот за плаќање, 33% од жените сметаат дека тоа е должност на мажите, додека 38% сметаат дека треба да се плаќа пола-пола, односно некогаш тој, но следниот пат таа.rnrnШто се однесува до пријателствата на Фејсбук, 38% од девојките немаат проблем нивниот дечко или сопруг да има бивши меѓу своите пријатели, 27% мислат дека тоа е ОК само ако биле пријатели од претходно, но дури 34% сметаат дека воопшто не е во ред да бидат пријатели на Фејсбук со бившите.rnrnОнлајн запознавањето веќе не се доживува толку негативно. Од 31% од девојките кои се запознале со некого преку интернет, 12% имаат остварено врска со нив. Сепак, 22% и понатаму сметаат дека интернетот не е место за запознавање момчиња.rnrnА што кога се во прашање приходите? Повеќето жени, односно 73% немаат проблем со тоа нивниот дечко да заработува помалку од нив, а 12% веќе се во таква врска. Сепак постои и завиден број на традиционалистки – 25% од девојките сметаат дека приходот е статусен симбол за успешен дечко односно маж.rnrnДали ви е смачено покрај себе да имате детинест дечко? На прашањето што прво би промениле кај својот дечко, 11% се сложиле дека тоа се мрзеливоста и недостатокот на амбиција.rnrnПовеќе од половина девојки би сакале нивните партнери да пијат контрацепциски пилули кога би се измислиле.rnrnДевојките не се толку строги за физичкиот изглед на нивните партнери како машките. Само 20% би го оставиле дечкото ако се здебели, а вкупно 18% сакаат нивниот дечко да има поголем пенис.rnrnСепак, тоа не значи дека момците не би требало да бидат на штрек. 26% од испитаничките фантазирале макар еднаш за пријател на нивниот дечко или маж. 12% од девојките не би одолеале на искушението да изневерат, но само кога би биле сигурни дека тој нема да дознае.rnrnЗа што жените најмногу лажат? 35% од девојките имаат излажано за бројот на соите сексуални партнерки, додека 54% некогаш имаат одглумено оргазам. Без разлика на тоа, дури 85% би се навредиле ако дознаат дека нивниот партнер им одглумил оргазам.rnrn rnrn
Овие 10 совети не само што ќе ви помогнат да бидете поприземни, туку тие исто така имаат моќ и да ги подобрат врските во вашиот живот бидејќи со нивна помош ќе бидете способни вистински да ги видите вашите добри и лоши навики кои се појавуваат за време на интеракцијата со останатите. Да не должиме, погледнете ги наредниве знаци кои укажуваат дека можеби не сте толку совршени колку што вие мислите…rnrnrn
1. Ги исфрлате од вашиот живот пријателите кои не се согласуваат со вас
rnЕдна од најдобрите начини да се покаже зрелоста и интелигенцијата е способноста да се слушаат и ценат туѓите размислувања, дури и ако не се совпаѓаат со вашите. Наместо да ги отфрлате нивните спротивни размислувања, гледајте ги како можност да ги проширите вашите хоризонти, да учите и да се развивате.rn
2. Озборувате позади грб
rnОзборувањето никогаш не носи ништо добро. Тоа во повеќето ситуации е неточно и болно за оние кои се тема на разговор, а оние кои озборуваат и шират гласини се најчесто луѓе кои се несигурни во себе. Личноста со голема самодоверба нема потреба да ги критикува останатите.rn
3. Вие ги пренагласувате вашите постигнувања
rnСте забележале како оние кои имаат добиено Нобелова награда или други високи признанија никогаш не ги нагласуваат овие постигнувања? Причината лежи во тоа што тие знаат колку вредат и немаат потреба од дополнителни пофалби. Доколку сметате дека ви е потребно да ги нагласувате своите постигнувања или пак, да ги создавате само со цел да бидете поинаку перципирани од луѓето, тогаш можеби треба да размислите малку повеќе за патот кој сте го одбрале со цел да станете личност која вреди во очите на другите.rn
4. Никогаш не ја покажувате својата ранлива страна
rnСилните момци и лошите девојки се само силеџии кои немаат доволно пристап до своите емоции. Сочувството, добрината и емпатијата се оние кои ќе ве водат низ животот и доколку не верувате во тоа, потсетете се дека луѓето често повеќе им помагаат на оние личности кои им се допаѓаат, отколку на оние кои воопшто не ги сакаат.rn
5. Не знаете како да прифатите конструктивен критицизам
rnСамо затоа што некој ве критикува, тоа не значи дека оваа личност се обидува да ви каже дека сте лоши. Тие само сакаат да ви покажат дека постои можност за напредок. Гледајте на конструктивниот критицизам како на можност да научите од грешките на луѓето наместо да се лажете себеси и да се лутите за вашите послаби страни.rn
6. Вие сметате дека сте исклучок од сите правила
rnВие едноставно одбивате да ги следите правилата и со тоа негативно влијаете врз останатите луѓе. Со вашето одбивање да ги следите правилата (и законите) вие само правите простор да се создадат нови правила. Не постои никаква придобивка од тоа да бидете доживеани како незрели и будалести, токму затоа направете си услуга и почнете да го правите она што треба да го правите.rn
7. Вие не сте подготвени да го работите она што е навистина потребно за да ги остварите вашите соништа
rnНикој нема да ви понуди многу пари и огромна куќа за правење ништо. Никој не ви должи живеење, па токму затоа излезете надвор и заработете сами за вашиот опстанок. Не се станува успешен преку ноќ и токму затоа е потребно да вложите многу време и труд доколку сакате да успеете во вашиот живот.rn
8. Се плашите да преземате ризици
rnДоколку вашите родители сè уште ве финансираат, тоа на никој начин не е нешто неверојатно. Најдете ваша работа, заработете ваши пари, купете си ваша кола и преселете се во ваш дом. Секако, секогаш постои ризикот да не успеете со вашата идеја, но како би го дознале тоа доколку никогаш не сте пробале? Време е да пораснете. Независните личности со висока самодоверба не само што се посреќни, туку тие исто така се и многу попривлечни за останатите.rn
9. Се криете позади лажни профили и врски
rnЛуѓето кои се емоционално зрели и живеат исполнет живот не се кријат позади лажни профили на социјалните мрежи и не навлегуваат во врски базирани на измислен лик. Доколку ова често ви се случува, тогаш можеби е време да се запрашате што е тоа кај вас што ве тера да се криете од светот? Доколку не можете да дојдете до одговор сами, можеби би требало да побарате професионална помош.rn
10. Не преземате одговорност за вашите дела
rnДоколку имате тенденција да ги вртите работите наопаку и да ја префрлате вашата вина врз други луѓе, наместо да преземете одговорност кога станува збор за вашите дела, тогаш вие не сте толку неверојатни колку што мислите дека сте. Да се биде успешна, зрела и добра личност може да се постигне само доколку се презема одговорност за она што било направено. Доколку направите грешка, научете од неа. Доколку повредите нечии чувства, извинете се. Тоа е многу едноставно и верувајте, на овој начин и вие ќе се чувствувате подобро.
Човековата природа е таква што секој човек посакува да биде сакан од што е можно поголем број луѓе. Од една страна тоа е во ред, но некогаш знаеме да ги преминеме границите и да направиме нешто што би ги загрозило нашето его и интегритет само за да задоволиме нечии потреби.rnrnВсушност, тоа зависи од тоа колку очајно ви е потребно туѓото одобрение, колкава среќа и задоволство тоа ви носи и колку сте спремни да ризикувате и вложите поради тоа задоволство. Ако сѐ уште сметате дека вреди да се направи секаква жртва поради тоа мало задоволство, погледнете ги овие 5 причини зошто туѓото мислење не треба да влијае врз вас и повторно размислете.rnrnrn
1. Луѓето веруваат само во она во што тие сакаат да веруваат
rnОва е многу важна животна лекција која сите ја учиме порано или подоцна. Можете да бидете најсовршеното човечко суштество на планетава (иако такво не постои) и пак некој да ве мрази. Честопати на сите низ главата ни поминуваат мисли од типот: „Дали нешто погрешно направив?“, „Можеби ако се потрудам да изгледам поубаво ќе имам подобри резултати“ или „Можеби не се трудам доволно?“ Ваквото размислување може само да ви наштети. Факт е дека без разлика што ќе направите, секогаш, некому нешто ќе му смета. Нема начин и нема потреба да го промените тоа, само да го прифатите. Колку побрзо го прифатите ова, толку полесен ќе ви биде животот.rn
2. Не треба да ве интересира што луѓето мислат за вас
rnКолку повеќе се грижите што луѓето мислат за вас, толку повеќе тоа штетно ќе влијае врз вашата психа. Ако вашето гледање на животот се темели на туѓото мислење, тогаш таквите мисли лесно ќе преминат и во ваши. Дали навистина сакате да бидете скулптура која ќе оставите други да ја моделираат наместо вас? Дали навистина сакате туѓите очекувања за вашиот живот да станат ваш приоритет?rnrnБидете слободни, размислувајте и дејствувајте онака како што вие сакате. Исто како што вашите мисли за другите луѓе се само ваши, така и туѓите мисли за вас се само нивни и тие треба најмалку да ве интересираат вас.rnrnrn
3. Луѓето не се грижат ни приближно толку многу колку што вие мислите
rnЌе бидете озборувани, осудувани и критизирани, особено ако имате среќа да бидете популарни и интересни личности. Но тоа не смее да допре до вас. Тешко е да се признае, но вистината е дека човекот е себично суштество.rnrnНе секогаш тоа е негативно, но секој човек се труди да си посвети што е можно повеќе внимание на себеси. Па значи, доаѓаме до заклучок дека додека се ние грижиме што луѓето мислат за нас, тие всушност се преокупирани со себеси за да мислат на некој друг.rn
4. Ничие одобрение не ви е потребно
rnЧувството да сме обожувани, пофалени и да ни се восхитуваат е прекрасно. Секој човек кој ќе ви рече дека пофалните зборови не му годат, знајте дека ве лаже. Да добиете одобрение и пофалба за направеното или реченото е одлично, но бидејќи не можете да контролирате ничие мислење, на крај тоа може да ве полуди.rnrnМора да сфатите дека вам всушност ничие одобрение не ви е потребно. Се работи за вашиот живот, затоа и одлуките треба да бидат ваши. Од голема важност е да разберете дека без разлика што ќе направите и како ќе го направите, секогаш, ама баш секогаш ќе постои некој кој ќе ви противречи и ќе ви се спротивстави. Затоа што и да правите, правете го за вас.rn
5. Луѓето кои замеруваат не се важни, оние кои се важни не замеруваат
rnПостои нешто што нѐ тера да ги натераме да нѐ сакаат оние на кои не им се допаѓаме. Можеби тоа го сметаме како предизвик, или сакаме да им докажеме дека грешат, но без разлика на сето тоа, ова е бескраен круг кој води кон многу повеќе разочарување отколку лично задоволство.rnrnЗошто би се занимавале со таквите луѓе, кога постојат луѓе кои ве прифаќаат и поддржуваат онакви какви што сте? Некогаш толку многу се фокусираме на тоа луѓето да нѐ сакаат, што ги занемаруваме оние кои се секогаш тука. Овие луѓе се најважните во вашиот живот, затоа што тие се тука, без разлика на сѐ. Да ве поддржат, да ве сакаат и да се грижат за вас. Нив никогаш не мора ништо да им докажувате нити пак да ги импресионирате. Тие се импресионирани од самите вас, онакви какви што природно сте. Кога ќе ги пронајдете ваквите луѓе посветете им го вашето внимание наместо да се трудите секому да му се допаднете.rnrn
Сите знаеме по нешто за животните, но најчесто тоа се само површни познавања. Затоа сме склони кон создавање на стереотипи за нивниот карактер и можности. Овие 10 факти ќе сменат дел од таквите мислења.rn
1. Пит булот не е толку лош колку што се мисли
rnПит булот има углед на лошо и агресивно куче кое често ги напаѓа луѓето, ги повредува, а во некои поретки случаи може и да убие. Не му помага ниту тоа што е познато дека е создаден преку вкрстување на повеќе раси кучиња со цел да се создаде една суперсилна и воинствена раса која ќе се користи во борбите со кучиња. Сепак, колку и да звучи неверојатно, пит булот не е природно поагресивен од кое било друго куче. Тие често пати се дресирани во насока да бидат борбени, но не се родени такви. Големиот број повреди кои ги предизвикуваат доаѓаат поради тоа што ја имаат најсилната вилица меѓу кучињата. Не е исто дали човек ќе биде каснат од пит бул, од златен ретривер или од пудлица. Пит булот има најголеми шанси да предизвика повреда во вакво друштво, но не поради некаква агресивна природа.rnrnrn
2. Мравките можат да помогнат во лекувањето на рани
rnАнтичките цивилизации кои во нивно време сè уште не знаеле како да ги третираат отворените рани, ги користеле мравките во своја корист. Малите вредни инсекти можат да ја заклучат вилицата исто како пит булот, па таа нивна сила древните лекари ја користеле во времето кога шиењето на отворените рани им било непознато. Тие оставале мравка да се врзе со раната, па и ја кинеле главата која останувала на раната наместо конец. Овој метод се користел пред околу 3000 години.rnrnrn
4. Комодо змејовите се физички послаби отколку што се мисли
rnОвие големи застрашувачки суштества, кои изгледаат како времето на диносаурусите да се вратило, даваат впечаток како да се најсилното нешто кое чекори по светот. Иако може да порасне и до три метри во должина, каснувањето на овој ѕвер не е посилно од она на домашните мачки. Се вели дека ако тој се обиде да скрши нешто со својата вилица, попрво ќе си го скрши сопствениот череп обидувајќи се. Но сето ова не значи дека не е опасен по животот. Тој, всушност, има многу силен отров кој го намалува крвниот притисок, ја проретчува крвта и не им дозволува на раните да се засират.rnrnrn
4. Крокодилот танцува кога сака да ја привлече женката
rnКрокодилот има заслужен углед на суров убиец од кого нема спас штом еднаш стигне до пленот. Но, кога е „заљубен“, тогаш покажува понежен карактер. За да ја привлече женката кон себе тој изведува еден вид стомачен танц. Стои на едно место во водата, притоа „мешајќи“ со стомакот на нему својствен начин.rnrnrn
5. На малите лавчиња им е многу тешко да преживеат
rnЖивотот на малите лавови започнува со многу љубов од своите родители, но штом наполнат две години се смета дека се доволно зрели да започнат самостоен живот. Всушност, по лавовски стандарди тие сè уште се деца, но во нивниот свет преживуваат само најхрабрите и најсилните и затоа треба да поминат некои тестови. Оставени се сами на себе во џунглата и треба самите да најдат начин да преживеат. Кога ќе дојдат до доволна зрелост за да оформат своја глутница, тие прво треба да се справат со конкуренцијата чија територија ја посакуваат, а притоа треба и да им ги убијат сите малечки. Потоа можат на раат да бидат кралеви во своето кралство.rnrnrn
6. Мравојадот е крволочен
rnМравојадите се мирни суштества, речиси слепи и немаат заби. Се движат тромаво опипувајќи ја околината воглавно со сетилото за мирис. Но, сепак се поопасни од пит булот. Забележани се повеќе случаи во кои тој со своите моќни канџи нанесува тешки повреди на оние кои ќе му се најдат на патот додека лови мравки. Постои дури и еден случај во кој на еден човек во Бразил му ја скинал артеријата во ногата, по што тој искрварил до смрт. Инаку, мравојадот живее само на двата американски континенти.rnrnrn
7. Комарците се најголемите убијци на светот
rnНе се само растурачи на убавото расположение во летните попладниња и ноќи, туку убиваат повеќе луѓе од кое било друго животно. Иако луѓето повеќе се плашат од средба со змија, ајкула или волк, сепак комарците се вистинските сериски убијци. Преку пренесување на разни вируси годишно убиваат околу три милиони луѓе, најголем дел од нив во Африка. Со тоа имаат повеќе жртви отколку сите други животински видови заедно.rnrnrn
8. Биковите се далтонисти
rnЗа многумина првата асоцијација за биковите е коридата и бркањето на црвеното платно од страна на разулавеното животно. Тоа е доста чудно, ако се знае дека биковите не можат да ги распознаваат боите. Mythbusters го истражиле тоа и заклучиле дека животното нема поим дека она што му се покажува пред носот има црвена боја. Тој всушност е иритиран од тресењето на платното од страна на тореадорот и затоа напаѓа.rnrnrn
9. Кенгурите се големи тепачи
rnКога жените се во прашање, кенгурот станува многу посесивен и жестоко го брани она што смета дека е негово. Имаат многу силни нозе кои им овозможуваат лесно да потскокнуваат и затоа можат да бидат одлични кикбоксери. Овие мили животни можат да му скршат коска на противникот, па дури и да го убијат. Прво ги користат рацете обидувајќи се да го зграпчат, а кога ќе успеат во тоа напаѓаат со силните нозе. Иако изгледаат слатко, сепак се работи за големи и вешти тепачи.rnrnrn
10. Кокошките можат да донесат технолошки напредок
rnКокошките можат да му бидат многу корисни на светот, но не за да го најадат. Научниците успеале во нивните очи да најдат нешто што е прагот кон нови технолошки откритија. Имено, во мрежницата на окото на секое суштество има конусни клетки кои се распоредени по одреден ред, но кај кокошките тоа не е случај. Нивните конусни клетки се хаотично распоредени, а тоа што тие сепак гледаат добро ги тера научниците да истражуваат како можат да го искористат овој податок. За сега сметаат дека можат да пронајдат технологија за пренос на светлина која ќе има ефикасност како кристал и флексибилност како течност.rnrn
Желбата да ги задоволите потребите на луѓето околу вас и притоа да ги направите среќни не е воопшто погрешна. Кога луѓето кои ги сакаме и ни значат се среќни, тогаш и ние сме среќни поради тоа. А уште кога ние имаме удел во нивната среќа, е тогаш задоволството е најголемо. Но што ако дојде момент кога нашата среќа и спокој ги занемаруваме за сметка на другите? Што ако во процесот на задоволување на туѓите потреби, си ги загрозиме нашите? И што ако притоа го донесеме нашето здравје во прашање?rnrnНајнесреќните луѓе се оние кои постојано се оптоваруваат со туѓото мислење за нивrnrnОдобрување од луѓето околу нас е нешто што сите го бараме, без разлика дали е тоа свесно или потсвесно. Сакаме луѓето да нè сакаат, да бидат во наше друштво, да ја ценат нашата грижа и работите кои ги правиме за нив. Доза почит и ценење е секому добредојдена. Така се чувствуваме добро и прифатено.rnrnНо, доколку се најдете во ситуација да сте во постојано очекување и потрага по одобрување од останатите, тогаш вие сте веќе зависни од нивното мислење. Се доведувате во ситуација да правите сѐ што е потребно за да почувствувате нечие благодарам, а веќе и сте го изгубиле осетот за забележување колку навистина другите го ценат тоа што го правите. И за жал, на крајот на денот сте незадоволни со себе, без достоинство, самодоверба и самопочит, несреќни обидувајќи се да ги направите останатите среќни. И сето тоа бидејќи сте во постојано стравување дека другите луѓе немаат добро мислење за вас, страв кој следниве неколку совети ќе ви помогнат да го искорените.rn
1. Обидете се да се чувствувате пријатно не знаејќи што другите луѓе мислат за вас
rnДоколку се наоѓате во ситуацијата која е погоре опишана, тогаш сигурно постојано се прашувате какво мислење луѓето имаат за вас. Постојано ги прашувате или директно нив или некој друг, а најчесто ниту еден одговор не е доволно добар. За промена, наместо да се оптоварувате со туѓото мислење, обидете се да најдете начин да се чувствувате убаво не знаејќи што тие мислат.rnrnЛуѓето имаат тенденција да ги карактеризираат другите луѓе на свој начин, така што поверојатно е дека мислењето кое тие го имаат се должи повеќе на нивната перцепција на нештата отколку навистина на вас како личност. Повторувајте си секој ден дека сте личност со свој живот и потреби, дека правите грешки како и сите други, но сè додека притоа не повредувате никого, не е важно какво мислење имаат другите за вас до тој степен за вие да си наштетувате себеси.rn
2. Знајте дека повеќето луѓе многу малку или дури воопшто не ни размислуваат за вас
rnЧесто можеби се оптоварувате со нечие мислење кое воопшто не е важно. Не мора сите да ве сакаат и не мора сите да сакаат да бидат во ваша околина, не е ни можно сите да ви бидат пријатели. И ова мора да го прифатите. Најверојатно многу од луѓето со чие мислење толку многу се оптоварувате дури и не ни мислат на вас. Илузијата дека некој постојано зборува за вас и ве критикува е поради стравот и несигурноста кои ги чувствувате. Не заборавајте дека критиката знае да биде добра, но немојте да се оптоварувате со мислењето на луѓе кои дури и не се важен дел од вашиот живот.rn
3. Прифатете дека туѓото мислење не е ваш проблем
rnСекој има право на свое мислење. Но тоа во ниту еден случај не мора да значи дека мислењето е базирано на вистинската слика за вас. Луѓето ќе формираат мислење за вас дури и ако ве знаат само неколку минути, така што навистина не би требало да го прифаќате како релевантно, а уште помалку да го земате за референтно. Како што останатите формираат мислење за вас, така и вие сигурно формирате мислење за нив. Нивната претстава за вас како личност не е воопшто ваш проблем, како што ни вашата за нив не е нивни.rn
4. Секогаш запрашајте се дали навистина нивното мислење е важно
rnКако што веќе стои погоре, секој има право на свое мислење и своја перспектива на работите. Но не сечие мислење е важно токму за вас. Дали навистина сметате дека мислењето на личност која сте ја виделе можеби два пати во животот треба да влијае на вас толку многу? Секако дека не би требало.rnrnВажно е мислењето на луѓето кои ви значат и на кои им претставувате некој и нешто во животот. Тие се оние кои ве познаваат најмногу и кои се тука без разлика на сѐ. Па, согласно со ова, секогаш кога ќе дозволите нечии зборови да ве погодат, запрашајте се дали тие зборови навистина воопшто нешто треба ви значат.rn
5. Согледајте ги позитивните работи во тоа да бидете единствени
rnОпштеството знае да ги осудува оние нешта кои се различни и кои се одвојуваат од стандардизираните непишани правила. Луѓето се плашат од она што не го знаат и не знаат како да го прифатат, што е случај и со луѓето кои се осмелуваат да бидат различни, свои и уникатни. Но во тоа е убавината на нештата, да бидат единствени од својот вид.rnrnТака е и со вас. Не дозволувајте туѓиот страв и туѓите осуди да направат да се чувствувате лошо или дека нешто не е во ред со вас. Сѐ додека вашето однесување не влијае негативно врз некого, вие имате право на него. Не би требало да се менувате и прилагодувате на никого за да го направите среќен, притоа правејќи вие да се чувствувате мизерно.rn
6. Бидете целосно свесни што сакате и како сакате да се чувствувате
rnНе е реткост да не знаете како се чувствувате и тоа е сосема во ред. Всушност многу почесто се случува да знаете точно како не сакате да се чувствувате, па токму поради тоа се оптоварувате себеси правејќи сѐ што е во ваша моќ да не дојдете во ситуација во која сепак би се чувствувале така. Резултатот е дека се концентрирате на нешто што баш и не можете да го контролирате и притоа губите време на работи кои немаат смисла.rnrnЗошто за промена не би се обиделе да пронајдете што сакате и како би сакале да се чувствувате, па да започнете да се однесувате во согласност со вашите цели? Сигурно не сакате да се чувствувате депресивно и осамено, како никој да не ве прифаќа, нели? Сакате да бидете сакани и исполнети и задоволни со самите себе. Тоа можете да го постигнете само така што ќе се прифатите кои сте и што сте, што сакате и со кого го сакате тоа, кои се вашите цели и амбиции. Ова единствено следува кога ќе се ставите себеси на прво место и вашето мислење за вас, а не туѓото.rn
7. Зборувајте и живејте ја вашата вистина
rnИзлезете од својата комфорна зона. Престанете да го преиспитувате секој ваш збор и секое ваше дело. Зборувајте го за промена она што навистина го мислите и чувствувате, наместо некои излитени зборови кои се точно пресметани за да не повредат или навредат некого. Само тогаш ќе може да согледате дека токму зборовите кои навистина ги мислите го имаат она влијание кое сакате да го постигнете кај некого.rnrnЌе согледате дека зборовите кои внимателно сте ги одбирале звучат многу површно и го постигнуваат токму спротивниот ефект од тој што го имате на ум. Притоа ќе видите дека луѓето не толку лесно се навредуваат или нервираат како што мислите. А дури и ако се налутат, тоа е само бидејќи се наоѓаат во позиција кога мислење различно од нивното се судира со тоа што тие го мислат и знаат. И тоа е сосема во ред. Не би требало во ниту еден случај да бидете некој кој не сте само за да задоволите нечии хирови.