КАФЕ ПАУЗА

Tag: мислење

  • Момците откриваат што навистина мислат за целулитот на женското тело

    Момците откриваат што навистина мислат за целулитот на женското тело

    Најголемиот кошмар за сите жени е целулитот. Целулитот е воедно и најголемиот виновник за ниската самодоверба кај жените, како и за нивното одбегнување да го покажат телото на светлина. Станува збор за маснотии кои се собираат под кожата и создаваат видливи дупчиња на нејзината површина. Тие стануваат повидливи како што жените стареат. Жените обично се загрижени дека доколку мажите ги забележат нивните бутови и задник покриени со целулит, ќе си помислат дека се премногу стари, премногу дебели или дека не се доволно згодни за да им бидат сексуално привлечни. Но, што навистина мислат мажите за оваа неминовна појава присутна и кај најслабите девојки? Прочитајте ги нивните одговори…rnrnМомците откриваат што навистина мислат за целулитот на женското телоrn

    Кога пред вас ќе застане гола жена, што е првото нешто што го забележувате?

    rn

    „Веројатно нејзините гради, бидејќи тие се најзабележливи. Но, веднаш потоа погледот ми залетува накај нејзината вагина.“

    rn

    „Облините, рамената, градите, половината, колковите и нозете.“

    rn

    „Барам дали има тетоважи!“

    rn

    „Стомакот.“

    rn

    „Обликот на телото.“

    rn

    „Градите.“

    rn

    „Лицето.“

    rn

    „Насмевката“

    rn

    „Дали е наежена или не.“

    rn

    „Нејзините гради, обликот и големината.“

    rn

    „Струкот, колковите, вагината.“

    rn

    „Нејзината фигура во целина.“

    rn

    Што ви се допаѓа најмногу кога станува збор за женската кожа?

    rn

    „Нежноста.“

    rn

    „Топлината.“

    rn

    „Обожавам кога девојката има нежна кожа со сладок мирис.“

    rn

    „Директниот допир кожа на кожа е многу сензуален и возбудлив.“

    rn

    „Мекоста.“

    rn

    „Мирисот и можноста за возбудлива предигра што ја нуди.“

    rn

    „Тенот. Обожавам исончан или многу блед тен на кожата.“

    rnМомците откриваат што навистина мислат за целулитот на женското телоrn

    Со неколку зборови објаснете што е целулит

    rn

    „Маснотии видливи на кожата?“

    rn

    „Маснотии што создаваат дупчиња.“

    rn

    „Акумулирани масни наслаги и соли.“

    rn

    „Масни клетки.“

    rn

    „И јас имам целулит.“

    rn

    „Нормална работа, многу мал проблем.“

    rn

    „Маснотии под кожата.“

    rn

    „Телесни маснотии што имаат специфичен изглед.“

    rn

    „Не сум сигурен што е, но ѝ дава нерамен изглед на кожата.“

    rn

    „Немам поим. Маснотии?“

    rn

    Дали некогаш сте забележале целулит кај жените? Доколку сте забележале, што мислите за него?

    rn

    „Не му обрнувам многу внимание, ниту ми е гајле за него.“

    rn

    „Сум забележал, но не влијае на мојот впечаток.“

    rn

    „На некои жени подобро им стои отколку на други.“

    rn

    „Обично маснотиите се цврсти и тоа е во ред. Но, ако се опуштени насекаде на кожата, тогаш не сум сексуално привлечен.“

    rn

    „Зависи.“

    rn

    „Не секогаш.“

    rn

    „Веројатно да. Но, не размислувам за тоа.“

    rn

    „Понекогаш, нормално е.“

    rn

    „Жената треба да биде ептен во добра форма за да нема целулит. Не ми пречи, освен ако не е претерано одвратно.“

    rn

    „Ретко и зависи од жената. Понекогаш не ми пречи, а облините секогаш се многу секси.“

    rn

    „Го забележувам, ама сеедно ми е.“

    rnМомците откриваат што навистина мислат за целулитот на женското телоrn

    Кога би требало да ѝ го опишете целулитот на саканата, но притоа таа да не дознае за што станува збор, како би го опишале?

    rn

    „Делот од неа што го прави нејзиниот задник неодолив.“

    rn

    „Нешто што едноставно постои?“

    rn

    „Убави несовршености.“

    rn

    „Прекрасно нешто.“

    rn

    „Таа има повеќе проблеми со него одошто јас. Има многу малку целулит.“

    rn

    „Не знам дали би можел… Навистина не обрнувам внимание. Кога мојата сакана изгуби 8 килограми, морав на внимателен начин да ја потсетам дека не сум забележал ни кога се здебелила.“

    rn

    „Нешто што не е голема работа.“

    rn

    „Не би го опишувал. Зошто би размислувал за тоа? Нема никакво влијание на мојата љубов кон неа.“

    rn

    „Каков целулит?“

    rn

    „Најпросто. Масни линии.“

    rn

    Дали целулитот кај жената влијае на тоа колку ви е привлечна?

    rn

    „Не можам да си замислам дека би можело да влијае, иако теоретски постои можност. Сум бил со многу крупни девојки и на некои места кожата како да им беше одвоена од телото. Тоа не ми беше баш пријатно.“

    rn

    „Не, освен ако нема навистина голем проблем со вишокот килограми.“

    rn

    „Можеби.“

    rn

    „Не ми се допаѓа, но и слабите згодни девојки го имаат, затоа што тоа е нешто нормално. Така што, веројатно зависи.“

    rn

    „Повеќе зависи од нејзиното општо физичко здравје.“

    rn

    „Воопшто не. Сум бил со секакви жени.“

    rn

    „Можеби, ако има навистина многу целулит.“

    rn

    „Би можело, во зависност од тоа до кој степен има целулит и како ѝ стои на фигурата.“

    rn

    „Не, тоа се само маснотии.“

  • 10 мали показатели дека тој секогаш мисли на вас

    10 мали показатели дека тој секогаш мисли на вас

    Девојките секогаш се прашуваат дали и колку нивниот партнер мисли на нив, особено ако станува збор за штотуку започната љубовна врска. Можеби тие се присутни во мислите на момчето 24/7, но доколку тој не го каже тоа, девојките веднаш очајуваат дека тој никогаш не мисли на нив, иако тоа е далеку од вистината. Сепак, постојат некои суптилни знаци со кои момците покажуваат дека не заборавиле на нивната девојка, треба само да ги отворите очите и да не избрзувате со донесување заклучоци. Ова 10-те начини на кои тој ви покажува дека постојано мисли на вас…rnrn10 мали показатели дека тој секогаш мисли на васrnrn1. Ви праќа слатки пораки и шеги во текот на целиот ден. Дали имате шеги кои само вие си ги разбирате? Можеби тој налетал на нешто што го потсетило на вас и ви праќа смешно видео кое совршено претставува како изгледате кога сте гладни. Цело време се обидува да ве насмее. Ова е знак кој дефинитивно не смеете да го занемарите.rnrn2. Постојано ве изненадува со нешто. Тргнал по вас и на патот застанал на бензинска станица за да ви купи чоколадо, затоа што 5 минути претходно сте спомнале дека ви се јаде благо. Или, пак, ви носи цвеќиња скинати од блиската градина само затоа што го потсетиле на вас. Тука не станува збор за голем гест од финансиски аспект, но дефинитивно значи дека ги памети работи кои ви значат.rnrn3. Се надоврзува на разговорите што сте ги имале. Ви праќа порака за да ве праша како сте поминале на состанокот на работа или која е важната вест што вашата најдобра пријателка морала да ви ја соопшти. Или момчето е потајно опседнато со озборување или навистина се грижи за тоа што се случува во вашиот живот.rnrn4. Сѐ го потсеќа на вас, дури и некои работи на кои вие не се сеќавате. Тој ви праќа слика со салфетки и ви пишува: „Се сеќаваш?“. Вие на тоа одговарате со прашалници, а тој се сетил на нешто далечно за кое не му се верува дека вие веднаш не сте се сетиле. Ве прашува: „Се сеќаваш кога на нашиот прв љубовен состанок ми побара салфетка?“, и потоа се лути што не се сеќавате. Има ли нешто понеодоливо?rnrn5. Ви праќа порака наутро веднаш штом се разбуди и навечер пред да си легне. Секогаш сте првата и последната личност со која сака да разговара. Можете да забележите дека секогаш одвај чека да ви раскаже како му поминал денот.rnrn10 мали показатели дека тој секогаш мисли на васrnrn6. Памети некои смешни годишнини. Датумот на првиот љубовен состанок е веројатно најдалечната годишнина на која повеќето парови можат да се сетат. Но, тој ја памети првата порака, првата ноќ кога сте спиеле заедно и првиот бакнеж. Тој се сеќава на сите убави работи поврзани со вашата врска.rnrn7. Секогаш ви праќа порака кога е излезен со другари. Ви праќа некои ситници, како на пример: „Ми недостасуваш“. Тоа значи дека дури и кога е излезен со пријателите или на патување од работа, тој сѐ уште мисли на вас. А вам ви се допаѓа помислата дека секогаш ве носи во мислите.rnrn8. Неговите подароци се толку специфични и лични, што не можат ни да се споредат со вашите. Некако успева да ви го подари токму она што го сакате за родендените и празниците. Понекогаш станува збор за нешто што не сте ни знаеле дека го сакате, а тој сепак успева да погоди. И потоа се чувствувате лошо поради вашиот „глупав“ подарок, иако тој тврди дека му се допаѓа.rnrn9. Понекогаш ви праќа порака, во истиот момент кога вие сте сакале да му пратите. И потоа вие му пишувате: „Не е можно! Само што сакав да ти пишам, немаш поим, само што тргнав да ти пишувам и гледам ти си ми пратил порака“. Таквата телепатија не е за потценување.rnrn10. Понекогаш објавува стари фотографии од вас без особена причина. Но, вие знаете дека тој всушност си седел дома и ги прелистувал сите ваши заеднички фотографи, затоа што ете толку му недостасувате!

  • Животната цел на жената не е само да им угодува на другите

    Животната цел на жената не е само да им угодува на другите

    Уште во минатото постоела одредена слика за жената дека таа пред сѐ треба да биде добра мајка и сопруга која ќе се грижи за семејството и домот, и ќе ги исполнува сите потреби на нејзиниот маж. Денес, работите се малку сменети со тоа што жените се понезависни, заработуваат и имаат повеќе можности, но сепак генералното мислење е останато исто: Жената треба да им угодува на останатите. Свесно или несвесно, родителите ги воспитуваат нивните ќерки на тој начин што им го всадуваат мислењето во глава дека ако тие не можат да ги исполнат туѓите потреби и очекувања, светот ќе ги смета за безначајни и ќе ја изгубат нивната вредност. Нормално дека и мажите се наградувани доколку ги прават другите среќни, но нашата култура не ги учи дека тоа е нивна работа. Од друга страна, пак, на жените им се промовира мислењето дека тие постојат само за да ги задоволуваат другите. Доколку не го направат тоа, ќе се чувствуваат безвредно.rnrnЖивотната цел на жената не е само да им угодува на другитеrnrnМожеби тука лежи причината зошто жените почесто имаат ниска самодоверба, не се задоволни со нивниот физички изглед и се поанксиозни од мажите. Постојаниот притисок да им се угодува на луѓето прави да се чувствувате како да не сте доволно добри. За да се заштитат себеси од потенцијалната општествена казна во случај да не им угодат на другите, жените учат како постојано да водат сметка за нивниот изглед и начин на однесување.rnrnФакт е дека жените не би требало да се чувствуваат така. Со цел да се подигне свеста за овој проблем, прочитајте ги следниве неколку начини преку кои жените учат дека нивната вредност лежи во очите на другите луѓе…rn

    Жените треба да бидат убави

    rnЖивотната цел на жената не е само да им угодува на другитеrnrnИ тоа ги учат на многу одредена и ограничена дефиниција за „убавината“. Уште од рана возраст, девојчињата слушаат како жените се изложени на постојани критики ако се дебели или грди. Слушаат пофалби доколку се убави и слаби. И тие даваат сѐ од себе за да се вклопат во тие нереалистични стандарди за убавина преку облеката, шминката, вежбањето и држењето диети, само за да им се допаднат на другите. Доколку не можат да го постигнат тој идеал, другите ги тешат дека постои некој во светот кому ќе му бидат привлечни. Но, ретко кој им вели дека сосема е во ред и никој да не ги смета за убави. Нема ништо лошо во тоа да се ужива во модата, шминкањето, вежбањето или здравата исхрана. Поентата е дека не морате да ги правите тие работи доколку не сакате. Дури и вашето лице да не му е привлечно никому во просторијата, вие имате исто толку право да бидете таму колку и некоја девојка чиј изглед ги задоволува очите на другите.rn

    Жените секогаш треба да бидат насмеани

    rnЖивотната цел на жената не е само да им угодува на другитеrnrnНа жените им се вели дека треба да им се смешкаат на познатите и непознатите луѓе, за да изгледаат попривлечно. Понекогаш, тие веруваат дека смеењето ќе им го подобри социјалниот живот. Но, она што ќе ви дозволи да бидете свои и истовремено да им се допаднете на луѓето кои ви значат е доколку ги покажувате искрените емоции што ги чувствувате, какви и да се. Кога им се вели на жените да се смеат, со други зборови им се вели да бидат убави и со тоа се пренесува пораката дека нивното лице треба да изгледа на начин кој би делувал попривлечно, без оглед на тоа како жената навистина се чувствува. Тоа не е во ред и ниту една жена не би требало да се заморува со тоа.rn

    Жените треба да бидат тивки

    rnЖивотната цел на жената не е само да им угодува на другитеrnrnЖените ги учат да не ги вознемируваат другите со тоа што секогаш ќе молчат. Идејата е следнава: Ако не го искажуваат нивното мислење, нема да навредат никого. Кога жената јасно и гласно го брани својот став, тогаш таа се смета за наметлива и премногу заповеднички настроена, но доколку мажот го направи истото тој важи за самоуверен. Ова верување ги уназадува жените на работното место и во приватниот живот, и ги охрабрува луѓето да ги гледаат како предмети, а не како човечки суштества со свој став и мислење.rn

    Треба да им ја предадат контролата на мажите

    rnЖивотната цел на жената не е само да им угодува на другитеrnrnКога станува збор за љубовните врски и другите односи, ги учат дека треба да им ја предадат моќта на мажите за тие да се чувствуваат пријатно покрај нив. Тоа во основа значи дека за жената да биде посакувана од страна на мажот, треба да биде инфериорна. Секако дека мажот кој навистина го заслужува женското внимание е оној кој ја цени нејзината независност и индивидуалност.rn

    Жените треба да бидат совршени

    rnЖивотната цел на жената не е само да им угодува на другитеrnrnНаместо да ги учат дека треба да ги прифатат нивните недостатоци, жените живеат со сознанието дека не смеат да прават грешки за да не ги вознемират луѓето околу нив. Како последица на тоа, жените се обидуваат сѐ да направат совршено со надеж дека ќе им се допаднат на луѓето, што доведува до голема анксиозност.rn

    Жените не треба да покажуваат колку се паметни

    rnЖивотната цел на жената не е само да им угодува на другитеrnrnВо интерес на тоа мажите да се чувствуваат посупериорни, жените ги учат дека не треба да бидат премногу интелигентни и дека не треба да имаат силен натпреварувачки дух. Како резултат на тоа, жените не им дозволуваат на нивните таленти и интелигенција да заблескаат бидејќи се плашат дека тоа ќе направи другите луѓе, особено мажите, да се чувствуваат инфериорни. Иронично е тоа што од една страна жените ги учат да им угодуваат на другите со тоа што ќе бидат совршени, но од друга страна не треба да бидат премногу добри во ништо за да не претставуваат закана за луѓето.rnrnЗа жал, некои луѓе навистина ги вреднуваат жените врз основа на тоа дали тие им угодуваат на другите, жртвувајќи ги сопствените желби и потреби. Но, жените евентуално сфаќаат дека такви луѓе не им се потребни во животот. Сите ние заслужуваме луѓе кои ќе сакаат да го правиме она што нѐ прави среќни, без разлика дали тоа ќе им донесе среќа и ним или не.

  • Момците откриваат што мислат за девојките кои со себе носат презервативи

    Момците откриваат што мислат за девојките кои со себе носат презервативи

    Во денешно време жените почнуваат да доминираат во многу животни области и почнуваат да се занимаваат со работи кои порано биле незамисливи според општеството. Темите кои некогаш биле табу, сега се секојдневие и сѐ повеќе се зборува за сексуалната рамноправност помеѓу мажите и жените. Иако сѐ уште постојат поделени мислења во врска со ова прашање, денес не е никаква тајна дека и жените уживаат во сексот и истиот редовно го практикуваат. Според тоа, воопшто не е чудно што и тие носат презервативи, туку напротив може да се смета за многу позитивна работа.rnrnМомците откриваат што мислат за девојките кои со себе носат презервативиrnrnСепак многу млади девојки се срамат да носат кондоми со себе, бидејќи се плашат за тоа каков впечаток ќе остават. Сметаат дека ќе бидат осудени и дека момците ќе се почувствуваат загрозено ако дознаат дека и девојката е исто толку подготвена да има секс колку и тие. Меѓутоа, според една анкета машките реакции се сосема поинакви. Можеби ќе се изненадите, но ова се мислењата на момците за девојките кои со себе носат презервативи…rn

    Тие се самоуверени

    rn

    „Сметам дека тоа е позитивна работа, бидејќи девојката ја признава нејзината сексуалност, не се срами од неа.“

    rn

    Тие се опуштени

    rn

    „Мислам дека тоа е супер. Таа не го гледа сексот како нешто срамно, туку како природна потреба што сите ја имаме.“

    rn

    Се познаваат себеси

    rn

    „Според мене, тоа значи дека таа ги познава нејзините морални и етички вредности и водејќи се по нив донела активна одлука да биде одговорна.“

    rnМомците откриваат што мислат за девојките кои со себе носат презервативиrn

    Се грижат за себе

    rn

    „Секоја девојка мора да се грижи за себе и своето здравје, така што нема апсолутно ништо лошо во тоа да внимава и да се заштити.“

    rn

    Секогаш се подготвени

    rn

    „Таа практикува заштитен и сигурен секс, што е супер.“

    rn

    Тие се одговорни

    rn

    „Убаво е да се знае дека целата одговорност не ни припаѓа само нам, туку и девојките ја преземаат и носат со себе презервативи.“

    rnОдговорноста за носење презервативи не треба да се дели според полот бидејќи и момците и девојките имаат иста цел: Да имаат сигурен и пријатен секс. Така што, девојки, воопшто не двоумете се дали да понесете презервативи со себе на вашиот иден љубовен состанок, никој нема да ве осудува поради тоа.

  • Познат психолошки експеримент покажува како другите луѓе ве гледаат и доживуваат

    Познат психолошки експеримент покажува како другите луѓе ве гледаат и доживуваат

    Ако можевте да влезете во главата на случајните минувачи и да се погледнете себеси од нивните очи, тогаш многу лесно би можеле да дознаете како другите луѓе ве доживуават. На пример, дали тој фустан ве прави да изгледате послаби? Дали новата кошула ги истакнува позитивните аспекти од вашето тело? Ние можеме само да ги замисливме одговорите, но сер Франсис Галтон спровел цел експеримент на оваа тема и бил изненаден од добиените резултати. Па, за што точно станува збор?rnrnПознат психолошки експеримент покажува како ве гледаат и доживуваат другите луѓеrnrnЕден ден, сер Франсис Галтон решил да направи интересен експеримент. Пред да започне со неговата секојдневна прошетка низ улиците на Лондон се убедил себеси дека е одвратен човек и дека сите во Англија го мразат. Тој се фокусирал на оваа мисла неколку минути и потоа тргнал на својата редовна прошетка. Но, таа воопшто не била обична, како и претходните.rnrnТој доживеал непријателски став полн омраза од случајните минувачи без некоја видлива причина. Многу луѓе едноставно се тргале од него, додека неколку пати можел да чуе и погрдни зборови од нив. Кога Галтон поминувал покрај пристаниште, еден од тамошните работници го удрил толку силно со својот лакт, што тој паднал долу во калта.rnrnИзгледа дека дури и животните биле непријателски настроени кон него. Кога Галтон поминал покрај питом коњ, животното го удрило кутриот човек толку силно што тој повторно паднал наземи. Психологот се обидувал да поттикне симпатија од очевидците, но за негово изненадување, луѓето почнале да го бранат коњот. Галтон веднаш решил да се врати дома бидејќи не сакал неговиот квази-експеримент да му донесе посериозни последици.rnrnОваа приказна може да се прочита во многу психолошки книги. Но, не станува збор за магична материјализација на мислите. Кога Галтон се фокусирал на неговата опасна мисла за себеси, тој почнал и да се однесува во согласност со неа. Неговите манири и фацијални експресии се промениле, давајќи им на сите до знаење дека тој знае каков однос заслужува од останатите.rnrnПостојат 2 многу важни заклучоци од оваа приказна:rn

      rn011

    1. Вие сте оние кои верувате дека сте. Променете ги вашите мисли и ќе се смените себеси, како и односот на другите луѓе кон вас.
    2. rn011

    3. Нема потреба да им кажувате на другите за вашата емоционална состојба. Тие самите ќе ја почувствуваат.
    4. rn

  • Прекрасни цитати коишто ќе го сменат вашето мислење и вашата перцепција

    Прекрасни цитати коишто ќе го сменат вашето мислење и вашата перцепција

    Животот е создаден од убави и лоши моменти, но секогаш е важно да се пронајде соодветната рамнотежа. Позитивните мисли може да бидат од огромна помош за да сфатите дека и сегашниот момент нуди радост. Па, во продолжение погледнете неколку прекрасни цитати коишто на некој начин ќе го сменат вашето мислење и вашата перцепција.rn

    „Ги гледате луѓето и работите не како што се, туку како што сте вие.“ – Антони Де Мело

    rn

    „Мирот доаѓа однатре. Не барајте го надвор.“ – Буда

    rn

    „Животот е танчарот, а вие сте танцот.“ – Екарт Тол

    rnrn

    „Да се обидуваш да се дефинираш себеси е исто како да се обидуваш да си ги каснеш своите заби.“ – Алан Вотс

    rn

    „Треба секогаш да го сакаме најдоброто во другите и да не се плашиме од нивното најлошо.“ – Бил Вилсон

    rn

    „Нема да бидете казнети поради вашата лутина, ќе бидете казнети од неа,“ – Буда

    rnrn

    „На светците им се потребни грешници.“ – Алан Вотс

    rn

    „При вежбањето толеранција, вашиот непријател е најдобриот учител.“ – Далај Лама

    rnrn

    „Го губите само она за што се држите цврсто.“ – Буда

    rn

    „Моќта над другите е слабост преправена како сила.“ – Екарт Тол

    rn

    „Каде што постои лутина, секогаш постои болка под неа.“– Екарт Тол

    rn

  • Вие имате глас и треба да го користите!

    Вие имате глас и треба да го користите!

    Луѓето се тивки, но не треба да бидат. Зборувајте му на светот, дозволете му да ви докаже дека вашите стравови, вашите желби и надежи се слушнати, спознаени. Дозволете да ги осознае вашите дарби, она што можете да го поправите, она што ве повредува и она што може да нацрта насмевка на вашето лице. Светот мора да разбере. Треба да ги слушне луѓето кои го окупираат вашиот простор, го дишат вашиот воздух, се заљубуваат на вашето копно.rnrnВие имате глас и треба да го користитеrnrnВам ви е даден гласот со причина. Треба само да ја отворите устата и да дозволите зборовите да ја исполнат атмосферата. Без страв. Не треба да се плашите од своите најдлабоки мисли, ставови, верувања, идеи кои ги имате и кои кружат во најдалечните агли во вашиот ум. Не треба да се плашите од она што луѓето ви го велат или она со кое се согласуваат или не. Вам ви е дозволено да имате чувства и уверувања. Независно што и да се случи, вие треба гласно, јасно, силно и смело да ги изговорите сите ваши зборови.rnrnВие имате глас. Прекрасен, уникатен, оригинален и по малку чуден глас кој е само ваш и ничиј друг. Зошто да го криете? Што ако некој ви каже дека токму вашите зборови се важни, дали тогаш би ги запишале? Да ги исполните страниците и да промените нечие мислење? Она што го имате во себе е важно и не треба никогаш да биде притиснато. Пуштете го својот глас.

  • 4 нешта кои се поважни од туѓото мислење за вашиот изглед

    4 нешта кои се поважни од туѓото мислење за вашиот изглед

    Поважно од впечатокот кој го оставате на другите, од тоа дали сте доволно згодни и дали можете да се натпреварувате со сите оние совршени убавици на социјалните мрежи кои живеат за да објават фотографија од нивните совршени животи е да се чувствувате добро во сопствената кожа. Да го прифатите своето тело и начинот на кој изгледате и сликата која ја давате за себе да ја покажува сета психичка длабочина која ја носите во себе. Модата и убавината се мултимилијардерски индустрии каде физичкиот изглед е сѐ, но колку и да звучи клише, тоа што е скриено во вашата суштина е многу поважно од тоа што се наоѓа на површината.rnrn4 нешта кои се поважни од туѓото мислење за вашиот изгледrn

    1. Важно е да имате имиџ кој одговара на вашиот карактер

    rnВашите модни одлуки и избори не се важни доколку имате сопствен стил кој одговара на тоа со кое зрачите. Никој нема да ве осудува и да мисли дека сте смешни и старомодни, ако се прифатите себеси и одлучите да се облекувате онака како што се чувствувате. Имиџот не постои за да се обидете да се маскирате и да го прикриете вашето вистинско „јас“, туку напротив, тој постои за да се изразите и слободно да се покажете и докажете пред светот.rn

    2. Колку добро се чувствувате во своето тело

    rnНезависно од тоа дали сте ниски или високи, имате вишок килограми или сте слаби, дали сте елегантен или спортски тип и сте тесни или широки на местата за кои наметнатите општествени стандардни пропишуваат ширина… Ако во вашето тело се чувствувате онака како што се чувствувате дома: Удобно, опуштено и пријатно, тогаш нереалните пропорции кои ги промовира општеството нема да имаат никакво значење. Женственоста и атрактивноста не зависат од големината, градбата, коските и квалитетот на кожата и косата, туку само од тоа колку добро се познавате себеси и дали тоа што го познавате го прифаќате и сакате. Љубовта спрема себе е најдобриот стил кој може да го постигне секоја личност.rn

    3. Смисла за хумор

    rnСмислата за хумор го дефинира вашиот карактер и избива како искра, млаз, водоскок, катапулт и ерупција – таа е незапирлива и во целост ја отсликува вашата личност. Воздржан и циничен хумор, црн, ведар, интелектуален хумор, хумор на лична сметка, вулгарен, елегантен, хумор во напнати ситуации… Колку луѓе, толку начини да се реагира на еден духовит начин и да се обезбеди сопствено место во реалноста. Смислата за хумор не можете да ја научите, но затоа можете да ја обликувате онаа со која сте родени. rn

    4. Љубезност

    rnНасмевката, пријатниот тон, нежниот допир со кој ги тешите своите најблиски и ги носите во еден свет каде што ќе бидат безбедни, бидејќи знаат дека некој ќе ги сослуша и ќе сака да им помогне и да ги разбере со самото свое присуство, е илјада пати повредно од секој друг впечаток кој го оставате со својата појава. За љубезната личност никој нема да мисли дека површна, досадна или празна, бидејќи наместо нејзиниот изглед, сите најпрвин ќе ја забележат нејзината насмевка и изразот на нејзиното лице.

  • 5 нешта во љубовната врска кои не треба да ви бидат важни кога станува збор за него

    5 нешта во љубовната врска кои не треба да ви бидат важни кога станува збор за него

    Овие правила особено важат за новите врски, каде што партнерите сè уште се во фазата на запознавање. Доколку ги следите и разговарате за нив, тогаш постојат големи шанси да поставите цврста основа за вашата врска од која понатаму може да произлезе нешто неверојатно. Погледнете ги следниве 5 нешта за кои воопшто не треба да се грижите…rnrn5 нешта во љубовната врска кои не треба да ви бидат важни кога станува збор за негоrnrn1. Мислењето на вашите пријатели за него – Никогаш не е лошо да чуете туѓо мислење, но тоа не треба да биде поважно од вашето. На крајот од денот, вие најдобро знаете каков е тој, бидејќи поминувате најмногу време со него. Исто така, вистинските пријатели никогаш не би ви вршеле притисок, туку само би ве предупредиле доколку имаат, според нив, оправдана причина.rnrn2. Неговиот изглед – Висина, тежина, начин на облекување, тетоважи… Можеби тој воопшто не е ваш тип, но го има „тоа нешто“ кое едноставно ве привлекува. Фокусирајте се на тоа, бидејќи ништо друго не е важно. Тој не мора да изгледа по сите ваши стандарди за да имате одлична љубовна врска. Никогаш не го заборавајте тоа.rnrn3. Бројот на девојки кои ги имал пред вас – Минатото си има своја дефиниција која не треба да ја заборавате. Едноставно нема потреба да ги враќате во живот сите оние нешта кои живеат во минатото. Вие сте неговата сегашна девојка, а не некоја од неговите бивши и тоа се случува поради цврсти причини.rnrn4. Неговите финансии – Дали тој ве прави среќни? Дали се чувствувате сакано покрај него? Почитувано? Ако одговорот е потврден, тогаш висината на неговата плата ни најмалку не треба да влијае врз тоа дали ќе бидете заедно или не. Единственото нешто што е важно е тој да има цел и истата да настојува да ја оствари, ништо повеќе и ништо помалку.rnrn5. Заеднички интересирања – Дали е навистина добро ако сите ваши интереси вон врската се вклопуваат? На тој начин, вие не би имале ништо што би можеле самите да го направите, а веќе знаете дека ако поминувате премногу време заедно, тоа може негативно да се одрази врз вашиот однос. Исто така, различните интересирања можат многу да ви ги прошират и вашите видици.

  • Поучна приказна: Зошто не треба да се грижите за туѓото мислење?

    Поучна приказна: Зошто не треба да се грижите за туѓото мислење?

    Вие можете да поминете цела година во размислување што другите мислат за вас, но тоа никаде не би ве одвело. Единствено може да влијае негативно врз вашата самодоверба, како и врз вашата емоционална состојба. Имајќи го тоа на ум, зошто би сакале да поминувате толку време грижејќи се за тоа што другите го мислат за вас? Прочитајте ја оваа кратка, но моќна приказна која целосно ќе ви го промени мислењето за оваа тема.rnrnПоучна приказна: Зошто не треба да се грижите за туѓото мислење?rnrnЕднаш живеел еден учител кој воопшто не бил заинтересиран за она кое другите го мислат за него. Љубопитните ученици го прашале како тој успеал да го достигне тој степен на внатрешна слобода, а тој се насмеал и им одговорил:rn

    „До своите 20-ти години воопшто не се грижев за тоа што другите го мислат за мене. По 20-тите години без прекин се грижев за туѓото мислење. Но, потоа, еден ден, по својата 50-та година сфатив дека тие скоро никогаш не ни размислувале за мене…“