Најточни резултати за поставување дијагноза се добиваат со лабораториски анализи, но некои специфични миризби од телото можат да ги наведат докторите да побараат конкретно испитување за одредена болест. Секако, овој метод не е доволен за да се постави сигурна дијагноза, но се покажало дека некои болести предизвикуваат промени на и во телото кои се манифестираат со карактеристичен мирис.rnrn
rn
Зошто болестите мирисаат?
rnСекое заболување ја нарушува правилната работа во телото и предизвикува различни биохемиски и физиолошки процеси, поради кои во организмот се создаваат одредени соединенија кои потоа може да се испуштаат преку здивот, урината и потта.rn
Можна ли е дијагноза преку телесен мирис?
rnМногу истражувачи и доктори работат на тоа да развијат систем преку кој ќе прават анализи врз основа на мирисот на телото. Постојат наводи дека телесниот мирис може да содржи маркери за рак, дијабетес или меланома, но се работи на тоа да може да се откриваат и болести на бубрезите и други здравствени нарушувања.rnrnСепак, постојат болести и нарушувања кои предизвикуваат специфичен мирис на телото и кои може со сигурност да се детектираат со самото доближување до личноста.rnrn
rn
1. Прееклампсија
rnВисокиот притисок што се појавува кај трудниците е ран знак за ризик за смртоносна еклампсија. Најчесто може да се препознае преку мирисот на воздухот кој трудницата го издишува. Постојат и медицински апарати во кои се издишува директно и преку кои се анализира дали има нешто во издишаниот воздух.rn
2. Рак на бели дробови
rnСекој вид рак прави промени во телото кои може целосно да го сменат телесниот мирис. Една израелска компанија има развиено апарат кој со 90% точност дијагностицира рак на белите дробови со едноставно издишување во него. Истиот апарат може да се користи и за Паркинсонова болест, мултиплекс склероза, проблеми со бубрези и Кронова болест, но точноста е нешто помала.rn
3. Неправилна работа на бубрезите
rnВо вакви случаи, во здивот, урината и потта може да се забележи присуство на мирис на амонијак, поради неправилното филтрирање на течностите во телото. Дури и при најмал знак потребно е да се посети лекар, за да се спречи да настане поголема штета.rn
4. Неправилна работа на црниот дроб
rnКога црниот дроб не работи правилно, тогаш не сте прочистени од сите отрови во телото, кои освен што се таложат околу органите, прават да мирисате на свежа риба.rn
5. Мултиплекс склероза
rnОваа автоимуна болест се манифестира така што телото само го напаѓа нервниот систем, што може да предизвика симптоми како слабост, трнење, заматен вид или проблеми со одот. Мултиплекс склерозата, исто така, предизвикува и специфичен мирис на здивот, што се детектира преку апаратите за регистрирање маркери во издишан воздух.rnrn
rn
6. Инфекциски настинки
rnПокрај видливите знаци како отечени очни капаци и вцрвенет нос, настинатите луѓе имаат поинаков телесен мирис, особено поради количините парацетамол и слични лекови, со кои се обидуваат да ги олеснат симптомите.rn
7. Дијабетес
rnСигурно често сте слушале дека дијабетичарите мирисаат на ацетон или на ферментирано овошје. Тоа се случува бидејќи нема доволно инсулин за согорување на јаглехидратите, па телото почнува да користи од мастите како гориво. Овој процес е познат како кетоза и може да биде опасен доколку дијабетесот не се открие навреме.rn
8. Мононуклеоза
rnБолеста на бакнежите погодува над 90% од светската популација, а киселкастиот мирис во здивот е еден од првите знаци за нејзиното постоење.rn
9. Триметиламинурија
rnОва нарушување е познато и како синдром на мирис на риба. Болеста е доста ретка, а настанува кога лицето не може да свари одредени видови храна како што се јајцата, џигерот, рибата, мешунките и некои видови зеленчук. Овие видови храна доаѓаат во цревата недоволно сварени, а мирисот од тој процес може да се најде и во потта и во плунката. Понекогаш овој мирис може да биде премногу интензивен и да предизвика непријатни социјални ситуации.rn
10. Психички нарушувања
rnКај шизофренијата и уште неколку други типови психоза може да се забележи специфичен непријатен мирис кај болните. Делумна причина за ова се хемиските процеси во телото, но исто така голема улога игра и намалената хигиена, што е честа појава во потешките денови.rnrnПрочитајте што се случува со вашето тело кога нема да се истуширате два дена.

rn
rn
rn
rn
rnrnУште 5 предлози на 
rnrnЧувството за вкус ни кажува дали храната е солена, горчлива, кисела или слатка. Но носот е оној кој знае дали храната е вкусна или не. Тој ја мириса храната додека ја јадеме и му испраќа порака на мозокот, кој пак ја комбинира со рецепторите за вкус и го засилува искуството.rn
rnrnПостојано купуваме парфеми за да бидеме попривлечни. Но не е мирисот оној кој ги привлекува другите луѓе. Едно истражување покажало дека користењето парфем ни ја зголемува самодовербата, а токму тоа прави да изгледаме неверојатно.rn
rnrnМирисот активира сеќавања и емоции поврзани со разни настани. Тој може да направи да се почувствувате како навистина да сте „назад во времето“. Постојат дури и неколку научни истражувања кои демонстрираат дека мирисот активира поинтензивни сеќавања и слики. За само неколку месеци губиме околу 50% од визуелната меморија. Но сеќавањата од мирисите ќе бидат со нас дури и по една година.rn
rnrnКако сеќавања, мирисот може да активира и емоции и расположенија. Ова се случува на потсвесно ниво. Понекогаш не можете да сфатите што ве направило гневни или анксиозни, а токму на ова е заснована ароматерапијата. Постојат ароми кои нè релаксираат и кои нè прават среќни.rn
rnrnЛуѓето кои не можат да мирисаат или кои имаат намалена способност за мирисање имаат поголем ризик да бидат депресивни. Ова е поради силната врска помеѓу мирисите и емоциите. Неспособноста да искусите разни ароми ја ограничува способноста за враќање сеќавања и чувства. Недостатокот на сетило за мирис исто така е поврзано и со шизофренија.rn
rnrnМожеме да почувствуваме страв, радост, желба и други емоции само од мирисот на некој друг. Причината за ова е тоа што човечките солзи и пот содржат хемосигнали. Секој хемосигнгал активира одреден дел од нашиот мозок. Па, ако личноста до вас е исплашена, неговата пот ќе ви каже дека се чувствува така, па делот за „страв“ во мозокот ќе стане изложен на тоа.rn
rnrnПродавачите го нарекуваат ова „мирисање на опкружувањето“. Со други зборови, ова е перење на мозокот преку носот. Некои брендови на автомобили додаваат „мирис на нов автомобил“ во возилата за да ве натераат да ги купите. Некои продавници ставаат парфем на нивниот влез, па убавата арома ве тера да влезете и да купите нешто. Кафетериите и пекарите намерно го „пуштаат“ нивниот мирис до нас. Тие едноставно знаат кој мирис ќе го убеди нашиот мозок дека сакаме да купиме од нивните производи.rnrnПрочитајте и 
rnrnПиењето вода му помага на телото да се ослободи од токсините кои предизвикуваат лош мирис. Додека пиењето пиво можеби изгледа како добар начин да се релаксирате, може да го влоши вашиот мирис поради алкохолот кој испарува од вашите пори.rn
rnrnАктивната култура присутна во јогуртот го намалува количеството на компоненти кои предизвикуваат лош мирис. Покрај тоа, витаминот Д кој се наоѓа во него помага во борбата против бактериите во вашата уста, со тоа намалувајќи го лошиот здив. Млекото од друга страна, содржи холин кој може да предизвика лош мирис.rn
rnrnИако многумина уживаат во чаша вино, наредниот ден можно е да мирисате на алкохол. Подобро е да пиете вода со лимон наместо вино. Лимонот помага во детоксикација на телото, додека водата ве ослободува од токсините.rn
rnrnБилните чаеви се одличен извор на антиоксиданси. Колку помалку токсини има во телото, толку подобро ќе мириса. Кафето, или кој било пијалак со кофеин може да предизвика посилен телесен мирис.rn
rnrnЈаболката се одлични за лош здив. Карфиолот од друга страна содржи холин, хранлива материја слична на витамин Б, која може да предизвика лош мирис.rnrnПродолжува на 

rnrnПрвиот чекор за откривање на оваа халуцинација е да го откриете изворот на миризбата која ја чувствувате. На пример, ако чувствувате мирис на пица и се прашувате од каде доаѓа, можеби станува збор за празна кутија од пица. Но, ако почувствувате некоја арома која е необична и не можете да го откриете нејзиниот извор, тогаш станува збор за халуцинација.rn
rnrnНема одредени миризби кои се поврзани со оваа халуцинација. Единственото нешто кое им е заедничко е тоа што не постојат. Тоа значи дека можете да чувствувате мирис на рози, како и мирис на корпа за отпадоци. Но тоа што навистина е интересно е дека една од најчестите олфакторни халуцинации е миризбата на чад.rn
rnrnОвие „фантомски“ ароми не следат некој распоред. Во некои случаи може да траат само неколку секунди. Но најчесто се појавуваат неколку пати и потоа исчезнуваат.rnrnПродолжува на 
rnrnВагината си има своја pH вредност и е природно кисела, а ова ѝ овозможува самата да се чисти. Кога консумирате нешто што ја менува pH вредноста на вашата вагина, како на пример кафето, се менува мирисот и вкусот на вашата вагина. Сексологот Џесика О’Рајли изјавила дека, според нејзините клиенти, пушењето, кофеинот и презервативите резултираат по погорчлив вкус на вагината.rn
rnrnНаводно, целерот може да ја неутрализира непријатната миризба. Ова овошје е многу богато со витамин Ц и вода и ги отстранува сите горчливи вкусови.rn
rnrnКога нашето тело го обработува овој зеленчук, се разградува една хемикалија наречена аспарагуска киселина, и тоа во делови кои содржат сулфур. Сулфурот има лош мирис. Голем број прехранбени продукти кои содржат или се разградуваат во сулфур (овде спаѓа и лукот) им даваат мирис на вашите секрети.rn
rnrnПоради природниот пробиотик, јогуртот има навистина позитивен ефект на вагината. Пробиотиците се живи организми (добри бактерии) кои ги уништуваат лошите бактерии и ја намалуваат опасноста од габични инфекции. Јогуртот ја одржува нормалната рН вредност на вагината.rn
rnrnДоктор Сари Локер, професор при Универзитетот Колумбија изјавил дека јадењето место може да ѝ даде солен вкус на вашата вагина.rn
rnrnСе верува дека и зачините може да го променат вкусот на вашата вагина. На пример, карито е зачин кој може да го „засили“ вкусот, но не и да го влоши.rnrnДознајте и што значи 

rnrnПоследиците од овој тип дијабетес може да бидат смртоносни. Симптомите се често повраќање и уринирање што може да доведе до губење преголема количина на течности. Другите симптоми вклучуваат истоштеност, замаглен вид, необјасниво губење на тежината, сува уста, отежнато дишење и болки во стомакот. Доколку забележите некои од овие симптоми придружени со овошен мирис на здивот, веднаш побарајте лекарска помош.rn
rnrnАко го игнорирате атлетското стапало, кожата помеѓу прстите на вашите стапала ќе стане многу мека и влажна што може да доведе до покомплицирани бактериски инфекции како што е целулитис. Оваа габична инфекција лесно може да ја добиете од теретаната во која вежбате, па затоа никогаш не газете боси во соблекувалната, туку носете некаков вид обувки. Со оглед на тоа што габите ги обожаваат влажните средини, доколку вашите стапала често се потат, користете пудра за да ја одржите нивната сувост.rn
rnrnЗа повеќето луѓе, доволно е да внесат само 12 грама лактоза, односно 237 милилитри млеко или чашка сладолед за да ги почувствуваат овие непријатни симптоми. Доколку вашите гасови и измет мирисаат лошо откако сте испиле млеко, најдобро би било да го посетите вашиот доктор.rn
rn
rnrnДоколку ги преземате сите потребни мерки, но сепак се будите со лош здив и страдате од поспаност во текот на денот и ’рчење, закажете лекарски преглед. Многу е важно да ја дијагностицирате ноќната апнеа што е можно побрзо, бидејќи ова нарушување на спиењето се поврзува со дијабетес, висок крвен притисок и срцеви заболувања.rnrnДоколку имате проблем со лоши миризби на телото, научете како да го правите следниов 