КАФЕ ПАУЗА

Tag: мир

  • Овие универзални вистини ќе ви го променат погледот на животот

    Овие универзални вистини ќе ви го променат погледот на животот

    Сите ние знаеме како да го живееме животот, но понекогаш е добро да се потсетиме на некои универзални правила кои можеме да ги заборавиме во тешките моменти на слабост.rnrnОвие универзални вистини ќе ви го променат погледот на живототrnrn1. Кога се фокусирате на вербата, дали во Бог или во некоја ваша форма на религија, универзумот ќе се фокусира на вас.rnrn2. Секоја рана нема да помине, но лузните избледуваат. Тие ни влијаат на суптилен начин, но некако сепак, успеваме да продолжиме да чекориме напред. Малку подизменети, но сепак доволно добри.rnrn3. Животот е чудесен. Не ја знаеме иднината, судбината и невозможното. Сите нешта можат да се случат во секој момент, без предупредување. Единственото влијание што можеме да го имаме на овие промени се нашите перспективи и верувања. Животот е реална манифестација на нашите емоции, чувства и судбина.rnrn4. Не постои нешто како совршен момент, но секој момент ве подготвува за она што треба да дојде сѐ додека вашето срце знае каде сакате да одите.rnrn5. Бидете љубезни, кон себе и кон другите, простете си и сакајте се себеси. Најдобрата верзија од вас е онаа која најмногу се сака себеси.rnrn6. Врските се кревки, но вреди да се трудите околу нив. Предметите што ги поседувате не можат да ја заменат силната врска што ја градите со оние што ги сакате и ниедни пари на светот не се повредни од времето поминато во нешта што ви причинуваат среќа и задоволство.rnrn7. Мир не може да најдете ни само во луѓето ни само во себе. Мирот ќе го постигнете кога ќе сфатите дека секоја честичка од вашиот живот е одговорна за вашиот мир. Кога ќе го сфатите начинот на кој тие меѓусебно функционираат, ќе можете да ги надминете вашите анксиозности, да го прифатите животот со отворени раце и да им се препуштите на моментите.rnrn8. Безусловната љубов е единствениот вид љубов вредна за давање.rnrn9. Едноставноста е клуч за професионален успех. Искреноста е клуч за личен успех.rnrn10. Универзумот е вашиот најголем фан, кој ве чека искрено да одлучите дека сте подготвени за сите благослови кои ви следуваат и отсекогаш биле наменети само за вас.rnrnПогледнете ги и овие 3 едноставни начини да живеете подобар живот.

  • 16-годишно девојче е номинирано за Нобелова награда за мир

    16-годишно девојче е номинирано за Нобелова награда за мир

    16-годишната Грета Тунберг го основа движењето Youth Strike for Climate (Младите штрајкуваат за климата) и привлече навистина многу внимание. Всушност, таа е номинирана за Нобелова награда за мир како што нејзиното глобално делување продолжува да се проширува. Доколку победи, Грета ќе биде најмладиот добитник на наградата.rnrn16-годишно девојче е номинирано за Нобелова награда за мирrnrnГрета била навистина зафатена – од соло протести, до организирани студентски штрајкови на глобално ниво. Оваа недела се очекуваат штрајкови во 1.659 градови и 105 држави.rnrnУчилишните штрајкови биле инспирирани од движењето „Петоци за иднината“ што го започнала Грета со помош на хаштагот #FridaysForFuture. Досега имало редовни паради ширум светот, вклучувајќи ги државите како Германија, Белгија, Велика Британија, Франција, Австралија и Јапонија.rn

    „Ја предложивме Грета Тунберг бидејќи ако не направиме ништо за да ја спречиме климатската промена, тоа може да биде причина за војни, конфликти и бегалци. Грета Тунберг започна масовно движење кое го гледам како огромен придонес за мирот“, изјавил норвешкиот социјалист Фреди Андре Овсетегард.

    rn

    „Почестена сум и многу благодарна за оваа номинација. Утре ќе штрaјкуваме на училиштата за нашата иднина. И ќе продолжиме со ова колку што е потребно“, напишала Грета на нејзиниот Твитер профил.

    rnТаа веќе ги има предизвикано лидерите на самитот за климатски промени на Обединетите Нации:rn

    „Промената доаѓа, без разлика дали им се допаѓа тоа или не.“

    rnИако Грета е млада, не е прв пат олку млада личност да биде номинирана или да добие Нобелова награда. Во 2014-та година, наградата ѝ припадна на 17-годишната Малала, која во 2012-та година преживеа обид за убиство од страна на Талибанците.rn

    „Навистина е инспиративно да се видат млади луѓе, водени од брилијантни млади жени, како бараат итно решение за климатските промени. Тие се целосно во право кога велат дека денешните постапки ќе ја одредат нашата иднина. Мојата порака до младите граѓани е јасна – наша одговорност како возрасни и политички лидери е да учиме од вас и да ви ја дадеме иднината што ја сакате’, изјавила Ан Идалго, градоначалничката на Париз.

    rnШтрајковите се поддржани и од поранешниот поглавар на Англиската црква Роуан Вилијамс, како и од Куми Наиду, лидерот на невладината организација Amnesty International.rn

    „На децата често им се вели дека тие се идните лидери. Но ако чекаат до утре, можеби нема да има иднина која треба да ја водат. Младите луѓе ги засрамуваат лидерите со нивната страст и посветеност кои ги покажуваат во оваа важна битка.“

    rnСпоред официјалниот веб-сајт, има 301 кандидат за Нобелова награда за мир за оваа година. 223 од номинираните се личности, а 78 се организации.rnrnДознајте нешто повеќе за луѓето кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добиле.

  • 25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добиле

    25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добиле

    Нобеловата награда за мир е најконтроверзна од сите 5 категории – физика, хемија, литература, мир и медицина. Исто така, оваа е и најзначајната од сите. Им се доделува на личности кои го направиле најдоброто за нивната нација, како и за масовно промовирање на мирот помеѓу сите нации. Уште откога Алфред Нобел го одбрал мирот за категорија во неговите награди, таа е соочена со многу контроверзии. Секоја година има бројни дебати за тоа кој требало, а кој не требало да ја добие. Па, погледнете ги 25-те луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но не ја добиле.rnrn25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добилеrn

    1. Вацлав Хавел

    rnКако чешки драматург, есеист, поет и политичар, Вацлав беше последниот претседател на Чехословачка и првиот претседател на Чешката Република. Во овој период тој беше познат по неговата работа за човечки права низ Источна Европа и е именуван како еден од највлијателните личности на 20-тиот век.rn

    2. Сари Нусејбе

    rnНаместо да ги поддржува нападите на Израел како некои од неговите сограѓани, овој професор по филозофија од Палестина решил да им помогне на неговите луѓе кои се наоѓале сред крвопролевањето. Неговите поддржувачи веруваат дека неговата пасивна битка, која наликувала на онаа на Ганди, е причината што треба да ја добие наградата.rn

    3. Еленор Рузвелт

    rnЕленор е многу повеќе од поранешната прва дама на САД – таа била политички активна исто колку и нејзиниот сопруг. Всушност, таа ја водела првата мисија на САД кон Обединетите Нации и ѝ овозможила на САД да сфати колку се значајни ОН.rn

    4. Папата Јован Павле II

    rnЈован Павле II се смета за еден од највлијателните лидери на 20-тиот век. Тој помогнал да се стави крај на комунистичкиот режим во неговата родна Полска, и со текот на времето во цела Европа.rn

    5. Дороти Деј

    rnКако една од најзначајните личности за време на Големата депресија, Дороти Деј го организирала Движењето на католичките работници. Нејзината мисија била да им помогне на семејствата одново да ги изградат нивните животи и да промовира мир со заедничко живеење и еднакво распределено богатство. Нејзините движења се распространиле и во Канада и во Европа и се активни до денес.rnrn25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добилеrn

    6. Кен Саро-Вива

    rnПознат како Ганди од Нигерија, Кен Саро-Вива бил дел од луѓето Огони, малцинство од Нигерија, и отсекогаш бил искрен за неговата омраза кон власта во неговата држава. Поради експлоатацијата на луѓето од страна на власта, тој формирал организација која ќе ги заштити правата на малцинството и организирал ненасилни демонстрации.rn

    7. Фазле Хасан Абед

    rnФазле имал голема улога во градењето на Бангладеш по Индо-Пакистанските војни. По војната Бангладеш станала автономна држава, но била речиси уништена. За да ѝ помогне на својата нација, тој формирал организација чија цел била одново да ја изгради инфраструктурата на Бангладеш и да им помогне на луѓето да ги изградат нивните домови. Со текот на времето организацијата стана една од најголемите од овој вид во светот.rn

    8. Корасон Акино

    rnПозната како првиот женски претседател во Азија, Корасон воспоставила голем број демократски и хуманитарни реформи во Филипините. Почетокот на нејзиното владеење го означило крајот на диктатурата во Филипините. Таа се смета за една од највлијателните жени во историјата на светот.rn

    9. Ирена Сендлер

    rnИрена била медицинска сестра и социјален работник од Полска која служела во полското подземје во текот на Втората светска војна. Таа пренела над 2.500 еврејски деца надвор од Варшава и им обезбедила лажни документи со што ги спасила од холокаустот.rn

    10. Махатма Ганди

    rnИако повеќето луѓе знаат за Ганди и веројатно помислувате на него кога станува збор за награди за мир, тој никогаш не ја добил Нобеловата наградата. Тоа не значи дека неговото влијание останало незабележано.rnrn25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добилеrn

    11. Доктор Фенг Шан Хо

    rnПоранешниот генерал на Кинеската амбасада во Виена бил познат како кинескиот Шиндлер. Во 1940-тите, кинескиот амбасадор од Берлин му наредил на Хо да не им дава визи на евреите. Но тој не ја следел оваа наредба и издал 2.000 визи во текот на 6 месеци, со тоа спасувајќи илјадници евреи.rn

    12. Стивен Бико

    rnПо апсењето на Нелсон Мандела во 1964-та година, Стивен Бико го презел водството и застанал на чело на јужноафриканското движење против апартхејдот. Тој сакал единство помеѓу сите нации и проповедал против насилството. Го посветил неговиот живот на мирните протести, но бил убиен од полицијата.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10 нешта од кои треба да се откажете ако сакате мирен живот

    10 нешта од кои треба да се откажете ако сакате мирен живот

    Во модерното општество стресот е секојдневен. Постојано се грижите за работното место, за вашето здравје, за партнерот… Понекогаш е навистина тешко да се справите со толку многу грижи. Поради ова, потребно е да отстраните некои работи од вашиот живот. Овие нешта воопшто не ви се потребни и само ви стојат на патот до посакуваниот мир.rnrn10 нешта од кои треба да се откажете ако сакате мирен животrn

    1. Детални планови за иднината

    rnНема ништо лошо во тоа да имате цели. Впрочем, навистина е паметно да се подготвите за иднината. Но, правењето детален распоред за сè што треба да направите во животот и обидувањето постојано да го следите е невозможно. Никој не може да знае каква ќе биде неговата иднина. Можете да си дозволите да се водите според плановите, но никогаш немојте да очекувате да се исполнат според ваша замисла. Секогаш ќе има нешто неочекувано и најдоброто што можете да го направите е да се ослободите од премногу очекувања и да научите да бидете отпорни.rn

    2. Претпоставката дека знаете сè за одредена личност

    rnКога се прашувате дали ја знаете или не ја знаете личноста пред вас, најдобро е да го одберете второто. Луѓето имаат многу слоеви и ако верувате дека познавате некого поради нешто што ви кажал или поради социјалните мрежи, многу ќе се разочарате. Секој од нас има чувства што ги крие. Сите имаат мисли што не ги кажуваат. И овие работи нè дефинираат како личност. Па, не можете да тврдите дека навистина познавате некого.rn

    3. Стравот дека нема да бидете најдобри

    rnСекогаш ќе има некој попаметен, поубав, побогат и посмешен од вас. Тоа е факт. Жалењето што не сте најдобри е само залудно трошење време. Не сте овде за да бидете први во сè. Овде сте за да се забавувате и да бидете среќни. Откажете се од замислата за совршеност. Во ред е понекогаш да не ги следите правилата.rn

    4. Гласот во вашата глава што ви вели дека не можете

    rnСомнежот може навистина да му наштети на вашиот перформанс. Не е лесно да го елиминирате, но можете да го контролирате. Секогаш помислете што би можело да тргне во позитивна насока, наместо во погрешна. Грижете се за менталното здравје како што се грижите и за физичкото. Не заборавајте дека вие имате моќ над вашиот мозок и вашите мисли.rn

    5. Одлуките што сте ги направиле користејќи ги чувствата

    rnСекој има барем еден момент од животот што сака да го промени. Постојат зборови што никогаш не сте сакале да ги изговорите. Секој жали за нешто, а понекогаш ова жалење е поради ненадејните одлуки. Иако е вистина дека не можете да го промените минатото, можете да бидете повнимателни со вашите постапки во иднина.rn

    6. Некој што ја прави љубовта комплицирана

    rnАко партнерот ја прави врската навистина тешка, време е за крај. Сигурно имате безброј други работи за правење наместо да се грижите за некој друг. Љубовта што вреди нема да ве тера да се грижите. Не прифаќајте изговори од никој што не ви враќа со љубов. Подобро е да бидете сами отколку со некој кој постојано ви предизвикува главоболка.rn

    7. Градот што мислевте дека го сакате

    rnВашите интереси ќе се менуваат со текот на времето. Нешто што ви е опсесија денес може воопшто да не ве интересира за неколку месеци. Напуштање на местото во кое имате многу сеќавања е навистина болно. Тешко е да ги спакувате торбите и да заминете од градот што ве променил. Но светот е премногу голем за да не го истражите. Премногу е рано за да се смирите. Искористете го овој период од животот додека имате енергија за да ја најдете заедницата што можете да ја наречете дом.rn

    8. Вашата желба за постојаност

    rnЌе се поштедите од многу кршења на срцето ако верувате дека ништо во овој свет не е сигурно. Можно е да изгубите сè за една секунда. Личноста што многу ви се допаѓа може да го промени мислењето за вас. Утрешниот ден ќе биде поразличен на некој начин. Па, не ги потценувајте нештата што ги имате денес.rn

    9. Луѓето што не го почитуваат вашиот личен простор

    rnНе е лошо да поставите граници. Нема потреба да споделувате чувствителни информации само затоа што некој е добар кон вас. Ако луѓето не можат да го почитуваат просторот што одвреме-навреме ви е потребен, тогаш веројатно не вреди да инвестирате време во нив. Секој заслужува време за себе. Секој стигнува до момент кога сака да се повлече. Нема потреба постојано да објаснувате зошто одеднаш сте заминале некаде.rn

    10. Нештата што повеќе не ви се од корист

    rnНавистина е тешко да се збогувате со сеќавањата што ве исполнувале со радост. Но, нема да можете да продолжите напред ако му дозволувате на минатото да ве држи. Животот е постојано движење. Понекогаш ви помага да стигнете негде, а некогаш ве насочува кон неочекувани места. Многу често немате избор. Потребно е да бидете храбри и да ги заборавите нештата што не ви се потребни. Бидете подготвени за нови почетоци и оставете ги неважните нешта зад вас.rnrnПогледнете ги и навиките кои ќе ви донесат мир и убавина во секој ден.

  • Ако не можете да одберете среќа, одберете барем мир

    Ако не можете да одберете среќа, одберете барем мир

    Сите ние ја имаме слушнато изреката „Среќата е избор“. И ако верувате во неа, тогаш сигурно се стремите кон тоа наместо да страдате, постојано да трагате по подобри денови. Но, како што минува времето, сигурно сте се запрашале и дали постои разлика помеѓу одбирањето среќа и одбирањето да не страдате. Одговорот е ДА – постои огромна разлика меѓу овие две нешта.rnrnАко не можете да одберете среќа, одберете барем мирrnrnСреќата значи многу различни нешта за различни луѓе, но сите би се согласиле дека таа се манифестира преку чиста радост. Кога одбираме да не страдаме, ние всушност одбираме да ја бараме радоста што сметаме дека ни недостасува или пак, дека ни е потребна во поголема количина.rnrnНо, бидејќи не сме роботи, кога сме соочени со смрт, загуба или некое друго трауматично искуство, едноставно не можеме да си кажеме дека одбираме да бидеме среќни. Нашите тела не работат на тој начин. Кога тагата ќе надвладее над нас, едноставно мора да си дозволиме целосно да ја искусиме за да можеме да се соочиме со неа и подоцна да ја надминеме.rnrnВо овие моменти ние не сме способни да ја одбереме среќата, но тоа што можеме да го направиме е да одбереме да не седиме во мизерија и да почнеме да работиме на себе така што ќе бараме мир. Да одберете мир значи да го прифатите тоа што се случило, да ја прифатите целата тага, неудобност и одбивање и да ги почувствувате сите овие емоции истовремено со цел да си олесните.rnrnНа кратко, понекогаш е скоро невозможно да се „одбере среќа“, но и покрај сè, ние секогаш можеме да одбереме мир. Ако се помириме со тоа што ни се случува, ќе можеме појасно да откриеме кој е следниот чекор за да се чувствуваме подобро. Понекогаш ќе биде потребно време додека повторно успеете да одберете среќа, но тоа не е важно сè додека вашата добросостојба ви е приоритет, дури и за време на најтешките моменти.rnrnТајната на среќата: Прочитајте ги и овие 20 мисли за поубав ден, поисполнет живот и повеќе радости и насмевки.

  • Одберете карта и прочитајте ја вашата порака за мир

    Одберете карта и прочитајте ја вашата порака за мир

    Погледнете ги 4-те карти на сликата и без многу размислување одберете една. Прочитајте ја вашата посебна порака која ќе ви донесе мир во вашиот живот, а можеби дури и некоја позитивна промена.rnrnОдберете карта и прочитајте ја вашата порака за мирrn

    1. Карта на радоста и надежта

    rnЖивеете во време на промени. Сè што се случило досега, се случило бидејќи сте морале да научите нешто. Сега е време да се соочите со сонцето и секојдневно да верувате дека најдоброто допрва доаѓа. Сега можете да се издигнете и да го направите невозможното. Вратете им се на соништата коишто сте ги напуштиле, бидете храбри и работете со љубов. Живејте го секој ден со радост и возбуда.rn

    2. Карта на мирот

    rnПотребно ви е потсетување дека не сте секогаш одговорни за нештата што се случуваат во вашиот живот. Но, сепак сте одговорни за ставот кој го заземате. Бесот и лутината никогаш не се добри. Запомнете дека во вашата природа е да бидете мудри. Преземете контрола над вашите живот, одлуки и реакции. Научете како да се соочите со лутината и љубовта, како да ја победите тврдоглавоста и ќе забележите дека ќе се чувствувате подобро.rn

    3. Карта на искреноста и одговорноста

    rnДали во последно време го давате најдоброто од себе? Што правите денес за утре да бидете онаму каде што сакате? Што можете да направите за да станете најдобрата верзија од себе? Вие сте личност која ја чекаат одлични нешта, а вашата судбина е во вашите раце. Па, дефинирајте ги вашите потреби, наполнете се со сила, љубов и храброст и тргнете кон вашите соништа.rn

    4. Карта на фантазијата и новите можности

    rnВреме е да го погледнете животот со нови очи. Често го поминуваме животот во брзање, испуштаме прекрасни работи кои секојдневно се случуваат и ги испуштаме пораките што ни ги праќа животот. Време е да се смирите и да размислите за да добиете одговор на некои прашања. Ќе се појават прекрасни прилики, но само ако го дозволите тоа. Време е внимателно да ги набљудувате знаците, бидејќи вашиот живот никогаш не престанува да ви кажува што всушност ви е потребно.rnrnПробајте го и овој тест чии одговори ќе ве „соблечат“ до срж.

  • 10 совети што ќе ви помогнат да останете смирени без оглед на околностите

    10 совети што ќе ви помогнат да останете смирени без оглед на околностите

    Без оглед на тоа низ каков период минувате моментално, порано или подоцна ќе му дојде крајот. Ниту добрите ниту лошите работи во животот не се постојани. Меѓутоа, она што секогаш можете да го задржите е вашиот мир. Можеби имате премногу работа, треба да враќате долгови, да полагате испити, да ја прекинете лошата врска или пак можеби минувате низ период на љубење, смеење, плачење и веселење. Каков и да е периодот, можете да живеете спокојно и да најдете среќа во животот. Следниве 10 совети ќе ви помогнат да пронајдете внатрешен мир…rnrn10 совети што ќе ви помогнат да останете смирени без оглед на околноститеrn

    1. Прифатете ги работите онакви какви што се

    rnАко минувате низ многу тежок период, сетете се на моментите кога ви било најтешко и размислете како сте успеале да ги пребродите. Доколку се потсетите на тоа дека можете да ја преживеете болката, несигурноста и сомнежот, ќе можете да најдете сила да ја надминете моменталната ситуација.rn

    2. Споделете го вашиот товар

    rnРазговарајте со вашите најблиски за она што ве мачи и на тој начин ќе си го олесните товарот.rn

    3. Живејте во сегашноста

    rnКога тргнувате на патување кон иднината, почнувате да си создавате проблеми што можеби никогаш нема да се случат.rn

    4. Ослободете се од негативните мисли

    rnАко почнете да размислувате за тоа колку проблеми имате и колкава болка чувствувате, признајте си го чувството и преземете нешто за да тргнете напред. Тоа можеби нема да ги промени околностите, на некои работи им треба време за да поминат, но ќе ви помогне да го промените начинот на вашето размислување.rn

    5. Вратете си ја вербата

    rnБез разлика да верувате во Бог, карма, моќта на универзумот или во самите себе, искористете ја вашата духовна или религиозна верба за да најдете утеха.rnrn10 совети што ќе ви помогнат да останете смирени без оглед на околноститеrn

    6. Одете таму каде што е љубовта

    rnАко се чувствувате поразени, многу е важно да се поврзете со луѓето кои можат да ви пружат поддршка.rn

    7. Одберете среќа

    rnАбрахам Линколн некогаш кажал: „Сум забележал дека повеќето луѓе на светот се онолку среќни колку што одлучиле да бидат“. Дури и во најлошите можни околности, секогаш постои нешто што може да ви донесе среќа. Не го игнорирајте тоа.rn

    8. Љубете наместо да контролирате

    rnЛуѓето честопати се обидуваат да ги контролираат нештата што ги сакаат, од страв да не ги изгубат. Но, тоа е погрешно. Контролата ви дава лажно чувство на моќ и доминација. Пуштете ги работите да излезат надвор од контрола и љубете неизмерно!rn

    9. Самите сте одговорни за вашите чувства и дела

    rnОбрнете внимание дали вашите дела се одраз на резултатите што сакате да ги постигнете.rn

    10. Не заборавајте дека без оглед на тоа низ каков период минувате, сѐ ќе биде во ред

    rnДури и да не верувате во ова, никогаш не е доцна да почнете. Запишете го на хартија. Повторувајте го секој ден.rnrnВозможно е да го задржите мирот без оглед на околностите. Искористете ги овие совети за да создадете поспокоен начин на размислување. Вратете си го внатрешниот мир и среќата сама ќе ви затропа на врата.rnrnПрочитајте ги и следниве 3 начини да го потиснете адреналинот и да останете смирени.

  • 20 мудрости со чија помош ќе пронајдете мир

    20 мудрости со чија помош ќе пронајдете мир

    Бидете толерантни кон оние што се изгубиле на патот. Незнаењето, бесот, љубомората и алчноста излегуваат од изгубената душа. Не го земајте она што не е ваше… Секој мудар збор може да предизвика позитивни промени во нашиот живот. Прочитајте ги овие мудрости и обидете се да пронајдете мир во вашата душа.rnrn2-20 mudrosti so chija pomosh kje pronajdete mir-www.kafepauza.mk_rnrn1. Разбудете се заедно со сонцето и помолете се. Молете се сами. Молете се често. Големиот Дух ќе ве слуша, а вие треба само да му зборувате.rnrn2. Бидете толерантни кон оние што се изгубиле на патот. Незнаењето, љубомората и алчноста излегуваат од изгубената душа. Молете се да пронајдат насока.rnrn3. Барајте се себе, низ себе. Не дозволувајте им на другите да раководат со вашиот пат. Тоа е ваш пат и само ваш – другите може да чекорат со вас, но не може да го одат наместо вас.rnrn4. Однесувајте се кон гостите со целосно внимание. Послужете ги со најдобрата храна, дајте им го најдобриот кревет, укажете им чест и почитување.rnrn5. Не земајте го она што не е ваше, без разлика дали е од некоја личност, од дивина или од нечија култура. Не сте го заработиле, ниту пак ви го дале. Не е ваше.rnrn6. Почитувајте сѐ што постои на Земјата, од луѓето, па сè до билките.rnrn7. Почитувајте ги туѓите мислења, желби и зборови. Никогаш не прекинувајте нечиј говор и не исмевајте. На сите дајте им право на лично изразување.rnrn8. Никогаш не зборувајте лошо за некој друг. Негативната енергија што ја испраќате со тоа во вселената ќе ви се врати дупло.rnrn9. Сите луѓе грешат. Сите грешки може да бидат опростени.rnrn10. Негативните мисли се причини за болести на телото, духот и умот. Вежбајте оптимизам.rnrn1-20 mudrosti so chija pomosh kje pronajdete mir-www.kafepauza.mk_rnrn11. Природата не е наша, таа е дел од нас. Таа е дел од нашето светско семејство.rnrn12. Децата се семе на иднината. Садете љубов во нивните срца и заливајте ги со мудрост и животни лекции. Додека растат, дајте им простор за растење.rnrn13. Избегнувајте ранување на туѓите срца. Отровот од таа болка кога-тогаш ќе ви се врати.rnrn14. Бидете искрени секогаш. Почитувањето е испит на волјата во овој универзум.rnrn15. Бидете урамнотежени. Вашето умно јас, духовно јас, телесно јас и емоционално јас – сите тие треба да бидат подеднакво силни, чисти и здрави. Вежбајте го телото за да го зајакнете умот. Збогатувајте се духовно за да ги излечите емотивните рани.rnrn16. Свесно одлучувајте за тоа кои ќе бидете и како ќе реагирате. Бидете одговорни за вашите дела.rnrn17. Почитувајте ја приватноста и личниот простор на другите. Не чепкајте нешто што е во туѓа сопственост, особено светите и религиски работи. Тоа е забрането.rnrn18. Најпрво бидете искрени кон себе. Не можете да бидете внимателни и да им помогнете на другите ако не сте прво внимателни кон себе и не си помагате себеси.rnrn19. Почитувајте ги туѓите верски убедувања. Своите уверувања не им ги наметнувајте на другите.rnrn20. Споделувајте ја вашата среќа. Учествувајте во давањето милостина.rnrn3-20 mudrosti so chija pomosh kje pronajdete mir-www.kafepauza.mk_

  • Како да простите на некого што не ја заслужува вашата прошка?

    Како да простите на некого што не ја заслужува вашата прошка?

    Лесно е, и разбирливо да се чувствувате гневно кога некој ќе ве повреди, но гневот само ја влошува ситуацијата. Најдоброто (но не и најлесното) нешто што можете да го направите кога некој ќе ви згреши е да му простите. Дури и ако не бара или не заслужува, вие сепак простете му. Без разлика дали станува збор за челен од семејството или бивш партнер кој ве повредил, вие го заслужувате мирот кој доаѓа со простувањето.rnrnkako-da-mu-prostite-na-nekoj-koj-ne-ja-zasluzhuva-vashata-proshka-kafepauza.mkrn

    1. Прифатете ги вашите околности

    rnГневот настанува поради желбата за промена на околностите. Кога ќе научите да прифатите дека нешто веќе се случило и дека нема враќање назад, ќе се чувствувате многу подобро.rn

    2. Простете си самите

    rnКога му простувате на поранешниот партнер, вие го правите тоа за вас. Не заслужувате да се чувствувате повредено и гневно заради него бидејќи тоа нема никаков ефект на него. Простете, не за него туку за вас.rn

    3. Заменете ги чувствата на повреденост со чувства на љубов

    rnКога ќе имате повеќе љубов, ќе имате и повеќе разбирање за оние кои ве повредиле. Обидете се да сочувствувате со тие личности и ќе го достигнете мирот кој ви е потребен. Важно е да знаете дека простувањето не се случува преку ноќ, па и способноста да сакате некој што ве повредил нема веднаш да се појави. Бидете трпеливи додека учите како да сакате.rn

    4. Молете се за помош

    rnБез разлика на вашите верувања, побарајте помош за да простите. На овој начин ќе ја добиете потребната сила да ги оттргнете болката и гневот, и да ги замените со љубов и разбирање.rn

    5. Претворете ја болката во нешто позитивно

    rnУчете од својата болка и претворете ја во нешто позитивно поставувајќи си го прашањето: „Како може моето искуство да им помогне на другите?“ Најдобриот начин да простите е да го смените вашиот негативен став во благодарност. Вашите искуства и примери секогаш можат да му помогнат на некој друг.rnrnПростувањето е процес кој трае, па дури и кога ќе му простите на некој може да се појават горчливи чувства. Чувството дека не можете да простите некому, без разлика колку се обидувате, може да биде фрустрирачко. Но ако навистина се посветите на прошката, таа ќе се појави. Само бидете трпеливи и обидувајте се секој ден.rnrnНаучете и како да си простите себеси за направените грешки.

  • Како љубезноста може да ви помогне да постигнете внатрешен мир?

    Како љубезноста може да ви помогне да постигнете внатрешен мир?

    Ако сакате да бидете гласот на мирот во светот, почнете така што ќе го направите мирот постојан во својот живот. Вие веќе знаете како да го направите тоа, длабоко во себе, па сè што ви е потребно е проширување на свесноста и одлучност за да го чуете повикот на љубовта, простувањето и добрината. Следуваат неколку идеи за кои можете да размислите…rnrnКако љубезноста може да ви помогне да постигнете внатрешен мир?rn

    1. Мора да понудите мир за да го добиете

    rnРазмислувајте за себе како мирољубива личност. Обрнете внимание на несвесното наметнување на егото и начинот на кој тоа може да ви предизвика судир со околината. Обидете се да си кажувате: „Денешниов ден ми е предизвик“, наместо: „Не ми се верува дека 15 минути чекам во ред!“ Дозволете ѝ на љубовта да ги води вашите дела, а не на егото.rn

    2. Запомнете дека жалењето носи само немир, додека пак комуникацијата е клучна за мир

    rnМожете да се ослободите од жалењето така што ќе заборавите на навиката да „впивате“ сè во себе. Добро е и да почнете да вежбате да простувате. Ако сте лути некому, работете на тоа да комуницирате со оваа личност и да го решите проблемот. Доволни се само неколку моменти поминати во расправање за да ви повикаат немир во животот што со денови може негативно да ви влијае така што ќе ви создава анксиозност.rn

    3. Подарете си моменти само за себе, секојдневно

    rnИако станува збор за само неколку моменти, во денот ова е клучно за проширување на свесноста. Исклучете ги внатрешните дијалози и повикајте си го внатрешниот мир. Ова е најсигурниот начин да ја ослабите контролата на егото и да се придвижите кон внатрешната визија за мирот што е ваше право од раѓање.rn

    4. Потсетете се дека најдобрата техника за мир во животот е да бидете љубезни

    rnБез разлика на тоа со што се соочувате, ова е единствениот и најефикасниот метод за побудување на чувството за мир. Ако се научите постојано да пристапувате и да одговарате љубезно, не постои сила што ќе ви го наруши внатрешниот мир што љубезноста со себе го носи. Мирот доаѓа кога ќе станете онаа личност што лечи, а не онаа што суди!rnrnПронајдете го внатрешниот мир и според вашиот хороскопски знак!