КАФЕ ПАУЗА

Tag: минимализам

  • Минималистички постери за познатите филмови

    Минималистички постери за познатите филмови

    Ема Батлер е креаторка на овие минималистички постери за неколку познати филмови. Постерите ги карактеризираат препознатливи предмети, реквизити и облеки користени во неколку филмови, кои ù се нејзе омилени.Минималистички постери за познатите филмовиМинималистички постери за познатите филмовиМинималистички постери за познатите филмовиМинималистички постери за познатите филмовиМинималистички постери за познатите филмови

    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————

    rn

    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 60 минималистички реклами

    60 минималистички реклами

    „Помалку е повеќе“. Да, но, за дизајнерите вистински предизвик е да најдат креативно решение за да „кажат“ сè што треба со помалку. Оние кои успеваат, ни презентираат неповторливи идеи, кои се интересни за гледање и истовремено остануваат запаметени. Што мислите, дали овие постери ја постигнале целта?Минималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички рекламиМинималистички реклами
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Апартман направен од 25.000 пинг-понг топчиња

    Апартман направен од 25.000 пинг-понг топчиња

    Апартманот на Даниел Аршам во Бруклин е малечко место во кое сите би посакале да живеат. Неговата површина изнесува само 8,5 метри квадратни, а декорот е елегантен и минималистички, принудувајќи ве да се заљубите во прекрасно смислениот простор.rnrnАпартман направен од 25 000 пинг-понг топчињаrnrnСтанчето е всушност поткровје на објектот каде што се сместени канцелариите на Snarkitecture, архитектонската фирма во која Аршам е партнер. За него овој стан овозможува само две функции, а тоа се спиењето и пресоблекувањето. Ѕидовите на апартманот изгледаат како огромен пикселен екран, кој преминува од сиво кон бело, гледајќи од подот кон таванот. Таканаречените пиксели всушност се илјадници пинг-понг топчиња, или попрецизно 25.000.rnrnАпартман направен од 25 000 пинг-понг топчињаАпартман направен од 25 000 пинг-понг топчињаrnrnОстатокот од местото е уреден едноставно. Аршам во апартманот сместил еден кревет, поставил неколку вградени полици и плакар, каде што чува дел од својата гардероба. Најинтересно, а воедно и најсмешно, е тоа што за да влезе во својот стан, Аршам мора да се качи по скала која се наоѓа во тоалетот на една од канцелариите.rnrnАпартман направен од 25 000 пинг-понг топчињаrnrnАпартманот, кој нормално е направен од неговата фирма, бил изграден за 2 месеци и чинел помалку од 100 долари по квадрат. Како и да е, очигледно дека некоја продавница за спортска опрема извлекла најголем профит од создавањето на овој интересен апартман.rnrnАпартман направен од 25 000 пинг-понг топчиња
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Закопан (Buried)

    Закопан (Buried)

    Минималистички и клаустрофобичен филм за неочекуваните кошмарни животни пресврти и за борбата за живот до последната секундa rnrnЗакопан (Buried)Режија: Родриго КортесrnrnСценарио: Крис СпарлингrnrnУлога: Рајан РејнолдсrnrnВреметраење: 95 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 29 септември 2010rnrnЖанр: трилер, мистерија, драмаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8/10rnrn____________________________________________________________________________________________rnВо кинематографска ера кога специјалните ефекти се филмско „добро утро“ и сé помалку се снима, а се повеќе се доработува и дошминкува на компјутерските монитори, вистинска реткост е да се види минималистички филм кој се враќа на голата суштина на работите – сé што е потребно е креативно сценарио, инвентивна режија и глумец кој не се плаши да превземе ризик. Токму по таа формула е работен филмот „Закопан“ во кој постојано пред камерата имаме само еден актер, Рајан Рејнолдс, а апсолутно целото дејствие се одвива во дрвен ковчег, под земја. Иако филмската траекторија на моменти малку паѓа, што е прифатлив ризик со оглед на тоа дека следиме час и половина дејство кое се одвива на метар квадратен, сепак сценаристот и режисерот наоѓаат креативни начини да не вратат на патеката, што за приказна со волку „ограничувачка“ основа е вистинска умешност.rn____________________________________________________________________________________________rn.rn

    rn

    Приказна: Пол е возач за американска компанија во Ирак. Откако неговата група е нападната, тој се буди во дрвен ковчег под земја, а оставен му е само мобилен телефон со ограничено траење на батеријата и запалка. Има само неколку часа да изнајде начин за да се спаси… и би било сурово ако ви раскажам повеќе од приказната – би била како најиритантното друштво за филм (од оние кои го гледале филмот и ги извикуваат сцените пред да се случат). Затоа пуштете си го „Закопан”. Закопан (Buried) За овој филм, режисерот Родригез одлучил да биде каскадер во сите аспекти – презема толку ризици и ниту еднаш не ја одбира сигурната варијанта што просто е неверојатно. Покрај сценариото кое е доволен предизвик, за главна улога одбира актер кој е најпопуларен по романтичните комедии, Рајан Рејнолдс. Тој го носи сизифовиот товар во овој филм додека сите останати актери се јавуваат како глас преку телефонот или во кратка секвенца. Последно негово запаметено остварување е лимунадестото филмче The Proposal со Сандра Булок, додека во весниците генерално го пишуваат како мажот на Скарлет Јохансон. Но Рејнолдс сосема добро си ја завршува работата во „Закопан”. Огромен актерски тест е што на секое следно снимање, на секој следен кадар мора да се продолжи со истата емоција и со истата состојба на умот, на човек закопан под земја. Сепак, Рејнолдс се справува без притоа да го носи товарот од неговите претходни „лесни“ улогички, без да се повторува со гримасите, мимиките… Закопан (Buried)Закопан (Buried) Кинематографија: Исто како и главниот лик Пол, така и камерата воопшто не излегува од дрвениот ковчег. Мајсторство е да се изнајдат доволно агли за снимање во толку ограничен простор, а сето тоа да не изгледа смешно како зумовите на лице во сапунските серии. Тука камерата е динамична и воопшто не се чувствува „заседнатост“ и статичност. Воедно светлото во „Закопан” доаѓа од извори како запалка, мобилен телефон или халогени светилки. Има моменти кога се наоѓаме пред целосно темен екран каде се слуша само дишење или панично удирање по дрвениот ковчег. Но токму тоа го прави целиот филм интересен за гледање, атмосферата како и вие да сте со Пол во сандакот. Закопан (Buried)Кога и како да го гледате: Филмот е „Закопан”, па најдобро е додека го гледате и вие да се закопате, метафорички кажано. Значи идеалната атмосфера е во темна соба на голем телевизиски екран и по можност сами, нормално доколку не сте премногу плашливи. Ова не е попладневно филмче за после работа, пуштете го на оние одбрани филмски вечери со пуканки и сокче. И нормално уште една препорака која најверојатно ја насетувате покрај сé кажано – не треба да го гледаат луѓе кои имаат страв од затворен простор.Закопан (Buried)

    rnrn

    rn

    rn

    Интересни факти за „Како ја запознав мајка ви“

    rn

    rn

  • ZIIIRO: Неверојатно кул часовник

    ZIIIRO: Неверојатно кул часовник

    rn

    Колку ви е важен состанокот со колегите или пак резервираната вечера? Дали ќе има големо влијание ако задоцните неколку минути? А, ако се замислите подобро, во овие модерни времиња, сите имаме часовник на својот мобилен телефон што ни го покажува точното време во часови и минути. Ова значи дека слободно можете да експериментирате со додатокот што ќе го ставите на вашиот рачен зглоб… нешто минималистичко, моден детаљ, нешто модерно и впечатливо.(1) ZIIIRO: неверојатно кул часовник ZIIIRO часовниците се перфектно надополнување на вашиот животен стил. Делот што се наоѓа во средината на овие часовници кој всушност го покажува времето, може да се отстрани и да се замени со друг, во друга боја. Еден ден имате црн часовник, а веќе следниот, ќе ги изненадите сите околу вас со жолт.(2) ZIIIRO: неверојатно кул часовникИнаку, делот што се менува, се состои од два ротирачки кругови кои избледуваат кон едниот крај, а со другиот крај со којшто ги покажуваат минутите и часовите, завршуваат во полукруг. Часовникот навистина претставува прекрасна уметност за време. Доаѓа во две варијанти во зависност од материјалот и во мнооогу бои.(3) ZIIIRO: неверојатно кул часовникИсто така постои и бесплатна апликација за iPhone со ист интерфејс како и часовнициве и истата можете да ја преземете бесплатно од Apple Store.(4) ZIIIRO: неверојатно кул часовник

    rn

    rn

  • Модерна и минималистичка куќа

    Модерна и минималистичка куќа

    Дизајнирана од Ong & Ong, оваа куќа во Сингапур претставува многу добар пример за минимализам и за модерното во денешниот свет на архитектурата. Иако е неверојатно современа и модерна, таа е сепак во баланс со едноставноста на природата околу неа. Куќата се базира на концепт за создавање отворен простор, исполнет со многу светлина, а сепак доволно приватен за да биде пријатен за живеење. Првиот спрат е направен од фино исполирани ѕидови коишто водат директно до базенот.(1) Модерна и минималистичка куќаБазенот, заедно со градината, ја дели куќата на два дела и со тоа ја прави одлично место за релаксација и дружење со најблиските пријатели или семејството. Вториот спрат пак, комплетно е резервиран за големата спална која преминува во работна соба и за бањата. Ентериерот е направен во минималистички стил со скриени ТВ и музички елементи.(2) Модерна и минималистичка куќа(3) Модерна и минималистичка куќа(4) Модерна и минималистичка куќа(5) Модерна и минималистичка куќа(6) Модерна и минималистичка куќа(7) Модерна и минималистичка куќа(8) Модерна и минималистичка куќа(9) Модерна и минималистичка куќа(10) Модерна и минималистичка куќа(11) Модерна и минималистичка куќа(12) Модерна и минималистичка куќа(13) Модерна и минималистичка куќа(14) Модерна и минималистичка куќа