Доколку во вашиот стан немате ништо од овој список, променете го тоа што побрзо, затоа што едно истражување покажало дека токму овие нешта го зголемуваат задоволството. А вие како и сите луѓе во светот, сакате да уживате во вашиот дом, од кој очекувате да ви пружи удобност и засолниште од надворешниот метеж.rn
1. Зелени или жолти ѕидови
rn
rnrnИстражувањето кое било објавено од еден американски универзитет вели дека од целата палета бои овие две нијанси најмногу го поттикнуваат чувството на среќа. Знаеме дека е голема промена ако ги бојадисате ѕидовите зелени или жолти, па затоа за почеток експериментирајте само со декорации во овие бои на одредени ѕидови.rn
2. Свежо цвеќе
rn
rnrnНаучниците покажале дека свежото цвеќе ги активира хормоните за среќа и го зголемува чувството на среќа во животот. Затоа одете до најблискиот пазар или цвеќара и купете го она свежо цвеќе кое најмногу ви се допаѓа.rn
3. Фотографии
rn
rnrnДоколку на вашата тоалетна масичка покрај креветот моментално има место само за книги, полнач и чаша вода, тогаш што поскоро заменете ги со вашите омилени семејни фотографии. Истражувањата покажуваат дека таквите фотографии евоцираат среќа и чувство на мир и спокојство.rn
4. Дневник
rn
rnrnТренингот и медитацијата помагаат да ја исфрлите негативната енергија од себе и да оставите простор за позитивно размислување. Меѓутоа, доколку немате време за тренинг или медитација, обидете се со пишување дневник бидејќи е докажано дека се постигнува истиот ефект.rn
5. Куче
rn
rnrnМногу истражувања потврдуваат дека кучето навистина е најдобриот човеков пријател и дека секој миленик на својот сопственик му причинува огромно задоволство и среќа. Домашните миленици исто така го подобруваат и квалитетот на живот на својот сопственик, како и му овозможуваат безрезервна љубов и поддршка.rn
6. Наместен кревет
rn
rnrnМожеби ви изгледа смешно, но обидете се местењето на вашиот кревет да ви стане утринска рутина, за да го започнете денот добро и организирано. Според резултатите од истражувањата, 71 процент од луѓето кои го местат својот кревет секое утро се сметаат себеси за среќни луѓе, додека 62 проценти од тие што не го местат се чувствуваат несреќно.rn
7. Минимализам
rn
rnrnНаучниците велат дека постои врска помеѓу хормонот кој предизвикува стрес и луѓето кои поседуваат куќи и станови со огромен број предмети. Колку повеќе покуќнина имате во вашиот дом, толку повеќе доживувате стресни искуства, затоа што неуредните домови луѓето ги поврзуваат со неуспех. Смалете го нередот и зголемете ги шансите за среќа и благосостојба.

rnrn






























rn
rn
rn




























rnrnСето тоа го дознаваме додека тој од непознати причини вози кон Лондон. Се јавува на еден колега, па на друг, па на своето семејство, па на некоја познаничка… Се труди да остане смирен и да ги држи работите под контрола, но полека се добива впечаток дека не ги држи работите така цврсто во своите раце и дека целиот живот му се руши дел по дел додека тој, од некоја причина, упорно се труди вечерта да стигне во Лондон.rnrn
rnrnШто се случува понатаму ќе откривате малку по малку од телефонските разговори помеѓу Лок и неговите соговорници. Нека не ве чуди тоа што сите слики во овој пост се слични една на друга, затоа што нема да видите поинаков кадар во текот на целото времетраење на филмот. Седнавте ли да го гледате „Лок“, тргнувате на 84-минутно возење со Том Харди и една од неговите најдобри изведби досега. Тој го носи целиот филм на својот грб и додека е единствениот актер кој се појавува во филмот, успева да му даде голема драматичност и од него да направи одличен трилер. Неговата улога е добар пример за минимализам во филмот и покажува колку малку е потребно за тој да биде едноставен, а во исто време тензичен. Овој филм е вистинско освежување. Тој е нешто поинакво од повеќето филмови на кои не навикнала филмската индустрија.rnrn
rnrn rnrn


















rnrnЗа да го направи просторот пофункционален, Жуков одбрал мебел со помали димензии кој изгледа недовршено и рапаво, баш како во поткровјето да живее маж. Ѕидовите ги оставил сиви, а целиот простор изобилува со челични елементи и сообраќајни знаци. Еден од најинтересните детали е импровизираното лебдечко биро поставено веднаш над креветот, а до кое се стигнува преку метални скалила закачени на ѕидот.rnrn





rnrn rnrn

















rnrn rnrn