„Су Ами“ е семејна компанија од Виетнам, која создава прекрасни и слатки плетени животни, а некои од нив се долги само 6 мм. Малата фабрика се состои од 5 плетачи, а е именувана според прекарот на најмладиот член од семејството, чија симпатија кон разни филмски карактери и животни, ја создала идејата за започнување на овој бизнис. Малечките креации се неверојатно детално изработени, премногу се слатки и со сигурност би го израдувале секое детенце, а богами и возрасните лица. Нивната цена е прилично висока, но сигурни сме дека и нивната изработка е доста сложена. Се продаваат на сајтот Etsy.rnrn
Таканори Аиба создава тридимензионална уметност која е комбинација од неговото знаење и искуство како илустратор и архитект. Но, она што ги прави неговите дела толку многу уникатни се деталите кои едноставно ќе ве остават без зборови. Секоја негова скулптура е како минијатурен свет, преполн со живот и приказни. Погледнете ја неговата досегашна колекција и обидете се детално да ја анализирате. Многу брзо ќе забележите дека колку подолго ја набљудувате скулптурата, толку повеќе нови работи ќе ви го примавуваат погледот…rnrnХавајскиот резорт Пајнепл, димензии: 42 см x 42 см x 70 смrnrnКулата Амбалажи од сладолед, димензии: 60 см x 40 см x 85 см (1)rnrnКулата Амбалажи од сладолед, димензии: 60 см x 40 см x 85 см (2)rnrnКулата Амбалажи од сладолед, димензии: 60 см x 40 см x 85 см (3)rnrnХотел де Мишелин, димензии: 50 см x 50 см x 87 см (1)rnrnХотел де Мишелин, димензии: 50 см x 50 см x 87 см (2)rnrnСветилник А, димензии: 18 см x 28 смrnrnСветилник Б, димензии: 20 см x 37 смrnrnРок алјенд, димензии: 30 см x 30 см x 72 см (1)rnrnРок алјенд, димензии: 30 см x 30 см x 72 см (2)rnrnБонсаи Б, димензии: 42 см x 37 см x 48 смrnrnrn
Зарем не ви изгледаат овие минијатурни оброци доволно вкусни за да ги изедете? Би било добро ние луѓето да можевме да се задоволиме со вакви 3-4 мини оброци дневно – сигурно сите ќе бевме слабички и витки. Во случајов станува збор за рачно изработени скулптури од страна на израелскиот артист Шај Арон, кој очигледно ја има усовршено техниката на „готвење“ глинена храна. Уште повеќе, тој ги продава неговите мини гозбички на Etsy како накит. Би сакале да носите ѓерданче со приврзок печурка, обетки на кои висат две „печени“ кокошки или прстенче со пржено јајце на око? Колку ваквиот накит би се сложувал со останатиот сталјинг е тешко прашање, но едно е сигурно – ќе се чувствувате интересно додека го носите и дефинитивно ќе бидете забележани, бидејќи секој ќе ви започне муабет од типот: „Леле дали е тоа јајце на око на твојот прст? Ммм, баш ми се пријаде во моментов.“ 🙂rnrn
Интересно е како сите оние предмети кои нè опкружуваат секојдневно можат да бидат толку слатки кога се изработени во мали димензии. Навистина е потребна прецизност, креативност, а и стрпливост за да се изработат вакви минијатурни предмети, особено оние со многу детали. Очигледно, идеите можат да се црпат од буквално сè околу нас, но авторите често пати се трудат да создадат и некаква приказна. Направивме избор од неколку фотографии со минијатурни предмети за ваше уживање.rnrnrnrn rnrn
Автор: Петар ТодоровскиrnrnКолекцијата фотографии „Мал свет“ на американскиот фотограф Курт Мозес е најкраткиот пат до некој свет од фантазијата. Во него секојдневните ситуации се сместени во несекојдневна околина, и тоа без употреба на Фотошоп и слични алатки, туку само со користење на природна светлина.Курт оваа колекција ја направил со помош на својата сопруга, со којашто тргнале на патување за да ги најдат совршените локации за фотографирање. Иако повеќето им биле однапред замислени, помеѓу овие фотографии има и такви кои се направени при моменталната инспирација на Мозес.rn
За „Мал свет“ тој вели: „Мојата цел беше едноставна: да направам фотографија со приказна, која ќе буди емоции и ќе му дозволи на гледачот да извлече сопствени заклучоци за сцената која ја набљудува“.
Канаѓанката Софија Молнар после 13 годишното живеење во Јапонија, ја открила и другата страна на јапонскиот специјалитет – сушито, и почнала да изработува неверојатни минијатурни прстени. Необичните прстени на кои се послужени разни видови јадења од суши, колачиња, кафе се вистинско креативно уживање. Тие изгледаат толку вкусно, што веднаш ќе посакате да ги вкусите!rnrnrnrnСекој прстен е уникатен и правен со посебна внимателност. При рачната изработка, Софија користела различни видови пластика, метал, керамика и уште многу други материјали. Прстените се наменети да се носат во специјални прилики – кога сакате да се забавувате и да изгледате интересно, или пак едноставно кога сакате да внесете малку живост во вашиот живот. Овие необични прстени воопшто не се скапи, и можете да ги купите преку интернет.rnrnrnrnПрстените може да ги комбинирате со обетки, магнети, копчиња направени во препознатливиот стил на Софија.rnrnПогледнете уште некои од вкусните прстени на Софија.rnrn
Оваа серија макрофотографии е наречена „Disparity“, а нејзин креатор е Кристофер Бофоли, автор, фотограф, уметник и режисер кој живее и работи во Сиетл, Вашингтон. Неговите фотографии се зачинети со многу мали човечиња, кои извршуваат некакви работни обврски врз невообичаени предмети, што на делата им дава некаков реален и забавен шмек. Без разлика дали станува збор за хигиеничар кој го чисти сенфот од хот-догот или младо момче кое ја коси брокулата, неговата имагинација е на врвно ниво, а фотографиите се оригинални и живи.rnrnrnrn rnrn
Најубавите моменти во животот никогаш не траат долго, како што се релаксирачките мигови поминати на убава песочна плажа, страсното бакнување со вашиот љубен партнер на клупата во паркот на почетокот од вашата врска, нуркањето под вода меѓу водниот свет или посетата на вашиот омилен музеј во кој првпат во вашиот живот видовте скелет од диносаурус.rnrnrnrnЈапонскиот артист и архитект Akinobu Izumi креирал еден педантно изработен паралелен свет, во минијатурен облик. Серијaта ја нарекол „A Tiny World in a Bottle“, а сцените од животот ги сместува во малечки теглички, кои дефинитивно ќе ве потсетат на тие кратки, совршени моменти кои никогаш нема да избледат од вашата меморија.rnrnrnrnЗа нивната изработка тој прави минијатурни скулптури кои прецизно ги сече од парче хартија, користи малку плута и кога е потребно, во тегличката сипува течен парафин за да создаде ефект на пливање во вода. Потоа тој ги продава овие теглички како сувенирчиња на сајтот Etsy shop, а нивната цена се движи од околу 23 до 29 американски долари. Ако сакате може да ви стави и врвка, во боја по ваш избор. Досега има продадено 149 парчиња.rnrnrnrnЗнаете како велат: „Добрите работи доаѓаат во мали пакувања“. Додека повеќето од нас го поминуваат денот седејќи пред компјутер или гледајќи телевизија, овој токиец напорно работи на креирањето на еден паралелен универзум. Убаво погледнете низ стаклото и ќе забележите колку е едноставно да си ја визуелизирате сцената во реален формат.rnrnrnrnПогледнете го животот низ призма на минијатури и преку креативните дела на Terada Mokei.rnrn rnrn
Погледнете неколку секојдневни сцени направени од минијатурни хартиени модели. Дело се на Terada Mokei.Сте ги гледале ли минијатурните творби на Ален Тегер, кој сцените ги поставува на голо човечко тело?rnrnrnrn