Најголем број милионери живеат во САД открива најновото истражување на Henley Global Citizens Report. Дури пет градови од листата на топ 10 се наоѓаат овде. Тоа се Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Чикаго и Хјустон.rnrn
rnrnТака, Њујорк е на врвот на листата со дури 345.600 поединци чие богатство се проценува на повеќе од 1 милион долари. На второ место е Токио со 304.900 милионери, а по него следува Сан Франциско со 276.400 милионери.rnrnНа листата на 10-те градови со најголем број милионери се најдоа и Лондон, Сингапур, како и кинеските градови Пекинг и Шангај:rnrn1. Њујорк, САД, 345.600 милионериrnrn2. Токио, Јапонија, 304.900 милионериrnrn3. Сан Франциско, САД, 276.400 милионериrnrn4. Лондон, Обединетото Кралство, 272.400 милионериrnrn5. Сингапур, 249.800 милионериrnrn6. Лос Анџелес, САД, 192.400 милионериrnrn7. Чикаго, САД, 160.100 милионериrnrn8. Хјустон, САД, 132.600 милионериrnrn9. Пекинг, Кина, 131.500 милионериrnrn10. Шангај, Кина, 130.300 милионериrnrnOткако прочитавте за ова најново истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најдобрите градови за живеење во овој момент.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Tag: милионери
-

Кои се 10-те градови со најмногу милионери во светот?
-

10 работи што можат да си ги дозволат многу мал број луѓе во светот
За поголемиот дел од светот, стан се купува на кредит, автомобил се издава под закуп, а одморите се отплатуваат на кредитна картичка до 24 месеци. Милионерите припаѓаат на оној мал број луѓе во светот кои не треба да размислуваат за пари.rnrnЕве како ги трошат своите пари и што можат да си дозволат.rn
1. Мегајахти од половина милјарди долари
rnМилионерите купуваат јахти, а милијардерите мегајахтите. Во 2010 година, Роман Абрамовиќ ја купи суперјахтата Еклипс, за која плати неверојатни 500 милиони долари.rnrn
rn2. Скапи уметнички дела
rnНајскапата слика некогаш продадена на аукција е дело на Леонардо да Винчи наречено Салватор Мунди (Спасител на светот). Масло на платно од 1500 година, на кое е претставен Исус Христос, продадено на аукција во Кристис за 450 милиони долари. Муштеријата? Саудискиот принц Бадр бин Абдулах бин Мохамед бин Фархан Ал Сауд.rn
3. Куќа од 100+ милиони долари
rnНајбогатите луѓе во светот живеат во најскапите домови сместени во изолирани и добро обезбедени места и вклучуваат монументален имот со хелиопади, приватни спортски сали, кина, базени, џакузи и други луксузи. Џеф Безос го купи најскапиот имот во Калифорнија во февруари годинава, поточно дом во Беверли Хилс вреден 165 милиони долари. Од друга страна, најбогатиот Индиец живее со своето семејство во облакодер вреден 2,2 милијарди долари.rn
4. Вселенско патување
rnЗа вселенскиот туризам многу се зборува со години, но не е постигнат напредок во приближувањето на оваа активност до „обичните луѓе“. Наса троши 60 до 150 милиони долари за лансирање ракети во вселената, а првиот патник кој патуваше во орбитата на Земјата беше Денис Тито. За оваа авантура плати 20 милиони долари.rn
5. Учество во филм
rnНекои богати луѓе навистина мораат да работат напорно за да се најдат на излегувањето на голем филм како што се филмовите на Стивен Спилберг. Другите ги вложуваат своите пари во филм и добиваат продукциска титула.rn
6. Сопствен авион
rnМилионери летаат од прва класа и изнајмуваат приватни авиони. Но, само милијардерите можат да си дозволат сопствен авион и да плаќаат висока цена за одржување. Модел како „Галфстрим Г650“ се продава за 65 милиони долари.rn
7. Приватна подморница
rnКој размислува да нурка 20.000 милји под вода? Милионерите. Тие лесно можат да си дозволат приватна подморница како Тритон, која чини околу 48 милиони долари и може да стигне до самото дно на океанот.rn
8. Ретро спортски автомобил
rnМожеби вие ќе издвоите околу четвртина милиони долари за новиот модел на Тесла. Но, ако сакате да возите ретки колекционерски предмети како Ferrari 250 GTO од 1962 година, ќе мора да издвоите неколку десетици милиони долари. Направени се само 39 примероци од овој модел, а на приватна аукција во 2014 година, еден беше продаден за цели 38 милиони долари.rnrn
rn9. Зграда со сопственото име
rnПотребни ви се неколку стотици илјади долари за да основате фондација со свое име. Но, ако сакате вашето име да биде на зграда, ќе мора да издвоите од 15 до 20 милиони долари. Бостонскиот магазин еднаш објави дека ова се цените за именување делови во бостонските болници, односно на фасадите на важни згради.rn
10. Фонации за кучиња
rnШто би се случило со вашето омилено милениче во случај на ваша смрт? И богатите размислуваат за тоа.. Наследничката на големата хотелска империја, Леона Хелмсли, му остави дел од хотел на своето кученце кој е вреден околу 12 милиони долари.rnrnПрочитајте кои се 12-те погрешни верувања за богатите луѓе.
-

8 причини поради кои сè уште немате мало парично богатство
Експертите сметаат дека постојат многу потенцијални милионери. Но за да станат тие луѓе милионери, мораат да искоренат некои лоши навики. Погледнете за кои навики станува збор.rnrn
rn1. Претерано трошите
rnНе сте единствени ако уживате во трошењето пари. Всушност, според некои истражувања дури 52% од луѓето ги трошат своите пари од навика. Поголемиот дел земаат пари од својата заштеда, а 22% од кредитни картички. Ако секој месец ги трошите сите ваши пари, немате никакви шанси да се збогатите. Време е да почнете да обрнувате внимание на што ги трошите парите секој месец, и обидете се да ги намалите трошоците така што ќе направите реалистичен месечен буџет.rn
2. Не штедите доволно
rnИако мал број луѓе успеваат да заштедат, ако сакате да бидете богати тоа треба да ви биде приоритет. Обидете се секогаш кога ненадејно ќе ви останат вишок пари да ги тргнете настрана.rn
3. Имате премногу долгови
rnВерувале или не, одредени долгови можат да бидат добар предуслов за финансиски успех, како на пример промена на работното место или купување недвижнини. Од друга страна пак, кога ги враќате долговите, секогаш враќајте ги прво оние со највисока камата.rn
4. Немате план
rnНе можете да станете богати без јасно дефиниран план. Можеби не ви звучи најинтересно да правите финансиски план, но морате да се навикнете на тоа.rn
5. Немате фонд за итни случаи
rnМорате да имате фонд за итни случаи во кои сте вложувале барем во последните 6 месеци. Како што и самите знаете животот е непредвидлив, па кога не сте осигурени на овој начин, дури и најмалата незгодна ситуација може да прерасне во катастрофа.rn
6. Доцна сте почнале
rnВремето лета, а најтешко е да започнете нешто. Можете да заштедите малку дури и иако имате долгови, мали примања и многу трошоци.rn
7. Наместо да направите нешто, постојано се жалите
rnАко постојано мислите дека не заработувате доволно, дека никогаш нема да ги платите долговите или дека животот е премногу скап, престанете. Ништо нема да се промени ако не го промените начинот на размислување. Престанете да барате изговори и да се жалите. Преземете одговорност за вашите навики и променете ги.rn
8. Живеете само за денес и не мислите на утре
rnНикому не му е забавно да размислува за далечната иднина, но понекогаш морате да го направите и тоа. Направете си услуга и применете го принципот „Заштеди сега, збогати се подоцна“. Ако вложите во едно нешто, можеби ќе имате среќа. Но, тоа е како да играте лотарија. Вложете ги парите на повеќе страни.rnrnПогледнете ја и оваа едноставна мудра за привлекување богатство.
-

9 практични совети од најбогатите луѓе во светот
Според статистичките податоци, половина од милионерите сами си ги заработиле парите. Тоа значи дека не е толку невозможно да се стане милионер. Прочитајте ги најмудрите совети поврзани со заработувањето, штедењето и вложувањето пари кои ќе ви помогнат да му се доближите на вашиот сон…rn
1. Правилото 50/30/20
rn
rnrnОва правило може да се искористи за управување со буџетот. Тоа ја дели вашата заработка во 3 категории:rn- rn011
- Првата категорија се работи неопходни за живот. 50% од парите треба да трошите на месечните трошоци, како што се кирија, превоз, храна и средства за домаќинство.
- Втората категорија се личните трошоци. Тоа значи дека можете да искористите 30% од вашата плата за забава, шопинг, хобија и сѐ друго што ве прави среќни.
- Последната категорија се заштедите. 20% од вашите пари треба да одат право во банка. Следете го советот на милионерот Грант Кардон:
rn011
rn011
rn
rn
„Префрлете ги вашите заштедени пари на сигурни и недопирливи сметки. Никогаш не ги користете овие сметки, дури ни за итни случаи. До ден денес, барем 2 пати годишно останувам без пари, затоа што вложувам во сметки до кои немам пристап.“
rn
2. Купувајте производи на големо и на распродажба
rn
rnrnНе би помислиле дека ќе добиете ваков совет од милионер. Но, сите можеме да се согласиме дека ваквиот начин на купување може да заштеди многу пари. Ова правило се однесува на производите што ќе ги искористите и нема да ги фрлите.rn„Тешко е да си ги вратите парите од редовните влогови. Подобро ќе биде доколку купите паста за заби за 2 години што сте ја начекале на 50% попуст. Така веднаш ќе ви се вратат вложените пари. Станува збор за вистинска заштеда што ќе можете да си ја ставите во џеб.“ – Марк Кјубан
rn
3. Не користете кредитни картички
rn
rnrnДоколку имате кредитна картичка во паричникот, тоа ќе ве поттикне веднаш да си купите што сакате, без разлика дали можете да си го дозволите. Но, кога користите кредитни картички за да купувате, тоа значи дека трошите пари што ги немате. Освен тоа високите камати ги прават вашите трошоци уште поголеми.rn„Кредитните картички се најлошата инвестиција што можете да ја направите. Парите што ги заштедувам поради тоа што немам долгови се многу подобри од заработките што можам да ги добијам преку вложување пари на берза.“ – Марк Кјубан
rn
4. Обидете се да купувате од произведувачите
rn
rnrnПред да купите нешто од продавница, запрашајте се дали можете да го купите истиот производ директно од произведувачот. Најчесто можете да го нарачате производот за многу пониска цена. Понекогаш, можеби од вас ќе се бара да купите минимален број на производи за да можете да ја извршите нарачката. Во тој случај, предложете им на пријателите да купувате заедно.rn„Плаќавме за органски производи и цените нѐ убиваа. Па, затоа се запрашав како продавницата ја добива храната. Истражував, му се јавив на произведувачот и ги дознав критериумите за да се изврши нарачка. Минималната нарачка требаше да изнесува 250 долари. Почнавме да земаме нарачки од нашите пријатели и храната ни ја доставуваа пред врата.“ – Џерод Сеслер
rnПродолжува на следната страница…rnrn
-

Новинар проучил повеќе од 500 милионери и дошол до интересни заклучоци
Пред околу 80 години, новинарот Наполеон Хил ги проучувал и споредувал животите на повеќе од 500 најбогати и најуспешни бизнисмени во Америка. Резултатите од истражувањето ги опишал во неговиот бестселер „Мисли и збогати се“ (Think and Grow Rich), каде навел и 13 принципи што можат да доведат до богатство.rnrn
rnrnНеговиот 10-ти принцип се вика „Мистеријата на трансмутацијата на сексот“. Според овој принцип, љубовта и страста се клучните елементи од кои зависи богатството и успехот.rn„Страста е најмоќната човечка сила. Мажите кои ги имаат најголемите достигнувања се мажи со високо развиена способност да љубат… Мажите кои стекнале големи богатства биле мотивирани од влијанието на жената“, напишал Хил.
rnДури и денес, речиси половина век подоцна, постојат луѓе кои го делат истото мислење.rn
„Најважниот избор во кариерата што ќе го направите е изборот на сопружник“, изјавила Шерил Сандберг, извршна директорка на Фејсбук чие богатство вреди над милијарда долари.
rnСпоред едно истражување спроведено на Универзитетот во Вашингтон, доколку имате совесен партнер кој секогаш ќе ви овозможува поддршка, ќе имате и поголеми шанси да добивате повисока плата.rn
„Кај вработениот кој има многу совесен сопружник постојат 50% поголеми шанси да добие унапредување, за разлика од вработениот чиј сопружник воопшто не е совесен“, објаснил еден од авторите на истражувањето.
rnСовесните и мудри партнери им даваат дозвола на нивните сакани да се фокусираат на кариерата. Освен тоа, луѓето во среќен брак се чувствуваат поопуштено кога се дома, а тоа им овозможува да бидат поенергични и покреативни на работа.rnrnИ покрај тоа што Хил анализирал само богати мажи и тоа што го пишувал било повеќе наменето за машка публика, тој дошол до заклучок дека здравата врска е најважниот фактор што води кон добра финансиска состојба. Овој принцип функционира подеднакво добро и за машкиот и за женскиот пол, дури и 80 години подоцна.
-

Овие браќа станале милионери благодарение на прашањето на нивната мајка
Во 1994 година, браќата Берт и Џон Џејкобс, кои денес се сопственици на мултимилионската компанијата „Life is Good“, добиле идеја која им го променила животот засекогаш. Имено, тие решиле да продаваат маици со куси ракави со нивен сопствен дизајн.rnrn
rnrnНивното патешествие не било воопшто лесно. Тие почнале со продажба на маици во нивното комбе на улиците на Бостон и стигнале до основање неверојатно успешна фирма. Но, тие веројатно никогаш не би успеале без нивната мајка Џоан која ги научила секогаш да ја гледаат позитивната страна на работите без оглед на сѐ.rnrn
rnrnЏон и Берт Џејкобс биле најмали од останатите 4 деца во семејството кое припаѓало на пониската средна класа. Кога браќата оделе во основно училиште, нивните родители доживеале ужасна сообраќајна несреќа. Мајка им успеала да се извлече со помали повреди, но татко им поминал многу полошо, односно неговата десна рака останала парализирана. Оваа трагедија многу влијаела на однесувањето на таткото. Тој станал нервозен и започнувал караници без никаква причина.rnrnНо, и покрај сите несреќи, мајка им сѐ уште верувала дека животот е убав. Секој ден кога целото семејство ќе се соберело на вечера, таа им поставувала на децата едно единствено прашање: „Кои убави работи ви се случија денес?“.rnrn
rn„Зборовите на мајка ми звучат едноставно, но веднаш ја менуваа енергијата во просторијата. Одеднаш сите почнувавме да зборуваме за најдобриот, најсмешниот или најчудниот дел од денот. Нашето семејство отсекогаш го имало овој оптимизам иако имавме многу малку други работи“, објаснува еден од браќата.
rnОваа мајка ги научила нејзините синови дека оптимизмот е избор што го правиме секој ден. Берт и Џон го следеле ова просто правило целиот нивен живот. Тие почнале да ја влечкаат нивната облека по бостонските улици и по 5 години продавање маици имале само 78 долари во банка. Но, не се откажале. Тие постигнале огромен успех откако одново ја брендирале и основале нивната компанија и почнале да произведуваат маици со насмеани ликови и со реченицата „Животот е убав“ (Life is good).rnrn
rnrnОвој едноставен, но позитивен дизајн ги освоил срцата на многу луѓе и до крајот на годината „Life is Good“ продала маици во вредност од 87.000 долари. Денес, нивните маици, капчиња и други производи се продаваат во илјадници продавници ширум светот, а самата компанија, чија вредност изнесува 100 милиони долари, промовира здрав начин на живот. Исто како и пред 22 години, на поголемиот дел од нивните парчиња облека стои слоганот „Life is Good“. И мора да се согласите дека не можете да противречите на тоа: Животот е навистина прекрасен! -

Сакате да бидете милионери? Погледнете како да го постигнете тоа!
Според Џон Возик, тајната за станувањето милионер се крие во математиката и навиките. Токму затоа тој ги открива овие едноставни начини со чија помош и вие можете да станете милионери…rnrn
rn1. Штедете од 10 до 15 проценти од вашата плата (или повеќе)
rnКолку повеќе штедите, толку побрзо ќе станете милионери. Едно 12-годишно истражување покажало дека оние кои штеделе околу 14% од својата плата во просек заштедувале и до 12.000 евра годишно. Доколку ги земете предвид каматите, само во тој период тие заштедиле околу 150.000 евра.rn
2. Инвестирајте во акции
rnМилионерите имаат многу пари бидејќи постојано ги вложуваат во акции ширум светот. Акциите ви даваат приходи и дивиденди, вие сте платени бидејќи сте инвеститор и преземате ризици со своето вложување. Истражувањето покажало дека оние кои имале 75% од своите пари врзани за акции и фондови, нивната заработка секоја година растела за 8,75%.rn
3. Не подигнувајте готовина
rnВашата сметка не треба да биде доживувана како касичка во форма на прасе ниту пак, како фонд за итни случаи. Стрпете се сè додека вашите пари значително не се зголемат.rn
4. Уплатувајте во сопствен пензиски фонд
rnНа страна од она што веќе го плаќате за пензискиот фонд, добро е и сами да се погрижите за ова. Од секоја плата издвојувајте мала сума која ќе оди токму за таа цел и погрижете се да не ги користите тие пари сè додека не се пензионирате.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Шангај – градот на милионерите
Денеска во Шангај живеат 23 милиони луѓе, а секој 65-ти жител е доларски милионер. Најбогати луѓе во овој град се бизнисмените, инвеститорите во недвижнини, како и професионалните инвеститори, стои во извештајот направен за милионерите од Шангај.
Во него денеска живеат 370.000 луѓе кои имаат имот во вредност од 6 милиони јуани (нешто помалку од 1 милион американски долари), што значи дека секој 65-ти човек е милионер. Од нив дури 140.000 поседуваат имот над 10 милиони јуани, што е за 6% повеќе за разлика од минатата година.rnrnПокрај нив има и 8.200 супер милионери со имот кој достигнува вредност повеќе од 100 милиони јуани, или 5,1% повеќе за разлика од лани. Дури 75% од супер милионерите се сопственици на компании, 15% се инвеститори во недвижнини, додека само 10% се професионални инвеститори.rnrnБогаташите од Шангај сочинуваат 12,9% од сите богаташи во Кина. Градот се наоѓа на високото трето место во земјата по бројот на милионери и супер милионери, веднаш зад Пекинг и Шенжен.rnrnНајбогатите луѓе во Шангај се сопственици на компании за производство на храна за свињи и компании за производство на свила. Од сите богаташи во градот, постојат дури 250 луѓе чиј имот вреди повеќе од 2 милијарди јуани. Од нив 90 луѓе се доларски милијардери.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Колку милионери има во светот
Доколку се прашувате колку милионери има во светот, одговорот ќе го добиете во зависност од тоа што подразбирате под зборот милионер. Списанието „The Economist“ известува дека постојат два „официјални“ метода кои се користат, за да се дознае колку милионери постојат во светот.rn
Мултинационалната корпорација за финансиски консултации „Capegemini“, за милионер го дефинира секој оној кој има повеќе од 1 милион американски долари кои во секој момент може некаде да бидат инвестирани. Ова означува сума во која не се вклучува недвижен имот. Според нив во светот постојат околу 10 милиони милионери.rn
Од друга страна, мега банката „Credit Suisse“ употребува една малку поинаква дефиниција. Според нив милионер е секој чии нето средства надминуваат сума од 1 милион долари. Според овие малку поинаку поставени услови, во светот има 24,2 милиони милионери. Тоа отприлика би значело 0,5% од светското возрасно население или повеќе од целото население на Австралија. Од овие 24,2 милиони милионери, 41% живеат во САД, 10% во Јапонија и 3% во Кина.rn