Автор: Петар ТодоровскиrnrnКолку и да звучи неверојатно, некои луѓе често пијат алкохол на работа, а за тоа не мора да се правдаат пред шефот. Впрочем, тоа и се бара од нив! Постојат професии кои подразбираат консумирање алкохол на работното место како дел од секојдневните работни обврски. Сепак, немојте да мислите дека овие луѓе се алкохоличари. Тие се професионалци кои не го злоупотребуваат правото да се напијат на работа.
rn
Технолог
rnПрофесијата технолог сама по себе не подразбира пиење алкохол на работното место, на ако технологот работи во погон за производство на алкохолни пијалаци, тогаш тоа е неопходно. Тој е човекот кој ги води сите операции користејќи ги неговите знаења од областа не хемијата за да создаде формула за нов пијалак или да го унапреди вкусот на оние кои веќе постојат. Водењето на секојдневните операции на ова работно место бара од технологот постојано да го дегустира она на кое што работи, со цел да го пронајде вистинскиот вкус.
rn
Сомелиер
rnСомелиер е францускиот назив за човекот кој се грижи за изборот на вина во отмените ресторани. Иако најчесто келнерот е оној којшто им нуди одредено вино на гостите, доколку тие имаат потреба подобро да се запознаат со изборот, сомелиерот е оној кој ќе им помогне. Тој е должен да го знае вкусот на секое вино кое се нуди во ресторанот и да знае кое со каква храна одговара, а покрај тоа мора да ги проба и сите останати видови алкохол кои се вметнати во менито како пиво, ликери, коктели и многу други.
rn
Критичар за ноќен живот
rnДел од медиумите кои го следат урбаниот начин на живот имаат рубрики во кои изнесуваат критика за ноќниот живот. Задачата на оној кој ја покрива оваа рубрика е да одбере некој локал, добро да се забавува, да ги проба алкохолните пијалаци што се нудат таму и да напише напис за тоа. Сепак, работата не е толку едноставна колку што изгледа. Критичарот на ноќниот живот не е алкохоличар кој пишува за неговите искуства додека лудува со неколку промили алкохол во крвта, туку човек кој добро ги познава стандардите кои се потребни во угостителството и знае од професионален аспект да напише издржана критика.
rn
Миксолог
rnРаботата на мискологот многумина ја мешаат со онаа на барменот, но постои разлика меѓу нив. Работата на барменот е да научи што е можно поголем број коктели со кои ќе ги послужи гостите, а миксологот се разликува по тоа што иновира нови комбинации. За да успее во тоа, прво ќе мора да дегустира голем број алкохолни пијалаци од разни делови на светот.
rn
Готвач
rnПретходните можат да му завидуваат на готвачот поради тоа што покрај консумирањето алкохол, неговите работни обврски подразбираат и дегустирање храна. Потребата од пиење алкохол доаѓа оттаму што при приготвувањето на одредени специјалитети може да употреби вино, коњак или друг пијалак, за што мора добро да ги познава вкусовите. Покрај тоа, учествува во составувањето на менито, па неопходно е да се запознае со вината и другите пијалаци кои одговараат со храната што ја готви.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
