КАФЕ ПАУЗА

Tag: миење

  • Неколку чекори до совршено бричење

    Неколку чекори до совршено бричење

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnrnИако е секојдневна машка работа, бричењето на лицето за многу мажи може да претставува вистинска болка. Секојдневното бричење не секогаш значи подобар изглед, туку може да донесе црвенило и непријатно чешање. Но, тоа не мора да биде така ако се следат следните неколку совети.Неколку чекори до совршено бричењеrn

    Подготовка

    rnТуширање со топла вода е најдобар начин да се подготвите за бричење. Топлата вода и пареата ќе предизвикаат отворање на порите на лицето и во голема мера ќе го олеснат бричењето.rn
    rn

    Измијте го лицето

    rnМиењето на лицето додека се туширате е еден од најважните чекори. Сапунот ќе ја симне нечистотијата од кожата и од влакната на лицето, а тоа ќе го спречи црвенилото и чешањето по бричењето.rn
    rn

    Отстранете ги мртвите клетки

    rnПо миењето убаво истријте го лицето. На тој начин ќе ги исчистите мртвите клетки од кожата, па подоцна тие нема да се закачат на бричот и да го попречат бричењето. Повторувањето на оваа рутина на секои два до три дена многу ќе ви ја олесни работата на подолг рок.Неколку чекори до совршено бричењеrn

    Употребувајте квалитетен гел за бричење

    rnДоколку не сакате да трпите болка, нанесување сапун пред бричење или бричење на суво не доаѓаат предвид. Нанесете квалитетен гел за бричење, кој ќе помогне во отворањето на порите и ќе го спречи црвенилото. На пазарот можат да се најдат повеќе различни брендови, некои поскапи, некои поевтини, но ова не е момент кога треба да штедите пари. Со мала разлика во цената ќе добиете извонреден ефект на вашето лице.rn
    rn

    Употребете квалитетен брич

    rnБричењето ќе биде онолку добро колку што е добар бричот. Слично како и во случајот при изборот на гел за бричење, и при изборот на бричот, со малку поголема инвестиција ќе добиете значително подобар ефект. Оние со три или пет жилети се малку поскапи, но можат да се користат многу повеќе пати, а даваат и одличен резултат.rn
    rn

    Внимавајте на техниката на бричење

    rnБричењето не се состои од едноставно поминување со бричот по лицето. Вратот и долниот дел од брадата бараат бричење од надолу кон нагоре, а горниот дел од брадата обратно.rn
    rn

    Исплакнете го лицето

    rnВеднаш по последното поминување со жилетот исплакнете го лицето со топла вода. Ова е многу едноставен и брз чекор кој многу помага.rn
    rn

    Не употребувајте крпа

    rnНемојте да го бришете лицето со крпа откако ќе го исплакнете, затоа што малите влакненца и конци од крпата ќе се закачат на кожата и ќе ја иритираат. Иако не е многу пријатно да ја оставите водата да ви капе од лицето, со ова може да пропадне целиот претходен труд.Неколку чекори до совршено бричењеrn

    Нанесете балсам за после бричење

    rnСамо соодветен балсам или крем може да го омекне и освежи лицето по бричењето. Многу попопуларната колонска вода можеби мириса убаво, но ги нема состојките што му се потребни на лицето по „тортурата“ со жилетите.rn
    Дури и кога не се бричите може да направите некои работи кои ќе ви помогнат да го спречите црвенилото и чешањето во иднина. Секојдневното миење на лицето со антибактериски сапун му пружа дополнителна заштита, а доброто чување на „опремата“ за бричење гарантира дека таа ќе остане чиста и нема да ја упропасти работата и покрај големиот труд.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата

    6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата

    На нашата коса никогаш не ѝ е доволно нега. Шампон кој ѝ одговара, регенератор, хранлива маска, силиконски капки и многу други продукти сигурно се дел од вашата рутина. Сепак, често несвесно сите правиме грешки кои имаат штетно дејство врз нејзе и го намалуваат ефектот на домашните и професионалните третмани за кои издвојуваме пари. Ова се 6 најчести примери за несвесни грешки со кои го нарушуваме здравјето на влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косата rn

    Ја миете косата секој ден

    rnСекој посакува косата постојано да му изгледа свежо и да му мириса убаво. Но секојдневното миење не е препорачливо, затоа што на тој начин го миеме природното масло кое ги штити темето и влакното. Сосема доволно е на секои два-три дена да ја миете косата и да извршите некој домашен третман.rn

    Ја сушите косата на најјака топлина со фен

    rnДоколку сакате вашата коса да биде сјајна и педантна, не изложувајте ја на висока температура, бидејќи така лесно се суши влакното. Користете ги пониските нивоа за регулација на топлината на фенот, при што можеби сушењето ќе трае подолго, но затоа ќе се намали бројот на расцветани врвови.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrn

    Обликување на фризурата додека косата е сè уште мокра

    rnНе само што е многу потешко и непотребно губите енергија и нерви, туку при ваквиот процес вие придонесувате влакната побрзо да напукнат. Обликувајте ја косата само во моменти кога таа е малку влажна на допир.rn

    Комбинација од лак за коса и загреана преса

    rnДоколку редовно користите пегла за коса, треба да внимавате какви средства нанесувате на косата пред самото пеглање. Избегнувајте го лакот и другите средства кои содржат алкохол во својот состав, бидејќи тие го сушат влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrn

    Претерување со производи за хидратација на косата

    rnСредствата за хидратација на косата, без сомнение имаат позитивен ефект врз структурата на влакното. Но доколку претерате со нивното користење, косата ќе почне да ви изгледа безживотно. Затоа нанесувајте ги таквите средства само на врвовите, односно на долната половина по должината на косата.rn

    Непотребно бојадисување на целата коса

    rnДоколку сакате да го освежите изгледот на вашата бојадисана коса, нема потреба да ја повторувате целата постапка одново. Бојадисајте го само пораснатиот дел, односно коренот и спречете го непотребното сушење на влакното.rnrn6 навики со кои несвесно ја оштетуваме косатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 здрави навики за да ги избегнете настинките

    7 здрави навики за да ги избегнете настинките

    Колегата до вас цел ден кашла, а децата, само што ги земавте од градинка почнаа да киваат. Дали е возможно да не ги прeфатите нивните бактерии? Комбинацијата од неколку превентивни мерки може да ви помогне да се заштитите од сезонските вируси и настинки.rnrn7 здрави навики за да ги избегнете настинкитеrnrnРацете постојано нека ви бидат чисти. Сите го знаеме ова, но навистина успева. Бидејќи несвесно постојано го допираме лицето со нив, честото миење на рацете ќе ги заштити очите, устата и носот од бактериите. Рацете задолжително треба да се мијат пред јадење или пред подготвување храна, после допирање на некој канцелариски уред, земање работи од шкаф или полица, подигање пари од банкомат или пиење кафе од кафемат. Важно е рацете да се мијат и доколку допрете места кои дневно ги допираат многу луѓе, како што се копчиња од лифт или кваки од врати. Навиката треба да се создава од најмали години, па штом си дојдат вашите деца дома од градинка или училиште, веднаш измијте им ги рацете.rnrnПри миење раце не треба да се брза, па така многу луѓе не ги тријат рацете доволно. Мијте ги рацете барем 20/30 секунди, а задолжително внимавајте на задниот дел од рацете и просторот помеѓу прстите. Сапунот помага да ги отстраните бактериите и маслата од клетките на кожата. Употребувајте топла вода, бидејќи помага сапунот повеќе да се распени. Практикувајте течен сапун, бидејќи на обичниот можно е да бидат насобрани бактерии.rnrnУпотребувајте течност за дезинфекција на рацете. Миењето со вода и сапун е подобро, но течноста за дезинфекција е многу ефективна доколку не се наоѓате во близина на тоалет. Чувајте едно шишенце на вашето биро за да ве потсетува често да го употребувате во текот на денот. Не штедете го, сипете поголема количина и убаво тријте на целите дланки, додека не ви се исушат. Влажните марамчиња исто така се опција, но со нив не можете да ги отстраните сите бактерии.rnrnИзбришете ги површините со кои сте во допир во поголемиот дел од денот. Како прво нешто наутро, со крпа и антибактериско средство избришете ги работното биро, тастатурата и глувчето од компјутерот, телефонот и останатите уреди во канцеларијата особено доколку ги делите со колегите. Бидејќи ги шириме бактериите пред да покажеме симптоми дека се разболуваме, ваквата заштита претставува едноставна мерка на претпазливост.rnrn7 здрави навики за да ги избегнете настинкитеrnrnНе опуштајте се, дури ни дома. Иако сите имаме тенденција, кога сме дома да не внимаваме многу на овие работи, сепак домот е едно од главните места каде што се шират болестите. Дома сме во поблизок контакт со луѓето, поминуваме многу повеќе време на едно место, па дури и често не ги бришеме површините од сопствените бактерии. Но, во домот многу лесно некој друг може да донесе бактерија, а вие лесно да ја добиете преку рачката од фрижидерот, преку далечинскиот управувач, тастатурата од компјутерот и од многу други места.rnrnУпотребувајте проверени работи. Не секој продукт што го употребувате може да има еднаков ефект. Доколку сакате да ги уништите бактериите, вас ќе ви бидат потребни средства за дезинфекција регистрирани од „EPA“ (Агенција за заштита на средината). На етикетата на средствата проверете дали тие имаат регистрациски број од агенцијата.rnrnБидете добри со вашето тело, вежбајте, јадете и спијте доволно за да го одржите имунитетот силен. Исто така, одлично би било доколку ги откажете цигарите. Пушењето ги зголемува шансите да се разболите, бидејќи создава, структурални промени во респираторниот тракт и го нарушува имунолошкиот систем. Дури и седењето во задимена просторија ви ги зголемува шансите за разболување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совети и трикови за одржување на вашата коса

    Совети и трикови за одржување на вашата коса

    Сакате да ја одржите бојата на вашата коса, да ја негувате должината или пак да имате здрави кадрици? Стручните стилисти за коса го имаат решението. Еве ги основните 10 правила кои не треба да ги прекршувате:rnrnСовети и трикови за одржување на вашата косаrnrn1. Најдете шампон што помалку пени – Многу сапуница не значи и повеќе чисто. Напротив, понекогаш значи токму спротивното. Шампоните кои многу пенат често се преполни со состојки за навлажнување, што може да резултира со остатоци од нив на вашата коса. Поради ова косата ќе изгледа повалкана и побрзо ќе се измрси. Затоа, барајте шампони со формула без сулфати.rnrn2. Смрзнете ги прамените – Пред да излезете од туш-кабината, пуштете ја ладната вода и поминете со тушот по должината на влакното неколку секунди. Ова ќе направи кадриците да добијат свилен изглед.rnrn3. Правете ѝ на косата топло-ладно – Кога користите кружна четка за да ја исфенирате косата прамен по прамен, започнете од коренот и сушете сè до долу, така што малку ќе ја задржите четката на врвовите. Оставете ја косата да се излади 5 секунди, па потоа повторете ја постапката со наредниот прамен. Оставањето на косата да се излади помеѓу секое загревање, ќе ви помогне во обликувањето и ќе ја направи косата да изгледа погусто.rnrnСовети и трикови за одржување на вашата косаrnrn4. Нанесете глазура помеѓу третманите за фарбање на косата – Ја фарбате косата кај вашиот стилист во одредени интервали, но после првата недела од третирањето со боја, таа веќе не изгледа сјајно, живо и моќно. Со користење глазура, всушност ги пополнувате дупките и грубите делови од кутикулите на вашата коса и на тој начин се добива мазен изглед и се враќа потребната влажност на влакното. Косата ќе ви сјае, бојата ќе биде појасна, подолго ќе трае и ќе изгледа подобро.rnrn5. Користете витлери за повеќе волумен – За секси изглед на вашата коса, после миењето, дувајте со фенот додека не се исуши. Потоа, одделете прамени од врвот на главата, во пределот од кај слепоочниците, па надолу во венечниот дел. Издвоениот дел поделете го на три помали делови, во вертикала, како кога би правеле четка и завиткајте го секој дел во витлери со пречник од околу 5-6 см. Оставете ја така косата 30 минути и потоа пуштете ги прамените. Благо поминете ги со четка и прснете лак за подолга трајност.rnrn6. Побрзо тргнете ја крпата – Можеби мислите дека правите добро што ја подзасушувате косата во пешкирот, додека се шминкате или се занимавате со други работи низ дома. Но, ова ќе предизвика вашата коса да се навитка. Грубоста на памукот ќе влијае да се отворат кутикулите на косата, што ќе ја зголеми веројатноста секој прамен да си земе свој правец. Многу подобро е само да го впиете вишокот вода во пешкирот и потоа да го тргнете сосема, да ја оставите косата природно да се суши 5-10 минути, а потоа да ја досушите со фен.rnrnСовети и трикови за одржување на вашата косаrnrn7. Нанесувајте ги производите за стилизирање 10 минути порано – Без разлика дали сакате да ја навиткате или сосема да ја исправите вашата коса, ставете ги препаратите 10 минути пред да почнете со работа. Ова ќе овозможи состојките од употребениот препарат целосно да се впијат во влакната, па и целосно да ги почувствувате неговите ефекти.rnrn8. Навиткајте ја, но не чешлајте ја косата за да направите брзи кадрици – Кога користите пегла за виткање, не мора силно да ги зацврстувате прамените околу неа. Наместо тоа, селектирајте ги саканите прамени, држете го секој по 10 секунди и ќе го постигнете истиот секси ефект на вашите кадрици.rnrnСовети и трикови за одржување на вашата косаrnrn9. Користете спреј за навлажнување на косата – Ако станете од спиење со уништени кадрици од претходниот ден, напрскајте го горниот слој од косата за да се навлажни, потоа земете голема кружна четка за да ги издувате кадриците со фен. Ќе постигнете голем волумен на овој слој, а поради тоа што непосредно сте ја сушеле косата, ќе создадете илузија на штотуку направена фризура.rnrn10. Користете го шампонот на поинаков начин – Наместо да чекате да ви се измрси косата за да ја измиете цела, веднаш по миењето, земете мала количина шампон, поставете го на коренот и веднаш исушете го. Иако вашата коса била чиста, бариерата што ја поставувате со шампонот ќе ги одбива нечистотиите и маснотиите што влакната би ги собрале во текот на денот. Плус, ова ќе ѝ даде супер волумен на косата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.