КАФЕ ПАУЗА

Tag: миење

  • 6 грешки кои ги правите при миењето на забите

    6 грешки кои ги правите при миењето на забите

    Можеби ги миете забите секој ден, но ако правите некоја од овие грешки тие сепак не се добро заштитени. Д-р Едмонд Хјулит има совети за вас како да ги исправите.rnrn6 грешки кои ги правите при миењето на забитеrn

    1. Ги миете забите во погрешно време

    rnСпоред д-р Хјулит четката за заби треба да биде последното нешто кое допира до забите навечер. Ако каснете нешто по миењето на забите тоа ќе се задржи на нив и ќе почне да ги оштетува.rn

    2. Користите погрешна четкичка

    rnИзберете четкичка за заби со меки влакна затоа што таа подобро ја чисти глеѓта. Оние со поцврсто влакно можат дури и малку да ја оштетат глеѓта и да го изложат коренот на забот на оштетување.rn

    3. Имате погрешна техника на четкање

    rnПоминувањето со четкичката по забите не ја завршува работата. Д-р Хјулит препорачува свртување на четкичката за 30-45 степени кога ја четкате глеѓта со цел подобро миење на она што предизвикува забен камен. Миењето на задниот дел на вилицата треба да се направи со вертикално држење на четкичката, а неопходно е добро да се измие и задниот дел на устата. Сето тоа треба да трае по две минути два пати дневно, при што треба да се задржите по 30 секунди на секоја четвртина од вилицата.rn

    4. Не ја плакнете добро устата

    rnУстата треба добро да се исплакне после четкањето на забите. Плукањето на пастата за заби не е доволно, затоа што на тој начин во устата останува она што сте го тргнале од забите.rn

    5. Не обрнувате внимание на остатокот од устата

    rnЦелата уста се мие, а не само забите. Ситни остатоци од храната можат да се заглават и на јазикот и да бидат плодно поле за создавање на бактерии кои им штетат на забите.rn

    6. Не ја менувате четкичката

    rnЛекарите препорачуваат менување на четкичката на секои три до четири месеци. Истрошените четкички нема ефикасно да го отстранат она што треба да го отстранат и миењето на забите со нив е речиси бескорисно. Исто така, тие треба да се менуваат и откако ќе оздравете од некоја болест затоа што можеби тие кај себе сè уште ја имаат бактеријата која ве разболела.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што прво миете кога се бањате? Тоа открива нешто за вас!

    Што прво миете кога се бањате? Тоа открива нешто за вас!

    Делот од телото кој прв го миете открива некои карактеристики за вас како личност, особини кои би требало да ги промените, како и вашите најдобри потенцијални партнери. Ако ви се забавни ваквите анализи, сигурно ќе уживате и во оваа. Или можеби прво ќе треба да се избањате за да забележите точно кој е редоследот по кој го правите тоа. :)rnrn0-shto-prvo-miete-koga-se-banjate-toa-otkriva-neshto-za-vas-kafepauza.mkrn

    Коса

    rnУметничките и креативни личности најпрво ја мијат косата. Мечтаењето е ваша страст, но вие и можете да го постигнете она што другите не можат. Ви недостасува малку упорност и посветеност на целите, но подготвени сте неуморно да работите за да го остварите она што сте го зацртале. Парите не ви се многу важни. Пријателите често ви се интелектуалци и/или колеги-уметници. Отсекогаш сте сакале да истражувате и да го задоволувате партнерот. Талентот ви е вашата главна сила. Насочете го и негувајте го. Поврзете се со природата и духовната димензија и ќе бидете уште посилни и покреативни. Животниот партнер барајте го меѓу оние кои избрале „гради“.rn

    Гради

    rnОние кои прво ги мијат градите се приземјени типови и практичари. Едноставни сте, искрени и не заобиколувате. За вас најважни се практичноста и едноставноста. Мразите некој да ви попречува додека се концентрирате и нестрпливи сте кон луѓето кои не ги гледаат работите на ист начин како вие. Добар сте и верен партнер, подготвен на жртвување во врската. Обидете се малку да се опуштите, бидете поспонтани и потрпеливи, не грижете се толку. Олабавете се од контролирањето на нештата и животот ќе ви биде многу поубав. Ваши најдобри партнери во животот ви се оние кои прво ја мијат косата.rnrn2-shto-prvo-miete-koga-se-banjate-toa-otkriva-neshto-za-vas-kafepauza.mkrn

    Пазувите

    rnСамоуверени и вредни, вие прво мора да ги измиете вашите мишки. Подготвени сте да им помагате на другите. Понекогаш лошо ги проценувате луѓето, односно не знаете дали нивните намери се искрени или не. Работлив тип сте и имате таленти. По малку сте наивни и на сите им верувате. Најдете повеќе време за себе и негувајте ја духовноста. Зголемете ја својата внатрешна духовна сила и ќе бидете помоќни и позадоволни. Партнери бирајте меѓу оние кои прво си ги мијат рамењата.rn

    Лице

    rnНа оние кои прво го мијат лицето, парите им се многу важни и подготвени се многу да се помачат за да ги добијат. Сакате околу себе да имате луѓе кои можат да ви бидат од корист и понекогаш мислите дека животот е едно големо малтретирање. Другите понекогаш не ве разбираат, но вам за тоа не ви е грижа. Понекогаш сте си во некој сопствен свет, па луѓето мислат дека сте егоцентрични. Имате бујна фантазија и многу желби. По малку сте зависни од партнерот, па обидете се да преземате иницијатива и да вложувате повеќе во односот. Обидете се да бидете помеки и попристапни во односите, медитирајте и волонтирајте. Имате голем потенцијал. Вашите најдобри партнери во животот ќе ги најдете помеѓу оние што избрале „останато“.rnrnshto-prvo-miete-koga-se-banjate-toa-otkriva-neshto-za-vas-kafepauza.mkrn

    Рамења

    rnОние кои прво ги мијат рамената многу се одговорни. Вие давате сè од себе во сè што правите. Понекогаш ве сметаат за умислени бидејќи често поминувате време сами, но вие на тој начин си ги полните батериите. Самотијата ви е потребна за да се соземете. Создавате доживотни пријателства со луѓето, штом тие ве запознаат. Парите и моќта не ве привлекуваат претерано. Во љубовта сте верни и стабилни. Понекогаш пуштете го кормилото и одморајте се повеќе на свеж воздух. Практикувајте релаксација и афирмација. Идеален партнер ви е оној кој прво ги мие пазувите.rn

    Останато

    rnОние кои прво ги мијат другите делови од телото имаат свои вредности, но другите луѓе понекогаш тешко ги забележуваат. Длабоко внатре сте добра личност со малку маани. Време е да почнете да живеете со малку повеќе авантуристичен дух. Презентирајте ги своите потенцијали пред другите. Клучот за подобрување на односите со другите е во истакнување на сопствените квалитети, а не во сокривањето на недостатоците. Во љубовта сте страсни и интуитивни во мислите, а во пракса стравот од неуспех понекогаш ве спречува да се опуштите. Работете на својот внатрешен развој и сите ваши потенцијали ќе дојдат до израз. Вашиот идеален партнер е „лице“.

  • 95% од луѓето не ги мијат рацете правилно. Еве како да го правите тоа!

    95% од луѓето не ги мијат рацете правилно. Еве како да го правите тоа!

    Едно американско истражување открило дека повеќето луѓе не знаат правилно да си ги измијат рацете, и тоа потфрлуваат и во начинот и во времетраењето, кои се битни фактори за заштита од бактерии.rnrn2-95-od-lugjeto-ne-gi-mijat-racete-pravilno-eve-kako-da-go-pravite-toa-kafepauza.mkrnrnВо истражувањето учествувале 3.749 луѓе, од кои 95% не успеале да ја завршат работата како што треба. Во најголем број случаи недостасувала темелност во миењето, додека 33% воопшто не употребиле сапун. Имало и разлика помеѓу половите, па така 15% од мажите воопшто не ги измиле рацете, а такви случаи кај жените имало во 7%.rnrnСветската здравствена организација има составено конкретни инструкции за правилно миење раце, кои важно е да ги следите за да го зачувате вашето здравје.rnrn95-od-lugjeto-ne-gi-mijat-racete-pravilno-eve-kako-da-go-pravite-toa-kafepauza.mkrnrnВреметраење: Важно е да ги миете рацете 20-60 секунди и секогаш да користите сапун.rnrnТемелност: Повеќето луѓе не се мијат темелно. Важно е да не го забораватe делот помеѓу прстите, под ноктите и горниот дел на рацете.rnrnКога е неопходно да се мијат рацете? За повеќето луѓе е очигледно, но факт е дека не сите ги следат правилата. Многу е важно да се мијат рацете пред секое јадење и секако, после користење на тоалетот.rnrnДезинфекција и заштита: Многумина мислат дека течностите за дезинфекција се доволни, но ако имате можност да употребите сапун и вода – тоа е секогаш најдобрата опција.

  • Работи за кои сигурно и вам ве има излажано фризерот

    Работи за кои сигурно и вам ве има излажано фризерот

    Конечно одлучивте дека сакате нова фризура, без разлика дали се работи за кратење на вашата долга коса или за бојадисување, но вашиот фризер не сака ни да чуе за таква промена. Тој знае најдобро што би ви прилегало, па сепак, тој ги има ножиците во рацете, нели?! И баш тој ќе влијае на вашето мислење за сопствениот стил и на вашата самодоверба.rnrnraboti-za-koi-sigurno-i-vam-ve-ima-izlazhano-frizerot-kafepauza.mkrnrnТие наши лични гуруа се многу испраксирани да нè уверуваат во нешто што сепак не е вистина. Одиме со ред.rn

    1. Катастрофа, сигурно користиш евтин шампон и/или регенератор!

    rnСекој фризер или фризерка ќе ги препорача токму оние производи кои се користат во салонот. За да имаат ќар, се разбира. За вас најважно е да избирате нежни шампони кои нема да делуваат агресивно на вашата коса. Без разлика дали е тоа некој „no name“ или евтин производ, важно е да делува добро на вашиот скалп и коса.rn

    2. Задолжително треба да се пострижувате на секои 6 недели

    rnРака на срце, но кој има и време и пари за вакви работи? Апсолутно е неточно тврдењето дека косата ќе биде поздрава доколку редовно се потскратува. Тоа зависи исклучиво од состојбата на самата коса и желбата на сопственичката, т.е. нејзината крајна цел. Жените кои многу ретко ја сушат косата со фен и не ја фарбаат можат косата да ја потстрижуваат дури на 5-6 месеци.rn

    3. Слоевитото потстрижување дава волумен

    rnПа, тоа не е баш секогаш вистина. Доколку се работи за тенка коса, волумен може да се добие со одреден метод на потстрижување, но тоа не е секогаш слоевитото. Ако се работи за здрава коса, таа секогаш ќе треба да се потстрижува на суво. Кога е косата мокра, фризерот многу лесно може да отсече премногу и потоа да ја замаскира „дупката“ со лак или со фенирање.rn

    4. Секојдневното миење на косата е штетно

    rnВистина е дека шампоните, регенераторите и другите средства ги сушат косата и скалпот, а кога на тоа ќе се додаде фенирање или пеглање, штетата станува огромна. Но, доколку користите ултранежен шампон како на пример од жалфија или од камилица со етерични масла за омекнување на косата и ја сушите на природен начин, можете слободно да се опуштите и да ја миете онолку често колку што сметате дека е потребно.

  • Како брзо и лесно да се справите со мрсната коса?

    Како брзо и лесно да се справите со мрсната коса?

    Доколку уште не знаете како да се справите со мрсната коса, време е за промена! Ви нудиме осум неверојатни совети и трикови што краткотрајно и долготрајно ќе ви помогнат да ја поправите состојбата на вашата коса.rnrnkako-brzo-i-lesno-da-se-spravite-so-mrsnata-kosa-kafepauza.mkrn

    Краткотрајни решенија:

    rn

    1. Сув шампон

    rnДури и да немате мрсна коса, секогаш имајте сув шампон при рака. Многу е практичен и ефективен. Кога и да имате потреба, нанесете од сувиот шампон на корените, на далечина од 30-на сантиметри. Секако, не претерувајте бидејќи може да се добие спротивен ефект. Откога ќе го нанесете, убаво и внимателно исчешлајте ја косата и спремни сте!rn

    2. Бебешка пудра

    rn1-kako-brzo-i-lesno-da-se-spravite-so-mrsnata-kosa-kafepauza.mk_rnrnДоколку имате важен состанок, а косата ви е сѐ уште мрсна, не паничете, поправете ја со малку бебешка пудра. Бебешката пудра е одлична замена за сувиот шампон. Ова претставува краткотрајно и лесно решение за итни ситуации.rn

    3. Тоалетна хартија

    rnДоколку немате ниту сув шампон, ниту бебешка пудра, има уште едно решение – тоалетна хартија. Со помош на тоалетна хартија, впијте ја маснотијата од најкритичните делови. Доколку имате погуста коса, поделете ја на четири или шест дела и секој дел замотајте го во тоалетна хартија, како што тоа се прави при шатирање со фолија. Не е долготрајно решение, но секако ќе помогне кога немате друг избор!rn

    Долготрајни решенија:

    rnКако брзо и лесно да се справите со мрсната коса?rn

    1. Не мијте ја косата многу често

    rnНе мора да значи дека мрсната коса мора да ја миете секој ден. Верувале или не, честото миење на косата, всушност води кон зголемена маснотија, како компензација за природните масла кои вие ги измивате. Потрудете се да ја миете косата барем секој втор ден.rn

    2. Не ставајте кондиционер на корените

    rnМасен скалп, а суви врвови? Наредниот пат кондиционерот нанесете го на крајните 3/4 од косата. На овој начин, најсувите делови соодветно ќе се потхранат. Ова може да направи голема разлика во изгледот на косата.rnrnКако брзо и лесно да се справите со мрсната коса?rn

    3. Мијте ја косата темелно

    rnПонекогаш, кога брзаме, не успеваме целосно да ги измиеме шампонот и кондиционерот. Доколку еден ден по миењето, еден дел од вашата коса, сѐ уште изгледа влажно, веројатно не сте биле темелни во миењето. Плакнете ја косата минимум 45 секунди. Кога е можно, правете го тоа со млака вода бидејќи жешката вода ги стимулира лојните жлезди и може да доведе до повеќе маснотија.rn

    4. Шампон за длабински третман

    rnИако поминувате долго време плакнејќи го шампонот, има продукти кои сепак оставаат траги на косата, со што доаѓа до таложење на дополнителни маснотии. Затоа, најмалку два пати во месецот, нанесувајте шампон за длабинско чистење, кој ќе ви помогне во нивното отстранување.rn

    5. Рацете подалеку од косата

    rnЗа крај, рацете подалеку од косата! Секако, сите сме навикнати да го правиме тоа, но колку повеќе ја фаќате со раце, толку повеќе маснотии и нечистотии се создаваат. Затоа, заборавете на таа навика и потрудете се да се занимавате со нешто друго.

  • 5 грешки кои не сте ни свесни дека ги правите при шампонирањето на косата

    5 грешки кои не сте ни свесни дека ги правите при шампонирањето на косата

    Мислите дека знаете како да си ја измиете косата? Размислете пак. Ова се петте најчести грешки кои дури не знаете ни дека ги правите.rnrn5-greshki-koi-ne-ste-ni-svesni-deka-gi-pravite-pri-shamponiranjeto-na-kosata-kafepauza.mkrn

    1. Го користите истиот шампон 7 дена во неделата, 365 дена во годината

    rnНе само што користите шампон премногу често – обично секој втор ден е доволно – туку исто така би требало повремено да го менувате за да спречите насобирање на одредени состојки како силикони. На секои два месеци, заменете го вашиот моментален шампон со друг кој одговара на вашиот тип коса. Исто така можете да користите шампони за длабинско миење на косата (clarifying shampoo) еднаш месечно.rn

    2. Не ја навлажнувате сосема косата пред да нанесете шампон

    rnБез доволно вода, шампонот не пени. Заради тоа можеби ќе ставите повеќе шампон, што не е добро ниту за вашата коса, ниту за вашиот паричник. Застанете под тушот и пуштете млаз врз косата околу една минута пред да почнете со шампонирање.rn

    3. Секогаш почнувате со нанесување на шампонот на истото место на главата

    rnМожеби сте забележале дека врвот на вашиот скалп е сув и трошлив. Тоа е затоа што веројатно секогаш нанесувате шампон во пределот кај круната. Обидете се да ја смените вашата рутина и започнете со делот кај вратот, па потоа распоредете ја пената кон косата пред да дојдете до горниот дел од главата.rn

    4. Создавате премногу триење

    rnЗа да избегнете оштетување на косата, масирајте го скалпот со врвот на вашите прсти наместо со ноктите или со дланките.rn

    5. Плакнете со жешка вода

    rnЖешката вода ги суши скалпот и косата. Користете млака вода, а ова дополнително ја штити бојата на косата.rnrnСакате да знаете како правилно да ја миете косата? Прочитајте ги четирите експертски правила.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нов, сосема различен рецепт за здрава и сјајна коса

    Нов, сосема различен рецепт за здрава и сјајна коса

    Новиот тренд на миење коса, т.н. „обратно миење“ го подразбира баш тоа. Наместо да нанесувате прво шампон, па потоа балсам, како што тоа сте го правеле цел живот, сменете го редоследот.rnrnНов, сосема различен рецепт за здрава и сјајна косаrnrnОвој тренд го започна Алисон Фрир откако на блогот No More Dirty Looks прочитала за блогерката која случајно го сменила редоследот на продуктите при миењето на косата и забележала дека таа потоа изгледала фантастично.rnrnАлисон тврди дека после вообичаеното миење косата се мрси уште следниот ден, додека со обратната техника, косата останува сјајна и бујна значително подолго.rnrnНачин на миење: Намокрете ја косата и нанесете регенератор. Оставете да делува неколку минути, па потоа ставете шампон. Резултатот ќе биде побујна коса која помалку ќе се масти.rnrnМногумина веќе ја имаат испробано оваа техника и се задоволни од резултатот.rnrnЗа дополнителен ефект, пред балсамот ставете масло за коса.rnrnПредупредување: Оваа техника е делотворна за оние со нормална и масна коса, додека за сувите коси, сепак се препорачува вообичаениот начин на миење.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 експертски правила за миење коса – цел живот погрешно сме се миеле

    4 експертски правила за миење коса – цел живот погрешно сме се миеле

    Совети за нега и убавина има многу, но многупати сакајќи да изгледаме што поубаво и поздраво, ги занемаруваме основните навики и практики при одржувањето на личната хигиена. Миењето коса си подразбира свои правила.rnrn4 експертски правила за миење коса – цел живот погрешно сме се миелеrnrnЕве ги главните 4:rnrn1. Помалку е повеќе, и тоа многу повеќе: Познато е дека не треба да се става многу шампон. Но, многумина не знаат колку е потребно. Ставете мала капка на раката, околу ¼ од полна голема лажица, и нанесете го на косата.rnrn2. Не бидете нежни: Ставете ги рацете на задниот дел од главата и почнете енергично да го триете скалпот најмалку 3 минути. Ставете помалку шампон, а тријте подолго. Ова ќе ви биде и вежба за бицепсите. :)rnrn3. Кондиционерот е само за косата: Не нанесувајте го на скалпот во никој случај. Нежно поминете со прстите само по должината на косата.rnrn4. Не мора да расчешлувате со крупен чешел: Мит е дека е подобро доколку ја исчешлате косата со чешел. Вашата четка со боцки ќе заврши подеднакво добра работа. Само погрижете се да поминете со неа низ косата пред да го исплакнете кондиционерот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како правилно да го исчистите лицето пред спиење?

    Како правилно да го исчистите лицето пред спиење?

    Неправилното миење на лицето може да доведе до голем број проблеми, како оштетена и сува кожа, воспаление, црвенило и појава на акни. Кожата на лицето е многу чувствителна и затоа е важно да ги следите следниве 7 чекори.rnrnКако правилно да го исчистите лицето пред спиење?rn

    1. Најпрво измијте ги рацете

    rnДоколку рацете не ви се чисти, можете да пренесете голем број бактерии на лицето, па затоа најпрво убаво измијте ги рацете со антибактериски сапун.rn

    2. Избришете ја шминката

    rnЗа убаво да ја исчистите кожата на лицето, најнапред избришете ја шминката. За ова ви се потребни средство за бришење шминка и памук.rn

    3. Измијте го лицето со млака вода

    rnДоколку за време на миењето на лицето користите ладна вода, порите ќе ви се затворат и тоа ќе спречи длабински да ја исчистите кожата. Од друга страна, жешката вода може да ви ја исуши кожата, што исто така не е добро. Токму затоа, користењето млака вода е најдоброто решение (истото важи и за кожата на телото при туширањето).rn

    4. Нанесете го вашиот омилен препарат за чистење на лице

    rnКапнете од средството и чистете го лицето со кружни движења. Можете и да стиснете малку посилно за да го стимулирате протокот на крв во лицето.rn

    5. Нежно тријте го лицето со пешкир

    rnУпотребувајте мокар, нежен пешкир и со кружни движења тријте го лицето. Почнете од челото, преку носот до брадата, а за крај оставете ги образите. Не треба да бидете груби, бидејќи ваша цел е да ги отстраните мртвите клетки од површината на кожата, а не да го иритирате лицето.rn

    6. Измијте го средството за чистење на лице

    rnОвој пат, лицето измијте го со вода, за нијанса поладна од млака. Потоа, со сув пешкир, тапкајте го лицето, за пешкирот да ја впие водата од лицето.rn

    7. Уште еднаш исчистете ја шминката околу очите

    rnДоколку сте имале нанесено посилна шминка околу очите, фино би било уште еднаш со средство за чистење на лице да го исчистите тој дел од лицето. Доколку ви останат траги од маскарата и моливчето, можат да ви предизвикаат иритација на очите.

  • Куќни обврски кои ќе ви помогнат да ослабете

    Куќни обврски кои ќе ви помогнат да ослабете

    За вашиот дом да свети, потребно е многу труд и работа. Но, целиот тој труд и работа може да ви помогне да имате подобра фигура и да бидете во одлична форма. Бројот на калории кои се трошат за време на чистење со правосмукалка, миење садови или бришење прозори, ќе ве натераат секоја недела да правите генералка по дома.rnrnКуќни обврски кои ќе ви помогнат да ослабетеrn

    Чистење на купатилото

    rnЗа полчасовно чистење на кадата можете да потрошите 200 калории. Кога на ова ќе ги додадете калориите потрошени за чистење на останатите елементи во купатилото, се добива една одлична бројка.rn

    Чистење на подовите

    rnСо едночасовно чистењето со правосмукалка се согоруваат 180 калории, додека едночасовното чистење со џогер согорува 280 калории.rn

    Готвење

    rnДа, да, добро читате. И со самото приготвување на храната се трошат калории. За едночасовно вртење низ кујната се трошат 150 калории.rn

    Местење кревет

    rnСекое утро, задолжително местете си го креветот, бидејќи со тоа трошите околу 130 калории.rn

    Бришење прозори и огледала

    rnСо полчасовно чистење на прозорите во куќата се трошат 125 калории.rn

    Собирање и фрлање ѓубре

    rnЗа еден час собирање ѓубре од дворот или од куќата ќе потрошите 105 калории. Сигурно нема да имате прилика еден час да собирате ѓубре по дома, но на неделно ниво е сосема доволно.rn

    Миење садови

    rnСо полчасовно миење садови ќе потрошите 125 калории. Ова е одлична причина зошто оваа активност да ја извршувате со мерак.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.