„Обожавам да мијам садови!“ е реченица што нема да ја чуете од никого. Токму затоа, понекогаш ви се случува да го испиете кафето на работа и да ја оставите шолјата неизмиена цел викенд, сѐ додека не се вратите во канцеларија во понеделник. Шолјата за кафе и онака е полна со вода! Што би можело да тргне наопаку?rnrn
rnrnДокторите тврдат дека ако пиете црно кафе, без млеко и шеќер, тогаш не може да се насоберат многу бактерии во шолјата, особено ако ја оставите да се исуши помеѓу 2 употреби. Така и прават некои доктори, како на пример Адам Поснер. Тој пие црно кафе, не ја мие шолјата секој ден и не се разболел досега.rnrnНекои истражувања од Универзитетот во Аризона покажале дека ако ја оставате шолјата неизмиена во заедничка кујна, можно е во шолјата да се насоберат многу непожелни бактерии. Тоа не е така само затоа што вашите колеги може по грешка да ја земат вашата шолја наместо нивната. Експертите велат дека ако не ја измиете шолјата за кафе со денови, а притоа постојано ја користите, тоа не е многу хигиенски и може да се разболите.rn
„Бактериите, вирусите и габите се насекаде. Тие лебдат во воздухот, можат да слетаат на вашата шолја и да се развиваат во периодите кога не ја користите шолјата“, тврдат експертите.
rnУште ако додавате шлаг или имате навика да потопувате храна во кафето, тогаш им создавате совршена средина за развој на разните бактерии и микроорганизми.rn
„Имаме тестирано шолји за кафе кои не биле миени секој ден и најдовме не само бактерии, туку и габи. Тие не само што можат да предизвикаат инфекции, туку можат и да поттикнат алергиска реакција“, објаснуваат експертите.
rnМожете да го одбегнете редовното миење на шолјата за кафе, како што тоа го прави доктор Поснер, ако пиете црно кафе. Но, само ако пиете кафе сами, во ваша сопствена кујна, без млеко, без шеќер и не потопувате храна во кафето!rnrnМногу е важно да знаете и колку шолји кафе треба да пиете дневно.

rn
rnrnОбичната вода од чешма може да биде премногу тврда, а со тоа да влијае на чистотата на вашата коса. Исплакнете ја косата со претходно зовриена вода. Температурата на водата би требало да биде околу 38 степени Целзиусови.rn
rnrnПродуктите за тенка и кршлива коса може да ја направат косата повалкана доколку не ги користите правилно. Маслата за коса треба да се користат само неколку пати неделно, додека спреовите користете ги по потреба, и тоа во мала количина.rn
rnrnКога често ја чешлате косата, вие ги активирате фоликулите. Поради ова, вашата коса побрзо се валка. Обидете се поретко да ја чешлате косата, и наместо четка користете чешел. Избегнувајте контакт со скалпот и чешелот.rn
rnrnШампоните со оваа состојка се безбедни, но ако ви ја сушат кожата и вашата коса брзо се валка, одберете шампон кој не содржи СЛС. Овие продукти прават помалку пена, но се исто ефективни во отстранување на нечистотиите.rn
rnrnФенот за коса, пеглата за коса и сличните апарати може да бидат причина за валкана коса. Високите температури ги тераат лојните жлезди да лачат повеќе масло за да ја заштитат кожата. Температура од 150 до 180 степени Целзиусови е совршената температура за правење фризури.rn
rnrnПилингот ќе ви помогне да ги отстраните мртвите клетки и длабински да ја исчистите косата. Исто така, тој ги зајакнува фоликулите и го забрзува растот на косата. Можете да користите и домашни маски за пилинг.rn
rnrnНавлаката од перницата ги впива маслата кои ги користите за вашето лице и коса. Ова создава совршена средина за развивање бактерии, а тоа пак ја прави вашата коса нечиста. Навлаките од перниците треба да ги менувате барем еднаш неделно.rn
rnrnНосете шапки и во лето и во зима. Премногу студено и премногу топло време ја тераат кожата да произведува себум како заштита. Поради ова, корените на вашата коса стануваат мрсни, додека врвовите стануваат суви и кршливи. Потребно е да се грижите за вашата кожа во секоја сезона.rnrnПогледнете и 
rn
rn
rn

rnrnИзмешајте една лажичка куркума со истата количина на чисто кокосово масло и 2-3 капки масло од нане. Употребувајте ја оваа смеса исто како обичната паста за заби. Таа е добра за глеѓта, ќе ги обелее забите и ќе го освежи вашиот здив.rn
rnrnДоколку растворите 5 капки од 100-процентно масло од чајно дрво во половина чаша вода и ја плакнете усната празнина со течноста секој ден по четкањето заби, ќе видите резултати за само неколку недели. За да постигнете уште поневеројатен ефект, мијте ги забите дополнително со една капка од маслото еднаш или два пати неделно, но не правете го тоа премногу често.rn
rnrnЗемете свежа јагода и смачкајте ја со лажица. Измешајте ја со најдобрата морска сол што можете да ја најдете, ставете ја добиената паста на четка за заби и нежно масирајте ги забите неколку минути. Потоа целосно исплакнете ја усната празнина. За да ја заштитите глеѓта на забите, не правете го ова почесто од еднаш на секои две недели.rn
rnrnСтавете малку од маслото на забите пред да ги миете и оставете го да отстои 15-20 минути, потоа внимателно исчеткајте ги забите со вашата обична паста. Повторете го ова 2 до 3 пати неделно.rn
rnrnИстолчениот јаглен измешајте го со вода за да добиете кремаста смеса и потоа внимателно нанесете ја на забите. Оставете го да отстои 2 минути и потоа внимателно исплакнете ја усната празнина. Потоа, измијте ги забите. Повторете го ова еднаш или два пати неделно.rn
rnrnЛушпата од банана содржи супстанции кои го разградуваат забниот камен и помагаат при одржувањето на совршената боја на забите. Истријте ги забите од двете страни со внатрешноста на лушпата и почекајте 5-7 минути. Потоа измијте ги забите и исплакнете ја устата. Повторувајте го ова колку сакате.rn
rnrnСо помош на следнава смеса, вашите заби постепено ќе обелуваат и вашиот здив секогаш ќе биде пријатен и свеж. Во зависност од тоа колкава количина сакате да направите можете да ставите колку сакате лимони и сол со тоа што нивниот однос треба да биде 3:1, односно треба да има 3 пати повеќе лимон отколку сол. Потоа измешајте ги состојките и плакнете ја устата со растворот откако ќе ги измиете забите. Употребувајте го овој метод 2 или 3 пати неделно. Внимавајте: Не го употребувајте овој раствор доколку имате воспаленија во усната празнина.rn
rnrnСомелете свежи ливчиња од босилек и направете паста која ќе ја користите наместо вашата обична паста за заби. На тој начин вашите заби ќе станат побели и поздрави. Оваа паста можете да ја нанесувате и 5-10 минути пред вообичаеното миење заби.rn
rnrnЗа да добиете вистинска холивудска насмевка, користете свеж сок од алое вера или набавете природен гел направен од ова растение. Ставете од него малку на вашите заби, масирајте ги со четката и потоа добро исплакнете. Можете да го правите ова по секое миење на забите и по неколку недели вашата насмевка ќе биде блескаво бела.


rn
rn
rn