Утрото на 15 февруари сè било замрзнато во Челјабинск, со температура од околу -17 степени Целзиусови, мирно без ветар и без облаци. Бидејќи претходната вечер времето било потопло, тоа утро сите дрвја биле прекриени со лед. Фотографот Марат Ахметјалев решил да ја искористи оваа ситуација за да направи неколку пејзажи од неговото омилено место. Околу 9 часот наутро тој бил на планираната локација во Челјабинск, подготвен да ги направи првите фотографии.
Како и секогаш, немало ништо необично на небото. Откако направил неколку фотографии од различни агли, тој решил да се премести на друга локација. Во тој момент фотоапаратот му бил насочен кон изгревањето на сонцето.
Одеднаш на небото, буквално од никаде се појавил голем објект. Фотоапаратот за среќа бил насочен во близина на овој непознат објект. Марат на работ на своето око забележал силна светлина и веднаш го свртел фотоапаратот кон него и во моментите кога експлозијата го достигнала својот врв тој направил неколку неверојатни фотографии.
Како што се смирувала ситуацијата, тој продолжил да фотографира. Како резултат ги добил и овие прекрасни и незаборавни фотографии од своето омилено место за фотографирање…







rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.



















Според проценките, тој паднал на земјата пред околу 80.000 години. Куриозитет е тоа што тој воопшто не направил видлив кратер во неговата околина. Се шпекулира дека навлегол во атмосферата на Земјата под многу остар агол, притоа се забавил и паднал на површината со мала брзина, со што не направил големо ископување. Тој е необичен бидејќи е рамен од двете најголеми страни, најверојатно поради фактот што отскокнувал од атмосферата, како што мазно камче отскокнува над вода.rn
Метеорот е со димензии 2,7х2,7 метри и е висок безмалку еден метар. Кога бил пронајден во 1920 година, неговата тежина била проценета на 66 тона, но ерозијата, земањето примероци за научни испитувања и вандализмот придонеле неговата маса да се намали. На неговата површина јасно се видливи знаци од вандализам.rn
Во обид да се стави под контрола вандализмот, метеорот бил прогласен за национален споменик во 1955 година.rnrn



