КАФЕ ПАУЗА

Tag: метаболизам

  • Напивка од јаболков оцет која го забрзува метаболизмот и го поттикнува слабеењето

    Напивка од јаболков оцет која го забрзува метаболизмот и го поттикнува слабеењето

    Пиењето на овој пијалак наутро на празен стомак придонесува за чистење на вашиот организам од токсините. Тој ќе ви го подобри варењето во текот на денот, ќе ви го забрза метаболизмот и на тој начин ќе ве однесе поблиску до губењето на килограмите.rnrnНапивка од јаболков оцет која го забрзува метаболизмот и го поттикнува слабеењетоrn

    Потребни состојки за една доза:

    rn

      rn011

    • 2 лажици сиров, нефилтриран јаболков оцет
    • rn011

    • 2 чаши филтрирана вода
    • rn011

    • ½ лажичка мед
    • rn011

    • прстофат цимет, ѓумбир и мускатно оревче
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСилно мешајте ги сите состојки додека медот сосема не се растопи во течноста. Потоа пијалакот е спремен за пиење.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • За фит тело: 5 работи кои треба да ги броите, а не се калории

    За фит тело: 5 работи кои треба да ги броите, а не се калории

    Во желбата за витка линија многумина запаѓаат во замката – броење калории. Но, она што всушност треба да го броиме не се бројот на калории во храната ниту бројките на вагата, туку нешто сосема друго. Па, тргнете се настрана од вагата, постојат далеку поважни математики кои треба да ги правите на дневно ниво.rnrnza-fit-telo-5-raboti-koi-treba-da-gi-broite-a-ne-se-kalorii-kafepauza.mkrnrn4 пати вежбање неделно – Зошто? Бидејќи упорноста носи резултати.rnrn7 часа спиење дневно – Сè што е под тоа влијае на работата на хормонот лептин кој го регулира метаболизмот и чувството на глад. Заради недостаток на сон, ќе имате зголемена потреба од храна.rnrn8 чаши вода дневно – Така силно ќе го хидрирате организмот. Доколку не внесувате доволно течности, метаболизмот ќе ви се успори и потешко ќе ги симнувате килограмите.rnrn2 порции овошје и зеленчук дневно – Таквата храна богата со влакна, витамини и минерали ќе ви даде чувство на ситост и ќе ви го обезбеди потребниот дневен внес на витамини. Покрај здрави оброци ќе имате многу помалку потреба од брза храна.rnrn1 час – Периодот на кој треба да станувате од столчето доколку вашата работа е поврзана со седење. Истегнете се и тоа ќе има поголем ефект од броењето на калориите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 8 работи кои ви го успоруваат метаболизмот, а никогаш не би ги претпоставиле

    8 работи кои ви го успоруваат метаболизмот, а никогаш не би ги претпоставиле

    На сите ви се добро познати класичните методи на забрзување на метаболизмот – многу вода и што повеќе активност. Но не е сѐ така едноставно. Постојат многу нешта кои влијаат на работата на вашето тело, па можно е не знаејќи го влијанието на некои, да мислите дека сепак правите сѐ како што треба, а да не е така.rnrn(5)-8-raboti-koi-go-usporuvaat-vashiot-metabolizam-a-nikogash-ne-bi-gi-pretpostavile-kafepauza.mkrn

    1. Сте намалиле или сте се откажале од конзумирање на млечни производи

    rnМускулната маса е најважна кога станува збор за правилно функционирање на метаболизмот. Млечните производи се богати со протеини како сурутка, кој ја поттикнува протеинската синтеза и помага во градење на мускулната маса и казеинот, кој го спречува разделувањето на протеините и игра улога во одржувањето на мускулната маса која веќе ја имате. Меѓу другото, научни истражувања покажале дека луѓето кои конзумираат млечни производи, побрзо и полесно ја зголемуваат мускулната маса отколку оние кои ги избегнуваат. Во принцип, препорачливо е да конзумирате минимум 3 порции јогурт, млеко или сирење дневно.rnrn(1)-8-raboti-koi-go-usporuvaat-vashiot-metabolizam-a-nikogash-ne-bi-gi-pretpostavile-kafepauza.mkrn

    2. Воопшто не внесувате јаглехидрати во организмот

    rnИако скоро секоја диета, кога сакате да ги намалите килограмите, препорачува да не внесувате јаглехидрати во организмот, тоа и не е баш најпаметно. Гликогенот кој се содржи во јаглехидратите му ја дава на организмот потребната енергија за да функционира. Доколку престанете да јадете какви било јаглехидрати, а притоа и вежбате, не само што нема да имате доволно енергија во телото, туку и ќе трошите сè помалку калории токму поради тоа. Затоа, препорачливо е да конзумирате барем една шака јаглехидрати со секој оброк, како што се ориз, компир или овес.rn

    3. Ја затоплувате собата повеќе од потребно

    rnТопењето маснотии не значи секогаш потреба од повисоки температури. Напротив, кафеавото масно ткиво се активира повеќе доколку се наоѓате во поладни простории каде ви е потребно затоплување на организмот. А колку е поактивно ова масно ткиво, толку повеќе калории трошите дневно. Ова не значи во ниту еден случај дека времето треба да го поминувате постојано на ладно, но доколку сакате да го забрзате метаболизмот можете да го намалите греењето и убавите зимски денови да ги искористите за подолги прошетки во парк.rnrn(4)-8-raboti-koi-go-usporuvaat-vashiot-metabolizam-a-nikogash-ne-bi-gi-pretpostavile-kafepauza.mkrn

    4. Го забрзувате темпото на вежбање

    rnВежбите за зајакнување на мускулната маса се супер начин да го активирате телото, да го забрзате метаболизмот и да бидете во форма. Но ако овие вежби ги правите побрзо одошто е потребно, тогаш нема да ги почувствувате вистинските придобивки кои одат во пакет со вежбите. Ексцентричните движења, наспроти концентричните, можат повеќе да им наштетат на вашите мускули, па согласно на телото ќе му биде потребен повеќе труд при заздравување и опоравување. Ова повлекува дека ќе потрошите повеќе калории при вакви движења, ќе ги намалите маснотиите, но и ќе ви биде потребно повеќе време за одмор и опоравување.rn

    5. Грицкате погрешни грицки

    rnНаместо типичните диетални грицки кои ги купувате, обидете се со оревите. Една мала шака ореви дневно може многу да ви помогне во согорувањето калории. Оревите содржат полинезаситени масни киселини кои ја зголемуваат активноста на одредени гени кои играат улога во контрола на согорувањето на маснотиите во организмот. Од друга страна, препорачливо е да ги избегнувате оризовите грицки, соленките и преголемото количество на сушено овошје.rnrn(2)-8-raboti-koi-go-usporuvaat-vashiot-metabolizam-a-nikogash-ne-bi-gi-pretpostavile-kafepauza.mkrn

    6. Не е важно колку време вежбате, туку со кој интензитет

    rnКако што добро знаете, не ретко се случува да вежбате подолго време, но скоро и да не се испотите, а може да се случи да вежбате 20 минути, а да потрошите многу повеќе енергија. Тоа е затоа што интензитетот со кој сте вежбале тие 20 минути е многу поголем. Истражувањата покажале дека вежбите со висок интензитет предизвикуваат согорување на многу повеќе калории отколку класичните подолготрајни вежби, па не е чудо што повеќе се препорачуваат првите. Меѓу другото, вежбањето со поголем интензитет резултира во поголема потрошувачка на кислород што се должи на фактот дека телото сѐ уште согорува калории по завршувањето со физичката активност.rn

    7. Користите само морска сол

    rnИако храната е повкусна со морска сол, сепак таа многу не му врши работа на метаболизмот. Имено, морската сол не содржи јод кој е основен во работата на тироидната жлезда, која пак го контролира вашиот метаболизам. Без потребното количество на јод, тироидната жлезда нема да лачи хормони кои управуваат со правилната работа на метаболизмот, па неговата активност може значително да опадне. Затоа, пожелно е да користите кујнска сол при зачинување, но во намалени количини, на пример доволна ви е ¼ кафена лажица за да го обезбедите потребното ниво на јод за тироидната жлезда да лачи тироидни хормони. Исто така, можете редовно да конзумирате морски плодови или јајца.rnrn(3)-8-raboti-koi-go-usporuvaat-vashiot-metabolizam-a-nikogash-ne-bi-gi-pretpostavile-kafepauza.mkrn

    8. Вежбате во погрешно време

    rnЛуѓето кои вежбаат, џогираат или шетаат наутро и токму во тој период се најмногу изложени на сончева енергија имаат најнизок коефициент на телесна маса (BMI) споредено со оние кои го прават тоа подоцна. Вежбањето преку ден е многу важно за вашето здравје, а најмногу се препорачува тоа да го правите наутро бидејќи сончевата светлина помага во регулирање на деноноќниот ритам кој, пак, управува со бројни телесни функции, како спиењето, исхраната, трошењето енергија и слично. Сите овие функции се многу важни за правилната активност на метаболизмот.

  • Магичен еликсир од лук кој комплетно ќе ве препороди

    Магичен еликсир од лук кој комплетно ќе ве препороди

    Иако напиток од лук не звучи баш како највкусното летно освежување, сепак кога ќе видите колку лесно се подготвува и за какви сѐ тегоби помага, и вие ќе посакате да го имате во вашата кујна.rnrnmagichen-eliksir-od-luk-koj-kompletno-kje-ve-preporodi-kafepauza.mkrnrnКорисен е за исфрлање на солта и наслагите на сол во организмот, ја подобрува работната способност на организмот, чисти од вируси, инфекции и бактерии, ја прочистува крвта, го јакне имунитетот, крвните садови и работата на срцето. Исто така ги отстранува вишокот масти и го подобрува метаболизмот. Можете да го користите и за женски болести и воспаленија, а покрај сѐ што е наведено, го чисти целиот организам од штетни наслаги.rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    • Во стаклена тегла ставете 12 чешниња лук, а секое исечете го на 4 дела.
    • rn011

    • Прелијте со пола литар црно вино.
    • rn011

    • Затворете ја теглата и оставете ја покрај прозор, на сонце, две недели.
    • rn011

    • Секој ден протресувајте 2-3 пати.
    • rn011

    • После две недели процедете и префрлете ја течноста во темно стаклено шише.
    • rn

    rnНапитокот треба да се конзумира 3 пати на ден и тоа по една лажичка во текот на еден месец, а постапката може да се повтори после 6 месеци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Диета според хороскопскиот знак

    Диета според хороскопскиот знак

    Автор: Моника ДимитровскаrnrnОвој период е идеален за намалување на телесната тежина. Астрологијата идентификува четири основни вида во хороскопот според кои знаците се делат, а тоа се оган, земја, воздух и вода.rnrnДоколку сте во период на слабеење, прочитајте како се врзува тоа за вашиот хороскопски знак според видот во кој спаѓа.rnrnДиета според хороскопскиот знакrn

    Огнени знаци – Овен, Лав, Стрелец

    rnОгнените знаци брзо слабеат. Лесно се одлучуваат за држење диета, но тешко ја издржуваат докрај. Тие имаат најмал степен на виталност и енергија. Се препорачува да се одлучат за диета базирана на протеини, многу месо, без масло, со зеленчук и редовно да спортуваат за диетата да има ефект.rnrnЌе постигнат голем ефект доколку ја одржуваат диетата во летниот период.rnrnТреба да избегнуваат зачинета храна и црвено месо.rn

    Земјени знаци – Бик, Девица, Јарец

    rnЌе се држат строго до диетата и физичката активност сѐ додека не ги постигнат посакуваните резултати. Такви се земјените знаци, упорни, малку предвидливи и досадни, но покажуваат практични резултати и со својата тврдоглавост можат да симнат и дваесет килограми.rnrnСе препорачува да јадат овошје, салати, зелје, варен зеленчук со зачини, природни и густи сокови, сирење, путер, нерафинирани житарици, супи и чаеви за слабеење кои имаат голем ефект кај нив.rnrnТреба да избегнуваат тешки диети кои се базираат на протеини, сурова храна и газирани пијалаци.rnrnЗемјените знаци имаат потреба од исхрана што се базира на една кинеска поговорка: Појадувај сам, ручај со пријателот, а вечерај со непријателот.rn

    Воздушни знаци – Близнаци, Вага, Водолија

    rnВоздушните знаци лесно се стимулираат себеси доколку сакаат да ослабат или да почнат со физичка активност. Ги сакаат брзите диети, а најмногу јадат навечер.rnrnПокрај потење во теретана, додека се придржуваат до одредена диета, на овие знаци им одговараат масажи, солариум и јога за да се релаксираат и да заборават колку им недостасува чоколадата.rnrnСе препорачува да јадат лесно парен зеленчук, ореви, ѓумбир, јогурт, кефир и лук.rnrnТреба да избегнуваат житарици, рафиниран шеќер и сурова храна.rnrnТелесната тежина на овие знаци е превртлива како нивниот карактер.rn

    Водени знаци – Рак, Скорпија, Риби

    rnВодените знаци се чувствителни на нивната животна средина, и се подложни на вируси, габи и бактерии. За да ја постигнат посакуваната тежина способни се и да гладуваат со денови. Им одговара лесна кујна бидејќи имаат бавен метаболизам.rnrnСе препорачува да јадат парен зеленчук, грав, риба, овошје, пченица, ориз, алги, млечни производи и природни шеќери.rnrnТреба да избегнуваат мрсна храна, слатки, леб, сол, морков, целер и зелка.rnrnИсто така треба да пијат многу вода.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Со неквалитетен сон до зголемен број килограми

    Со неквалитетен сон до зголемен број килограми

    Со помалку од пет-шест часа спиење дневно, не можете да си ја одржите вашата линија, а последиците од ова ќе ги увидите по качувањето на вагата. Дури и да не промените ништо во вашата исхрана и во навиките поврзани со вашата физичка активност, промените на метаболизмот можат да предизвикаат пораст на телесната тежина. Можеби ова е одговор на прашањето зошто луѓето како што стареат се здебелуваат, а истовремено спиењето им станува сè полошо. Истото објаснување се однесува и на работниците кои најчесто работат трета смена. Тие преку ден се мачат да го надополнат спиењето, кое го пропуштиле ноќта.Со неквалитетен сон до зголемен број на килограмиНаучници од Бостон ги споредиле ефектите од спиењето на 21 доброволец во период од 6 месеци. Тие на почетокот на истражувањето почнале со 10 часа ноќно спиење, но во текот на истражувањето го намалиле до пет часа спиење и тоа во кој било дел од денот, доколку испитаниците се чувствувале уморни.rnrnРезултатите покажале дека кога испитаниците спиеле по помалку од 5 часа дневно, активноста на метаболизмот се намалувала за 12%. Изразено во бројки, научниците пресметале дека со ваквото спиење, согорувањето се намалувало за 120 калории дневно. Доколку би се пресметало дека цела година спиете на овој начин, тоа би значело дека поради недостаток на сон можете да качите плус 12 килограми.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадна диета

    Чоколадна диета

    Чоколадото можеби и не е толку опасно за вашата линија колку што мислевте. Новите студии покажуваат дека луѓето кои почесто јадат чоколадо имаат понизок индекс на тежина од оние кои јадат поретко. Истражувачите сè уште не можат да објаснат зошто нешто што содржи толку големо количество на шеќер, маснотии и калории може позитивно да влијае врз тежината. Но, се сомневаат дека антиоксидансите и останатите компоненти во чоколадото придонесуваат за забрзување на метаболизмот кое влијае врз намалување на калориите.rnrnЧоколадна диетаrnrnЗависниците од чоколадо најдобро знаат дека во последниве неколку години чоколадото сè почесто се додава на листата „добро по здравјето“. Веќе е докажано дека редовното јадење чоколадо може да го намали високиот притисок, да помогне при кардиоваскуларни проблеми, да го подобри холестеролот и да го регулира инсулинот. И покрај тоа што студијата која го истражува влијанието на чоколадото врз индексот на тежината е релативно нова, сепак добиените резултати ветуваат многу.rnrnНо, не гледајте на ова како дозвола за неограничено јадење на чоколадото кое го обожавате. Неговите ефекти врз индексот на тежината доаѓаат од редовноста на јадењето чоколадо, не од изедената количина.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 начини за забрзување на вашиот метаболизам

    15 начини за забрзување на вашиот метаболизам

    Без разлика дали се обидувате да ја намалите својата тежина или да ја задржите истата, овие неколку трикови од нутриционистот Хедер Бауер ќе ви помогнат да го забрзате вашиот метаболизам и да пристигнете до својата цел многу побрзо.rn

    1. Пијте многу вода

    rnПиењето 8 чаши вода дневно е повеќе од доволно за вашето здравје. Водата исто така помага при одржување на тежината и забрзување на метаболизмот.rnrn15 начини за забрзување на вашиот метаболизамrn

    2. Одржувајте го нивото на калциум

    rnИстражувањата за проблемите со зголемената тежина, покажуваат дека ниските нивоа на калциум можат да го активираат хормонот кој предизвикува задржување на мастите кои би требало да бидат исфрлени. Нискокалоричните млечни производи можат да ви помогнат многу со одржување на калциумот.rn

    3. Избегнувајте ги алкохолните пијалаци

    rnИзлегувањата со друштвото и доцните забави проследени со многу алкохол влијаат на вашиот метаболизам наредниот ден. Истражувањата покажуваат дека наредното утро вашиот метаболизам е значително забавен и во комбинација со мамурлакот се создава двојна катастрофа во вашиот организам.rnrn15 начини за забрзување на вашиот метаболизамrn

    4. Намалете го стресот

    rnСтресот го зголемува нивото на кортизол во вашето тело. Кортизолот е хормон, кој му дава команда  на организмот да ги задржува маснотиите при интензивни стресни ситуации. Пробајте со јога или медитација да го намалите стресот и да се смирите себеси.rn

    5. Јадете редовно

    rnРедовното јадење помага при создавање ред во вашето тело. Доколку прескокнувате оброци, се забавуваат главните функции на вашиот метаболизам. Во моментите кога сте гладни, а немате време или можност за целосен оброк, доволно е да изедете барем малку овошје, зеленчук или да се напиете  јогурт. Со изгладнувањето ги саботирате сите напори за одржување на телесната тежина.rnrn15 начини за забрзување на вашиот метаболизамrn

    6. Намалете со диеталните пијалаци

    rnИ покрај тоа што имаат помалку калории и изгледаат како лесен начин за намалување на тежината, диеталните пијалаци можат да имаат негативни ефекти врз вашиот метаболизам. Водата е многу подобар избор, но ако веќе сте одлучиле пробајте да ја ограничите консумацијата на најмногу 2 чаши неделно.rn

    7. Спијте редовно

    rnСпиењето од 6 до 8 часа секоја вечер е од голема важност за поздрав метаболизам. Секое спиење под 6 часа влијае врз способноста на вашето тело да согорува калории. Можеби ќе се  изненадите, но и премногу спиење може да го има истиот ефект. Најдобро за вас би било доколку пробате да одржувате константност при спиењето и да се будите отприлика во исто време секое утро.rnrn15 начини за забрзување на вашиот метаболизамrn

    8. Вежбајте на ладно

    rnПравењето какви било кардио-вежби во поладна просторија ќе ја зголеми способноста на кафените маснотии во вашето тело. Новите истражувања покажуваат дека овој вид маснотии помага при согорување на белите маснотии во вашето тело, кои се познати како „лоши маснотии“.rn

    9. Излегувајте почесто на сонце

    rnИстражувањата покажуваат дека кога една личност  поминува подолго време во затемнета и безживотна околина, се стимулираат оние психолошки функции во телото кои се појавуваат при добивање зголемена тежина или подолго спиење. Искористете го периодот помеѓу 11 и 15 часот за дневна прошетка. На тој начин ќе ја зголемите енергијата, ќе ја подобрите работата на срцето и свежиот воздух ќе има позитивно влијание на вашиот организам.rnrn15 начини за забрзување на вашиот метаболизамrn

    10. Пијте чај од Комбуха

    rnОвој чај кој е направен од црната Комбуха печурка, денес има голема примена во медицината. Тој помага за најразлични видови проблеми, од намалување на артритис до детоксикација на црниот дроб. Токму таа способност за детоксикација на овој вид чај, може да ви помогне во одржување на вашиот метаболизам.rn

    11. Почнете да вежбате со тегови

    rnСо зголемување на мускулната маса, вие го забрзувате и вашиот метаболизам за околу 40%. Не е потребно да претерувате со тежината на теговите, доволно е да употребувате полесни тегови со поголемо повторување на вежбите. На тој начин ќе ја зголемите мускулната маса и вашето тело побрзо ќе ги согорува маснотиите.rnrn15 начини за забрзување на вашиот метаболизамrn

    12. Повеќе витамин Ц

    rnВитаминот Ц и калциумот се „партнери во криминал“ кога станува збор за брзината на вашиот метаболизам. Калциумот го забрзува метаболизмот, додека пак витаминот Ц му помага на телото при апсорбирање на минералите со што се создава победничка ситуација.rn

    13. Пијте зелен чај

    rnСостојките во зелениот чај имаат уникатна способност за забрзување на вашиот метаболизам. Меѓутоа за да ги забележите ефектите од зелениот чај треба да пиете од 4 до 5 чаши дневно.rnrn15 начини за забрзување на вашиот метаболизамrn

    14. Витаминот Б е клучот

    rnВнесувањето на витамин Б во вашиот организам преку јадење мали количини на ореви, бадеми, сончоглед, говедско месо и риба, може многу да помогне при одржување на здрав метаболизам. Недостатокот на овој витамин негативно влијае на вашата енергија.rn

    15. Јадете риба

    rnРибите како туната и лососот содржат масти кои го зголемуваат лептинот во телото, хормонот кој е задолжен за регулирање на апетитот.rnrn15 начини за забрзување на вашиот метаболизам

  • Храна која предизвикува надуеност

    Храна која предизвикува надуеност

    Внимавате на исхраната, вежбате во теретана, сакате да постигнете идеална телесна тежина… Не уништувајте го целиот ваш труд и напор, заборавајќи ги оние нешта кои за миг ќе предизвикаат надуеност во пределот на стомакот.Храна која предизвикува надуеностrn

    1. Рафиноза (храна со галактоза, фруктоза и глукоза)

    rnТука спаѓаат следниве производи: зелка, проќељ, брокула, аспарагус и други зеленчуци и продукти со цели зрна. Овие предизвикуваат надуеност во стомакот само ако се јадат свежи, затоа прво згответе ги па потоа конзумирајте ги.rn

    2. Лактоза

    rnТука станува збор за продукти во кои има природни шеќери како млекото и млечните производи (павлака, јогурт, сладолед, сирење, кашкавал). Имајте на ум дека во млекото има поголемо количество лактоза отколку во сирењето, кашкавалот и јогуртот.rn

    3. Сорбитол (шеќерен алкохол кој бавно се раствора во метаболизмот на човекот)

    rnГо има во овошјата, вклучувајќи ги и јаболката, крушите, праските и сувите сливи.rn

    4. Скроб

    rnКомпир, пченка, ориз, леб, тестенини и храна направена од брашно. Освен што предизвикуваат подуеност, овие продукти предизивкуваат и гасови.rn

    5. Продукти со комплексен состав од скроб и протеини (зрнеста храна)

    rnПред употреба на продукти од овој тип, најдобро е да се потопат во вода неколку минути пред да почнат да се готват.rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.