КАФЕ ПАУЗА

Tag: метаболизам

  • Начинот на кој реагирате на кафето може многу да ви каже за вашиот метаболизам

    Начинот на кој реагирате на кафето може многу да ви каже за вашиот метаболизам

    Дали кафето е изворот на вашата енергија или ви предизвикува непријатности? Ако се пронајдовте во првата категорија, тогаш спаѓате во мнозинството. За повеќето луѓе, една шолја кафе не прави ништо повеќе од овозможување дополнителна енергија кога им е најпотребна. Но, изгледа мал процент луѓе не можат да се справат со неговите ефекти, па тоа им предизвикува големи главоболки и неправилно биење на срцето.rnrnНачинот на кој реагирате на кафето може многу да ви каже за вашиот метаболизамrnrnСпоред експертот за здравје и автор на голем број книги, д-р Мајкл Ројзен, вашиот метаболизам може да игра клучна улога во оваа необична реакција на омилениот утрински пијалак. Тој објаснува точно со кои симптоми ќе се соочите доколку сте почувствителни на кофеин.rn

    „Ако пиете нормална шолја кафе, околу 230 милилитри, кое е филтрирано, во текот на еден час и не добиете главоболка или болки во желудникот, ниту пак почувствувате неправилна работа на срцето и анксиозност, тогаш големи се шансите дека вашиот метаболизам е брз и дека ќе ги искористите придобивките од кофеинот.“

    rnОколу 88% од луѓето имаат брз метаболизам, па затоа и слободно уживаат во придобивките на пијалаците со кофеин, кои пак, го намалуваат ризикот од Алцхајмерова и Паркинсова болест, дијабетес тип 2 и неколку видови рак.rnrn(2) Начинот на кој реагирате на кафето може многу да ви каже за вашиот метаболизамrnrnНо, останатите 12% од популацијата имаат бавен метаболизам, што значи дека кафето кај нив ќе предизвика мноштво негативни ефекти, кои ги надминуваат долгорочните придобивки.rnrnВо секој случај, големи се шансите дека припаѓате во категоријата на личности со брз метаболизам, па затоа сега имате и уште причина повеќе да го пиете вашиот омилен пијалак. Сепак запомнете, без разлика колку уживате во кофеинот, треба да престанете со пиење најмалку 3 часа пред да си легнете бидејќи во спротивно, тоа може да го наруши вашиот циклус на спиење.rnrn(3) Начинот на кој реагирате на кафето може многу да ви каже за вашиот метаболизам

  • Внимавајте, наглото слабеење може да ви го уништи метаболизмот засекогаш!

    Внимавајте, наглото слабеење може да ви го уништи метаболизмот засекогаш!

    Реалните телевизиски емисии во кои, поединци, под стручен надзор на лекари или тренери, сакаат да ослабат, со оправдување дека таа цел не можат сами да ја постигнат, во последно време се многу популарни ширум светот. Тоа се должи на фактот што во овие емисии учествуваат луѓе со прекумерна тежина, кои на овој начин, преку напорни вежби и посебен начин на исхрана, тие брзо успеваат да изгубат голем број килограми. Но, што се случува со овие луѓе кога ќе се изгасат камерите и кога ќе си заминат во своите домови, враќајќи се на секојдневната рутина?rnrn(1) Внимавајте, наглото слабеење може да ви го уништи метаболизмот засекогаш!rnrnНеодамнешна студија објавена во магазинот „Дебелина“, се обидува да пронајде одговор токму на ова прашање – што се случува со луѓето кои за многу кус временски период слабеат, кога ќе се вратат во реалноста? За таа цел, научниците ги набљудувале животните навики и резултатите кај 14 луѓе со прекумерна тежина, кои минале низ таков „брз“ режим на губење телесната маса. Човечкото тело одлично може да ја одржува рамнотежата на метаболизмот, па дури и во несекојдневни услови, како што е прекумерната дебелина. Но, со наглото намалување на бројот на калории, како и брзото губење на тежината, човечкиот организам се „збунува“ и тешко ги поднесува настанатите промени. Всушност, човечкото тело почнува да копнее по неопходната енергија којашто му е скратена со гладувањето. Тука се наметнува прашањето, какви последици остава наглото губење на килограмите врз метаболизмот?rnrn(2) Внимавајте, наглото слабеење може да ви го уништи метаболизмот засекогаш!rnrnОва истражување дошло до заклучок дека по 6 години од учеството во реалните телевизиски програми, 13 од вкупно 14-те набљудувани случаи, повторно се здебелиле. Некои од нив дури и се вратиле на истата тежина што ја имале пред да учествуваат во програмата за брзо слабеење. Тоа се случило затоа што телото се обидело да ја надополни енергијата што му недостасувала, а метаболизмот на овие луѓе не успеал да воспостави рамнотежа. Кај нив, всушност, била намалена потрошувачката на калориите и метаболизмот бил значително забавен. Поради тоа за одржување на саканата тежина им била потребна поголема физичка активност и диета, во споредба со периодот пред да се пријават на брзата програма за слабеење. Ова покажува дека таквиот начин на нагло слабеење никако не е трајно решение, и дека е многу тешко да се одржи таков начин на живот, за да се држат килограмите под контрола.rnrn(3) Внимавајте, наглото слабеење може да ви го уништи метаболизмот засекогаш!rn

    „Ова истражување покажува дека учесниците во таквите брзи програми за слабеење, по излегувањето од процесот, мораат во целост да го сменат начинот на кој живеат, во борбата против килограмите“, посочуваат експертите кои го спровеле истражувањето.

  • Како да јадете сѐ што сакате, а сепак да се ослободите од вишокот килограми?

    Како да јадете сѐ што сакате, а сепак да се ослободите од вишокот килограми?

    Диетата „8 часа“ е една од најпопуларните диети на светот поради нејзината едноставност и слобода. Таа не бара многу планирање, купување и готвење специјална храна, пребројување калории, изгладнување, ограничувања во исхраната и слично. Затоа, нутриционистите ја сметаат за една од поефикасните и поефективните диети кои не прават долготрајни штети на организмот.rnrnКако да јадете сѐ што сакате, а сепак да се ослободите од вишокот килограми?rnrnТаа се заснова на принципот каде можете да јадете што и да посакате, на кој било начин и во која било количина, но во одреден интервал од 8 часа. На пример, од 10:00 до 18:00 часот јадете што сакате и како сакате, а наредните 16 часа не јадете ништо.rnrnРезултатите покажуваат дека на овој начин ќе го забрзате метаболизмот и варењето на храната и ќе го изгорите вишокот маснотии и непотребни токсини во телото. Доколку сакате да постигнете уште подобри резултати, се разбира, избегнувајте ја брзата храна и избирајте производи кои имаат што повеќе протеини и хранливи состојки.

  • Витамин што го израмнува стомакот и го решава проблемот со надуеноста

    Витамин што го израмнува стомакот и го решава проблемот со надуеноста

    Надуеноста, поради која стомакот изгледа поголем отколку што навистина е, е честа појава. Најчестите причини за појавата на надуеноста се одредените прехранбени производи кои ја задржуваат водата во телото и го забавуваат варењето на храната и слабото движење. Но, дали знаете дека постои витамин кој го решава проблемот за само неколку секунди? Станува збор за витаминот Б, поконкретно витамините од оваа група (Б комплекс) кои нашето тело одлично ги поднесува, а се наоѓаат насекаде околу нас во својот природен облик.rnrnВитаминот што го израмнува стомакот и го решава проблемот со надуеностаrn

    Витамин Б6

    rnВитаминот Б6 има улога на разредувач на водата во организмот. Истражувањата покажале дека скоро 90% од постарите лица патат од недостаток на овој витамин, што се должи на модерниот начин на живот и лошата исхрана. Освен што помага во изградбата на подобар одбранбен механизам на нашето тело (имунитет), овој витамин е повеќе од потребен за оние кои страдаат од срцеви заболувања и за бремени жени.rnrnНајдобри извори на витаминот Б6: Живина, риба, цели житарици, спанаќ и мешунки.rn

    Витамин Б1

    rnОвој витамин е познат и под името тијамин и е потребен за разградувањето на јаглехидратите и самата храна која ја внесуваме во организмот, бидејќи ги претвора во „гориво“ односно во енергија. Освен што може да ја подобри работата на срцето и добро делува на нервите, тијаминот ќе го подобри и забрза варењето на храната и ќе ви помогне да се решите од гасовите кои ја предизвикуваат надуеноста, но и ќе го регулира чувството за глад.rnrnНајдобри извори на витаминот Б1: Цели житарици, зелен зеленчук, пивски квасец, мешунки.rn

    Витамин Б12

    rnНедостатокот од овој витамин во телото се поврзува со процесите што водат до воспаленија во абдоминалниот регион. Тие можат да ја нарушат рамнотежата на добрите бактерии во тенкото црево, што може да предизвика проблеми во правилното функционирање на метаболизмот и варењето на храната.rnrnНајдобри извори на витаминот Б12: Морска храна, млеко, сирење, јајца, живина, говедско месо, кисел зеленчук.

  • Како да го забрзате метаболизмот со помош на правилото бр. 10?

    Како да го забрзате метаболизмот со помош на правилото бр. 10?

    Правилото бр. 10 се однесува на секојдневните навики поврзани со метаболизмот и дигестивниот систем. Во текот на денот телото работи со „полна пареа“, па природно му е потребен одмор за време на ноќта, и токму тука ова правило наоѓа голема примена. Кога станува збор за намалувањето на телесната тежина и ослободувањето од вишокот килограми, истражувањата објавени во списанието „Cell Metabolism“, што е посветено на промените во метаболизмот, имале доста интересни резултати.rnrnКако да го забрзате метаболизмот со помош на правилото бр. 10?rnrnИмено, студиите спроведени на голем број мажи и жени на возраст од 20 до 50 години покажале дека за одржувањето на телесната тежина, во секојдневната рутина е потребно да се внесе само еден обичен број – 10. Правилото бр. 10 е едноставно и објаснува колкава треба да биде разликата помеѓу првиот и последниот оброк во денот.rnrnАко, на пример, појадувате во 8 часот наутро, тогаш вашиот последен оброк би требало да биде 10 часа подоцна, односно би требало да престанете да јадете помеѓу 6 и 7 часот. Во текот на истражувањето се следеле секојдневните навики во исхраната на испитаниците, а според резултатите, третина од нив јаделе во текот на 15 часа односно додека биле буди. Истата група луѓе, за потребите на истражувањето, во исхраната го вметнала правилото од 10 часа и тоа во рок од 3 седмици и без никакви промени во менито.rnrnРезултатите биле конклузивни и по 21 ден се случило следново:rn

      rn011

    • Просечно, испитаниците ослабеле 3 килограми
    • rn011

    • Имале повеќе енергија
    • rn011

    • Нивото на шеќер во крвта им било беспрекорно и испитаниците се пофалиле дека спијат подобро
    • rn

    rnДоколку и вие сакате да го пробате правилото бр. 10 тогаш направете го тоа уште утре. Наутро задолжително појадувајте и 10 часа подоцна завршете го денот со вкусна и здрава вечера. Доколку осетите глад или зголемен апетит тогаш напијте се една чаша вода или незасладен чај од камилица или нане.

  • Чај кој намалува 8 сантиметри од струкот за само 7 дена

    Чај кој намалува 8 сантиметри од струкот за само 7 дена

    Кога станува збор за метаболизмот, важно е да се знае дека најдоброто и најефективното време за неговото забрзување е рано наутро, веднаш откако ќе се разбудите. Овој рецепт за слабеење од само три состојки предизвика глобална еуфорија, најмногу поради пофалните зборови на сите оние кои го пробале. Во продолжение прочитајте што сѐ ви е потребно за да го направите овој вкусен и делотворен чај.rnrnЧај кој намалува 8 сантиметри од струкот за само 7 денаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Зелен чај
    • rn011

    • Цимет
    • rn011

    • Ловоров лист
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо 800 милилитри зовриена вода додадете 1 стапче цимет, 3 листа ловоров лист и рамна супена лажичка зелен чај. Поклопете го чајот со капак, оставете го да отстои 15 минути и потоа исцедете.rn

    Начин на примена:

    rnИспијте ја првата шолја од чајот на празен стомак. Втората шолја испијте ја веднаш после појадокот, а третата навечер, пред спиење.rnrnЧај кој намалува 8 сантиметри од струкот за само 7 денаrnrnСо консумирањето на трите шолји од овој чај гарантирано ќе се ослободите од вишокот килограми, посебно во критичните делови од телото како што се стомакот, нозете и половината, а според оние кои го пробале и ги почувствувале неговите ефекти, првите резултати ќе бидат видливи после само една седмица. Сите три состојки ги согоруваат мастите и го забрзуваат метаболизмот, а се подразбира дека секој обид за забрзување на метаболизмот и губење на тежината треба да биде проследен со урамнотежена исхрана и умерена физичка активност.rnrnВнимание: Не се препорачува на бремени жени и доилки.

  • 24 совети: Израмнете го стомакот во рок од 24 часа

    24 совети: Израмнете го стомакот во рок од 24 часа

    Подуениот стомак е проблем со кој секоја жена се соочува, особено при крајот на денот. Ако сакате брзо да го решите овој проблем, како и да изгледате и да се чувствувате најдобро за време на празниците, следете ги овие 24 совети кои ќе ви помогнат да го израмните стомакот за само 24 часа.rnrn24 совети: Израмнете го стомакот во 24 часаrnrn1. Денот започнете го со чај од ѓумбир. Тој ќе го забрза варењето на храната и ќе ја намали подуеноста.rnrn2. Наместо стандардниот појадок, направете омлет од белки од јајца.rnrn3. Изедете една банана. Бананите се преполни со калиум кој го регулира задржувањето на течностите во телото.rnrn4. За одреден период исфрлете ги кромидот, блитвата, пченката, зелката, спанаќот и карфиолот од исхраната. Тие се многу здрави, но и предизвикуваат подуеност.rnrn5. Заборавете на гумите за џвакање. Со џвакањето внесувате воздух кој непотребно го дуе стомакот.rnrn6. Избегнувајте слатки и енергетски чоколади кои содржат житарици и вештачки засладувачи.rnrn7. Уживајте во јадењата кои содржат магдонос, бидејќи тој е силен диуретик и одличен регулатор на варењето на храната.rnrn8. Уживајте во темните чоколади кои содржат над 70% какао.rnrn9. Од утрото, па во текот на целиот ден, јадете повеќе мали оброци на секои 3 до 4 часа. Тоа ќе го поттикне варењето на храната.rnrn10. Јадете полека. Така ќе внесете помалку воздух, а добро изџваканата храна побрзо ќе се свари.rnrn11. Соковите заменете ги со лимонова вода. Пијте многу вода бидејќи лимонот е силен диуретик, а хидратацијата го забрзува метаболизмот.rnrn12. Избегнувајте да пиете од сламка, бидејќи така внесувате повеќе воздух.rnrn13. Избегнувајте газирани и слатки пијалаци. Меурчињата и шеќерот се најлоша комбинација за вашиот стомак.rnrn14. Белиот леб и тестенините заменете ги со леб и тестенини од цели житарици, бидејќи тие се богати со влакна кои се клучни за варењето на храната.rnrn15. Избегнувајте мрсна храна, бидејќи таа потешко се вари.rnrn16. Избегнувајте алкохол, барем до забавата, бидејќи тој може да ја вознемири цревната флора и да предизвика подуеност.rnrn17. Одвојувајте 15 минути од денот за пешачење. Тоа ќе го забрза вашиот метаболизам.rnrn18. Во текот на денот напијте се уште еден чај од ѓумбир и цимет.rnrn19. Прескокнете ги млекото и сирењето бидејќи тие можат да предизвикаат подуеност, особено кај повозрасните.rnrn20. Напијте се пробиотик кој е преполн со добри бактерии кои го регулираат варењето.rnrn21. Ден претходно, прескокнете ја вечерата или таа нека биде порано и многу лесна.rnrn22. Направете си купка од 270 грама горка сол. Магнезиумот од горката сол го поттикнува потењето преку кое ги исфрлате вишокот течности од телото.rnrn23. Избегнувајте пресолена храна. Солта ја задржува водата во телото.rnrn24. Ако сте гладни, грицкајте бадеми. Тие не предизвикуваат подуеност и ќе ве заситат.

  • 3 навики со кои секојдневно си го уништувате метаболизмот

    3 навики со кои секојдневно си го уништувате метаболизмот

    Метаболизмот го сочинуваат бројни хемиски реакции кои нè одржуваат во живот и му овозможуваат на нашето тело да работи нормално и без препреки. Но, некои од нашите секојдневни навики можат значително да го загрозат овој процес и да доведат до нерамнотежа во нашето тело. Дознајте за кои навики станува збор…rnrn3 навики со кои секојдневно си го уништувате метаболизмотrn

    1. Не сте се наспале доволно

    rnСо цел нормално да функционирате, на вашето тело му е потребен одмор. Недостатокот на сон може да предизвика бројни проблеми, како забавување на трошењето калории и нарушување на нивото хормони во организмот. Исто така, ако спиете помалку од 7 до 9 часа дневно, вашето тело многу потешко ќе го разградува шеќерот, но и ќе ви се зголеми чувството за глад. Неколку бессони ноќи нема да ви наштетат, но ако тоа премиине во рутина, тогаш ве очекуваат големи проблеми.rn

    2. Го започнувате денот дехидрирани

    rnДехидрацијата е шок за организмот, а таа може да настане веднаш по будењето. Во текот на ноќта нашите метаболични функции забавуваат и вие не внесувате вода во текот на 8-те часа додека спиете. Токму затоа нашето тело се буди дехидрирано и му е потребно утринско освежување. За да се справите со оваа ситуација, веднаш по будењето треба да испиете од 30 до 50 милилитри вода. Оваа рутина ќе ви овозможи енергија, ќе ви го намали апетитот и ќе ја спречи надуеноста. Исто така, избегнувајте да пиете големи количини кафе бидејќи и тоа може да предизвика дехидрација.rn

    3. Премногу долго седите

    rnПо 8 часа сон, сигурно поголемиот дел од вас се префрлаат од кревет на столица и работат уште толку часа. Оваа навика е тивок убиец на метаболизмот, бидејќи нашето тело не е создадено за ваква рутина. Предолгото седење ја забавува циркулацијата, но и целокупниот метаболизам, па затоа и може да предизвика лошо варење, надуеност и насобирање вода. Кога сте на работа, обидувајте се на секој час да направите пауза од неколку минути така што ќе прошетате низ ходникот, ќе се истегнете или ќе направите неколку вежби.

  • 9 начини да изгубите тежина и да се чувствувате поздраво без диета и вежбање

    9 начини да изгубите тежина и да се чувствувате поздраво без диета и вежбање

    Доколку не сте од оние личности кои можат да издржат одреден режим на исхрана ниту пак, имаат мотивација за вежбање тогаш погледнете ги следниве 9 алтернативни начини со кои сепак без многу труд можете да ослабите. Овие тајни се медицински докажани начини да го подобрите вашиот метаболизам, а со тоа и да се ослободите од вишокот килограми. Доколку успеете да ги стекнете како навики, вие ќе создадете драстични промени во вашиот изглед и здравје.rnrn9 начини да изгубите тежина и да се чувствувате поздраво без диета и вежбањеrn

    1. Јадете порции со соодветна големина

    rnЗнаеме што размислувате, но јадењето помали порции не значи дека сте на диета. Баш напротив, тоа е одличен начин да се најадете без да држите диета. Според Националниот институт за здравје, во последниве 20-тина години порциите драстично се зголемиле со цел да се прилагодат на нашиот животен стил. Резултатот? Поголемо внесување калории.rn

    2. Јадете почесто

    rnБидејќи ќе имате порции со посоодветна големина, вие можете да јадете почесто во текот на денот. Па, токму затоа и наместо да се прејадете за време на еден оброк, распределете ја храната така што ќе имате за повеќе помали оброци во текот на денот кои ќе ве одржуваат подолго сити. На овој начин вашето тело постојано ќе добива храна која ќе ја преработува, наместо да ги чува маснотиите за црни денови.rn

    3. Престанете да пиете газирани пијалаци

    rnИстражувањата ни покажуваат јасна поврзаност помеѓу пиењето газирани пијалаци и прекумерната телесна тежина. Овие пијалаци исто така се поврзуваат и со други проблеми, како намалено внесување хранливи материи и зголемен ризик од различни болести, како дијабетесот. Токму затоа и секогаш кога ќе бидете жедни, едноставно напијте се вода.rn

    4. Истото важи и за брзата храна

    rnНема потреба да влегуваме во ужасните детали за преработката на месото наменето за брзата индустрија со цел да знаете дека тоа воопшто не е здраво за вас. Дури и само два пати неделно да јадете брза храна, вие му правите огромна штета на вашето тело. Доколку сакате да јадете бургер, направете си го самите, бидејќи тоа е единствениот начин да знаете точно што внесувате во вас.rn

    5. Здраво предјадење

    rnПостои причина зошто во рестораните најпрво се служи предјадењето. Доколку вие се најадете додека го чекате главното јадење и сте задоволни од целокупната храна, тогаш нема да обрнете многу внимание на вкусот на оброкот. Тоа е трик. Но, сепак можете да го искористите во ваша корист. Токму затоа и секогаш одбирајте да го започнете вашиот ручек или вечера со салата или супа. На тој начин ќе бидете ем сити без да изедете сè, ем ќе изгубите неколку вишок килограми.rn

    6. Научете кога да престанете со јадење

    rnКолку пати ви се случило да почувствувате дека сте сити и да ја спуштите виљушката на масата, но веднаш потоа да ги откопчате вашите пантолони, да земете длабок воздух и да го довршите тоа што се наоѓа во вашата чинија? Обидете се да одолеете на ова искушение и кога ќе почувствувате дека сте сити, веднаш престанете со јадење.rn

    7. Пијте многу вода

    rnПиењето вода доведува до губење несакана тежина поради две едноставни причини: Таа прави да се чувствувате полно и има 0 калории. Да не заборавиме и на илјадниците здравствени придобивки врз вашата кожа и дигестивен систем. Едноставно не постои несакана последица од пиењето вода, па затоа и погрижете се секогаш да имате шише во ваша близина.rn

    8. Јадете со вашите очи

    rnНие знаеме дека вие сакате да ја изедете целата храна која ја гледате пред вас, но зошто да не го измамите вашето тело да помисли дека навистина сте го направиле тоа? Па, наместо да си послужите помал оброк на голема чинија, одберете помала чинија која ќе изгледа како да е преполна со истата количина храна.rn

    9. Не заборавајте на сонот

    rnПостојат многу истражувања кои го поврзале недостатокот на сон со дебелеењето. Кога не спиете доволно, на вашето тело му е потребна повеќе енергија за да остане будно, резултирајќи со поголем апетит. Токму затоа не заборавајте да се одморите!

  • Ова овошје го забрзува метаболизмот, но и слабеењето

    Ова овошје го забрзува метаболизмот, но и слабеењето

    Не се сите овошја исти. Додека некои содржат високо ниво на природен шеќер, постојат и такви кои кога се консумираат во одредена количина го поттикнуваат слабеењето.rnrn1-ova-ovoshje-go-zabrzuva-metabolizmot-no-i-slabeenjeto-www.kafepauza.mk_rnrnПапајата содржи ензим наречен папаин, кој го забрзува варењето и го олеснува губењето на килограмите.rnrnАвокадото е богато со здрави масти, кои го поттикнуваат метаболизмот и производството на тестостерон. Овој хормон е заслужен за губење на килограмите како кај мажите, така и кај жените.rnrnКога ќе почувствувате потреба за попладневна ужина, секогаш избирајте овошје кое е богато со влакна.rnrnКрушите и јаболката содржат високо ниво на влакна и ако изедете само една од овие вкусни овошки, тоа ќе ви помогне да го задоволите гладот.rnrnВисокото ниво на антиоксиданси во боровинките може да ви помогне да ги исчистите токсините кои ги таложат килограмите.rnrnOLYMPUS DIGITAL CAMERArnrnБананите се полни со растворливи влакна кои создаваат чувство на ситост. Уживајте во бананите во текот на појадокот. Тие ќе ви помогнат да го намалите струкот и да го подигнете имунитетот.rnrnАко јадете кокос, брзо ќе станете сити и нема да чувствувате потреба за храна.rnrnЛимонот е одличен за детоксикација на црниот дроб. Пијте чаша лимонада секое утро пред појадокот за да го регулирате нивото на масти кои влегуваат во вашиот организам.rnrnГрејпфрутот е одличен против чувството на глад и има многу малку калории.rnrnДоколку јадете портокали, ќе го намалите бројот на калории кои сте ги внеле во текот на денот и ќе го одржите телото хидрирано.rnrnПраските се одлично овошје за нискокалорична диета. Тие се извор на антиоксиданси и помагаат во исфрлањето на токсините од телото.rnrnКалинката е одлична ако сакате вашето тело потполно да го исчистите од токсините. Исто така, го намалува апетитот.rnrnВажно е да знаете дека сувото овошје, кое се комбинира со свежото, е ефективно во согорувањето на мастите и регулирањето на холестеролот.