Мерцедес е симбол на квалитет во автомобилската индустрија повеќе од еден век, а повеќето нивни модели се запишани во историјата како икони. Еден од тие модели е „Mercedes Benz 540K“ кој се појавил на пазарот во 1937 година. Тој ќе биде продаден на аукција во август оваа година. За него се предвидува дека ќе биде најскапо продадениот Мерцедес преку аукција.rn
Колата била направена да им служи само на неколкумина, бидејќи биле произведени само 406 автомобили за време на производствениот циклус од 1936 до 1939 година. Со текот на времето, повеќето од нив биле уништени, а овој примерок е еден од трите останати во светот. Ова чудо од автомобил има 8-цилиндричен мотор, 180 коњски сили, мануелен менувач со 4 брзини и суспензија на 4 тркала. Достигнува брзина до 100 километри на час за 16,4 секунди, а максималната брзина која може да ја достигне е 170 километри на час. Шасијата на прв поглед изгледа многу тешко (2.594 килограми), но таа е дизајнирана никогаш да не попречи во брзината на автомобилот.rn
Исто така, оваа кола имала и многу славни сопственици. Најпрво била транспортирана во Аргентина, за потоа да биде продавана во Германија, Австралија и во САД. Во 2007 година шефот на „Формула 1“, Берни Еклстоун купи ист ваков модел за 8,25 милиони американски долари. Оттука се верува дека овој модел ќе достигне уште поголема цена, а можеби и светски рекорд.
rn——————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Tag: мерцедес
-

Најскапиот аукциски „Мерцедес Бенц“
-

Мерцедес прекриен со 10 илјади пенкала
Дизајнерот Костас Шулер од Форествил, Калифорнија е автор на делото наречено „Mercedes Pens”. Тој, своето возило „Mercedes Benz“ 300SD произведен во 1981 година, го трансформирал прекривајќи го целосно со 10.000 пенкала и маркери.rn
.rn„Добив идеја да ја прекријам целата моја кола со пенкала. Сите употребуваме пенкала, а по некое време истите ги губиме. Па кога започнав да ги собирам, немав проблеми при барањето, ниту со луѓето за донирање пенкала за овој луд артистички проект.“
rn

Тој успеал да ги собере сите пенкала и маркери за 5 години, а повеќето од нив биле донација од луѓе кои му ги праќале по пошта, од училишта, фирми, канцеларии и слично.rn
.rn„Луѓето ми отпоздравуваат кога го возам, свирејќи ми насмеани. Некои од овие пенкала ми се пристигнати дури од Англија и Австралија.“
rn

-

Како познатите брендови го добиле своето име
Познатите брендови, со сигурност не станале тоа што се денеска преку ноќ. Потребни им биле многу години вложување и промоција, за да го достигнат нивото на светска популарност кое го имаат сега. Интересно е тоа што голем дел од големите корпорации имаат некоја интересна приказна од периодот на нивното настанување, а е поврзана со нивното име.rn
Навистина е фасцинантно да дознавате факти за историјата на вашите омилени производители. На пример, дали сте знаеле дека “Кока-кола” порано се викала “Кола Вино” и се продавала како лекарство? Следува листа од 10 интересни факти поврзани со имињата на некои познати гиганти.rnrn rn
rn 
rn
rn Apple
rnВо 1976 година, Стив Џобс работел на една фарма во Орегон, која го инспирирала да и го даде името на компанијата Apple (Јаболко). Ко-основачот Возниак, верува дека Стив ја добил идејата или од фармата на која работел или од “Apple Records” – музичка куќа основана од познатата група Битлси.
rn
rn
rn 
rn
rn Adobe
rnAdobe Systems е создаден во 1982 година од страна на Џон Ворнок и Чарлс Гешки. Името е добиено од реката Адоуб Крик во Лос Алтос, Калифорнија, бидејќи поминувала зад куќата на Ворнок.
rn
rn
rn 
rn
rn Google
rnДали сте знаеле дека најупотребуваниот пребарувач, на почетокот во 1996 година се викаше “BackRub”? Името Google за прв пат се примени во 1998 година и тоа поради правописна грешка на зборот “googol”.
rn
rn
rn 
rn
rn Hewlett Packard
rnПознатиот бренд HP е создаден од презимињата на основачите Бил Хјулит и Дејв Пакард. Бидејќи двајцата биле во недоумица дали да ја крстат компанијата Хјулит-Пакард или Пакард-Хјулит решиле да фрлаат паричка.
rn
rn
rn 
rn
rn Mercedes
rnПознатата автомобилска компанија “Мерцедес” името го добила по ќерката на Емил Јелинек. Емил Јелинек всушност бил австриски бизнисмен кој нарачал мотор од дизајнерите Готлиб Дајмлер и Вилхелм Мајбах, со кој учествувал во трка. Потоа, тој увидел дека тоа може да биде добар начин за заработка, па нарачал уште 36 автомобили и добил франшиза за продажба во неколку земји.
rn
rn
rn 
rn
rn Pepsi
rnПијалокот Пепси за прв пат се појавил во 1893 година под името “Brad’s Drink”. Името било добиено од фармацевт Кејлеб Бредхем кој ја создал формулата. Во 1898 година пијалокот е преименуван во “Pepsi-Cola”, поради дигестивните ензими пепсин и кола кои се содржани во формулата.
rn
rn
rn 
rn
rn Intel
rnДали сте знаеле дека компанијата што сите ја знаеме како “Intel” можела да се вика ” Moore Noyce “? Нејзините основачи Боб Нојс и Гордон Мур го смислиле името, но за жал тоа веќе било зафатено од некој синџир на хотели. Поради ова бил усвоен акронимот од “INTegrated ELectronics”.
rn
rn
rn 
rn
rn Sony
rnОвој гигант во 1946 година бил создаден под името “Tokyo Tsushin Kogyo K.K”. Но, во 1958 година фирмата решила да го смени името во “Sony”, спојувајќи два збора “sonus” и “sonny”. Сленгот “sonny” значи паметен, млад и претставителен.
rn
rn
rn 
rn
rn Yahoo
rnОвој познат пребарувач и имејл сервис првично бил наречен ” Jerry and David’s Guide to the World Wide Web”. Нормално, името било добиено од имињата на пронаоѓачите Џери Јанг и Дејвид Фило. Името Yahoo е добиено малку покасно, и тоа како кратенка од “Yet Another Hierarchical Officious Oracle”.
rn
rn
rn 
rn
rn Adidas
rnИскрено, дали некој од нас воопшто знае што значи Adidas? Брендот е создаден според името и презимето на основачот АДолф (АДИ) ДАСлер.
rn
rn
rn