Меморијата понекогаш знае да си поигрува со нас. Таа собира детални настани од нашето детство, но не секогаш ни дозволува пристап до нив. Постојат неколку видови сеќавања и нашиот мозок има уникатен начин при заборавање на секое од нив. Психолозите ги класификувале различните начини на кои ние забораваме, а биолозите го проучувале овој процес на клеточно ниво.rnrn
rnrnТие откриле дека заборавањето е сосема нормално, но исто така и клучно за начинот на кој мозокот функционира. Погледнете ги следниве чудни нешта поради кои луѓето забораваат…rn
1. Начинот на кој вратите ја уништуваат меморијата
rnВо едно често, но мистериозно губење на краткотрајната меморија, луѓето се наоѓаат себеси во соба, без притоа да помнат како стигнале таму. Истражувачите велат дека во овие ситуации, големи се шансите дека вратите се виновни. Самиот акт на поминување низ врата може да му даде знак на мозокот дека започнува нова сцена и дека е потребно да ги тргне настрана оние сеќавања од досега, па токму затоа се појавува чудно губење на меморијата.rn
„Влегувањето или излегувањето низ врата може да служи како граничен настан во мозокот, кој ги дели епизодите на активност и ги трга настрана“, вели психологот Габриел Радвански. „Потсетувањето на одлуката или активноста која била направена во различни соби е тешко бидејќи таа е тргната настрана.“
rnНо, сепак менталните граници на настаните се корисни, бидејќи тие ни помагаат да ги организираме временски настаните во нашата глава и да запомниме каде и кога се случиле тие.rn
2. Активности кои се бришат од умот
rnИ покрај тоа што ова се случува премногу ретко, постојат активности кои можат да резултираат со моментална загуба на меморијата или пак, „магла“ во мозокот. Оваа појава се нарекува краткотрајна глобална амнезија. На пример, постојат случаи во кои сексот предизвикал проблеми со меморијата, каде што пациентите заборавале на целиот претходен ден и имале потешкотии при формирање нови сеќавања.rnrnЛуѓето со краткотрајна глобална амнезија не доживуваат сериозни несакани последици и најчесто проблемите со сеќавањето им исчезнуваат за само неколку часа. Сè уште не е јасно зошто ова се случува, бидејќи скенирањата на мозокот на пациентите не покажуваат никакви знаци на оштета на мозокот ниту пак, на мозочен удар.rn
3. Сеќавањата можат да постојат, дури и ако ние не можеме да пристапиме до нив
rnДали заборавените песни можат да продолжат да живеат во нашите глави без притоа ние да ги знаеме? Во еден необичен случај од 2013 година, истражувачите опишале жена која имала музички халуцинации на песна која таа не ја препознавала, но другите ја знаеле.rn
„Колку што ние знаеме, ова е прв извештај за музички халуцинации на песна која самата личност не ја препознава, но која оние околу неа ја знаат“, велат истражувачите.
rnСпоред нив, жената сигурно ја знаела оваа песна во одреден момент од нејзиниот живот, но со тек на време ја заборавила. Овој случај го поставува прашањето што точно се случува со заборавените помнења и ни сугерира дека можеби тие се сместени во мозокот во форма во која е достапна за нас, но која не можеме да ја препознаеме.rn
4. Мозокот може да е програмиран да го заборави раното детство
rnНашите најрани сеќавања од детството избледуваат и сигурно за тоа постои причина. Многу често луѓето не се сеќаваат на нешта кои се случиле во најраните години од нивниот живот, најчесто пред 3 или 4-годишна возраст. Ова се нарекува инфантилна амнезија.rnrnНаучниците претходно мислеле дека раните сеќавања се сè уште таму, но дека децата едноставно немале говорни вештини за да ги вербализираат. Но, нови истражувања покажуваат дека децата создаваат сеќавања за време на нивните рани години и потоа ги забораваат преку намерни механизми. Едно можно објаснување за ова е развивањето на мозокот, чие растење и генерирање клетки ги брише зачуваните помнења.rn
5. Заборавање можат да предизвикаат и повреди на мозокот
rnМожно е да ги изгубите сеќавањата уште пред тие да имаат шанса да бидат запомнети поради повреди на структурите на мозокот кои се специфично вклучени во формирање, одржување и сеќавање на запомнетите нешта. Оштетувањето во овие области може да резултира со чудни форми на амнезија.rnrnВо една од најпроучуваните студии со амнезија, пациентот Х. М. ја изгубил способноста да формира нови сеќавања откако еден дел од неговиот мозок, хипокампус, бил отстранет со операција со цел да се лекува неговата епилепсија. Друг исто така познат случај е и приказната на пациентот Е. П. кој доживеал слична судбина откако добил воспаление на мозокот кое било предизвикано од вирус.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnДобрата и правилна исхрана ни овозможува нормален тек на мозочната и физичката активност. Енергијата која ја добиваме преку хранливите материи е најважна за правилното функционирање на човечкото тело, како и за спречување на болести кои можат да го нападнат. Здравата исхрана и внесувањето на потребните витамини во нашето тело треба да ни биде приоритет, бидејќи здравјето доаѓа пред сè.

rn
rn
rnrn


rnrnДоколку ви треба мотивација
rn
rn