КАФЕ ПАУЗА

Tag: меморија

  • Интересна студија: Колку повеќе секс имате, толку подобра ќе биде вашата меморија!

    Интересна студија: Колку повеќе секс имате, толку подобра ќе биде вашата меморија!

    Честиот секс има многу позитивни влијанија врз двајцата партнери – може да ве ослободи од стресот, да ви помогне побрзо да оздравите ако сте настинати или пак да ви го „наполни“ егото со самата идеја дека сте посакувани. Исто така, помага и во подобрување на меморијата, особено кога веќе сте на позрели години и често заборавате на некои ситници.rnrnПовеќе секс ја подобрува вашата меморијаrnrnПаровите кои имаат редовен секс, при едно истражување покажале дека имаат и подобра меморија, споредено со оние кои со партнерот споделуваат помалку нежности. Бакнежите и допирите на мозокот му праќаат сигнал дека телото се чувствува добро, а со тоа тој е и порелаксиран и полесно ги извршува другите функции.rnrnВо студијата на Универзитетот во Волонгонг, Австралија, две години се набљудувале 6.000 учесници на возраст над 50 години, како и нивните животни навики. Оние кои биле повеќе сексуално активни, успевале полесно да се сетат на поблиски и подалечни спомени.rnrnНо, истото важи и за помлади парови кои имаат редовен интимен живот. Сексот ја подобрува меморијата и ја стимулира активноста на нервите во мозокот, во делот одговорен за складирање на епизодни и парцијални спомени.rnrnПрочитајте ги и овие 5 чудни факти за меморијата.

  • Како предолгото седење може да го влоши памтењето?

    Како предолгото седење може да го влоши памтењето?

    Доколку поголемиот дел од денот го поминувате во седење, имаме лоши вести за вас. Предолгото седење во иста положба, без паузи, може да заслабне делови од мозокот кои се поврзани со памтењето. Ова е причина плус за почесто да правите паузи доколку работите работа при која долго седите, но и кога имате слободно време да го користите за раздвижување.rnrnКако предолгото седење може да го влоши памтењето?rnrnВо една нова студија објавена во списанието „PLOS One“ се вели дека долгото седење не е опасно само за срцето и линијата, туку може да му наштети и на мозокот. За време на истражувањето е утврдено дека седечката положба влијае да заслабнат мозочни структури во делот одговорен за паметење. Заслабнувањето на овие делови може да бидат причина за намалување на когнитивните функции или развој на деменција и Алцхајмерова болест. Но, како што се наведува во статијата, физичката активност не е доволна за да се надомести негативниот ефект од долгото седење.rnrnНа УКЛА било спроведено истражување во кое учествувале 35 здрави лица на возраст меѓу 45 и 75 години. Од нив било побарано да ја мерат физичката активност, но и времето кое го поминуваат во седење. Притоа на сите им била направена снимка со помош на магнетна резонанција, за да се забележи состојбата на мозочното ткиво пред почетокот на истражувањето.rnrnПо одреден период, кога прегледот бил повторен, констатирано е дека физичката активност не влијаела нешто особено врз зацврстувањето на мозочната маса, но предолгото седење дефинитивно ги заслабнувало деловите и центрите одговорни за паметење.rnrnКако предолгото седење може да го влоши памтењето?rnrnПросечниот број на часови во денот во кои испитаниците седеле бил помеѓу 7 и 9, а заслабнувањето било поголемо кај оние кои подолго седеле. Овие заслабнувања, според истражувањето, може да бидат причина за намалување на когнитивните функции и за нарушено здравје на мозокот.rnrnОваа студија на УКЛА сама по себе не дава многу информации, бидејќи е направена врз мал примерок, но била мотив да продолжи да се истражува претпоставката, што довело до поцврсти докази за поврзаноста меѓу седењето и губењето на меморијата. За во иднина е планирано истражувањето да се прошири на повеќе држави, да се испитаат припадници на различни возрасни групи, како и дали демографијата и типичното однесување влијаат во заслабнувањето на мозокот во делот на помнењето.rnrnВо меѓувреме, стои препораката дека предолгото седење е штетно за сите и дека секогаш треба да се вклучи повеќе активност во животниот стил.rnrnПотсетете се и на овие 7 неверојатни митови за меморијата.

  • Дали ова откритие ќе доведе до развивање можност за „читање“ на сеќавањата по смртта?

    Дали ова откритие ќе доведе до развивање можност за „читање“ на сеќавањата по смртта?

    Благодарение на новите истражувања во неврологијата, научниците дошле до сознание дека сеќавањата во нашите мозоци оставаат единствен генетски отпечаток и истите некогаш може да се „извлечат“ од меморијата и да се употребат на малку поинаков начин. До ова откритие дошле научници од Универзитетот во Ерусалим, кои наведуваат дека овие генетски траги можат да бидат употребени за да се „отклучат“ сеќавањата дури и по смртта на личноста.rnrnВо иднина ќе биде можно да се читаат спомени на починати лица?rn

    Во прашање е фасцинантен пристап, но мора да бидеме брзи, со оглед на тоа што протеините ќе почнат да се разложуваат кратко по смртта“, изјавил докторот Кли Варбуртон од Универзитетот во Бристол.

    rnДо ова откритие е дојдено откако се истражувало на кој начин мозокот ги складира спомените меѓу невроните. Притоа, мозокот создава нови протеини, контролирани од гените. Утврдено е дека различни животни искуства создаваат различни промени во генетската активност на мозокот.rnrnЕкспериментот е изведен со помош на лабораториски глувци, кои биле изложени на различни дразби (вкусна храна, мали дози наркотик, електрошокови…), а потоа се следела нивната мозочна активност. Врз основа на дразбата, следени се промените во гените во различни делови на мозокот, за кои е познато дека учествуваат во формирање и складирање спомени.rnrnВо иднина ќе биде можно да се читаат спомени на починати лица?rnrnПритоа, научниците лесно можеле да одредат кои глувци на која дразба биле изложени, само врз основа на реакциите на нивните мозоци. Генетската активност на мозокот го доживува „врвот“ еден час по формирање на споменот.rnrnНевролозите и научниците кои биле вклучени во истражувањето се надеваат дека во иднина овие сознанија и методи ќе можат да бидат применети и на животните и на луѓето, со цел полесно да се решаваат мистерии и убиства. Сепак, засега е само поставена основата на една целосно нова гранка во науката којашто треба уште да се истражува за да може да биде употребена практично.rnrnПрочитајте и зошто исчезнуваат нашите најрани сеќавања од детството.

  • Моќта на палатата на меморијата: Како никогаш повторно да не заборавите важни информации?

    Моќта на палатата на меморијата: Како никогаш повторно да не заборавите важни информации?

    Оваа навидум луда техника е позната како методот на Лоци или палата на меморијата. Таа претставува техника за подобрување на меморијата со визуализација и просторна меморија. Со неа ги поврзувате новите информации со веќе познати работи, па имате побрз пристап до нив. Техниката се користела во древните Рим и Грција, и е позната кај шампионите во помнење.rnrnmokjta-na-palatata-na-memorijata-kako-da-ja-podobrite-vashata-memorija-kafepauza.mkrnrnКлучното во оваа техника е да заборавите да ги помините фактите со повторување. Наместо тоа, поврзете ги идеите на интересен и креативен начин кој ќе ви овозможи побрзо да се сетите на нив. На некој начин, ова е патување низ вашиот ум.rn

    Како да создадете палата на меморијата?

    rn

      rn011

    • Одберете локација која ви е позната, на пример вашиот дом.
    • rn011

    • Повторете го патувањето во главата неколку пати. Размислувајте за емоциите во секоја соба.
    • rn011

    • Ставете по некоја информација во секоја соба и поврзете ја со некој физички предмет, како на пример креветот.
    • rn011

    • Нацртајте ја вашата палата на меморијата.
    • rn011

    • Почнете го патувањето и направете ги работите интересни, така што тие самите ќе се појавуваат. Важно е информацијата да остане таму.
    • rn

    rn

    Мнемониката и методот на Лоци

    rnМнемониката е помошник за помнење кој вклучува рима или ментална слика која ќе ја поврзете со новата информација. Таа може да се користи за телефонски броеви, имиња или пак, за историски податоци.rnrnАко на пример сакате да запомните листа со неповрзани информации, почнете од првата информација и измислете си приказна со која ќе ги поврзете првата и втората информација, па втората со третата и така натаму. Кога ќе завршите со приказната, ќе имате ментална слика од листата и многу лесно ќе се сетите на информациите.rn

    Престанете со меморирање, почнете да се забавувате

    rnЌе бидете изненадени од моќта на овие техники штом ќе ги совладате. Тие се забавни и лесни за користење, а ќе ги научите за многу брзо време.rnrnПогледнете го и овој неверојатен трик за помнење.

  • Науката открива: Алкохолот може да ја подобри вашата меморија

    Науката открива: Алкохолот може да ја подобри вашата меморија

    Се сеќавате на последниот пат кога сте се опијаниле? Постои голема веројатност дека сеќавањата ви се малку матни по вечерта помината во пиење алкохол. Токму затоа, откритијата од најновите истражувања можеби ќе ве изненадат.rnrnНауката открива: Алкохолот може да ја подобри вашата меморијаrnrnИмено, истражувачите од Универзитетот во Ексетер откриле дека луѓето кои пијат алкохол полесно го запомнуваат она што го научиле.rnrnВо истражувањето учествувале 88 луѓе кои биле поделени во 2 групи и на кои им била дадена задача со учење зборови. На првата група испитаници им било дозволено да пијат алкохол колку што сакаат, додека втората група морале да пијат само безалкохолни пијалаци. Наредниот ден, луѓето на кои им било дозволено да пијат алкохол покажале дека запомниле повеќе зборови од испитаниците кои останале трезни.rnrnПричината за ова не е сосема јасна, но истражувачите претпоставуваат дека алкохолот го блокира учењето нови информации и на тој начин ново научените информации полесно преминуваат во долготрајната меморијаrnrnДа наздравиме за науката!rnrnИ покрај овие откритија, најдобро е да не претерувате со алкохолот. Доколку сепак ви се случи да испиете некоја чашка повеќе, прочитајте како да се ослободите од утринскиот мамурлак.

  • Најмногу нè повредуваат сеќавањата што не знаеме дека ги создаваме

    Најмногу нè повредуваат сеќавањата што не знаеме дека ги создаваме

    Понекогаш не знаеме дека се наоѓаме во сеќавање сè додека не помине моментот. Неколку денови подоцна ние почнуваме да размислуваме за моментот и да ги анализираме деталите, разговорите, зборовите. Се обидуваме да го зачуваме тој момент во нашиот ум и се држиме за него.rnrnsekjavanjata-koi-ne-znaeme-deka-gi-sozdavame-ne-povreduvaat-najmnogu-kafepauza.mkrnrnНо не е секогаш вака. Понекогаш знаеме дека создаваме сеќавања во моментот кога ги создаваме. Застануваме и си велиме „Никогаш нема да го заборавам овој момент“, и не го забораваме. Ги внесуваме во нашата меморија звуците, глетките и мирисите. Тоа е како првиот годишен одмор за кој знаеме дека родителите потрошиле многу пари, и иако понекогаш ни изгледал како присилена семејна забава, сепак имаме прекрасни сеќавања, а понекогаш и фотографии од тие денови. Или пак, сеќавањата за нашите баби и дедовци, и викендите поминати со нив играјќи карти или гледајќи телевизија. Овие моменти го оформиле нашиот живот. Тие се местата кои ги посетуваме кога ги затвораме очите, слушаме некоја песна или гледаме некој стар филм.rnrnНо сеќавањата за кои не сме биле свесни дека ќе бидат сеќавања, се оние кои нè „убиваат“. Тие се прикриваат како најобично одење до продавница и завршуваат врежани во нашиот мозок. Тие се сеќавањата за кои е доволно само една песна да нè врати назад.rnrnИзгледа дека и најдобрите сеќавања може да нè натераат да ни недостасуваат работите поврзани со нив. Начинот на кој се одвивале работите, нешта кои можеле да се случат, но не се случиле. Ние сакаме овие моменти да бидат повеќе од сеќавања. Сакаме да ги преживееме, па дури и само на кратко. Можеби ќе сме променеле нешто и резултатот би нè променил нас. А можеби нема да промениме ништо, но ќе уживаме во нив барем уште една секунда. Збогувањето ќе трае подолго, последниот бакнеж ќе биде поубав… Тогаш можеби нема да бидеме загрижени дека тој момент би бил нашето последно сеќавање…rnrnПогледнете ги и овие цитати кои ќе ви го разубават утрото.

  • Запознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот живот

    Запознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот живот

    Дали се сеќавате на деталите од вашиот прв роденден? Секако дека не. Но, Ребека Шерок се сеќава, затоа што 27-годишната девојка од Бризбејн е надарена со високо супериорна автобиографска меморија. Ова нарушување не им дозволува на луѓето да заборават ништо и се верува дека само 60-80 луѓе во светот го имаат. Како последица на тоа, Ребека може да се сети на секој дел од нејзиниот живот до најситни детали, без разлика дали се работи за нејзините соништа што ги имала кога била 18 месеци стара или за моментот кога била фотографирана во автомобил само 12 дена по нејзиното раѓање!rnrnЗапознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот животrn

    „Моите родители ме однесоа до возачкото седиште во автомобилот (идеја на татко ми) и ме седнаа на него за да ме фотографираат. Како новороденче, бев љубопитна да дознаам повеќе за воланот пред мене и покрај тоа што на таа возраст сѐ уште ја немав развиено способноста да станам и да го истражувам светот околу мене“, изјавила Ребека.

    rnЗапознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот животrnrnАко ова не ве импресионираше, можеби ќе ве фасцинира фактот што таа може да ви го изрецитира целиот серијал на книгите „Хари Потер“ од збор до збор. Моментално таа пишува книга за нејзините искуства со наслов „Мојот живот е сложувалка“ (My Life is a Puzzle).rn

    „Еднаш додека читав весник во 2014 година, налетав на статија која тврдеше дека луѓето не можат да се сетат на нештата што им се случувале пред да наполнат 4 години. Кога завршив со читање, си помислив ’Какви глупости!’. Моментално ја пишувам мојата книга ’Мојот живот е сложувалка’ и сеќавањата на настаните што ми се случувале пред да наполнам 4 години сочинуваат едно многу долго поглавје“, објаснила Ребека.

    rnЗапознајте ја жената која се сеќава на секој можен ден од нејзиниот животrnrnПрочитајте ги и останатите исповеди на оваа девојка со ретко нарушување на следната страница…rnrn

  • Научно докажано: Социјалните мрежи можат да ја подобрат вашата меморија

    Научно докажано: Социјалните мрежи можат да ја подобрат вашата меморија

    Сите ние ги користиме социјалните мрежи на некаков начин и сите постојано слушаме за нивното негативно влијание: Социјалните мрежи нѐ прават неспособни за водење вистински разговори, нѐ претвораат во нарциси и слично. Но, најновите истражувања спроведени на Универзитетот во Корнел покажуваат дека социјалните мрежи имаат позитивно влијание на нашата меморија.rnrnНаучно докажано: Социјалните мрежи можат да ја подобрат вашата меморијаrnrnВо истражувањето учествувале 66 студенти кои требало да водат дневник за она што им се случувало во текот на неделата и потоа да наведат дали објавиле нешто за тие настани на социјалните мрежи. Секој од настаните го оцениле според неговата важност и емоционалниот интензитет што го доживеале за време на истиот на скала од 1 до 5. На крајот од неделата, учесниците направиле тест со цел да се одреди на колку настани од изминатата недела можеле да се сетат.rnrnРезултатите покажале дека објавувањето одреден настан на социјалните мрежи ја зголемува веројатноста дека тој настан ќе биде запаметен, без оглед на емоционалниот интензитет или важноста на истиот.rn

    „Доколку луѓето сакаат да ги запаметат личните искуства, најдобро е да ги објават на социјалните мрежи. Процесот на пишување за личните искуства во јавната сфера, кој е честопати надополнет и со повратни реакции, им дозволува на луѓето пообјективно да размислат за сопствените искуства и да согледаат какво значење имаат тие за нив“, објаснува еден од истражувачите.

    rnСо други зборови, ако одвоите време да напишете нешто за некое ваше доживување и убаво да размислите за него, тоа може да ви помогне подобро да го запаметите во иднина.rnrnНаучно докажано: Социјалните мрежи можат да ја подобрат вашата меморијаrnrnМожеби социјалните мрежи сепак не се толку лоши колку што мислевме. Во продолжение прочитајте за уште неколку придобивки од социјалните мрежи…rn

    Објавите на Фејсбук можат да ве направат среќни

    rnОдредени видови објави можат да ве направат посреќни. Искрената интеракција со луѓето што ги познаваме и ни значат може да го подобри нашето расположение.rn

    Социјалните мрежи можат да го подобрат животот на постарите луѓе

    rnСпоред едно истражување од 2014 година спроведено во Велика Британија и Италија, доколку постарите луѓе научат како да користат имејл, Фејсбук, Скајп и други социјални мрежи, тоа може да им помогне да се чувствуваат помалку осамени, бидејќи на тој начин полесно ќе можат да комуницираат со нивните сакани. Освен тоа, постарите луѓе кои знаеле како да ги користат социјалните мрежи покажале подобри резултати на тестовите за когнитивен капацитет и личен идентитет. Некои од учесниците изјавиле дека дури и нивното физичко здравје се има значително подобрено откако почнале да ги користат социјалните мрежи.rn

    Социјалните мрежи го намалуваат нивото на стрес кај жените

    rnЕдно истражување од 2015 година барало поврзаност помеѓу нивото на стрес и социјалните мрежи и открило дека одредени социјални мрежи го намалувале нивото на стрес кај жените. Имено, колку повеќе жените објавувале фотографии, праќале и добивале имејлови и користеле Твитер толку помало било нивото на стрес.

  • 2-те најчести причини зашто децата ве лажат

    2-те најчести причини зашто децата ве лажат

    Замислете ја следнава ситуација. Влегувате во кујната и го гледате вашето дете како седи покрај масата и си игра на својот таблет. Го прашувате „Му даде храна на кучето?“ „Да“ ви одговара тоа, без да прекине со својата игра. Одите до местото каде што стојат чиниите на кучето и гледате дека тие се празни, како онаа за храна, така и чинијата за вода. Кучето стои до нив и испушта крици дека е гладно. Се враќате кај детето и го прашувате „Не го нахрани, нели?“ Станувате лути. Не само поради причината дека кучето е гладно, туку дека вашето дете ве излажало. Токму затоа и сакате да му го одземете таблетот и да го казните сè додека не ги заврши сите задолженија.rnrn(1) 2 најчести причини зашто децата ве лажатrnrnВакви и слични сцени се дел од секојдневието во семејствата со деца, а родителите во тие моменти реагираат многу бурно и преземаат најразлични мерки за казнување. Но, пред да донесете каков било заклучок, не заборавајте дека мозокот на вашето дете работи поразлично од вашиот. Постојат две можни причини зашто децата секогаш ве „лажат“.rn

    1. Детето запомнило дека треба да заврши некоја задача, но не запомнило кога

    rnОва особено се јавува кај деца кои имаат недостиг на внимание, анксиозност или други слични симптоми. Тие се соочуваат со недостиг на паметење за работните задачи и затоа имаат потешкотии при нивното повторување и извршување. Многу често, детето запаметува дека треба да го нахрани кучето, но не може да се сети дали тоа дејство се случило денеска или изминатите денови. Хранењето на кучето денеска е исто со хранењето на кучето вчера или минатата седмица. На децата им е тешко да запомнат кој е кој ден, па затоа нивните одговори може да ви звучат како „лага“.rnrn(2) 2 најчести причини зашто децата ве лажатrn

    2. Лажењето е одбранбен механизам против стресот

    rnСетете се на некоја ситуација кога сте биле под стрес или во некаква опасност. Тогаш најверојатно сте чувствувале кнедла во вашето грло, ви се „кренала косата“, а дишењето било плитко и брзо. Во таквите ситуации, вашиот мозок се исклучува, ви врие крвта и имате огромно количество кортизол во организмот. Кога ќе го прашате вашето дете зошто не ја напишало домашната задача, не го нахранило кучето, не ја исчистило собата, тоа кај него предизвикува иста таква стресна ситуација. Во тој момент, сè што детето посакува е да се чувствува повторно безбедно, па затоа лагата му изгледа како ефективен начин на одбрана.rnrnСпоред д-р Џероми Шулц ваквиот тип однесување се случува бидејќи детето се одлучува да излаже поради страв, избегнување, стрес и барање бегство од дадената ситуација. Шулц објаснува дека голем дел од однесувањата кои изгледаат негативно или лошо, се всушност само еден начин детето да се самозаштити и исто така, свесно или несвесно, да ја прикрие својата некомпетентност.rnrn(3) 2 најчести причини зашто децата ве лажатrnrnНо, без оглед дали вашето дете лаже намерно или ненамерно, неговото „Пинокио однесување“ може да се држи под контрола. Еве како…rn

    Користете дневен распоред за да ги најдете проблемите со меморијата

    rnЕден од најдобрите начини е да му дадете листа со задачи. Кога детето ќе ја напише домашната задача или кога ќе го нахрани кучето, тоа треба да го забележи на листата. На тој начин, ќе може да си визуализира кој задачи ги завршило во тековниот ден.rn

    Препознајте кога детето се чувствува загрозено

    rnНаместо да го обвинувате, кажете му смирено „Не си во неволја, кажи ми што се случи“. Потоа, обидете се да излезете од кругот каде што тоа се чувствува небезбедно: нека дише длабоко, нека се напие чаша вода, нека има некаква физичка активност. Зборувајте што навистина се случило, но откако детето ќе се смири и почувствува безбедно.rn

    Бидете љубопитни и покажете емпатија

    rnНаместо веднаш да избрзувате со казни и викање, обидете се да направите еден искрен разговор со вашето дете и да дојдете до причината поради којашто тоа ве излажало. Обидете се да му покажете дека верувате во него и заеднички најдете решение на проблемот со неговото лажење. Сепак, вистината е дека секое дете сака да биде добро, а вие ја имате моќта да му помогнете на патот кон успехот.

  • Сакате да ја подобрите меморијата? Трудете се да имате што повеќе активности!

    Сакате да ја подобрите меморијата? Трудете се да имате што повеќе активности!

    Секој од вас има еден куп обврски коишто треба да се завршат во текот на денот, при што сигурно ретко кога наоѓате време за да се релаксирате и одморите. Додека одморот е неопходен и е од суштинско значење за вашата ментална благосостојба, сепак и преголемата зафатеност ви нуди одредени предности. Истражувачите откриле дека кога сте премногу зафатени вие ги подобрувате вашите вештини за расудување, ја подобрувате својата меморија и другите ментални функции.rnrnrnrnВо Тексас и Алабама било спроведено истражување на 330 здрави мажи и жени на возраст помеѓу 50 и 80 години. Тие биле прашувани за нивниот секојдневен распоред и им биле зададени ментални тестови. Резултатите од овие истражувања покажале дека без разлика на тоа колку години има личноста или каков е степенот на нејзино образование, здравиот мозок е поврзан со начинот на живот, односно колку таа личност е зафатена во текот на еден ден. Тука било утврдено дека поголемата зафатеност резултира со подобра обработка на податоци, подобрена меморија, подобро расудување и поголемо знаење.rn

    На кој начин ви се подобрува меморијата кога сте премногу зафатени?

    rnНа мозокот, како и на секој друг мускул, му треба вежбање. Ангажирањето во активности коишто ве стимулираат ментално е од особено значење. Научниците веруваат дека стимулирањето директно влијае врз когнитивните процеси, особено кога станува збор за подобрување на меморијата. Некои од менталните процеси коишто се вклучени кога имате исполнет распоред се:rn

      rn011

    • Фокусирање на повеќе задачи
    • rn011

    • Решавање проблеми
    • rn011

    • Расудување
    • rn011

    • Анализирање
    • rn011

    • Прекинување на мислата и повторно враќање на истата
    • rn011

    • Планирање
    • rn011

    • Стратешко планирање
    • rn011

    • Линеарно размислување
    • rn011

    • Глобално размислување
    • rn011

    • Пресметување
    • rn

    rnИстражувачот д-р Сара Фестини од Универзитетот во Далас вели:rn

    „Ние откривме дека луѓето кои имаат голем степен на зафатеност во текот на денот имаат поголема тенденција за подобро разбирање, особено кога се однесува за запаметување на неодамна примените информации.“

    rnВсушност, кога сте премногу зафатени вие ја подобрувате таканаречената епизодна меморија, односно способноста да се потсетите на одредени настани, како и работната меморија којашто е дел од краткотрајната меморија. Истражувањата покажуваат дека колку повеќе личноста е зафатена, толку повисоки резултати имала на когнитивните тестови. Јазот помеѓу премногу зафатените личности и помалку зафатените повеќе бил нагласен особено кај постарите учесници во истражувањето.rnrnrnrnНо, пред да го преполните вашиот распоред со случаен избор на активности, имајте предвид дека резултатите од ова истражување се еднострани, а тоа не е сосема доволно. Исто така во ова истражување било испитувано како се подобрува меморијата, притоа не земајќи ги предвид негативните ефекти од преголемата зафатеност. Честопати зафатеноста носи огромно ниво на стрес, што со едно истражување направено врз глувци се покажало дека иако ја подобрувате меморијата, вие помалку сте способни да формирате нови сеќавања. Исто така негативното влијание од поголемата зафатеност влијае и врз вашето срце и метаболизам.rnrnСепак, доколку имате време и простор во својот распоред да додадете уште неколку активности со коишто ќе ја подобрите вашата меморија, еве неколку предлози:rn

      rn011

    1. Фокусирајте се на нешто што навистина ве интересира и не ви предизвикува стрес. На овој начин ќе се опуштите и ќе го ослободите вашиот мозок.
    2. rn011

    3. Започнете со проект од типот „направи сам“. Тие се забавни и го стимулираат вашиот мозок на различни начини.
    4. rn011

    5. Учете нови вештини. Сите активности каде што вашиот мозок е ангажиран во процесот на учење може да ви бидат од огромна корист.
    6. rn011

    7. Испробајте нешто ново и различно. На пример, можете да посетите нов ресторан или продавница, или пак испробајте нов рецепт.
    8. rn011

    9. Вежбајте. Физичките вежби се исто така важни како и менталните.
    10. rn011

    11. Волонтирајте. Ова носи придобивки за вашиот ум, тело и душа.
    12. rn