КАФЕ ПАУЗА

Tag: медитација

  • Станете попаметни

    Станете попаметни

    Автор: Горана КоневскаrnrnШто значи тоа „да се биде паметен“? Некои луѓе ги дефинираат паметните личности според високите резултати кои ги освојуваат на тестовите за интелигенција, а други пак сметаат дека способноста за решавање на проблемите и уличната снаодливост претставуваат предуслов за паметна личност.rnrnБез разлика по кои стандарди ќе се раководиме, сите се сложуваме дека човечкиот мозок е клуч за сите нив. Тој има капацитет за развој, така што постојат одредени стимуланси кои можат да влијаат врз неговата виталност, развој и зајакнување.Станете попаметниЕве пет едноставни чекори кои ќе ви помогнат при развој на капацитетот за меморирање на многу повеќе нови податоци:rn

    1. Медитирајте

    rnМедитацијата и придобивките од неа му се познати на народот веќе илјадници години. Начините на медитација може да бидат за секоја личност различни, но генерално, медитацијата вклучува мирни вежби базирани на правилно дишење, преку кои практикувачот постигнува состојба на ментална смиреност. Истражувачите веруваат дека подобрувањето на меморијата, ефикасното внимание и добриот фокус се едни од главните придобивки на медитацијата.rn

    2. Правете ментални вежби

    rnМозокот, како и другите делови од човечкото тело, има потреба од практикување вежби за да ја одржи својата виталност. Постојат многу ментални вежби кои се истовремено и забавни, кои може да ги практикувате каде и да сте: судоку, крстозборки, рубикова коцка и сл. Постојат и поакадемски начини за ментално вежбање, како решавање математички проблеми, геометрија и сл. Исто така може да помогне и читање статии кои го активираат и ангажираат мозокот, кои го насочуваат кон размислување и создавање на идеи или решавање на проблеми.rn

    3. Овозможете си добар сон

    rnМногу малку се знае во врска со спиењето и сонувањето, но дефинитивно е расчистена дилемата дека мозокот се исклучува за време на сонот. Истражувањата сега посочуваат дека мозокот всушност „се полни“ како батерија додека спиете.  Информациите од претходниот ден се складираат во соодветни т.е. ментални фолдери и преминуваат од краткорочната во долгорочната меморија. Добриот сон му овозможува на мозокот зголемување на функционалноста и можноста за фокус додека е буден. Времето потребно за добар сон зависи од личност до личност, но генерално за возрасните е препорачливо тоа да биде помеѓу шест до осум часа.rn

    4. Грижете се за своето тело

    rnЧовечкото тело е целосно функционално поврзано, така што не е возможно да се грижите за еден дел од него без притоа да се видат придобивките и на друг дел. Пример, физичките вежби се важни за доброто здравје и во физички, но и во психичка т.е. ментална смисла. Зголемениот доток на кислород за време за физичките вежби влијае врз мозокот. Истото важи и за храната: многу врсти храна влијаат врз виталноста на мозокот вклучувајќи ги рибиното масло, јајцата, протеините и темно зелениот зеленчук. Тука може да ги вклучиме зелениот чај, јатките, медот и сл.rn

    5. Проширете ги своите хоризонти

    rnОдете на различни концерти, изложби, случувања, читајте различни стилови на книги, инспирирачки текстови и научни филмови. Движењето на места како галерии, концерти сали и слично ќе ви овозможи сретнување со различни луѓе, запознавање на различни стилови, проширување на хоризонтите на уметноста, а истовремено и уживање во опуштена атмосфера.rnrnКога сте дома пред телевизор: избегнувајте ги изразито комерцијалните канали бидејќи вниманието може да ви го окупираат безбројни непотребни реклами – но затоа пак, можете да гледате историски филмови, научни канали и сл., кои ќе ви дадат дополнително знаење од одредени области. Читањето книги ќе ви овозможи подобар речник, поголемо знаење, ќе ви го подобри фокусот, вниманието и креативноста.rnrnИ, да резимираме: менталните вежби, правилната исхрана, добриот сон, физичките вежби како и заинтересираноста за социјалниот живот се клучни за подобрување на меморијата и на мозочната функција.rn

    * Бонус совети:

    rn

      rn011

    • Не зборувајте многу: паметните луѓе знаат да се изразат со малку зборови и со едноставни реченици за да ги разберат сите. И што е многу важно, што и да зборувате бидете спремни истото да го поткрепите со аргументи и факти.
    • rn011

    • Овозможете си време за да научите нови работи.
    • rn011

    • Дружете се со најразлични типови луѓе и карактери. Тоа ќе ве подготви како да се однесувате во секаква ситуација.
    • rn011

    • Бидете пријател со човек/луѓе кои ги практикуваат сите работи погоре.
    • rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Медитативен ресторан инспириран од торнадото

    Медитативен ресторан инспириран од торнадото

    Практично е невозможно да не се заљубите во ова место на прв поглед и да не сакате барем еднаш да ја имате честа да седнете на ручек или на кафе, уживајќи во совршено дизајнираниот простор. Ресторанот се вика „Twister“, а е лоциран во Киев, па доколку ве води патот накај Украина, никако не пропуштајте ја можноста да го посетите.Медитативен луксузен ресторан инспириран од торнадото„Виновниците“ кои го комплетирале целокупниот ентериер во овој модерен европски ресторан се дизајнерското украинско дуо Serghii Makhno и Vasiliy Butenko. Ресторанот е составен од двокатен оддел за јадење и релаксирачки бар. Во „Twister“ ќе се чувствувате како птичка во лет, додека го пиете вашиот коктел или додека вечерате под кровот кој потсетува на торнадо.Медитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоГлавната цел додека бил уредуван просторот на овој ресторан, била да се креира една природна, модерна и удобна атмосфера. Двокатниот оддел за јадење, е инспириран од два природни феномена: торнадо и дожд. Шесте балкони во кои се сместени свиените сепариња, имаат облик на торнадо, а ламбите во облик на капки, претставуваат дожд кој паѓа од небото. Сите овие фантастично реализирани модерни дизајнерски идеи, создаваат една природна атмосфера која ја гарантира удобноста на муштериите, а природните кафени нијанси, создаваат смирувачки ефект.Медитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоМедитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоМедитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоВо барот пак, ѕидовите се набоцкани со дрвени стапчиња, а ваквата декорација создава чувство како да седите во птичјо гнездо, во кое ви е топличко и пријатно. Фотелјите, потсетуваат на шишарки, а ќе се сложите дека делуваат како седењето на нив да е многу удобно.Медитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоМедитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоМедитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоЦелиот простор е така дизајниран за да создаде релаксирачка атмосфера и да го поттикне медитативниот дух кај муштериите.

  • 10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

    10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

    Иако постојано го користиме мозокот, сепак не секогаш правиме доволно за да го одржиме во добра форма. Еве 10 алатки со кои можете да го тренирате вашиот мозок и да правите редовни вежби за вашите ментални мускули:10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    1. Судоку

    rnСигурно сите ја знаете оваа заразна забавна игра во која целта е да ја пополните мрежата од бројки во даден број полиња. Ако никогаш не сте играле Судоку, погледнете ги инструкциите. За да го правите ова редовно и да си ги подобрите своите вештини за решавање проблеми, имате многу начини. Можете да играте онлајн, на вашиот ајфон, ајпод или ајпед, на Фејсбук или на вашиот мобилен телефон со Андроид оперативен систем или накратко, на секоја можна платформа.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    2. Wikipedia:Random

    rnWikipedia:Random е едноставен начин на случајно наидување на некоја статија од Википедија. Можете да ја користите оваа алатка за да научите по нешто ново секој ден. Со помош на Qwiki, кој претставува мини-Википедија која чита е уште една добра стартна точка. Учењето по нешто ново секој ден може да го одржи вашиот мозок во добра здравствена состојба. Затоа, воведете нова навика за почнување на вашите утра – додека го пиете првото кафе, читајте случајни статии, збогатете го вашето знаење и подобрете ја состојбата на вашиот ум..10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    3. Вежбајте математика секој ден

    rnВеројатно некои од вас ќе сакаат да ја скокнат оваа точка бидејќи зборот математика ги потсетува на долгите часови и тешките тестови кои не пратат во текот на целото основно и средно образование. Сепак, нема потреба од тешки равенки, лимеси и сложени геометриски фигури. Доволно е да нафрлате случајни броеви на еден лист хартија и да си зададете задача да извршите по неколку основни операции меѓу нив, за што е можно пократко време. Овој генератор на играта Mad Math Minute ќе ви понуди автоматски варијанти, додека можете да користите и верзии за печатење. Како и да е, 1 минута вежбање проста математика секој ден, помага за одржување на мозокот во форма и секако, ќе ве направи помалку зависни од калкулаторот.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    4. Почесто пишувајте наместо да типкате на тастатура

    rn

    Сите сакаме да си ги користиме тастатурите и факт е дека многу побрзо и поефективно можеме да ставиме куп зборови на електронски лист отколку на хартија, чкрабајќи со пенкало или молив. Сепак, подобро се учи кога се пишува со рака, така што подобро тргнете се од лаптопот кога сакате да стекнете ново знаење. Ова се случува поради системот за филтрирање во вашиот мозок кој го процесира она на што сте активно фокусирани во моментот. Кога фаќате забелешки, системот му вели на мозокот дека е време да обрне внимание.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

    rnrn

    5. Глумете дека предавате

    rnМожете да си ги зацврстите вештините кои веќе ги имате, со малку глума. Наместо само да се потсетувате на чекорите кои треба да ги направите за да ја завршите започнатата задача, преправајте се дека си држите предавање (на самите себе) низ кое планирате како ќе го направите тоа. Ова ќе ви помогне да се сетите на неопходните информации и да ги избегнете глупавите грешки.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    6. Раскажувајте си приказни

    rnРаскажувањето приказни може да биде добра вежба за вашиот мозок. Прво, работите полесно се помнат бидејќи она што треба да се запомни, „присилно“ се става во поинаква рамка. Второ, ви дава шанса да се фокусирате на важните детали и да поврзете некое чувство со она што сакате да го запомните. Дури и ако не го правите ова за да си помогнете да ги запомните деталите, сепак ќе си ја подобрите меморијата со самото тоа што раскажувате приказни. Раскажувањето приказни се користи за третирање на Алцхајмерова болест. Доколку раскажувањето приказни може да му помогне на пациент со оваа болест да си го подобри помнењето, сигурно може да ви помогне и вам.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    7. Lumosity

    rnLumosity е веб-апликација која овозможува низа специјализирани активности за тренинг на мозокот. Можете да го користите бесплатно, но со платена корисничка сметка ќе добиете многу повеќе опции. Сите вежби се многу едноставни и забавни. Зависно од информациите кои ќе ги оставите во однос на целите кои сакате да ги постигнете, вежбите кои ќе ви ги понуди алатката може да се разликуваат. Кога ќе завршите добивате рејтинг, а вашата основна цел треба да биде секојдневно напредување.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    8. Медитирајте

    rnНишто не ја уништува способноста ефективно да го користите мозокот, како и самото негово здравје во целина, како стресот. Медитацијата е добар начин да го намалите нивото на стрес. Не мора да го правите ова со специјални пантолони за јога и  темјан. 10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    9. Научете ги маните на вашиот мозок

    rnВашиот мозок, многу од работите ги прави многу добро, но истовремено е за никаде во други. Можеби нема да успеете секогаш да ги поправите сите работи за кои вашиот мозок не го бива, но барем доколку сте свесни за маните, ќе можете да го искористите неговиот целосен потенцијал. 10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозокrn

    10. Вежбајте и хранете се добро

    rnВеројатно колку што има луѓе што веруваат во ова општо познато знаење, има исто толку кои не се придржуваат до него. Ако не вежбате и не се храните добро поради тоа што не знаете како, едноставно почнете од некаде. Има многу совети за вежбање, како и такви за правилна исхрана на интернет. И не секирајте се, здравата исхрана не мора да значи и трошење повеќе пари. Сè што правите за да ја одржите вашата остроумност, може лесно да биде попречено доколку не внимавате на здравјето на вашето тело. Малку физичка активност и паметна диета ќе ви помогнат да го одржите вашиот мозок во топ состојба.10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совети за поттикнување на креативноста

    Совети за поттикнување на креативноста

    Чувствувате како вашата креативност опаѓа? Не се грижете. Тоа ни се случува на сите нас понекогаш. Кога немаме никакви креативни идеи и чувствуваме дека мозокот ни е исклучен, ние најчесто легнуваме да спиеме или гледаме некој филм или телевизиска серија. Бидејќи тоа не придонесува за поттикнување на креативноста, еве неколку совети кои го имаат посакуваниот ефект.

    rn

    Совети за поттикнување на креативноста

    rnrn

    Медитирајте

    rnМедитацијата, ако ја правите правилно, придонесува да се чувствувате освежено. Таа му дава позитивен правец на мозокот да се фокусира кон креативни нешта.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrn

    Заборавете ги проблемите

    rnПроблемите и стресот кои ги имате, застануваат на патот на вашата креативност. На лист, напишете ги сите работи кои ве мачат и потоа, листот запалете го. На друг лист напишете ги вашите цели и планови, како и времето кога сакате да ги остварите. Ова ќе ви овозможи чист ум, а вие ќе бидете повеќе креативни и со намален стрес.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrn

    Играјте и креирајте

    rnИграјте со креативни играчки, како лего коцки и танграм. Свирете некој инструмент. Ова ќе овозможи да размислувате апстрактно и којзнае, може ќе смислите нешто навистина големо.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrn

    Променете го начинот на размислување

    rnРазмислувајте како панкер или рокер. Ослободете се од секакви правила, но сепак, не правете ништо надвор од законот. Обидете се да размислувате надвор од границите и тоа дефинитивно ќе резултира со повеќе креативност.rn

    Гледајте подлабоко во цртежите на малите деца

    rnДа, така е. Кога дечињата цртаат на лист хартија, тие тоа го прават без никакви надворешни влијанија и правила. Тоа што тие го цртаат е само резултат на нивниот висок креативен набој и инспирација.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrn

    Запрашајте се „што ако…“

    rnСекогаш поставувајте си го ова прашање. Замислете како на луѓето пред 1000 години им кажувавте дека еден ден ќе постојат телевизори, компјутери, мобилни телефони, луѓе кои патуваат на месечината. Би помислиле дека сме лудаци. Имајте на ум дека во животот сѐ е возможно и дека во светот сѐ може да се случи.rn

    Почувствувајте како крвта ви струи низ вените

    rnНаправете си топла бања и миризлива купка. Штом ќе почне крвта да ви струи низ вените, истото ќе се случи и со креативноста.rn

    Пробајте нови јадења

    rnСигурно никогаш не сте пробале некое јадење од Корејската кујна. Пробајте да зготвите некој таков рецепт наредниот пат.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrn

    Направете го секојдневното, несекојдневно

    rnСте завршиле со обврските и си одите дома? Тргнете по друга уличка која исто така води кон вашиот дом. Тесни улички и широки булевари дефинитивно ја поттикнуваат креативноста.rn

    Судниот час

    rnСмртта е многу моќна мотивирачка алатка. Ако докторот му каже на неговиот пациент дека му преостануваат уште 10 години од неговиот живот, што мислите дека пациентот би направил? Тие 10 години ќе ги цени колку вредноста на дијамантите во светот. Па затоа, ако за миг би помислиле дека утре ќе ве нема, сигурно ќе направите и создадете многу креативни нешта.rnrnСовети за поттикнување на креативностаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.