КАФЕ ПАУЗА

Tag: медитација

  • 12 начини да дојдете до поздраво тело без да ви се наруши распоредот

    12 начини да дојдете до поздраво тело без да ви се наруши распоредот

    Со текот на времето, порано или подоцна сфаќаме дека изреката: „Во здраво тело, здрав дух“ е целосно вистинита. А прашањето „Како да имаме здраво тело и здрав дух?“ е едно од најчестите поврзани со таа тема.rnrn1-12-nacini-kako-do-pozdravo-telo-bez-da-go-narusuvate-vasiot-raspored-kafepauza.mkrnrnТоа е нежен баланс помеѓу двата делови од човековиот карактер: оној бунтовниот и оној кој прифаќа промени. Навистина, постојат денови кога и самата помисла на фитнес салата ви звучи одбивно и попрво би седеле дома јадејќи чоколадо и би гледале маратон од омилената серија. Во ред е да имате такви денови, но само доколку тоа не ви премине во навика. А, да не забораваме и на вашиот преполн распоред. Затоа, еве листа од работи коишто можете да ги правите, без да ги попречуваат вашите работни активности. Ако ги следите, со текот на времето, и ментално и физички ќе бидете во форма. Еве како да го одржувате телото кога времето и не е баш на ваша страна:rn

    1. Чучнувања во бањата

    rnАко подобро размислите, времето кое го трошите на средување на косата или кога сакате малку приватност на работното место, може многу попродуктивно да го искористите и да го добиете задникот кој отсекогаш сте го сакале. Иако не можете да имате цел тренинг во тоалетот, но ако вежбате по малку секој ден во неделата, тоа е многу време кое ќе биде правилно искористено.rnrnЕве како изгледа тоа: секој пат кога влегувате во бањата/тоалетот, направете 10-20 чучнувања. Така ќе добиете прекрасен задник, а и ќе вметнете мал тренинг кој ќе ве оттргне од работната монотонија.rn

    2. Исчекор нанапред после туширање

    rnМожеби звучи болно, но додека кожата ви е сѐ уште премногу водена за да се облечете, можете да поработите на вашето тело. Ако редовно ги правите овие две вежби, исто како да сте имале полна тренинг сесија.rnrnВо случај да сакате друга вежба наместо исчекорот, или не сакате да ја правите додека сте голи, можете да ја заменете со нешто поедноставно како подигнување мали тегови за совршено затегнување на рацете. Секогаш кога вежбате голи, станувате многу посвесни за вашиот изглед, таква е човечката природа. Постојат безброј опции, само треба да постои желба и мотивација.rnrn4-12-nacini-kako-do-pozdravo-telo-bez-da-go-narusuvate-vasiot-raspored-kafepauza.mkrn

    3. Утрински џогинг

    rnНишто нема да ве расони повеќе од раздвижувањето на телото и излачувањето на ендорфин. Сѐ што ви е потребно се патики за трчање и музика за мотивација. Џогингот е еден од најевтините начини да го доведете вашето тело во форма, минус цената на патиките и плус чистиот воздух кој навистина добро ќе им дојде на вашите бели дробови. Исто така, вашите нозе после еден месец ќе изгледаат како вајани.rnrnОва е одличен начин да го започнете денот со позитивни мисли: колку повеќе истрчате, толку поголема самодоверба ќе имате. Исто така, преку потта ќе се ослободите од токсините во телото кои се насобрале од нездравата храна и премногу лудување претходната ноќ. Оваа здрава и бесплатна опција со која најбрзо се трошат калориите дури и нема маани.rnrn

    4. Најдете си кученце

    rnНе сфаќајте погрешно: имањето куче нема веднаш да ве направи послаби, но тоа ќе ве натера повеќе да излегувате и да пешачите. Плус, трчањето/пешачењето заедно со вашето куче ќе ве зближи уште повеќе. Кучињата сакаат да бидат надвор, притоа мора да бидат дресирани. А, ако сакате да го дресирате тоа значи дека и вие треба повеќе да бидете надвор.rnrnУште една придобивка од малото крзнено пријателче е фактот дека поседувањето на животно ви го издолжува животниот век. Не само што ќе бидете поздрави благодарение на вашето кученце, туку тоа ќе направи и подолго да живеете. Освен ако сте алергични на овие прекрасни суштества, тогаш и нема лоши страни.rnrn

  • 6 работи кои успешните личности ги прават пред спиење

    6 работи кои успешните личности ги прават пред спиење

    Сите зборуваат како успешните луѓе се ранобудници. Стануваат и го освојуваат светот уште пред другите да го подготват утринското кафе. Но, што прават успешните луѓе пред спиење? Ова се 6 навики на познати успешни личности кои може да ги земете за пример.rnrn6 работи кои успешните личности ги прават пред спиењеrn

    1. Бил Гејтс: чита еден час

    rnМајкрософт милијардерот, Бил Гејтс, е страстен читател. Секоја ноќ пред спиење, како што ѝ е познато на јавноста, тој се посветува на читање на разна литература. Веќе ни се познати многубројните бенефиции од читањето, меѓу кои се подобрената меморија, редуцирање на стресот, подобрување на когнитивните способности, како и спречување на деменција на постара возраст.rn

    2. Ариjана Хафингтон: целосно се исклучува од светот

    rnОткако се онесвестила поради умор, повредувајќи си ја главата, оваа американска авторка и новинарка, нашла начин како да го добие вистинскиот одмор кој ѝ е потребен. Таа наводно целосно се исклучува од светот, оставајќи го мобилниот во друга соба и посветувајќи си време себеси.rnrnСпоред д-р Чарлс Зајзлер, професор на Харвард, зраците од мобилните го вознемируваат нашето тело и го нарушуваат природниот процес на спиењето, мамејќи ги нашите тела да мислат дека е дење. Светлата од екраните на мобилните се потенцијални виновници за лошиот сон и несоницата.rn

    3. Џоел Гаскоин: оди на прошетка

    rnИзвршниот директор на Buffer, пешачи со брзо темпо непосредно пред легнување. Ова, како што вели тој, го ослободува од негативната енергија, му ги оддалечува мислите од работа и го уморува за подобро да спие.rnrnПрошетката, исто така помага во поттикнување на креативното мислење. Едно истражување покажува дека при прошетка, мозокот е поотворен на слободен тек на идеи. Прошетката со сигурност ќе ви помогне доколку имате некој проблем, ќе ве ослободи од тензијата и бидејќи вашиот мозок не работи жестоко полесно ќе дојдете до креативно решение на проблемот.rn

    4. Опра Винфри: медитира

    rnУспешна и зафатена жена како Опра Винфри, мора да најде начин да се опушти и да се ослободи од стресот кој ѝ го носат работните обврски и тоните информации кои нејзиниот мозок ги апсорбира секој ден. За Опра, медитацијата е вистинската алатка за помош.rnrnМедитацијата го намалува стресот, анксиозноста, депресијата и болката. Доколку медитирањето не е за вас, или просто се коси со вашите верувања, најдете алтернативна форма на опуштање и смирување.rnrn6 работи кои успешните личности ги прават пред спиењеrn

    5. Вера Ванг: се посветува на креативното размислување

    rnВера Ванг признава дека навечер се посветува на креирањето бидејќи тишината на ноќта е вистински лек за креативната блокада. Она што е изненадувачки е истражувањето кое покажува дека ноќното време е најдобро за креативност дури и ако сте уморни по долгиот ден, со образложение дека поспаниот ум размислува послободно и без притисок. Така, ако сте ранобудници, вашите најдобри идеи ќе ви доаѓаат навечер, кога вашиот мозок ќе прави логични поврзувања кои инаку не би ги направил.rnrn6 работи кои успешните личности ги прават пред спиењеrn

    6. Кенет Ченоу: го планира наредниот ден

    rnИзвршниот директор на Американ Експрес го сака планирањето, па така го завршува секој ден помислувајќи на трите најважни нешта кои треба да ги постигне наредниот ден. Така наутро може да се разбуди и да се зафати со работа, концентрирајќи се на извршување на примарните и најважни обврски.rnrnЕдно истражување од раните 90-ти кое тестирало ученици од средно ја оправдува оваа навика на Кенет, покажувајќи дека учениците кои во средно добро владееле со планирање на времето покажувале подобри резултати во учењето и на факултет. Така, нивното планирање им донело и подобар академски успех, што докажува дека оваа навика дава добри резултати.

  • 6 одлични алтернативни форми на медитација

    6 одлични алтернативни форми на медитација

    Ако некогаш медитацијата била форма на духовно изразување денес сè повеќе зема замав во науката со многу научни докази кои тврдат дека медитацијата е корисна. Бенефициите од медитацијата се безбројни, од борба со депресијата или анксиозноста до борба против стареењето, инфекциите и осаменоста.rnrnСепак, многумина никогаш не би успеале да медитираат и да го достигнат тоа чувство на потполна смиреност од проста причина што не може да седат мирно 20 минути. Ова се однесува на воркохолиците, луѓето кои често практикуваат мултитаскинг, оние кои се навикнати на брз начин на живот. Еве како оние кои не можат да медитираат можат да ги почувствуваат бенефициите од медитирањето.rnrn6 одлични алтернативни форми на медитацијаrn

    1. Слушајте музика

    rnКога последен пат слушавте музика? Не станува збор за слушање музика во кафуле или на радио додека возите. Прашањето е кога последен пат навистина слушавте музика? Кога последен пат се внесовте во музиката, во ритамот, во текстот. Кога последен пат целосно бевте понесени од она што го слушавте, ги затворивте очите и ја искусивте музиката? Не можете да се сетите, нели?rnrnМедитацијата ве „вади“ од сегашниот миг, грижите и преокупираноста и ве тера да обрнете внимание на сетилата. Истото може да го постигнете со музиката. Само затворете ги очите, ставете ги слушалките на уво и дозволете да ве понесе.rnrn6 одлични алтернативни форми на медитацијаrn

    2. Играјте како никој да не ве гледа

    rnУште од памтивек племињата го употребувале танцувањето со различни цели, да стапат во контакт со боговите, да го избркаат злото, да го повикаат дождот и сл. Танцот е волшебен лек на душата, само што за жал, неретко сме премногу преокупирани со тоа кој нè гледа и како изгледаме од страна наместо едноставно да танцуваме.rnrnСтанете едно со музиката. Танцувајте смело и слободно како никој да не ве гледа, или уште подобро правете го тоа кога никој не ве гледа. Целосно ослободете се и препуштете им се на движењата. Ослободете се од целата негативна енергија и владејте со просторот и времето. Заборавете на вашиот имиџ, на тоа што сте и како би требало да се однесувате. Немате никаква титула, никаква забрана ниту пак ограничување. Затоа играјте слободно.rn

    3. Цртајте

    rnЗастанете и погледнете низ прозорецот. Што гледате? Почнете да го цртате она што го гледате на лист хартија. Дури и ако мислите дека не цртате добро, земете молив и почнете да цртате, да илустрирате, да забележувате. Цртањето ве тера да се концентрирате на она што го гледате и вистински да го видите. Да се сконцентрирате на боите, нијансите, сончевата светлина, сенките и формите. Не грижете се за квалитетот на цртежот, не мора никому да му го покажете.rn

    4. Вежбајте јога

    rnНе само што е одлична за флексибилност и сила, јогата е во најблиска врска со медитацијата. Со помош на потезите и правилните вдишувања и издишувања ќе дојдете во допир со самите себе, наоѓајќи совршен баланс и смиреност. Почнете со јога инструкции кои се лесно достапни на интернет или пак запишете се на часови по јога.rnrn6 одлични алтернативни форми на медитацијаrn

    5. Јадете правилно

    rnНаместо да ѝ се посветиме на храната, во овој брз свет ние само гледаме да се нахраниме, да ја заситиме нашата потреба за храна и да го победиме гладот. Наместо тоа забораваме да уживаме во храната, во вкусовите, во сочноста или текстурата. Нареден пат кога ќе го јадете вашиот оброк не брзајте, џвакајте долго, уживајте, покажете благодарност за храната, не преоптоварувајте се со обврските што ви следат. Седнете и посветете ѝ внимание на храната.rn

    6. Извршувајте ги домашните обврски

    rnВсушност речиси сè може да ја има улогата на медитација доколку решите да го ослободите умот и да се посветите на вашите сетила. Телевизијата и видеоигрите, на пример, никогаш не би можеле да бидат во улога на медитација бидејќи не ви го ослободуваат мозокот ниту пак ве стимулираат на слобода и одделување од овој презаситен свет.rnrnРелаксирајте се со извршување на домашните обврски, колку и да ви звучи иронично. Пробајте да се посветите само на една работа во моментот. Ако миете садови тогаш мијте садови, ако бришете прозорци тогаш правете го тоа. Фокусирајте се на вашата задача и ослободете го мозокот од товарот предизвикан од она што било или она што допрва доаѓа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Применете ги овие совети откако ќе се разбудите и имајте убав ден, цел ден

    Применете ги овие совети откако ќе се разбудите и имајте убав ден, цел ден

    Секое утро е иста рутина: отворање очи, станување, механичко движење до тоалетот, облекување и излегување. Не е чудно што не сте полни со енергија и не функционирате најдобро. Најтажно е што морате да соберите сили за да им се насмевнете на колегите кога конечно ќе стигнете на работа. Важно е да се чувствувате убаво уште од раните утра, а овие 14 совети навистина можат многу да ви помогнат.rnrn1-soveti-za-podobro-budenje.kafepauza.mkrn

    1. Запишувајте кратки забелешки во дневник

    rnТивките утра се одлично време за запишување мисли и раскажување убави моменти. Искористете го времето во кревет за да запишете некоја убава случка или едноставно да „кажете“ што ви лежи на срцето. Дури и да биде навистина малку или едноставно, сепак тоа многу ќе ви го подобри денот.rn

    2. Ослободете се од непотребен предмет

    rnИсчистете ја куќата или плакарот. Фрлањето непотребен предмет е многу корисно бидејќи создава чувство на олеснување и хармонија. Сепак, предметот мора да биде навистина непотребен и неупотреблив бидејќи на крајот би можеле сѐ да фрлите.rn

    3. Медитирајте

    rnПосветете само 10 минути од вашето скапоцено време на медитацијата. Иако мозокот доволно добро се справува со проблемите, тој е способен и за да ги направи. Медитацијата го контролира мозокот и го спречува во создавање на понатамошни проблеми. Ова е една од најважните навики бидејќи освен што го скротувате вашиот мозок, му посветувате внимание и го држите активен, медитацијата прави да се чувствувате одлично.rn

    4. Со вежбање утрата се поубави

    rnПри вежбање телото работи по истиот принцип како батеријата: нејзино тресење доведува до создавање на уште повеќе енергија. Создадената енергија се складира во телото и потоа се користи по потреба. Исто така, се создава ендорфин, односно хормонот кој е задолжен за вашата среќа.rn

    5. Мислете на саканата личност

    rnСо самата помисла на драга личност насмевката автоматски се појавува на вашето лице. А таа помисла може цел ден да ве држи насмеани, па дури може и личноста повеќе да ја приближи кон вас.rn

    6. Употребувајте „благодарам“

    rnЗборот „благодарам“ е често потценет. Нормално дека е тешко да го пронајдете вистинскиот човек кој го заслужува вашето заблагодарување. А ако не го пронајдете, земете го пенкалото и напишете писмо за благодарност. Нема потреба да го испраќате, оставете го на масата. Заблагодарувањето наутро ги зголемува шансите за убави можности за во иднината.rn

    7. Научете нов збор

    rnУбаво е ако учите некој странски јазик. Подеднакво добро е и ако научите нов збор на мајчиниот. Зборот може да се сретне во списание, на интернет или при обичен разговор. Вечерта пред да си легнете можете да побарате некој интересен збор. Учењето нови зборови го стимулира мозокот и е забавно.rn

    8. Замислете 3 моменти од денот којшто доаѓа

    rnОва е многу моќна вежба затоа што она што ќе го замислите неретко и се исполнува. А ако се замислете себеси каде што го правите тоа шансите да се случи се уште поголеми. А тоа има големи придобивки за вашето здравје и среќа.rn

    9. Прошетајте

    rnЧистиот воздух наутро може значајно да ви го подобри денот. Барем на кратко заборавете на грижите, негативните мисли и работните обврски. Прошетката низ населбата или паркот ќе ве релаксира и смири.rn

    10. Една чаша природен сок

    rnНаместо појадок, испијте една чаша сок. Така ќе бидете доволно свежи и спремни за да го почнете денот. Експериментирајте со вкусовите додека го пронајдете оној кој најмногу ви се допаѓа. Една од најубавите варијанти е мешавина од јаболко и портокал. Дури би можеле и утринското кафе да го замените со чаша свеж сок ако сте поавантуристички тип.rn

    11. Милување со домашното галениче или партнерот

    rnПостои едно истражување кое тврди дека потребни ни се најмалку 8 прегратки дневно за да можеме нормално да функционираме на емоционална база. Зошто да не го започнете денот со искажување љубов кон партнерот? А, ако немате партнер, домашните галеничиња се одлична алтернатива. Во случај да имате животинче кое не би можеле да го галите, тогаш зборувајте му нежно. И животните ја заслужуваат нашата љубов.rn

    12. Ладен туш

    rnЛадниот туш е одлична идеја рано наутро. Aко ви се допаѓа, можете да направите и комбинација од топла и ладна вода која што ја забрзува циркулацијата. Туширањето на сабајле не само што го прочистува телото туку и внесува чувство на свежина. Овој совет одлично оди со четвртиот и деветтиот од листава.rn

    13. Избегнувајте читање/гледање вести

    rnВо последно време, медиумското присуство драстично се зголеми. Но за жал, не се работи само за информирање на важни новости туку и за ширење несигурност, страв и импулсивно купување работи кои воопшто не ни се потребни. Вестите повеќе не се само за известување. Сега најважен е рејтингот. Затоа избегнувајте ги колку што можете. Денот ќе ви биде многу поубав.rn

    14. Насмејте се

    rnСмеењето е втората најдобра работа што можете да ја правите со усните. Утринската смеа ќе ви донесе смиреност и ќе ве исполни со позитивна енергија. Насмевката е знак дека сте отворени, релаксирани и спремни за интеракција со луѓето. Затоа погледнете се во огледало и насмејте се.

  • 15 начини на кои можете да најдете мир за помалку од 5 минути

    15 начини на кои можете да најдете мир за помалку од 5 минути

    Кога секојдневниот хаос од животот ќе стане преголем и кога ќе се најдете на самиот раб од бездната, не скокајте кон неа со целата сила во себе. Тоа во никој случај не може да ви помогне. Токму затоа, погледнете ги наредниве 15 техники кои ќе ви помогнат да отворите падобран од смиреност и полека да лебдите над хоризонтот на стресот…rnrn15 начини на кои можете да најдете мир за помалку од 5 минутиrnrnМирис на лаванда – Студиите покажале дека овој популарен цвет може да помогне при опуштање на вашите мускули, но и за целосно опуштање на телото. Лавандата е одличен лек за анксиозност, депресија, иритабилност, паника и проблеми со спиење.rnrnНова перспектива – Променете ја перспективата на одредена ситуација така што ќе се запрашате зошто се чувствувате онака како што се чувствувате во тој момент. Дали навистина вреди да чувствувате толку голем стрес? Дали можете да го решите проблемот? Дали имате покрив над главата и храна на масата? Дали нештата се навистина толку лоши колку што изгледаат во вашата глава? Обидете се да гледате малку попозитивно на нештата и не заборавајте постојано да бидете насмеани.rnrnПрошетка – Дури и неколку минутната прошетка има позитивни и смирувачки ефекти врз вашето тело. Тајната е да го употребите вашиот ум, да се фокусирате на сегашниот момент и да се поврзете со природата.rnrnМузика – Одберете музика со бавно темпо и лесни инструменти, па секој пат кога ќе почувствувате како ве обзема стресот, пуштете ја вашата смирувачка плејлиста и веднаш ќе ги почувствувате позитивните ефекти.rnrnМедитација – Медитирајте во кратки интервали во текот на целиот ден. Нема подобар начин за релаксирање.rnrnНасмевка – Кога се смеете, се создава чувство на мир и добросостојба кои едноставно прават да се чувствувате среќно. Токму затоа обидувајте се што повеќе да се смеете, дури и во ситуации кои ви предизвикуваат стрес, како на пример, заглавеност во сообраќај.rnrnДишете длабоко – Секогаш кога се чувствувате вознемирено, вашето дишење станува брзо и плитко. Токму затоа фокусирајте се на вашето дишење и обидете се да го успорите, особено во издишувањето.rnrnНаводнување на цвеќињата – Градинарството и поминувањето време во природа може да ви помогне да го подобрите вашето внимание како и да ги релаксирате вашето тело и ум. Доколку немате време за градината, едноставно наводнете ги вашите домашни цвеќиња.rnrnЗапишувајте сè – Дневникот може да ви помогне да ги појасните вашите мисла и чувства, како и да ви овозможи да добиете вредно себеосознавање и спокој. Тоа исто така може да биде одличен начин за решавање на проблеми, понекогаш е многу полесно да се дојде до решението на хартија. Исто така на овој начин вие можете да се ослободите од моќните емоции, да добиете јасност во мислите и да се отпуштите од некои негативни чувства и работи кои едноставно не можете да ги промените.rnrnИстегнете се – Сите ние добро ги знаеме придобивките за ослободување од стресот во јогата, но доколку немате време секојдневно да одите на часови, обидете се барем да ги искористите придобивките од основното секојдневно истегнување.rnrnВизуелизирајте мирно сценарио – Мозокот е многу моќен. Кога ќе визуелизирате мирни пејзажи, вие ќе повикате смирени чувства кои ќе се протегаат низ целото тело. Преку визуелизација, нашите тела можат да се опуштат и стресот целосно да се стопи. Затворете ги очите и замислите ритмички бранови на долги и бели песочни плажи…rnrnРазговарајте со пријател – Доколку сте хронично под стрес, сигурно сè уште не сте нашле начин на кој можете да ја промените перспективата. Но, пријателите можат да ви помогнат во оваа цел така што ќе направат да се почувствувате посреќно и одново да го пронајдете вашиот внатрешен мир.rnrnЗаѕвонете со ѕвонче за свесност – Ова можеби ќе ви звучи смешно, но станува збор за ефективен начин кој може да ве врати во сегашниот момент. Да, навистина постојат апликации и веб-сајтови за ѕвончиња за свесност. Наместете аларм како потсетник и кога ова ѕвонче ќе заѕвони, ќе ве врати во сегашноста. Потсетете се себеси да дишете и релаксирајте се.rnrnНе го вклучувајте телевизорот – Не ги гледајте вестите додека јадете и одвреме-навреме обидете се да направите пауза од стресните и застрашувачки медиуми.rnrnИсклучете го мобилниот – Одморете се од надворешниот свет и поврзете се со вашиот внатрешен свет – откако ќе разговарате со пријателите, секако. Кажете си на себе дека мирот владее со овој момент и опуштете се. Го заслужувате тоа!

  • Драматични снежни пејзажи со медитативна моќ

    Драматични снежни пејзажи со медитативна моќ

    „Бела тишина“ е занесна серија црно-бели фотографии направена од страна на фотографот Василис Тангоулис. Во секоја од овие неверојатни фотографии може да се пронајде момент на мир и тишина. rnrnГрчкиот фотограф користел филтри за неутрална густина за да може да ја долови драматичната длабочина на овие визуелно впечатливи пејзажи. Елегантноста која извира од недопрениот снег им дозволува на гледачите да влетаат во тивките сцени и да се изгубат во белата околината. Преку одлично изработените фотографии со медитативни моменти, Тангоулис им овозможува на гледачите инстантно да стапат во хармонија со природата. rn
    rn

    Според неговото био, „неговата фотографска визија најдобро може да се опише како фотографирање на времето во свет каде што ‘сегашноста’ е само бесконечно мал дел од времето, краткотрајна илузија која ги раздвојува скоро бесконечните минато и иднина. “

    rnrnМедитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку…

    50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку…

    Наоѓањето начини да се ослободите од стрес е многу значајно во денешниот хаотичен свет. Понекогаш потребни ни се дневни потсетувања дека ние сме живи, размислуваме и чувствуваме и дека не сме само воркохоличари и машини за работа. Ако не се грижиме за нашиот стрес, тој може за кратко време да се качи на многу нездраво ниво кое понекогаш знае да доведе до сериозни состојби како депресија, анксиозно нарушување, проблеми со срцето, дијабетес, гастритис, проблеми со јадењето, несоница, злоупотреба на супстанци, како и до главоболки, болки во мускулите и омалаксаност.rnrn50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку...rnrnБидејќи сите помалку или повеќе сме склони на стресот кој е неизбежен дел од нашите животи, потребно е да најдеме одредени методи кои ќе ни помогнат да се справиме со него. Сè зависи од вашата личност, навики, како и од работата од која сакате да се одморите. Погледнете ја оваа листа од 50 начини на кој можете да се ослободите од стресот и размислите кои од нив најмногу би ви одговарале. Или пак, доколку веќе имате некој метод кој многу ви помага, а не сме го споменале, споделете го со нас во коментарите подолу.rnrn1. Земете длабоко воздух 10-тина пати.rnrn2. Правете склекови, стомачни или клекнувања.rnrn3. Играјте со домашното милениче.rnrn4. Излезете на кратка прошетка.rnrn5. Прочитајте текст на Кафе пауза.rnrn6. Јавете се кај пријател.rnrn7. Ислушајте една песна.rnrn8. Гледајте видео на Јутјуб.rnrn9. Свирете на музички инструмент.rnrn10. Медитирајте.rnrn50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку...rnrn11. Изедете здрава ужина.rnrn12. Започнете краток разговор на едноставна тема.rnrn13. Направете си кафе.rnrn14. Седнете на клупа во парк и набљудувајте ги луѓето околу вас.rnrn15. Нацртајте нешто.rnrn16. Испејте ја омилената песна.rnrn17. Замислете дека вашата работна маса е тапан и започнете со свирење.rnrn18. Потсетете се на добрите работи во вашиот живот.rnrn19. Направете планови за вечера.rnrn20. Излезете надвор на сонце и свеж воздух.rnrn50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку...rnrn21. Излезете надвор и хранете ги птиците.rnrn22. Направете му некому мала услуга.rnrn23. Напишете порака до саканиот/саканата.rnrn24. Наводнете ги цвеќињата.rnrn25. Разгледајте постар албум со фотографии.rnrn26. Напијте се чашка алкохол.rnrn27. Направете пребарување на Гугл за „смешни вицови“.rnrn28. Набљудувајте ги ѕвездите.rnrn29. Уживајте во убав пејзаж.rnrn30. Пуштете музика и разиграјте се како никогаш досега.rnrn50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку...rnrn31. Набрзина истуширајте се.rnrn32. Напишете песна.rnrn33. Проверете го вашиот имејл или фејсбук-профил.rnrn34. Направете листа од стари работи во вашиот дом за донирање.rnrn35. Средете го вашето биро.rnrn36. Обидете се да решите некоја загатка или судоку.rnrn37. Поминете малку време со вашите деца или внуци.rnrn38. Истегнете се или вежбајте јога.rnrn39. Викајте колку што ве држи гласот (ако не сакате да вознемирите некој, можете да го направите тоа и во перница).rnrn40. Одете на масажа на грбот.rnrn50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку...rnrn41. Изиграјте една парија билјард или пинг-понг.rnrn42. Проверете ја временската прогноза.rnrn43. Прочитајте го вашиот хороскоп.rnrn44. Испланирајте го викендот.rnrn45. Кажете си молитва.rnrn46. Ослободете ги мислите, фантазирајте.rnrn47. Измијте го вашето лице со студена вода.rnrn48. Легнете накратко да спиете (не заборавајте да навиете аларм).rnrn49. Потсетете се на вашите цели.rnrn50. Возете полека низ градот.

  • Подобрете си ја љубовта кон себе во наредните 5 минути

    Подобрете си ја љубовта кон себе во наредните 5 минути

    Љубовта кон себе е една од најважните атрибути кои морате да ги одржувате. Кога се сакате себеси, другите аспекти од вашиот живот почнуваат природно да си доаѓаат на своето место.rnrnПодобрете си ја љубовта кон себе во наредните 5 минутиrnrnОва се случува бидејќи со љубовта кон себе не постои страв и анксиозност за докажување пред другите. Вие се чувствувате удобно во вашата кожа, живеејќи го животот онака како што ви изгледа вам најдобро. Вие сте целосно среќни и задоволни, без разлика на тоа што не живеете во совршен свет.rnrnИстовремено, вие станувате подобри и посочувствителни со другите околу вас и станувате помoтивирани и поинспирирани при остварување на своите лични цели. Сè што е добро во животот доаѓа од љубовта кон себе, па затоа е многу важно да вежбате како да ја одржувате.rnrnЕве кратка медитација која може да ви помогне доколку имате проблем со прифаќањето и сакањето на себеси:rn

      rn011

    • Одберете мирна просторија или околина во која ќе можете да медитирате.
    • rn011

    • Затворете ги очите и 10 пати длабоко и бавно вдишете и издишете.
    • rn011

    • Во мислите пронајдете место каде што ќе можете да бидете релаксирани.
    • rn011

    • Замислете се себеси во вашата имагинација, колку што е можно поискрено и поточно.
    • rn011

    • Потоа кажете ги наредниве неколку потврдувања во вашиот ум неколку пати додека издишувате:
    • rn

    rn

    „Јас ја заслужувам мојата љубов.“rn„Јас заслужувам среќа.“rn„Си простувам на себе за своите грешки.“rn„Секој ден станувам сè подобра личност.“rn„Јас ја заслужувам мојата љубов.“

    rnrn

      rn011

    • Кажувајте ги овие потврдувања како навистина да ги мислите, со намера и јасно. Значењето позади зборовите е многу поважно од самите зборови.
    • rn011

    • Дозволете им на топлите и позитивни чувства на љубов кон себе да се насоберат при медитацијата.
    • rn011

    • Кога ќе бидете подготвени да завршите, повторно вдишете и издишете, полека и длабоко, 10 пати.
    • rn011

    • Отворете ги вашите очи и продолжете понатаму со денот имајќи ги на ум речениците кои си ги кажувавте на себе.
    • rn

    rnДури и по само една сесија од оваа медитација би требало да забележите разлика во вашите чувства кон себе. Но, за да направите подолготрајна промена мора да ја повторувате оваа вежба најмалку 2 пати неделно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мир на швајцарските планини

    Мир на швајцарските планини

    Следните неколку фотографии носат заедничко име „Самотија“. Тие се дело на фотографот Жил Моне, кој во планините во Швајцарија пронашол идеално место за релаксација и медитација. На сите нив е фотографиран тој самиот, прикажан како премногу мал во споредба со природата, но претопен со неа така што може целосно да ја впие нејзината смиреност.Мир на швајцарските планиниИ покрај тоа што прави извонредни фотографии, Моне сепак е само фотограф-аматер. Вели дека најмногу сака да ги слика ноќта, планинските пејзажи и самотијата.rn
    rn

    „Спојот на овие теми има тенденција на претставување на одредена чистота во набљудувањето на природата. Пејзажот го повикува гледачот да се претопи со сликата, да започне медитативно да ја набљудува и да почувствува единство со природата“.

    rnМир на швајцарските планиниМир на швајцарските планиниМир на швајцарските планиниМир на швајцарските планиниМир на швајцарските планиниМир на швајцарските планиниМир на швајцарските планиниМир на швајцарските планиниМир на швајцарските планини
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ефективен почеток на денот – разбудете се на врвот на светот

    Ефективен почеток на денот – разбудете се на врвот на светот

    Автор: Ели РадескаrnrnКоја е првата мисла со која се будите? Некои луѓе се будат со помислата: „Проклетство, веќе е 6 часот!“, а други: „Колку прекрасен ден е на повидок!“ Каков ментален статус ќе заземете наутро, таков ќе ви биде и остатокот од денот.rnrnЗа денот да ви биде ефективен и продуктивен, искористете го утрото и направете го моќно! Разбудете се со чувство дека сте на врвот на светот.Ефективен почеток на денот – разбудете се на врвот на светотМоќни утрински прашања – Секогаш си поставуваме прашања, дури и тогаш кога не сме свесни за тоа. Додека појадуваме, или го пиеме утринското кафе, безброј мисли ни се вртат низ глава.rnrnНаучете да ги контролирате. Ако ги контролирате овие мисли и прашања, вие имате целосна контрола над вашата психа. Стопирајте ги негативните мисли, земете контрола, мислете позитивно.rn

      rn011

    • Прашања кои треба да си ги поставите секое утро:
    • rn011

    • Што можам да очекувам од денешниов ден?
    • rn011

    • Како да си го направам денов совршен?
    • rn011

    • Која е најдобрата работа која би можела да ми се случи денес?
    • rn011

    • Што е совршено во мојот живот?
    • rn011

    • Во што сум добар/ра?
    • rn011

    • Дали денес ќе примам некаква заслуга?
    • rn

    rnСо поставувањето на овие прашања ги насочувате мислите кон оние работи кои сакате да ви се случат. За некои прашања не мора да имате реална основа, вашиот мозок по автоматизам ќе се стреми кон одговорите.rnrnНе заборавајте го основното прашање: За што треба да бидам благодарен/на? Сите ние имаме толку работи за кои треба да бидеме благодарни.rnrnТриесетдневен тест – Во текот на наредните 30 дена поставувајте си ги горенаведените прашања. Може да земете ливче и да запишувате. Наместо да се фокусирате на она што ви се случило претходниот ден, или на она што сте го сонувале, фокусирајте се на денешниот ден.rnrnСменете ја вашата утринска рутина – но не менувајте ги работите кои ви се допаѓаат и ве прават среќни.rnrnНе вклучувајте го веднаш компјутерот или телевизорот – тоа не е здраво будење. Мозокот наутро буквално „впива“ информации бидејќи е свеж и одморен. Зошто тоа да не го искористите правилно?rnrnМедитирајте – не е лесно да го „одвоите“ телото од умот. Потребни се тренинг и вежби. Но секогаш можете да најдете методи за релаксација. Разбудете се порано од предвиденото, опуштете се подготвувајќи се за обврските кои следуваат. Зошто да не се разбудите половина час порано, па наместо брз туш да уживате во пенеста купка? Не заборавајте дека на вашето тело и вашиот ум, секогаш треба да им угодувате и да ги „разгалувате“.rnrnСлушајте музика – сите знаеме дека моќта на музиката е огромна. Наутро слушајте нешто што ќе ве „подигне“, инспирира и мотивира.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.