КАФЕ ПАУЗА

Tag: медитација

  • Единствената навика која ќе ви помогне да имате здрав сексуален живот и добар сон

    Единствената навика која ќе ви помогне да имате здрав сексуален живот и добар сон

    Секој од нас секојдневно се соочува со стресни ситуации, па токму овие проблеми можат да ни предизвикаат потешкотии да се исклучиме и посветиме на одморот и уживањето. Како што стресот го погодува нашето секојдневно функционирање, така влијае и на нашиот сон, како и на сексуалниот живот.rnrnЕдинствената навика која ќе ви помогне да имате здрав сексуален живот и добар сонrnrnНо, не грижете се, постои многу едноставно решение. Станува збор за медитацијата која е докажано дека ослободува од напнатост и нервоза. Емили Флечер, која се бави со ведска медитација, открива неколку совети за посмирен живот, непрекинат сон и активен сексуален живот.rn

    „Благодарение на медитацијата, вие се водите самите себеси во четвртата, поточно суперсвесната состојба на свеста, каде што вашето тело одмара 2 до 5 пати подлабоко одошто во сонот. Токму тоа и овозможува вашето тело да се ослободи од целиот насобран стрес“, открива Емили.

    rnБидејќи постои огромна поврзаност помеѓу сонот и медитацијата, вие со нејзина практика истовремено го опуштате и телото и умот. Со медитацијата вие се ослободувате од секојдневниот стрес, па затоа и спиењето ви служи токму за тоа – за спиење. Кога не медитирате, вашето тело го користи сонот како начин за ослободување од стрес, па една од последиците на оваа ситуација е претерано активниот ум што на крај резултира со константен умор.rnrnМедитацијата исто така може многу да ви го подобри и вашиот сексуален живот. Имено, кога жените во телото имаат значително зголемено количество кортизол, стрес хормонот, тие почнуваат да ја губат способноста да доживеат оргазам. Бидејќи медитацијата ве ослободува од стресот, а со тоа и го намалува нивото на кортизолот во телото, ви овозможува гаранција дека оргазмот ќе стане редовен дел од вашиот сексуален живот. Да не заборавиме и на фактот дека медитацијата ги изострува нашите сетила, правејќи сексот да стане уште попријатно искуство.

  • Што да направите кога не можете да го исклучите мозокот после напорниот ден?

    Што да направите кога не можете да го исклучите мозокот после напорниот ден?

    Секој ден, сите со нетрпение го очекуваме моментот кога ќе најдеме малку време да се опуштиме. Но, иако нашето тело е подготвено да го стори тоа, нашиот мозок сѐ уште работи 200 на час. Психолошки, транзицијата од стресните ситуации до мирната и опуштена состојба е голем предизвик за организмот. Можеби звучи контрапродуктивно, но, според експертот за медитација и релаксација д-р Херберт Бенсон, тренирањето на мозокот да се ослободи од секакви мисли е клучно за да го подобрите квалитетот на спиењето и да се разбудите свежи и подготвени да се соочите со новиот ден. Во продолжение прочитајте за 3-те најефикасни начини да го опуштите вашето тело, но и вашиот ум.rnrnШто да направите кога не можете да го исклучите мозокот после напорниот ден?rn

    1. Завршете го денот

    rnПред да го напуштите работното место или обврските, одвојте 5 минути за да ги пополните сите дупки кои сте ги пропуштиле во текот на денот. Така го осигурувате вашиот мозок дека нема потреба да продолжи да ги скенира сите недостатоци во текот на ноќта.rn

    2. Вежбајте да го следите природниот тек на настаните

    rnНа овој начин ќе бидете многу поефикасни во извршувањето на дневните задачи и нема да го изгубите својот фокус. Атлетичарите знаат дека овие ритуали се најважни за добриот перформанс. Земете воздух и полека издишувајте, разгледајте наоколу, растегнете се, движете се, гледајте низ прозорецот и обновете ја енергијата.rn

    3. Одвојте време за опуштање

    rnИсто како што ритуалите пред спиење им помагаат на децата, така релаксацијата им помага на возрасните да се ослободат од стресот. Постојат многу начини да го направите ова, од обични вежби за дишење и медитација до краткотрајни прошетки низ паркот, топли купки и музика. Клучот е да изберете една рутина која ви се допаѓа и редовно да ја практикувате со цел да го научите вашиот мозок дека тоа време е наменето за опуштање.

  • Новогодишна порака од духовен водач: На овој ден стануваме свесни каде сакаме да одиме

    Новогодишна порака од духовен водач: На овој ден стануваме свесни каде сакаме да одиме

    Овој момент е совршено време да размислиме за своите неуспеси и грешки во духовна смисла. Дали сакаме да продолжиме да живееме исто како досега или извлековме некоја поука? Оваа порака ни доаѓа од Раданат Свами, спиритуален водач, општествен работник, активист и познат автор. Тој повеќе од 40 години е духовен учител, практикува Бакти јога и се смета за лидер на движењето Харе Кришна.rnrn(0)-novogodishna-poraka-od-duhoven-vodach-kafepauza.mkrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnАко годината што измина била исполнета со страдање, треба да најдеме утеха во фактот дека сите казни и страдања на овој свет не се наменети за казнување, туку за корекција. Денес е добар ден да медитираме за тоа што навистина го сакаме во животот.rnrnЗа тие кои што редовно практикуваат некој спиритуална пракса, многу е важно понекогаш да направите некоја промена во животот. За да го трансформираме своето срце и да го поврземе со Бог потребен ни е водач и засолниште. На овој ден стануваме свесни каде сакаме да одиме и одлучно да тргнеме по тој пат.rnrnЗа да го постигнеме тоа што сакаме во нашите животи, потребна ни е голема сила и дружење со сериозни и искрени личности. Исто така треба да одлучиме да најдеме засолниште во светото име на Бог и трезвено да се потсетиме дека денес сме еден чекор поблиску до смртта. Истовремено важно е да се медитира за смислата на животот што ќе ни гарантира вечен живот, над привременото постоење на овој свет.rnrn[/message_box]

  • „Еве како научив да заспивам за само 1 минута“: Ефикасен метод против несоница

    „Еве како научив да заспивам за само 1 минута“: Ефикасен метод против несоница

    Својата исповед за тоа како ја пронашла оваа прекрасна метода, Али Гонзалес ја раскажа вака:rn

    „Сè започна недела дена пред венчавката на мојот најдобар пријател. Тогаш мојот замор и нервозата достигнаа критична точка. Никако не можев да заспијам. Сè поради тоа што морав да смислам говор. Мојата срамежливост и нервозата не ми дозволуваа да спијам. После три дена несоница и грижа за венчавката што следи, побарав совет од мајката на невестата. Таа ми предложи една метода, која требаше да успее. Јас ѝ поверував, бидејќи таа жена долго време држи часови по медитација и има лиценца за вршење медицинска практика. Што да кажам, нејзиниот совет ми го промени животот!“

    rnOLYMPUS DIGITAL CAMERArnrnНајдобро е да ја запомните оваа техника како „4-7-8“. Еве што треба да  направите…rnrn[message_box title=”Техника за брзо заспивање 4-7-8″ color=”yellow”]rnrnСместете се во лежечка положба, нека ви биде удобно и топло.rn

      rn011

    1. Затворете ги очите и вдишете длабоко низ носот. Вдишувањето со полни гради треба да трае 4 секунди.
    2. rn011

    3. После ова, задржете го воздухот во градите 7 секунди.
    4. rn011

    5. На крај, започнете полека да го испуштате воздухот низ устата во траење од 8 секунди.
    6. rn011

    7. Потоа, повторете ја целата процедура 4-7-8.
    8. rn

    rn[/message_box]rnrnДодека го правите ова, може да ги броите секундите во себе и со тоа да ја следите постапката на дишење.rnrnТолку е едноставно. Оваа вежба за дишење го намалува срцевиот ритам и смирува. Покрај тоа, делува брзо – по само неколку повторувања. Иако изгледа како бесмисленост, навистина делува.rn

    Како делува?

    rn

    Не можев да дочекам да ја испробам оваа ‘шега’ во пракса. На мое потполно изненадување, се разбудив следното утро. Дури не сфатив дека не сум ги изброила оние 8 секунди за издишување после второто повторување. Еве што дознав за тој ефект:rnrnКога чувствувате стрес, загриженост или анксиозност, количината на адреналин во крвта расте, а дишењето станува плитко и забрзано. Методата која ми ја кажа оваа жена делува како седатив. Задржувањето на здивот со особено бавно издишување го забавува срцевиот ритам. Тоа е физиологија.rnrnИсто така, оваа метода го смирува вашиот ум. Само затоа што постојано мора да броите во себе и да бидете сконцентрирани на дишењето. Во тој момент вие не го сфаќате тоа, но вашиот нервен систем полека ќе се смири, а чувството на загриженост ќе исчезне. Тоа ќе ви го каже секој невролог. Како резултат на тоа, цело ваше тело ќе се опушти. По брзината и силината оваа метода е слична како анестезија.“

    rnСо изучување на оваа техника се занимавал докторот по медицински науки на Харвард, Ендру Вејл. Тој утврдил дека методата „4-7-8“ неколку века им е позната на индиските наставници по јога. Тие ја користеле при медитација за постигнување потполна релаксација. Па, може да заклучиме дека е потполно безопасна.rnrnАко се разбудите во текот на ноќта или долго размислувате пред спиење, или сте нервозни поради некој настан што следи, користете ја методата ‘4-7-8’. Ќе ви биде од голема корист.rnrnДоктор Вејл препорачува да ја практикувате методата секој ден по двапати за да ја усовршите и да бидете во можност да ја искористите секој пат кога ќе ви биде потребна.rnrnОбидете се, нема да зажалите!

  • 3 загрижувачки опасности од медитација на кои треба да внимавате

    3 загрижувачки опасности од медитација на кои треба да внимавате

    Медитацијата има огромно значење за човечкото здравје и е докажан метод за намалување на депресијата. Едно истражување спроведено на Оксфордскиот универзитет покажало дека со умствена медитација депресијата може да се намали за дури 44%. Со други зборови, медитацијата има исто влијание како антидепресивите.rnrnНо, како и многу работи во животот, постојат потенцијални опасности поврзани со медитацијата за кои никогаш не сте чуле. Не се плашете од овие опасности, туку напротив, внимавајте на нив.rnrna meditation class in mindfulnessrn

    1. Може да се чувствувате празно и исплашено

    rnДоктор Флоријан Рутс, психијатар во болницата Мозли, во западен Лондон го истражувала дејството на умствената медитација и открила загрижувачки вести. Имено, се појавиле случаи на „деперсонализација“ т.е. некои од луѓето кои медитирале започнале да се чувствуваат како да се гледаат себеси во филм. Кај некои луѓе тоа довело до тешки чувства на самотија и празнина, па дури и страв.rnrnОваа негативна последица на медитацијата е важно да се знае бидејќи ако ви е дијагностицирана клиничка депресија или анксиозност, првата терапија што ќе ви ја предложат е когнитивна мисловна терапија т.е. умствена медитација.rn

    2. Може да го промени начинот на кој размислувате и да ги намали вашите социјални вештини

    rnОвде станува збор за проектот „The Dark Night“ спроведен на Универзитетот Браун во Сад, кој покажува како некои будисти при медитација биле „нападнати“ од трауматични спомени. Професорката Вилоуби Бритон, психијатар и главен истражувач на проектот, забележала необични проблеми кај будистите кои медитираат, како когнитивни, перцептивни и сензорни абнормалности.rnrnЕден од будистите кои учествувале во проектот, Шинзен Јанг, овој феномен го опишал како „неповратна глетка во празнина“ и „злобниот брат-близнак на просветлувањето“. Друг човек кој ги почувствувал негативните ефекти на медитацијата објаснува дека поминал низ „психолошки пекол“, а трет пак дека е „уништен засекогаш“.rnrnНо, експертите за медитација кажуваат дека овие реакции се многу ретки. И тие се случуваат после многу долги периоди на медитација како недели поминати во завет со молк. Сепак, овие информации отвораат ново гледиште кон медитацијата и лавината чувства која таа ги носи.rn

    3. Може да станете пасивни, обесхрабрени и покорни

    rnМедитацијата е начин за смирување, продлабочување и запознавање на себеси. Но, умствената медитација според нејзината оригинална будистичка традиција многу повеќе се фокусира на човечкото здравје, притоа намалувајќи ги нивоата на стрес и страдањето на нашето срце и мозок. Секако дека има ситуации каде што не можеме ништо да промениме и од витална важност е да се смириме и да се олабавиме. Но, сепак има моменти кога треба да бидеме лути, нервозни и да сакаме да ги промениме работите.rnrnЕнтузијастичкиот пристап кој го нуди медитацијата кој се спроведува низ образованието, кариерата и сите останати полиња на живот може да биде опасен за човекот и неговото здравје. Ваквото користење на медитацијата може да предизвика да станете пасивни, лесно да се обесхрабрувате и да бидете покорни само затоа што сметате дека за ништо не треба да се грижите.rnrnНачинот да се справите со овие и други потенцијални опасности од медитацијата е да ја гледате како животна техника и да не се ослонувате премногу на неа. Медитацијата може да реши многу проблеми, но исто така и да ги создаде. Како што предупредува Бритон, медитацијата не се состои само од мир и спокојност. Таа ви го отвора умот за да видите што има внатре. Само, бидете внимателни, бидејќи така можете да ја отворите вашата сопствена Пандорина кутија на стари рани и трауми за кои можеби ќе ви бидат потребни разни терапии и долго време за да ги надминете.

  • 4 важни и клучни чекори за превенција на Алцхајмерова болест

    4 важни и клучни чекори за превенција на Алцхајмерова болест

    Вежбањето, здравата исхрана и менталните предизвици се одлични за здравјето на целиот организам, вклучувајќи го и здравјето на мозокот. Но, постојат и неколку животни навики кои истражувањата ни покажале дека се многу моќни кога станува збор за превенција на Алцхајмеровата болест.rnrn4 најважни чекори за превенција на Алцхајмерова болестrn

    Вежбајте 3 часа неделно

    rnВежбањето е одлично за вашиот мозок, особено на долготраен план. Експертите препорачуваат да вежбате барем 3 пати неделно, а во едно истражување дури се покажало и дека 3 долги прошетки во текот на неделата се сосема доволно за да ја држите младоста на мозокот и до 4 години подолго.rn

    Медитирајте 10 минути на ден

    rnПреголемото количество на кортизол во телото може да делува многу штетно на мозокот. Доволни ви се само 10 минути едноставна медитација за да направите чуда со вашиот мозок. Седнете исправено, затворете ги очите и дишете бавно. Правете го тоа 2 пати на ден, по 5 минути.rn

    Внесувајте омега 3 секојдневно

    rnЛичностите кои внесуваат адекватна количина на омега 3, имаат поголем волумен на хипокампусот за разлика од оние кои не го прават тоа. Експертите велат дека една здрава возрасна личност треба да внесува околу 1.500 милиграми од овие масни киселини дневно.rn

    Секој ден помнете нешто ново

    rnАко помнењето нови информации станe ваша навика и ако тоа го правите секојдневно, вашиот мозок ќе остане многу подолго млад. Истражувањата покажале дека личностите кои секојдневно нешто помнат, имаат зголемен процент на сива материја во мозокот за разлика од нивните врсници. Соочувајте го вашиот мозок со што е можно повеќе предизвици така што ќе ја зголемите социјалната интеракција, ќе научите нов јазик и постојано ќе развивате нови вештини.

  • Би пробале ли оргазмичка медитација?

    Би пробале ли оргазмичка медитација?

    Оргазмичката медитација (ОМ) е техника за добросостојба која им помага на партнерите да достигнат подлабоко ниво на поврзаност со себе и помеѓу нив. Овој интимен медитативен пристап се верува дека може да предизвика засилен оргазам на начин кој им помага и на двете страни да постигнат поголема поврзаност, виталност, задоволство и значење во секој аспект од нивниот живот.rnrnБи пробале ли оргазмичка медитација?rnrnОваа техника се применува така што жената ја соблекува својата долна облека и легнува долу. Потоа партнерот ќе седне покрај неа и нежно ќе го масира нејзиниот клиторис околу 15 минути. Целта е со помош на овие сесии да се зголеми сензацијата, поврзаноста и чувството на добросостојба во телото на двајцата партнери.rnrnОние кои ја практикуваат оргазмичката медитација тврдат дека доживеале оргазам кој е многу поразличен од оној „стандардниот“ со кој сите се запознаени. Причината се наоѓа во тоа што партнерот ѝ дозволува на својата партнерка целосно да се опушти и релаксира. Доколку сакате и вие да се обидете, погледнете го овој туторијал кој ќе ви ја покаже чекор по чекор оваа медитација.rnrn

  • 3 нешта кои не треба и 3 кои треба да ги правите за подобро утро

    3 нешта кои не треба и 3 кои треба да ги правите за подобро утро

    Следете ги овие совети и започнувајте го денот со помалку стрес и во пријатна атмосфера која ќе ве мотивира за подобро да го продолжите денот.rnrn3 нешта кои не треба да ги правите и 3 кои треба да ги правите за подобро утроrn

    Што да не правите:

    rn1. Не чепкајте ги телефонот и компјутерот во првиот час по будењето. Оставете си малку време да го започнете денот пред да се изложите на стресот од социјалните мрежи, особено што тие нè тераат да се споредуваме со другите.rnrn2. Не притискајте „снуз“ на алармот. Ако вечерта кога го местите алармот си дадете збор дека ќе станете во 7.30 часот, испочитувајте се себеси и дајте си повеќе време за бавен почеток на денот.rnrn3. Не јадете обработена храна за појадок. На организмот по спиењето му треба вистинска храна за да го започне денот, а тоа ќе придонесе и помалку да ви се јаде во текот на денот.rn

    Што да правите:

    rn1. Напијте се чаша млака вода со лимон. Хидратацијата наутро е многу важна, но овој пијалак носи и многу други бенефити за организмот.rnrn2. Поминете 5-10 минути во тишина. На почетокот дајте си малку време пред да започнете да мислите на обврските во текот на денот. Смирете го умот со медитација или благодарност за она што го имате и потоа продолжете со другите работи.rnrn3. Размрдајте го телото. Прошетајте низ домот, истегнете се, вежбајте јога, излезете надвор да трчате, направете какви било вежби. Не мора да биде нешто комплицирано, доволно е нешто што ќе ве размрда како за почеток на денот.

  • Ментална вежба со свеќа по која ќе се чувствувате посреќно

    Ментална вежба со свеќа по која ќе се чувствувате посреќно

    Ова е едноставна ментална медитативна вежба која ќе ви одземе само триесетина минути, но драстично ќе ви го подобри квалитетот на животот после тоа. Таа ќе ви помогне да ги согледате вашите приоритети во животот, колку тие ве прават среќни и како да се унапредите на секое поле.rnrnМентална вежба со свеќа по која ќе се чувствувате посреќноrnrn1. Одвојте 30 минути за себе во просторија во која ќе бидете сосема сами и каде што ви е пријатно. Имајте со себе и подлога за медитирање, миризливи стапчиња, свеќа, дневник и што било кое ве опушта.rnrn2. Запалете една свеќа. Ќе создадете амбиент дека сте на своето свето место. Таа ја симболизира светлината во вашата душа.rnrn3. Дарма. Размислете за тоа како сте ги завршиле своите должности во текот на неделата. Дали и како сте му служеле на семејството, партнерот, пријателите и на себе? Си ги исполнивте ли своите должности? Одговорот запишете го во дневникот.rnrn4. Арта. Што правевте во текот на изминатата недела за да го зачувате и унапредите своето здравје? Што било потребно да направите, што сте направиле и што се придобивките од тоа? И овој одговор запишете го во дневникот.rnrn5. Кама. Што направивте за да почувствувате радост? Што е тоа што ви причини најголемо задоволство? Дали ги препознавте своите најголеми желби и дали ги остваривте? Запишете ги своите мисли.rnrn6. Мокша. Дали почувствувате некакво ослободување во изминатиот период? Тоа сте можеле да го постигнете со медитација, читање, танцување или некоја активност која ви причинува задоволство. Дали успеавте во тоа? Што ви е потребно за да се ослободите? И ова забележете го во дневникот.rnrn7. Разгледајте ги сите работи кои сте ги запишале и согледајте каков е соодносот меѓу нив. Дали има некој дел од вашиот живот кој е понагласен од другите? Дали напорно работите на едно поле додека ги запоставувате другите? Зошто е тоа така? Напишете како сте се чувствувале додека сте ги исполнувале вашите цели, односно дали сте биле исцрпени или задоволни.rnrn8. Направете план за следната недела. Тоа можете да го направите за сите полиња поединечно или тоа може да биде некој генерален план. Прочитајте го планот на глас, затворете го дневникот, изгасете ја свеќата и посветете се на животот во наредната недела со новиот поглед на вашите приоритети.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 начини да си го пополните слободното време

    5 начини да си го пополните слободното време

    Денешниот брз начин на живот нè прави да се чувствуваме како затворени во кафез. Сите ние имаме огромен број обврски кои се врзани со многубројни рокови. Но, верувам дека и најзафатениот човек може да одвои по некој саат во денот за себе и своето здравје. Во продолжение, совети кои вам ви се добро познати, но убаво е да ве потсетиме:rnrn0-5-nachini-da-si-go-popolnite-slobodnoto-vreme-kafepauza.mkrn

    1. Не правете ништо

    rnЗнам, чудно звучи. Ова е всушност животно мото на многу мрзливи луѓе. Но зборувам за слободното време на оние кои неуморно работат. Во тој случај е потполно потребно. Тие треба да си дозволат ментална релаксација и едноставно да го ослободат умот. Таквата ослободена состојба на умот има исцелувачки ефекти.rn

    2. Медитација

    rn1-5-nachini-da-si-go-popolnite-slobodnoto-vreme-kafepauza.mkrnrnНе е потребно да се има удобна и смирена атмосфера за дневна медитација. Дури и кратките медитации во текот на денот може да бидат од голема корист. Може да медитирате речиси секаде, затоа што единственото нешто што ви е потребно е вашата глава.rn

    3. Музика

    rn2-5-nachini-da-si-go-popolnite-slobodnoto-vreme-kafepauza.mkrnrnМузиката е најдобриот начин да го поминете времето и да се чувствувате задоволно. Ако сте зависник од музика, тогаш едноставно пуштете ја вашата омилена музика, која има моќ да ве инспирира, да ве мотивира да мислите позитивно и да бидете продуктивни.rn

    4. Прочитајте некоја добра книга

    rnLibrary with a book ladder and lamprnrnЧитањето отсекогаш бил најпаметниот начин да го поминете слободното време. Човечката глава е како голем театар, со многубројни мисли и слики. Со помош на книга можете да влезете во еден свет на фикција каде ќе можете да ја почувствувате атмосферата на епохата и емоциите на ликовите. Исто така, читањето е омилена активност на ментално богатите и високо интелигентни луѓе. Ако сè уште мислите дека читањето е старомоден начин на развој на себе, тогаш многу грешите.rn

    5. Вежбајте

    rnНаправете неколку вежби секој пат кога ќе имате слободно време. Тоа ќе биде најдобар подарок за вашето тело. Физичките вежби го зголемуваат протокот на крв во вашите мускули и органи. Дури и пет минути вежбање ќе ве натера да се чувствувате подобро.