КАФЕ ПАУЗА

Tag: медитација

  • 10 поуки од 1.000 часови медитирање

    10 поуки од 1.000 часови медитирање

    Едно момче го споделува своето искуство со медитацијата. Кога прв пат слушнал за оваа техника, во 2011 година, тој не бил сигурен дека е за него. Сепак, тој бил студент, а не будистички свештеник. Но и покрај ова, решил да проба. Си направил 30 дневен предизвик за медитирање – 5 минути дневно во наредните 30 дена.rnrn10-pouki-od-1-000-chasovi-meditiranje-kafepauza.mkrn

    „Не бев свесен дека тргнувам на епско патување. Оттогаш се вљубив во оваа техника и секој ден медитирам по половина час, веќе 6 години. Значи околу 1.150 часови медитирање досега.“

    rnСега го споделува она што го научил во овој период.rn

    1. Не можете целосно да престанете да мислите

    rnИако постои верувањето дека медитацијата бара да не мислите на ништо, сепак невозможно е да немате ниту една мисла. Дури и најискусните луѓе имаат барем по една мисла додека медитираат. Целта на медитацијата не е да не мислите, туку да ги набљудувате вашите мисли без да бидете нивна „жртва“.rn

    2. Не им верувајте на вашите мисли

    rnМногу од вашите мисли не се вистина. На пример, ако мислите „Ова е премногу тешко, не можам да го направам“, вие имате избор да не верувате во таа мисла.rn

    3. Не мора да бидете под стрес

    rnИако не признаваат, премногу амбициозните луѓе често се изложени на интензивен стрес. Огромната желба за успех си има своја цена – нè тера да мислиме дека никогаш нема да имаме време и дека секогаш мора да бидеме најдобрата верзија од себе. Штом ќе ги средите своите мисли (и ќе се смирите) стресот станува небитен фактор и нема да ве плаши. Ова ќе ви овозможи да станете среќни и фокусирани дури и кога ситуацијата е напната.rn

    4. Несоницата може да се излечи

    rnСигурно ви се има случено цел час да лежите во креветот и да не можете да заспиете. Во тие моменти сигурно посакувате да можевте да го исклучите мозокот. За ваша среќа, тоа е возможно и се вика медитација. Штом ќе научите да ги набљудувате вашите мисли без да влијаат на вас, можете да го забавите вашиот ум и да заспиете многу брзо.rn

    5. Продуктивноста се учи

    rnНашето општество има проблем со задржување на вниманието. Причината е тоа што луѓето се „тренираат“ да им биде одвлечено вниманието (со Фејсбук и слично). Ако сакате да се фокусирате кога е потребно, мора да го вежбате тоа. Поминувајте неколку минути секое утро во медитација и во задржување на вашето внимание. Наскоро ќе можете да ги отстраните сите работи кои ви го одвлекуваат вниманието кога ќе посакате.rn

    6. Има доволно време за сè

    rnСо редовно медитирање работите ќе ви станат појасни. Ќе знаете што е важно, што не и што треба да се направи. Имаме доволно време да ја подобриме нашата кариера, да бидеме во добра форма, да поминуваме време со партнерот и да одиме на авантури. Само треба да забавите, јасно да ги разгледате работите и да делувате кога е потребно.rn

    7. Секој има право на значајни врски

    rnШтом ќе забавите и ќе престанете да живеете „брзо“, ќе можете да се поврзете со другите без голем напор. Помалку ќе судите, повеќе ќе цените, а вашите врски сами ќе се подобрат. Смирете го умот и поврзете се со вашето срце. Продуктивноста не е светиот грал на животот, тоа е љубовта.rn

    8. Медитацијата не мора да биде здодевна

    rnЗа многумина, медитацијата од 30 минути звучи здодевно. Решението за ова е да ја поделите во „вежби“. Исто како кога вежбате, сигурно не правите една вежба цел час, туку комбинирате. Правете го истото и со медитацијата. Комбинирајте медитација за свесност, за благодарност, вежби за дишење, визуелизација…rn

    9. Љубовта кон себе е возможна

    rnВо духовните кругови многу се зборува за љубовта кон себе, но дали навистина постои? Многу е лесно да ги гледаме нашите грешки, но како да го надминеме гласот кој критикува? Прво треба да разберете дека грешките се нормални. Постојат толку многу работи кај вас кои се убави и магични. Обрнете внимание на овие работи и ќе видите дека имате причина да се сакате.rn

    10. Медитацијата е (речиси) како магична пилула

    rnАко постои пилула која ќе ни помогне да спиеме подобро, да го намалиме стресот, да имаме повеќе пријатели, да бидеме подобри во работата и да се сакаме повеќе, секој би сакал да ја има. Па, таа пилула е медитацијата. Покрај ова, таа е бесплатна и не ви е потребна никаква опрема.rnrnАко се одлучивте дека сакате да пробате, погледнете ги овие совети за почетници и за оние кои мислат дека не можат да медитираат.

  • Медитација за почетници: 7 совети за оние кои мислат дека не можат да медитираат

    Медитација за почетници: 7 совети за оние кои мислат дека не можат да медитираат

    Една од најздравите вештини кои можете да ги научите е медитацијата. Многубројни истражувања ги покажале придобивките од неа – од подобрување на имунитетот до намалувањето на стресот. И сега, науката покажува дека медитацијата може да направи промени дури и во физичката структура на мозокот!rnrnmeditacija-za-pochetnici-7-soveti-za-lugje-koi-mislat-deka-ne-mozhat-da-meditiraat-kafepauza.mkrnrnСепак многу луѓе велат дека им е тешко да медитираат, па доколку сте едни од нив, погледнете ги овие едноставни совети.rn

    1. Почнете со само 2 минути

    rnЕдноставно седнете и фокусирајте 2 минути на вашето дишење. Штом ќе ви стане удобно со 2 минути, зголемете го времето на 3, па на 4 и така натаму.rn

    2. Не грижете се за „чистење“ на умот

    rnВашиот ум ќе талка, тоа е неизбежно. Само насмевнете се и вратете го фокусот на дишењето.rn

    3. Медитирајте наутро

    rnМногу луѓе забораваат да медитираат бидејќи немаат рутина. Медитирањето наутро е одличен начин да создадете навика.rn

    4. Развијте став на прифаќање

    rnДодека седите сами со себе ќе почувствувате различни емоции како анксиозност и стрес. Ние се обидуваме да избегаме од овие чувства, но сега е време да ги прифатите. Едноставно насмевнете се, прифатете дека се чувствувате така и вратете го фокусот на дишењето.rn

    5. Не се грижете за тоа дали медитирате грешно

    rnЦелта на медитацијата не е да го исчистите вашиот ум. Всушност, не ни има цел која се противи на оваа техника. Едноставно бидете тука и сега.rn

    6. Фокусирајте се на некој предмет

    rnМногу почетници учат да се фокусираат на нивното дишење, но исто толку ефективно е и да се фокусирате на некој предмет. Потрудете се предметот да биде мал за да не мора да мрдате со очите.rn

    7. Очекувањата нека ви бидат реални

    rnДа, постојат истражувања за придобивките од медитацијата, но нема да ги решите сите ваши проблеми за една недела или еден месец. Потребно е време за сите добри работи.rnrnЗапомнете, медитацијата нема секогаш да биде мирна или забавна. Но, ако се држите до рутината по неколку недели или месеци ќе почнете да уживате во оваа техника и ќе почнете да ги чувствувате нејзините придобивки.rnrnАко навистина не можете да се сконцентрирате, погледнете ги и овие алтернативни форми на медитација.

  • Оваа едноставна навика ќе ви го зголеми коефициентот на интелигенција за 23%

    Оваа едноставна навика ќе ви го зголеми коефициентот на интелигенција за 23%

    За време пократко од она што ви е потребно за појадување, вие можете да ја зголемите вашата интелигенција. Ви звучи премногу добро за да биде вистинито? Тогаш сигурно ќе сакате да продолжите со читање…rnrnovaa-ednostavna-navika-kje-vi-go-zgolemi-koeficientot-na-inteligencija-za-23-procenti-kafepauza.mkrn

    Двата вида интелигенција

    rnПостојат два вида интелигенција: Кристализирана и течна. Кристализирана интелигенција е вашата способност да користите информации, способности и искуства. Таа се зголемува со текот на времето и најмногу се користи во западните култури (помислете на секој тест што сте го имале). Течната интелигенција е вашата способност да препознавате шеми, да користите логика и да решавате проблеми. Воглавно ги вклучува креативноста, свесноста и иновацијата.rnrnЛесно е да ја зголемите вашата кристализирана енергија со читање, учење нови факти… Но, течната интелигенција е различна. Порано се мислело дека е фиксирана, но сега нештата се сменија.rn

    Новите истражувања покажуваат нешто неверојатно

    rnИстражувањата покажуваат дека постои начин да ја подобрите вашата течна интелигенција: Со медитација. Точно така, медитацијата не само што е добра за вашето ментално здравје туку таа може да ве направи и попаметни. Се открило дека испитаници кои тренирале со мозочни бранови (посебен вид медитација), ја зголемиле својата интелигенција за 23 проценти. Овој резултат бил траен. Една година подоцна, испитаниците кои медитирале покажале зголемена креативност, концентрација и самосвесност. Едно истражување покажало дека после само 4 дена секојдневно медитирање, испитаниците покажале подобрување во меморијата, концентрацијата и нивото на стрес им било намалено.rn

    Зошто медитацијата го подобрува нашиот коефициент на интелигенција?

    rnСе верува дека причината за ова е тоа што медитацијата ја забавува активноста на мозочните бранови, што му овозможува на мозокот да се реорганизира. Секако, оваа информација води до прашањето:rn

    Како да медитирате?

    rnМедитирањето не е тешко, но можеби ќе ви биде потребно време да се навикнете. Ако се држите до неа ќе почнете да ги чувствувате придобивките кои многу истражувања ги покажуваат. Еве ви неколку совети за како да почнете со медитација со дишење. Потребни ви се само пет минути, или повеќе доколку сакате.rnrn1. Седнете во удобна позиција. Затворете ги очите или гледајте надоле. Можете да седите на подот или на кое било место што ви е удобно. Штом удобно ќе се сместите, свртете го вашето внимание кон дишењето. Најдобро е да се концентрирате на кревањето и спуштањето на градите или абдоменот. Концентрирајте се на чувството на секој здив.rnrn2. Избегнете ги работите што ви го одвлекуваат вниманието. Сосема е нормално многу мисли да ви поминуваат низ глава. Не блокирајте ги. Воочете кој елемент или настан го создал тоа одвлекување на вниманието и продолжете кон следното вдишување.rnrn3. Направете физички прилагодувања откако ќе престанете со медитирањето. Телесните движења предизвикуваат брза промена.rnrn4. Не борете се со вашиот ум. Набљудувајте и забележете го вашето внимание и фокусирајте се на следното вдишување.rnrn5. Не се вклучувајте во друга активност додека медитирате. Целта е да го задржите вашето внимание и да се концентрирате на вашето дишење.rnrn6. Вдишете и издишете секојпат кога вашите мисли ќе заталкаат. А кога ќе бидете подготвени да прекинете со медитирање, нежно отворете ги вашите очи и фокусирајте се на вашето опкружување. Забележете како се чувствува вашето тело.

  • 8 утрински навики за попродуктивен ден

    8 утрински навики за попродуктивен ден

    Голем број луѓе често забораваат дека клучот за вистински успешен ден се наоѓа токму во раните утра. Можеби ќе ви звучи како клише, но наутро треба да се подготвите за успехот што сакате да го постигнете во текот на денот. Подготовката почнува од моментот кога ги отворате очите. Можеби често сте си помислиле дека не успевате да завршите поголем дел од обврските кои си ги поставувате? Дали некогаш сте размислиле да ја поставите вашата продуктивност на едно повисоко ниво? Тоа значи дека треба да ја подобрите вашата утринска рутина и верувајте, не е толку тешко, колку што си мислите. Постојат 8 работи кои можете да ги правите секое утро за попродуктивен ден.rnrn(1) 8 утрински навики за попродуктивен денrn

    1. Легнувајте си секоја вечер во исто време

    rnОваа навика е многу корисна, но денес сè помалку луѓе ја практикуваат. Социјалните мрежи, телевизијата, сериите… Сето тоа ни го одвлекува вниманието, па многу често знаеме да „заглавиме“ до доцна во ноќта. Но, навиката да си легнуваме во исто време и да спиеме од 7 до 8 часа ни помага да ги одмориме нашето тело и мозок и да се подготвиме за утрешниот ден. Нашиот мозок се одмора кога е во длабок сон, па затоа легнувајте си во исто време и наутро ќе бидете свежи и подготвени за акција.rn

    2. Местете го креветот веднаш по станувањето

    rnИако наутро сè уште сте сонливи, потрудете се да ја проветрите собата и да си го наместите креветот. Местењето на креветот е првата продуктивна работа којашто сте ја направиле во новиот ден, а по неа го отворате патот и на другите работи. Тоа ќе ви даде одредено чувство на гордост дека сте направиле нешто позитивно и ќе ве охрабри да продолжите храбро кон другите обврски кои ве чекаат во текот на денот.rn

    3. Медитирајте неколку минути пред да почнете со активностите

    rnПонекогаш е добро да избегате од целата утринска рутина и да си дадете мала оддишка. Затоа, потрудете се секое утро, пред да започнете со брзиот ден, да издвоите по 3 минути за себе. Пуштете си ја омилената музика, сконцентрирајте се на дишењето и смирете го умот. Оваа навика ќе ви помогне да се наполните со позитивна енергија и да се свртите кон себе, што во текот на денот ќе ви даде една смиреност и способност да се справите со стресните моменти.rn

    4. Туширајте се наутро

    rnПостои долгогодишна дебата дали е подобро да се тушираме наутро или навечер. Секој ќе ви одговори различно, воден од личното искуство, но утринското туширање претставува посебен ритуал, сличен на медитацијата. Додека се туширате можете да размислувате за сите нешта кои ве чекаат во текот на денот, а многу често, свежината од водата, може да ви донесе нови идеи и да ви ја зголеми креативноста.rnrn(2) 8 утрински навики за попродуктивен денrn

    5. Развијте брзи и ефективни подготовки

    rnКога станува збор за самите подготовки, потрудете се тие да бидат едноставни, ефикасни и да следат некаков распоред. Особено внимавајте на хигиената на лицето и секако очилата или контактните леќи, доколку ги носите. Секој човек си има свои ритуали при одржувањето на хигиената, но потрудете се тие да не ви одземаат многу време, туку да ги правите брзо, за да имате време за останатите работи на кои треба да се сконцентрирате.rn

    6. Вежбајте барем 2 минути

    rnУтринските вежби се здрави за вашето тело, но добро ќе му дојдат и на вашиот ум. Тие ќе ве размрдаат и ќе ви го подобрат расположението. Вежбањето рано наутро не е едноставна задача, но можете да најдете неколку едноставни вежби кои ќе ги практикувате секој ден, а резултатите веднаш ќе ги забележите.rn

    7. Ставете кокосово масло во кафето

    rnКокосовото масло е многу здраво и вкусно, затоа доколку имате можност, потрудете се во вашето утринско кафе да ставите малку кокосово. Покрај тоа што има неверојатен мирис и вкус, маслото ќе ви помогне во намалувањето на апетитот до времето за ручек.rn

    8. Издвојте 5 минути за утринскиот дневник

    rnМожеби звучи здодевно, но сепак ова е едноставна пракса, која брзо може да ви прерасне во секојдневна навика. Додека го пиете кафето, отворете го вашиот тефтер и запишете неколку реченици, позитивни мисли, идеи, запишете на кои нешта сте благодарни, што сакате да ви се случи во денот кој следува. Преточувајќи ги вашите мисли на лист хартија, всушност им давате поголемо значење и некаков облик, а тоа ќе ви даде поголем поттик да ги постигнете.

  • Патека за бегство: Едноставна психолошка техника за ослободување од стресот

    Патека за бегство: Едноставна психолошка техника за ослободување од стресот

    Кога сме изложени на стресни ситуации ни опаѓа продуктивноста, нè мачат несоници, дишеме забрзано и плитко и се чувствуваме непријатно во сопствената кожа. Една техника којашто може да ви помогне успешно да се справите со секојдневните ситуации е наречена „Патека за бегство“. Овој метод на ослободување и релаксирање го препорачуваат и објаснуваат психологот Џесами Хиберд и новинарката Џо Асмар во книгата „Смиреност – како да ја постигнете“. Станува збор за техника која всушност е одличен начин да создадете свое место во кое што ќе се заштитите од стресот.rnrn(1) Техника „патека за бегство“: Едноставен рецепт за смиреност позитивно расположениеrn

    Бори се или бегај е автоматска примитивна реакција на стресот. Кога ќе научите да го сведете нејзиното дејство на минимум, ќе бидете посмирени“, велат д-р Биберд и Асмар.

    rnОсновната замисла на оваа техника е во мислите да си создадете место кое ве релаксира. Како да го сторите тоа? Опуштете се и обидете се да го визуализирате секој предмет и објект. Почувствувајте ги мирисите, уживајте во боите коишто ве опкружуваат, допирајте, слушајте. Можеби на почетокот нема да ви биде едноставно, но со малку труд, повторувања и повикување на сеќавањата, ќе можете со леснотија да се пренесете во својата оаза на позитивно расположение и смиреност.rnrnЗа да дојдете полесно до спокојното место преку вашата патека за бегство, обидете се да ги опуштите мускулите во оној дел од телото каде што чувствувате напнатост. Секогаш со вас носете некој мирис којшто ве потсетува на убави моменти од минатото и којшто ќе ви разбуди прекрасни сеќавања. Но тоа не мора да биде мирис, може да најдете одреден мал предмет, музика или вкус, што во вас ќе буди сигурност и ќе ве упатува на патеката за бегство до вашата оаза на мирот.rnrn(2) Техника „патека за бегство“: Едноставен рецепт за смиреност позитивно расположениеrnrnШтом почувствувате непријатност, згрченост и вознемиреност, најдете мирно и тивко место, каде што ќе можете удобно да се сместите. Дишете длабоко, во подолги интервали, а со секое издишување замислете си дека ги исфрлате лошите мисли коишто го заземале вашиот ум и тело.rn

    Замислете си дека одите по широка ливада или низ шума. Топло е, сонцето силно свети, а небото има совршено сина боја. Шетајќи наидувате на река, се доближувате до неа, а на нејзините брегови има високи дрвја чиишто сенки ја прошаруваат земјата. Седнувате на брегот и ги ставате нозете во ладната вода која мирно тече. Потоа легнувате на тревата и длабоко го вдишувате чистиот воздух. Го слушате жуборкањето на реката и ја чувствувате свежината којашто извира од нејзината вода. Меките и бели облаци, кои наликуваат на перничиња, го прошаруваат синилото на небото над вашата глава. Го чувствувате измешаниот мирис на земјата и на тревата врз коишто лежите. Никогаш не сте биле толку релаксирани и смирени. Длабоко дишете и издишете. Одмарајте колку што сакате, сето време е ваше. Кога ќе се почувствувате подготвени, полека свртете го вниманието кон собата или кон отвореното место каде што медитиравте“ – извадок од книгата „Смиреност – како да ja постигне“.

    rnПронајдете го својот начин на опуштање, исфрлете ги рамената со цел да го почувствувате автоматското намалување на телото и тргнете во вашата сопствена патека за бегство…rnrn(3) Техника „патека за бегство“: Едноставен рецепт за смиреност позитивно расположение

  • 3 мрзливи начини на „вежбање“ кои можат да ви ја подобрат фигурата

    3 мрзливи начини на „вежбање“ кои можат да ви ја подобрат фигурата

    Избегнувањето на физичките активности или нивното нередовно практикување може да предизвика чувство на вина. Но, за среќа на сите кои се малку помрзеливи, науката вели дека има неколку начини со кои може да се подобри физичката форма и здравјето. Според три одделни студии, можете да се збогувате со вината што ја чувствувате кога не вежбате и да се препуштите на овие три начини на подобрување на вашата форма и здравје.rn

    1. Када со топла вода

    rn(3) 3 мрзливи начини на „вежбање“ кои можат да ви го подобрат изгледотrnrnДоколку може да изберете меѓу топла бања и потење во сала за вежбање, што би избрале вие во „мрзеливата“ недела? Доколку тоа е првата опција, тогаш избравте вистинско уживање за вашето тело. Резултатите од едно истражување спроведено минатата година во Финска, покажуваат дека мажите кои одат два до три пати неделно во сауна, имаат за три пати помал ризик од срцев или мозочен удар, во споредба со оние кои одат само еднаш седмично.rnrnВо студијата, 10 учесници имале еден ден да поминат еден час во сауна на температура од 40 Целзиусови степени. Следниот ден, возеле велосипед за да ја постигнат температурата од сауната. Научниците им го мереле шеќерот во крвта по јадењето и согорувањето на калориите и по минатиот час во сауна и по возењето велосипед. Вежбите ја намалиле висината на шеќерот во крвта, но истражувањето докажало дека и топлите бањи се добри за одржување на неговото пониско ниво. Всушност, нивото на шеќер кај учесниците во истражувањето било за 10% пониско по топлата бања, во споредба со нивото кое тие го имале по вежбањето. Исто така, може да согорите 125 калории за време на топлата бања, што е еднакво на отприлика потрошени калории за време на 30-минутно пешачење.rn

    2. Добро е некој да ви ги истегне и масира екстремитетите

    rn(2) 3 мрзливи начини на „вежбање“ кои можат да ви го подобрат изгледотrnrnКога се враќате изморени по напорниот работен ден, единствено на што помислувате е да се истуширате и да се истегнете на каучот. Но, истражувањата покажуваат дека доколку по напорниот ден имате некој до вас кој може да ви ги истегне и измасира екстремитетите, тоа може да помогне во намалувањето на нивото на шеќер во крвта.rnrnВо студија посветена на дијабетесот, 10 волонтери, првото утро требале да испијат пијалак полн со шеќери и им било кажано да седат мирни 20 минути. Следното утро го направиле истото, но мускулите во горниот и долниот дел од телото им ги истегнал физиотерапевт. Тие масажи траеле околу 30 секунди, по што била направена пауза, па биле повторени. Потоа научниците го измериле нивото на шеќер во крвта на учесниците во истражувањето. Резултатите покажале дека тој бил за 23% понизок во споредба со претходниот ден, кога учесниците само одморале по слаткиот пијалак. Затоа, кога некогаш не можете да вежбате, само најдете некој добро да ги истегне вашите екстремитети и да ви направи добра масажа на целото тело.rn

    3. Само мислете на вежбање – буквално!

    rn(4) 3 мрзливи начини на „вежбање“ кои можат да ви го подобрат изгледотrnrnДали сте знаеле дека за да го затегнете телото некогаш сè што треба да направите е само да мислите на вежбање? Една неодамнешна студија вели дека само ако медитирате и мислите на вашите мускули ќе искористите дел од нивната сила. Немојте да си помислите дека вашето тело ќе изгледа како три години да не излегувате од сала за вежбање, но ќе им даде одредена цврстина на вашите мускули. Оваа техника е позната како ментална или моторна слика. Во истражувањето, седум од учесниците биле замолени да ги постават нозете на машина која требало да ја измери силата во нивните мускули. Потоа, еден месец требало да замислуваат како ги затегаат мускулите по 15 минути, пет пати во неделата, но притоа воопшто да не се движат.rnrnПогледнете го и следново видео за дополнителни идеи за „мрзливо“ вежбање…rnrn

  • Се соочувате со анксиозност? Овие едноставни трикови можат да ви помогнат

    Се соочувате со анксиозност? Овие едноставни трикови можат да ви помогнат

    Луѓето, особено во денешно време, се склони кон анксиозност, која најчесто се појавува во стресни ситуации. Секој човек е различен, поради што нападите на анксиозност можат да се предизвикаат од најразлични нешта, како на пример, ако се најдете во голема толпа, гласни и бучни места, преоптовареност од работа… Некои луѓе реагираат на летање со авион, страв од кучиња или кога треба да одржат јавен говор, проблеми во љубовната врска, недостаток на контрола врз работите или дури и при пливање. Но, без оглед што ја поттикнува анксиозноста во нас, еве неколку трикови со чијашто помош ќе го надминете или ќе се справите со тоа непријатно чувство.rn

    1. Дишете длабоко

    rn(2) Се соочувате со анксиозност? Овие едноставни трикови можат да ви помогнатrnrnЛуѓето кои патат од анксиозност всушност забораваат да издишуваат, па поради тоа и се создава прекин во дишењето. Тоа е рефлекс на телото, којшто може да се надмине со тоа што во стресните моменти целосно ќе се сконцентрирате на дишењето и ќе му дозволите на вдишувањето и издишувањето да си го сторат своето.rn

    2. Седнете и направете 10-минутна медитација

    rn(3) Се соочувате со анксиозност? Овие едноставни трикови можат да ви помогнатrnrnКога ќе почувствувате дека анксиозноста „тропа на вашата врата“ веднаш седнете на некое удобно место и затворете ги очите. Потрудете се да се „исклучите“ од околната бука и лошите мисли кои го заробуваат вашиот ум, и секако не очекувајте во истиот миг тие да ве напуштат. Потоа, дозволете му на дишењето да стане центар на вашето внимание, а не вашите мисли. Полека почнете со регулација на вдишувањето и издишувањето. Вдишувајте подлабоко и издишувајте го целосно воздухот од вашите гради. Доколку можете, направете и мала пауза меѓу земањето и испуштањето воздух. Овој процес нека трае околу 10 минути. Ќе забележите дека биењето на срцето ќе ви се смири и ќе се почувствувате порелаксирано.rn

    3. Останете присебни во моментот

    rn(4) Се соочувате со анксиозност? Овие едноставни трикови можат да ви помогнатrnrnДодека седите удобно и сте дишеле длабоко неколку минути, почнете да ја разгледувате околината и да забележувате колку што е можно повеќе работи. Погледнете кон небото или надолу во земјата. Обидете се да ја забележите светлината. Анксиозноста е главно сконцентрирана на иднината и на минатото, и оваа вежба ќе ви помогне да се посветите на моментот во кој се наоѓате, а станувајќи свесни за сегашноста, ќе се ослободите од грижите и ќе се релаксирате.rn

    4. Креирајте си во главата моменти на доверба

    rn(5) Се соочувате со анксиозност? Овие едноставни трикови можат да ви помогнатrnrnОбидете се да се сетите на два или три моменти од минатото, кои изгледале лошо или во кои сте се чувствувале така, а на крајот испаднале најубавите нешта коишто можеле да ви се случат вам. Означете ги овие како „моменти за доверба“, па така, доколку повторно почувствувате напад на анксиозност, ќе имате нешто на што ќе можете да се потсетите и да си дадете волја дека и тој лош момент ќе заврши и сè ќе биде добро на крајот.rn

    5. Смејте се колку што можете повеќе

    rn(6) Се соочувате со анксиозност? Овие едноставни трикови можат да ви помогнатrnrnНема да верувате, но еден добар стенд-ап настап на вашиот омилен телевизиски лик или добра комедија, можат лошиот ден да го претворат во нешто најубаво. Затоа, доколку веќе немате омилен комичар, пронајдете си еден таков и искористете го неговиот хумор следниот пат кога ќе ја почувствувате анксиозноста. Убаво е да имате еден таков избор во вашиот компјутер или во телефонот. Кога се случуваат нападите, вообичаено имате потреба да разговарате со некој забавен пријател или член од семејството, за да ви ги одвлечка мислите, но многу често се случува тие во тој момент да се зафатени.

  • 6-чекорна вежба за мозокот создадена од генијалниот Стив Џобс

    6-чекорна вежба за мозокот создадена од генијалниот Стив Џобс

    Секој човек чија работа бара интелигенција и креативност знае дека брзото и неконвенционално размислување е клучот на успехот. Но, тешко е секогаш да се биде чекор понапред од другите без разлика колку сте талентирани. Дури и да сте паметни колку Ајнштајн, сигурно е дека ќе се почувствувате неспособни одвреме-навреме. Дури и на кралот на креативното размислување, Стив Џобс, понекогаш му бил потребен поттик кој ќе го разработи неговиот мозок.rnrn6 ефикасни вежби за мозокот создадени од Стив ЏобсrnrnЕве како Стив Џобс ги опишал ефектите од неговата медитација:rn

    „Ако само седите и набљудувате, ќе видите колку е неуморен вашиот мозок. Ако се обидете да го смирите, тоа само ќе ги влоши работите, но со текот на времето тој навистина се смирува, а кога ќе се смири, ќе имате можност да ги чуете посуптилните нешта. Во тој момент вашата интуиција цвета и почнувате да ги гледате нештата појасно и да бидете поприсутни во моментот. Вашиот ум станува побавен и гледате многу повеќе отколку што сте можеле да видите порано.“

    rnОваа посебна техника која се нарекува медитација за свесноста потекнува од Зен Будизмот и Даоизмот. Стив Џобс ја практикувал оваа техника на ментална гимнастика уште во 1990 година, кога таа сè уште претставувала нешто непознато и егзотично. Но, работите се имаат значително сменето оттогаш. Денес, придобивките од медитацијата им се многу добро познати на голем број врвни невролози. Корпоративни џинови како Гугл, Џенерал Милс, Таргет и Форд ги тренираат нивните вработени да ги практикуваат истите медитации кои самиот Стив Џобс ги открил децении претходно.rnrnВо продолжение прочитајте од што се состојат техниките за медитација на Стив Џобс и почнете да ги практикувате и вие самите…rn

    Прв чекор

    rnСеднете со прекрстени нозе во тивок, затворен простор. Користете рамна перница за да ја намалите тензијата во вашиот ’рбет. Почнете да дишете длабоко.rn

    Втор чекор

    rnЗатворете ги очите и пробајте да се сконцентрирате на вашиот внатрешен монолог, на мислите кои се мотаат во вашата глава. Мислите поврзани со работата, семејството, работите што сте ги виделе на ТВ и сите секојдневни нешта кои ви поминуваат низ глава. Не се обидувајте да ги запрете, барем не сè уште. Едноставно набљудувајте како вашиот мозок скока од една тема на друга. Повторувајте ја оваа вежба една недела, 5 минути на ден.rnrn6 ефикасни вежби за мозокот создадени од Стив Џобсrn

    Трет чекор

    rnСè уште немојте да се обидувате да го смирите вртлогот од вашите мисли, но пробајте да го фокусирате вашето внимание на делот од вашата свест одговорна за смиреното и неизбрзаното размислување. Овој дел од мозокот размислува за светот околу него. Не донесува заклучоци, не бара значење, само гледа, слуша и чувствува. Многумина не се свесни за неговото постоење, иако тој се открива во ретки моменти на голем шок, кога другиот дел од мозокот, одговорен за резонирање на работите, замолкнува.rn

    Четврти чекор

    rnКога ќе дојдете во допир со вашиот ум одговорен за сетилата, побарајте од него да ја забави активноста на умот одговорен за резонирање. Замислете си ги овие два дела од свеста како вол и мајмун. Пробајте да го замислите вашиот внатрешен вол како полека трча по патот. Оваа ментална слика би требало да ви помогне да го смирите вашиот внатрешен мајмун. Не очекувајте мајмунот веднаш да заспие! Мајмуните по природа се неуморни! Како и да е, наскоро ќе забележите како вашиот внатрешен мајмун станува помирен и поспокоен.rn

    Петти чекор

    rnОткако сте го смириле вашиот внатрешен мајмун, продолжете да го насочувате вниманието кон вашиот внатрешен вол. Ако сè сте направиле како што треба, ќе почувствувате како вашето дишење се забавува. Одеднаш ќе станете свесни за воздухот што ве опкружува и струи низ вашата кожа. Можно е дури и да ја почувствувате крвта како тече низ вашите вени. И кога ќе ги отворите очите, светот ќе ви изгледа променет, обновен и чуден на некој начин. На пример, прозорецот ќе го гледате како обичен правоаголник исполнет со светлина. Нешто што не треба да се отвора, затвора, чисти или поправа. Нешто што едноставно постои сега и тука. И себеси ќе се гледате како некој кој постои сега и тука.rn

    Шести чекор

    rnЌе ви биде потребно време за да стигнете до овој степен. Но, кога конечно ќе направите сè како што треба, ќе видите дека нема повеќе да ги забележувате минутите кои поминуваат од моментот кога ќе го вклучите тајмерот до моментот кога ќе го притиснете копчето за да го исклучите. Ден по ден, постепено, зголемувајте го траењето на вашата медитација. Неверојатно, но колку долго и да траат тие медитации на крајот, откако ќе постигнете повисоко ниво на вашата свест, нема да чувствувате дека воопшто ви поминува времето.rnrn6 ефикасни вежби за мозокот создадени од Стив ЏобсrnrnАко редовно ја практикувате оваа медитација за проширување на свесноста, ќе ги добиете следниве три важни придобивки:rnrn1. Ќе се ослободите од стресот. Животните проблеми повеќе нема да имаат моќ да ве извадат од колосек.rnrn2. Несоницата ќе стане дел од минатото. Благодарение на редовното практикување на оваа медитација, ќе ви бидат потребни само две до три секунди за да заспиете.rnrn3. Ќе станете способни да размислувате појасно и ќе ја согледате вистинската вредност на вашиот животен развој.

  • 7 нешта кои треба да ги прават сите типови луѓе, секој ден

    7 нешта кои треба да ги прават сите типови луѓе, секој ден

    Денешното модерно секојдневие е нешто што може да се живее само со брзо темпо и навидум изгледа како да не можеме да направиме мала пауза и да одвоиме малку време за себе. Затоа, клучно е да пронајдеме рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот. Во тој контекст, прочитајте ги 7-те нешта кои би требало да ги прават сите типови луѓе за да останат свесни и ментално подготвени да се соочат со секоја ситуација, дури и во најзафатените денови.rnrn7 нешта кои треба да ги прават сите типови луѓе, секој денrnrn1. Започнете го утрото со медитација. Вашата листа со обврски кои треба да ги завршите тој ден е веројатно доста долга, но доколку наутро се обидете да одвоите 15 минути за лесни вежби или медитација ќе добиете ефективен начин за момент да го блокирате остатокот од светот.rnrn2. Вербализирајте ги вашите цели, не само вашите дневни задачи. Го трошите вашето драгоцено време, но и енергија, ако секојдневно ја микроменаџирате секоја одделна задача која треба да се заврши за вас и вашите најблиски. Наместо тоа, обидете се да се фокусирате на крајната цел наместо на индивидуалните ситни задачи и обврски.rnrn3. Кажете дека имате некоја важна средба. Во вашиот календар забележете 1-2 часа кои ќе ги одвоите за себе, а другите ќе мислат дека сте на некоја важна средба. Искористете ги часовите да ги проверите социјалните мрежи, да ги прегледате веб-сајтовите кои ги следите или што било друго што ве прави да се чувствувате исполнето. Никој не мора да знае.rnrn4. Направете маникир или одете на масажа. Знаеме дека никој не прави маникир секој ден, освен ако не е некоја личност која може да си го дозволи тоа и временски и финансиски, но маникирот или 10-минутната масажа можат да направат чуда за вашето расположение и енергија.rnrn5. Помирисајте лимон или портокал. Според научните истражувања, мирисањето на цитрусите може да ја намали напнатоста, стресот, анксиозноста и да ги смири нервите.rnrn6. Направете нешто спонтано. Правењето нешто непланирано и неочекувано ќе ви помогне да се опуштите и да научите како полесно да ги заборавите и да се ослободите од нештата во иднина.rnrn7. Спијте со пенкало и хартија покрај вашиот кревет. Според психолошките студии, издвојувањето на 2-3 минути за да ги запишете своите мисли пред спиење е еден од начините подобро да заспиете и да не се чувствувате како зависник од контрола следното утро.

  • Како да ги пребродите животните предизвици? 5 ситуации кои нѐ спречуваат да бидеме среќни

    Како да ги пребродите животните предизвици? 5 ситуации кои нѐ спречуваат да бидеме среќни

    Понекогаш ние самите, преку нашите лоши избори и навики, сме виновни за фактот што среќата сѐ уште не затропала на нашата врата. Неретко се соочуваме со ситуации кои се наоѓаат помеѓу нас и успехот и претставуваат пречка на патот кон нашиот личен напредок. Во продолжение прочитајте како да ги препознаете ваквите ситуации и да поработите на нивното решавање.rnrnКако да ги пребродите животните предизвици: 5 ситуации кои нѐ спречуваат да бидеме среќниrn

    1. Никогаш не застанувате да одморите

    rnДали во текот на денот практикувате да седнете во тишина, фокусирајќи се само на дишењето, барем 15-тина минути? Веројатно не. Малку мир и спокојство можат значително да ги намалат анксиозноста и нервозата и да го подобрат вашиот имунитет, сонот, како и да ги намалат сите негативни емоции и мисли кои ги предизвикува стресот. Побарајте некои лесни техники за медитација и вежби за дишење и направете му услуга на организмот.rn

    2. Го правите тоа што не го сакате

    rnКога го правите тоа што не ви се допаѓа, секој ден е исполнет со чувства на апатија, мрзливост, недоволно вреднување на вашите способности и лоша инспирација. Ако на сето тоа ги додадете и обврските и задачите, тогаш настапува стресот и тоа во големи количини. Зошто ви е на крајот платата, ако се разболите? Доколку не можете во целост да се занимавате со она што го сакате, тогаш правете ги само оние работи кои ви одговараат и кои можете добро да ги поднесете.rn

    3. Вие сте преголем перфекционист

    rnДа се стремите кон совршенството и не е толку лошо, но ако не го користите својот перфекционизам на правилниот начин, тогаш можете да се најдете во безброј дилеми и ноќи без спиење. Сигурно веќе знаете како е да не ви се исполнат плановите, иако вредно сте работеле и сте се труделе сѐ да биде во најдобар ред. Престанете да се грижите. Не е важно како сѐ изгледа на крајот, важно е како сте се снашле во ситуацијата. Ќе бидете многу посреќни ако почнете поопуштено да гледате на таквите моменти.rn

    4. Не создавате, туку само консумирате

    rnАко се чувствувате неисполнето, тогаш причината за тоа е веројатно вашето мало ангажирање да створите нешто. Креацијата и создавањето се суштински компоненти на еден среќен, исполнет и смислен живот. Стилот кој денес се наметнува не остава многу енергија и време за активен живот, меѓутоа ваша е одлуката како ќе ви изгледа животот. Креацијата не мора да биде спектакуларна, но важно е секојдневно да ја создавате.rn

    5. Го поминувате целиот ден во затворени простории

    rnПостојат многу позитивни страни во престојувањето на отворено, како физички, така и психички. Испланирајте барем еден ден во неделата кој ќе го поминете во прошетка во паркот или подолго пешачење. Истражувањата покажуваат дека со поминувањето време на отворено, вашата самодоверба и способноста за комуникација со другите значително растат.