Пред 20 години било навистина тешко да најдете какви било извори за медитацијата. Но, денес можете да се вклучите на Интернет и да најдете информации за медитацијата за неколку секунди.rnrn
rnrnИ покрај ова, книгите остануваат најдобрите извори за медитација, од кои повеќето биле напишани долго пред појавата на Интернетот. Постојат навистина многу дела за медитација и понекогаш изборот може да биде тежок. Некои книги се за формалната, седечка медитација, додека други ве учат како да медитирате целиот живот. Па, за да ви го олесниме барањето, погледнете кои се најдобрите книги за медитација за почетници и искусни.rn
1. „Правење простор“ – Тич Нат Хан (Making Space – Thich Nhat Hanh)
rn
rnrnВо ова кратко дело, зен мастерот Тич Нат Хан на многу едноставен начин објаснува како да почнете со медитација дома. Овде ќе најдете многу креативни техники и предлози кои се многу повеќе од само седење и медитирање. Оваа книга е одлична за почетниците кои бараат нешто едноставно.rn
2. „10% посреќни“ – Ден Харис (10% Happier – Dan Harris)
rn
rnrnЗа разлика од повеќето книги, ова дело е напишано за скептици од скептик – спикерот за „ABC News“, Ден Харис. Ако сметате дека и кај вас постои сомнеж или некогаш постоел, па сакате да слушнете слично мислење, оваа книга е совршена за вас.rn
3. „Надвор од вашиот ум“ – Алан Вотс (Out of Your Mind – Alan Watts)
rn
rnrnОва е навистина уникатно дело. Пред сè, бидејќи на некој начин е аудио книга, а второ, бидејќи не обрнува многу внимание на самата техника, туку на справувањето со нештата што ќе се случат за време на и како резултат од длабокото медитирање. Алан Вотс е совршената личност за споделување на овие информации бидејќи знае да го направи тоа на навистина едноставен начин. Ако сакате да почнете со подлабока медитација и да научите нешто повеќе за оваа техника, не смеете да ја игнорирате оваа класична аудио колекција.rn
4. „Каде одите, таму сте“ – Џон Кабат Зин (Wherever You Go, There You Are – Jon Kabat-Zinn)
rn
rnrnОва е совршениот модерен водич за медитација од таткото на „модерната свесност“. Како и „10% посреќни“, и оваа книга е за секој што не го сака будистичкото објаснување или поврзувањето со што било друго што има „духовна“ перспектива. Сепак, ова не значи дека книгата е плитка бидејќи и самиот Џон медитира. Делото е одлично за почетници кои не сакаат да мешаат и религија. Ако сакате директен водич што не само што ве учи да медитирате, туку и ви кажува што е важно, тогаш ова е книгата за вас.rn
5. „Медитација во акција“ – Чогјам Трунгпа (Meditation in Action – Chogyam Trungpa)
rn
rnrnНапишана од тибетски будистички учител, оваа книга влегува подлабоко во медитацијата на интересен начин со кој се истакнува од другите дела. Чогјам бил интересна и на некој начин контроверзна личност додека бил жив. Нос неговата мудрост и знаење за медитацијата се без сомнение уникатни и додаваат нова димензија на останатите книги.rnrnПогледнете и некои од најдобрите апликации за медитирање.


rn
rn
rnrnСè започнало со антички Хиндуисти, но употребата на мантрите во медитација оттогаш се распространила, во најголем дел преку далечниот Исток, помеѓу Будистите, Таоистите, Сиките и други. Во денешно време, луѓето од Западот коишто сакаат да се движат по спиритуалниот пат во животот, исто така користат и создаваат мантри. Поголем дел од нив звучат како афирмации, но оние коишто се кратки и слатки, исто така имаат добар ефект во важниот трансформативен процес.rnrnПробајте ги и овие 


rnrnДишењето продолжува врамнотежено, а рацете ги насочуваме кон следната чакра. Ќе забележите дека ритамот на дишењето природно се забрзал. Продолжувате да ја насочувате енергијата кон седмата чакра, а кога во музиката ќе ги чуете звуците на ѕвоното, се враќате на првата чакра. Потоа следи кратка пауза, а кога музиката ќе продолжи, продолжуваме и ние со дишењето и насочувањето на енергијата кон чакрите.rnrnВо втората фаза, седиме или лежиме во потполна тишина и размислуваме за она што ни се случува, без да се обидуваме да смениме ништо. На тој начин стануваме неутрален сведок на својата судбина. Ова се моменти од медитацијата во кои може да се случи да бидеме сведоци без судење и лесно да дојдеме до решение на проблемите кои ни било цело време пред очи, но нашата енергија не била насочена кон негово решавање.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=ZMcumWBb1j8rnrnПрочитајте и 

rnrnНа почетокот правете го токму спротивното. Дозволете им на мислите да полудат и набљудувајте ги овие моменти за време на медитацијата.rn
rnrnМедитацијата е нешто што секој може да го практикува, без разлика на личните убедувања или религија. Сè што ви е потребно е тивко место и 10-тина минути посветеност на дневно ниво.rnrnВо продолжение прочитајте ги трите начини, како медитацијата може да ви помогне во борбата против откажување од оваа лоша зависност:rn
rnrnСо одлуката, свесно да ги набљудувате позитивните и негативните промени во вашата физичка и ментална состојба, ќе започнете да ги прифаќате сите ваши емоции и ќе стартувате со позитивни промени во вашето однесување. Со помош на медитацијата, вашиот свесен и прочистен ум ќе ви овозможи да ѝ се спротивставите на потребата од палење нова цигара и да ја промените вашата реакција во стресните моменти, преку учење и прифаќање дека тоа е само лоша зависност, којашто се победува.rn
rnrnАко ова ви звучи како рај и пекол истовремено, во право сте. Випасана е вистински шок за вашиот систем. Ќе ве натера да се запрашате за сопствениот разум уште во првите неколку часа. Но, ако успеете да издржите ќе откриете многу за вас.rnrnВипасана е древна форма на медитација која потекнува од будизмот теравада и има големо влијание од ведските традиции во Индија. Модерните учители за оваа техника тврдат дека секој ќе има придобивки од неа без разлика на нивната верба или религија.rnrnЗборот випасана од јазикот пали значи „јасен увид“. Овој вид се разликува од другите медитации поради тоа што развивате способност да ги гледате нештата што се случуваат онака како што се случуваат, без его или превези.rnrnГлавната алатка на випасана е концентрацијата која се користи да се согледаат нештата онакви какви што се. Во многуте форми на медитација, целта е концентрација. Во випасана концентрацијата се користи за да се отстранат сите нешта што го одвлекуваат вниманието.rnrnОва се постигнува најдобро со набљудување на сите чувства на телото, без разлика дали се пријатни или непријатни. Се набљудува секое чувство без да се реагира, а со ова ќе научите да го правите истото и во секојдневниот живот, притоа гледајќи ги работите појасно. Она што го искусувате сега ретко е вистинска слика за реалноста.rnrnЕгото се идентификува со телото и неговите сензации, но создава и аверзија и желба. Целта на випасана не е да се игнорираат емоциите, туку да се прифатат со „јасен увид“ за да можете да одберете како ќе делувате, а не како ќе реагирате. Бидејќи сите емоции се поврзани со физички чувства, можете да научите како да се ослободите од егото со тоа што ќе ги набљудувате пораките што ви ги испраќа телото без да реагирате на нив.rnrnАко обрнете и најмало внимание, ќе забележите дека се појавуваат чувства на гнев, љубомора, страв и несигурност кога ништо од надворешниот свет не ги предизвикало. Егото станува „битие“ во нас со негов глас (најчесто негативен) и ја поматува вашата слика за реалноста.rnrnОбично, егото предизвикува вакви мисли:rn
rnrnОваа апликација е совршена за луѓето кои допрва почнуваат да учат за медитацијата. Таа содржи едноставни објаснувања за разните аспекти на медитацијата, како и видеа и интервјуа. На апликацијата ќе најдете и информации од значајни учители и практиканти на медитацијата. 10% Happier е достапна на iTunes и можете да ја симнете
rnrnОваа апликација ќе ви каже кои се најосновните работи за да имате среќен живот. Нејзината цел е да ви помогне да останете фокусирани. Апликацијата ќе ви помогне да имате посреќен живот, како и поздрава врска со другите луѓе. Headspace е достапна за корисниците на
rnrnНа оваа апликација многу лесно ќе ја пронајдете сесијата која сметате дека ви е потребна во тој момент. Можете да одбирате според вашата локација, или пак според вашето расположение. Главната цел на апликацијата е да ги поврзе корисниците со нивното опкружување. Таа е достапна за корисниците на
rnrnRoom to Breathe ќе ви помогне да ги регулирате вашите мисли и да останете фокусирани. Исто така, на апликацијата има неколку вежби кои ќе ви помогнат да ги намалите стресот и напнатоста. Таа е одлична за почетници кои сакаат да почнат со медитирање. Цената на апликацијата е 0.99 долари и е достапна за корисниците на