КАФЕ ПАУЗА

Tag: мед

  • Разубавете се со помош на лимонот

    Разубавете се со помош на лимонот

    Позитивната улога што ја има лимонот врз нашето здравје е позната уште многу одамна. Лимоновиот сок освен како лековит пијалак, може да се употреби во безброј различни ситуации кои ќе ни го подобрат секојдневниот живот.rnrnРазубавете се со помош на лимонотrnrnБогат со овошни киселини и природни шеќери, лимонот е антиоксиданс кој се користи во различни козметички препарати кои помагаат за отстранување на мртвите клетки на кожата и за нејзино повторно регенерирање. Но, не мора да трошите огромно богатство за да изгледате убаво. Со наша помош можете да направите домашни маски од кои ќе бидете вистински изненадени.rn

    Маска за суви и оштетени усни

    rnНаправете смеса од по една лажичка павлака, сок од лимон и мед. Мешајте додека сите состојки добро не се изедначат. Потоа маската нанесете ја на усните. За подобри резултати, најдобро е да ги третирате усните една недела.rnrnРазубавете се со помош на лимонотrn

    Маска за отстранување брчки

    rnИзмешајте во еден сад една лажичка мед, неколку капки свежо исцеден сок од лимон и слатко бадемово масло. Нанесете ја маската да стои на лицето околу 20 минути. За крај, нежно измијте го лицето. Доколку немате бадемово масло, бананите можат да бидат одлична замена.rnrnРазубавете се со помош на лимонотrn

    Маска за освежување на лицето

    rn1 лажичка мед, 1 лажица сок од лимон и пола блендирана краставица ставете во еден сад и добро измешајте. Подготвената смеса нанесете ја на лицето и оставете да делува околу 10 минути. Свежината на вашето лице повторно ќе се врати, а со тоа и вашето расположение.rn

    Лосион за убави раце

    rnЗа да имате убави раце доволно е да измешате 3 лажички сок од лимон, 6 лажички мед и 8 лажички бадемово масло. Кога смесата ќе се изедначи, убаво втријте ја на рацете. Оставете да делува околу 10 до 12 минути. Потоа измијте ги рацете со еднаква количина на оцет и вода. Вака направениот лосион може да стои околу 2 недели.rnrnРазубавете се со помош на лимонотrn

    Маска за побелување на кожата

    rnИзмешајте доматен џус и сок од лимон во еднакви количини. Потоа, употребете меки пешкири кои апсорбираат. После кратко време, ќе ја забележите магичната промена на вашата кожа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вкусно смуди од шумски плодови

    Вкусно смуди од шумски плодови

    Брзо, едноставно и диетално смуди од шумски плодови. Се приготвува за неколку минути и има одличен вкус.Вкусно смуди од шумски плодовиПотребни состојки за две чаши смуди:

    rnrn

      rn011

    • 3 полни раце боровинки или црни рибизли
    • rn011

    • 1 чаша сок од портокал или ананас
    • rn011

    • 250 грама обезмастено кисело млеко
    • rn011

    • 1 кафена лажица мед
    • rn

    rnНачин на подготовка: Ставете ги состојките во блендер и блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Сервирајте во чаша. За диеталниот ефект да биде поголем, јадете го смудито со кафена лажица. На тој начин, свежиот и вкусен енергетски оброк брзо ќе ве засити.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“

    Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“

    „Ван Гог е биполарен“ е ресторан инспириран од животот на легендарниот холандски пост-импресионист, Винсент ван Гог. Тој е лоциран во главниот град на Филипините, Манила, и е во сопственост на фотографот Џетро Рафаел, кој тврди дека страда од истото психичко нарушување, со кое долги години војувал познатиот гениј. Дијагнозата дека е биполарен (често менување на расположението), Рафаел ја добил пред околу 4 години.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Куќата на Рафаел дење е негов скромен дом, а ноќе се претвора во „ресторан на среќата“. Така го нарекуваат, бидејќи во него се служи здрава, природна и органска храна, која го стимулира лачењето на серотонинот (хормон на среќата), допаминот и на адреналинот.rnrnТој открил дека ваквата исхрана му ја подобрува здравствената состојба, односно му ги намалува депресијата и лошото расположение. Токму затоа, своето откритие одлучил да го сподели со останатите, преку отворање на овој необичен ресторан. На менито се наоѓаат лични рецепти на Рафаел, кои најчесто содржат лосос, мед, зелка, мисирка…Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“
    rn

    „Дознав дека кога сте анксиозни, депресивни, вознемирени, постојат состојки кои можат да ве смират и да ви го подобрат расположението. Мисирката е богата со триптофан, кој го инхибира гневот и компулсивното однесување. Зелката го активира серотонинот во мозокот и може да ја победи депресијата, мангото го намалува кортизолот, а дивиот мед ја елиминира вознемиреноста. Лососот пак, е богат со омега-3 масни киселини, кои исто така, можат да нè направат среќни. Јас готвам, тоа е дел од мојата терапија“, вели сопственикот на ресторанот.

    rnПорција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Јадењата во ресторанот на Рафаел се именувани по познати личности, кои страдаат или страдале од биполарно однесување. Такви се писателката Вирџинија Вулф, актерите Кортни Лав и Мел Гибсон, американските претседатели Рузвелт, Клинтон и Линколн… Еве дел од специјалитетите:rnrn1. Најбарана е „Салатата Лари Флинт“, која се служи во чест на истоимениот американскиот издавач. Таа се состои од зелка, солени јајца, парчиња зрело манго, чипс од банана, свеж босилек, индиски ореви, каперси… Сето тоа е прелиено со тајниот црн зеленчуков сос на Рафаел.rnrn2. „Солзите на Вирџинија Вулф“ – станува збор за мисиркина супа со домашен банана чипс, лековити билки, моркови и цветови кои се јадат.rnrn3. Овошен пијалак наречен „Кортни Лав – напиток на денот“. Тој е направен е од свежо овошје, екстракти од манго, лимон и краставица, листови од свежо нане и див мед.rnrn4. Алкохолен напиток „Гревот на Мел Гибсон“ – содржи белгиско темно чоколадо, див мед, jagermeister (германски пијалак направен од 56 билки, зачини и корени) и орев.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Атмосферата во ресторанот е надополнета со парчиња уметност од Рафаел и од други филипински уметници. Еден од ѕидовите е прекриен со најразлични пораки од гостите, во кои се искажани гнев, омраза, љубов, надеж… Тие понекогаш инсистираат во здравото и вкусно мени да уживаат на некоја од масите во дворот на „Ван Гог е биполарен“.rnrnДенеска во ресторанот се чекаат редици за влез. Тој започнува со работа во 18 часот. А, на оние кои ќе дојдат после 22 часот, им следува и бесплатна супа. 🙂 Рафаел потенцира дека ресторанот е отворен за сите љубители на здравата храна, без разлика дали страдаат од некоја болест или не.Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“Порција среќа во ресторанот „Ван Гог е биполарен“
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 митови и вистини поврзани со сезонските алергии

    5 митови и вистини поврзани со сезонските алергии

    Автор: Бојана МандевскаrnrnПролет! Сѐ цвета и раззеленува. Свежиот мирис на цвеќињата е толку нежен и пријатен, дрвата расцутеа, на пазарите сѐ повеќе и повеќе е застапен свеж зеленчук и свежо овошје. Со нетрпение чекавте да помине ладната зима за да може повеќе време да поминувате во прошетки низ природа, да се ослободите од зимската облека и да јадете посвежа храна.rnrnСè навидум е убаво, но оваа пролет нешто се случи со вас. Веќе неколку дена кивате, очите ви солзат, се борите за здив, јазикот ви е црвен, ни пудра не ви помага во сокривањето на подочниците околу очите. Бевте на лекар,  подлегнавте на безброј испитувања и крајниот резултат беше алергија? Сега се прашувате како ќе продолжите понатаму, дали има лек? Не паничете, веќе сме 21 век кога медицината е толку напредна и секојдневно сме сведоци на нови изуми, лекови, сѐ со цел да се подобри здравјето на луѓето.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnОдвојте неколку минути за да се запознаете со основните елементи на алергиите, неколку митови и вистини поврзани со нив, кои ќе ви бидат од голема корист.rnrnАлергија е преосетливост на организмот кон некои супстанци, додека пак алергиската реакција е одговор на имуниот систем на организмот кон внесените алергиски супстанци. Носечките супстанци (алергени), кои предизвикуваат алергиска реакција може да бидат: храна, полен, микро-крлeжи, делови од тело на животните, отров од инсектите и многу други. Постојат многу видови алергии и голем број нивни причинители. Ова се 5 најзастапени митови/прашања поврзани со алергиите и вистините за нив.rnrnМит: Јадењето мед може да ги спречи или излекува сезонските алергии?rnrnОвој мит потекнува најверојатно од размислувањето кое постои кај луѓето дека во медот има минимални количини полен. Доколку во текот на годината се внесува секојдневно мед ќе се смали сензитивноста на организмот од полен и ќе се излекува сезонската алергија. Вистината е дека стварно во медот има одредено количество полен, кое пчелите го собираат од растенијата. Проблемот е во тоа што поленот кој предизвикува алергии, што првенствено го има во дрвјата, тревите и плевелта, не е од растенијата кои пчелите ги користат за производство на мед. Но, доколку сте љубител на медот, алергијата не треба да биде причина која ќе ве спречи во уживањето на неговиот вкус.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnМит: Возрасните не можат да се „разболат“ од алергијаrnrnВистината е дека и возрасните може да се „разболат“ од алергија. Тоа што сте возрасни не значи дека не може да бидете подложни на антитела кои ќе ви предизвикаат алергиска реакција. Нивото на антителата „IgE“, предизвикувачи на алергии, во организмот на човекот со текот на годините почнува да опаѓа, но тоа не значи дека не постои можност за појава на алергија во повозрасните години. Доколку се појави алергија, тоа значи дека извесен период организмот бил изложен на некој алерген.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnМит: Цветните растенија се најголемите причинители на алергијаrnrnВистината е  дека цвеќињата како розите и лилјаните поседуваат т.н. тежок полен, односно полен кој потешко се пренесува бидејќи луѓето не се во близок секојдневен контакт со нив. За разлика од цвеќињата кои ги споменавме, постојат други растенија кои поседуваат т.н. лесен полен и тие се „виновниците“ за појавата и развојот на алергиите. Растенијата содржатели на лесен полен се дрвјата, плевелот, тревите кои што ги има насекаде околу нас. Поленот од овие растенија се пренесува многу лесно особено преку ветерот.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnМит: Алергиите не претставуваат сериозен здравствен проблемrnrnВистината е дека алергијата не преставува едноставна моментална непријатност. Тие се состојба на која ѝ треба соодветен лекарски третман. Можна е појава на одредени здравствени компликации доколку не се третира алергијата. Компликациите се појавуваат во вид на кашлица, астма, главоболка, прекини во вечерното спиење и дневна поспаност, омалаксаност. Постои можност од појава на синуситис.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnМит: Земањето лекарства е единствениот начин за борба против алергиските симптомиrnrnВистина е дека земањето лекарства ги ублажува и намалува алергиските симптоми. Но, во поново време е измислен нов начин на лекување на пациентите преку процес на имунотерапија. За пациентите кои консумираат поголемо количество на медикаменти, се предлага замена на апчињата за алергија со имунотерапија. Имунотерапијата е процес кој трае неколку години, но во голем процент ги намалува и лекува алергиите. Посоветувајте со вашиот лекар и доколку постои можност, заменете ги лекарствата со имунотерапија.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Путер од јаткасти плодови и нутела

    Путер од јаткасти плодови и нутела

    Многу вкусен путер, како да е создаден за да го мачкате на лепче секое утро…Путер од јаткасти плодови и нутелаПотребно е:rn

      rn011

    • 3 големи лажици путер од кикирики
    • rn011

    • 4 големи лажици нутела
    • rn011

    • 2 лажици мед
    • rn011

    • 120 г мелени ореви
    • rn011

    • 120 г мелени бадеми
    • rn011

    • 120 г мелени лешници
    • rn011

    • 120 г мелено семе од сончоглед
    • rn

    rnПодготовка: Во длабок сад ставете ги мелените јаткасти плодови. Путер од јаткасти плодови и нутелаСтавете ги медот, нутелата и путерот од кикирки и целата смеса добро измешајте ја за да се соедини сосема. Путер од јаткасти плодови и нутелаОвој процес е малку потежок, заради времето потребно додека да се соединат состојките и малку напорното мешање со оглед на полутврдата состојба на путерот од кикирики и нутелата. Кога убаво ќе ги измешате состојките, добиениот путер ставете го во чиста тегла. Чувајте го во фрижидер додека да го потрошите целиот.Путер од јаткасти плодови и нутела
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Греана ракија на британски начин

    Греана ракија на британски начин

    Автор: Димитар ГошевскиrnrnТопол и добредојден, токму навреме за празниците, „Hot Toddy“ е класичен зимски пијалак. Слободно пробајте го со вашите омилени видови чаеви, а ако не сте некој обожавател на чај, може да го подготвите и без него. Најчесто, но не и задолжително, се употребува црн или зелен чај, разблажен со слаткиот вкус на медот и со лимон.rnrnГреана ракија на британски начинrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 300 мл бренди, виски или рум
    • rn011

    • 1 лажиче мед
    • rn011

    • ¼ лимон
    • rn011

    • 1 шолја топла вода
    • rn011

    • 1 кесичка чај
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    • Прекријте го со мед дното на чашата (се препорачува посебна чаша за ирско кафе).
    • rn011

    • Додадете го алкохолот и сокот од лимон.
    • rn011

    • Настрана подгответе го чајот (се препорачува едно до две лажичиња шеќер, доколку сакате да го засладите).
    • rn011

    • Турете го чајот во чашата со алкохолот и мешајте.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 домашни лекови за спречување настинка

    6 домашни лекови за спречување настинка

    Во есен се појавуваат епидемии на грип и разни инфекции на респираторните органи. За здравите луѓе тие претставуваат само непријатност, но за постарите луѓе и за хронично болните можат да бидат сериозен проблем. Токму поради тоа, подобро е превентивно да се делува и да се стори сè за да се пресретне болеста.rnrnЗа да може полесно да се изборите со кивавица, кашлање, болка во грлото и зголемена температура, би требало да јадете кисела зелка и лук, а домашната аптека да ја збогатите со ајдучка трева, ким, липа, шипка, мед, пиво…rnrn6 домашни лекови за спречување настинкаrn

    Мешавина за имунитет

    rnПомешајте по 20 грама бозел, тегавец, мајчина душица и маточина, додајте половина литар врела вода, промешајте, поклопете и оставете да стои 15 минути. Потоа процедете ја течноста и во неа додајте лимон и мед. Оваа мешавина од билки, го подобрува имунитетот и затоа е добро да се пие превентивно.rn

    Ким против кашлица

    rnВо чаша млака вода ставете една лажичка масло од ким и со тоа неколку пати на ден плакнете го грлото. На тој начин ќе направите дезинфекција на грлото, а ќе го намалите и надразнувањето што го предизвикува кашлањето. Доколку кашлате ноќе, земете половина литар темно пиво, ставете го да поврие на рингла и оставете да се излади. Потоа во него додадете четири лажички мед и пијте го преку ден по мали голтки.rn

    Смрека за болки

    rnТри лажички свежи иглички од смрека (зимзелено дрво) прелијте ги со половина чаша чист алкохол и во добро затворен сад оставете да стои десет дена, а потоа процедете и додајте два дела вода. Овој лек треба да се чува во стерилен и добро затворен сад. Ако имате проблеми со искашлување, истријте ги градите со оваа тинктура. Исто така се користи и за масажа на затегнати и болни мускули.rnrn6 домашни лекови за спречување настинкаrn

    Шипка против вируси

    rnПоловина килограм шипки, добро измиени се сечат на половина и се оставаат да стојат цела ноќ во три децилитри сок од јаболка. Потоа се ставаат да  зовријат. Смесата се процедува и се засладува со мед. Сирупот се чува во стерилни тегли во фрижидер. Се зема по една лажица на ден.rn

    Липа за снижување висока температура

    rnДве лажички сув цвет од липа се прелива со една шолја врела вода и се остава да стои десет минути, па се процедува. Овој чај го забрзува потењето, особено ако  испиете две шолји, а потоа се завиткате во ќебе.rn

    Слез за чистење синуси

    rnСитно исечкајте 100 грама корен од слез, додајте две литри вода, варете десетина минути и правете инхалации еднаш на ден.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

    7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

    Сода бикарбоната може да се примени на различни начини во домаќинството, од состојка која ќе го потпомогне растењето на тестото, до средство за отстранување на непријатната миризба во фрижидерот. Но, сте ги знаеле ли нејзините козметички примени?rnrn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnУште старите Египќани користеле смеса слична на сода бикарбоната наместо сапун за бањање. Ова соединение има антисептички, антигабичен и ексфолирачки ефект. Еве како да ги искористите неговите својства и поинаку да го примените во секојдневниот живот:rn

    1. Мијте ги забите за природен избелувачки ефект

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnПовеќето пасти за заби содржат содиум лаурил сулфат како примарна состојка, која го предизвикува пенењето. Ваквите пасти може да имаат негативни ефекти, како хиперсензитивност на забите и непцата. Доколку не сакате супероксид во вашата уста, подобра опција за белење на вашите заби е сода бикарбоната. Ставете малку на четкичкта или за подобар ефект, комбинирајте ја со паста за заби без споменатата состојка (барајте ознака „SLS free“). Згора на тоа, содата го неутрализира лошиот здив.rn

    2. Чистете го лицето со здрав ексфолијант

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnТриењето на лицето со груби гелови за пилинг и ексфолијација на кожата не е добро за вашето лице, бидејќи нејзиниот горен слој ви треба за да ве штити од навлегување на нечистотиите и за одржување на нејзината влажност.rnrnАко сакате да го триете вашето лице, подобро правете го тоа со природни состојки. Искомбинирајте сода бикарбона со една лажичка мед и истријте го лицето со смесата. Маската можете да ја оставите да делува една минута или пак веднаш да го исплакнете лицето. Оваа маска има освежувачки и смирувачки ефект, а делува и против создавање акни. Можете да ја примените и на стапалата и на лактите. За затегнување на кожата и чистење од црнки направете маска од сода бикарбона и портокал.rn

    3. Направете си дезодоранс со вашиот омилен мирис

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnИзмешајте 4 лажици сода бикарбона со 10 капки од вашето омилено есенцијално масло и нанесете малку под пазувите. Иако ова звучи како женски рецепт, постојат и многу мажествени мириси како маслото од кедарово дрво. Девојките можат да ја сместат смесата во празно кутивче од руж за да можат да го користат домашно приготвениот дезодоранс повеќе пати во текот на денот, чувајќи го секогаш на дофат во својата чанта. За нанесување, најдобро е да користите четкичка.rn

    4. Исушете го непоканетиот гостин на вашиот образ

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnИзмешајте малку сода и вода и нанесете ја добиената смеса директно на акната на вашата кожа. Овој метод е одличен за брзо сушење на површинските акни, но не е препорачливо за третирање длабоки цисти.rn

    5. Темелно измијте ја косата

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnДоколку сакате да ја намалите употребата на шампон или пак темелно да отстраните некои средства кои се длабоко навлезени во коренот на вашето влакно, еве го рецептот што треба да го приготвите. Наполнете една чаша со топла вода и ставете една лажица сода бикарбона. Понесете го природно приготвениот препарат со вас во бањата. Намокрете ја косата и потоа исипете ја смесата убаво насекаде. Исчешлајте ја косата и потоа исплакнете ја. Плакнете додека да се изгуби лизгавото чувство.rn

    6. Смирете го стомакот

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnКиселините, честото создавање гасови и други проблеми со стомакот може брзо да се ублажат со помош на содата поради нејзините алкални својства кои ги неутрализираат киселините што го предизвикуваат проблемот. Измешајте мала лажичка сода бикарбона во чаша со топла вода и испијте ја течноста наеднаш. Многу брзо ќе почувствувате олеснување.rn

    7. Наполнете ја кадата со вода и сода

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnРастворете малку сода бикарбона во вашата полна када. Ќе почувствувате смирување и омекнување на кожата, а покрај тоа, не мора ни да употребите сапун, што понекогаш може да биде и добро.rnrnЗнаете ли некои други интересни примени на сода бикарбоната?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Овошни сладоледи

    Овошни сладоледи

    Најздравите сладоледи се пред вас. Направете ги и лижете без да се грижите за килограмите…

    rnОвошни сладоледиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 300 г јагоди, исчистени
    • rn011

    • 100 г мед
    • rn011

    • 3 супени лажици сок од лимон
    • rn

    rnОвошни сладоледиrn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги јагодите во бледнер. Миксајте ги додека да се создаде еднолична смеса. Кога ќе бидат убаво измиксани, ставете ги медот и сокот од лимон и измешајте со лажица. Смесата распоредете ја во калапи за сладолед.rnrnОвошни сладоледиrnrnСтавете ги калапите да се замрзнат најмалку 4 часа.rnrnОвошни сладоледиrnrnДецата ги обожаваат, но има ли воопшто некој што не ги сака!?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадно кафе со мед (Choco Honey Coffee)

    Чоколадно кафе со мед (Choco Honey Coffee)

    Силно кафе со екстра благ вкус, кое ќе ви ја зголеми енергијатаrn

    rn Чоколадно кафе со мед (Choco Honey Coffee)Време на подготовка: 10 минутиrn

    rn

    Потребни состојки:

    rnrn

      rn011

    • 80 мл еспресо
    • rn011

    • 1 супена лажица мед
    • rn011

    • 1 супена лажица какао
    • rn011

    • млечна пена
    • rn011

    • шлаг
    • rn

    rn

    Начин на подготовка: Во ниска шолја ставете ги медот и какаото и убаво промешајте ги. Одозгора сипете го еспресото и млечната пена. На врвот додадете малку шлаг и декорирајте по избор.