КАФЕ ПАУЗА

Tag: мед

  • 3 едноставни домашни рецепти против ‘рчење

    3 едноставни домашни рецепти против ‘рчење

    ‘Рчењето е непријатна појава која може да влијае врз сонот, да предизвикува болки во грлото и да ги полуди сите останати луѓе во близина. Тоа е предизвикано од страна на вибрации од мекото непце и ткивата во грлото, носот и усната шуплина. Па, доколку сакате на природен начин да се справите со него, погледнете ги овие 3 едноставни и евтини домашни рецепти…rnrn3 едноставни домашни рецепти против рчењеrn

    1. Нане

    rnОваа билка ги отвора каналите во носот и грлото и со тоа го олеснува дишењето, што е многу важно доколку сакате да го ублажите ‘рчењето. Во 230 милилитри млака вода додајте три капки етерично масло од нане и пред спиење направете гаргара. Повторувајте ја оваа постапка секојдневно, сè додека не забележите подобрување.rn

    2. Маслиново масло и мед

    rnМаслиновото масло го опушта ткивото и го намалува отокот на слузницата. Исто така, тоа го намалувањето триењето кое е предизвикано со вибрациите на ткивата поради кои ‘рчиме. Пред спиење, во половина супена лажица мед додадете половина маслиново масло и испијте ги пред спиење. Повторувајте ја постапката секоја вечер.rn

    3. Кардамом

    rnСемките од оваа билка отсекогаш се користеле во индиската кујна, но покрај пријатната арома во храната, тие имаат и огромни здравствени придобивки. Кардамомот ја разредува слузта и го олеснува дишењето. Во 230 милилитри млака вода додајте половина лажичка кардамом во прав и добро измешајте. Испијте ја оваа напивка половина час пред спиење.

  • Што може да се користи како замена за шеќер во исхраната?

    Што може да се користи како замена за шеќер во исхраната?

    Сигурно шеќерот и благите работи ви се омилениот дел од исхраната, но знаете какви штети на здравјето тоа може да донесе. Зголемено чувство на глад, дебелеење, отпор на инсулин, дијабетес и слични нешта ве очекуваат кога редовно јадете шеќер. Неговото исфрлање од исхраната е тешко затоа што предизвикува зависност, но ако се случи ќе имате повеќе енергија, помалку ќе ви се јаде и ќе ја стабилизирате телесната тежина. За полесно да го елиминирате белиот рафиниран шеќер од вашата исхрана можете да користите некоја од овие замени. Треба да внимавате со нив затоа што и тие се многу калорични, но барем не прават да ви треба уште благо и се многу подобри за организмот. Секогаш кога во некој рецепт ќе видите дека треба да ставите шеќер, вие обидете се да го замените со некоја од овие алтернативи.rnrnШто може да се користи како замена за шеќер во исхраната?rn

    Мед

    rnМедот е одличен додаток за слатките кога сакате да го изоставите белиот шеќер. Тој се метаболизира многу побавно и затоа не предизвикува потреба од повеќе. Причина за тоа е и фактот дека е многу поблаг од шеќерот. Следниот пат кога ќе правите десерт, наместо 100 грама шеќер ставете 50 грама мед за тој да биде поздрав и повкусен.rn

    Стевија

    rnСтевијата по изгледот е многу слична на шеќерот, но има многу поразлични карактеристики. Еден грам стевија заменува дури 5 грама бел шеќер, а покрај тоа содржи нула калории. Го засладува оброкот, но не му додава калории и не ве тера да јадете уште благо. На почетокот проблем може да ви биде нејзиниот малку блуткав вкус. Овој засладувач веќе може да се најде и во нашите подобро снабдени супермаркети и во продавниците за здрава храна.rn

    Јаворов сируп

    rnЈаворовиот сируп содржи доста шеќери како и медот, но и покрај тоа е далеку подобра алтернатива од белиот шеќер. Содржи малку јаглехидрати и доста калциум и калиум, но сепак треба да се зема во умерени количини.rn

    Агаве нектар

    rnИ овој засладувач има доста понизок гликемиски индекс од белиот шеќер и затоа е одличен како негова замена. Истовремено засладува исто толку со многу помала употребена количина.rn

    Маџун

    rnМаџунот е засладувач од македонската традиционална кујна. Се добива од гроздовиот сок и многу е благ. Изобилува со многу хранливи состојки, витамини и минерали и од вашиот десерт ќе направи ем благ, ем хранлив оброк.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Модели прекриени со мед изгледаат како карамелизирани статуи

    Модели прекриени со мед изгледаат како карамелизирани статуи

    Кога станува збор за интерпретирање на апстрактните форми на уметноста, убавината е во очите на оној кој набљудува. Токму тоа го покажува и артистот Блејк Литл, кој постојано наоѓа нови и слатки начини на кој ги креира своите дела. Во својот најнов проект, „Preservation“, тој ги прекрива моделите со златен мед и прави неверојатно благи фотографии.rnrnМодели прекриени со мед изгледаат како карамелизирани статуиrnrnИ покрај тоа што истурањето мед врз нечија глава во името на уметноста може да ви звучи малку чудно, резултатите од овој сладок експеримент се навистина неверојатни. Медот ги трансформира моделите во прекрасни уметнички дела кои изгледаат како златни статуи. Погледнете…rnrn

    rnrnДоколку ви се допаднаа овие фотографии, погледнете го и ова видео кое ќе ве однесе позади сцените на фотосесијата.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Напивка од јаболков оцет која го забрзува метаболизмот и го поттикнува слабеењето

    Напивка од јаболков оцет која го забрзува метаболизмот и го поттикнува слабеењето

    Пиењето на овој пијалак наутро на празен стомак придонесува за чистење на вашиот организам од токсините. Тој ќе ви го подобри варењето во текот на денот, ќе ви го забрза метаболизмот и на тој начин ќе ве однесе поблиску до губењето на килограмите.rnrnНапивка од јаболков оцет која го забрзува метаболизмот и го поттикнува слабеењетоrn

    Потребни состојки за една доза:

    rn

      rn011

    • 2 лажици сиров, нефилтриран јаболков оцет
    • rn011

    • 2 чаши филтрирана вода
    • rn011

    • ½ лажичка мед
    • rn011

    • прстофат цимет, ѓумбир и мускатно оревче
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСилно мешајте ги сите состојки додека медот сосема не се растопи во течноста. Потоа пијалакот е спремен за пиење.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Домашно какао, преполно со здравје

    Домашно какао, преполно со здравје

    Топол зимски пијалак кој ќе ви помогне во борбата против студенилото

    rnДомашно какао, преполно со здравјеrn

    Потребни состојки за 2 шолји:

    rn

      rn011

    • 470 милилитри бадемово млеко со вкус на ванила
    • rn011

    • 1 супена лажица сирово какао
    • rn011

    • 1 супена лажица сиров мед
    • rn011

    • 1 супена лажица кокосово масло
    • rn011

    • ½ лажичка цимет
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnЗагрејте го бадемовото млеко на шпорет до оној момент пред да почне да врие и додајте ги сите состојки во блендер. Мешајте една минута.

  • Едноставна домашна маска од мед за освежување и чистење на вашето лице

    Едноставна домашна маска од мед за освежување и чистење на вашето лице

    Во сировиот мед не постојат никакви штетни хемикалии и токму затоа тој е одличен за вашата кожа. Огромен број истражувања секојдневно ни покажуваат нови придобивки од медот, вклучувајќи ги и неговите неверојатни способности за чистење на вашата кожа, чистење на порите, заштита на кожата со помош на антиоксидансите кои ги содржи како и освежување и хидратација.rnrnЕдноставна домашна маска од мед за освежување и чистење на вашето лицеrn

    За овој едноставен рецепт потребни ви се:

    rn

      rn011

    • 1 лажичка пире од авокадо
    • rn011

    • 1 лажичка полномасен јогурт
    • rn011

    • 1 лажичка сиров мед
    • rn

    rnПред да ја нанесете маската, измијте го вашето лице со топла вода и избришете го со чист пешкир. Потоа измешајте ги сите состојки во мал сад и нанесете ја мешавината врз вашето лице. Оставете ја да стои од 20 до 30 минути и потоа исплакнете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како природно да го отстраните масното ткиво?

    Како природно да го отстраните масното ткиво?

    Масното ткиво е израсток на кожата кој може да се појави каде било на телото, а се состои од наталожени масни келии. Претежно претставува само естетски проблем кој не му штети на вашето здравје. Масното ткиво настанува без да го забележиме и без болка, освен во одредени случаи кога настанува липом. rnrnНајчесто се појавува кај лицата постари од 40 години, но нема правило, така што може да се јави дури и кај деца. Често се појавува на главата, на рацете, на грбот, вратот, нозете и на други делови од телото. rnrnДокторите советуваат масното ткиво да се отстрани по хируршки пат, што е рутинска операција и не трае подолго од половина час. Но, за оние кои не сакаат да легнат под скалпер, нудиме 4 рецепти за природно лечење кои би помогнале во повеќето случаи.rnrndoctor inspecting woman patient skinrn

    1. Брашно и мед

    rnОвој рецепт им помогнал на многу луѓе да го отстранат своето масно ткиво. Од брашно и мед направете смеса со дебелина од 1 см и големина потребна да се прекрие целото масно ткиво. Добиената смеса не треба да биде премногу леплива. Нанесете ја мешавината на масното ткиво и врз неа ставете хартиено марамче или газа за да не ви се лепи на облеката. Држете ја смесата на телото 36 часа, а потоа направете нова и повторно ставете ја на масното ткиво. После 7 дена, ткивото би требало да прсне и да истече насобраниот гној.rn

    2. Нека ве касне пчела

    rnОваа метода е многу едноставна. Потребно е само да ве касне пчела, два пати на тоа место и после 7 дена масното ткиво би требало да го снема. Фатете ги пчелите со пинцета, насочете ги така за да гледаат со боцката кон масното ткиво и дозволете им да ве каснат. Ваквиот бодеж нема да биде болен како што вообичаено боли кога ќе ве касне пчела.rn

    3. Прополис

    rnНанесете прополис на проблематичното место и повторувајте ја постапката неколку дена.rn

    4. Жолчка и сол

    rnОваа метода ја испробала жена која на овој начин го отстранила ткивото после 2-3 дена. Измешајте една жолчка со 2 лажици сол и со таквата смеса намачкајте го масното ткиво. Добро втривајте на местото 3-4 пати на ден.rnrnДали вие имате искуство со масно ткиво? Што имате преземено за да го отстраните?

  • 7 причини да си направите топол напиток од ѓумбир

    7 причини да си направите топол напиток од ѓумбир

    Ги затоплува коските, помага при настинки и многу други болки

    rn7-prichini-da-si-napravite-topol-napitok-od-gjumbir-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 корен од ѓумбир
    • rn011

    • 1 литар обична вода
    • rn011

    • 2-3 лажици домашен мед
    • rn011

    • 1 лимон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Излупете го коренот од ѓумбир и исечете го на тенки крукчиња.
    2. rn011

    3. Ставете го ѓумбирот во тенџере и прелијте го со вода. Така варете го овој ароматичен корен барем 15-20 минути на умерена температура.
    4. rn011

    5. Потоа тргнете го од оган и оставете го да отстои барем 5 минути.
    6. rn011

    7. Извадете го ѓумбирот од течноста, потоа засладете ја со мед и закиселете ја со лимон по желба.
    8. rn011

    9. Пијте го напитокот топол.
    10. rn

    rn

    Причини да го подготвите и пиете овој напиток:

    rn

      rn011

    1. Му дава сила на телото и го јакне имунитетот.
    2. rn011

    3. Го забрзува опоравувањето доколку сте болни.
    4. rn011

    5. Ги смирува гадењето и болката во желудникот.
    6. rn011

    7. Добро делува на нервниот систем.
    8. rn011

    9. Го поттикнува варењето и работата на цревата и ја намалува надуеноста.
    10. rn011

    11. Ја поттикнува циркулацијата.
    12. rn011

    13. Ќе ве затопли повеќе од најдебелите џемпери.
    14. rn

  • Рецепт за еликсир на младоста кој треба да го проба секоја жена

    Рецепт за еликсир на младоста кој треба да го проба секоја жена

    Знаевте ли дека постојат природни ефикасни методи на подмладување и всушност не ви требаат скапи козметички препарати и уште поскапи и ризични хируршки зафати?rnrnrecept-za-eliksir-na-mladosta-koj-treba-da-go-proba-sekoja-zhena-kafepauza.mkrnrnЗа подмладување најдобро е да се користат различни методи кои заедно даваат неверојатни резултати: правилна исхрана, физичка активност, природна нега и духовно задоволство.rnrnСигурно сте забележале дека има жени кои изгледаат 10 или 15 години помлади, а притоа не подлегнале на некакви хируршки интервенции. Една од тие жени, која сака да остане анонимна, ја открива својата тајна за продолжена младост. Таа тврди дека откако почнала да го користи овој еликсир, ѝ се подобрил видот (од -3 на -1), кожата ѝ станала мазна и еластична на целото тело, а косата погуста. И што е најинтересно, косата која почнала да ѝ белее, престанала!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 100 ленено масло
    • rn011

    • 2 средни лимони
    • rn011

    • 1 голема главица лук
    • rn011

    • 0,5 кг мед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Исчистете го лукот и заедно со 1 неисчистен лимон и 1 лимон без кора ставете ги во блендер.
    2. rn011

    3. Сомелената смеса помешајте ја со медот, додадете го лененото масло и повторно сè изблендајте.
    4. rn

    rn

    Начин на чување:

    rnЧувајте ја смесата во фрижидер во затворена стаклена тегла.rn

    Начин на конзумирање:

    rnКонзумирајте 3 пати на ден по 1 лажичка половина час пред јадење.rn

    Како делува оваа смеса на подмладување на организмот?

    rnЛененото масло е растителен хормон, ленот содржи линолна (омега-6), олеинска (омега-9) и палмитинска масна киселина, а повеќе од половина од мастите кои се содржани во ленот се алфалиноленска киселина (омега-3), што ова масло го прави најбогат извор на омега-3 масни ксилени (дупло повеќе отколку што има во рибиното).rnrnМаслото од ленот е исто така најбогат растителен извор на растителни лигнани, важни антиоксиданси, кои во комбинација со лимонот ги чистат црниот дроб и жолчниот систем.rnrnВитаминот Ц од лимонот е совршен антиоксиданс, го јакне имунитетот и крвните садови.rnrnЛукот чисти од паразити и ги прочистува крвните садови, додека медот носи нутритиенти, односно микроелементи во крвта кои го обновуваат и подмладуваат целиот организам.

  • Придобивките од медената вода

    Придобивките од медената вода

    На сите нас, добро ни се познати благодетите на медот, но малкумина знаат дека многу корисна за организмот е и водата помешана со мед, т.н. медена вода. Овој напиток одамна е употребуван за справување со разни болести, како и во козметички цели.rnrnpridobivkite-od-medenata-voda-kafepauza.mkrn

    Подготовка на медена вода:

    rnЗа подготовка на медена вода доволно е една кафена лажичка мед да се промеша со чаша млака вода. На тој начин се добива 30-постотен раствор на мед кој по својот состав е идентичен на крвната плазма. Медот ѝ дава структура на водата и со тоа ги засилува нејзините лековити својства, што е научно докажано. Оваа вода целосно и брзо се апсорбира во организмот.rn

    Медената вода подготвена на овој начин има низа придобивки:

    rn

      rn011

    • Го нормализира варењето на храната, ја подобрува функцијата на сите делови на гастроинтестиналниот тракт, го решава проблемот со т.н. мрзливи црева.
    • rn

    rn

      rn011

    • Го подобрува имунитетот, лечи настинки, бронхитис, го извлекува шлајмот од белите дробови на природен начин – низ цревата.
    • rn

    rn

      rn011

    • Го чисти целиот организам. Делува антибактериски, антивирусно и антигабично.
    • rn

    rn

      rn011

    • Ја нормализира работата на дебелото црево. Конзумирањето медена вода е одличен начин за обновување на цревната микрофлора и елиминирање на цревната дисбактериоза (микробиолошка нерамнотежа).
    • rn

    rn

      rn011

    • Се бори со паразитите во организмот. Сите видови паразити во дигестивниот тракт не ја сакаат жолтата боја. Штом ги нападнете со зраци на жолта боја, тие ќе престанат да се размножуваат. Со медената вода се прави „санација“ на цревата, на тој начин што се раствораат наслагите од фекалии во цревата. Затоа, на почетокот може да забележите зголемување на обемот на струкот, но тоа не треба да ве плаши. За тоа постои едноставно објаснување: фекалните камења (наслаги) „отекуваат“, стануваат помеки и започнува нивната евакуација од телото.
    • rn

    rn

      rn011

    • Помага со неконтролираното мокрење. Медот е хигроскопичен, ја собира водата, така што бубрезите и бешиката не се оптоваруваат во текот на ноќта.
    • rn

    rn

      rn011

    • Медената вода може да се користи и во козметички цели, па така со неа можете да го пребришувате лицето. Таа ја негува кожата оставајќи ја кадифена, свилекнкаста и мека.
    • rn

    rn

    Начин на козумирање:

    rnМедената вода во превентивни цели треба да се конзумира секое утро на празен желудник, и треба да се испие брзо. Добро е да се пие и навечер пред спиење, а се препорачува секогаш да се конзумира свежо подготвена.