КАФЕ ПАУЗА

Tag: мед

  • Сите зборуваат за вода со лимон, но што ќе се случи ако почнете да пиете вода со мед?

    Сите зборуваат за вода со лимон, но што ќе се случи ако почнете да пиете вода со мед?

    Топлата вода и медот можат да го намалат заморот и да ја зголемат виталноста на телото. Оваа комбинација е идеална за секој што сака да ги зголеми својата физичка издржливост и нивото на енергија.rnrnСите зборуваат за вода со лимон, но што ќе се случи ако почнете да пиете вода со мед?rnrnЗа водата нема потреба да се зборува затоа што сите знаат дека треба да внесуваат течности, но медот е полн со хранливи материи и со антиоксиданти и има многу здравствени придобивки за кои многумина не се свесни. Кога ќе ги комбинирате овие две моќни супстанции, можете да го подобрите вашето здравје, но и да спречите разни болести.rnrnСе препорачува да користите природен и непреработен мед затоа што тој содржи повеќе фитонутриенти, антиоксиданти и ензими, така што неговите позитивни ефекти ќе бидат многу поголеми. Еве зошто треба да пиете вода со мед.rn

    Се намалува подуеноста

    rnАко имате проблеми со подуеност и со гасови, една чаша од овој пијалак ќе ги неутрализира гасовите во цревата и ќе почувствувате олеснување за многу кратко време.rn

    Се зајакнува имунолошкиот систем

    rnМедот е богат со антиоксиданти и содржи антибактериски својства кои помагаат во зајакнувањето на имунолошкиот систем. Ако пиете вода со мед, ќе бидете поотпорни на инфекции предизвикани од микроорганизми како што се бактерии, габи и многубројни вируси.rn

    Токсините ќе исчезнат од телото

    rnМедот и водата се добитна комбинација за да се ослободите од сите штетни акумулирани работи во вашето тело. Кажете им збогум на отровите и поздравете ја детоксикацијата. За подобри резултати, додајте и неколку капки лимон.rn

    Кожата ќе стане поубава

    rnМедот е природен антиоксидант кој ја регенерира и ја храни кожата и таа станува почиста, помека и поубава. Благодарејќи на витаминот Е што го содржи, медот ги спречува штетните ефекти на слободните радикали и има заштитна антиоксидативна улога. Покрај тоа, медот на кожата ѝ дава сјај, еластичност и поголема компактност.rn

    Килограмите ќе се стопат побрзо

    rnМедот содржи шеќер, но сосема поразличен од белиот шеќер. Овој природен шеќер ќе ви помогне да ја убиете желбата за благо. Медот го забрзува метаболизмот, а тоа значи дека ја подобрува циркулацијата и малку ја зголемува температурата на вашето тело, а сето тоа помага да ги согорите маснотиите без многу напор.rn

    Болното грло веќе нема да ве мачи

    rnПостои причина зошто чајот со мед е омилен пијалак за време на студените денови – помага да се намалат болките во грлото и го олеснува голтањето. Медот е природно средство кое го штити респираторниот систем.rn

    Ќе го спречите ризикот од срцеви заболувања

    rnФлавоноидите и антиоксидантите во медот се доста корисни за спречување и намалување на ризикот од срцеви заболувања. Истражувањата покажуваат дека медот го забавува процесот на оксидација на лошиот холестерол во крвта што може да има штетен ефект врз вашето срце.rnrnПрочитајте и за здравствените придобивки од јаболковиот оцет.

  • Десерт во чаша: Меден мус

    Десерт во чаша: Меден мус

    Речиси не постои некој што може да одолее на мирисот на вкусен десерт. Ако сакате вашиот десерт да изгледа и да мириса убаво, тогаш овој рецепт е вистинскиот за вас.rnrnДесерт во чаша: Меден мусrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 200 грама црно чоколадо
    • rn 011

    • 70 грама путер исечкан на парчиња
    • rn 011

    • 350 милилитри слатка павлака
    • rn 011

    • 2 јајца
    • rn 011

    • 2 лажици мед
    • rn 011

    • 1 лажица амарето
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо сад на пареа растопете ги чоколадото и путерот, а потоа тргнете ги од шпоретот. Во друг сад изматете ја слатката павлака додека да згусне, но не премногу (издвојте малку за декорација).rnrnВо посебен сад изматете ги јајцата и медот додека не добиете пенеста смеса. Потоа, додајте го амаретото, растопеното чоколадо со путерот и павлаката и измешајте. Ставете го мусот во чаши или во длабоки садови и оставете го да се излади барем еден час, а потоа уживајте во мирисот и во вкусот.rnrnПогледнете го и овој лесен рецепт за подготовка на брауни колачиња со мармалад од сливи.

  • Како да проверите дали медот е природен?

    Како да проверите дали медот е природен?

    Денес, многу лесно можете да станете жртва на измама и да купите вештачки мед наместо природен. За да заработат повеќе пари, производителите користат шеќер и разни адитиви за изработка на мед, кој со својот изглед и боја изгледа исто како и природниот. Во продолжение прочитајте како да дознаете дали медот е природен, бидејќи користењето на природен мед го снабдува организмот со сите корисни состојки.rnrnКако да проверите дали медот е природен?rn

    Тежина

    rnВисококвалитетниот мед е тежок. Во тегла од 1 литар, тој би требало да тежи повеќе од 1,4 килограми.rn

    Тест со кристализација

    rnКристализацијата на медот е природен процес и не ја менува вредноста на вкусот и придобивките за здравјето. Доколку по 3 месеци надвор од теглата тој не почне да кристализира, постои голема веројатност дека тој мед е загреван и ги изгубил своите вредни својства.rnrnКако да проверите дали медот е природен?rn

    Тест со растворање

    rnИстурете една лажичка мед во шолја со ладна вода. Доколку медот се раствора нерамномерно, создавајќи линии во водата, тогаш станува збор за мед со низок квалитет.rnrnКако да проверите дали медот е природен?rn

    Тест со фломастер

    rnСтавете капка мед на раката и со мекиот врв на фломастерот допрете до медот. Доколку тој ја промени бојата, тогаш тој мед не е природен.rnrnПрочитајте повеќе и за сè што треба да знаете за медот од манука.

  • Само 3 лажички на ден: Од оваа смеса косата ќе ви расте како луда, а видот ќе ви стане како на орел!

    Само 3 лажички на ден: Од оваа смеса косата ќе ви расте како луда, а видот ќе ви стане како на орел!

    Многумина од нас имаат проблеми со косата и ослабен вид. Но, за среќа, природата нуди решенија за овие проблеми. Сѐ што треба е да јадете мешавина од соодветните здрави намирници и така ќе ги подобрите видот и здравјето на косата.rnrnПо неколку дена применување, ќе забележите значително подобрување и ќе се чувствувате многу подобро. За подготовка нема да ви требаат многу состојки.rnrnСамо 3 лажички на ден: Од оваа смеса косата ќе ви расте како луда, а видот ќе ви стане како на орел!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 200 мл масло од ленено семе
    • rn 011

    • 4 лимони
    • rn 011

    • 1 кг мед
    • rn 011

    • 3 мали чешниња лук
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсчистете го лукот и ставете го во блендер заедно со четирите лимони и направете добра смеса. Додајте го лененото масло во оваа смеса, а потоа и медот и повторно блендирајте. Префрлете ја добиената смеса во тегла, затворете ја и ставете ја во фрижидер.rnrnКонсумирајте една лажица од смесата половина час пред јадење, но користете дрвена лажица. Треба да земате 3 пати на ден, пред оброци.rnrnОваа смеса ќе ви го подобри вашето целокупно здравје и ќе делува превентивно за многу болести.rnrnЌе забележите значително подобрување, па зошто да не го испробате ова?rn

    Автор: Антонина Велјановска

  • Што ќе се случи со вашето тело ако секоја вечер пред спиење јадете по една лажичка мед?

    Што ќе се случи со вашето тело ако секоја вечер пред спиење јадете по една лажичка мед?

    Повеќето веќе знаат дека медот може да се користи во борбата против настинка и за навлажнување на кожата. Но научниците го нарекуваат медот суперхрана поради многу други придобивки. Ако секоја вечер пред спиење изедете лажичка мед, ќе се изненадите од резултатите.rn

    1. Добар сон

    rnШто ќе се случува во вашето тело ако јадете мед пред спиење?rnrnМедот содржи материја наречена триптофан. Ова е хормон кој ви помага да се релаксирате и му дава сигнал на телото дека е време за спиење. Иако на телото му е потребна оваа аминокиселина, тоа не може да ја произведе самото.rnrnПонекогаш можно е да се разбудите во текот на ноќта. Причината е што во текот на спиењето, на мозокот му е потребна супстанца наречена гликоген, а поради овој недостаток се ослободуваат адреналин и кортизол кои не ви дозволуваат да заспиете. За среќа, медот содржи гликоген, па консумирањето пред спиење ќе ви помогне да останете заспани.rn

    2. Намалување на крвниот притисок

    rnШто ќе се случува во вашето тело ако јадете мед пред спиење?rnrnБидејќи високиот крвен притисок е фактор што придонесува за болести на срцето, важно е да го одржувате нормален. Медот содржи антиоксиданси за кои се покажало дека го намалуваат крвниот притисок. Па, една лажица пред спиење е одличен начин да го спречите високиот крвен притисок.rn

    3. Намалување на триглицеридите

    rnШто ќе се случува во вашето тело ако јадете мед пред спиење?rnrnТриглицеридите се вид масти кои се наоѓаат во крвта. Високото ниво на триглицериди значи ризик од појава на болести на срцето и дијабетес. Медот го намалува нивото на триглицериди и ги трансформира во добри „сојузници“ што го чистат телото од непотребните масти.rn

    4. Подобрување на имунитетот

    rnШто ќе се случува во вашето тело ако јадете мед пред спиење?rnrnМедот е богат со антиоксиданси и антибактериски материи кои го зајакнуваат имунитетот. На овој начин ќе бидете посилни и полесно ќе се справите со инфекции предизвикани од бактерии, габи и вируси. Покрај тоа можете да го нанесувате и на рана бидејќи има антибактериски својства.rn

    5. Побрзо согорување на масти

    rnШто ќе се случува во вашето тело ако јадете мед пред спиење?rnrnМедот го забрзува вашиот метаболизам бидејќи има термоген ефект на телото. Ова значи дека ја зголемува циркулацијата, која пак ја покачува телесната температура. На овој начин се согоруваат мастите без многу напор.rn

    6. Ослободување од кашлица

    rnШто ќе се случува во вашето тело ако јадете мед пред спиење?rnrnТој ефикасно ги намалува воспаленијата во телото, па пиењето една лажица мед со топла вода ќе ја намали иритацијата на вашето грло и ќе ја спречи појавата на кашлица. Покрај тоа, медот е и одличен антибиотик кој ќе се справи со бактериите што завршиле во вашето грло.rn

    7. Борба против стареење

    rnШто ќе се случува во вашето тело ако јадете мед пред спиење?rnrnНајдобриот начин да го забавите стареењето е консумирање антиоксиданси, а медот е полн со нив. Доколку секоја вечер пред спиење јадете мед, ќе се справите со стареењето однатре.rn

    8. Борба против депресија

    rnШто ќе се случува во вашето тело ако јадете мед пред спиење?rnrnМедот содржи полифенол, органска хемикалија која помага во борбата против депресија. Ако сакате да го зачувате психичкото здравје и да се будите мотивирани, консумирањето мед секоја вечер ќе ви помогне во тоа.rnrnПогледнете и кои видови храна се одлични за здравјето во студените месеци.

  • Зелен чај и мед како спас од акни

    Зелен чај и мед како спас од акни

    Многу жени се соочуваат со проблемот познат како акни, барем еднаш во нивниот живот. Токму затоа и сите се во постојана потрага по нови продукти што можат да им помогнат во битката против акните. Токму затоа и постојат многу препарати, но голем дел од нив можат да имаат и несакани последици, како сите останати продукти со хемикалии, кои ја сушат кожата. Имајќи го ова на ум, погледнете го следното природно решение за борба против акните што може да ви биде од голема помош, без несакани последици.rnrnrnrnСè што ќе ви биде потребно е мед и зелен чај, и секако, малку трпение. Ве заинтересиравме?rnrnОбидете се да стекнете навика секое утро да пиете зелен чај со лажичка мед. Оваа навика ќе ви помогне да го прочистите вашиот организам, да ги исфрлите маснотиите, да го зајакнете метаболизмот и да ја смирите кожата на вашето лице.rnrnКесичките со чај можете да ги користите и како маска за лице, така што ќе го исцедите остатокот вода од нив и ќе го промешате со мед – една од најздравите нешта што ги нуди природата. Оваа маска можете да ја користите секоја вечер, така што ќе ја оставите малку да отстои на вашето лице а потоа ќе ја исплакнете со млака вода.rnrnЕфектите ќе ги забележите скоро инстантно – вашата коса ќе ви биде добро нахранета и препородена. Кесичката зелен чај можете да ја користите и како облога за намалување на подочниците.rnrnЗелениот чај е богат со антиоксиданси што помагаат при разубавување на кожата и ја прочистуваат од слободните радикали. Медот, од друга страна пак, успешно го отстранува црвенилото, ја храни кожата и ги убива бактериите што создаваат акни.rnrnПосле овој третман, хидрирајте ја кожата со крема и оставете ја да се одмори. Со оглед на тоа што користите природни препарати, мора да бидете трпеливи бидејќи процесот е долготраен.rnrnПробајте ги и овие 11 маски за лице за беспрекорна кожа со само 2 состојки.

  • 3 комбинации со мед и цимет за добро здравје и витка линија

    3 комбинации со мед и цимет за добро здравје и витка линија

    Комбинацијата со мед и цимет е одлична за здравјето затоа што го спречува насобирањето на маснотиите во организмот. За ефикасно губење несакани килограми, неопходни се одредени промени во навиките кои секако го вклучуваат и режимот на исхрана. Во продолжение ви ги претставуваме трите рецепти за пијалаци што можат да ви помогнат да го одржувате здравјето и да постигнете витка линија.rnrnrn

    1. Цимет и мед

    rnНаједноставната комбинација со цимет и мед е одлична за губење несакани килограми бидејќи го спечува насобирањето на маснотиите во организмот, го чисти дигестивниот тракт и ги неутрализира штетните материи кои го забавуваат метаболизмот.rnrnПодготвувајте го овој пијалак во вечерните часови. Најпрво зовријте 200 милилитри вода. Во празна шолја сипете околу 2,5 грама цимет и потоа прелијте го со врелата вода. Затворете ја шолјата и оставете да се олади. Пред пиење, додајте 1 лажичка мед и испијте половина од дозата пред спиење, а остатокот ставете го во фрижидер и допијте го одма после будење, на празен стомак.rn

    2. Цимет, мед и ѓумбир

    rnДоколку го сакате ѓумбирот, тогаш можете да го направите овој совршен диетален пијалак.rnrnСтавете половина кафена лажичка цимет во шолја со млада вода. Потоа додајте и една лажичка смелен ѓумбир. По ваша желба, можете да го збогатите вкусот со мед и јогурт. Овој пијалак се пие на празен стомак, пред појадокот.rn

    3. Цимет, мед и изртени пченични зрна

    rnОвој пијалак може да ви помогне да ослабите и да го исчистите организмот од токсини.rnrnПотребни ви се 40 грама изртени пченични зрна. Ставете ги во поголем сад и потоа додајте една лажица мед и една лажица цимет. Прелијте со малку врела вода и 230 милилитри јогурт или кефир со низок процент на масленост. Добро промешајте. Ова е одличен избор за здрав појадок!rnrnЗабрзајте го вашиот метаболизам со помош на овие 3 вкусни пијалаци!

  • Сè што треба да знаете за медот од манука

    Сè што треба да знаете за медот од манука

    Дали некогаш сте чуле за мед од манука и дали тој навистина вреди за високата цена? Ние направивме мало истражување и решивме да ги споделиме со вас нашите откритија. Прочитајте во продолжение што сè треба да знаете за овој мед.rnrnrnrnМедот од манука доаѓа од пчелите што ја опрашуваат грмушката манука, којашто расте во Нов Зеланд и Австралија. Тој има земјен вкус и е многу погуст од обичниот, но може да се користи на истиот начин како и останатите видови мед.rnrnНо, што е тоа што го прави поразличен од другите? Скоро сите видови мед имаат некаков вид антибактериски и антивоспалителни состојки (благодарение на јаглеродниот пероксид), но медот од манука содржи и висока концентрација метилглиоксал, што ги прави неговите антибиотски состојки многу посилни. Голем број истражувања покажале дека овој мед може да помогне при помали рани и изгореници, како и во битката со инфекции и да го забрза заздравувањето. Некои корисници дури тврдат и дека може да го намали холестеролот, да помогне при дијабетесот и да го спречи ракот, но сè уште нема научни докази на оваа тема.rnrnrnrnАко сакате да го пробате, можете да најдете мед од манука со добар квалитет онлајн, но имајте на ум дека тој воопшто не е евтин (цената на една тегла е над 1.300 денари). Исто така, ако решите да порачате или да купите од околна продавница за здрава исхрана, тогаш обрнете внимание на Уникатниот манука фактор (Unique Manuka Factor) – станува збор за скала што ја развиле произведувачите на мед со цел да ја рангираат потенцијата на медот. За најдобри резултати, експертите велат да барате УМФ рејтинг над 10.rnrnМедот од манука без сомнение носи повеќе здравствени придобивки од стандардниот мед, но имајте на ум дека и тој е шеќер, па внимавајте да не претерате. Исто така, ако сте алергични на пчели, разговарајте со вашиот доктор пред да го пробате.rnrnМед и цимет: Волшебна комбинација која ќе ви го промени животот ако ја консумирате навечер!

  • Пилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?

    Пилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?

    Иако кога сте болни или кога ви е благо нарушено здравјето, најчесто е подобро да одите на лекар, но сепак можете и да си помогнете со некој од домашните лекови. Постојат голем број рецепти кои навистина не помагаат, но овие пет домашни лекови вреди да се пробаат, бидејќи ќе направат веднаш да се чувствувате подобро.rn

    1. Пилешка супа

    rnПилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?rnrnОваа супа помага при настинки и веќе има долга традиција како дополнителен лек во вакви случаи. Пилешката супа е популарно предјадење во ладните месеци, а поради содржината на електролити и други хранливи состојки, помага при респираторните проблеми и настинките, особено кога се јаде топла.rn

    2. Сода бикарбона

    rnПилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?rnrnГи смирува дигестивните тегоби, а веќе многу фармацевтски компании произведуваат таблетки со сода бикарбона, за пациентите да можат правилно да ја дозираат количината. Делува така што го неутрализира вишокот желудочна киселина, но и го алкализира организмот.rn

    3. Мед

    rnПилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?rnrnОсвен ако сте алергични, медот може да помогне да ја смирите кашлицата и болките во грлото. Можете да го консумирате самостојно, но и во чај или млеко. Многу од комерцијалните сирупи против кашлица се базирани токму на медот.rn

    4. Лак за нокти

    rnПилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?rnrnМожеби никогаш не сте ни претпоставиле, но лакот за нокти може да помогне кога ќе ве касне инсект. Нанесете тенок слој врз каснатото место, за да спречите иритација и чешање.rn

    5. Маслиново масло

    rnПилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?rnrnМногумина го препорачуваат загреаното маслиново масло како лек за болки во увото, а има и такви кои го испробале и тврдат дека делува. Сепак, наш совет за во вакви ситуации е да не експериментирате, туку веднаш да одите кај лекар доколку имате болка во увото.

  • Како да откриете дали медот е природен или вештачки?

    Како да откриете дали медот е природен или вештачки?

    Лесната достапност на медот на пазарот поставува прашања за неговиот квалитет, па од голема помош е да ја познавате разликата помеѓу вистинскиот и вештачкиот производ. Иако е важно да знаете дека само со детална анализа можете да го проверите вистинскиот состав на медот, сепак постојат и некои тестови кои помагаат да го откриете потеклото на овој најприроден извор на здравје.rnrn2-10-nachini-koi-kje-vi-pomognat-da-otkriete-dali-medot-e-priroden-ili-lazhen-www.kafepauza.mk_rnrn1. Читањето на составот на задната страна од теглата мед е првиот чекор кој помага при изборот на квалитетен, чист мед кој во себе не содржи никакви адитиви. Односно, производителите мора да го назначат составот на медот и неговиот процент во количината.rnrn2. Природниот мед не е леплив. Овој тест можете да го направите така што ќе го протриете медот меѓу прстите. Ако е вистински, тој би требало да се впие во кожата. Ако масата со триењето стане леплива, тој содржи шеќер и вештачки засладувачи.rnrn3. Ставете неколку лажици мед во некој сад, а потоа загрејте го на највисоката температура во микробрановата печка. Вистинскиот мед ќе се карамелизира, додека вештачкиот ќе стане пенест и преполн со меурчиња.rnrn3-10-nachini-koi-kje-vi-pomognat-da-otkriete-dali-medot-e-priroden-ili-lazhen-www.kafepauza.mk_rnrn4. Неколку капки мед на тоалетна хартија, исто така ја открива чистината на составот. Односно, доколку медот после некое време не ја пробие хартијата, значи дека е чист. Од друга страна пак, оној кој содржи вода во својот состав ќе ја пробие хартијата за само неколку секунди.rnrn5. Трикот со кој пчелите се служат во одбрана од непожелен гостин во својата кошница, како што се мравките, е сигурен тест за исправноста на медот. Затоа треба да ставите малку мед во близина на мравките и доколку е природен, тие ќе го заобиколат.rnrn6. Водата помешана со чист мед е најлесен индикатор за составот на медот, односно чистиот мед во водата ќе се згрутчи и ќе падне на дното од чашата, додека вештачкиот ќе започне да се топи.rnrn7. Боцкање во устата и чувство на запален јазик предизвикува само чистиот, природен мед, додека вештачкиот нема таков ефект на непцето.rnrn1-10-nachini-koi-kje-vi-pomognat-da-otkriete-dali-medot-e-priroden-ili-lazhen-www.kafepauza.mk_rnrn8. Намачкајте го медот на парче леб. Под чистиот мед лебот ќе стане тврд, додека лажниот ќе ја навлажни површината, секако заради големата количина вода во својот состав.rnrn9. Помешајте малку мед со жолчка јајце. Ако медот е чист, кога ќе ја изматите жолчката, ќе изгледа како да е зготвена.rnrn10. Чистиот мед со тек на време се кристализира, а лажниот и после долго користење го задржува течниот состав како сируп.rnrnЛимонот и медот содржат антиоксиданси, имаат антибактериски својства и го зајакнуваат имунитетот. Погледнете ги сите предности на комбинацијата од мед и лимон.