КАФЕ ПАУЗА

Tag: мед

  • Медот во кујната

    Медот во кујната

    Медот денес е многу повеќе од засладувач во чај. Модерните гурмани знаат дека употребата на медот во современата кујна е сè позастапена и шаренолика. Во комбинација со сирење и модар патлиџан, месо и риба, медот е додаток кој ако досега не сте го употребувале, време е да почнете. Погледнете неколку идеи како да го употребите медот во кујната:rn

    Грашок и шумски мед

    rnМедот во кујнатаrnrnСалата со млад грашок, рен и шумски мед.rn

    Пржен модар патлиџан со багремов мед

    rnМедот во кујнатаrnrnПржените кришки модар патлиџан се толку вкусни и претставуваат одлична заскуска. Во комбинација со багремовиот мед, може да бидат одличен избор за необичен ручек.rn

    Мувлосано (сино) сирење со мед од костен

    rnМедот во кујнатаrnrnБогатиот вкус на синото сирење одлично ќе се надополни со вкусот на медот од костен.rn

    Фуа-гра (џигер од патка) со мед од лаванда

    rnМедот во кујнатаrnrnДва француски специјалитети кои дефинитивно одат едно со друго. Уникатниот вкус на џигерот од патка го ублажува слаткастиот вкус на медот од лаванда.rn

    Чедар кашкавал со мед од липа

    rnМедот во кујнатаrnrnСилниот вкус на кашкавалот одлично се надополнува со мекиот и нежен вкус на медот од липа.rn

    Стапчиња јагнешко со овошен мед

    rnМедот во кујнатаrnrnМесо и мед е неодолива комбинација, а со овошниот мед се добива неверојатен вкус.rn

    Козјо сирење со мед од костен

    rnМедот во кујнатаrnrnМедот и сирењето прават моќна двојка. Овие два производи секогаш одат во пар.rn

    Скуша со планински мед

    rnМедот во кујнатаrnrnСилниот вкус на мрсната риба скуша, зачинета со сос од лимонов сок, соја сос и планински мед е одлична комбинација за незаборавен ручек.rnrnПокрај во кујната, медот можете да го употребите и како козметичко средство за разубавување и лекување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Девојки слатки како мед

    Девојки слатки како мед

    Откако ги почестивме момците со една галерија од прекрасни девојки прелиени со чоколадо, време е за нова тура слатко задоволство. Исплакнете си ги очите со овие медени девојки.Девојки слатки како медДевојки слатки како медДевојки слатки како медДевојки слатки како медДевојки слатки како медДевојки слатки како медДевојки слатки како медДевојки слатки како медДевојки слатки како медДевојки слатки како медДевојки слатки како медДевојки слатки како медДевојки слатки како медДевојки слатки како медДевојки слатки како мед

  • Совети за совршен маникир

    Совети за совршен маникир

    Негувани раце и чисти средени нокти се последица од секојдневните ритуали кои жените ги прават. Ваквиот изглед е очекуван и делува лесен за постигнување, но потребни се време и вештини за да биде секогаш беспрекорен. Погледнете неколку брзи и лесни совети за совршен маникир, кои веднаш можете да почнете да ги практикувате.rnrn1. Не откажувајте се од непотрошеното шишенце со лак во црвена боја. Комбинирајте две нијанси и креирајте нов лак. Земете лак од изминатата сезона или некој што одамна не го користите, претурете го во новиот, ставете малку проѕирен и протресете. Ете ви нов лак со уникатна и шик боја.rnrnСовети за совршен маникирrnrn2. Дајте им шик, младешки изглед на вашите нокти со поставување на светки или украсни токи врз неисушен лак или пак мали парченца тантела.rn

    3. За да ви стои лакот подолго време, обрнете поголемо внимание на врвовите на ноктот. Нанесете два слоја лак и потоа поминете со четкичката по работ на ноктите.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    4. Секогаш нанесувајте лак по следниов редослед: еден слој безбоен лак за основа, два слоја лак во боја, еден завршен слој безбоен лак за финиш.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    5. Наместо бели и розови тонови, кога правите француски маникир, пробајте со потемни, воочливи бои. Сина и портокалова комбинација на бои за француски маникир е одлична идеја.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    6. Ако вашите нокти се обоени со тонови на месо боја, тоа ги прави вашите раце издолжени. Одбирајте розеникави нијанси ако имате светол или среден тен, а земјени тонови доколку вашата кожа е темна.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    7. Ако одите во козметички салон и не сакате да ги користите лаковите од салонот, донесете си ваш лак и побарајте со тој да ви направат маникир. Вака, дури ќе можете и да си го поправите подизлупениот лак подоцна.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    8. За да го спречите кршењето и сушењето на ноктите и создавањето на кутикули околу нив, масирајте ги со масло од капсула витамин Е.

    rn

    9. Помешајте мед и шеќер и со смесата тријте ги рацете и ноктите. Така тие ќе станат меки, мазни и нежни.

    rn

    Совети за совршен маникир

    rn

    10. Осветлете ги вашите природни нокти со мало триење на ноктите со памукче натопено со хидроген. Тоа ќе ви помогне во отстранувањето на жолтеникавите наслаги кои се создаваат од цигарите и од темните лакови кои ги користите.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како поинаку да го употребите медот?

    Како поинаку да го употребите медот?

    Медот е најстариот трик за убавина. Уште во далечното минато, Клеопатра се бањала во млеко и мед за да ѝ даде мекост на својата кожа, а Попеа, жената на римскиот император Нерон, со медот го одржувала својот младешки изглед. rnrnИ денеска медот се користи за повеќе намени, а најдоброто е што е евтин и го има буквално секаде. Сепак, секогаш треба да се внимава тој да е органски, без никакви адитиви, а пчелите кои го создале да не биле изложени на пестициди и вештачки ѓубрива. Еве неколку интересни употреби кои некогаш можат да ви бидат корисни.rnrnКако поинаку да го употребите медотrn

    Замена за хидратантен крем

    rnМедот е природен хидратант, што значи дека ја привлекува и задржува влагата, па така, иако лепливо, сепак претставува одлично решение за сува кожа. Доколку сакате природна маска за лице, можете да измешате 2 лажички стопен мед со 2 лажички јогурт. Смесата нанесете ја на лицето и почекајте 15 минути. Потоа измијте се само со вода.rnrnКако поинаку да го употребите медотrn

    Гел против акни

    rnМедот помага и за обновување на мртвите клетки на кожата, бидејќи е полн со антиоксиданси кои помагаат во борбата со оштетената кожа. Исто така, медот има антимикробни својства, што значи дека ги чисти затнатите пори, не дозволувајќи создавање на акни.rn
    rn

    Омекнувач за коса

    rnМедот е добар за косата од истите причини поради кои е добар за кожата. Во една чаша измешајте 3 големи лажици мед и една лажица маслиново масло. Смесата нанесете ја на вашата коса и оставете ја 20 минути. Потоа убаво измијте ја вашата коса, а по сушењето таа ќе биде мека и свиленкаста како никогаш досега.rnrnКако поинаку да го употребите медотrn

    Лекувач на рани

    rnСо векови наназад медот бил користен како лекувач на рани. Токму поради антимикробните и хидратантните својства, медот може да и помогне на кожата побрзо да закрепне.rn
    rn

    Освежувач на здив

    rnЗагрижени сте за вашиот здив? Во чаша со вода ставете една лажица со мед, a опционално додадете цимет и процедете лимон. Потоа направете гаргара. Исто така за сладок и свеж здив, секогаш кога пиете чај додавајте една лажичка мед.rnrnКако поинаку да го употребите медот
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn