КАФЕ ПАУЗА

Tag: мебел

  • Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде…

    Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде…

    Компанијата „Woouf“ од Барселона, Шпанија дошла до интересна идеја да дизајнира оригинална колекција персонализирани перници за седење. Тие фантастично би се вклопиле во сечиј дом, дури и кога би немале никаква улога на мебел.rnrnПијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...rnrnДоколку имате музичко студио или едноставно ја сакате музиката, можете вашата просторија да ја направите многу интересна, доколку си набавите перница која изгледа како пијано, звучник или вуфер. Ако сте голем гурман и сакате да го потенцирате тоа пред вашите пријатели, едноставно купете си хамбургер или еден помфрит и седнете на него. Доколку пак обожавате да патувате, одберете си го куферот кој најмногу ви се допаѓа и седејќи на него, размислувајте каде ќе одите на патување. Има и фотоапарат, на кој можат да седнат љубителите на добрата фотографија.rnrnПијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...rnrnОвие дотерани перници, наполнети со морска пена и изработени од многу издржлив материјал, не само што претставуваат место плус за седење во вашиот дом, туку прават секој дизајн на столче да изгледа толку досаден во споредба со нив, гледајќи ги само на фотографии. Нивната оригиналност, ќе го задоволи вкусот на возрасните, исто колку што и на помалите деца. Цената на комфорниве пернички варира од 90 до 275 евра.rnrnПијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Клупа „обесена“ на балони

    Клупа „обесена“ на балони

    Клупа што виси на балони… Радост за секое дете. Овој креативен дизајн е производ на основачот на дизајнерското студио h220430, Сатоши Итасака. Тој е јапонски дизајнер кој за оваа работа бил инспириран од францускиот филм Le Ballon Rouge.Клупа „обесена“ на балониВреме е да ви ја откриеме мистеријата. Клупата секако не ја држат црвени надувани балони. Тие се всушност прицврстени за таванот и на тој начин создаваат илузија како клупата да лебди во воздухот.Клупа „обесена“ на балониЗгора на сè, балоните се и лустери, па во темница, ова парче мебел изгледа волшебно.Клупа „обесена“ на балониОваа клупа одлично би се вклопила во вистинската летечка куќа како во филмот „Up“.rnКлупа „обесена“ на балони
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 7 правила во уредувањето кои можат да се прекршат

    7 правила во уредувањето кои можат да се прекршат

    Убедени сте дека малиот простор треба да го бојадисате во бела боја? Мебелот во дневната треба да биде во еден стил? Прочитајте кои правила може да се прекршат кога станува збор за уредувањето во домот.rn.rn

    1. Старо правило: Употребувајте само еден вид дрво во собата

    rn

    7 правила во уредувањето кои можат да се прекршатНово правило: Сите видови дрво кои се согласуваат во боите одлично изгледаат во една соба. Мешањето повеќе видови дрво во една просторија може да ја направи просторијата забавна и да ù даде личен печат.rn.

    rnrn

    2. Старо правило: Најважниот мебел во собата е софата

    rn

    7 правила во уредувањето кои можат да се прекршатНово правило: Не постои такво правило кое кажува дека во собата мора да има софа. Четири фотелји успешно можат да ја заменат софата и просторијата да изгледа разиграно и топло.rn.

    rnrn

    3. Старо правило: Играјте на сигурно во мали простории

    rn

    7 правила во уредувањето кои можат да се прекршатНово правило: Малите простории се одлични за драматично уредување. Тапети со големи принтови се одличен избор за ѕидовите на малите соби. Драматичното уредување во помалите простории, како ова со тапетите е поевтино и полесно.rn.

    rnrn

    4. Старо правило: Детските цртежи треба да се декор само за фрижидерите

    rn

    7 правила во уредувањето кои можат да се прекршатНово правило: Врамете ги цртежите на децата и закачете ги на ѕидовите од собата. Тие на просторијата ќе ù дадат свежина, боја и хармонија. Тие се полни со дух и длабоко значење.rn.

    rnrn

    5. Старо правило: Мебелот во собата треба да биде во ист стил

    rn

    7 правила во уредувањето кои можат да се прекршатНово правило: Ако во просторијата умешно ги споите бојата, текстурата и различните видови мебел, имате добитна комбинација на која рокот на траење ù е подолг. Додатоците кои ќе ги вметнете на просторијата нема да дозволат собата да биде тематска.rn.

    rnrn

    6. Старо правило: Во мала спална соба, употребете помали парчиња мебел

    rn

    7 правила во уредувањето кои можат да се прекршатНово правило: Малите парчиња мебел уште повеќе ќе го нагласат малиот простор на спалната соба. Пробајте да искомбинирате кревет со висок душек и висока дрвена табла. Така, малата спална соба ќе биде поголема.rn.

    rnrn

    7. Старо правило: Масата и столчињата во трпезаријата треба да бидат во еден стил

    rn

    7 правила во уредувањето кои можат да се прекршатНово правило: Мешајте стилови кои меѓусебе се совпаѓаат. Купете дрвена маса и столчиња со различни дезени и форми, но сепак и тие нека бидат дрвени.

    rn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • „Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови

    „Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови

    Ова е најверојатно најинтересниот мебел кој некогаш сте го виделе. Навистина е освежувачки да се види толку добро изработен мебел, кој истовремено е уникатен и дизајниран по ваша желба. Тој е изработен од компанијата „Straight Line Designs“, лоцирана во канадската покраина Британска Колумбија, која може да ви го создаде секое парче мебел кое може да го замисли вашиот ум.„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови„Straight Line Designs“ е една фантастична работилница која функционира одлично во последниве 25 години. Дизајнерот Џадсон Боумант и неговиот осумчлен персонал, имаат конструирано мебел со многу „откачен“ дизајн, кој потсетува на мебелот кој сме го гледале во цртаните филмови.„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмовиОсвен неверојатно креативните парчиња кои ги гледате на сликиве, персоналот на оваа компанија, изработува и мебел по нарачка на саемот за деца, како и мебел специјално дизајниран според потребите на јавните институции ширум светот.„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмовиПосветено на добар квалитет и уникатен дизајн, студиото на Џадсон се држи настрана од масовното производство.„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмовиМораме да признаеме дека резултатот од нивната работа е фантастичен, какви што впрочем се и дечињата, кои дефинитивно би скокале од радост доколку нивните родители им ја уредат детската соба со ваква уникатна уметност, а колку е интересен, веруваме дека и на возрасните воопшто не би им „пречел“.„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови„Откачен“ мебел инспириран од цртаните филмови
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Гламурозен мебел со кристали од Сваровски

    Гламурозен мебел со кристали од Сваровски

    Кога станува збор за луксуз, германскиот производител Bretz дефинитивно го има клучот за успехот.Гламурозен мебел со кристали СварофскиОваа колекција е направена според традиционален дизајн на мебел, но изработен е со специфични материјали.Гламурозен мебел со кристали СварофскиБојата на мебелот е многу несекојдневна, златно-жолта, која ви дава чувство како да живеете во некое луксузно кралство.Гламурозен мебел со кристали СварофскиРачно изработени и обвиени со кожа, софата, долгата табуретка, фотелјата, столот и кружното столче, не само што блескаат како сонцето и внесуваат гламур во дневната соба, туку се и украсени со парчиња кристали од Сваровски. Ногарките се многу елегантни и совршено се вклопуваат во целокупниот луксузен дизајн.Гламурозен мебел со кристали СварофскиОвие парчиња мебел зрачат со дрскост, имаат карактер и дефинитивно не се ниту минималистички, ниту неодредени во стилот. Овој мебел не е за сечиј вкус, но доколку сите луѓе би сакале исти работи, тогаш светот би бил многу досадно место, нели!? Гламурозен мебел со кристали СварофскиТеатралната ексцентричност на овој златен мебел е направена со вкус и со сигурност ќе му се допадне на секој оној кој сака домот да му изгледа елитно и кралски.Гламурозен мебел со кристали СварофскиОние „поскромните“, можат да го одберат истиот мебел во бела или црна боја. Кристалите секако ги има и во тие варијанти на бои.Гламурозен мебел со кристали СварофскиГламурозен мебел со кристали Сварофски

  • Дневна соба од автомобилски делови

    Дневна соба од автомобилски делови

    Андреј Сапирежински и Лукаш Сјодомок од студиото за дизајн LA во Полска направиле неверојатно уникатен мебел од автомобилски делови. Најновата колекција „Духот на 427“ се базира на браници, отвори за гориво, светла и кожа од Бентли и Ферари од 60-тите години. Од овие делови се направени софа, фотелја, масичка за кафе, работно биро и ламба. Секако, сиот мебел е рачно изработен од оригинални автомобилски делови, а инспирација за оваа колекција е AC Cobra 427.rnrnДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиrnrnИако необична, оваа дневна соба е дизајнирана со вкус, без да изгуби од својата практичност. Мора да се признае дека ова е освежувачки пристап во внатрешното уредување.rnrnДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски деловиДневна соба од автомобилски делови
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 домаќински трикови за блескав дом

    15 домаќински трикови за блескав дом

    Навистина е тешко да се одржува еден дом беспрекорно чист и уреден. Уште потешко е ако не сте домаќин/ка и не знаете да се справите со извалканиот килим, замачканите прозорци, дрвениот мебел кој нема сјај и што ли уште не. Следуваат 15 совети кои ќе ви го олеснат домаќинскиот живот.rn
    rn

    Како да ги исчистите жолтите дирки на вашето пијано?

    rnМожеби ќе ви звучи чудно, но ако ставите малку мајонез на дирките и оставите така да постојат 2-3 минути, а потоа ги исполирате со мека и чиста ткаенина, тие повторно ќе ја добијат својата природна бела боја.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како едноставно да го кренете јајцето кое ви паднало на подот?

    rnАко не сакајќи ви падне живо јајце на кујнскиот под и не знаете како да се справите со нередот – не грижете се, имаме решение за вас! Истурете сол врз јајцето на око кое требаше да биде ваш оброк и оставете така да стои 20-тина минути. Потоа лесно ќе можете да го исчистите.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да ги отстраните дамките од црвено вино?

    rnНа секој може да му се случи да му се истури црвено вино на тепихот. И тогаш сите ги фаќа паника дека дамката нема никогаш да се исчисти. Нема потреба од тоа. Најпрво со некое памучно крпче впијте го вишокот вино. Потоа врз црвената дамка истурете сол, оставете да делува 5 минути и на крајот исплакнете со студена вода. Ако е потребно, повторете ја постапката додека не се исчисти дамката.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да ги дезинфицирате детските играчки?

    rnДецата си играат буквално низ секое ќоше од домот и нивните играчки се полнат со безброј бактерии. За да го заштитите вашето дете, внуче, братче или сестриче од разни инфекции, измешајте 4 супени лажици сода бикарбона во 950 мл вода и со добиениот раствор избришете ги играчките.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го спречите капењето восок од свеќите?

    rnСите сакаме за некоја посебна пригода да ставиме елегантна свеќа на трпезата која ќе создаде убава атмосфера за присутните гости, меѓутоа домаќинот воопшто не е среќен кога ќе ги види восочните капки врз омилениот чаршав. За да го спречите ова, ставете ги свеќите да седат во солена вода  неколку часа и оставете ги целосно да се исушат пред да ги запалите.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Со што да го чистите вашиот мебел за да блеска?

    rnПромешајте зејтин и лимонов сок во однос 2:1 и со добиената течност исполирајте го вашиот дрвен мебел и тој ќе свети.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да отстраните лепенки и етикети со цена?

    rnПотопете крпа во оцет и притиснете ја на налепницата неколку секунди. Тргнете ја крпата и етикетата би требало да се отстрани со лесно повлекување.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го вратите сјајот на вашите бакарни садови?

    rnБакарот потемнува и потоа не изгледа добро, а со следниве трикови ќе успеете да му ја вратите свежината. Наполнете шише со прскалка од пола литар со раствор од загреан бел оцет и 3 супени лажици сол и испрскајте ги бакарните предмети. Оставете го растворот кратко да делува и потоа избришете.15 домаќински трикови за блескав домЗа да блескаат вашите бакарни садови, на една памучна крпа сипете кечап, премачкајте ги и оставете ги така една минута, а потоа исполирајте ги и исплакнете ги со вода. Киселината која ја содржи кечапот ќе помогне да ги отстраните дамките и да го вратите бронзениот сјај.rn
    rn

    Како да ја отстраните рѓата од славината на чешмата?

    rnПотопете крпа или тоалетна хартија во бел оцет, замотајте ја чешмата со неа и оставете ја да делува 25 минути. Отстранете ја крпата, избришете ја чешмата и рѓата ќе исчезне.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го отстраните бигорот кој се насобрал на вашиот туш?

    rnВодата содржи бигор и често се случува да се затнат дупчињата на тушот, кој притоа нема да испушта силен млаз. За да го исчистите вашиот туш, во поголемо тенџере загрејте бел оцет (не треба да зоврие) и ставете го тушот во него да седи 1 час. Потоа исплакнете и мисијата е завршена.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Со што најубаво ќе ги исчистите вашите прозорци?

    rnИзмешајте еднакви количества вода и бел оцет во шише со прскалка и со подготвениот раствор испрскајте ги прозорите. Со крпа која не испушта влакненца или уште подобро со весник, избришете ги прозорите и тие ќе бидат идеално блескави.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го вратите сјајот на алуминиумските садови?

    rnЗапочнете со тоа што ќе излупите две јаболка. Ставете ги лушпите во алуминиумскиот сад кој сакате да го исчистите и во него сипете вода за да се покријат. Варете ја водата со лушпите неколку минути, сè додека не забележите дека нечистотијата од дното на садот почне да се вади. Тргнете го садот од рингла и оставете водата да се олади. Потоа измијте го садот, избришете го и ќе можете да се огледувате во него. 🙂15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да ги отстраните масните дамки?

    rnИмате мрсна дамка на вашиот омилен килим? Еве совет кој можеби ќе ви помогне да ја исчистите: во 70% алкохол ставете сол во сооднос 4:1. Со подготвената смеса бришете ја дамката во насока на влакната на тепихот. Оставете да се исуши и со правосмукалка вшмукајте ја солта која ќе остане на тепихот.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да го неутрализирате чудниот мирис во машината за миење садови?

    rnНајпрво извадете ги сите садови од машината. Потоа наполнете ја фиоката за детергент со сода бикарбона и пуштете ја машината да работи на празно. Непријатниот мирис ќе исчезне.15 домаќински трикови за блескав домrn

    Како да ги заштитите вашите балконски столици од напукнување?

    rnАко столиците во вашиот двор се направени од ратан или од уште послаб мебел, на едно меко чисто крпче сипете растително масло и премачкајте ги за да бидат блескави и еластични.rn15 домаќински трикови за блескав дом
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Мебел направен од карбонски влакна

    Мебел направен од карбонски влакна

    Овој необичен мебел е направен од Питер Дондерс од Белгија. Неговите модели C-Bench и C-Stone изгледаат како 3-D шкрабаници, на кои можете да седите и лежите, а најинтересно е тоа што најверојатно никогаш нема да се оштетат.rnМебел направен од карбонски влакнаТоа е така бидејќи карбонските влакна се ултра силен материјал, кој се користи за изработка на многу нешта, од автомобили до вселенски бродови.rnМебел направен од карбонски влакнаМебел направен од карбонски влакнаДвата модела тежат по околу шест килограми и се направени во ограничен број.rnМебел направен од карбонски влакнаМебел направен од карбонски влакна

  • Куќа на тркала

    Куќа на тркала

    Што би рекле за возило во кое би можеле да живеете и комотен живот?Куќа на тркалаA-cero е архитектонско студио кое има дизајнирано вакво возило, односно куќа на тркала наречена RV. Куќата е комотна и модерна, опремена со сите работи кои ги има во секој дом.Куќа на тркалаКуќа на тркалаМебелот е направен од коријандиран материјал кој се вклопува во целокупниот дизајн. Мобилната куќа RV е дизајнирана така за да овозможи движење низ неа со стил и оптимален комфор. Куќа на тркалаКуќа на тркалаКуќа на тркалаКуќа на тркалаВоодушевувачкиот дизајн, прекрасниот комфорен мебел и мини гаражата го прават RV  врвен мобилен дом. Куќа на тркала

  • Неколку начини да го искористите пивото, освен за пиење

    Неколку начини да го искористите пивото, освен за пиење

    Пиво – пијалак кој е обожуван и од жените и од мажите.rnrnrnrnЕве неколку начини како да го употребите пивото во секојдневното живеење, ако не го пиете.rn

    Полирање на мебел и покуќнина

    rn

    Замислете колку би било поинтересно ако чистите по дома со пиво. Тогаш, домашните обврски нема да ви претставуваат потешкотија, нели? Пивото е одлично за полирање на дрвенарија. Тоа на дрвото му дава сјај и здрав изглед.

    rnrn

    Купка од пиво

    rnСон на секој маж. Во полна када со топла вода, ставете неколку конзерви пиво. Верувале или не, ова е одлично за вашата кожа, ако се земе предвид дека квасецот е основна состојка во пивото. Тоа ја измазнува кожата и ја прави сјајна.rn

    Маринада

    rnБифтекот ќе биде многу посочен ако еден ден отстои во маринада од пиво. Не само што месото ќе биде повкусно, туку и многу меко.rn

    И помага на тревата да расте побрзо

    rnСтавете малку пиво на оние места од вашиот тревник кои се исушени и со кафена боја. Тревата ќе ги апсорбира хранливите материи и шеќерот и ќе порасне побрзо.rn

    Уништува полжави и штетници

    rnНаполнете една конзерва со 1/4 пиво. Конзервата закопајте ја во земјата во вашата градина. Штетниците ќе се опијат од мирисот и ќе се удават.rn

    Стапица за глувци

    rnНаполнете една кофа со евтино пиво. До кофата ставете една штица како би можеле глувците да се искачат до кофата. Тие ќе се намамат од миризбата и ќе се удават во кофата со пиво.rn

    Го смирува стомакот

    rnОва ќе ви се допаѓа најмногу. Седнете и напијте се пиво. После кратко време, вашите болки во стомакот ќе се смират. Алкохолот ќе ја намали болката. Важно: Овој совет не го земајте предвид ако имате гастритис или чир.rn

    Полирање на злато

    rnНамокрете парче ткаенина со пиво и почнете да го триете парчето злато (прстен, синџирче, брош) додека не видите дека почнува да сјае. Ова не го употребувајте ако има вметнати скапоцени камења во накитот.rn

    Гответе со пиво

    rnВо пиво можете да готвите ракчиња. Тие ќе ја задржат нивната свежина и ќе бидат крцкави.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.