КАФЕ ПАУЗА

Tag: мебел

  • Прекрасни уникатни маси низ кои течат реки и езера

    Прекрасни уникатни маси низ кои течат реки и езера

    Автор: Сања ПетровскаrnrnИмагинацијата и креативноста кај некои луѓе едноставно немаат граници. Понесени од многуте идеи кои им се вртат низ глава, уметниците успеваат да создадат неверојатни работи кои постојано нѐ изненадуваат и воодушевуваат.rnrn1-prekrasni-unikatni-masi-niz-koi-techat-reki-i-ezera-kafepauza.mkrnrnГрег Класен се занимава со изработка на единствени парчиња мебел познати под името „Речна колекција“. Неговите изработки претставуваат уникатни дрвени маси низ кои поминува рачно исечено парче стакло кое создава речен или езерски ефект. Парчето стакло милиметарски точно се поклопува со дрвената конструкција, а за целата изработка од почеток до крај е задолжен самиот тој. Посебно значење во неговата работа има соработката со локалната пилана од каде го добива дрвото во сурова форма, така добивајќи можност да ги искористи неговите природни шари и облици. Работата на Класен всушност е резултат на спојот од дизајнирање на мебел и уметност.rnrn2-prekrasni-unikatni-masi-niz-koi-techat-reki-i-ezera-kafepauza.mkrnrnСекој кој сака да поседува една од овие единствени маси, тие може да се нарачаат директно од неговиот веб-сајт. Достапни се во сите големини и облици така што би можеле совршено да ги вклопите во вашиот ентериер.rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животни кои ја изгубиле битката со мебелот во домот

    Животни кои ја изгубиле битката со мебелот во домот

    Кога го уредуваме домот, купуваме мебел кој одговара на човековите потреби. Тоа понекогаш значи дека тој може да не е баш соодветен за љубопитноста на домашните миленици. Мачките сакаат да се пикаат на претесни места, а кучињата знаат да се заглават на многу смешен начин и наеднаш да ја изгубат грациозноста во нивното држење. Како и да е, сопствениците на домашни миленици се секогаш тука да го фатат сеирот, да им помогнат да излезат, и секако, претходно задолжително да го овековечат овој смешен момент.rnrnЖивотни кои ја изгубиле битката со мебелот во домотrnrnУживајте во галеријата смешни фотографии од домашни животни, кои борејќи се со разни парчиња мебел во домот, не успеале да победат. :)rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Забавен мебел за вашите домашни миленичиња

    Забавен мебел за вашите домашни миленичиња

    Ги уредуваме нашите домови, често заборавајќи на потребите на нашите миленици. За среќа, постојат креативни парчиња мебел кои лесно можат да се вклопат во ентериерот на секој дом, а притоа им овозможуваат забава на животните додека истовремено се корисни за луѓето.rnrnЗабавен мебел за вашите домашни миленичињаrnrnШто би избрале за вашиот миленик? Куќа-тврдина за вашето куче, модерна цевка за вашата риба или цело игралиште за вашите мачки?rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Целосна соба спакувана во една кутија

    Целосна соба спакувана во една кутија

    Можеби звучи невозможно, но компанијата „Casulo“ создала кутија од која можете да распакувате цела соба. Од оваа кутија излегува работно биро, плакар, кревет, полица, две табуретки, столче и креденец со фиоки.rnrnЦелосна соба спакувана во една кутијаrnrnЗасега овој изум останува само концепт, но во блиска иднина сигурно би го нашол своето место на пазарот.rnrnЦелосна соба спакувана во една кутија Целосна соба спакувана во една кутија Целосна соба спакувана во една кутија Целосна соба спакувана во една кутија Целосна соба спакувана во една кутија Целосна соба спакувана во една кутија Целосна соба спакувана во една кутија Целосна соба спакувана во една кутија Целосна соба спакувана во една кутија
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско?

    Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско?

    Добро работно место во коешто ќе уживате, во денешно време не подразбира само имањето интересни проекти, фин шеф и дружељубиви колеги. Сè повеќе и повеќе големи компании, а сега и Твитер, им овозможуваат на нивните вработени динамична работна атмосфера, која е визуелно примамлива и истовремено придонесува за зголемување на продуктивноста и ефикасноста.rnrnКако изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско?rnrnЛоцирана во Сан Франциско, глобалната централа на Твитер е составена од два ката кои се во склоп на историска зграда во арт-деко стил, изградена во 1937 година. Канцелариите на Твитер ги направила компанијата IA Interior Architects, во соработка со Lundberg Design.rnrnКако изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско?rnrnОсветлените, отворени работни средини и групни простории, колоритните ѕидови и убавиот мебел, во кој е вклопена и препознатливата сина боја на социјалната мрежа, ги мотивира вработените и им влева креативност. Освен можноста секој ден да уживаат во шармантното работно место, вработените во овие канцеларии исто така имаат и пристап до студио за јога, фитнес просторија, соба за видео игри, како и голема кафетерија и огромна градина на кровот.rnrnКако изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Хармонично и удобно уреден стан во Бразил

    Хармонично и удобно уреден стан во Бразил

    Овој колоритен и разигран стан се наоѓа во Бело Хоризонте, Бразил. Зградата е проектирана од Оскар Ниемајер, а предизвикот да го среди апартманот го презела Гислене Лопез. Таа успеала на ова место за живеење да му даде карактер, мешајќи огромен број бои и текстури, кои совршено се надополнуваат една со друга.rnrnХармонично и удобно уреден стан во Бразил rnrnСтанот зрачи со топлина и удобност, а секое парче мебел создава хармонична атмосфера. Уште една одлична карактеристика на ова место се огромните прозорци, низ кои може да се ужива во прекрасниот поглед кон градот.rnrnХармонично и удобно уреден стан во Бразил Хармонично и удобно уреден стан во Бразил Хармонично и удобно уреден стан во Бразил rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уредете го домот според хороскопскиот знак

    Уредете го домот според хороскопскиот знак

    Дајте му душа на просторот во кој живеете со помош на советите од ѕвездите. Сакате дом полн со ситни спомени кој заличува на музеј или пак минималистичка едноставност и строги линии? Астрологијата може да ви помогне да го разубавите просторот во вашиот дом.rnrnРибите најмногу сакаат раскошна бања, ракот сака да го украси ѕидот со семејни фотографии, на бикот најважен му е креветот, близнакот мора да има модерни полици за неговиот телевизор, додека вкусот на лавот е луксузен, но некогаш и по малку кичест.rnrnuredete-go-domot-spored-horoskopskiot-znak-kafepauza.mkrn

    Овен – функционалност

    rnВо домот на овенот сè мора да биде добро средено и пристапно. Овој знак има смела смисла за дизајн, но нема трпение да се занимава со премногу детали. На неговата огромна енергија најмногу одговараат интензивни и светли бои, па ова е еден совет кој можат да го земат предвид при уредувањето на домот.rn

    Бик – удобност

    rnКаучот и креветот се најважни елементи од мебелот во домот за бикот. Квалитетот е на прво место. Кога бикот купува мебел за дома, сака да избира природни влакна кои создаваат попријатна и опуштена атмосфера. За биковите идеални се земјените бои, кои добро е да ги комбинираат со пролетните, а од материјалите сакаат кадифе и дрвени рамки. Доколку не користат некои стари парчиња мебел кои ги имаат во домот, треба да ги подарат некому наместо да го затрупуваат просторот со непотребни работи.rn

    Близнаци – комуникација

    rnНа близнаците комуникацијата им е на прво место, па затоа им е потребен модерен и мултифункционален мебел. Близнакот треба да се погрижи да има квалитетни и естетски ѕидни носачи или фенси полици за телевизорот и компјутерот, додека истовремено мора да си осигура супербрз интернет.rn

    Рак – фамилијарни мотиви

    rnНа раковите им се препорачува да украсат еден цел ѕид во дневната или во ходникот со врамени фотографии од своите роднини и семејството, како и со некои други спомени од минатото. Бидејќи тие се сентиментални души, некој ваков предмет ќе им значи многу повеќе отколку некое модерно парче мебел за кое сите зборуваат.rn

    Лав – луксуз

    rnЛавот секогаш ќе си го дозволи најдоброто што може. Овој знак гордо ќе си купува нови, атрактивни парчиња мебел за својот дом, и ќе обрнува внимание сето тоа убаво да изгледа, бидејќи постојано сака да ги воодушевува оние околу него. Заради потребата постојано да купуваат многу нови модерни ствари кои не одат најдобро една со друга, просториите на лавовите можат да бидат и по малку кичести. За нив идеални се топлите бои.rn

    Девица – ред и организација

    rnДевиците се најпознати по своето чувство за ред и дисциплина, што многу добро се гледа по нивните полици во домот. Тие ќе го искористат и најмалиот простор, но никогаш нема да зачуваат нешто што нема своја функција. Со добра организација и истенчен осет за естетика, тие се мајстори за примена на формулата: како со малку да направиш многу.rn

    Вага – декор

    rnЕстетиката им е многу важна на вагите, па тие се трудат да го украсат својот простор за живеење со предмети кои го одржуваат нивниот стил. Совет за припадниците на овој знак е да избегнуваат распродажби и купување на половни предмети. Домот на вагата е како уметничка галерија во која се изложени оригинали. Треба да употребуваат светли и провидни бои, како и метални и стаклени површини.rn

    Скорпија – приватност

    rnДомот е најдрагото место за скорпијата, па затоа најдобро е при уредувањето таа да користи мирни и потемни бои. Приватноста му е многу важна на овој хороскопски знак, па тие своите лични спомени сакаат да си ги чуваат во фиока. Доста се врзуваат со предмети и патат од прекумерно чување ствари, поради што треба повремено да прават селекција и да се ослободуваат од непотребното.rn

    Стрелец – прилагоденост

    rnВо идеална варијанта, благодарение на нивната практичност и ромска душа, домот на стрелецот е лесно пренослив, па селидбата за нив е лесна задача. Меѓутоа, знаат да се затрпаат со многу предмети кои сведочат за некои возбудливи моменти од нивниот живот. Најдобро би било да се обидат да ги организираат на начин кој ќе овозможи полесно одржување на домот, како не би се удирале на нив при секое поминување.rn

    Јарец – традиција

    rnЗа јарците традицијата е клучна. Тие својот простор сакаат да го декорираат со одбрани предмети кои ја одржуваат личната историја, вклучувајќи и дел од семејното наследство и винтиџ парчиња мебел кои во последно време се повторно во тренд. Бидејќи практичноста е една од нивните одлики, тие секогаш размислуваат за намената која некое парче мебел може да ја има, пред да решат да го фрлат, подарат или продадат.rn

    Водолија – еклектичност

    rnТие се познати по својата еклектична црта, па затоа не обрнуваат многу внимание на правилата кога е во прашање дизајнот, туку својот животен простор го уредуваат онака како што им одговара според нивниот вкус. На водолиите едноставно сè им е дозволено, па можат слободно да комбинираат принт со точки и пруги, како и сè друго што го одликува нивниот единствен вкус.rn

    Риби – едноставност

    rnНа рибите, како воден знак, најважен дел од домот им е бањата. Затоа тој дел треба да изгледа што пораскошно и поудобно за моментите кога им е потребен одмор и релаксација. Тие најчесто бираат простор кој диши и мами со својата удобност. Рибите се склони кон едноставни линии, заради што многу им е лесно да го одржуваат домот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Убави букви трансформирани во уникатен и елегантен мебел за домот

    Убави букви трансформирани во уникатен и елегантен мебел за домот

    Италијанскиот дизајнер Клаудио Ското изработил линија на карактеристичен мебел со специјален дизајн инспириран од најчесто употребуваните фонтови од страна на дизајнерите. Со неговата работа, тој ги пренесува овие фонтови од професионалниот во домашниот амбиент.rnrnУбави букви трансформирани во уникатен и елегантен мебел за домотrnrnНеговата линија наречена „Decor Type“ ги извлекува карактеристиките на буквите од листот и ги трансформира во функционални елементи за домот.rnrnУбави букви трансформирани во уникатен и елегантен мебел за домотrnrnСекое парче мебел содржи една или повеќе букви од фонтовите: Arial, Times New Roman, Garamond и други.rnrnЗа дизајнерите, луѓето кои имаат свој омилен фонт, или оние кои едноставно сакаат да бидат опкружени со букви и зборови, линијата на Ското ќе им овозможи да покажат впечатлив стил во домашното внатрешно уредување.rnrnУбави букви трансформирани во уникатен и елегантен мебел за домотУбави букви трансформирани во уникатен и елегантен мебел за домотУбави букви трансформирани во уникатен и елегантен мебел за домотУбави букви трансформирани во уникатен и елегантен мебел за домотУбави букви трансформирани во уникатен и елегантен мебел за домотУбави букви трансформирани во уникатен и елегантен мебел за домотУбави букви трансформирани во уникатен и елегантен мебел за домотУбави букви трансформирани во уникатен и елегантен мебел за домотУбави букви трансформирани во уникатен и елегантен мебел за домот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrnrn

  • Модерен фамилијарен стан во Словачка

    Модерен фамилијарен стан во Словачка

    Овој модерен стан се наоѓа во Бојнице, Словачка, а е дело на архитектонската куќа RULES Architekti. Големиот модерен апартман го карактеризираат просторноста и комфорот, а големиот простор е добиен со спојување на два помали станови.rnrnМодерен фамилијарен стан во СловачкаrnrnАпартманот има огромна отворена дневна соба, споена со трпезарија и кујна, а од неа се излегува и на огромниот балкон, од кој се гледа целиот град. Дрвениот ентериер е присутен насекаде низ апартманот што дава чувство на топлина. Во станот доминираат неколку бои: сребрена, бела, црна и кафена, а има и други, како сината, кои се искористени за да се разбие монотонијата.rnrnМодерен фамилијарен стан во Словачка Модерен фамилијарен стан во Словачка Модерен фамилијарен стан во Словачка Модерен фамилијарен стан во Словачка Модерен фамилијарен стан во Словачка Модерен фамилијарен стан во Словачка Модерен фамилијарен стан во СловачкаМодерен фамилијарен стан во Словачка

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сладок мебел од кој ќе ви се пријаде нешто благичко

    Сладок мебел од кој ќе ви се пријаде нешто благичко

    Дизајнерот Боги Чен е креатор на овој разигран, сладок мебел во облик на огромни слатки. Серијата ја нарекува „Sweeties“, а се состои од столчиња во форма на мали тортички и бисквит-маса. Комбинирајќи го својот ентузијазам за храна и познавањата од индустрискиот дизајн, Боги ги изработил овие „вкусни“ предмети со сразмерна големина. На столчето кое личи на колаче, му се прилагодува висината од 30 до 50 см, во зависност од потребите на корисникот. Растопениот фил на колачето и кремот во сендвич-колачето се направени од полиуретан.rnrnСладок мебел од кој ќе ви се пријаде нешто благичко Сладок мебел од кој ќе ви се пријаде нешто благичко Сладок мебел од кој ќе ви се пријаде нешто благичко Сладок мебел од кој ќе ви се пријаде нешто благичко Сладок мебел од кој ќе ви се пријаде нешто благичко Сладок мебел од кој ќе ви се пријаде нешто благичко Сладок мебел од кој ќе ви се пријаде нешто благичко
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.