Неодамна ИКЕА направи колекција од покуќнина за мачки, но нивната конкуренција од Јапонија не остана зад нив. Компанијата Okawa Kagu создала покуќнина за мачки со висок квалитет која е одличен начин да го разгалите вашето милениче.rnrn
rnrnЦелта на проектот е да се промовира Фукуока, област во Јапонија каде што професионалците специјализираат во традиционални изработки од дрво, стакло, покуќнина и прибор за јадење. Местото е дом на 150 фабрики за покуќнина и е центар на јапонската индустрија.rnrn
rnrnПокуќнината на Okawa Kagu е намалена реплика на вистинска покуќнина, па дури ќе биде изложена и во центарот за информации за туризам и ентериер. Цените на мебелот не се објавени, но можете да ја контактирате фирмата доколку ве интересира некое парче. Се разбира, немојте да ги фрлате кутиите ако порачате нешто, бидејќи веќе сигурно знаете дека мачките најмногу уживаат во нив.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
Tag: мебел
-

Минијатурна покуќнина за мачки од Јапонија
-

Ентериер исполнет со кадифе: Оставете впечаток на добар вкус, богатство и софистицираност
Кадифето во последните неколку години е ткаенина која владее со модните писти, а неодамна од таму се пресели и во нашите домови. Свилената ткаенина која пристигнала од далечниот исток, а популарноста ја стекнала во 14-тиот век, поминала легендарен пат од арапските земји до италијанските градови како што се Фиренца и Сицилија.rnrn
rnrnГламурозните кадифени парчиња мебел се елегантен начин за инстант софистицираност во вашиот дом. Кадифето е одличен начин да додадете луксузни вибрации во вашиот ентериер, но и богати тонови и текстури.rn1. Со кадифениот кревет секое утро и вечер ќе се чувствувате како вистинска кралица
rn
rn
rn2. Кадифениот кауч совршено ќе одговара на секоја просторија во вашиот дом
rn

rn3. Фотелјата од кадифе е идеална како ефективен детаљ во секоја просторија
rn

rn4. Кадифените перници се мали детали кои прават голема разлика
rn


-

Како визуелно да ги зголемите малите простории со помош на акрилниот мебел?
Денес акрилниот мебел стана најчеста алтернатива за дрвениот мебел и тоа токму поради својата едноставна, но специфична особина – проѕирен е! Овој вид материјал е претставник на поевтиниот избор на материјал за мебел, ја рефлектира светлината, го нагласува ентериерот и совршено се вклопува во секој дизајн од домот. Еден од квалитетите на акрилниот мебел е впечатокот дека зазема мал, скоро никаков простор. Токму неговата проѕирност го прави идеален за уредување на помалите простории кај кои овозможува максимизирање на секој дел од просторијата.rnrn
rnrnСекако, акрилниот мебел има и свои недостатоци. Проѕирноста, исто така, е недостаток, бидејќи и најмалата трага од прашина е видлива, а токму поради тоа бара редовно чистење. Акрилот е присутен во изработка на сите видови мебел, од помошна масичка, кујнски маси и столици, до канцелариски мебел. Иако е препорачлив во сите ентериери, на мебелот треба да му пристапите со внимание и добро да го комбинирате со веќе купените уреди, бидејќи тенка е границата помеѓу добриот вкус и ентериерот кој потсетува на дискотека кога станува збор за овој вид мебел.rn1. Масичка за во дневната соба од акрил
rn
rnrnАкрилниот мебел е сличен како стаклениот, а на просторот му дава елеганција и прозрачност. Прозрачноста на акрилот го зајакнува и овозможува остатокот од ентериерот да дојде до израз. Препорачуваме комбинација со занимлив теписон со столчиња од акрил, бидејќи текстурата и бојата на теписонот ќе останат видливи, а масичката ќе делува како да лебди во воздухот.rn2. Помошна масичка од акрил
rn
rnrnПомошната масичка е неопходна за секоја просторија. Ја користиме како место за ставање на шолјата кафе, списанијата или книгите, па сѐ до декоративните предмети како што се ламбите или вазните со цвеќе. Не зазема многу простор, а ако се одлучите за помошна масичка од акрил, иако може да делува невидливо во просторот, сепак ќе му даде една естетска вредност.rn3. Трпезариска маса
rn
rnrnПри уредувањето на кујната со акрилен мебел работите стануваат малку комплицирани. Иако на прв поглед делува како едноставен избор да купите маса и столици од акрил, можеби би требало да размислите за спојување на класичниот мебел со оној од акрил. Подобро одлучете се за класична дрвена маса на која ќе ѝ додадете доза модернизам со акрилни столици, или пак акрилна маса со која занимливите столици ќе дојдат до израз. Пуштете ја фантазијата, бидејќи постојат многу опции…rnrnПогледнете ги и овие креативни идеи што визуелно ги зголемуваат малите бањи. -

Лесно, брзо и едноставно: 10 начини да го освежите стариот бабин мебел
Ентериерите со ретро стил никогаш не излегуваат од мода, а воедно искористувањето на стариот, бабин мебел е еден од најевтините начини за стилско освежување на животниот простор. Со овие парчиња мебел можете да направите чуда.rnrn
rnrn1. Некои предмети или одредени делови од нив, оставете ги во изворната боја на дрвото и со малку „сирово“ обработена површина, а останатите парчиња мебел (или останатите делови) бојадисајте ги во која било нежна боја за помек впечаток или во некоја силна боја за динамичен контраст.rnrn
rnrn2. Сталажата од старата машина за шиење вообичаено се претвора во масичка, но можете да постигнете уште подобар ефект ако ја преселите во бањата и на неа вградите мијалник. Мијалникот нека биде во снежно бела боја, а сталажата бојадисајте ја во црна. Комбинацијата зачинете ја со црно-бели плочки.rnrn
rnrn3. Од стариот кујнски мебел направите шанк, а како противтежа ставете барски столици со современ дизајн и во многу изразена боја, така што судирот на традиционалното и модерното максимално ќе дојде до израз.rnrn
rnrnПродолжете на следната страница за да ги погледнете останатите идеи кои ќе ви помогнат да го освежите стариот мебел.rn -

3-те најдобри трикови за спречување на гребнатините на мебелот
Гребнатините можат да ја уништат естетиката на секое парче мебел во домот. Но, тоа не значи дека треба да се збогувате со сите дрвени површини како вашите омилени столици, ормани, комоди или трпезариски маси, бидејќи решението за нив се крие во овие едноставни и евтини трикови во вашата кујна.rnrn
rnrn1. Емулзија од маслиново масло и оцет. Помешајте 125 милилитри маслиново масло во 125 милилитри алкохолен оцет. Во добиената смеса натопете една памучна крпа, исцедете и добро истријте ја дрвената површина.rnrn2. Тоник од црн чај. Во 125 милилитри врела вода ставете една до две вреќички црн чај. Оставете да делува 5 минути и потоа извадете ги вреќичките. Натопете памучна крпа и премачкајте ги изгребаните дрвени површини, а потоа избришете со сува крпа.rnrn3. Паста од инстант кафе. Во шолја ставете една кафена лажичка инстант кафе и додајте онолку врела вода колку што е потребно за да се направи густа паста. Натопете една крпа во смесата и со неа истријте ги гребнатините. Потоа, избришете со сува крпа.rnrn
-

Падната гранка од дрво е трансформирана во креативна и неконвенционална полица
Полиците на Себастијан Еразуриз, наречени „Билбао“ по истоимениот шпански град, се единствени на пазарот и докажуваат дека инспирацијата може да се најде и во оние моменти кога најмалку очекувате. Себастијан ја создал оваа полица користејќи една поголема падната гранка од дрво што ја нашол на улица во Сантијаго и ја донел назад во својата работилница. Таму, ја оформил, ја превиткал и ја адаптирал, овозможувајќи ѝ да биде доволно рамна за да може да се закачи на ѕид и да послужи како една креативна и неконвенционална полица.rnrn
rnrnПриродната форма на дрвото преовладува во поголемиот дел на креациите на Себастијан, но секако артистот си зел малку слобода при нивното дизајнирање. Тој ги израмнил сите остри краеви и го лакирал дрвото со мат лак во црна боја. Формата на секој дизајн, сама по себе, е органска каде единствениот додаток претставува лакот за дрвото и изгледа како модерен и софистициран дел од мебелот кој го краси домот и ентериерот на секоја просторија. Погледнете…rnrn -

Скандинавски трендови за уредување на ентериерот во кои веднаш ќе се заљубите
Скандинавија, покрај тоа што се наоѓа на самиот север од Европа, e една од најуспешните и најбогати европски области, која сè повеќе ги диктира трендовите. Па така, и трендовите за уредување на ентериерот кои доаѓаат од Скандинавија за кратко време станаа неверојатно популарни, а ние денес ви ги претставуваме оние во кои веднаш ќе се заљубите.rnrn
rn1. Дрвени столици на расклопување
rnМораме да ви признаеме дека сме опседнати со овие дрвени столици на расклопување, кои во својот дом ги вметна дизајнерката Лота Агатон. Покрај тоа што изгледаат многу рустично, овие столици може да бидат многу удобни ако ги надополните со мали, слатки перничиња.rnrn
rn2. Нежен допир на сина боја
rnОмилена боја на сите Скандинавци? Дефинитивно сината, бидејќи совршено се вклопува во сите ентериери. Токму тоа може да се види во ентериерот на еден дом во Копенхаген, кој претставува совршен спој на бели, црни, кафеави и сини тонови.rnrn
rn3. Пердуви
rnПердувите се детаљ со кој жителите на Шведска станаа потполно опседнати, а ова е само еден од начините на кој можете да го воведете овој нежен елемент во вашиот ентериер.rnrn
rn4. Графички календари
rnЗаборавете на малите календари кои стојат на вашите маси и заменете ги со големи ѕидни графички календари. Токму овој тренд на уредување на ентериерот ни доаѓа од Скандинавија, па не пропуштајте да воведете еден ваков календар во вашиот дом.rnrn
rn5. Големи хартиени лустери
rnИако многумина ќе кажат дека големите хартиени лустери не можат да изгледаат убаво кога ќе се воведат во ентериерот, овој детаљ и тоа како може да изгледа ефективно, ако се избере вистинскиот модел. Токму овие лустери станаа неизоставен дел од северниот стил на уредување на просторот, а доколку имате услови, слободно внесете ги и вие.rnrn
rn6. Монохроматски уметнички дела
rnДоколку сакате во вашиот ентериер да внесете уметност, а сè да биде во склад со скандинавскиот стил, тогаш изберете монохроматски дела, кои совршено ќе се вклопат во вашиот ентериер и притоа ќе му дадат посебен печат.rnrn
rn7. Црно-бели пруги
rnПругите на големо се враќаат меѓу трендовите во внатрешното уредување, и тоа оние црно-белите. Меѓутоа, не претерувајте со нив, туку воведете ги на деталите кои го потполнуваат вашиот ентериер, како што се на пример перниците.rnrn

-

Слатки чорапи за вашиот мебел кои го штитат подот од оштетување
Ова се можеби најинтересните и најкорисните чорапи кои можете некому да ги подарите или пак да ги искористите за вашиот мебел.rnrn
rnrnОвие Некоаши чорапи, дизајнирани од јапонската компанија Тојо Кејс, одлично одговараат на ногарките од столовите и останатиот мебел и го спречуваат гребењето на подот. Покрај заштитата, слатките минијатурни чорапи ќе направат и вашиот мебел да изгледа многу интересно.rnrnПа, што мислите. Колку пара би набавиле за почеток?rnrn


-

Пријатен и ведар апартман со автентични детали
Барате инспирација за уредување на домот? Тогаш погледнете го овој колоритен скандинавски апартман во Гетеборг, со софистицирани декоративни елементи. На вкупна површина од 114 метри квадратни, станот се состои од три спални, голема дневна соба, кујна и тоалет. Огромен број од употребените детали во просторот датираат од почетокот на 20-от век, кога впрочем и зградата била направена. Тие заедно со оригиналниот под, високиот таван, вратите со огледала и традиционалниот камин, апартманот го прават автентичен, а сепак толку модерен.rnrn
rnrnСамата дневна соба едноставно зрачи со светлост и ведрина. Голем акцент е ставен и на бојата, која доминира кај уметничките слики, дел од мебелот и декоративните елементи. Оригиналноста на лустерот само го зголемува интензитетот на убавите чувства, што ве обземаат гледајќи го овој дом. Балконот на крајот пак е одлично место за утринското кафе, нудејќи поинакво урбано доживување и простор за пријатно уживање и размислување.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нe на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Уникатен мебел со интересна текстура од дрво и алуминиум
Овие неколку интересни парчиња мебел се дело на израелската дизајнерка Хила Шамија. Таа зема парчиња дрво кои не се доволно совршени за да влезат во вообичаениот процес на производство на мебел и ги спојува со алуминиум. Металот навлегува во сите пукнатини на дрвото горејќи ја неговата површина таму каде што се среќаваат, а резултатот се овие уникатни маси и клупи.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.





























