КАФЕ ПАУЗА

Tag: маслиново масло

  • Пилинг од кафе, мед и маслиново масло

    Пилинг од кафе, мед и маслиново масло

    Љубителите на кафето не само што живеат подолго, тие исто така се поубави! Употребата на кафето не мора да се ограничи само за расонување и енергија, туку и за разубавување. Покрај тоа што е лек за повеќе болести, кафето може да се најде како дел од козметичките препарати за разубавување.rnrnБлагодетите на кафето се многубројни, а во комбинација со мед и маслиново масло ќе добиете одличен ексфолијант. Ја чисти и освежува кожата, а исто така е природен антиоксидант.rnrnПилинг од кафе, мед и маслиново маслоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 филџан крупно мелено кафе
    • rn011

    • ½ филџан мед
    • rn011

    • неколку лажички маслиново масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо еден сад измешајте ги горенаведените состојки и нанесете на претходно измиено лице. Нанесувајте го со нежни кружни движења во насока кон надвор. Откако добро ќе ја вмасирате смесата, оставете ја неколку минути на лицето и мирувајте. Потоа темелно исплакнете го лицето. Не повторувајте го пилингот премногу често, доволно е еднаш на две недели или еден месец. Истите состојки, само во поголеми количини може да ги искористите за правење пилинг на тело.

  • Летна салата со лубеница

    Летна салата со лубеница

    Брзо и вкусно освежување во летните горештини

    rnСалата со лубеницаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 лубеница (околу 1,5 кг) исчистена и исечена на мали коцки
    • rn011

    • 200 г бело сирење (по избор), исто така исечено на коцки
    • rn011

    • 1 полна дланка црни маслинки
    • rn011

    • 1 полна дланка исецкани лисја магдонос и нане
    • rn011

    • 1 главица црвен кромид, исечена на тенки кругови
    • rn011

    • Маслиново масло и балсамиран оцет (по вкус)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИстурете ги сирењето и маслинките во садот со лубеницата и лесно промешајте. Потоа, одозгора додадете ги кромидот и зелените зачини. На крајот, полејте го сето тоа со маслиново масло и балсамиран оцет. Сервирајте со лепче по ваш избор.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шпагети на сицилијански начин

    Шпагети на сицилијански начин

    Доколку сакате да имате лабава вечера со која ќе го изненадите партнерот или пријателите, подгответе ги овие превкусни шпагети

    rnШпагети на сицилијански начинrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 400 г шпагети
    • rn011

    • 300 г домати
    • rn011

    • 200 г модри патлиџани
    • rn011

    • 5 лажици маслиново масло
    • rn011

    • 1 лажица пармезан
    • rn011

    • лук (по вкус)
    • rn011

    • босилек (по вкус)
    • rn011

    • сол (по вкус)
    • rn011

    • бибер (по вкус)
    • rn011

    • зачин од сув зеленчук (по вкус)
    • rn011

    • магдонос (по вкус)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Измијте ги модрите патлиџани, исечкајте ги на коцкички, посолете ги и оставете ги да пуштат сок. Олупете ги доматите, исечкајте ги во коцкички и додадете ги во садот со модрите патлиџани. Лукот исечкајте го многу ситно и оставете го да се динста со маслиновото масло 5 минути.rnrn2. Потоа во тавчето додадете ги исечканите модри патлиџани и доматите, малку иситнет босилек, магдонос и другите зачини и динстајте уште 15 минути.rnrn3. Шпагетите сварете ги во солена вода, исцедете ги и додадете ги приготвениот сос. Пред да ги послужите, посипете ги со пармезан или со рендан кашкавал.rnrnСо овој оброк можете да послужите црвено вино.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 причини зошто да јадете пуканки

    5 причини зошто да јадете пуканки

    Многу собиранки, забави, гледање филмови не можат да се замислат без пуканки. Иако многумина чувствуваат грижа на совест кога ги јадат, всушност пуканките се одличен додаток во вашата исхрана.rnrn5 причини зошто да јадете пуканкиrnrnНутриционистите често не ги препорачуваат пуканките поради големото количество сол и путер кои се употребуваат за нивното подготвување. Но, доколку тие се подготвуваат со маслиново масло и со помала количина сол, можат да претставуваат многу важен дел од вашиот здрав начин на исхрана. Ова се неколку дополнителни причини зошто е корисно да консумирате пуканки.rn

    1. Имаат антиоксидантно  дејство

    rnНајважните активни состојки во пуканките се полифенолите, соединенија кои ги штитат крвните садови.rn

    2. Богати со растителни влакна

    rnЖитните зрна се богат извор на растителни влакна, а бидејќи пуканките се добиваат од зрна од пченка, при нивното приготвување не се губи од нивната хранлива вредност. Според истражувањата препорачливо е да се внесуваат 20 до 35 грама растителни влакна дневно, а 100 грама пуканки содржат 15 грама растителни влакна.rnrn5 причини зошто да јадете пуканкиrn

    3. Не содржат многу калории

    rnНезачинетите пуканки имаат многу ниска калорична вредност. Но бројот на калории во пуканките, зависи од начинот на нивното подготвување, па така вие одлучувате колку калорични тие ќе бидат.  Така, во една порција пуканки приготвени во маслиново масло и без додавање на путер, има околу 90 калории, но доколку не внимавате на овие работи, нивото на калории може да се искачи и до 300.rn

    4. Не содржат шеќер

    rnТокму поради отсуството на шеќер, тие се идеални како грицки. Кексите, чоколадите и останатите слатки, моментално ви го покачуваат нивото на енергија, но набрзо и го спуштаат, поради што би требало да се избегнуваат во ситуации кога сакате накратко да го „залажете“ желудникот.rnrn5 причини зошто да јадете пуканкиrn

    5. Го впиваат пивото

    rnТаа способност сунѓерестите топчиња ја имаат поради високиот степен на влакна во нивната структура. Освен што се одлично надополнување на овој пенлив пијалак, пуканките го смалуваат негативното влијание на алкохолот врз системот на варење.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Необични, но ефикасни домашни трикови за убавина

    Необични, но ефикасни домашни трикови за убавина

    Пастата за заби ги лекува акните, мајонезот ја негува и регенерира сувата коса, фефероните го забрзуваат растот на косата, а кремот против хемороиди е одличен за отстранување на подочниците…rnrnВакви необични козметички совети има многу. Некои од нив ги користат дури и светските ѕвезди. Кетрин Зета-Џонс, на пример, забите ги мие со иситнети јагоди, а косата ја негува со рицинусово масло. Необично, но делотворно.rnrnНеобични, но ефикасни домашни трикови за убавинаrnrnЈагодите совршено ги чистат и избелуваат забите, а не ја оштетуваат глеѓта. Рицинусовото масло ѝ дава сјај на косата и го спречува прекумерното паѓање. Манекенката Јана Гупта за туширање користи кокосова паста, бидејќи е противник на сите видови сапуни. Кокосот ја прави кожата мека и нежна, а ја подобрува и нејзината влажност.rnrnАктерката Хали Бери додава мелено кафе во купката за тело. Кофеинот од кафето ја поттикнува циркулацијата и на тој начин помага во разложувањето на целулитот. Еве неколку начини како да го користите кафето во борбата против целулитот.rnrnПостојат многу народни совети за нега и разубавување, но кои од нив навистина делуваат, а кои се само губење време без никаков козметички ефект? Одговор на ова прашање дале дерматологот др. Нил Садик и фризерот Рене Фрис.rnrnНа прашањето дали урината поволно делува на проблематичната кожа и помага во лекувањето на акните, одговорот е негативен, бидејќи таа не содржи ниту антибактериски, ниту какви било смирувачки супстанци, не ги стеснува порите и не ја регулира маснотијата на кожата. Според тоа, местото не ù е на вашето лице.rnrnЛимоновиот сок може да се користи како природно средство за осветлување на косата. Овој совет е точен. Лимонската киселина во комбинација со УВ-зраците помага во осветлувањето на косата. Доколку нанесете лимонов сок на вашата коса пред да излезете надвор на сонце, таа значително ќе осветли.rnrnДали црниот чај помага во лекувањето на изгореници од сончање и убоди од инсекти? Купка од јак црн чај навистина помага. Танинските киселини што ги содржи чајот ја отстрануваат жештината од изгорениците, го ублажуваат печењето и помагаат во лекувањето на кожата. Облога од зелен чај нанесена на кожа касната од инсект, го намалува отекувањето и го забрзува заздравувањето, особено ако се стави веднаш по каснувањето.rnrnМаслиновото масло ги прави ноктите поцврсти, а кожата околу ноктите нежна и негувана. Поради тоа, би било добро барем еднаш во неделата прстите да се потопат во маслиново масло. Не е точно дека косата побргу расте доколку се третира со маслиново масло. Иако поволно делува, тоа само ја прави косата посјајна, поздрава и помека. Се нанесува најмалку десет минути пред миењето на косата.rnrnКомпирот не го отстранува вишокот маснотија од лицето, па поради тоа не треба да се користи како козметичко средство, туку само за јадење.rnrnДали фефероните го забрзуваат растот на косата сè уште е дискутабилно. Според некои тврдења, фефероните ја подобруваат циркулацијата на крвта во главата, и тоа без разлика дали ги јадете или ќе го протриете коренот на косата со нив.rnrnКремот против хемороиди навистина поволно делува во намалување и отстранување на отечените подочници. Ако се нанесе под очите, надуените подочници ќе спласнат.rnrnМајонезот ја регенерира оштетената и сува коса, како резултат на мастите и маслата што ги содржи, но поради мирисот, а и бидејќи тешко се измива, подобра опција е некоја маска за коса.rnrnКремот против пеленски осип, освен што е хидратантен, содржи и противвоспалителни супстанци кои поволно делуваат на сувата и испукана кожа на петите и лактите.rnrnПастата за заби ги лекува акните. Овој козметички трик е точен. Бидејќи ја суши кожата, ќе ги исуши и акните ако се нанесе на нив и се остави да делува преку ноќ. Треба да се користи само привремено и треба да биде бела.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зачинети крцкави лешници

    Зачинети крцкави лешници

    Овие вкусни лешници одат одлично со жесток пијалак. Бидејќи се лесни за подготовка, со нив можете да ги изненадите вашите гости или едноставно да си ги подготвите за грицкање додека гледате некое интересно филмче.Зачинети крцкави лешнициВреме на подготовка: 50 минутиrnrnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 500 грама лешници
    • rn011

    • сол
    • rn011

    • бибер
    • rn011

    • ким
    • rn011

    • 1 супена лажица маслиново масло
    • rn

    rnНачин на подготовка: Најпрво пуштете ја рерната да се загрее на 250 степени. Ставете ги лешниците во цедалка и убаво измијте ги под млаз вода. Зачинети крцкави лешнициПотоа тргнете ги на страна и оставете ги да се исцедат и исушат. Земете една поголема тава и во неа истурете ги лешниците. Одозгора ставете ги солта, биберот и кимот и сипете ја лажицата маслиново масло. Во состојките не е наведено колку да ставите од зачините, бидејќи тоа е оставено на вкусот на готвачот. Сепак, не треба да се претерува.Зачинети крцкави лешници Повремено превртувајте ги и мешајте ги за да не ви изгорат. По 40 минути печење, вашите вкусни лешници се готови. Откако ќе завршите, ставете ги во длабок сад и додадете уште малку сол.Зачинети крцкави лешнициrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да направите свеќа од мандарина?

    Како да направите свеќа од мандарина?

    Мирисите се можеби најсилното нешто што нѐ потсетува на одредени луѓе и нѐ враќа назад во времето. Мирисот на мандарината сигурно ќе ве потсети на зима, Нова година или на новогодишна елка. Оваа свеќа е наречена „воена свеќа“ бидејќи за првпат била употребена во војна во јужна Италија. Како и да е, ова е многу прикладен начин да си направите свеќа која за миг ќе го обземе внатрешниот воздух во куќата со есенцијалните мириси на мандарина и маслиново масло.rnrnКако да направите свеќа од мандаринаrn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • мандарина
    • rn011

    • малку маслиново масло
    • rn011

    • запалка
    • rn

    rnПрво, со мало ноже расечете ја кората на мадарината во средината и излупете ги двата дела кои ќе се формираат со засекувањето.rnrnКако да направите свеќа од мандаринаrnrnВо долниот дел од кората на мандарината каде има мало издигнување од жилите, т.н филиљ, не го отстранувајте затоа што тоа ќе ви помогне да ја запалите свеќата. Со ножето, внимателно направете мало дупче на горната кора за да може да пробива малото оганче низ лушпата.rnrnКако да направите свеќа од мандаринаВо долниот дел од лушпата ставете малку (една мала лажичка) малслиново масло. Со запалка запалете го импровизираниот фитиљ од жилите на кората и поклопете го со горниот дел од лушпата.rnrnКако да направите свеќа од мандаринаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.