КАФЕ ПАУЗА

Tag: маслиново масло

  • Чудесно масло од цимет што има моќ да ви ги уништи сите токсини во телото

    Чудесно масло од цимет што има моќ да ви ги уништи сите токсини во телото

    Можеме слободно да кажеме дека се работи за идеалната комбинација од одличен зачин и природен лек. Сигурно малкумина од вас чуле дека воопшто постои масло од цимет, како и дека се користи за специфична намена – чистење на вашиот организам од токсини. Најдобриот дел е што можете да го направите и во вашиот дом, користејќи само две состојки: Цимет и маслиново масло. Во продолжение следува рецептот кој целосно ќе ви го промени животот.rnrnЧудесно масло од цимет кое има моќ да ви ги уништи сите токсини во телотоrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Неколку стапчиња цимет
    • rn011

    • Чисто маслиново масло (рафинирано)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги целите стапчиња цимет во една тегла, а потоа прелијте ги со маслиново масло така што ќе бидат целосно потопени. Добро затворете ја теглата и оставете ја да отстои 3 недели на собна температура. Секој ден добро протресувајте ја, а по 3 недели исцедете ја низ газа во темно стаклено шишенце и добро затворете.rnrnВашето масло од цимет е подготвено за употреба. Бројот на стапчиња се одредува произволно, но најдобро би било доколку целосно ја наполните теглата (најмалку 5 до 6 стапчиња на пола литар масло). Што поголем број искористите, толку подобро ќе биде за вас.rnrnДоколку не можете да пронајдете стапчиња, можете да употребите и прав, во размер 1:5 во однос на маслото (100 грама цимет во прав на половина литар масло). Но, сепак се препорачува употреба на стапчиња бидејќи со преработката на циметот се губат и неговите долготрајни лековити својства.rnrnМаслото ќе има прекрасен мирис и вкус. Комбинацијата на веќе лековитото и здраво маслиново масло со корисните и лековити состојки на циметот е вистински еликсир за здравје, како за надворешна, така и за внатрешна употреба. Ова масло е силен антиоксиданс кој ги спречува оштетувањата и ги штити клетките од слободните радикали што ги предизвикуваат најтешките болести.

  • Солен пилинг за лице и тело: Рецепт за младешка и негувана кожа

    Солен пилинг за лице и тело: Рецепт за младешка и негувана кожа

    Летото е период кога најголем дел од кожата ни е изложен на сончеви зраци, поради што треба да посветиме особено внимание на нејзиното негување. Благодарение на солениот пилинг за лице и тело, кожата во текот на летните месеци ќе остане доволно хидрирана и ќе ја задржи својата нежност. Солениот пилинг е едноставен за правење и за користење.rnrn(1) Солен пилинг за лице и тело: Рецепт за младешка и влажна кожаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 100 грама морска сол
    • rn011

    • 200 грама ладно цедено маслиново масло
    • rn011

    • 10 капки етерично масло од лаванда
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмешајте ги сите состојки во еден сад. Потоа земете од пилингот и со нежни кружни движења измасирајте го целото тело. Пилингот е најдобро да се исплакне со млака вода и кожата сама да се исуши, без бришење.rn

    Карактеристики:

    rnСитната морска сол ќе ги отстрани мртви клетки и грубата кожа, особено на лаковите, на стапалата и петите. Солта во содејство со етеричното масло од лаванда ќе делува антибактериски, а лавандата ќе овозможи лесно чувство на свежина на телото. Кожата веднаш ќе го впие маслиновото масло, а тоа ќе ја збогати со своите корисни состојки, како што се витамин Е и ќе овозможи задржување на нејзината влажност.

  • 3-те најдобри трикови за спречување на гребнатините на мебелот

    3-те најдобри трикови за спречување на гребнатините на мебелот

    Гребнатините можат да ја уништат естетиката на секое парче мебел во домот. Но, тоа не значи дека треба да се збогувате со сите дрвени површини како вашите омилени столици, ормани, комоди или трпезариски маси, бидејќи решението за нив се крие во овие едноставни и евтини трикови во вашата кујна.rnrn3-те најдобри трикови за спречување на гребнатините на мебелотrnrn1. Емулзија од маслиново масло и оцет. Помешајте 125 милилитри маслиново масло во 125 милилитри алкохолен оцет. Во добиената смеса натопете една памучна крпа, исцедете и добро истријте ја дрвената површина.rnrn2. Тоник од црн чај. Во 125 милилитри врела вода ставете една до две вреќички црн чај. Оставете да делува 5 минути и потоа извадете ги вреќичките. Натопете памучна крпа и премачкајте ги изгребаните дрвени површини, а потоа избришете со сува крпа.rnrn3. Паста од инстант кафе. Во шолја ставете една кафена лажичка инстант кафе и додајте онолку врела вода колку што е потребно за да се направи густа паста. Натопете една крпа во смесата и со неа истријте ги гребнатините. Потоа, избришете со сува крпа.rnrn3-те најдобри трикови за спречување на гребнатините на мебелот

  • 6 необични примени на маслиновото масло

    6 необични примени на маслиновото масло

    На сите ни е веќе добро познато дека маслиновото масло, покрај што се користи во подготовката на храната, наоѓа големи примени и во повеќе различни аспекти од животот: Од чистењето на домот до убавината и негата на кожата. Во продолжение прочитајте ги овие 6 алтернативни употреби на маслиновото масло за кои можеби не сте знаеле и кои сигурно ќе ви помогнат во справувањето со некои од секојдневните проблеми.rn

    1. Справување со суви пети

    rn6 необични примени на маслиновото маслоrnrnМаслиновото масло е најдоброто решение за проблемот со сувите и испукани пети. Пред туширање, направете пилинг на стапалата за ги отстраните мртвите клетки на кожата. Откако ќе се истуширате, наместо крема, нанесете одредена количина маслиново масло. Облечете чорапи и отспијте во нив – наредното утро вашите стапала ќе бидат меки и мазни.rn

    2. Нега на кожата околу ноктите

    rn6 необични примени на маслиновото маслоrnrnЗа кожата околу ноктите секогаш да ви биде нежна и хидрирана, редовно премачкувајте ја со мала количина маслиново масло. На тој начин кожата на дланките ќе ви биде здрава и негувана, а ноктите ќе ви бидат многу поцврсти.rn

    3. Чистење на четките за шминка

    rn6 необични примени на маслиновото маслоrnrnНе морате да трошите пари за средства за чистење на четките за шминка. Во една чаша промешајте малку маслиново масло со детергент за миење садови и во неа ставете ги четките. Така ќе ги отстраните сите нечистотии и остатоци од производите, а поради маслото, четките ќе бидат многу помеки од претходно.rn

    4. Пилинг за усни

    rn6 необични примени на маслиновото маслоrnrnВо една чинија направете смеса од мед, шеќер и маслиново масло и со неа нежно протријте ги усните. На тој начин успешно ќе ја отстраните мртвата кожа, а кога ќе ги измиете усните од оваа мешавина, ќе бидете изненадени од нивната мекост.rn

    5. Отстранувач на шминка

    rn6 необични примени на маслиновото маслоrnrnНа памук нанесете малку маслиново масло и со него поминете преку очите и лицето. Маслиновото масло ќе ги собере сите производи од кожата и ќе го остави вашето лице чисто и свежо.rn

    6. Маска за коса

    rn6 необични примени на маслиновото маслоrnrnВо микробранова печка загрејте маслиново масло на неколку секунди и нанесете го на косата. Оставете го да делува 20 минути, а потоа измијте ја косата на начин на кој вообичаено го правите тоа. Маската од маслиново масло дополнително ја хидрира вашата коса и кожата на главата.

  • Бистар ум, остар јазик: Пијалак кој ја зголемува интелигенцијата

    Бистар ум, остар јазик: Пијалак кој ја зголемува интелигенцијата

    Готу кола (латински: Centella asiatica) е билка која ја има способноста да го подобри секој аспект на менталното здравје. Станува збор за повеќегодишно растение со потекло од Индонезија, Индија, Јапонија, Кина, Шри Ланка и Јужна Африка. Тоа расте во вода и околу неа, а неговите листови се користат како лек. Готу кола е една од многуте билки кои го привлекоа светското внимание токму поради својата улога во подобрувањето на меморијата, продолжувањето на животниот век, како и големиот број други позитивни влијанија врз здравјето.rnrnБистар ум, остар јазик: Пијалак кој ја зголемува интелигенцијатаrnrnЕдна од главните карактеристики кои одамна се припишуваат на ова растение е неговата способност да го зголеми нивото на менталната јасност. Поради тоа, во традиционалната индиска и кинеска медицина, екстрактот од готу кола се користи за зајакнување на способноста за учење, подобрувањето на меморијата, па дури и како средство за освежување на изгубеното сеќавање.rnrnВо Заводот за фармакологија, „All India Institute of Medical Sciences“ во Њу Делхи, се покажало дека водениот екстракт на готу кола ги зголемува когнитивните способности и го спречува нивното опаѓање. А, когнитивната интелигенција т.е. нејзиниот коефициент (IQ) е нашата умствена способност да запазуваме, анализираме, истражуваме, донесуваме заклучоци и да решаваме редовни и вонредни задачи во својот живот. Со тоа што оваа билка е богата со витаминот Б комплекс се потврдува и нејзиниот позитивен ефект врз мозокот.rnrnБ витамините во организмот учествуваат во процесот на претворање на јаглехидратите во гликоза и на тој начин го овозможуваат правилното функционирање на нервниот систем и мозокот. Меѓутоа, гликозидите, освен шеќер, содржат уште една компонента – агликонот, кој пак може да биде токсичен. Затоа, со готу кола не смее да се претерува. Дозирањето треба да се извршува по упатството на произведувачот и најдобро е по употребата од 2 недели да се направи исто толку долга пауза. Лицата постари од 65 години треба да земаат помала доза на готу кола.rnrnБистар ум, остар јазик: Пијалак кој ја зголемува интелигенцијатаrnrnОва растение никако не се препорачува за деца. Исто така, не се препорачува со лекови кои влијаат на црниот дроб (како што се лековите за намалување на нивото на холестерол во крвта), бидејќи ќе се зголеми ризикот од негово оштетување. Притоа, не се препорачува ниту во комбинација со средства кои имаат седативно дејство (како што е на пример валеријаната). Бидејќи готу кола може да дејствува на зголемување на нивото на шеќерот во крвта, лицата со дијабетес не би требало да ја употребуваат ова билка без претходна консултација со лекар. Лицата со историја на преканцерогени или канцерогени кожни лезии, како што се меланомот, не би требало да консумираат готу кола бидејќи според научните истражувања спроведени врз глувци, се покажало дека се поттикнува растот на канцерогени клетки на кожата. Високата доза и претераната употреба на готу кола кај здравите лица може да предизвика мачнина, вознемиреност на желудникот, поспаноста или главоболка.rnrnДоколку оваа билка не ви е достапна, тогаш обидете се со следниов природен лек кој скоро и да нема негативни последици: Ставете во тегла еднаква количина квалитетно црно, суво вино и маслиново масло. Добро затворете ја теглата и оставете да отстои во фрижидер 7 дена. Протресувајте ја теглата повеќе пати во денот. После 7 дена, пијалакот е спремен за употреба. Пијте по две лажички пред јадење, 3 до 5 пати дневно.

  • Здрав помфрит: Рецепт за крцкави и вкусни компирчиња

    Здрав помфрит: Рецепт за крцкави и вкусни компирчиња

    Со помош на овој рецепт со маслиново масло, вашето омилено нездраво јадење ќе се претвори во вкусен и здрав оброк

    rnЗдрав помфрит: Рецепт за крцкави и вкусни компирчињаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 компири со средна големина
    • rn011

    • 4 лажици маслиново масло
    • rn011

    • Прстофат сол
    • rn011

    • Прстофат бибер
    • rn011

    • Неколку лажици пармезан
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзлупете ги компирите и добро измијте ги, а потоа исечкајте ги на парчиња со големина од околу 1,5 сантиметри. Наполнете голем сад со ладна вода (можете во неа да додадете и лед) и ставете ги внатре исечканите компири. Во меѓувреме вклучете ја рерната на 220 степени, а на тава за печење поставете алуминиумска фолија и премачкајте ја со маслиново масло.rnrnДобро исцедете ги компирите и темелно исушете ги со чиста памучна или хартиена крпа. Ставете ги во пластичен сад со капак, додајте го маслиновото масло и затворете ги. Протресете го садот така што ќе се погрижите маслото да се нанесе на сите компири, а потоа отворете го, додајте сол и бибер и затворете го повторно. Протресете.rnrnПрефрлете ги компирите во тавата за печење која претходно ја премачкавте со маслиново масло и печете на околу 220 степени, 12-тина минути, а потоа свртете ги на другата страна и вратете ги назад на уште 12 минути. Откако ќе се испечат, префрлете ги во чинија и сипете врз нив пармезан. За поинтензивен вкус, можете да додадете и исечкани чили пиперчиња. Пријатно јадење.

  • Ароматичен пилинг за раце кој ги брише првите старосни траги

    Ароматичен пилинг за раце кој ги брише првите старосни траги

    Секој посакува да има нежни, убави и негувани раце. Рацете и вратот се првите места на кои се откриваат староста и годините бидејќи на тие делови од кожата се појавуваат и првите старосни брчки и траги. За што подолго да ја задржите нежноста и убавината на рацете, експертите за нега на кожа препорачуваат еднаш неделно да се прави пилинг. Во продолжение прочитајте го најдобриот рецепт за пилинг на кожата на рацете, кој гарантира поеластична, поздрава и поубава кожа.rnrnАроматичен пилинг за рацеrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 кафени лажички шеќер
    • rn011

    • 1 кафена лажичка маслиново или кокосово масло
    • rn011

    • 1 кафена лажичка цимет
    • rn

    rn

    Начин на подготовка и користење:

    rnСмешајте ги сите состојки додека не добиете една хомогена смеса. Со нежни движења полека нанесете ја смесата на кожата, тријте ги рацете една од друга неколку минути, а потоа добро измијте ги. Веднаш ќе забележите промена. За уште поголем ефект, веднаш по пилингот, нанесете хидратантен крем за раце.

  • Разбудете се освежени: 9 бјути трикови кои може да ги практикувате додека спиете

    Разбудете се освежени: 9 бјути трикови кои може да ги практикувате додека спиете

    Иако вие спиете, вашето тело сепак работи – поправа, подмладува и се полни со енергија. Па зошто не ја искористите таа моќ и да го потпомогнете процесот? Следете ги овие совети и разбудете се чувствувајќи се и изгледајќи уште поубаво.rnrn0-razbudete-se-osvezheni-9-bjuti-trikovi-koi-mozhe-da-gi-praktikuvate-dodeka-spiete-kafepauza.mkrn

    1. Бришење на брчките

    rnМожеби веќе користите анти-ејџинг серум или некоја ноќна крема, но употребата на маска за спиење е најефективното нешто. Овие маски се можеби најдоброто нешто што би сакале да го ставите на лицето додека паѓате во длабок сон. Целете кон маска полна со екстракт од брусница и хијалуронска киселина – за еластичност, хидратација и измазнување на лицето.rnrnСовет плус: Пред да ја ставите маската нанесете хидратантна крема.rn

    2. Добро одржувани стапала

    rnАко вашите стапала се испукани и суви, тогаш ние го имаме совршеното решение за овој мачен проблем! Нанесете вазелин или која било густа хидратантна крема и потоа облечете памучни чорапи. Практикувајте го ова секоја вечер пред да легнете да спиете затоа што чорапите овозможуваат кремата да остане на вашата кожа и да се впие што е можно подобро.rn

    3. Свиленкаста коса

    rnИмате долга коса и секогаш се плашите дека ќе ја оштетите додека спиете. Звучи познато? Вистина е дека кога се превртувате во креветот се создава триење кое води до електризирање и кршење на косата. Како да се справите со овој проблем? Лесно. Користете сатенски навлаки за перница, кои поради лизгавата површина ѝ дозволуваат на вашата коса да се движи мазно, без да предизвикува триење. Или уште подобро решение – спијте со лабава плетенка.rn

    4. Хидратизирани усни

    rnНе е потребно многу за да имате убави усни. Нанесете тенок слој масло од бадем на усните пред да си легнете и така ќе добиете меки, мазни усни кои секој би сакал да ги бакнува.rnrn1-razbudete-se-osvezheni-9-bjuti-trikovi-koi-mozhe-da-gi-praktikuvate-dodeka-spiete-kafepauza.mkrn

    5. Меки кутикули

    rnАко сакате да имате меки кутикули, тогаш втријте малку кокосово масло во ноктите пред да заспиете. Вака ќе ги хидратизирате кутикулите и ќе ги зајакнете ноктите.rn

    6. Долги и густи трепки

    rnПостојат неколку серуми за природно растење на трепките, но тие се прилично скапи и ретко достапни на нашите пазари. Затоа, постои едноставно решение кое најверојатно се наоѓа некаде низ вашата куќа. Пробајте со рицинусово масло. Многу внимателно нанесете го на горната линија на трепките со помош на чепкалка за уши. Вака ќе имате подолги и погусти трепки за 8 недели. Вреди да се проба, особено затоа што е бесплатно!rn

    7. Меки раце

    rnКога веќе го знаете трикот за меки стапала, време е да ви ја кажеме „тајната“ за меки раце. Ексфолијацијата од кафеав шеќер и маслиново масло е совршена, а по неа употребете масло со витамин Е како додаток на вашиот крем за раце. Облечете ракавици и легнете да спиете. Наутро ќе се разбудите со помеки раце кои изгледаат помладо.rn

    8. Сјајна кожа

    rnАко сте спремни да се посветите на оваа рутина, тогаш веднаш ќе забележите сјај на вашата кожа. Користете масло со витамин Е пред да нанесете ноќен крем. Исто така, може да користите маслиново масло и со лесни потези да го масирате лицето додека не се впие во кожата. Практикувајте го ова секоја вечер.rn

    9. Ослободете се од мозолчињата

    rnАко сакате да се ослободите од нив тогаш нанесете паста за заби на проблематичните делови. Оставете да делува преку ноќ и измијте го лицето наутро.rnrnСовет плус: Важно е да користите паста, а не гел.rnrn2-razbudete-se-osvezheni-9-bjuti-trikovi-koi-mozhe-da-gi-praktikuvate-dodeka-spiete-kafepauza.mk

  • Сакате погусти и поубави веѓи? Користете ги овие производи

    Сакате погусти и поубави веѓи? Користете ги овие производи

    Сите ние сакаме да имаме густи и убави веѓи. Тие се важна карактеристика и даваат посебен украс на нашето лице. Но, бараат и многу грижа. Па, доколку сакате вашите веѓи да бидат убави и густи тогаш веднаш почнете да ги користите овие производи. Ако сте упорни и истрајни, ќе забележите како тие навистина делуваат.rnrnRevolve Clothing Summer Campaign 2013 Tulumrn

    1. Рицинусово масло

    rnРицинусовото масло содржи голема количина на протеини и витамини кои го стимулираат растот на влакната. Исто така, ова масло ги стимулира фоликулите на влакното и го прави посилно и поеластично.rnrnНатопете чепкалка за уши во рицинусово масло и со неа поминете врз веѓите. Оставете да делува неколку часа или пак, уште подобро преку ноќ, а наутро измијте го лицето на вообичаениот начин. Постапката повторувајте ја на секои 3 до 4 недели.rn

    2. Маслиново масло

    rnЕдно од најкорисните масла во домаќинството, но и во козметичката индустрија, кое е полно со витамин Е кој го стимулира растот на влакната, а истовремено ја храни кожата. За најдобар резултат користете маслиново масло кое се користи во домаќинството бидејќи тоа е најхранливо.rnrnЗагрејте една лажичка маслиново масло, а потоа со прстите поминете низ веѓите. Масирајте ја кожата од една до две минути за да го впие маслото и потоа оставете час или два да дејствува. За појак резултат оставете го преку ноќ. Наутро темелено измијте го лицето со средство за чистење на лицето.rn

    3. Жолчка

    rnЈајцето е хранлива и здрава храна која може да ја искористите на различни начини. Влакната на веѓите содржат кератин кој протеините од жолчката додатно го хранат и збогатуваат, па влакната растат побрзо и стануваат поцврсти.rnrnМатете ја жолчката од јајцето со виљушка додека не стане кремаста. Натопете чепкалка за уши во смесата и поминете со неа низ веѓите. Оставете да делува од 15 до 20 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.rn

    4. Кромид

    rnУште една билка која се користи во козметичката индустрија и со која се постигнуваат одлични резултати. Кромидот содржи голема количина на сулфур, кој го поттикнува создавањето на состојки кои ја подмладуваат кожата и го поттикнува јакнењето на фоликулите на влакното – колаген.rnrnИсчистете го кромидот и исечете го на коцки, а потоа блендирајте сè додека не добиете густа смеса. Со таа смеса намачкајте ги веѓите и оставете да дејствува 5 минути. Кромидот е лут, па внимавајте додека го нанесувате да не ги допрете очите. Измијте го лицето на вообичаен начин. Повторувајте ја оваa постапка еднаш во неделата за временски период од 6 недели.rn

    5. Алое вера

    rnОваa магична билка е многу ценета во козметичката индустрија. Освен тоа што ги негува кожата и косата, екстрактите од алое верата во себе содржат ензими и нутриенти кои го поттикнуваат растот на влакната. Набавете билки алое вера и искористете ги нејзините листови.rnrnСкинете парче од листот и со внатрешниот дел поминете низ веѓите. Оставете да делува околу 30 минути, па потоа измијте ја кожата. Алое верата може да ја користите секогаш кога сте дома.

  • Хранливи состојки за уште похранливо смуди

    Хранливи состојки за уште похранливо смуди

    Смудито е еден од најпопуларните пијалаци на денешницта за што придонесе неговиот хранлив состав. Ако сакате да го направите хранливото смуди уште похранливо започнете да ги користите овие состојки.rnrn1-hranlivi-sostojki-za-ushte-pohranlivo-smudi-www.kafepauza.mk_rn

    1. Маслиново масло

    rnИако маслиновото масло претставува составен дел на секоја салата, исто така е и одлична состојка за секое смуди. Тоа е богато со незаситени масти кои се здрави за нашето срце, а придонесува и хранливите состојки од смудито уште подобро да се апсорбираат во нашиот организам. Освен тоа што е хранливо, една лажичка маслиново масло е доволна за вашето смуди да биде уште повеќе кремасто, а со самото тоа и уште повкусно.rnrn2-hranlivi-sostojki-za-ushte-pohranlivo-smudi-www.kafepauza.mk_rn

    2. Семе

    rnБез разлика за каков вид семе ќе се одлучите, оваа состојка е здрава бидејќи претставува богат извор на магнезиум, кој му помага на нашиот имунолошки систем да биде здрав подолго време. Чиа семето, на пример, придонесува за регулирање на крвниот притисок, лененото семе помага во создавањето на влакна, а ако сакате да внесете повеќе протеини, тогаш изберете семе од коноп. Како што кажавме, без разлика кое семе ќе го одберете нема никако да погрешите.rnrn3-hranlivi-sostojki-za-ushte-pohranlivo-smudi-www.kafepauza.mk_rn

    3. Ледено кафе

    rnИма многу придобивки од леденото кафе, а една од нив е тоа што може да го забрза вашиот метаболизам, но исто така и да ја подобри вашата меморија. Една нова студија покажува дека овој напиток може да ја подобри вашата физичка активност, па никако не го изоставувајте ако сакате да пиете смуди наутро. Леденото кафе оди супер со банана и бадеми.rnrn4-hranlivi-sostojki-za-ushte-pohranlivo-smudi-www.kafepauza.mk_rn

    4. Путер од бадеми

    rnПремногу вкусниот путер од бадеми може да му даде нова нота на вашето смуди, бидејќи е доволна само една лажичка за да го збогати со магнезиум, протеини, железо и витамин Е. Неколку студии имаат покажано дека оваа состојка помага против борбата со ракот и срцевите болести.rnrnOLYMPUS DIGITAL CAMERArn

    5. Кокос

    rnДоколку сакате богато смуди, тогаш не пропуштајте во него да додадете свеж кокос, бидејќи тој е богат со витамин Б и ќе ви помогне да бидете полни со енергија низ текот на целиот ден. Одлично би било да го конзумирате наутро, бидејќи содржи многу магнезиум и калиум, а покрај ова има ниско ниво на шеќер.rnrn6-hranlivi-sostojki-za-ushte-pohranlivo-smudi-www.kafepauza.mk_