КАФЕ ПАУЗА

Tag: машко

  • 5 знаци дека еден сосема обичен маж е заљубен во вас

    5 знаци дека еден сосема обичен маж е заљубен во вас

    Секој од нас има видено фотографија или видео на социјалните мрежи од маж што ја покажува љубовта кон својата партнерка. И тоа не на каков било начин, туку со скапи подароци и вечера во скапи ресторани. Гледајќи го тоа, многу девојки го очекуваат истото изјавување на љубов од нивните партнери кои не секогаш се во можност да го остварат тоа. Па кога „просечните“ мажи ќе направат нешто, тоа останува незабележано бидејќи очекувањата се преголеми, дури и нереални. Погледнете ги 5-те начини на кои „просечниот“ маж покажува дека ве сака.rnrn5-raboti-koi-gi-pravat-mazhite-koga-se-navistina-vljubeni-kafepauza.mkrn

    1. Ве почитува

    rnОва е темелот на сѐ што следува понатаму. Ако мажот не ја почитува својата партнерка, ако ја гледа како предмет што треба да ги исполни неговите фантазии и очекувања, тогаш тој не е вљубен. Кога маж навистина љуби некого, тој и неговата партнерка се еднакви во неговите очи. Тој нема да зборува со неа како со некој што треба да прима наредби, туку како со личност со одлични идеи и чувства.rn

    2. Искрен е

    rnНема недостаток на мажи кои знаат да стават навистина убедувачка маска. Тие знаат да ги кажат вистинските работи и пред вас да се покажат како „совршени мажи“. Но, кога тој навистина е вљубен, ова не доаѓа предвид. Тој нема да се преправа цела вечер за на крајот да заврши во вашиот кревет. Тој ќе си стои до своите желби, дури и ако резултатот е кавга. Зошто? Затоа што ја цени искреноста во врската. Тој нема да ја однесе својата девојка во друга насока, за на крај да ја разочара. Тој е вљубен па затоа е искрен и праведен.rn

    3. Ги памти важните работи

    rnКога мажот е вљубен, никогаш не ги заборава клучните работи за саканата. Тој знае какво кафе сакате и која е вашата омилена песна. Секако, тој го памти и вашиот роденден, како и годишнината. Па зошто да не? Љубовта е една од најопсесивните човечки емоции. Ова всушност е здраво, сè додека чувството е взаемно.rn

    4. Се обидува да биде подобра личноста

    rnЉубовта може да ги натера дури и најневештите мажи да се обидат да се подобрат. Тоа не го прават за да ѝ ласкаат на партнерката со лажни импресии, туку само сакаат да бидат најдобрата личност за оние што ги љубат. Со други зборови, кога мажот е вљубен тој вистински сака да стане подобра личност, бидејќи знае дека неговата партнерка го заслужува тоа.rn

    5. Ќе се бори

    rnДодека да дојде времето за да се „смири“, во просек мажот треба да помине низ 6 врски. Овие 6 партнери го напуштале релативно брзо. Вистината е дека тој веројатно не се ни борел доволно за да ги задржи. Веројатно сметал дека нема потреба да минува низ тешки периоди за тие врски или пак да работи на своите грешки. Тој би го направил ова само за личноста која ја љуби бидејќи  знае дека не е лесно да се замени вистинската љубов. Тој знае дека ако дозволи љубовта на неговиот живот да си замине, може никогаш повторно да не ја пронајде. Затоа, тој се бори.rnrnПогледнете го и овој целосен водич низ емоциите на мажот.

  • 5 делови на машкото тело кои жените ги обожаваат

    5 делови на машкото тело кои жените ги обожаваат

    Има бројни анкети и истражувања кои се фокусираат на најсексапилните делови на женското тело според припадниците на посилниот пол. Но, за промена, интересно е да дознаеме на што најмногу „паѓаат“ жените кога станува збор за машкото тело. Анкетата ја спровел порталот Woman’s Health, а резултатите ги откриваат петте најпривлечни машки атрибути за жените.rnrn5-delovi-na-mashkoto-telo-koi-zhenite-gi-obozhavaat5-delovi-na-mashkoto-telo-koi-zhenite-gi-obozhavaat-kafepauza.mkrn

    1. V – линија

    rnАтлетската градба кај која горниот дел од телото е нагласен со истакнато цврсто торзо котира на врвот на оваа листа по која жените си го губат паметот. Градите, пазувите и подигнатите рамена за жените претставуваат симбол на сила и машкост.rn

    2. Вени на рацете

    rnЦврстата подлактица со истакнати вени за жените е тотално неодолива. Ова остава впечаток на силен маж кој на својата партнерка може да ѝ пружи сигурност.rn

    3. Широка вилица

    rnМажите со широко лице и нагласена вилица се вистински магнет за жените. Доминантните делови на лицето се одраз на мажественост, а женскиот интерес за нив истражувачите го опишуваат како природен нагон.rn

    4. Долга коса

    rnМашките со долга коса ја обележаа историјата. Долгата коса порано била одраз на моќ и сила со кои се одликувале некогашните кралеви и воини, до неодамна беше стил само на рокерите и моторџиите, но денес веќе е чест избор на познатите актери и пејачи. Враќањето на трендот на долгите коси е само по себе одговор на прашањето дали жените го сакаат овој машки адут.rn

    5. Полни сочни усни

    rnСензуалноста на полните усни за жените е многу примамлива. Таквиот облик ја задоволува потребата на дамите за сензуални допири со усните и сочни бакнежи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога машкото е облечено во облеката на неговата девојка

    Кога машкото е облечено во облеката на неговата девојка

    Доколку некогаш сте се прашувале како би изгледало мажите да се облекуваа како жени, конечно ќе го добиете одговорот. Шпанскиот фотограф Јон Уриарте, зборувајќи со своите машки пријатели колку се имаат променето врските помеѓу мажите и жените од времето на нивните родители, дошол до феноменална идеја и направил многу интересен сет фотографии.Кога машкото е облечено во облеката на неговата девојкаТој сакал да направи слики преку кои ќе ги прикаже еднаквоста и балансот во врската помеѓу маж и жена, но и изразот на збунетоста на мажите која можат да ја чувствуваат при оваа промена.Кога машкото е облечено во облеката на неговата девојкаОваа серија фотографии тој ја нарекол „The Men Under the Influence“ и најпрво започнал да слика парови, но по некое време сфатил дека е поефектно да го слика само машкото, облечено во облеката на женското во нивниот заеднички дом. Овие фотографии се направени во период од три години, а сликани се во Шпанија и САД.Кога машкото е облечено во облеката на неговата девојка Кога машкото е облечено во облеката на неговата девојка Кога машкото е облечено во облеката на неговата девојка Кога машкото е облечено во облеката на неговата девојка Кога машкото е облечено во облеката на неговата девојка Кога машкото е облечено во облеката на неговата девојка
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Само пријатели или нешто повеќе?

    Само пријатели или нешто повеќе?

    Постои ли искрено пријателство меѓу машко и женско? Колку е само стара оваа тема на муабет. Едни негираат а други се сосем сигурни дека пријателството меѓу личности од спротивен пол може да опстои. Да бидеме реални, секојдневно сме во контакт со многу личности. Колеги од работа, од факултет, клиенти и уште многу други во секакви околности. Но, дали имате пријател/ка од спротивен пол, со кој/а не само што имате едно „Здраво“, туку си одите на кафе и трошите солидно време на муабет? Значи зборуваме за интензивно пријателство.

    rn

    Дали може да постои без да се јават поинакви чувства макар од едната страна? Дали доколку сте веќе во врска а сте склопиле пријателство со личност од спротивен пол ќе се чувствувате како емоционално да го/ја изневерувате својот/ата партнер/ка? А од друга страна, ако вашето пријателство трае веќе со години, како ќе се чувствува личноста со која сте во врска знаејќи дека сте толку блиски со личност од спротивен пол? Ајде да одиме со ред…

    rn

    Само пријатели или нешто повеќе?

    rnКога веќе темава има толку аргументи за и против, одучив да побарам помош од вас. На Кафе пауза поставивме различни анкети поврзани со оваа тема. На прашањето Верувате ли дека постои искрено пријателство меѓу машко и женско?, 37% од вас одговорија дека постои но е многу ретко, 30% беа сигурни дека постои, 20% мислат дека постои само во случај кога и двајцата ја поминале фазата на „допаѓање“, а само 13% се одлучни дека не постои.rnrnКако всушност ги одбираме пријателите од спротивен пол? Дали ги одбираме бидејќи нè привлекуваат (можеби не сексуално, но сепак), и дали тоа би значело дека уште од самиот почеток постои шанса да се случи нешто повеќе?rnrnДали може двајца вистински да уживаат во своето пријателство без да почувствуваат потреба за нешто повеќе или пријателството меѓу личности од спротивен пол е само фарса, или чекор кој се прави кога во суштина се сака нешто повеќе? Демек ајде ќе бидеме пријатели, додека не станеме доволно блиски за нешто повеќе. Дури и ако пријателството започнало најневино и без никакви „задни“ намери, кој ви гарантира дека макар од едната страна нема да се јават поинакви чувства? Адам и Ева живееле чист и безгрешен живот во рајската градина. Но, откако биле избркани тие сепак станале обични смртници (какви што сме ние сега), почнале да си ги покриваат срамните делови од телото и да се посакуваат еден со друг телесно. Колкава е шансата твојот другар, на пример, со кого поминуваш добар дел од денот (училиште, факултет, работа), да не пријави никакви чувства на сексуална привлечност кон тебе? Затоа, исто така ве прашав и Дали сте имале пријатели од спротивниот пол, а еве што добив како одговор. Дури 80% од вас тврдат дека имале и сè уште го негуваат пријателството, само 11% кажаа дека имале но прекинало, и многу беше мал процентот на оние кои кажаа дека немале никогаш или дека пријателството преминало на „наредната фаза“.rnrnДа бидеме искрени, огромна е веројатноста да се појават поинакви чувства макар од едната страна, само разликата е дали се доволно силни, дали личноста ќе се обиде за нешто повеќе или она што го чувствува ќе одбере да го потисне во себе. Замислете дека вашата другарка која секогаш била покрај вас по секоја пропадната врска, всушност цело време се борела со поинакви чувства без да собере храброст да ви каже или едноставно без да има прилика за тоа.rnrnЕдно е сигурно, зафркнатата ситуација настапува тогаш кога вие ќе мора да се изјаснете дека сепак, не ги делите истите чувства. Па ќе почнете да се оддалечувате со цел да не испратите погрешни сигнали, а другата страна ќе почне да се оддалечува поради повреденото его. Колку често се случува ваквото пријателство да прекине поради сексуална привлечност? И тука ми требаше ваша помош. Никогаш не им се случило тоа на 47%, на 41% им се случило, а во случајот на останатите 12% пријателството преминало во нешто повеќе.rnrnСигурно ја паметите серијата „Пријатели“, (не може да не ги памтите, легенди се). На Моника и Чендлер им беа потребни години за да сфатат дека се совршени еден за друг, ама не само како пријатели. Дали доколку добро ја познавате личноста, имате поголеми шанси за зрела љубовна врска во иднина?rnrnМоже ли да го замислите вашиот другар како татко на вашите деца во иднина, или вашата пријателка како жената со која за некоја година ќе делите постела? На прашањето Дали пријателството е цврст темел за љубовна врска во иднина?, најмногу од вас одговорија дека е важно но не е пресудно, 43% мислат дека пријателството е клучно за успешна врска во иднина, а само 5% мислат дека врската никогаш не би успеала.rnrnЕдно е сигурно, кога врската би прекинала истото би се случило и со пријателството. Ќе останеме пријатели, нели? (АУЧ) Не, нема да останеме. Ќе се гледаме многу ретко на почеток, ќе престанеме да се бараме за брзо, а средбите на улица ќе бидат кратки и непријатни.rnrnЕте, тоа е тоа. Пријателството меѓу машко и женско е тешко да опстои. Можеби најизводлива ситуација е и двајцата да ја имаат поминато фазата на „допаѓање“, па слободно можат да си бидат пријатели. Со многумина имам „Здраво, како си“, и кафе-муабет во друштво, но имам само еден вистински пријател веќе со години. Значи не е неизводливо, но е ретко.rnrnЕлиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Повредено женско его vs. повредено машко его

    Повредено женско его vs. повредено машко его

    Автор: Марија ЈанковаrnrnПрепознатливото машко его, машка гордост, машки принципи и размислувања… А што е со онаа страна на женското достоинство која и тоа како знае да биде болно повредена?rnrnПовредено женско его vs. повредено машко егоrnrnСтереотипно за момците е тоа што најчесто болката кај нив има контраефект и ја лечат со поизразена агресивност или студеност, а можеби и глумење извесна рамнодушност и незаинтересираност. А мислите дека тие кога се сами, без никакви маски за сила и нескршливост, со целосно отворени карти, не знаат да пуштат по некоја солза?rnrnШто е со девојките, нив ги бие глас на ранливост и плачливост, но дали е навистина така? Дали навистина сметате дека една просечно нормална девојка е само една порцеланска кукла која со секој суров замав на судбината може да биде скршена? Зар мислите дека една девојка не може да остане гордо исправена и очи во очи, храбро да се спротивстави на болката исто како и оние од спротивниот пол?rnrnКолкава е точноста на тоа дека во генерациите на дваесет и првиот век, девојките сè уште седат во некој агол од собата и плачат јадејќи чоколадо за да ги смират нервите, а момците бараат утеха во чашката алкохол и пијанчење до раните утрински часови?rnrnНе сме ние роботски програмирани, за да ги делиме срцата, чувствата и постапките на машки или женски. Ние сме само луѓе кои во дадени околности знаат бурно да изреагираат или едноставно да се повлечат од средината и да побараат затишје во длабочината на своите мисли. И едните и другите во зависност од ситуацијата знаат и тоа како да се пронајдат во некоја група чии критериуми не се предодредени со полот туку со сопствениот карактер на личноста.rnrnРанливи – тогаш кога сè е црно и светот ви се руши врз глава, а вие немате ниту едно единствено решените на проблемите кои ви создаваат главоболки, па единствено можете добро да се исплачете. Кога солзите ќе ги избистрат мислите, лошото и не изгледа толку лошо.rnrnСилни – тоа е оној момент кога секој мускул од телото ви е совршено во ред, ама вие чувствувате како да ве убива од болка, само што сте премногу емоционално истренирани за да се справите со слабоста и наместо да им објаснувате на останатите која е причината за тој свенат израз на лицето, подобро ќе се замаскирате со лажна насмевка.rnrnТрагачи по забава – Луди, развеселени и распеани, ги отвораат и затвораат ноќните клубови. Е човек навистина треба да е благословен за да знае како од неуспехот да го извлече најдобриот дел. Рака на срце, ова донекаде има смисла, ама кога сите тие рефрени кои ги потпевнувате ќе си заминат со првото зазорување, морате да си признаете дека загубата барем малку ве пецка на левата страна.rnrnВо лов на нова љубов – Не бадијала се рекло, клин со клин се избива. Оние луѓе на кои тешко им паѓа да се соочат со поразот, едноставно се обидуваат да заборават на него така што ќе се посветат на некој нов во нивниот живот. Најлошата од сите комбинации. Човек со нерасчистена душевна состојба не треба уште повеќе да си го комплицира животот додека не се осигура што навистина сака.rnrnКога на крај сè ќе сумираме, доаѓаме до заклучок дека без разлика на полот, животот кога-тогаш знае да си поигра со нас и да нè стави во која било од овие категории. И доста е веќе од оние предрасуди, јас само едно знам, штом е човек од крв и месо, и солза ќе пушти, и борбеност и заби ќе покаже…

  • Добри и лоши страни на врската со помладо момче

    Добри и лоши страни на врската со помладо момче

    Во љубовта нема правила, а тоа го покажува фактот дека годините на  партнерите воопшто не прават разлика. Додека порано важело правилото дека машкото треба да е повозрасно во врската, денеска може да се констатира дека многу девојки се впуштаат во врска со помлади момци. Старосната граница не е и не треба да биде пречка во ниедна врска, меѓутоа убаво е да се знаат добрите и лошите страни во односот кога девојката е постара од момчето.rnrnДобри и лоши страни на врската со помладо момчеrn

    Добри страни

    rnВрската со помладо момче ù создава чувство на девојката дека и таа е помлада. Овде игра улога и сексуалната компатибилност. Машките и женските го доживуваат својот сексуален максимум во различно време, па според таа логика најсовршен спој би биле 25-годишно момче и 40-годишна жена. Тука станува збор за огромна количина на сексуална енергија.rnrnМладите момци се подиви и поголеми авантуристи, додека постарите девојки имаат повеќе животно искуство и се позрели. Секогаш е забавно да се впуштите во ваква авантура. Тука нормално влегуваат во комбинација и моќта и финансиите на постариот партнер.rnrn

    Лоши страни

    rnНедостатокот на искуство може да биде благослов, но и проклетство. Од една страна, помладиот партнер е слободен кога станува збор за бивша сопруга и деца од претходен брак, што не мора да значи дека е исто и со постарата сопатничка.rnrnИсто така, може да завршите и со „детиште“ на кое сè уште му се лумпува и му се играат видеоигри по цел ден. Неретко се случува на девојката во ваков случај да ù биде преку глава да изигрува улога на родител и постојано да биде мудра и одличен советник. Кога ќе сфати дека е ставена во улога на мајка, страста веднаш ќе исчезне.rnrnНајголем проблем се провокациите и коментарите од пријателите и семејството на девојката, кои иако можат да бидат на шала, сепак лошо влијаат врз помладиот партнер. Секако мора да се додаде и дека можат да настанат компликации кога едниот партнер сака да има деца, а на другиот или му е прерано или прекасно.rnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како до успешно пријателство помеѓу машко и женско?

    Како до успешно пријателство помеѓу машко и женско?

    Ако мажите беа од Марс, а жените од Венера, тоа би можело да објасни неколку општопознати стереотипни сфаќања за машко-женското пријателство. Повеќето луѓе на оваа тема би рекле:rn

      rn011

    • Секогаш помеѓу нив се појавува сексуална тензија која придонесува тие да не можат да бидат вистински пријатели;
    • rn011

    • Љубомората која се јавува кај нејзиниот/неговата партнер/ка ги надминува сите рационални размислувања и прави да биде невозможно тие да продолжат да бидат пријатели;
    • rn011

    • Очигледните разлики помеѓу двата пола едноставно ги разделуваат кога станува збор за пријателство.
    • rn

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?Кога ќе ги земете предвид овие неколку ситуации, си велите дека пријателството помеѓу машко и женско е невозможно, нели? Доколку мислите така, грешите. Експертите за врски имаат поразлично мислење.rn
    rn

    „Верувањето дека мажите и жените не можат да бидат пријатели доаѓа од друга ера во која жените припаѓале во домот, а мажите на работа и единствениот начин нивниот пат да се вкрсти, била романсата“, објаснува Линда Сападин – психолог од Вали Стрим, Њујорк. „Денес мажите и жените работат заедно, делат слични интереси за спорт и секојдневно се социјализираат.“

    rnПромената во културата ги охрабри психолозите, социолозите и комуникациските експерти да состават нова порака:rn
    rn

    „И покрај тоа што би можело да биде малку тешко, мажите и жените сепак успешно стануваат блиски пријатели. И секако, имаат добри причини за тоа.“

    rnОвие предизвици најчесто се појавуваат кај новите пријателства. Доколку успеете да ги надминете во првите неколку години од вашето запознавање, понатаму тие нема да ви претставуваат проблем и ќе успеете да создадете цврст однос и стабилно пријателство помеѓу вас.rnrn

    Предизвик бр. 1: Дефинирајте ја врската – пријатели или љубовници?

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?rnrnМногупати се случува да започнеме пријателство со личност од спротивниот пол само од една причина – да го освоиме неговото/нејзиното срце. Но доколку тоа не е случајот со вас, треба да знаете неколку работи поврзани со чувствата. Постојат романтични, сексуални и пријателски чувства кои некогаш многу тешко се разликуваат. Многу луѓе се однесуваат со спротивниот пол на стереотипен начин и доколку се појави „пријателското привлекување“ тие погрешно го сфаќаат.  Најдобро би било уште на почетокот да разговарате со вашиот пријател/ка за очекувањата поврзани со вашиот однос. Доколку и двајцата имате исто мислење, тргнати сте во добра насока.rnrn

    Предизвик бр. 2: Надминете ја привлечноста – разговарајте за секс

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?rnrnМожноста да се појави сексуалната привлечност помеѓу вас секогаш „демне“ во позадина. Обична, платонска прегратка може наеднаш да премине во нешто сосема различно. „Вие пробувате да направите нешто пријателско, но машките/женските делови од телото ви го попречуваат патот“, вели д-р Дон Оумира. И покрај тоа што често е непосакувана, привлечноста е тешко да се игнорира.rnrnИстражувањата покажуваат дека најголем проблем на жените во овој вид пријателство им е сексуалната тензија, додека пак поголемиот број од мажите велеле дека сексуалната тензија е причината поради која го започнале пријателството и сметаат дека таа може дури и да го продлабочи пријателството. Надминете ги овие непријатни ситуации така што ќе бидете искрени помеѓу себе за нив.rnrn

    Предизвик бр. 3: Воспоставете еднаквост – игра на моќ

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?rnrnПријателството би требало да е комбинација од еднакви. Но, д-р Дон Оумира вели:rn
    rn

    „Во културите каде што постои машка доминација, престижот и моќта претставуваат „багаж“ за двата пола – кога тогаш ќе настане растурање на врската“.

    rnЗа да го избегнат ова, жените понекогаш несвесно присвојуваат покорна улога во пријателството. Пробајте да најдете некаков вид рамнотежа во вашиот однос. Тоа се постигнува на тој начин што нема да гледате на вашиот пријател/ка како на маж/жена, туку едноставно како на блиска личност со која моментално одлично се согласувате.rnrn

    Предизвик бр. 4: Во очите на народот – справување со оние кои се сомневаат

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?rnrnГолем број луѓе сѐ уште не се подготвени за пријателство помеѓу машко и женско кое нема никаква сексуална позадина. Оние кои имаат блиски пријатели од спротивниот пол, често ги гледаат со насмевки, намигнување и скептицизам прашувајќи постојано дали тие навистина се само пријатели и потоа го игнорираат дадениот одговор.rnrnПонекогаш притисокот од луѓето околу вас придонесува да се запрашате да не можеби не сте во право, да не се развиле други чувства и дека можеби би требало да го смените односот со својот пријател/ка за да ги исполните очекувањата на другите. Но, тоа не треба да биде причина за промена во вашиот однос. Бидете доследни на себе и со време и тие ќе го разберат вашето пријателство.rnrn

    Предизвик бр. 5: Што ако… – победете ја љубопитноста

    rnКако до успешно пријателство помеѓу машко и женско?rnrnТој/таа најдобро ме познава, тој/таа секогаш знае да ми го каже тоа што ми е потребно да го слушнам, само тој/таа никогаш не ме излажал, мислам дека би било/а совршено/а момче/девојка за мене… Ова се само неколку од мислите кои почнуваат да се појавуваат кога пријателството меѓу вас станува посериозно и подлабоко. Да, точно е дека вие сте се запознале одлично и дека се согласувате за сѐ, но тоа не е доволна причина за започнување на нешто ново. Вие можеби сте компатибилни како пријатели, но тоа не значи дека би можело да ви успее и како љубовен пар. Размислете како тој/таа се однесува во врска. Бидејќи сте блиски пријатели ги имате сите информации на дофат. Анализирајте ги убаво и размислете дали навистина сакате нешто повеќе, притоа не заборавајќи дека можеби тоа што го чувствувате, може да се само моментални интензивни пријателски емоции.rnrnИ за крај, истражувањата покажуваат дека кога една личност подолг период ја гледате како пријател, тој однос ви преминува во навика која подоцна е скоро невозможно да се промени. Бидете трпеливи и во брзо време ќе почнете да ги чувствувате многуте придобивки од овој вид пријателство.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.