КАФЕ ПАУЗА

Tag: марама

  • 5 секси начини да врзете марама на плажа

    5 секси начини да врзете марама на плажа

    Повеќето жени се несигурни кога треба сосема да го изложат своето тело на плажа и да ги покажат несовршеностите пред очите на сите присутни. Затоа некој, некогаш ги измислил нежните летни марами, како замена за облеката, која одлично го прикрива секој недостаток и прави да изгледате свежо, летно и секси. Погледнете ги следниве 5 начини како да врзете марама околу вашето тело, а притоа да ги истакнете своите атрибути и сексапил.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што да понесете со себе кога патувате со авион?

    Што да понесете со себе кога патувате со авион?

    Летото е период кога многу се патува, а многумина избираат да посетат подалечни дестинации до кои најдобро е да се стигне со авион. Доколку често патувате по воздух, знаете отприлика што да очекувате и како да се подготвите, но ако никогаш или ретко сте патувале на овој начин, неколку препораки добро ќе ви дојдат. Еве што треба да земете во торбата со себе за да имате попријатно искуство додека летате.rnrnШто да понесете со себе кога патувате со авион?rnrnПамучен шал или марама – Ова парче во вашата торба ќе ви се најде во двојна улога – и доколку ви застуди, кога можете да го искористите како ќебе, и ако сакате да одморите, при што можете да го замотате како перница. Бонус: замотајте ја преку лицето доколку ви се погоди да седите до некој што не мириса добро.rnrnЧорапи – Летањето со авион може да биде студено и во летните периоди од годината. Доколку сте зимурливи, спакувајте си (дополнителен) пар чорапи во торбата што ќе ја понесете со вас во авионот. Ако сте екстрасензитивни на студ, спакувајте и една блуза за секој случај.rnrnПерница на дување – Иако шалот ќе заврши работа, доколку сакате комоција, набавете си перниче за патување, кое не зафаќа место кога е издишано, а е добро и за главата и за вратот.rnrnПовеќенаменска крема – Изберете некоја која ви одговара на кожата. Важно е да ви го држи лицето навлажнето во текот на целиот лет, а да ви врши работа и доколку сакате да си ги намачкате рацете, кои може да ви се исушат во текот на долгото летање.rnrnВода – Вистина е дека вода можете да добиете и во авионот, но некои истражувања покажаа дека во авионската вода може да има бактерија, па можеби ќе се помислите пред повторно да посегнете по ова бесплатно задоволство. Не купувајте сокови бидејќи од шеќерот ќе станувате уште повеќе жедни. Водата ќе мора да ја купите откако ќе ја поминете сигурносната проверка или пак, може да си понесете празно шишенце и да го наполните со вода од тоалетите.rnrnСендвич – Земете си храна од дома која знаете дека е здрава и чиста. Направете си сендвич како за на училиште и понесете си овошје и јаткасти плодови кои ќе ви дадат енергија и се одлични за имунитетот. Авионската храна е скапа, а дури и кога е бесплатна полна е со конзерванси.rnrnДобра книга, киндл или портабл играчка конзола – Долгите летови се одлични за читање добра книга на раат. Понесете си печатено издание или пак наполнете го вашиот киндл или друг уред со саканата литература. За некои, подобра опција ќе биде играчка конзола.rnrnАнтибактериски марамчиња – Седиштето на коешто ќе седнете најверојатно никогаш не било дезинфицирано. Пребришете ги рачките на столицата, каишот, прозорецот и послужавникот на седиштето пред вас. Во средина во која влажноста на воздухот е значително намалена каква што е во авионот, бацилите од сè што е околу вас може многу полесно да навлезат во вашиот организам преку дишењето и да предизвикаат некаква болест. Подобро да се спречи отколку да се лечи.rnrnЧепови за уши – Деца кои врискаат, луѓе кои спијат гласно (`рчат), звукот на авионските мотори… сè ова придонесува да се чувствувате поизморено за време и по летањето. Добри слушалки за врева или чепови за уши се одлично решение за да се чувствувате порелаксирано.rnrnВода во спреј – Воздухот во авионот е сув, па одвреме-навреме прскајте го лицето и вратот со спреј. Вашата кожа и белите дробови ќе се чувствуваат многу подобро.rnrnЛабело или гроздова маст – И на усните им треба нега и навлажнување додека трае летот. Ова е евтина инвестиција со долготраен рок на употреба.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Модни правила за мажи за оваа пролет

    Модни правила за мажи за оваа пролет

    Пролетта конечно ни дојде, а со тоа пополека почнуваме да ја менуваме дебелата зимска облека со полесна, потенка и повесела. За да можете да направите успешна транзиција кон оваа сезона, потребно е да се водите по неколку правила кои ќе ви помогнат многу полесно да успеете во тоа.Модни правила за мажи за оваа пролет1. За успешно да ја започнете сезоната, обезбедете си неколку пролетни палта, кои ќе ги носите без вратоврска. Исто така можете да си купите сини или кафени чевли.rnrn2. Доколку купувањето нови палта не влегува во вашиот буџет, тогаш искористете некое старо, но сменете ги работите кои се наоѓаат под него. Можете да купите кошули со светла боја и вратоврски со дезен или пак шарена кошула која ќе ја носите со еднобојна вратоврска која ќе го направи контрастот.Модни правила за мажи за оваа пролет3. Идеален пар обувки за оваа сезона се лесните чевли изработени од антилоп.rnrn4. Ладните пролетни ноќи бараат секогаш со себе да носите шал или марама. Без разлика дали е еднобојна или со некаков дезен, во комбинација со спортско палто делува модерно, а истовремено лежерно.Модни правила за мажи за оваа пролет5. Доколку сакате да се облечете неформално, одберете тенки куси панталони во комбинација со еднобојни мокасини. Доколку сакате да експериментирате, можете да пробате со некоја пожива боја.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да изгледате луксузно со мал буџет?

    Како да изгледате луксузно со мал буџет?

    Сите понекогаш доживуваме финансиска криза. Можеби предвреме сте го потрошиле џепарлакот или месечната плата, а можеби се трудите да заштедите за нешто важно во иднина. На дамите тешко им паѓа таа криза знаејќи дека истата директно ќе се одрази врз нивниот изглед, а со тоа и на нивното расположение. Но, не мора да биде така. Еве неколку трикови како да изгледате и да се чувствувате убаво, дури луксузно со ограничен буџет.Како да изгледате луксузно со мал буџет?rn

    Средени нокти

    rnСигурно сте забележеле колку добро се чувствувате после маникир. Ноктите можеби навидум се ситница, но тие се одраз на една дама. Знаејќи дека вашите нокти се средени, вие подобро ќе се чувствувате. Најдете евтина понуда за маникир во салон за убавина или направете си домашен маникир за да заштедите повеќе.rn

    Обрнете внимание на аксесоарите

    rnОдберете убава марама и „зачинете“ го вашиот изглед. Нема подобар и поефективен начин да изгледате фенси со мал буџет. Не само што можете да ги најдете по прифатливи цени, марамите може да ги комбинирате на речиси секакви аутфити и различни временски услови. Исто така, може да одберете различни начини на врзување на марамата, за да го постигнете посакуваниот изглед. И најобична комбинација добива поинаков шмек кога ќе додадете марама. Само внимавајте да ја одберете соодветно со боите на вашата облека, материјалот и временските услови.Како да изгледате луксузно со мал буџет?rn

    Само малку луксуз

    rnМожеби не можете да си дозволите многу луксуз, но не значи дека не можете да си дозволите малку. Сигурно во вашиот плакар или кутија со накит имате барем едно парче, а толку е доволно. Не мора да биде некаква марка на облека, зборувам за вашата омилена чантичка, марама или ланче кое изгледа префинето. Додадете го, но без претерување. Не сакате да изгледате како новогодишна елка, сакате само малечок луксузен допир.rn

    Сменете нешто

    rnМалиот буџет може да влијае депресивно. Не дозволувајте да ве обземе досадата и да почнете да си бидете здодевни дури и на самите себе. Направете мала промена во вашиот имиџ, а најлесен и најбрз начин е промената на вашата фризура. Еве неколку трикови: скратете шишки, толку едноставен потег, а веднаш носи забележителна промена, извиткајте ја косата доколку ви е права или испеглајте ја доколку имате виткана коса. На тој начин ќе си внесете една свежина во вашиот изглед и ќе го одвлечете вниманието од нештата кои не сакате да бидат забележани.Како да изгледате луксузно со мал буџет?rn

    Доколку купувате нешто, купете неутрална боја

    rnАко се одлучите да купите парче облека или сте нашле нешто по прифатлива цена, одберете неутрална боја како бела, крем или црна. На тој начин парчето облека лесно ќе го комбинирате со облеката која ја имате, а лесно ќе додадете некаков аксесоар како марама или накит.Како да изгледате луксузно со мал буџет?rn

    Високи потпетици

    rnЕве една докажана вистина, кога на вашиот изглед ќе додадете високи потпетици сè се менува. Одвлечкајте го вниманието кон вашите високи потпетици. Комбинацијата може да ви биде наједноставна, како тесни фармерки и кремава кошула, но високите потпетици едноставно менуваат сè и го збогатуваат вашиот изглед. Колку е прекрасно тоа?Како да изгледате луксузно со мал буџет?rn

    Внимавајте на вашите манири

    rnОна што ве прави дама и што ви помага да изгледате стилски се вашите манири и вашето однесување, а не облеката која ја носите. Не е битно колку сте луксузно облечени, доколку немате манири сè паѓа во вода. Она што се брои е вашиот став, движењето, енергијата која ја пренесувате и културните навики кои ги поседувате. Движете се со самодоверба и однесувајте се како дама, со тоа сте завршиле голем дел од работата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Идеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџ

    Идеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџ

    Марамите се одличен аксесоар за коса. Со нивна помош може да постигнете секаков изглед, од слатко до секси. Еве неколку интересни идеи за фризури со марама.rn

    Марама и пунџа за женственост

    rnВрзете ја косата во неуредна пунџа. Потоа врзете ја марамата така што врзаниот јазол ќе го поставите на врвот на главата. Зацврстете ја фризурата со неколку шноли.rnrnИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџrn

    Рок девојка

    rnИзвиткајте ја косата во брановити кадрици. Свиткајте ја марамата во триаголна форма, потоа превиткајте ја неколку пати во зависност од тоа колку сакате да биде широка. Поставете ја марамата на челото врзувајќи ја во задниот дел од главата. Зацврстете ја со шноли.rnrnИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџrn

    Ретро изглед

    rnВрзете ја косата во ниска пунџа. Превиткајте ја марамата како триаголник и поставете ја на вашата коса така што краевите на триаголникот ќе дојдат напред. Едниот крај извлечете го под другите два, а потоа другите два краеви врзете ги во јазол на врвот на главата.rnrnИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџrn

    Хипи девојка

    rnИзвиткајте ја косата во брановити кадрици или врзете ја во неуредна пунџа. Потоа врзете ја и марамата, може да ја превиткате неколку пати, всушност, колку понеуредно, толку повеќе го доловувате изгледот.rnrnИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџrn

    Слатка и романтична

    rnВрзете ја косата во коњско опавче или извиткајте ја брановито. Извиткајте ја марамата, но гледајте да биде што потенка. Потоа врзете ја со панделка на страна.rnrnИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџ

  • Совршени зимски комбинации на облека

    Совршени зимски комбинации на облека

    Веќе сè мириса на зима, но не значи дека во зима нема добри забави. Ве фаќа депресија при самата помисла на шарените летни комбинации? Еве некои предлози кои совршено одговараат за различни видови забави во зимскиот период.rnrn

    Кожни хеланки и широк џемпер

    rnКожни хеланки, широк џемпер и високи потпетици – станува збор за лесен и кежуал изглед. Аксесоари од типот впечатливи обетки и чанти со различни принтови, ја прават целата комбинација потренди. Не претерувајте со додатоците, одберете ограничен број (на пример, обетките се целиот накит кој ви е потребен со оваа комбинација), со цел да не го „пренатрупате“ вашиот изглед.rnrnСовршени зимски комбинации на облекаrnrn

    Зимски амбиент

    rnНајлесен начин да се стоплите, а воедно и да се вклопите во амбиентот со ладното време е дополнување на изгледот со јакна, елек или марама. Од една страна, станува збор за толку едноставна комбинација, а од друга страна е толку женствена. Тесни фармерки, еднобојна кошула, елек со крзно, и секако високи потпетици. Изгледот „зачинете“ го со само едно парче впечатлив накит.rnrnСовршени зимски комбинации на облекаrnrn

    Контраст помеѓу кежуал и женствено

    rnЗапочнете го изгледот со женствено здолниште и интересна, едноставна маичка. Со палтото ќе постигнете благ контраст помеѓу спотрското и женственото. Завршете го изгледот со потпетици до глуждовите и обетки. Никогаш не сте помислиле на оваа комбинација? Пробајте ја макар еднаш и видете како би ви стоела.rnrnСовршени зимски комбинации на облекаrnrn

    Додадете топли аксесоари

    rnВо зима е лесно да претерате со додавање, па затоа држете се до едноставна основа, на пример фармерки и еднобојна блуза, и додадете интересни зимски аксесоари. Шарената марама или шал, можат да послужат како додатоци. Носете високи чизми со високи потпетици, а бидејќи лесно би можеле визуелно да си додадете некое кило, потрудете се фармерките да ви бидат тесни, а блузата да го оцртува вашиот струк. Не претерувајте со аксесоарите.rnrnСовршени зимски комбинации на облекаrn

    Фустан + хулахопки + кожна јакна

    rnКој рече дека вашиот омилен фустан не би можеле да го комбинирате во зима? Одберете хулахопки и кожна јакна, плус високи чизми до глуждовите или ниски чизмички. Финиширајте го изгледот со долго и женствено ланче. На овој начин ги балансирате работите, јакната и обувките со фустанот и ланчето.rnrnСовршени зимски комбинации на облекаrn

    Жешка комбинација во зима

    rnЕве комбинација за малку посвечена пригода. Само затоа што е зима не значи дека треба да се откажете од кратките пантолони. Комбинирајте ги со подебели хулахопки. Одберете црно и едноставно палто кое наликува на оние од костумите и едноставна маичка. Вниманието привлечете го со впечатливи потпетици и црвени усни.rnrnСовршени зимски комбинации на облекаrn

    Кежуал

    rnОвој изглед можеби не е прикладен за во ноќен клуб, но е совршен за дружење со колеги или неформална забава дома. Изгледате удобно, топло и опуштено, а не сте пренатрупани со облека. Сомотски панталони и едноставно слатко џемперче ќе ви помогнат да го постигнете посакуваниот ефект.rnrnСовршени зимски комбинации на облекаrn

    Фустан со долги ракави и високи чизми

    rnОдлична зимска комбинација за забава! Комбинацијата е толку шик, женствена и едноставна. Ваквите модели на фустани се совршени за во зима, а можеби би било најдобро да одберете еднобоен во нијанса која полесно би ја комбинирале со вашите обувки или модни додатоци.rnrnСовршени зимски комбинации на облека
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магичен танц кој ќе ве хипнотизира

    Магичен танц кој ќе ве хипнотизира

    Даниел Вурцел е артист кој се обидува да го трансформира обичното во нешто сосема неверојатно. Неговата цел е да најде нова примена на работите, нешто што никому ни на крај памет не би му паднало. Во неговите последни дела тој се обидува да воведе ред во хаосот кој го создава ветерот.rnrnМагичен танц кој ќе ве хипнотизираrnrn rn

    „Јас сум заинтересиран да создадам уметност која е експериментална, интерактивна и која постојано се менува. На овој начин таа може да доведе до состојба на транс и мечтаење кај оние кои ја гледаат, нешто слично како хипонтизирачкото чувство кое се појавува додека гледате во оган.“

    rnrnrnrnrnНеговата уметност навистина е уникатна и зачудувачка. По ова видео кое пред неколку години ги остави сите без зборови, тој направи уште едно каде што заедно „танцуваат“ две марами. Наш совет е два пати да ги погледнете овие магични танци – еднаш сконцентрирајте се на марамите, а вториот пат на нивните сенки.rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 25 начини да носите марама околу врат

    25 начини да носите марама околу врат

    Марамите претставуваат моден додаток кој може да се носи во секој период од годината, комбинирајќи го со секаков тип облека. Секако, треба внимателно да се бираат дезените и материјалите, а за посакуваниот ефект може да е битна и формата.rnrn25 начини да носите марама околу вратrnrnВенди од веб-сајтот Wendy’s Lookbook го има направено ова видео во кое ни покажува дури 25 различни начини за носење марама околу вратот. Најдоброто од сè е што видеото трае помалку од 5 минути, а на крајот, секој стил може да се кликне од малите квадратчиња доколку сакате да видите повеќе детали.rnrnrnrnКолку вие сакате и практикувате да носите марами? Како најмногу сакате да ги комбинирате?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

    Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

    Автор: Д.Џ.

    rn

    Трудејќи се да ги следиме моменталните трендови, понекогаш забораваме дека сите парчиња што ни се потребни за формирање на одлична комбинација, се веќе во нашиот гардеробер.  Станува збор за парчиња кои никогаш не излегуваат од мода, лесни се за комбинирање со секој стил и големи се шансите веќе да ги поседувате.Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

    rnrn

    1. Кожната јакна

    rn

    Кожните јакни беа многу модерни минатата есен, така што шансите веќе да поседувате една се многу големи.  Тие не беа модерни само минатата година, кожните јакни никогаш не излегле од мода. Без разлика дали станува збор за кафена, црна, тесна, широка, куса или долга, вистинска кожа или еко-кожа, овие јакни засекогаш ќе бидат модерни и парче кое секој од нас треба да го поседува. Тие и додаваат дополнителен шмек на која било комбинација што ќе ја направите. Облеки кои можете да ги носите и оваа есенНе се плашете да експериментирате, тие одат одлично во комбинација со секакви пантолони и фармерки, но во последно време, во светот на модата тие се комбинираат и со женствени мини-здолништа и фустани во различни дезени.Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

    rnrn

    2. Џемперчиња на закопчување

    rn

    Станува збор за џемперчињата кои ова лето ги комбиниравме со нашите омилени фустанчиња за вечерните излегувања. Тоа се истите оние кои одлично одговараат во комбинација со бели, но и не само со бели кошули, со класични маички и со ред други работи. Тоа се всушност џемперчињата кои се супер-лесни за комбинирање и одлично одговараат за секоја пригода. Тие можат да изгледаат класично, женствено, спортски, но најбитно од сѐ, тие се лесни за комбинирање и можат да ве загреат во овие есенски денови.  Бидете интересни и неограничени во изборот на бојата и дезените, тие изгледаат одлично во сива, темно сина, црвена, окер и многу други бои. Кога станува збор за различните дезени, тие изгледаат несекојдневно во пругасти дезени во сите бои.Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

    rnrn

    3. Хулахопки

    rn

    Има толку многу работи што ги прават хулахопките одлично парче за секоја есен. Без разлика дали се еднобојни, шарени или наједноставни црни хулахопки, тие се одлични за да додадат нов момент во вашата комбинација, да ве одвојат од околината и се разбира да ги покажат и истакнат вашите нозе, а притоа да не ви е студено.  Само со менување на хулахопките, вашата комбинација може да изгледа секогаш различна! Искомбинирајте ги со вашите омилени летни куси пантолони, мини-здолниште или фустан и изгледајте женствено и зaгреано.Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

    rnrn

    4. Чизми

    rn

    Парчето кое сите нас најмногу не асоцира на есен. Тие се толку класично и практично парче што е невозможно некогаш да излезат од мода. Изборот на чизмите што ќе ги носите зависи од вашиот личен стил и вкус, повеќе отколку од моменталната мода и тренд. Искомбинирајте ги со интересни хулахопки или чорапи до над колена за вечерно излегување или пак со фармерки за дневна комбинација во која ќе изгледате интересно, згреано и заштитено од есенските дождови.Облеки кои можете да ги носите и оваа есенОблеки кои можете да ги носите и оваа есен

    rnrn

    5. Марами и шалови

    rn

    Иако можеби е непотребно да се нагласува носењето на шалови и марами во студените денови од годината, сепак треба да им се посвети и нив малку внимание.  Никогаш не заборавајте да искомбинирате еднобојна марама, плетен шал или свилена марама во цветни дезени. Чудно е колку можат визуелно да го променат вашиот изглед и да ја разиграат вашата еднобојна комбинација, покрај вршењето на нивната примарна функција – штитењето од студот. Откако ќе се навикнете на комбинирање на шал/марама, нема да можете да престанете!Облеки кои можете да ги носите и оваа есен

  • Како да се облекувате како Chuck Bass?

    Како да се облекувате како Chuck Bass?

    Автор: Д. Џ.rnrnЧак Бес (Chuck Bass). Доволно е кажано. Една од поголемите причини зашто „Озборувачка“ (Gossip Girl) е омилена серија на голем број девојки ширум светот. Настрана неговата природна убавина и шарм, Чак Бес го поседува оној стил кој го прави уште попрекрасен.Како да се облекувате како Chuck Bass?Стилот и облеката се нешта кои секој од нас може да ги модифицира и менува со времето. Но, доколку сакате вашиот стил да го приближите до оној на Чак Бес, склопивме неколку совети со кои ќе ви помогнеме да го направите тоа.Како да се облекувате како Chuck Bass?Кога сте Чак Бес, секојдневното никогаш не значи безгрижно. Без разлика дали го поминувате времето во некој ресторан, кафуле или низ дома, секогаш треба да изгледате беспрекорно средено и сѐ да ви биде „под конец“.rn.rn

    1. Костимот на Чак Бес

    rnЕдна од неговите три омилени работи, покрај девојките и префинетите алкохолни пијалаци, е класичниот костим. Тоа е првото нешто што секој од нас го забележува кај Чак. Додека тој своите костими ги носи на најкласичниот начин, вие можете со малку имагинација вашето класично палто да го искомбинирате со фармерки, штосна маичка и интересни чевли.Како да се облекувате како Chuck Bass?rn

    2. Слоеви, слоеви, слоеви

    rnЗа постигнување на поинтересен изглед и подобро изразување на вашиот стил и вкус, облекувајте се во слоеви.  Тоа го прави Бес. Погледнете на сликата подолу како интересно ги има искомбинирано темно црвените пантолони со темната боја на неговите сини превиткани ракави од палтото. Оваа интересна игра на јаки бои не делува нападно затоа што ја има искомбинирано со бледите бои на неговата кошула, џемпер и палто. Сѐ е толку добро склопено што во ниеден момент не делува како „премногу“.Како да се облекувате како Chuck Bass?rn

    3. Во линии

    rn

    Чак можеби е класичен, но тоа е секогаш со интересни детали кои класичното го прават да биде сé само не здодевно. Бес ги обожува своите палта, кошули и пантолони во линии. Пробајте и вие.Како да се облекувате како Chuck Bass?

    rnrn

    4. Стара Школа (Old School)

    rnМногу пати за изгледот на Чак да биде тоа што е, тој е интересно комплетиран со модните додатоци без кои не би било тоа-тоа. Погледнете како на оваа слика изгледот е воден од неговиот  интересен шешир, чевли во стилот на 40-тите години од минатиот век и палто во истиот тон.Како да се облекувате како Chuck Bass?rn

    5. Играјте си со боите

    rnСекогаш е полесно и поздодевно да се придржувате до црната, белата и другите „обични“ бои кога станува збор за дефинирање на вашиот изглед. Бидете креативни и не бидете ограничени при изборот на бои.Како да се облекувате како Chuck Bass? rn

    6. Препознатливата марама на Чак

    rnСекој кој е познат по неговиот интересен, добар стил на облекување има препознатливо парче. Кај Чак тоа е неговата марама. Кај вас тоа може да биде некоја интересна шапка, вратоврски и ред други работи од кои можете да избирате.Како да се облекувате како Chuck Bass?rn

    7. РакавициКако да се облекувате како Chuck Bass?8. Фризура во стилот на 60-титеКако да се облекувате како Chuck Bass?9. За да го комплетираме изгледот на Бес…

    rn rnrnНајбитното што го прави стилот на Чак толку препознатлив и единствен е начинот на кој тој ги носи своите парчиња. Изреката „не е важно што носиш, важно е како го носиш“ можеби станува клише, но ќе остане прво правило во светот на модата. Бидете сигурни во себе, движете се гордо и исполнети со самодоверба.Како да се облекувате како Chuck Bass?rnrn