КАФЕ ПАУЗА

Tag: марама

  • Од моден додаток до комплетен изглед: Трансформирајте ја вашата бесконечна марама во здолниште или фустан

    Од моден додаток до комплетен изглед: Трансформирајте ја вашата бесконечна марама во здолниште или фустан

    Ако ви здодеаја фустаните и здолништата кои ги имате во вашиот плакар, а во моментов не сте при пари за да купувате нови, бидете креативни и експериментирајте со она што веќе го поседувате.rnrn1-od-moden-dodatok-do-kompleten-izgled-transformirajte-ja-vashata-beskonechna-marama-vo-zdolnishte-ili-fustan-kafepauza.mkrnrnСме виделе како марамите може да се трансформираат во креативни парчиња облека, а овој пат следуваат 5 предлози тоа да го сторите со бесконечна свилена марама.rnrnod-moden-dodatok-do-kompleten-izgled-transformirajte-ja-vashata-beskonechna-marama-vo-zdolnishte-ili-fustan-kafepauza.mkrnrnДополнително ќе ви требаат и еден до два ремени, како и шарено прслуче кое може да даде интересен ефект ако се проѕира низ марамата.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ја носите марамата како девојките од Париз?

    Како да ја носите марамата како девојките од Париз?

    Некои работи девојките од Париз ги прават едноставно многу подобро од останатите. Особено кога станува збор за модата, поточно за комбинациите со марамите. Тие прекрасни свилени марами кои едноставно секогаш изгледаат совршено на нивниот врат, се секојдневен моден додаток кој само дополнително го нагласува нивниот гламур.rnrnКако да ја носите марамата како девојките од Париз?rnrnЗапознајте се со Ал Бихар, девојка која работи на креативните проекти за Вог, чие потекло е од Париз и Токио.rn

    „Сакам да мислам дека тоа е мит, дека постојат многу повеќе интересни и мистериозни начини. Кога растете носејќи марами, со тек на време почнувате да изгледате навистина добро во нив“, вели Бихар.

    rnТокму затоа таа решила да го сподели својот креативен и личен начин на кој ги носи марамите и со нас. Погледнете…rn

    Половина панделка

    rnКако да ја носите марамата како девојките од Париз?rnrnБихар прво ја превиткува марамата на половина, дијагонално, сместувајќи ја во триаголна форма и потоа ги доближува краевите заедно. Инспирацијата за овој модел потекнува од начинот на кој стјуардесите од „Japan Airlines“ ги врзуваат своите марами во целосна панделка.rn

    Мери Руки

    rnКако да ја носите марамата како девојките од Париз?rnrnБихар, која работела како инженер пред да се пренасочи кон светот на модата, го именувала овој стил според начинот на кој една од нејзините професорки ја носела својата марама. Оваа фризура е направена од 2 различни марами врзани во јазол кој има форма на еден вид панделка.rn

    Монтана во 80-тите

    rnКако да ја носите марамата како девојките од Париз?rnrnОвој плетен каиш, кој го добил своето име според големиот француски дизајнер во 80-тите години, е совршениот моден додаток за пантолони со висок струк. За плетениот каиш ви се потребни 3 различни марами.rn

    Дијана

    rnКако да ја носите марамата како девојките од Париз?rnrnСо помош на марамата од мајка ѝ, Бихар креира изглед кој наликува фустанот од Зандра Роудс кој принцезата Дијана го носела во 80-тите години.

  • Ќе се пукнете од смеење: Кучиња со марами на главата личат на баби

    Ќе се пукнете од смеење: Кучиња со марами на главата личат на баби

    Деновиве на социјалните мрежи е ултраакутелен хаштагот #BabushkaDogs под кој корисниците ги споделуваат своите кучиња со марама на главата, врзана на старински начин, под брадата, на тој начин правејќи ги да личат на стари баби, како што во некои краишта сè уште се практикува. Споредбата, иако глупава и нелогична, е истовремено и многу смешна. Кој би поверувал дека потребна е само една марама и малку креативност за вашето куче да го претворите во „бабушка“.rnrn34-kje-se-puknete-od-smeenje-kuchinja-so-marami-na-glavata-lichat-na-babi-kafepauza.mk35-kje-se-puknete-od-smeenje-kuchinja-so-marami-na-glavata-lichat-na-babi-kafepauza.mkrnrn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како до совршена фризура со марама?

    Како до совршена фризура со марама?

    Марамите за коса се одличен летен аксесоар па не ги заборавајте оваа сезона. Може да ги носите на плажа, на кафе или на вечерни журки. Погледнете го овој туторијал со слики за да направите супер фризура со марама за коса. Пожелно е да одберете марама со тенка жица која го задржува обликот и стои поцврсто за разлика од обичните марами.rnrn5-kako-do-sovrshena-frizura-so-marama-www.kafepauza.mk_rn

    Потребно:

    rn

      rn011

    • Лак за коса
    • rn011

    • Пегла за коса
    • rn011

    • Чешел за тапирање
    • rn011

    • Гел-спреј за зацврстување
    • rn011

    • Марама за коса
    • rn

    rnНајпрво испрскајте ја косата со лак за коса од коренот до врвовите. За да направите совршени брановидни локни разделете ја косата на двете страни со неправилен патец и врзете го едниот дел горе на главата. Со другиот дел од косата направете плетенка и со помош на пегла за коса поминете по плетенката создавајќи мал притисок (како што е прикажано на сликата). Повторете го истото со другиот дел од косата.rnrnКако до совршена фризура со марама?rnrnОтпуштете ги плетенките внимателно разделувајќи ги со прсти прамените од косата за да не ги уништите локните. Истапирајте го горниот дел од косата за да добиете волумен, почнувајќи од врвот кон коренот.rnrnКако до совршена фризура со марама?rnrnОдберете цврст гел-спреј за зацврстување на локните и испрскајте.rnrnКако до совршена фризура со марама?rnrnЗа совршено да ја врзете марамата поставете ја со двата краеви напред околу вратот точно под брадата. Фатете ги двата краеви и кренете ги до врвот на главата, потоа врзете ги во панделка. Донесете дел од локните пред марамата околу лицето за да го завршите овој романтичен изглед.rnrn5-kako-do-sovrshena-frizura-so-marama-www.kafepauza.mk_

  • 10 евтини работи што секоја девојка би требало да ги има

    10 евтини работи што секоја девојка би требало да ги има

    Понекогаш најевтините работи може да бидат оние кои се всушност и најнеопходни за секојдневните комбинации. Еве 10 парчиња облека и модни додатоци кои ќе го сменат вашиот целокупен изглед, се разбира, на подобро.rnrn0-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-imarn

    1. Шнолички за прицврстување во боја

    rnНеуредната фризура надополнета со шноли во разни бои наеднаш станува модерна.rnrn1-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-ima 1.1-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-imarn

    2. Платнена чанта со везен амблем

    rnБезвременска чанта што собира сѐ, особено кога имате многу обврски надвор од домот. Кога е во кул боја и со дискретен, а сепак впечатлив амблем, таа станува уште пошик.rnrn2-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-imarn

    3. Старки

    rnКремасти, бели или црни, ова се патики за многукратна употреба и се секогаш добредојдени. Тие можат да бидат или високи или ниски, а одат одлично со „износена“ облека.rnrn3-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-ima 3.1-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-imarn

    4. Апостолки во металик нијанса

    rnПар обични златни или сребрени апостолки ќе направат да блеснете во топлите летни денови.rnrn4-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-ima 4.1-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-imarn

    5. Обична бела маичка

    rnОвие маички одговараат со сѐ, од широки пантолони до класично макси здолниште. А ако сакате да експериментирате со пошироки варијанти, не плашете се да облечете машки модел.rn

    5-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-ima 5.1-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-ima

    rn

    6. Марама за на глава

    rnМарамата може целосно да влијае на стилот и при наједноставните комбинации. Комбинирана со машка кошула и фармерки ќе изгледате како пин-ап девојка од 60-тите.rnrn6-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-ima 6.1-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-imarn

    7. Панамски шешир

    rnПоширокиот шешир со обод не само што целосно го крие вашето лице од сончевите зраци, заштитувајќи ја вашата скапоцена кожа, туку дава и ноншалантен изглед кој одлично ќе ја надополни вашата облека во летниот период.rnrn7-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-ima 7.1-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-imarn

    8. Специфични хулахопки

    rnНетранспарентните хулахопки во смели бои или принтови го освежуваат изгледот, а можат и да му дадат топлина и скромност. На риги, пепито или карирани, овие принтови се класични и кул, додека јаките бои како темносината или аловата му додаваат друга димензија на монохроматскиот изглед.rnrn8-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-ima 8.1-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-imarn

    9. Нежни златни детали

    rnМали примеси од злато ќе изгледаат прекрасно на вас без да бидете приморани да ограбувате банка.rnrn9-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-imarn

    10. Тексас кошула

    rnКласичната тексас кошула може да се носи секој ден бидејќи одговара со сѐ. Изгледа слатко наметната преку летно фустанче, а паметно кога сте облечени од глава до пети во џинс.rnrn10-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-ima 10.1-10-evtini-raboti-shto-sekoja-devojka-bi-trebalo-da-gi-imarnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прекрасни свилени марами со неверојатните вселенски фотографии од Хабл

    Прекрасни свилени марами со неверојатните вселенски фотографии од Хабл

    Ако и вие сте фасцинирани од космосот, тогаш овие свилени марами ќе ви станат вашиот нов омилен моден додаток. Селин Симан Вернон од „Slow Factory“ е дизајнерката на оваа иновативна линија од прекрасни свилени марами со дел од најневеројатните фотографии направени со телескопот Хабл. Нејзината ограничена серија изобилува со брилијантни сини и топли портокалови бои во комбинација со мали ѕвездички како додатоци. Овие марами се како потсетник дека вселената е постојано околу нас и дека ѕвездите се секогаш таму горе. Со нив, вие буквално ќе го носите универзумот на вашите рамења.rnrnПрекрасни свилени марами со неверојатните вселенски фотографии од Хаблrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марами

    Неколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марами

    Автор: Ана ПетровиќrnrnНе дозволувајте вашата колекција на марами да стои во плакарот. Искористете ги на креативен и интересен начин. Токму поради фактот што модата се менува и она што сте го купиле пред една деценија, веќе не го носите, тука е ентериерот на кој добро би му дошло едно мало разубавување.rnrnДоколку сакате да внесете разиграни бои и уникатни шари во домот, во продолжение ви претставуваме неколку идеи како да го направите тоа.rn

    Наслон на кревет

    rnНадополнете го вашиот еднобоен кревет со преубав дезен на марама, со кој би добил сосема различна нота.rnrnНеколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марамиrn

    Обвиткајте ја вазната

    rnМарамите имаат двојна функција. Освен што ја надополнуваат вашата облека, можат да послужат и како декоративен детаљ во просторот, кој внесува свежина и радост во вашиот дом. Врзете ја вашата марама на омилената вазна за цвеќе. Ова е и одличен начин да ја маскирате обичната тегла ако немате вазна.rnrnНеколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марамиrn

    Украс за столиците

    rnНајдете една или две марами со иста должина и ставете ги на столот како украс.rnrnНеколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марамиrn

    Марама во рамка

    rnКој би се сетил да урами некој уникатен дезен на марама и да го закачи на ѕидот во некоја од собите? Прекрасна идеја, која ќе ги воодушеви вашите пријатели.rnrnНеколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марамиrn

    Навлаки за перници

    rnМарамите искористете ги и како навлака за перници. Одберете ги најубавите свилени марами, кои би придонеле за пософистициран изглед на мебелот.rnrnНеколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марамиrn

    Марама на ѕидот

    rnЕдноставно и лесно. Земете ја вашата стара марама во винтиџ стил и закачете ја на ѕидот. Можеби звучи чудно, но доколку сте љубители на боемскиот стил, ова е одлична идеја за уредување на домот.rnrn(6) nekolku-brilijantni-idei-za-dekoriranje-na-prostorot-so-pomosh-na-marami-kafepauza.mkrn

    Обложете ги столиците

    rnТапацирајте ги вашите столици или наслони со помош на марамите. Тие ќе добијат нов изглед, а вашата работа ќе биде завршена, бидејќи столиците ќе изгледаат како нови.rnrn(7) nekolku-brilijantni-idei-za-dekoriranje-na-prostorot-so-pomosh-na-marami-kafepauza.mk

  • Модна транзиција: носете ја летната облека во есен

    Модна транзиција: носете ја летната облека во есен

    Колку и да ни е тешко да признаеме, летото полека си заминува, и иако некои од нас сѐ уште се печат на топлите плажи, набрзо ќе треба да се прилагодиме на есенското време. За девојките е тешко да се откажат од сите кул аксесоари, маички и фустанчиња во весели бои и дезени, па еве неколку модни трикови како да продолжите да ги комбинирате, барем на почетокот на есента.Модна транзиција: носете ја летната облека во есенrn

    Мора да имате пар црни хулахопки

    rnОва парче облека ви е неопходно за да ја направите полесна транзицијата кон есента. Тие се совршени за комбинирање со сѐ што имате, како летни здолништа, фустани или шорцеви, особено ако се во потемни бои.rnrnИмајте ги во различни дебелини за да можете да си го прилагодите изгледот на временската состојба. Алтернативно можете да комбинирате доколенки кои одат одлично со летните фустани.Модна транзиција: носете ја летната облека во есенrn

    Мешајте летни бои со есенски нијанси

    rnДочекајте ја есента полесно мешајќи ги светлите летни бои со типичните топли есенски нијанси како портокалова, сенф боја, кафеава и црвена. Исто така, можете да додадете и парче со животински принт.Модна транзиција: носете ја летната облека во есенrn

    Облекувајте се во слоеви

    rnКога ќе настапат постудените денови, обично сакаме да се чувствуваме удобно и топло во нашата облека, па облекувајќи се во слоеви ќе можете совршено да ги искористите летните маички и здолништа.rnrnНо запомнете, кога облекувате слој врз слој, секогаш треба да ви биде истакната вашата женствена фигура, така што еден дел од телото ќе го оставите само делумно покриен или пак ќе ја потенцирате вашата линија со помош на ремени и прилепена облека.Модна транзиција: носете ја летната облека во есенrn

    Додадете марама

    rnМарамата е совршениот моден додаток. Таа е вашата најдобра пријателка за премин од една во друга сезона и одлично го надополнува изгледот. Изберете голема и долга марама која можете да ја носите како шал за супер удобност и екстра топлина. Бесконечните марами се сѐ уште ин, па можете убаво да ги искомбинирате со маичка со кратки ракави или со топ без ракави.Модна транзиција: носете ја летната облека во есенrn

    Комбинирајте со џемперчиња

    rnПлетените волнени џемперчиња се очигледен додаток на летната облека во есен. Може да се комбинираат со летни фустанчиња, долги фустани или со маички и секогаш ќе даваат удобен и шик изглед. Може да се носи широк модел или врзан со ремен за поженствен изглед.Модна транзиција: носете ја летната облека во есенЕве неколку модни комбинации кои прикажуваат како да се применат овие модни трикови во практика.rn
    rn

    Макси фустан + црно капутче + штикли + плик чанта + висечки обетки + кожна алка

    rnМодна транзиција: носете ја летната облека во есенrn

    Тексас шорц + војничка јакна + хулахопки + обична маичка + моторџиски чизми + едноставна алка

    rnМодна транзиција: носете ја летната облека во есенrn

    Летен фустан + црни хулахопки + црно палтенце + неонски чевли + голема чанта + кожна алка

    rn(9) Модна транзиција: носете ја летната облека во есен
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 кул начини за врзување марама за коса

    3 кул начини за врзување марама за коса

    Не е за изненадување тоа што кога температурите растат, редовен аксесоар на модните писти се марамите за глава со принтови, кои жените ги обожаваат за да се ослободат од косата која се лепи по вратот, а сепак да изгледаат стилски. Но, и покрај тоа што марамите изгледаат многу симпатично и опуштено, сепак нивното врзување личи сложено за оние коишто не знаат дека станува збор само за неколку едноставни потези.rnrnШто да правите доколку марамата ви е коцкеста или пак долга колку чаршав? Без грижи, стилистката Миша Џи ќе ви покаже 3 кул начини да ја заврзете вашата коса со марама: врзување на спуштена коса како венче, вртена околу високо кренато странично опавче или врзана како машничка на фризура со пунџа. Погледнете и потоа пробајте и сами.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 стилски начини да носите висока пунџа со јазол

    3 стилски начини да носите висока пунџа со јазол

    Пунџите се одлична опција за топлите летни денови, а познатата неуредна пунџа свиткана на врвот на главата е апсолутен хит. Дефинитивно е лесна за правење и изгледа опуштено, но време е да не се вадиме повеќе на мрзата и да ѝ се посветиме малку на високата пунџа за да ѝ дадеме шик и елегантен изглед. Стилистката од Њујорк Дејна Тизо ни дава 3 предлози.rnrn3 стилски начини да носите висока пунџа со јазолrn

    Елегантна извртена пунџа

    rnКлучот за елегантниот свилен изглед на оваа фризура е во средствата за нега на косата. Аплицирајте од она кое го користите, но не ставајте нешто што има премногу зацврстувачки ефект, бидејќи не сакате да постигнете крцкав и крут изглед, туку само да ги скротите влакната.rnrn3 стилски начини да носите висока пунџа со јазолrnrnИсчешлајте ја косата со рамна четка и нанесете серум за екстра сјај. Наведнете ја главата надолу и со помош на четката соберете ја косата во високо опавче, прицврстувајќи ја со дебел стегач.rnrnЗемете на еден прст восок за коса, распоредете го на прстите и потоа нанесете го на косата за да ја измазните и да ги залепите разлетаните бебешки влакна околу лицето. Земете го опавчето и извиткајте го сè до долу. На крајот заврзете го со мало, но цврсто ластиче.rnrnНаправете јазол држејќи го средниот дел од завртеното опавче со едната рака блиску до главата, а со другата фатете го опавчето за крајот и замотајте го одоколу.rnrnДржејќи го крајот од опавчето, протнете ја косата низ отворот кој го формира другиот дел и заврзете го во јазол. Не влечете ги краевите сосема до долу, нека останат скриени во самиот јазол.rnrnДоколку имате густа коса, употребете најмалку 3 шноли за прицврстување, една долу и по една на двете страни, притоа фаќајќи ги врвовите од завртениот дел заедно со основата на јазолот.rnrnАко пак имате потенка коса, можете и да ги прескокнете шнолите. Земете ги врвовите и протнете ги под основата на јазолот во дебелиот стегач. Како и да одлучите, гледајте само јазолот да не биде лабав.rnrnЕдноставно, елегантно и софистицирано, нели?rnrn3 стилски начини да носите висока пунџа со јазолrn

    Плетена кула

    rnОвој изглед е одличен бидејќи ги комбинира плетенките, кои се омилени за многумина, особено во летниот период, и високо подигнатата коса во пунџа. Згора на сè, наспроти сложениот изглед, многу е лесна да се направи.rnrn3 стилски начини да носите висока пунџа со јазолrnrnНаведнете ја главата надолу и измазнете ја косата чешлајќи ја кон круната. Нанесете серум од средината на косата кон врвовите.rnrnПотоа врзете опавче високо горе и дигнете ја главата.rnrnПоделете го опавчето на два еднакви дела.rnrnИсплетете го секој дел во обична дебела плетенка со три прамени сè до долу. Не стегајте ја премногу бидејќи така ќе делува потенко, но нека не биде ни премногу лабава, не треба да паѓаат праменчиња од неа. Ако имате пократка или потенка коса, подобро направете само една плетенка.rnrnСо едната рака држете ја основата на опавчето, а со другата порамнете ги двете плетенки држејќи ги една над друга. Замотајте ги плетенките околу опавчето обликувајќи ги со раката. Пикнете ги врвовите под плетенките, прицврстувајќи ги со една или повеќе шноли.rnrnНе стремете се да добиете совршен изглед бидејќи така ќе изгледате здрвено и пластично. Несовршениот, по малку неуреден изглед е секси.rnrn3 стилски начини да носите висока пунџа со јазолrn

    Шик пунџа со марама

    rnОвој тип фризура е погоден за девојките со непослушна коса, бидејќи косата со повеќе волумен, ќе го направи јазолот поголем, а колку поголем тоа подобро.rnrn3 стилски начини да носите висока пунџа со јазолrnrnНанесете продукт за косата кој ќе ви овозможи полесно да ја стилизирате. Потоа исчешлајте ја косата со прстите, фаќајќи ја одзади во неуредно опавче под круната. Вака нема да дозволите косата да изгледа премногу мазно, а ќе ја задржи својата природна текстура.rnrnСтавете дебел стегач, но при последното вртење не ги извлекувајте врвовите докрај. Оставете 8-10 сантиметри ако косата ви е подолга или 2-5 ако ви е пократка.rnrnЗемете ги лабавите врвови и замотајте ги околу основата на пунџата скоривајќи ги во неа.rnrnПрицврстете го јазолот со шнола фаќајќи ги основата на пунџата и врвовите кои ги протнавте. Откако ќе ја прицврстите, можете да ја прилагодите формата на пунџата така што ќе извлечете неколку влакна со четка или со чепкалка за да добие поопуштен изглед.rnrnСтавете ја марамата замотувајќи ја одзади околу главата и врзувајќи ја во јазол или во машничка напред, малку над делот каде што започнува косата.rnrnДодатоците за коса се супер опција за пунџите, но треба да се внимава во изборот. Не избирајте висечки додатоци за да не изгледате како орнамент. Земете парче дезениран материјал или тенка марама и замотајте го како венче. Исто така, внимавајте како ги комбинирате марамите на глава со облеката што ја носете. Таа не мора сосема да одговара, но не смее ни премногу да е во конфликт со вашиот аутфит.rnrn3 стилски начини да носите висока пунџа со јазол