Многу луѓе во светот имаат тетоважи и секоја од нив има посебно значење во нивниот живот. Но малку тетоважи се толку посебни како оние создадени од Џеј Си Шејтан Тенет. Зошто? Затоа што неговите уметнички цртежи се изработени со протеза за рака.rnrn
rnrnТенет живее и работи во Лион, Франција и ја изгубил својата рака пред 22 години. Ја добил оваа единствена протеза за рака благодарение на артистот Џеј Ел Гонзал, кој направил неколку клучни и смели модификации: Направил протезата да се акомодира на машината за тетовирање. Така, Тенет можел да продолжи да ги тетовира своите муштерии.rnrn
rnrnТој е многу благодарен што добил втора шанса да го прави она што го сака во животот и вели дека веќе одамна гледа поинаку на работите. Губењето на раката било и потресно, но и поучно искуство за него кое го натерало никогаш да не губи надеж и да не се откажува. Погледнете како работи оваа прва рачна протеза со вградена машина за тетовирање.rnrn
Tag: мајстор за тетовирање
-

Талентиран артист за тетоважи добива втора шанса за својата работа со протеза за рака
-

Совети за вашето прво тетовирање
Тетоважите стануваат многу популарен начин за себеизразување, особено кај младите луѓе, кои лесно ја прифатија оваа мода за потенцирање на одредени аспекти од нивната личност, преку боење на кожата со некој цртеж со симболично значење за нив. Тетовирањето, особено кога се случува за првпат, претставува едно непријатно емоционално искуство. Но, доколку ги имате овие совети на ум, ќе можете значително да го намалите стресот и да избегнете некои непријатни проблеми, кои може да се јават како недостаток на информации.rnrn
rnДали сте навистина подготвени?
rnТетоважите се лична одлука, која решавате да ја донесете за цел живот. Затоа ако решите да се тетовирате во младите години, имајте на ум дека местото на кое што ќе ја ставите е многу важно. Исто така, и покрај тоа што луѓето сè повеќе ги прифаќаат тетоважите како дел од нечиј имиџ, сепак пред да решите да се „чкртнете“, треба да помислите на тоа дека професионализмот е обратнопропорционален со оваа мода. Тоа значи дека „утре“ можеби на вашиот шеф на работа нема да му се допаѓа тоа што сте тетовирани. Истото важи и за пирсингот. Субјективните фактори најверојатно играат најважна улога кога станува збор за изборот на тетоважата, но доколку сте цврсто решени и одлучни за преземање на ваков чекор, треба на ум да имате дека…rn
Потребна е соодветна нега
rnОткако ќе се истетовирате, кожата на тоа место ќе биде сува, ќе почне да се лупи и ќе ве чеша (а не смеете да ја чешате) и е подложна на инфекции. Неколку пати на ден ќе треба да го миете тоа парче кожа со антибактериски сапун и потоа да се премачкувате со соодветна маст, која ќе ви ја препорача мајсторот за тетовирање. Овој процес на заздравување на тетовираното место не е лесен, ниту краток, но доколку сте се решиле на таков чекор, ќе морате да трпите.rnrn
rnНе се тетовирајте додека сте болни
rnДа се тетовирате додека сте болни или чувствувате дека ќе се разболите е лоша идеја, бидејќи на раздразнетата кожа и е потребен јак имунолошки систем за да се избори против евентуалните инфекции. Исто така, ако се тетовирате во летен период, исклучително е важно да не ја изложувате кожата на сончеви зраци, ниту да посетувате солариум од две седмици до месец дена после тетовирањето.rnrn
rnНе консумирајте алкохол и лекови
rnИзбегнувајте алкохол 72 часа пред да се тетовирате. Исто така, не е добра идеја да пиете лекарства како што е аспиринот. Причината е следнава: алкохолот и аспиринот ја ослабуваат крвта, а тоа ќе предизвика повеќе крварење на тетовираната кожа. Друга очигледна препорака е дека не треба да користите парфеми и деодоранси пред да се тетовирате.rn
Одберете студио за тетовирање кое го бие добар глас
rnПред да закажете тетовирање, распрашајте се дали во студиото се посветува внимание за одржување добра хигиена и дали мајсторот за тетовирање е добар во својата работа. Секако, не би сакале да си дојдете дома со невкусни чкртаници на вашата кожа или не дај Боже, веднаш да „закачите“ некоја инфекција, па после да испадне „од играчка – плачка“. Треба да најдете уметник кој ќе биде способен да ви одговори на сите ваши прашања и барања. Воедно, барањето место на кое ќе ви земат помалку пари за тетовирање, не треба да ви биде главна грижа. Напротив, кога решавате да се тетовирате бидете подготвени да платите повисока (но, сепак пристојна) цена, соодветна на она што го барате. Земете предвид дека колку е покомплицирана тетоважата за цртање, толку е поскапа и секако големината на цртежот игра улога во цената.rnrn

rnПрепораки од мајсторот за тетовирање
rnДоколку не сте сигурни како точно сакате да изгледа вашата тетоважа или не знаете на кој дел од телото сакате да ја ставите, прашајте го мајсторот да ви даде некаков предлог. Ако е добар уметник, тој мора да има и добар осет. Откако ќе ве истетовира, не заборавајте да го прашате убаво да ви објасни како треба да ја негувате кожата и со кои препарати треба да се премачкувате. Доколку сите услови ги исполните, значително ќе ги намалите шансите од каење после тетовирањето.rnrn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.