КАФЕ ПАУЗА

Tag: мафини

  • Идеи за лесни појадоци кои ќе ви дадат енергија за целиот ден

    Идеи за лесни појадоци кои ќе ви дадат енергија за целиот ден

    Потполно ве разбираме кога ќе кажете дека ви претставува тешкотија да станете наутро за да подготвите појадок, а уште повеќе ве разбираме ако после напорната работа имате проблем да останете будни во текот на целиот ден. Затоа денес ви претставуваме неколку вкусни идеи за појадок кои со сигурност ќе ве одржат будни подолго време. Станува збор за солени и слатки појадоци со кои ви е гарантирана доволната количина енергија за во текот на целиот ден.rnrn1-lesen-pojadok-za-polna-energija-vo-tekot-na-celiot-den-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку својот ден не можете да го започнете без некоја слатка закуска, тогаш дефинитивно изберете мафини со Нутела и банана.rnrn2-lesen-pojadok-za-polna-energija-vo-tekot-na-celiot-den-www.kafepauza.mk_rnrnСакате омлет, но немате доволно време да го направите? Постапката е премногу едноставна! Сè што треба да направите е сите состојки за омлетот да ги ставите во калап за мафини и да ги потпечете.rnrn3-lesen-pojadok-za-polna-energija-vo-tekot-na-celiot-den-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку не сакате вашиот појадок да биде толку сладок, а сепак да биде витамински и здрав, тогаш идеален избор за вас се мафините со јаболка и цимет, кои ќе ги украсите со исечкани свежи јагоди.rnrn4-lesen-pojadok-za-polna-energija-vo-tekot-na-celiot-den-www.kafepauza.mk_rnrnНема подобра опција за појадок од премногу вкусното смуди. Наш предлог е тоа да биде смуди кое е богато со банани и разни семиња, кое ќе го дополнувате по вкус и ќе го направите уште похранливо.rnrn5-lesen-pojadok-za-polna-energija-vo-tekot-na-celiot-den-www.kafepauza.mk_rnrnМафините со боровинки не чинат многу, а можете да ги направите и сами во микробранова. Без разлика, овие мафини се одличен избор за појадок.rnrn6-lesen-pojadok-za-polna-energija-vo-tekot-na-celiot-den-www.kafepauza.mk_rnrnЗа да направите едноставен, но потполно витамински појадок, изберете тост намачкан со авокадо. Авокадото е многу здрава состојка која ги подобрува функциите на мозокот, па со самото тоа е одличен избор за утринските часови, бидејќи ја зголемува вашата концентрација и прави да имате многу енергија во текот на целиот ден.rnrn7-lesen-pojadok-za-polna-energija-vo-tekot-na-celiot-den-www.kafepauza.mk_rnrnЗа да не се оптоварувате наутро со правењето комплициран појадок, оставете во чаша или тегла да отстоијогурт помешан со житарки и овошје. На тој начин ќе добиете здрав и вкусен појадок кој ќе биде вистинска енергетска бомба за вашиот организам.rnrn8-lesen-pojadok-za-polna-energija-vo-tekot-na-celiot-den-www.kafepauza.mk_

  • Празнични мафини: Магија за сечија трпеза

    Празнични мафини: Магија за сечија трпеза

    Како што ни се доближуваат новогодишните празници, така и љубителите на декорациите почнуваат со својата потрага за оригинални декоративни идеи и десерти. За да ви олесниме во потрагата, решивме да ги споделиме овие одлични колачи во облик на снежни кугли кои без сомнение ќе бидат најоригиналниот и најкреативниот украс на вашата трпеза…rnrn(1) Празнични мафини: Магија за сечија трпезаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • Готови мафини
    • rn011

    • 12 листови желатин
    • rn011

    • Ледена вода
    • rn011

    • 8 балони
    • rn011

    • 8 дрвени стапчиња
    • rn011

    • Леплива трака
    • rn011

    • Парче стиропор
    • rn011

    • Спреј за десерти (можете да го направите сами: во чиста боца со распрскувач поставете малку растително масло и течен лецитин во ист размер)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn(2) Празнични мафини: Магија за сечија трпезаrnrnВо чинија со ледена вода ставете ги желатините, еден по еден, и оставете ги да отстојат 10 минути. Откако ќе омекнат, извадете ги од водата и нежно истиснете го вишокот вода од нив, па префрлете ги во мало тенџере. Додадете им 3 лажици вода и загревајте ги на тивок оган сè додека не се растопат. Оставете ги малку да се оладат, но внимавајте да не претерате и тие целосно да се стврднат. Во тој случај, загрејте ги повторно.rnrnДодека желатинот се лади, надувајте 8 балони со големина на калапот за мафини кој го имате и залепете ги со лентата на стапчињата. Испрскајте од спрејот на вашите дланки и потоа нежно премачкајте ги балоните сè додека маслото не се впие целосно. Балоните не смеат да бидат сјајни и масни. Оладениот желатин ставете го во шолја со ширина на балонот и доволна длабочина да може тој целосно да се потопи. Откако ќе го потопите балонот во желатин, оставете го да отстои 10-тина минути. Балоните се подготвени тогаш кога веќе нема да бидат лепливи на допир.rnrnПовторете го потопувањето во желатин, но овој пат поставете ги балоните на стиропорот и оставете ги да отстојат 24 часа на собна температура. Откако желатинот на балоните ќе стане цврст, вие сте спремни за следниот чекор. Со цел да ги одвоите куглите желатин од балонот, исечете го онаму каде се спојува со стапчето. Балонот ќе се издува, па потоа лесно ќе можете да го извлечете. Доколку не се одвои веднаш, дадете му време да отстои (од 5 до 45 минути).rnrnОтворот на секоја од куглите обликувајте го со ножици, така да што да одговора на секој мафин. Пред да ги нанесете куглите на мафините, секој од колачите премачкајте ги со бел крем по избор и посипете ги со кокос, со цел да изгледаат снежно. На секој мафин поставете и шеќерна декорација во празничен дух, како Дедо Мраз, Снешко, ирваси, елки… И за крај затворете ги со куглата од желатин. Сите ваши роднини и пријатели ќе бидат воодушевени.

  • Едноставни и сочни мафини за кои ви се потребни само 5 состојки

    Едноставни и сочни мафини за кои ви се потребни само 5 состојки

    Богати чоколадни колачи кои се толку едноставни за подготовка, а сепак толку вкусни и сочни

    rnednostavni-i-sochni-mafini-za-koi-vi-se-potrebni-samo-4-sostojki-kafepauza.mkrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 50 грама шеќер
    • rn011

    • 340 грама Нутела
    • rn011

    • 90 грама брашно
    • rn011

    • 1/2 лажичка прашок за пециво
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
    2. rn011

    3. Заедно изматете ги јајцата и шеќерот.
    4. rn011

    5. Додајте ја Нутелата и мешајте додека состојките не се соединат.
    6. rn011

    7. Во друг сад измешајте ги брашното и прашокот за пециво, па додајте ја смесата од јајца и Нутела. Мешајте сè додека не добиете еднолична смеса.
    8. rn011

    9. Калапот за мафини наполнете го со смесата до 2/3 во висина.
    10. rn011

    11. Печете ги мафините од 10 до 15 минути или додека врвовите не бидат сјајни и испукани, а средината мека.
    12. rn

  • Мафини со вкус на јагоди и ванила

    Мафини со вкус на јагоди и ванила

    Десерт кој ќе ве расони и ќе ве исполни со среќа

    rnМафини со вкус на јагоди и ванилаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 6 јајца
    • rn011

    • 60 грама путер, стопен
    • rn011

    • 240 милилитри кокосово млеко
    • rn011

    • 15 грама екстракт од ванила
    • rn011

    • 60 мл мед
    • rn011

    • 85 грама кокосово брашно
    • rn011

    • 1/2 лажичка грама прашок за пециво
    • rn011

    • 1/4 лажичка морска сол
    • rn011

    • 30 грама смрзнати и исушени јагоди, исецкани на мали парчиња
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВклучете ја рерната на 200 степени. Додека чекате таа да се загрее, во голем сад изматете ги заедно јајцата, стопениот путер, кокосовото млеко, медот и ванилата. Во посебен сад измешајте ги кокосовото брашно, солта, прашокот за пециво и исецканите јагоди. Додадете ги и двете мешавини на едно место и мешајте сѐ додека тестото не стане без грутки. Но, не претерувајте. Откако ќе завршите, дозволете ѝ на смесата да постои околу 5 минути за да може кокосовото брашно да ги впие течностите. Потоа додадете ја смесата во калап за мафини. Печете околу 30 минути.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вкусни мафини со крцкави лешници

    Вкусни мафини со крцкави лешници

    Брз десерт за празнична гозба

    rnВкусни мафини со крцкави лешници rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 125 г путер
    • rn011

    • 125 г шеќер
    • rn011

    • 30 г брашно
    • rn011

    • 100 г рикота сирење
    • rn011

    • 125 г печени мелени лешници
    • rn011

    • 4 јајца
    • rn011

    • 3 лажици чоколаден крем
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПутерот изматете го пенесто заедно со шеќерот. Почнете да ги додавате жолчките, една по една, а потоа додадете го и брашното, мелените лешници и рикотата, па матете уште некоја минута. Белките изматете ги во цврст шлаг и измешајте ги со претходната смеса.rnrnРерната загрејте ја на 180 степени Целзиусови, спремете ги калапите за печење, во нив поставете хартиени корпички и наполнете ги две третини со смесата. Печете 20 минути, а откако ќе бидат готови намачкајте ги со крем и наросете малку мелени лешници.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Волшебни новогодишни тортички од земјата на чудата

    Волшебни новогодишни тортички од земјата на чудата

    Празничен десерт за внесување калории со добар изговор

    rnrnВолшебни новогодишни тортички од земјата на чудатаrnrn

    За тортичките од ванила

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 130 г брашно
    • rn011

    • 1 ¼ кафена лажичка прашок за пециво
    • rn011

    • ½ кафена лажичка сода бикарбона
    • rn011

    • ½ кафена лажичка сол
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 150 г шеќер
    • rn011

    • 1 ½ кафена лажичка екстракт од ванила (доколку немате заменете со ванилин шеќер)
    • rn011

    • 120 мл масло за готвење
    • rn

    • 120 мл млеко
    • rn011

    • ½ кафена лажичка оцет
    • rn

    rnВолшебни новогодишни тортички од земјата на чудатаrnrn

    Начин на подготовка:

    rnrnЗагрејте ја рерната на 180˚ и подгответе 12 калапи за мафини. rnВо еден сад ставете ги брашното, прашокот за пециво, сода бикарбоната и солта. Тргнете го садот настрана.rnrnВо млекото додајте го оцетот и почекајте да отстои 3-5 минути. rnВо меѓувреме во друг сад додајте ги двете јајца и добро изматете ги. Додајте го шеќерот и повторно матете додека состојките не се соединат. Додајте ги екстрактот од ванила и маслото и повторно проматете.rnrnПрилагодете го миксерот на мала брзина. Во еден сад додајте пола од смесата со брашно, изматете па додајте пола од млекото со киселина. Повторете ја постапката со преостанатите состојки и добро соединете ги со матење. rnrnДодајте од смесата во калапите за мафини но не ги преполнувајте, полнете само ¾ од секој калап. Во претходно загреаната рерна ставете ги тортичките да се печат. За да проверите кога се готови, боцнете со чепкалка за заби на средина од некоја од тортичките. Доколку стапчето излезе чисто, вашите тортички се готови.rnrnОставете да се оладат неколку минути, потем многу внимателно извадете ги од калапите. Треба добро да се оладат пред да ги декорирате.rnrn

    За декорација

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 230 г шеќер во прав
    • rn011

    • 120 г несолен путер на собна температура
    • rn011

    • 1 кафена лажичка екстракт од ванила
    • rn011

    • 1-2 пакувања крем-сирење
    • rn011

    • Зелена боја за храна
    • rn011

    • Трошки во боја или други декорации за храна (доколку имате време може да ги направите од тесто и боја за храна)
    • rn011

    • Шприц за декорација при готвење
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnНајпрво во еден сад изматете го добро путерот со миксер. Додајте го екстрактот од ванила, па прилагодете го миксерот на ниска брзина истовремено додавајќи го шеќерот.rnrnДодајте го крем-сирењето и матете неколку минути додека состојките не се соединат. Доколку има потреба додајте уште малку крем-сирење или шеќер.rnrnОдвојте ¾ од смесата и додајте зелена боја за храна (онолку колку што е потребно за да добиете добра боја). Од останатиот дел од смесата ставете на секоја од тортичките. rnrnНаполнете го шприцот за декорација со зелената смеса, и внимателно декорирајте ја секоја од тортичките во форма на елки, почнувајќи однадвор а завршувајќи ја декорацијата на средина за да го креирате врвот. Потоа поросете со трошките во боја.rnrnСлободно разбудете ја вашата креативност! Дел од тортичките може да ги декорирате со необоената глазура, така што врз неа ќе наросите кокос и ќе поставите дел од бонбонче во форма на бастун. Исто така, од црвено тесто може да формирате малечки подароци (како што е прикажано на сликата).rnrnВолшебни новогодишни тортички од земјата на чудата Волшебни новогодишни тортички од земјата на чудатаrnrn

    Но не запираме тука. За тие со повеќе време и желба, ајде да приготвиме тортички со елки од корнети!

    rnrnТреба да имате две смеси за декорација (бела и зелена), како што погоре е објаснето. Повторно ставете од белата смеса врз тортичките (но малку повеќе за разлика од претходно), а потоа додајте и кокос за ефект на снег.rnrnПоставете ги корнетите за сладолед наопаку врз секоја од тортичките, нежно притиснувајќи за да ги прицврстите.rnrnКорнетите обложете ги со зелената глазура. Може да употребите чепкалка за заби за да го доловите изгледот на елка. Потоа декорирајте по ваша желба.rnrnВолшебни новогодишни тортички од земјата на чудатаrnrn

    Среќни празници!

    rnВолшебни новогодишни тортички од земјата на чудата

  • 6 работи кои не треба да ги јадете за појадок

    6 работи кои не треба да ги јадете за појадок

    Појадокот е најважниот оброк во денот. Храната што ја јадете наутро може да влијае врз вашето расположение низ целиот ден. Се смета дека здравиот појадок го намалува ризикот од рак и дијабетес. Сепак, треба да внимавате, бидејќи постојат одредени продукти кои не треба да ги консумирате за појадок. Еве кои се тие.rnrn6 работи кои не треба да ги јадете за појадокrn

    1. Сувомесни производи

    rnСувомесните производи содржат нитрати што го зголемуваат ризикот од рак и затоа се  први на листата продукти што треба да ги избегнувате за време на појадокот.rn

    2. Благи житарки

    rnНекои житарки со полни со јаглехидрати и кога ги јадете нивото на шеќер во крвта нагло расте и потоа нагло се намалува. И бидејќи сигурно не сакате тоа да се случи на самиот старт на денот, најдобро е таквите житарки да ги избегнувате. Наместо нив, консумирајте ги оние што содржат протеини и растителни влакна.rnrn6 работи кои не треба да ги јадете за појадокrn

    3. Палачинки со јаворов сируп

    rnДодека природниот јаворов сируп е здрав засладувач, постојат многу негови вештачки варијанти на пазарот. Засладувачите се присутни во преработената храна. Пченкарните сирупи со високо ниво на фруктоза, може да доведат до дебелеење во пределот на стомакот, па затоа подобро е да ги избегнувате за време на појадокот.rn

    4. Слатки печива

    rnНивото на шеќер во ваквите производи е огромно. Шеќерот е најлош начин за почнување на денот, затоа што резултира со нагло зголемување на шеќерот во крвта. Ова значи дека по кратко време ќе огладнете, а со тек на време ќе го зголемите ризикот од дебелеење и дијабетес. Ако ова не е доволна причина за да не консумирате печива, внимавајте, бидејќи шеќерот, исто така е тесно поврзан со ракот. Последиците можат да бидат катастрофални.rnrn6 работи кои не треба да ги јадете за појадокrn

    5. Овошен јогурт

    rnИако содржат само стотина калории и ги има во најразлични вкусови, полни се со вештачки засладувачи и хемикалии. Наместо нив, одлучете се за нискомасните јогурти.rn

    6. Мафини

    rnДефинитивно најкалоричниот избор за појадок. Мафините во себе содржат бело брашно, масло, путер и многу шеќер. Доколку веќе немате друг избор, трудете се барем да ги консумирате во нормални количини.

  • Кул вегетаријански рецепти

    Кул вегетаријански рецепти

    Супер вкусни оброци за подобро здравје и повеќе уживање…rn
    rn

    1. Мафини со афионово семе

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 3 чаши брашно
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче прашок за пециво
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче сол
    • rn011

    • 2 супени лажици семе од афион
    • rn011

    • 1 ½ чаша млеко
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче ванила
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче екстракт од бадем
    • rn011

    • 3 јајца
    • rn011

    • 1 ⅛ чаша масло за јадење
    • rn011

    • 2 чаши шеќер
    • rn

    rnНачин на подготовка: Ставете ги состојките во поголем сад и мешајте со голема дрвена лажица сè додека не добиете хомогена смеса. Сипете ја во специјални калапи за мафини и печете на 350 степени Целзиусови.rn
    rn

    2. Печен наут (леблебија) со лимон, лук и рузмарин

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 2 супени лажици маслиново масло
    • rn011

    • кора од еден лимон
    • rn011

    • 1 супена лажица лук во прав
    • rn011

    • 2 конзерви наут – исцеден и исплакнат
    • rn011

    • 1 супена лажица свежо исецкан рузмарин или 2 кафени лажици сушен рузмарин
    • rn

    rn Начин на подготовка: Потапкајте го наутот со сува хартиена крпа, па ставете го во тавче врз хартија за печење. Премачкајте ги зрната со маслиновото масло истурајќи го врз нив и мешајќи со раката. Откако ќе ги премачкате сите, додадате ја кората од лимон, лукот и рузмаринот и ставете ги во рерна. Печете 15 минути на 400˚C. Повторно промешајте ги и оставете ги да се попечат уште 15-20 минути, сè додека не потемнат и станат крцкави.rn
    rn

    3. Овесна каша со боровинки

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 1 чаша овес
    • rn011

    • 1 чаша вода
    • rn011

    • 2 чаши сок од јаболки
    • rn011

    • една полна дланка боровинки
    • rn

    rnНачин на подготовка: Ставете ги да се варат водата и сокот од јаболки. Додадете го овесот и боровинките. Сето тоа оставете го да се крчка, сè додека не распукаат плодовите. Оброкот е за две лица.rn
    rn

    4. Виетнамска палачинка од компири

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 1 кг компири
    • rn011

    • 1 кромид со средна големина
    • rn011

    • 1 јајце
    • rn011

    • 1/4 чаша брашно
    • rn011

    • растително масло
    • rn011

    • кора од 1/2 портокал
    • rn011

    • мелен цимет
    • rn011

    • 1/4 кафена лажичка анасон
    • rn011

    • прашок за пециво
    • rn011

    • 1 кафена лажичка рендан ѓумбир
    • rn011

    • сол и црн пипер (по вкус)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Излупете ги и изрендајте ги компирот и кромидот. Во нив ставете ги јајцето, брашното, ѓумбирот, кората од портокал, анасонот, солта и мелениот црн пипер и сето тоа убаво измешајте го. Сипете масло во тавче и ставете го тестото распределувајќи го рамномерно. Печете сè додека не добиете златна боја од двете страни. На врвот поросете цимет. Оброкот е за 12 особи. Се служи со сок од јаболко, помешан со сецкан коријандер и тајландски босилек (по вкус). Во сокот ставете и свежо исцеден џус од лимета, а врвот декорирајте го со листови свежо нане.rn
    rn

    5. Мус од тиква

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 450 г тиква
    • rn011

    • 1 голема банана
    • rn011

    • 200 г меко тофу (сирење од соја)
    • rn011

    • 2 ½ кафено лажиче цимет
    • rn011

    • 1/4 кафено лажиче ѓумбир
    • rn011

    • 1/4 морско оревче
    • rn011

    • 1 супена лажица сируп од агаве (природен засладувач кој се добива од jужноафрикански кактус)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Излупете ја бананата, исецкајте ја и ставете ја во блендер. Истото направете го и со тиквата. Додатете го тофуто и една лажица сируп од агаве. Потоа ставете ги и циметот, ѓумбирот и морското оревче. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја во фижидер добро да се излади. Декорирајте со ореви или темно чоколадо.rn
    rn

    6. Здрави колачиња со ѓумбир

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки за 24 колачи:rn

      rn011

    • 2 ¼ чаши бело пченично брашно
    • rn011

    • 2 кафени лажички мелен ѓумбир
    • rn011

    • 3/4 кафена лажичка мелен цимет
    • rn011

    • 1/2 кафена лажичка мелено каранфилче
    • rn011

    • 3/4 чаша шеќер
    • rn011

    • 1 кафена лажичка сода бикарбона
    • rn011

    • 1/4 чаша незасладен сос од јаболко
    • rn011

    • 1/2 чаша масло канола
    • rn011

    • 1/4 чаша меласа
    • rn011

    • 1 големо јајце
    • rn

    rnНачин на подготовка: Загрејте ја рерната на 175 °C. На страна измешајте ги брашното, шеќерот, зачините и содата. Додадете ги сосот од јаболко, маслото, меласата и јајцето и замесете тесто. Формирајте мали топчиња од тестото, сплескајте ги и извалкајте ги во шеќер. Потоа, наредете ги во тавче, врз хартија за печење и ставете ги во рерна. Печете 10 минути. Оставете ги кратко да се изладат, пред да ги одлепите од хартијата.rn
    rn

    7. Чоколадни компирчиња

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 300 г колачиња
    • rn011

    • 1 чаша лешници
    • rn011

    • 1/2 чаша шеќер
    • rn011

    • pоловина чаша млеко
    • rn011

    • 2 кафени лажички какао
    • rn011

    • 150 г путер
    • rn

    rnНачин на подготовка: Колачињата и лешниците толчете ги сè додека не се претворат во прав. Потоа, во друг сад сипете ги млекото, шеќерот и какаото. Ставете ги на оган и мешајте сè додека состојките не се соединат, односно растопат во млекото. Додадете го и путерот и продолжете да мешате, без пауза. Откако сето тоа убаво ќе се свари, тргнете го од огнот и оставете да се излади. Во изладената смеса додадете ги истолчените колачиња и лешници, промешајте уште еднаш и почнете да правите топчиња во облик на компирчиња, кои можете да ги јадете веднаш.rn
    rn

    8. Супа од брокула

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 1 брокула
    • rn011

    • 1 лук
    • rn011

    • 1 француски кромид
    • rn011

    • маслиново масло
    • rn011

    • вода
    • rn011

    • сол и мелен црн пипер (по вкус)
    • rn011

    • павлака (не е задолжителна)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Излупете ги лукот и кромидот и заедно со брокулата исецкајте ги на парчиња. Ставете ги во длабоко тенџере во кое ќе ги додадете и маслиновото масло, водата (отприлика), солта, црниот пипер. Ставете ја течноста на оган и варете ја мешајќи повремено. Проверете дали е доволно зачинета. Откако ќе се свари, тргнете ја од огнот и ставете ја во блендер. Блендирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Супата сервирајте ја жешка, во комбинација со павлака.rn
    rn

    9. Динствуван зеленчук

    rnКул вегетаријански рецептиСостоjки:rn

      rn011

    • 1 конзерва наут (леблебија)
    • rn011

    • 8 домати
    • rn011

    • 2 црвени пиперки
    • rn011

    • 1 кромид
    • rn011

    • 4 чешниња лук
    • rn011

    • 1 кафено лажиче црвен пипер
    • rn011

    • 3 свежи ловорови ливчиња
    • rn011

    • 2 кафени лажичиња ситно сецкан рузмарин
    • rn011

    • 6 супени лажици маслиново масло
    • rn011

    • коцка супа растворена во вода
    • rn011

    • шафран
    • rn011

    • 150 мл бело вино
    • rn

    rnНачин на подготовка: Шафранот го попарувате со неколку лажици жешка вода. Потоа, го лупите и сецкате кромидот и го пропржувате во маслиново масло околу 15 минути. Ги додавате рузмаринот, ловоровите ливчиња, пиперките и лукот (откако претходно ќе ги исчистите и исецкате) и продолжувате да пржите уште 10 минути, повремено мешајќи. На ред се претходно излупените, исецкани домати (за полесно да ги излупите, ги засекувате на врвот во форма на крст и ги ставате во жешка вода да отстојат 5-10 минути) и црвениот пипер. И со нив пржите дополнителни 10 минути на тивко. На крај, во тенџерето ги ставате наутот, шафранот, белото вино и растопената коцка супа, и ви преостануваат само уште 5 минути пржење. Зачинете со сол и црн пипер.rn
    rn

    10. Ќофтиња од сладок компир

    rnКул вегетаријански рецептиСостојки:rn

      rn011

    • 2 слатки компири
    • rn011

    • 120 г брашно
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче ситно мелен ким
    • rn011

    • 1 ½ кафено лажиче ситно мелен коријандер
    • rn011

    • 2 китки свеж коријандер (ситно исецкани)
    • rn011

    • сок од пола лимон
    • rn011

    • 2 чешниња лук (излупен и исецкан)
    • rn011

    • сол и црн пипер
    • rn011

    • сусам
    • rn011

    • хумус и спанаќ (по желба)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Ставете ги компирите во рерна и печете ги на 220 ˚C, околу 45 минути. Откако ќе се испечат, оставете ги да се изладат, па излупете ги и исечете ги на парчиња. Заедно со сите останати состојки, ставете ги во длабок сад и убаво испасирајте ги. Смесата треба да биде леплива. Ако е премногу течна, додадете уште малку брашно. Зачинете со сол и црн пипер. Потоа од смесата формирајте мали топчиња и поросете ги со сусам. Печете ги 15 минути, на температура од 200 ˚C, сè додека не добијат жолто-златна боја. Кога ќе бидат готови, сервирајте ги во топло пита лепче, во кое по избор можете да додадете хумус и спанаќ.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мафини со боровинки

    Мафини со боровинки

    За подготовка на мафини постојат безброј различни рецепти и комбинации, но оваа со боровинки е навистина највкусна…Мафини со боровинкиПотребни состојки за тесто:rn

      rn011

    • 200 г интегрално брашно
    • rn011

    • 50 г овесни снегулки
    • rn011

    • 120 г шеќер
    • rn011

    • 100 г кафеав шеќер
    • rn011

    • 7 г прашок за печиво
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 180 мл масло за готвење
    • rn011

    • 225 мл млеко
    • rn011

    • 250 г боровинки
    • rn011

    • цимет
    • rn

    rnПотребни состојки за кремот:rn

      rn011

    • 200 г путер
    • rn011

    • 200 г шеќер во прав
    • rn011

    • 1 ванилин шеќер
    • rn011

    • 200 г кремсир
    • rn011

    • боровинки за украсување
    • rn

    rnНачин на подготовка: За подготовка на тестото најпрво треба да ги одвоите сувите и мокрите состојки. Сувите состојки измешајте ги во еден подлабок сад, а мокрите најпрво измешајте ги сите заедно со миксер, па потоа додајте ги со сувите состојки. На крај, мешајќи со лажица додадете ги боровинките.rnrnОколу 4/5 од калапите за мафини или книжните корпи наполнете ги со подготвената смеса и печете ги околу 25 минути на температура од 180 до 200 Целзиусови степени.rnrnЗа подготовка на кремот, најпрво растопете го путерот мешајќи го со миксер, додавајќи ги во него ванилиниот и шеќерот во прав. Потоа во смесата рачно почнете да го мешате и кремсирот. Смесата оставете ја во фрижидер да се олади, па потоа ставете ја во шприц за украсување и нанесете ја на мафините. На врвот додајте по некоја свежа боровинка.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Снежни мини ванила тортички

    Снежни мини ванила тортички

    Направете слатки снежни колачиња кои одлично одговараат со снежната покривка надвор, но се многу повкусни кога ги јадете внатре, на топло. 🙂Снежни мини ванила тортичкиrnrnПотребни состојки:rn

      rn 011

    • 160 г брашно
    • rn 011

    • 180 г путер (на собна температура)
    • rn 011

    • 150 г шеќер
    • rn 011

    • 1 и пол лажичка прашок за пециво
    • rn 011

    • 1/4 лажичка морска сол
    • rn 011

    • 60 мл млеко (на собна температура)
    • rn 011

    • 60 мл матеница
    • rn 011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn 011

    • 1 големо јајце, плус 1 белка (на собна температура)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Загрејте ја рерната на температура од 180 степени. Подгответе стандарден калап за печење мафини со 12 дела.rnrnВо длабока чинија измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. Во друга длабока чинија измешајте ги млекото, матеницата и екстрактот од ванила. Потоа во посебен сад ставете ги путерот и шеќерот и мешајте со миксер околу 2-3 минути на средна брзина. Намалете ја брзината на минимум и додека мешате додадете го целото јајце, а потоа зголемете повторно до средна брзина и мешајте сè додека не добиете еднолична мешавина. Додадете ја белката и повторете го истото.rnrnНа средна брзина додадете ја сувата мешавина (брашното, прашокот за пециво и солта), потоа течната мешавина (млекото, матеницата и екстрактот). Додавањето нека биде полека, во три наврати, наизменично. Кога ќе завршите продолжете со мешање сè додека таа не стане скоро мазна.rnrnНаполнете ги местата за мафините на калапот со мешавината, но нека не зафаќаат повеќе од 3/4 од просторот.rnrnОставете ги да се печат околу 20 -25 минути (пред да ги извадите, боцнете со чепкалка во средината, ако на неа не остане ништо, значи се готови). Овој вид тортички има рамен врв, нема да пораснат кружно како мафините.rnrnОткако ќе ги извадите од рерната, почекајте комплетно да се оладат. Потоа можете да ги покриете со шлаг или времето да го искористите за да подготвите фил од ванила.rnrnСнежни мини ванила тортичкиrnrnЗа подготовка на фил од ванила, потребно е:rn

      rn 011

    • 230 г маргарин
    • rn 011

    • 320 г шеќер во прав
    • rn 011

    • 2 лажички млеко
    • rn 011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn 011

    • внатрешноста на една мешунка од ванила (за најдобар вкус или дополнителна количина екстракт од ванила)
    • rn 011

    • 1 прстофат сол
    • rn

    rnПодготовка на филот од ванила: Миксирајте го путерот на средна брзина додека не стане пенест. Потоа, намалете ја брзината на најслабо и додавајте го шеќерот на 10 пати. Додадете го млекото, ванилата и солта. Зголемете ја брзината до средина и мешајте минута-две додека да добиете лесна и пенеста смеса.rnrnОладените тортички наполнете ги со подготвениот ванила-фил, а по желба можете да ги декорирате со  рендано бело чоколадо, кокос и слично. Ставете  ги во фрижидер. 20 минути подоцна ќе ве очекува вкусно и снежно задоволство. Уживајте!rnrnСнежни мини ванила тортички