Кучињата отсекогаш се познати како најдобри пријатели на човекот. Тоа не е залудна констатација. Досега се покажало дека овие прекрасни суштества се целосно лојални на нивните сопственици. Тие се секогаш среќни, максимално уживаат во животот и се вистинска инспирација. Кучињата знаат да нè смират во моментите кога сме нервозни, да нè поддржат кога ни е тешко и да нè воодушеват со својата досетливост, остроумност и искреност.rnrnКучињата знаат што значи лојалност. Ова куче било спасено и вдомено од овој човек. Подоцна, кога станот на неговиот сопственик бил зафатен од пожар, тој го вклучил алармот и му се одолжил на својот спасител.rnrnДоколку сè уште немате куче, погледнете ги овие неверојатни фотографии. На нив е прикажана неверојатната блискост којашто може да се развие меѓу кучето и човекот. Веруваме дека уште денеска ќе почнете да го барате своето идно најверно пријателче. А ако веќе имате крзнено пријателче, без сомнение веднаш ќе истрчате да го гушнете.rnrn
Уште во декември, 2013 година, фотографот Џеј Вајнстајн тргнал на пат во северозападниот дел на Индија. Додека фотографирал пејзажи во близина на една железничка станица, забележал личност која сакал да ја фотографира, но се двоумел дали да го стори тоа.rnrnrn
„Неговите очи, како и неговиот леден поглед ме заплашуваа“, вели Вајнстајн. „Токму тој момент на двоумење секогаш ја убива добрата фотографија. Некако се решив да го избегнам и додека фотографирав други субјекти, одеднаш го слушнав неговиот весел глас велејќи ми ‘Направи фотографија и од мене!’. Тоа и го сторив, но нешто се промени. Во истиот момент кога побарав од него да се насмее за камерата, човекот целосно се трансформираше. Неговото лице почна да зрачи со топлина, а во очите му светкаше хумор. Дури и држењето на неговото тело омекна.“
rnТокму овој настан го инспирираше новиот проект на фотографот, наречен „ So I Asked Them To Smile“. Целта е да се покажат фотографии од луѓе пред и откако биле замолени да се насмеат. Резултатите покажуваат дека гледањето луѓе на чие лице е испишана среќа, може целосно да ја смени вашата перцепција за нив.rnrnКако што тој патува низ Индија, неговото родно место, Вајнстајн постојано е во потрага по луѓе за неговиот проект. Но, тоа не е секогаш лесно. Постојат денови кога му е навистина тешко да им пристапи на луѓето, бидејќи тој самиот е интроверт. За него е голем предизвик секој контакт со непознати лица, без разлика од каде се.rn
„Мојата природа е причината поради која секоја фотографија е резултат од неколку настани кои се случуваат одеднаш – лице кое ме инспирира, силата да се соочам со мојот страв и добрината на луѓето кои се согласуваат да бидат фотографирани.“
rnОвој проект јасно ни покажува што може да се постигне со зборовите „Насмеј се!“ Погледнете…rnrn
Многу пати ни се случило да слушнеме како некој возрасен вели „Ех, да бев помлад…“. Животот е постојано учење и постојана промена. Некои работи се учат преку искуствата, но постојат и некои многу важни навики и размислувања, кои доколку ги прифатите и согледате во младоста, ќе ви го отворат патот низ животот и ќе ви го олеснат патувањето и соочувањето со сите предизвици. Ние ви нудиме седум важни животни лекции коишто ќе ви ја сменат перцепцијата и со нивна помош полесно ќе се справите со емоциите и најразличните секојдневни ситуации.rnrnrn
1. Бидете присутни тука и сега
rnМногу време минуваме мислејќи на минатото или планирајќи ја иднината, при што забораваме да уживаме во моментот и да ја искусиме сегашноста. Среќата може да постои само во сегашниот момент, она чувство на среќа во минатото преминало во сеќавање, а среќата во иднината уште не е дојдена. Застанете за момент и погледнете околу себе, слушнете, допрете, вкусете. Живејте тука и сега. Насмејте се, облечете ги најубавите алишта, јавете им се на саканите… Има толку многу работи кои можете да ги направите токму во овој момент. Штом еднаш го пробиете мразот и научите да се соживувате со сегашниот момент, животот ќе ви добие сосема друга, многу покреативна и попозитивна димензија.rn
2. Не живејте според правилата „Би требало – Не би требало“
rnСемејствата и општеството во текот на животот ни поставуваат одредени рамки и нè учат што би требало, а што не би требало да правиме во нашиот живот. Тие некои пишани и непишани прави ги унифицираат луѓето и влијаат врз развојот на индивидуалноста. На сите нас во главата ни се вртат зборчињата „Треба“ и „Не треба“. Но, мора да сфатиме дека и покрај сите тие правила треба да најдеме начин да ја постигнеме среќата. Понекогаш е многу тешко личноста да се избори со општествените норми, но живеењето според свои правила ја носи најчистата среќа со себе. Обидете се да ги отстраните пречките и бариерите кои си ги поставувате поради очекувањата на другите луѓе. Живејте си го животот според ваши правила и почувствувајте ја вистинската слобода и среќа. Секој си одговара за своите одлуки.rn
3. Не ги преувеличувајте работите
rnНашиот ум понекогаш може да работи против нас, поради начинот на којшто размислуваме и стравовите кои ги акумулираме. Ние луѓето обично ги предимензионираме работите. Проблемите со кои се соочуваме најчесто ни изгледаат многу поголеми отколку што тие навистина се. Таквиот проблем лежи во погрешната перцепција на предизвиците на кои наидуваме. Колку пати сте се исплашиле дека некој проблем е огромен и нерешлив, а по еден ден, седмица или месец, повеќе не ви ни текнува на таа случка или тој предизвик? Тоа се случува затоа што мозокот се фокусира единствено на едно прашање и му дава толкаво значење, претворајќи ги и најмалите пречки во огромни проблеми. Следниот пат кога ќе ви се случи такво нешто само застанете и прашајте се: „Навистина, дали ќе размислувам за овој проблем и утре, следната недела, следната година?“. Доколку веднаш одговорот е „Не“, едноставно елиминарјте ги лошите мисли од вашата глава и продолжете напред.rnrnrn
4. Соочувајте се почесто со вашите стравови
rnСите луѓе имаат стравови – некои од нив се оправдани, а некои немаат основа за постоење. Без разлика дали стравовите ви се вистински или не, треба почесто да се соочувате со нив. Запомнете дека повеќето од стравовите се производ на вашиот ум, тие всушност не постојат. Кога ќе го сфатите ова, ќе ви биде многу полесно да се справите и да ги отстраните мислите кои ве застрашуваат и прават да се чувствувате непријатно во сопствената кожа. Чувството на моќ над вашите стравови е всушност најголемата награда за вашиот труд и работа на личната слобода и ментално здравје. Ќе научите како да се спротивставите на црните мисли и да ги замените со позитивни и креативни идеи за вашиот живот и вашата иднина.rn
5. Полека, но сигурно целете кон победата
rnМладите луѓе вообичаено си поставуваат високи цели, кои сакаат да ги постигнат за многу кратко време. Многу често, момчињата и девојките се откажуваат од своите сништа, само затоа што не ги оствариле веднаш. Модерниот свет е брз и во него сè повеќе нешта се сведуваат на еден клик. Се поставуваат одредени норми, според кои, доколку промената не се случи додека да „трепнеме со очите“, тогаш треба да се откажеме од идејата и од сништата и да бараме нови. Но, секој успешен човек ќе потврди дека зад големиот успех, се кријат многу мали чекори и долгогодишна работа. Треба да станеме свесни дека на патот до успехот, успехот е всушност релативна работа. Успехот се крие во учењето, во искуствата, во грешките, во животните лекции. На крајот се поставува прашањето „Што е тоа успех?“. За да си го олесните реализирањето на вашите идеи, поставувајте си мали, но значајни цели. Тие ќе го поплочат патот и на крајот ќе се состави големата слика.rn
6. Престанете да се грижите што мислат другите за вас
rnМладите луѓе многу често се оптоваруваат со тоа што мислат другите за нив. Врз основа на тоа ги носат своите одлуки, кои многу често, подоцна во животот, се покажуваат како погрешни. Ослободете се од грижата за тоа што останатите мислат за вас. Сфатете дека секој човек си има свои грижи, стравови и несигурности, така што можеби луѓето и не мислат толку многу на вас колку што вие си претпоставувате. Не грижете се повеќе што околината мисли за вас. Фокусирајте се на вашиот живот, со тоа можеби ќе ги поттикнете и останатите да го направат истото.rn
7. Бидете благодарни за сè во животот
rnЕдна од најважните работи кои треба да ги научите додека сте млади е да бидете благодарни за сите нешта што ви ги овозможува животот. Луѓето во текот на созревањето сфаќаат дека најважни работи кои може да ги поседува еден човек е добро здравје, роднините, пријателите, искуствата, лекциите од кои се создале неколку брчки на лицето. Благодарноста е клучот за среќата. Колку побрзо научите да ги почитувате нештата кои се навистина вредни, ќе воспоставите поквалитетна врска со себеси. На тој начин ќе почнете да уживате во сегашноста и пореално да ја проектирате својата иднина.
Просечната тежина на човекот е околу 62 килограми. Но, таа варира во различни делови од светот. Погледнете колкава е просечната тежина на мажите и жените во различни земји, на различни страни на планетата Земја.rnrnКанадаrnrn
Џесика Меклард е идејниот творец на малите улични шкафчиња во кои можат да се оставаат храна и средства за хигиена во градот Фајетвил, Арканзас, а се наменети за луѓето од соседствата кои се наоѓаат во тешка финансиска состојба.rnrnТаа го забележала големиот успех што го постигнале уличните мини библиотеки за размена на книги и оттаму дошла на идејата да создаде модел за размена на храна и основни средства за хигиена, кои би им послужиле на луѓето од соседствата чијашто финансиска ситуација не е најповолна. Откако Меклард нашла средства да го изгради и постави првото шкафче во близина на локалната црква, идејата наишла на голем успех и одобрување од заедницата. Сега таа има голем број фанови на социјалните мрежи, а малите дрвени шкафчиња никнуваат како „печурки“ и во други градови.rnrnОва е еден прекрасен пример како едноставна идеја може да прерасне во значаен социјален и хуман проект.rnrnrnrnЕдноставните шкафчиња се претвориле во симбол на сочувство и дарежливост.rnrnrnrnПрвото шкафче било поставено на 10-ти мај 2016 -та година, во близина на локална црква во Фајетвил.rnrnrnrnЏесика се изненадила од тоа на колку добар одѕив наишла нејзината идеја. Шкафчињата секој ден се преполни со храна којашто ја оставаат хуманите луѓе.rnrnrnrnИдејата ја преземаат и во други делови од градот, како и пошироко.rnrnrnrnПутер од кикирики, пелени за бебиња и средства за хигиена се производите кои секогаш ги има на располагање.rnrnrnrnКога едно од дрвените шкафчиња било поставено во близина на училиште, тоа освен со храна, почнало да се полни и со училиштен прибор.rnrn
Веројатно ви се чини како невозможна мисија обидот да направите фотографии од вашето патување без други луѓе на нив, особено кога се работи за познати туристички атракции. Но, дали сте помислиле да одите на места каде што другите луѓе ни на сон не би стапнале? Очигледно е дека вие би биле единствените луѓе таму. Доколку навистина ја цените добрата фотографија и тоа е вашето хоби, веројатно ќе се обидете да направите сѐ што е потребно за да ја добиете совршената слика. Прочитајте ги следниве совети кои ќе ви помогнат да направите фотографии без луѓе на нив, без разлика дали сте на најпознатото туристичко место во светот…rnrnrn
Одете многу рано
rnКога се работи за многу популарни места, најдобро е да ги посетите кога сте сигурни дека никој друг нема да биде таму. Ако има точно време кога местото се отвора за посетители, отидете неколку минути порано и несомнено е дека ќе успеете да ги направите совршените фотографии кои сите ќе се прашуваат дали се обработени во Фотошоп.rn
Одбегнувајте ги викендите и празниците
rnНе заборавајте да проверите кога има празници и големи настани во местата коишто планирате да ги посетите. Ако можете да патувате во текот на работната недела или да го продолжите викендот до почетокот на неделата, направете го тоа, бидејќи тогаш сите си одат дома, па местото ќе остане празно и идеално за фотографирање.rnrnrn
Не патувајте кога е сезона
rnКолкумина би сакале да фотографираат во врнежливи и студени периоди од годината? Сигурно не многу. Постои добра причина зошто луѓето патуваат во сезона, а тоа обично е поврзано со временските услови. Точно е тоа дека ќе ви треба убаво време за да ги добиете совршените фотографии, но ако добро испланирате и сте доволно трпеливи, веројатно ќе успеете да направите совршени фотографии без луѓе на нив.rn
Не се фокусирајте само на еден дел од местото што сакате да го фотографирате
rnСите секогаш сакаат да направат фотографии од аглите по кои туристичките атракции се познати. Луѓето што го посетиле Таџ Махал, сигурно гледале да го фотографираат однапред, но веројатно не сте помислиле дека задниот дел е исто така неверојатен. Причината поради која фотографиите од патувањата се толку привлечни е фактот што на нив има лесно препознатливо обележје кое луѓето мислат дека можат да го сликаат само од истата точка од којашто милиони други луѓе го имаат фотографирано. Не плашете се да експериментирате со несекојдневни агли и различно осветлување.rnrnrn
Бидете трпеливи
rnПонекогаш треба да бидете многу трпеливи и да чекате да се тргнат сите луѓе за да ја направите совршената фотографија. Тоа чекање може да трае со часови. Но, трпеливоста се исплати за сите тие прекрасни фотографии без луѓе што ќе ги направите.rn
Користете ја главата… Буквално
rnПонекогаш некои луѓе едноставно не сакаат да се тргнат, но има решение и за тој проблем. Едноставно поставете ја главата на тој начин што ќе ја покриете таа личност и во фотографијата вклучете го и задниот дел од вашата глава.rnrnrn
Со помош на селфи стап направете аглите да работат во ваша корист
rnСелфи стапот е повисок од сите луѓе кои можат да ја нарушат вашата совршена фотографија. Доколку го користите правилно, селфи стапот може да направи чуда кога станува збор за правење фотографии без луѓе на нив. Наместо да го употребувате селфи стапот за да го сликате вашето лице, искористете го за да ја подигнете или спуштите камерата со цел да го прилагодите аголот така што сите натрапници ќе бидат отстранети од фотографијата. Вие не мора ни да бидете на фотографијата. Селфи стапот може да го користите само за да добиете прекрасни фотографии од вашето патување без луѓе на нив, со тоа што ќе го подигнете колку можете повисоко над сите луѓе и гужви.rn
Учтиво замолете ги луѓето да се тргнат
rnОва може да ви делува по малку застрашувачко, но ако има само неколкумина кои ви стојат на патот, не плашете се учтиво да ги замолите да се поместат малку за момент. Понекогаш доволно е само отворено да покажете фрустрација и тврдоглаво да ги зјапате со вашиот фотоапарат во рака, но сепак подобро е да останете позитивни и учтиво да ги замолите да се помрднат.rn
Ако ништо не ви успее, вклучете ги луѓето и гужвата
rnВо некои случаи едноставно не постои можност да направите фотографија без луѓе на неа. Можно е да не ви се станува рано или да немате време да ги чекате сите луѓе да се тргнат, но тоа не значи дека не треба ништо да фотографирате само затоа што имало многу гужва. Наместо да се разочарате, обидете се да бидете креативни, искористете ја вашата имагинација и вклучете ги луѓето на начин кој ќе ја направи фотографијата уште подобра. Понекогаш бојата на облеката на луѓето може да ги истакне неутралните бои на околината, или, пак, изразот на лицето на некој случаен турист може да ја направи фотографијата уште понезаборавна. Во најлош можен случај, секогаш можете да ги исечете луѓето од фотографијата во Фотошоп.rnrn
Сите ние се трудиме да оставиме впечаток на добри и пристојни човечки суштества, но и покрај тоа понекогаш не се претставуваме баш во најдобро светло. Некои наши навики и начини на однесување ги оттурнуваат луѓето од нас, создаваат тензија или едноставно ги нервираат другите. Никој не е совршен, но ако забележите дека имате некои од следниве 8 навики, имајте на ум дека другите луѓе не сакаат да бидат во ваша близина иако можеби не сте свесни за тоа.rnrnrn
1. Егоцентрични сте
rnМногу луѓе воопшто не се свесни дека се однесуваат на овој начин. Еден нормален разговор би требало да започне со тоа како поминал вашиот ден и да заврши со тоа како поминал денот на вашиот соговорник. Немојте да паднете во искушение да зборувате само за себе. Супер е тоа што сакате да ги споделите вашите неверојатни доживувања со целиот свет, но дозволете им и на другите понекогаш да бидат во центарот на вниманието. Слушајте се себеси додека зборувате. Колку често го употребувате зборот „јас“ кога разговарате со некого? Доколку забележите дека тоа ви се случува често, можеби несвесно го вртите вниманието кон себе. Гризнете си го јазикот и слушајте ги другите кога зборуваат. Треба да им го посветите заслуженото внимание на луѓето околу вас за да остварите здрави односи со нив.rn
2. Ја игнорирате внатрешната убавина и се фокусирате на надворешната
rnТреба да знаете дека вистинската убавина доаѓа однатре. Но, не секој го разбира тоа. Ако се фокусирате само на надворешниот изглед на еден човек и го игнорирате она што лежи во неговото срце, вие се однесувате на начин кој е многу одбивен за останатите. Поголемиот дел од луѓето не можат драстично да го сменат надворешниот изглед. Сѐ што можеме да направиме е да се подобриме внатрешно и да им помогнеме на другите да разберат зошто тоа е толку важно.rn
3. Имате преголем натпреварувачки дух
rnИмаме новости за вас: Не треба во сѐ да барате натпревар. Премногу изразениот натпреварувачки дух е мошне одбивен. Ако имате пријател кој се плаши од височина и се качил на дрво, а вие на тоа одговарате со „Голема работа, јас се имам качено на дрво три пати повисоко од тоа“, вие сакате да се натпреварувате. Наместо тоа, треба да давате поддршка во врските што ги градите со луѓето. Честитајте му на пријателот за тоа што успеал да ги победи неговите стравови и дозволете му да ужива во неговите пет минути.rn
4. Не разбирате зошто другите се дружат со вас
rnВие сте од големо значење. Пријателите ви се пријатели затоа што им се допаѓате и го ценат вашето пријателство. Ако постојано се прашувате зошто некој се спријателил со вас или зошто ве толерира, само ќе предизвикате поголема тензија. Дури и најтрпеливите луѓе имаат своја граница. Доколку забележите дека ја доведувате до прашање вашата вредност во пријателствата, треба да разберете дека не се сомневате во вашите пријатели туку во вас самите.rnrnrn
5. Ги контролирате пријателите
rnСекоја здрава врска се базира на еднаквост и искреност. Ако сакате да ја контролирате секоја можна одлука и да доминирате во секоја врска, тоа само ќе ги оддалечи луѓето од вас. Вклучете ги останатите во процесот на одлучување. Прашајте ги што би сакале тие да прават или како се чувствуваат во врска со нешто, наместо да им кажувате како треба. Ќе видите дека многу повеќе луѓе ќе уживаат во вашето друштво доколку ги вклучите во важните нешта.rn
6. Лажете
rnСосема разбирливо е тоа што никој не сака да биде во близина на неискрена личност. Според тоа, лажењето е најбрзиот начин на кој ќе ги одбиете луѓето од вас. Искреноста е потребна за да се изгради доверба, а довербата е основата за секоја цврста и стабилна врска. Доколку сакате да ги подобрите вашите односи со луѓето, треба да бидете искрени со другите, но и со самите себе.rn
7. Злобни сте и некултурни
rnСекојдневно луѓето се соочуваат со работи што не им се допаѓаат. Не треба да бидете некултурни поради тоа. Ако давате зајадливи коментари или неучтиви забелешки за нечиј избор на музика, тоа само ќе ги оттурне луѓето од вас. Пристојните човечки суштества сакаат да бидат опкружени со позитивни луѓе, така што обидете се вашите зборови да не зрачат со негативност. Кога ќе го промените вашиот поглед на работите, ќе забележите дека животот ви се менува на подобро.rn
8. Луѓето не можат да сметаат на вас
rnАко постојано ги разочарувате луѓето, тоа е многу непривлечна особина. Кога некому ќе му треба вашата помош и вие ќе му кажете дека може да смета на вас, вашите дела навистина мора да се согласуваат со вашите зборови. Со тоа што не си ги одржувате ветувањата, на другите луѓе им велите дека не се важни, а никој не сака да има таков пријател. Сите сме важни и нивното време е исто толку скапоцено колку вашето.rnrnВозможно е овие 8 одбивни начини на однесување да се претворат во нешто убаво и покрај нивната непривлечност. Најпрво треба да препознаете каде грешите и како можете да се подобрите, а потоа да работите на тие проблеми, по што несомнено ќе доживеете личен развој. А познато е дека луѓето кои се грижат за нивниот личен напредок се неверојатно привлечни.
Дали често ви се случува кога се будите наутро, првата мисла која ќе ви помине низ главата да е дека ќе треба цел ден да се справувате со луѓето на работа, дома, во текот на другите активности? Дали таа помисла создава непријатно чувство во вашиот стомак и ве тера пак да се вратите в кревет? Можеби самата мисла дека треба да се измешате со луѓе за вас е вистински кошмар?rnrnДоколку е така не грижете се, не сте сами. Многу луѓе едноставно не се создадени да бидат во друштво или да бидат затворени во просторија каде што има повеќе различни карактери. Издвоивме 13 знаци кои ќе ви потврдат дека вие не ги сакате дружењата и комуникацијата со луѓето.rn
1. Одбивате покани за дружење
rnrn
2. Се чудите како очите сè уште ви се на место и покрај толку многу превртувања
rnrn
3. Забавите не се баш за вас
rnrn
4. Вашата најчесто користена фраза е „Ги мразам сите“
rnrn
5. Сосема ви е во ред идејата да си останете сами до крајот на животот
rnrn
6. Не се плашите да ги навредувате луѓето
rnrn
7. „Без предрасуди“ не се однесува на вас
rnrn
8. Ги покажувате вашите недостатоци пред огромен број луѓе
rnrn
9. Ги променувате правците на движење само за да избегнете средба со познајници
rnrn
10. За вас нема ништо поубаво од тоа да одите по празен тротоар
rnrn
11. Избегнувате разговор по секоја цена и давате чудни објаснувања за тоа
rnrn
12. Не се ни приближувате до места каде има фестивали и концерти
Пишувањето пораки е дел од секојдневието. За разлика од минатото кога се испраќаа пораки само во итни случаи, денес тие се испраќаат многу често. Имаме опција да испратиме текстуална порака, фотографии, видео пораки или пак, гласовни пораки. Според ова, постојат некои личности коишто практикуваат одреден начин на составување на нивната содржина. Имајќи го тоа на ум, можете ли да ги пронајдете своите пријатели во некои од овие видови?rnrnrn
1. Луѓе кои испраќаат гласовни пораки
rnГласовните пораки се брз начин да испратите одговор, но понекогаш тоа не е најдобра идеја. На пример, преслушувањето на говорната порака преку којашто вашиот пријател ви ги кажува случувањата од минатата вечер понекогаш може да биде навистина непријатно.rn
2. Луѓе кои испраќаат пораки со многу емотикони
rnДа, јасно е дека емотиконите се забавни, но треба да постои граница за нивното користење. Подобро е доколку имате да кажете нешто, да го пишете токму тоа, отколку да испраќате забавни емотикони. Сепак, возрасните треба да го почитуваат ова.rn
3. Луѓе кои постојано испраќаат фотографии
rnДали ја видовте новата фотографија од бебето на вашата другарка… Повторно? Иако технологијата овозможува брзо и лесно споделување на значајните моменти од животот, испраќањето исти фотографии повторно и повторно може да биде напорно. Некои слики треба да бидат зачувани само за себе.rn
4. Луѓе кои секогаш ги испревртуваат зборовите
rnНекои луѓе едноставно се држат до автоматската корекција на зборови и не ја проверуваат содржината на пораката пред да ја испратат. Резултатот е бесмислен.rn
5. Луѓе кои премногу се смеат во пораките
rnБез разлика дали ќе употребат некои кратенки или пак едноставно ќе напишат „ха ха ха“, овие луѓе имаат навика премногу да се смеат, што понекогаш може да го изнервира читателот.rn
6. Луѓе кои пишуваат повеќе од што сте очекувале
rnПораките коишто содржат премногу текст не се толку добра идеја. Всушност, овие пораки се како есеи и многу често знаат да бидат досадни и да се случи да не бидат прочитани до крај.
Постојат многу причини поради кои другите луѓе може да не сакаат да се во ваша близина. Секој човек е различен и на секого не му одговараат истите луѓе, но постојат одредени начини на однесување кои едноставно не се прифатливи во ниту една можна ситуација. Доколку некогаш сте биле на љубовен состанок со некој кој зборува со отворена уста додека јаде или доколку имате напорен колега кој мисли дека е шеф, јасно ви е дека постојат одредени навики и карактеристики кои воопшто не се привлечни. Ова се 15-те најчести…rn
1. Немате манири
rnrnrnБез разлика дали жвакате со отворена уста, не кажувате „благодарам“ или немате почит кон келнерите, некултурните луѓе многу лесно можат од убави да станат грди. Ако не знаете да јадете како цивилизирано човечко суштество или да се однесувате со другите како што треба, заклучете се и останете си дома сами.rn
2. Премногу пцуете
rnrnrnНормално е понекогаш да опцуете, но ако погрдните зборови се дел од вашиот секојдневен говор, не само што другите ќе ве сметаат за неинтелигентни туку и ќе побегнат од вас што подалеку.rn
3. Сметате дека заслужувате некои работи иако немате основана причина за тоа
rnrnrnНема ништо полошо од човек кој смета дека го заслужува најдоброто само затоа што мисли дека е посебен. Неблагодарноста во комбинација со мрзливоста се неподносливи особини.rn
4. Никогаш не сте љубопитни
rnrnrnЗа другите… И за светот…rn
5. Многу сте себични
rnrnrnНе се врти сѐ околу вас, но ако мислите така ви гарантираме дека сте себичен партнер, лош пријател и неверојатно многу ги нервирате колегите.rn
6. Имате лоши хигиенски навики
rnrnrnНикој не би сакал да биде човекот кого сите го озборуваат затоа што одбива да користи дезодоранс, редовно да ги мие забите и да носи чиста облека.rn
7. Ширите негативна енергија
rnrnrnПостојаното жалење и негодување е токсично и непродуктивно. Ако постојано ги осудувате работите на неуспех уште од самиот почеток, полека ќе се уништите себеси, како и сите околу вас.rn
8. Не давате поддршка
rnrnrnНајважниот дел од сите меѓучовечки односи е сигурноста дека имате на кого да се потпрете и кому да верувате. Само затоа што нешто не ве интересира, не значи дека не е важно. Покажете им на вашите пријатели и блиски дека навивате за нив и дека сте тука за да ги сослушате. Доколку не го правите тоа, набрзо ќе откриете дека луѓето не се повеќе тука за вас.rn
9. Имате премногу голем натпреварувачки дух
rnrnrnНа сите ни е потребна пријателска конкуренција понекогаш, но ако постојано ги претворате успесите во тешкотии, може да станете напорни за околината. Сакате да бидете напорни? Во ред, тогаш престанете со тоа.rn
10. Пишувате пораки наместо да се јавувате
rnrnrnЗнаете што е подобро од 100 зборови? Едно дело.rn
11. Постојано озборувате
rnrnrnСите озборуваме одвреме-навреме, но ако постојано ширите информации за другите луѓе од еден на друг човек, си ја уништувате сопствената репутација.rn
12. Никогаш не ги враќате долговите
rnrnrnНикој не заборава дека должи некому пари, а уште помалку заборава кога некој ним им должи пари.rn
13. Имате план за сѐ и не оставате простор за импровизација
rnrnrnСите имаме ограничено време во брзото темпо на живеење, но ако очекувате луѓето да ве чекаат и да се прашуваат дали ќе ги удостоите со вашето присуство, тоа е навистина лоша навика.rn
14. „Тролате“ на Фејсбук
rnrnrnДали навистина морате да пишувате зајадливи коментари на објавите од вашите таканаречени пријатели за да добиете малку внимание? Ако одговорот е „Да“, време е да си најдете ново хоби.rn
15. Лажете
rnrnrnЛуѓето ќе ве одбегнуваат, доколку немаат доверба во вас.