КАФЕ ПАУЗА

Tag: луѓе

  • Поучна приказна: Постојат три вида луѓе

    Поучна приказна: Постојат три вида луѓе

    Еден учител му покажал три играчки на еден ученик и од него побарал да ги открие разликите помеѓу нив. Сите три играчки изгледале исти според нивната форма, големина и материјал. По длабоко набљудување, ученикот забележал дупки во играчките.rnrnПоучна приказна: Постојат три вида луѓеrnrnПрвата имала дупки во ушите, втората дупка во едното уво и устата, а третата имала само една дупка во едното уво. Потоа, ученикот ставал игла во секоја играчка. Кај првата тој ја ставил од едното уво и таа излегла од другото, кај втората ја ставил во увото и таа излегла од устата, додека пак кај третата тој ја вметнал иглата во увото и таа не излегла од никаде.rnrnПрвата играчка ги прикажува оние луѓе околу вас кои оставаат впечаток дека ве слушаат и дека се грижат за вас. Но, вистината е дека тие само се преправаат. По слушањето, како што иглата излегува од другото уво, работите кои вие им ги кажувате, сметајќи на нив, исчезнуваат. Затоа, бидете внимателни додека зборувате со овој вид луѓе, кои воопшто не се грижат за вас.rnrnВтората играчка ги симболизира оние луѓе кои ве слушаат и оставаат впечаток дека се грижат за вас. Но, како што и кај втората играчка иглата излегува од устата, така овие луѓе ќе ги употребуваат вашите зборови против вас, кажувајќи им ги доверливите работи на другите.rnrnКај третата играчка иглата не излегува од никаде. Таа ги прикажува луѓето од доверба и токму овие се оние на кои можете да сметате.rnrnПоука: Секогаш бидете во друштво на верни и доверливи личности. Луѓето кои ве слушаат додека зборувате, не се секогаш оние на кои можете да сметате кога ќе ви бидат најпотребни!

  • 16 производи наменети за луѓето на кои секогаш им е студено

    16 производи наменети за луѓето на кои секогаш им е студено

    Зимските денови полека се приближуваат, а со тоа сѐ повеќе бараме производи кои ќе ни овозможат повеќе топлина и удобност. Иако постојат луѓе кои полесно ги поднесуваат студените денови, сепак, има и такви кои постојано чувствуваат студ. За сите оние кои се пронаоѓаат во втората категорија, денес ви прикажуваме листа на производи кои ќе ви бидат многу корисни. Погледнете ја.rn

    1. Мини греалка за на маса

    rnОваа мини греалка е совршена за на вашата работна маса.rnrn16 производи наменети за луѓето на кои секогаш им е студеноrn

    2. Радијатор за во џеб кој ги грее вашите раце

    rnТој може да произведува топлина и до 12 часа.rnrn16 производи наменети за луѓето на кои секогаш им е студеноrn

    3. Дебело ќебе погодно за носење

    rnСамо што ќе го гледате ќе направи да се чувствувате потопло!rnrn16 производи наменети за луѓето на кои секогаш им е студеноrn

    4. Ќебе во вид на сирена

    rnОва ќебе е прекрасен начин за да се затоплите.rnrn16 производи наменети за луѓето на кои секогаш им е студеноrn

    5. Лента со топла вода која ве обвива

    rnТаа е како топла љубовна прегратка!rnrn16 производи наменети за луѓето на кои секогаш им е студеноrn

    6. Крзнена перница за седење

    rnСовршено место за седење за да ви биде топло.rnrn16 производи наменети за луѓето на кои секогаш им е студеноrn

    7. Интересна капа

    rnОсвен што ќе ве згрее, таа е и премногу слатка.rnrn16 производи наменети за луѓето на кои секогаш им е студеноrn

    8. Чорапи кои ја задржуваат топлината и ги затоплуваат вашите стапала

    rnОвие чорапи се како дар од Бог!rnrn16 производи наменети за луѓето на кои секогаш им е студеноrnrnОстанатите 8 производи погледнете ги на наредната страница…rn

  • Еден ден ќе сфатите дека постојат луѓе кои никогаш нема да ве предадат

    Еден ден ќе сфатите дека постојат луѓе кои никогаш нема да ве предадат

    Еден ден ќе сфатите дека постојат луѓе кои никогаш нема да се откажат од вас и нема да ве предадат. Но, за тоа најпрво ќе морате да поминете низ многу предавства. Некогаш ќе сфатите дека надворешниот сјај на човекот не е ништо во споредба со неговата внатрешна убавина. Затоа што сѐ што е однадвор нема да трае уште многу долго, а она што е внатре, останува да гори засекогаш. Некогаш речиси и ќе се изгасне тој оган и ќе остане само мало жарче, но доволно е малку да дувнете и огнот постепено ќе се разгори и ќе ве згрее кога тоа ќе ви биде најпотребно.rnrnЕден ден ќе сфатите дека постојат луѓе кои никогаш нема да ве предадатrnrnЕден ден ќе сфатите дека многу од зборувањата кои сте ги слушнале од другите, ќе избледнеат и ќе исчезнат. Иако биле убави, ќе сфатите дека тоа било само една серија зборови и ништо повеќе. Важни се само оние вистини до кои сте дошле самите вие. Еден ден ќе сфатите дека добрината, нежноста, прегратките и грижата се израз на внатрешна сила, а не на слабост.

  • 9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓето

    9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓето

    Оние навидум безначајни карактерни особини и начини на однесување можат да ви откријат многу повеќе работи за луѓето отколку што мислите. Дали сте забележале како другите јадат пуканки или како се однесуваат за време на вечера? Доколку почнете да обрнувате внимание на ваквите ситници, ќе можете подобро да ги разберете луѓето околу вас. Прочитајте за кои 9 мали работи станува збор…rn

    1. Начинот на кој се смеат и покажуваат емоции

    rn9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓетоrnrnКога некој се смее искрено, се појавуваат брчки околу усните и очите. Кога насмевката е лажна, се појавуваат брчки само околу усните. Кога личноста е преплавена со силни емоции, очите ѝ стануваат влажни и се собира повеќе плунка во устата поради што почесто мора да подголтнува. Доколку недостасува некоја од овие работи, веројатноста е дека чувствата не се толку искрени колку што сте мислеле.rn

    2. Начинот на кој се поздравуваат со другите

    rn9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓетоrnrnСилно и цврсто ракување е знак дека личноста е екстровертна и сака јасно да ги покажува своите емоции. Доколку некој ја става раката на вашето рамо кога ќе се сретнете, или навистина му се допаѓате или станува збор за вешт манипулатор. Доколку личноста ве фати за рака со двете раце, тогаш или сака да побара услуга од вас или треба да ви пренесе некоја порака.rn

    3. Колку често го проверуваат телефонот

    rn9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓетоrnrnКолку почесто една личност го проверува нејзиниот Фејсбук профил, имејл или се занимава на друг начин со телефонот, толку поголема е веројатноста дека се чувствува депресивно и бара некој вид на надворешна стимулација.rn

    4. Начинот на кој прават селфи

    rn9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓетоrnrnЛуѓето кои ја држат камерата оздола кога прават селфи, обично имаат позитивен поглед кон работите што се случуваат околу нив. Луѓето кои се премногу сериозни и одговорни ретко им дозволуваат на другите да дознаат што прават преку социјалните мрежи и затоа се сликаат на начин кој нема да открие каде се наоѓаат. Од друга страна, пак, опсесијата со правење „дак фејс“ на сликите може да е знак дека личноста страда од преголема количина на нервоза и стрес.rn

    5. Како се однесуваат за време на вечера

    rn9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓетоrnrnЛуѓето кои сечкаат сѐ што има во нивната чинија обично бараат долгорочни врски и се обидуваат да живеат по нивните планови. Од друга страна, пак, оние кои ги мешаат сите јадења во оброкот, без разлика за каков деликатес се работи, се личности со силен карактер. Тие преземаат голем број одговорности и ги реализираат сите нивни цели. Луѓето кои завршуваат со јадење за многу кратко време, можат да извршуваат повеќе задачи одеднаш. Сите ги почитуваат на работното место бидејќи квалитетно си ја вршат работата, не пропуштаат рокови и секогаш однапред размислуваат за нештата. Луѓето кои јадат бавно живеат во сегашноста и знаат како да уживаат во животот.rn

    6. За што разговараат

    rn9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓетоrnrnДоколку личноста често го употребува зборот „јас“ додека раскажува некоја приказна, постои голема веројатност дека ја кажува вистината. Но, ако тој збор постојано го употребува, тоа е знак дека личноста е егоцентрична. За разлика од тоа, честата употреба на зборот „ние“ покажува дека личноста е целосно навлезена во животот на нејзиниот круг на пријатели. Интересно е тоа што како што стареат луѓето така помалку употребуваат глаголи во минато време, а почесто употребуваат глаголи во идно време.rn

    7. Начинот на кој јадат пуканки

    rn9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓетоrnrnИстражувањата покажале дека интровертите многу внимателно ја јадат секоја пуканка одделно. Екстровертите, пак, јадат повеќе пуканки одеднаш. Оние коишто брзо јадат цела порција пуканки одеднаш се помалку егоцентрични и секогаш ги ставаат туѓите интереси пред сопствените.rn

    8. Какво кафе претпочитаат

    rn9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓетоrnrnЛидерите претпочитаат еспресо, додека, пак, луѓето кои го следат водството на другите, обично нарачуваат дупло еспресо. Оние што пијат нескафе со млеко тешко донесуваат одлуки и имаат опуштен став кон сѐ што се случува. Луѓето кои се многу друштвени и креативни пијат капучино, а авантуристите сакаат фрапучино. Обичното црно кафе го нарачуваат луѓе кои се директни и кои ретко прават необични работи. Луѓето кои се отворени кон нови искуства обично додаваат шеќер и шлаг во кафето.rn

    9. Во која насока гледаат додека пијат

    rn9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓетоrnrnЛуѓето кои зјапаат во длабочините на нивната шолја се многу внимателни и воопшто не летаат во облаци. Оние кои гледаат во врвот на нивната чаша додека пијат знаат да бидат премногу безгрижни и невнимателни поради што често паѓаат под туѓо влијание, но затоа, пак, се многу посвесни за светот околу нив. Доколку личноста ги затвора очите додека пие, можеби чувствува некаква болка и бара начин да се опушти.

  • Не чувствувајте се повредени кога некој ќе ви каже дека сте чудни, туку сфатете го тоа како комплимент

    Не чувствувајте се повредени кога некој ќе ви каже дека сте чудни, туку сфатете го тоа како комплимент

    Дали и вам некој ве нарекол „чудни?“ Што всушност значи тоа? Најчесто, кога ќе се спомене овој збор, повеќето луѓе го доживуваат негативно. Тоа се сфаќа како нешто поразлично, нешто што не се вклопува во секојдневието. Многумина уште од мали нозе учат дека да се биде поразличен од останатите е нешто што потетува на осаменост и потсмевање.rnrnНе чувствувајте се повредени кога некој ќе ви каже дека сте чудни, туку сфатете го тоа како комплиментrnrnНо, тоа не е баш така. Прифатете дека сте „чудни“ и поразлични од останатите. Дека имате поинакви погледи кон животот, поинакво сфаќање за љубовта и дека одите по свој пат, што претходно не постоел, а вие сами си го создавате. Накратко: Бидете среќни што сте наречени чудни! Подобро е да бидете свои, да ги следите своите желби и да бидете задоволни со она што сте, наместо да бидете само еден обичен, веќе виден дел од целината.rnrnНаместо да бидете навредени, сфатете го ова како најголем комплимент. Со тоа тие ве нарекуваат храбри, смели и уникатни. Чудните луѓе мислат поинаку и поразлично реагираат на случувањата околу нив. Тие имаат храброст да одат против правилата и да изберат различен пат во животот.rn

    Чудните луѓе мислат на поинаков начин

    rnВистински дар е да бидете способни да го видите светот, ситуациите и проблемите од поинаква гледна точка која се издвојува од толпата. Кога личноста е помлада, ова може да предизвикува проблеми. Сигурно како дете и вие на ова сте гледале како негативна карактеристика, сметајќи дека останатите ве доживуваат негативно, па сте се сомневале во себе и во своите избори. За жал, во училиште нѐ учат што да мислиме, а не како да мислиме за себе.rnrnВистината е дека овие луѓе можат да го променат светот. Погледнувајќи кон минатото, можете да видите дека повеќето ваши херои имале ставови кои биле спротивни со оние на останатиот народ. Тие многупати се бореле сами и продолжувале напред, со или без помош од другите. Кога можете да го видите светот од една поинаква перспектива, вие ќе имате можност да ги решавате проблемите на начин на кој другите не можат. Токму вашата чудна идеја може да биде она што му е потребно на овој свет!rnrnНе чувствувајте се повредени кога некој ќе ви каже дека сте чудни, туку сфатете го тоа како комплиментrn

    Чудните луѓе имаат посебна моќ

    rnЧудните луѓе имаат моќ да ги прифатат предизвиците. Честопати животот знае да биде неправеден, а обичните луѓе живеат обични животи бидејќи не се осмелуваат да се изборат со секојдневните предизвици. Смелото однесување се согледува во начинот на кој размислувате да одговорите на политичките одлуки, начинот на кој сакате да ги воспитате вашите деца или пак, во донесувањето рационална финансиска одлука. Можеби од многумина ќе слушнете дека без кредитна картичка не би можеле да купите автомобил, да им обезбедите студирање на вашите деца или пак дека не би можеле да отидете на одмор. Но вистината е дека сѐ се базира на вашите одлуки и вашата смелост.rnrnЗатоа, не дозволувајте некој да ви се испречи на патот. Бидете горди што се разликувате од другите, што имате свој начин на размислување и свои цели во животот за што многумина не се способни!

  • Не судете пребрзо: 7 работи кои треба да престанете да си ги кажувате за другите луѓе

    Не судете пребрзо: 7 работи кои треба да престанете да си ги кажувате за другите луѓе

    Сите ние имаме навика пребрзо да ги осудуваме луѓето и да бидеме премногу субјективни. Без размислување за нив формираме слика во нашата глава и не ги согледуваме подетално работите. Но, реалноста е дека ние никогаш не знаеме што се крие во некој и која е неговата животна приказна. Понекогаш зад најголемата насмевка може да се крие најголемата тага. Најчесто нашата слика за другите е далеку од вистината. Затоа, треба да научиме да не судиме пребргу. Погледнете ги овие седум работи кои треба да ги отфрлите од вашата глава и да престанете да си ги кажувате за другите – тоа ќе биде за сечие добро.rnrnНе судете пребрзо: 7 работи кои треба да престанете да си ги кажувате за другите луѓеrnrn1. Престанете да си кажувате дека најсреќните луѓе се оние кои најмногу се смеат. Зад широката насмевка која ви ја подаруваат другите, честопати се кријат повредени и осамени личности. Погледнете подлабоко, зборувајте со нив, ислушајте ги и покажете почит и разбирање. Не можете секогаш да ја видите нивната болка, но можете да ја покажете вашата љубезност.rnrn2. Престанете да си кажувате дека оние кои ги сакате, или би требало да ги сакате, треба да бидат совршени. Никој не е совршен. Понекогаш најтрпеливите луѓе го губат трпението, оние со најмногу самодоверба на моменти ја губат, дарежливите луѓе се однесуваат себично. Тоа се случува и кај секој од нас, зашто сите правиме грешки. Затоа, не судете ги луѓето според овие мали недостатоци.rnrn3. Престанете да си кажувате дека оние кои ги прават работите поразлично, ги прават истите погрешно. Секој човек го исполнуваат различни работи. Секој на поинаков начин ги доживува радоста и успехот. Само затоа што некој не е на ист пат со вашиот, не значи дека тој е изгубен.rnrn4. Престанете да си кажувате дека оние со кои не се согласувате или не ви се допаѓаат, не ја заслужуваат вашата љубезност. Токму спротивното е точно. Начинот на кој се однесувате со луѓето со кои не се согласувате ќе ви помогне да сфатите што сте научиле за љубовта, сочувството и трпението.rnrn5. Престанете да си кажувате дека не можете да им верувате на луѓето кои не ги знаете. Некои луѓе градат премногу ѕидови во својот живот, а недоволно мостови. Не бидете едни од нив. Бидете поотворени и дајте им шанса на луѓето. Со тек на време ќе сфатите како стојат работите.rnrn6. Престанете да си кажувате дека неучтивите луѓе секогаш ве напаѓаат само вас. Не треба сите работи да ги сфаќате толку лично, иако понекогаш ви изгледа така. Тоа што го прават луѓето, го прават поради себе, не поради вас. Начинот на кој другите се однесуваат кон вас е нивен проблем, ваше е како ќе реагирате.rnrn7. Престанете да си кажувате дека другите луѓе се виновни за вашите несреќа, неуспех… Можеби не можете да ги контролирате работите кои другите ги кажуваат за вас или пак она што ви го прават, но можете да одлучите тие да не ви влијаат. Изберете дали сакате да простите или да заборавите, дали сакате да останете или да заминете. Направете го оној избор кој сметате дека ќе ви помогне да станете подобра личност, зашто секогаш постои позитивен избор. Така, единствениот вистински и долготраен конфликт кој некогаш ќе го имате во животот нема да биде со другите, туку со самите себе, начинот на кој ќе одлучите да одговарате на другите и дневните навики кои ќе одберете да ги следите.rnrnНе судете пребрзо: 7 работи кои треба да престанете да си ги кажувате за другите луѓеrn

    Соочување со луѓето кои длабоко ве навредиле

    rnПонекогаш некои навики на другите луѓе знаат длабоко да ве повредат. Доколку им дозволите да допрат до вас, тие ќе го прават тоа постојано. Па, што треба да правите во вакви моменти? Не постои единствено решение, но еве неколку стратегии кои можете да ги искористите:rn

      rn011

    • Бидете поголема личност, мислете подлабоко. Замислете двегодишно дете кое во истиот момент не го добива тоа што го сака, па веднаш станува разлутен и нервозен. Овој мал, моментален проблем, е огромен во неговиот ум, бидејќи нема целосна перспектива за случувањата. Но, како возрасни, вие знаете дека има голем број други работи кои ова двегодишно дете може да ги направи за да биде среќно. Секако, тоа е лесно да го кажете вие, зашто имате поголема перспектива. Но, кога некој ќе ве навреди, одеднаш повторно имате помала перспектива, па и малата навреда ви изгледа голема, при што ве разлутува. Меѓутоа, ако размислувате подлабоко ќе согледате дека оваа мала работа и нема некое големо влијание, па ќе сфатите дека не е достојна за вашата енергија.
    • rn011

    • Ментално прегрнете ги и посакајте им убав ден. Овој мал трик може позитивно да го смени начинот на кој ги гледате луѓето кои ве навредиле. На пример, замислете дека некој рекол нешто што е непријатно за вас. Тогаш сигурно ќе бидете нервозни и ќе сакате да им викате, но, со жестока реакција не би постигнале ништо. Кој знае, можеби пак тие реагираат така затоа што се повредени од нешто. Затоа, обидете се да покажете емпатија и потрудете се да се убедите себеси дека тие се управувани од некој вид внатрешна болка. Така, ќе им дадете ментална прегратка и ќе сочувствувате со нив. Сите понекогаш реагираме на бурен начин, па потребно ни е разбирање.
    • rn

    rnИспробајте некоја од овие стратегии наредниот пат кога некој ќе ве навреди. Потоа насмевнете се и потсетете се дека не постои причина туѓото однесување да ве претвори во нешто што не сте.

  • Постојат само два вида луѓе: Оние што ве кочат и оние што ви помагаат да поместите планини!

    Постојат само два вида луѓе: Оние што ве кочат и оние што ви помагаат да поместите планини!

    Постојат луѓе на овој свет поради кои чувствуваме огромен ентузијазам за живот, кои нè поттикнуваат да ги тргнеме бариерите и да ги постигнеме нашите цели. Но, постојат и луѓе што само го цедат животот од нас, популарно наречени „енергетски вампири“, кои понекогаш не се ни свесни дека прават нешто погрешно. Па затоа, денес е време за лекција со чија помош на многу едноставен начин ќе ги забележите разликите помеѓу овие два типа луѓе.rnrn1-postojat-samo-dva-vida-na-lugje-onie-koi-ve-kochat-i-onie-koi-vi-pomagaat-da-podmestite-planini-www.kafepauza.mk_rnrnПогледнете како да ги препознаете и што е можно побрзо да се ослободите од нив!rnrn

  • Најлошиот вид луѓе на светот

    Најлошиот вид луѓе на светот

    Колку пати ви се случило да не можете да паркирате пред маркетот затоа што на тоа место стои количка за пазарување? Или пак, да не можете да излезете без претходно да морате вие да ја вратите на своето место? Колку пати сте забележале како некој само ја турка покрај патот, влегува во својот автомобил и си заминува, а таа полека се враќа наназад и потоа удира во друг автомобил? Следниве фотографии ги отсликуваат делата на најлошиот вид луѓе на светот – оние кои се премногу мрзливи да ја однесат количката онаму каде што припаѓа, без притоа да го отежнуваат животот на сите останати околу нив.rnrn rnrn

  • Замислете си дека сте сирена: Tест кој ќе ви открие многу за вашата личност

    Замислете си дека сте сирена: Tест кој ќе ви открие многу за вашата личност

    Тестот со сирена е еден едноставен, но многу интересен начин кој ќе ви овозможи на момент да ѕирнете во вашата интима и уште еднаш да ги потврдите нештата кои најдобро ја опишуваат вашата личност. Преку будење на вашата фантазија можете да допрете до своите најголеми длабочини. Подготвени?! Запомнете ги одговорите на следниве прашања…rnrn(1) Замислете си дека сте сирена: Tест кој ќе ви открие многу за вашата личностrn

    1. Замислете дека сте сирена

    rnКаква боја е вашата опашка?rn

    2. Замислете си дека покрај вас плива риба

    rnЗа каква риба станува збор? Дали е опасна?rn

    3. Замислете си дека наоѓате школка на морското дно и ја земате

    rnКако изгледа школката?rn

    4. Замислете си дека пливате кон површината и забележувате плажа

    rnКолку луѓе има на плажата?rnrn(2) Замислете си дека сте сирена: Tест кој ќе ви открие многу за вашата личностrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Кликнете тука за одговорите и толкувањето на нивното значење” active=”false”]rn

    1. Бојата на опашката упатува на тоа колку сте друштвени и комуникативни

    rnДоколку си замисливте опашка во боите на морето, како сина или зелена, тоа значи дека сте срамежлива и позатворена личност. Доколку си замисливте бои кои полесно паѓаат во очи, како розова или жолта, тоа укажува дека сте комуникативни и брзо се спријателувате со луѓето.rn

    2. Рибата што плови покрај вас покажува како се справувате со конфликтите

    rnДоколку си замисливте риба која мирно плови покрај вас, тоа би значело дека немате проблем да си го кажете своето мислење. Доколку ја доживеавте како закана, тогаш тоа би можело да значи дека избегнувате конфронтации.rn

    3. Школката што ја најдовте покажува колку луѓето ве познаваат

    rnШколките кои се рамни и кои се отвораат, значи дека и вие се отворате лесно пред луѓето и ја откривате вашата интима. Но, доколку си замисливте школка со малку покомплексен, шуплив изглед, којашто не се отвора, тогаш тоа може да се протолкува дека сте личност која е порезервирана во односот со луѓето.rn

    4.Луѓето на плажата го означуваат бројот на вашите вистински пријатели

    rnДоколку си замисливте плажа полна со луѓе, значи дека имате неколку групи со пријатели. Малку луѓе на плажата значи дека имате малку, но многу блиски пријатели.rnrnСе пронајдовте во одговорите?rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]

  • Зошто луѓето се откажуваат од љубовта кога работите ќе станат малку потешки?

    Зошто луѓето се откажуваат од љубовта кога работите ќе станат малку потешки?

    „Никогаш не губите љубејќи. Губите поради тоа што се држите настрана.“ – Барбара де Анџелис

    rnНа сите ни се познати чувствата на љубов, страст, желба и флерт. Сите знаеме како се чувствуваме кога сакаме некој. Но, дали знаеме доволно што значи да се биде во врска? Да се биде заедно, да се учи и расте еден покрај друг? Секоја врска е уникатна и убава на свој начин, но дали ние на нашата врска гледаме со вистинска љубов?rnrnrnrnЖивотниот тренер, Гарисон Коен, зборува за теоријата на односите на тој начин што користи овошје како метафора. Тој вели дека како луѓе, ние секогаш сме возбудени од слаткото, сочно овошје, односно од надворешниот слој. Тоа е вкусно и ние со задоволство го јадеме. Сепак, кога ќе стигнеме до неговата внатрешност, до семките, ние го фрламе сметајќи дека тоа не е корисно. Она што не го цениме е дека всушност тие семки можеме да ги посадиме и повторно да се роди нов живот. Тоа е извор на нов живот, а ние го третираме како да е сосема бескорисно, бидејќи не ни дава моментално задоволство. Ние не чекаме да видиме каков живот би се родил.rnrnЗамислете ја вашата врска како ова овошје. Влегувате во фазата на меден месец и уживате во слатките меѓусебни моменти. Но, потоа можеби работите нема да се одвиваат толку добро. Можеби при вашите дискусии ќе стигнете до точка каде што нема да се согласувате еден со друг. Тогаш ќе се појават нови проблеми, така што и двајцата би се исплашиле од она што се случува, а некој можеби ќе сака да побегне од тие проблеми, плашејќи се да се соочи со нив. Секако дека постојат и големи причини поради коишто луѓето се одлучуваат да заминат, но неретко и ние самите сме виновници што прерано ги напуштаме работите. Кога ги проголтуваме зрелите плодови и се соочуваме со внатрешноста, односно со семето, ние се откажуваме и одлучуваме да не продолжиме понатаму. Не си оставаме доволно време да видиме што ќе се случи и што ќе се роди кога ќе ја вкусиме внатрешноста, онаа којашто не е толку сочна и слатка.rnrnrnrnВнатрешноста на овошјето ги претставува недостатоците на човекот коишто се неизбежен дел. Семките се исто така дел од овошјето и нивната улога е многу важна. И доколку си дадеме време да ги прифатиме недостатоците онакви какви што се, си даваме себеси потенцијал да растеме. На овој начин можеме да погледнеме во своите потемни делови, во себичните делови од нашата личност. Знаеме дека никој не е совршен и дека сите го правиме најдоброто со она што го имаме. Секогаш треба да дадеме шанса за да ги подобриме односите, да разбереме дека треба да ги негуваме и да се грижиме за нив. Секогаш можеме да најдеме нешто убаво во мааните. Ова не значи дека треба по секоја цена да бидеме со некој што не ни одговара, но, треба да се потрудиме мудро да им се спротивставиме на недостатоците. Многу е важно да умееме да ги цениме тешките времиња и да ги сфатиме како неопходен дел од сечиј живот, коишто заедно со убавите моменти ја сочинуваат рамнотежата во животот. Не би можеле да го видиме летото доколку најпрво не ја искусиме зимата. Исто така не можеме да имаме овошје без семе.rnrnВо врските имаме потенцијал да искусиме извонредна авантура со друга личност. Доколку не би избегале веднаш штом малку ќе се влошат работите, тогаш си дозволуваме себеси да учиме, да сакаме и да станеме позрели личности. Така, ние би уживале во побогат живот за разлика од оние коишто се само на површината, јадејќи ги само добрите делови.rnПа, наредниот пат кога ќе земете овошје, погледнете го подетално и потрудете се да го видите животот којшто живее внатре. Потоа, оставете го некаде каде што ќе знаете дека ќе прерасне во вистинска убавина.