КАФЕ ПАУЗА

Tag: луѓе

  • 12 чудни работи кои ги правеле нашите предци

    12 чудни работи кои ги правеле нашите предци

    Ако мислите дека луѓето биле помалку чудни во минатото отколку денес, можеби ќе го промените мислењето. Погледнете некои од најчудните работи кои нашите предци ги сметале за нормални.rn

    1. Прво и второ спиење

    rn(1)12-chudni-raboti-koi-gi-pravele-nashite-predci-kafepauza.mkrnrnЕвропејците кои живееле во средниот век практикувале спиење во две фази. Првото спиење почнувало со заоѓањето на сонцето и завршувало на полноќ, а потоа луѓето се буделе и останувале будни 2-3 часа. Некои го користеле ова време за молитви или читање, а некои пак го поминувале времето со семејството или соседите. Потоа почнувало второто спиење, кое траелo до изгрејсонцето.rn

    2. Живи будилници

    rn(2)12-chudni-raboti-koi-gi-pravele-nashite-predci-kafepauza.mkrnrnОваа професија постоела од средината на 18-тиот век, до 1950-тите. Работата на овие луѓе била да ги будат луѓето кои требало да стануваат рано. Тие тропале на прозорците на нивните клиенти со стапови. Не е јасно кој ги будел будилниците, но постои верување дека не оделе на спиење пред работа.rn

    3. Фустани за машки

    rn(3)12-chudni-raboti-koi-gi-pravele-nashite-predci-kafepauza.mkrnrnОд 16-тиот век, до 1920 година било нормално младите момчиња (од 4 до 8 години) да носат фустани. Веројатно причината за ова била високата цена на облеката, а фустаните можеле да се носат дури и кога детето малку ќе порасне.rn

    4. Шопенки

    rn(4)12-chudni-raboti-koi-gi-pravele-nashite-predci-kafepauza.mkrnrnШопенки или познати и како цокули, се чевли со платформа која била и до 50 сантиметри. Оние кои ги носеле имале помош од слугите за да се движат. Овие чевли не се носеле само за мода, туку ја заштитувале облеката на носителот од кал.rn

    5. Пуштање крв како лек за сè

    rn(5)12-chudni-raboti-koi-gi-pravele-nashite-predci-kafepauza.mkrnrnОвој третман бил познат 2.000 години, до раниот 20-ти век. Пуштањето крв се користело за секоја болест и многу често само му ја влошувало состојбата на пациентот.rn

    6. Никаква хигиена

    rn(6)12-chudni-raboti-koi-gi-pravele-nashite-predci-kafepauza.mkrnrnВо некои средновековни земји луѓето верувале дека водата е извор на болести, а вошките ги нарекувале „бисерите на Бог“. Овие верувања ги делеле и монасите. Изабела Прва била многу горда на фактот што се имала искапено само два пати во животот – кога се родила и пред нејзината венчавка. Според едно тврдење, некој човек ѝ дал коментар за нејзините валкани дланки и нокти, на што кралицата одговорила „Оф, па само да ми ги видеше стапалата!“rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Застрашувачки феномен: Што треба да знаете за луѓето сенки?

    Застрашувачки феномен: Што треба да знаете за луѓето сенки?

    Луѓето сенки, исто така познати како темни фигури или црни материи, се мрачни човечки фигури кои најчесто се забележуваат навечер и кои можете да ги видите од аголот на вашето око. Понекогаш изгледаат како темни материјали. Ви звучи познато? Ако не сте сигурни дали сте виделе нешто слично, ова се нивните најчести карактеристики…rnrnЗастрашувачки феномен: Што треба да знаете за луѓето сенки?rnrn1. Многумина носат шапки.rnrn2. Честопати носат старомодни наметки.rnrn3. Свесни се за нашето постоење и реагираат на нас.rnrn4. Генерално делуваат како мажи, иако полот не е видлив.rnrn5. Можат да минуваат преку предмети и ѕидови.rnrn6. Луѓето сенки се тивки, не комуницираат и не зборуваат.rnrn7. Многу се високи, но не претерано, од 180 сантиметри до 2 метра (може да бидат и ниски).rnrn8. Немаат видливи очи, иако понекогаш луѓето изјавиле дека виделе црвени очи.rnrn9. Нивната фигура има длабочина, маса и тродимензионална форма.rnrn10. Многу се брзи и се движат со брзина на светлината.rnrnКога ќе се појават луѓето сенки, најчесто забележуваме магла во близина. Црната материја почнува да добива облик на човек или животно, но без деталите што се карактеристични за луѓето, на пример без очи. Ако фигурата се задржи подолго време, сенката може да се претвори во проѕирен призрак. Луѓето сенки се појавуваат во различни форми и облици. Ова се неколкуте најчести типови…rn

    Постојани луѓе сенки

    rnОвие луѓе сенки се присутни во домовите, најчесто во спалните соби. Тие стојат во аголот на собата или на прагот и само гледаат. Не се обидуваат да комуницираат, туку само набљудуваат. Ако ги забележите, најчесто бегаат и минуваат низ ѕид или исчезнуваат во аголот. Обично имаат човечка форма и носат наметка или шапка. Овие луѓе сенки предизвикуваат чувство на страв и ужас. Тие најчесто се приврзуваат за еден поединец и го следат секаде каде што оди.rn

    Посетители

    rnОвој тип луѓе сенки си имаат свои планови и не се заинтересирани за тоа што го правиме. Тие најчесто одат од едно на друго место и не им е гајле дали ги гледаме. Тие се најмистериозните луѓе сенки, бидејќи не сакаат ниту да комуницираат со нас ниту да нѐ набљудуваат.rn

    Луѓе сенки кои прогонуваат

    rnОвој тип луѓе сенки се врзани за место или локација. Најчесто има повеќе такви луѓе сенки во одредена област. Се верува дека овие видови се емоционално поврзани за местото каде што се наоѓаат.rnrnЛуѓето сенки се појави што многу тешко можат да се разберат. Станува збор за суштества кои постојат во нашата димензија, но не можеме да знаеме дали преминале од друга димензија или се души кои се врзани за Земјата.rnrnЗастрашувачки феномен: Што треба да знаете за луѓето сенки?rn

    Како да се ослободите од луѓето сенки?

    rn1. Воспоставете емоционална хармонија. Бидете позитивни, приземни и променете ја вашата емоционална состојба.rnrn2. Спроведете спиритуално прочистување.rnrn3. Оставете ги светлата вклучени, бидејќи тоа ја нарушува енергијата на луѓето сенки.rnrnВо продолжение прочитајте ги и искуствата на некои луѓе кои имале средба со ваквите сенки…rn

    „Моето искуство со луѓето сенки започна кога бев дете. Ги нарекував ’ѕидот’. Се плашев да спијам во мојата соба и најчесто одев да спијам во дневна. Мислев дека нема да ме видат ако го покријам секој дел од моето тело со чаршав. Обично се појавуваа едно или три такви суштества. Тие што ги гледав беа како црна материја со човечка форма, но без други човечки карактеристики. Не се обидуваа да комуницираат со мене и не исчезнуваа кога ги гледав. Верувам дека тие биле приврзани за мојата локација, бидејќи кога се преселив, не ги видов никогаш повторно.“

    rn

    „Моето последно искуство со луѓето сенки се случи пред неколку месеци. Бев надвор и одеднаш се појави магла која се задржи неколку минути и потоа исчезна. Не се исплашив, туку бев благодарна за искуството, па дури и се доближив за да го видам. Како што се доближував, можев да ја почувствувам неговата енергија и имав чувство како да поминува нечија душа низ мене. Тоа беше еден од најубавите моменти во мојот живот, бидејќи почувствував како се спојуваат две различни димензии.“

    rnДали вие некогаш сте виделе луѓе сенки? Што мислите за оваа појава?rnrnДоколку верувате во натприродни сили, прочитајте ги следниве 5 знаци дека вашиот дом е опседнат со духови.

  • Луѓето можат да ја црпат вашата енергија исто како што растенијата се јадат меѓусебно

    Луѓето можат да ја црпат вашата енергија исто како што растенијата се јадат меѓусебно

    Едно истражување спроведено на Универзитетот во Билефелд, покажало дека растенијата можат да црпат енергија од други извори, како на пример од растенијата што им се во близина. Ова неверојатно откритие може да се примени и на други животни форми покрај растенијата. Станува збор за истражување што може да доведе до нови откритија во областа на биоенергијата, но и да докаже дека луѓето можат да црпат енергија од други луѓе исто како во случајот на растенијата.rnrnЛуѓето можат да ја црпат вашата енергија исто како што растенијата се јадат меѓусебноrnrnТимот, предводен од страна на професорот доктор Олаф Круз, нашол докази дека зелената алга по латинското име „Chlamydomaonas“ не само што врши фотосинтеза за да произведе енергија, туку и зема енергија од растенијата што се наоѓаат во нејзина непосредна близина. На сите растенија им треба сончева светлина и вода за да растат, исто како и на луѓето. Нашите тела се како сунѓери што ја впиваат енергијата од средината што нѐ опкружува. Ова е причината зошто некои луѓе се чувствуваат вознемирено кога се во близина на одредени поединци. Според докторката Оливија Бадер-Ли, ним им пречат измешаните емоции и енергијата што ги опкружуваат.rnrnВо истражувањето, доктор Олаф Круз покажал дека во случај на недостаток од енергетски извори зелената алга црпи енергија од други едноклеточни растенија во форма на целулозни ензими. Овие целулозни ензими потоа се расчленуваат на едноставни шеќерни елементи со кои клетките се хранат и ги користат како извори на енергија. На овој начин, дури и кога нема светлина и вода и условите не се поволни за фотосинтеза, алгата продолжува да расте. Ова е првиот експеримент од ваков вид кој дошол до револуционерно откритие.rnrnСпоред докторот Круз, растенијата јадат други растенија. Научниците се обидуваат да ги потврдат овие откритија и кај други видови алги и растенија. Бадер-Ли верува дека со развојот на технологијата, научниците ќе можат да ја докажат оваа појава и кај луѓето во блиска иднина. Човечкиот организам не е многу поразличен од оној на растенијата, бидејќи и на неговите клетки им треба енергија за да се размножуваат. На човечкото тело му треба енергија за да надмине некои емоционални состојби и може да произведува кортизол во клетките за да ги задоволи емоционалните потреби.rnrnБадер-Ли исто така верува дека во блиска иднина ќе биде лесно да се покаже биоенергијата, а науката ќе докаже дека луѓето и животните можат да се лекуваат меѓусебно само со пренесување енергија. Таа верува дека луѓето се способни да впиваат енергија од нивната околина и да се лечат со неа. Тоа може да е вистина ако го земеме предвид фактот што поврзаноста со природата им помага на луѓето побрзо да заздрават од емоционалните стресови и болести.rnrn(2) Луѓето можат да ја црпат вашата енергија исто како што растенијата се јадат меѓусебноrn

    Па, како да го заштитите вашиот простор и како да го спречите трошењето на вашата енергија?

    rnБидете фокусирани и приземни. Мора да бидете поврзани со вашата духовност за да почувствувате кога некој ви го нарушува просторот. Ако сте смирени и спиритуално сконцентрирани, ќе можете своеволно да се ослободите од туѓата негативна енергија.rnrnМногу е важно да не давате отпор. Кога давате отпор, негативната енергија се натрупува во вас. Нареден пат кога ќе бидете опкружени со луѓе кои прават да се чувствувате непријатно, обидете се да не давате отпор. Можеби мислите дека на тој начин ќе се заштитите себеси и вашиот простор, но ќе се случи токму спротивното бидејќи негативната енергија ќе почне да се насобира во вас. Обидете се да останете опуштени, замислете си како вашето тело е проѕирно и негативната енергија ќе помине низ вас.rnrnБидете господари на вашата лична аура. Сите ние имаме енергетско поле што ги опкружува нашите тела. Тоа е вашата аура. Многу е важно да го познавате вашиот личен простор и неговите граници. Овие граници се околу една рака долги во сите правци од вашето тело. Обидете се да го замислите ова поле и заштитете го од туѓата енергија. Само така ќе можете да го заштитите вашиот духовен простор.rnrnОдржувајте ја вашата енергија чиста. Тука боите играат многу важна улога. Златната е живописна боја која ќе ви послужи да го исчистите вашиот простор од туѓата енергија. Дозволете ѝ на чистата златна енергија да тече низ вашата аура и тело и ослободете се од туѓата енергија. Тоа ќе ви помогне да се почувствувате свежи и чисти.rnrnПовикајте ја вашата енергија. Ако вашата енергија ви го исполнува просторот, нема да има место за друга непозната енергија да влезе внатре. Со текот на времето, честопати губиме голем дел од нашата енергија поради нејзино трошење.rnrnБез оглед на тоа каде отишла вашата енергија, многу е важно да ја вратите назад. Обидете се да си замислите како ве врне златен дожд и тоа нека биде вашиот енергетски магнет. Дозволете му да ја впие вашата енергија. Замислете го како чиста златна енергија. Откако ќе ја впиете енергијата, ослободете ја во вашиот личен простор.rnrnВо продолжение прочитајте како да се заштитите од луѓе кои зрачат со негативна енергија.

  • Луѓето не сфаќаат дека ги правите овие работи бидејќи дискретно ги следите вашите соништа

    Луѓето не сфаќаат дека ги правите овие работи бидејќи дискретно ги следите вашите соништа

    Вие не зборувате многу за она што го правите, не се фалите со своите постигнувања, ја гледате вашата работа, молчите и не се рекламирате. Честопати ниту вашите блиски пријатели не знаат на што работите во моментот и до каде сте стигнале, бидејќи вие се држите до вашата потреба да бидете дискретни. Еве зошто им делувате чудно на другите.rnrn1-raboti-koi-lugjeto-ne-sfakjaat-deka-gi-pravite-bidejkji-diskretno-gi-sledite-vashite-sonishta-www,kafepauza.mk_rn

    1. Ги задржувате работите за себе

    rnНикому не му објаснувате зошто не можете да излезете. Всушност, вие велите дека имате некои работи кои морате итно да ги завршите, а не сте можеле на работа, па морате да се посветите на тоа, додека вашите пријатели ве убедуваат дека треба да излезете, но вие не се откажувате. Тие ќе кажат, „Па, тој/таа е малку чуден/чудна“, ќе ги подигнат рамениците и ќе заминат без вас. Вие сте го задржале за себе она што ви е поважно од излегувањето со пријателите, а најверојатно и од многу други работи, како на пример, од спиењето.rn

    2. Умеете неочекувано да го промените правецот

    rnТоа на другите им изгледа како одеднаш да сте се преориентирале на нешто што досега воопшто не било во игра, без разлика дали станува збор за вашата кариера или на емотивно поле – стапување во брак, неочекувана бременост. Но, вие многу добро сте размислиле за тоа и сте го направиле она што најмногу го сакате, не грижејќи се да водите сметка за тоа колку сите останати ќе се изненадат од вашиот избор.rn

    3. Откажување од општата идеја за успех и среќа

    rnПотребно е многу храброст за да го живеете вашиот живот како што сакате, надвор од сите шаблони и категории кои другите ги поставиле, измислувајќи сопствени правила и водејќи се по сопствените желби и потреби. Бидејќи вие го правите тоа тивко и дискретно, на луѓето ќе им биде потребно доста време за да сфатат колку всушност сте пред вашето време и колку сте непоколебливи во она што го сакате. Полесно ќе им биде ако мислат дека сте малку чудни.rnrn2-raboti-koi-lugjeto-ne-sfakjaat-deka-gi-pravite-bidejkji-diskretno-gi-sledite-vashite-sonishta-www,kafepauza.mk_rnrn

    4. Понекогаш гласно велите „НЕ“

    rnИ ги плашите сите околу себе, бидејќи најчесто сте повлечени. Кога ќе покажете дека имате цврст став и дека воопшто не се согласувате со нешто со коешто сите се согласуваат, вие ќе покренете бурни реакција. Луѓето можеби се плашат, не размислуваат за тоа дека смеат и можат нешто да одбијат или се неинформирани и не знаат дека имаат право на сопствен став, па затоа и едноставно стивнуваат и тотално се збунуваат. Можеби ќе ви успее да инспирирате некој срамежлив и тивок да каже „НЕ“.rn

    5. Го покажувате својот производ, а не својата работа

    rnМожеби никој не знае што сте правеле изминатата година, но што е до вас, никој и не треба да знае. Вие ќе ги изложите вашите резултати, вашиот финален производ, вашето дело, кога ќе биде завршено. Нема на сите да им зборувате за маките од создавачкиот процес, темелното истражување или пронаоѓањето на соодветната поддршка. Никој не мора да ја следи вашата работа, но кога ќе имате готово дело, тогаш сте подготвени и да го покажете.rn

    6. Се менувате и повеќе не сте личноста која луѓето ја познаваат и со која им е пријатно

    rnВас не ве интересира дали некој ќе ја осудува вашата новооткриена духовност, одлучност и строгост, вашиот нов имиџ, новите пријатели и интересирања. Тоа е резултат на вашата работа и вие сега го покажувате, исто како кога е во прашање некој работен проект или создавање ново дело. Вие сте работеле на себе и сте станале најдобрата верзија од себе. Можеби на другите повеќе им се допаѓате кога сте попустливи, неодредени, ненаметливи и тивки, бидејќи така може да ви ги препишат особините кои замислуваат дека ги имате, а сега мораат да се соочат со тоа дека погрешно ве процениле. Само што вас навистина не ве интересира што мислат тие и колку им „бодете во очи“ со објавената најдобра верзија од самата себе.

  • Здрав сон, позитивна насмевка и квалитетна храна: 8 навики на здравите луѓе

    Здрав сон, позитивна насмевка и квалитетна храна: 8 навики на здравите луѓе

    Секојдневно можете да правите мали работи за да се чувствувате подобро и полесно да ги отфрлите проблемите. Експертите велат дека овие навики на здравите луѓе може да ви помогнат во тоа.rnrn1-zdrav-son-pozitivna-nasmevka-i-kvalitetna-hrana-8-naviki-na-zdravite-lugje-www.kafepauza.mk_rn

    1. Одат во кревет во 10 часот

    rnСите ние знаеме колку е важен сонот за правилната работа на целото тело, а особено за работата на мозокот. Шест до осум часа сон го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, го штити имунитетот, го заздравува телото, го подобрува помнењето, ја зголемува издржливоста и концентрацијата.rn

    2. Дишат длабоко

    rnДлабокото дишење ја намалува анксиозноста, го регулира шеќерот во крвта и му помага на имунолошкиот систем. Не мора да следите никакви специфични облици на дишење, само издвојте десетина минути во текот на денот и опуштете се и дишете длабоко.rn

    3. Комуницираат со другите луѓе

    rnЛуѓето кои се во добри односи со оние околу нив живеат подолго, се чувствуваат посреќно и општо се поздрави. Поминатото време со пријателите и семејството може да ви помогне во ослободување на стресот.rn

    4. Јадат јаткасти плодови

    rnЕдна рака јаткасти плодови на ден, пет или повеќе пати неделно го намалува ризикот од умирање од кардиоваскуларни болести. Постои долга листа со предности, од кои поважни се контролирање на телесната тежина, подобрување на метаболичното здравје, штитење на видот и мозокот.rnrn2-zdrav-son-pozitivna-nasmevka-i-kvalitetna-hrana-8-naviki-na-zdravite-lugje-www.kafepauza.mk_rn

    5. Внимаваат како седат

    rnИ самите знаете колку е вежбањето важно за да останете здрави. Кога цел ден седите во канцеларијата му нанесувате штета на целото тело, па затоа ви препорачуваме секој час да станувате и да правите некоја лесна активност со траење од 3 до 5 минути.rn

    6. Се смеат

    rnДобар изговор за гледање некоја комедија. Смеењето може да го намали стресот и да го зголеми ендорфинот. Една студија што била спроведена во 2014 година на постари луѓе открила дека гледањето смешен видеозапис ги намалува хормоните на стрес и го подобрува помнењето.rn

    7. Готват

    rnИзбегнувањето доставена и брза храна може да ви помогне во одржувањето на тежината, како и во намалувањето на ризикот од развивање хроничните болести. Ако сте гладни на работното место изедете некое овошје или зеленчук. Така ќе го подобрите квалитетот на животот и ќе го намалите ризикот за низа болести.rn

    8. Поминуваат време во природа

    rnВремето поминато на отворено овозможува витамин Д кој е клучен за силни коски и ментално здравје. Едно истражување од 2015 година покажало дека луѓето кои шетале во природа имале помалку негативни мисли во споредба со оние кои шетале низ центарот на градот. Поврзувањето со природата помага во ослободување од стресот.rnrn3-zdrav-son-pozitivna-nasmevka-i-kvalitetna-hrana-8-naviki-na-zdravite-lugje-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку сакате да започнете здрав начин на живот и да створите уште повеќе здрави навики, тогаш погледнете кои работи ги прават здравите луѓе пред спиење.

  • Прекрасни особини што им се заеднички на сите жени кои зрачат со топлина и самодоверба

    Прекрасни особини што им се заеднички на сите жени кои зрачат со топлина и самодоверба

    Понекогаш изгледа како магија кога некои луѓе знаат едноставно да бидат опојни, но всушност тие прават некои работи, намерно или ненамерно, за да остават добар впечаток. Некои од нив се природно харизматични, а некои морале да научат како да бидат такви со тоа што ги применувале советите од другите во своето секојдневно однесување. Тие се издвојуваат од толпата и покрај нив секој се чувствува добро. Тие се самоуверени и пријатни. Погледнете ги овие 6 совети за да откриете дали сте природно шармантни, или пак да пронајдете нешто кое ќе можете да го искористите за градење сопствени самодоверба и харизма.rnrn1-prekrasni-osobini-koi-se-zaednichki-na-site-zheni-koi-zrachat-so-toplina-i-samodoverba-www.kafepauza.mk_rn

    1. Ја кажуваат својата приказна

    rnХаризматичните луѓе разговараат со другите на начин кој е многу попривлечен отколку зборувањето. Не зборуваме за луѓето кои постојано зборуваат само за себе. Таквите луѓе не се само ладни и тешки, туку им недостига самодоверба што е потребна за да бидат шармантни. Харизматичните луѓе споделуваат приказни за себе и за својот живот, но на начин на кој се поврзуваат со оние покрај нив, преку приказни со кои другите може да се идентификуваат. Така создаваат место за вистински разговори.rn

    2. Добри се во слушањето

    rnЕдно е да имате добра приказна, а друго е да бидете и добар слушател. Овие личности им дозволуваат на другите да зборуваат, а тие да се претворат во уво. Навистина учествуваат во разговорот низ контакт со очите. Тие се смеат, климаат со главата, не го прекинуваат соговорникот и не се надвикуваат. Нивниот фокус е на другите, а не на нив самите.rn

    3. Го оставаат егото зад себе

    rnШармерите не се затворени. Тие се отворени за мисли и размислувања на другите луѓе. Тие слушаат без осудување. Тие ги споделуваат своите приказни без расправија дали се во право. Тие цврсто стојат до своите уверувања, но ги почитуваат и туѓите. Не морате секогаш да се согласите, но морате да покажете взаемно почитување.rnrn2-prekrasni-osobini-koi-se-zaednichki-na-site-zheni-koi-zrachat-so-toplina-i-samodoverba-www.kafepauza.mk_rn

    4. Поставуваат прашања

    rnТие се добри раскажувачи. Тие се добри слушатели. Но, тие исто така се обидуваат да научат нешто за другите така што им поставуваат прашања. Сите ние сакаме да зборуваме за нас во некоја мера, но знаејќи кога треба да го предадеме микрофонот на другата личност е она што го прави разговорот пријатен и добар. Овде нема да постои непријатна тишина, бидејќи секогаш постојат многу работи кои можеме да ги научиме едни за други. Доволно е само да поставувате прашања.rn

    5. Лични се

    rnНе велиме дека харизмата значи да ѝ ја раскажете целата ваша животна приказна или најдлабоките и најмрачни тајни на првата личност која ќе ја сретнете, но ве советуваме дека интимната длабочина во разговорот е секогаш добредојдена. Никој не сака да чувствува дека сте лажна личност и дека лажете кога се изразувате. Сите ние имаме луди семејни приказни, неудобни моменти и грозен прв љубовен состанок што сакаме да го споделиме со некого. Луѓето ќе ве ценат доколку ве видат во вистинско светло.rn

    6. Сѐ е во начинот на движење

    rnШармантната личност сѐ започнува со начинот на кој влегува во просторијата. Нема да биде забележана доколку гледа во подот и сокривајќи се далеку од сите, во најблискиот агол. Изгледајте самоуверено, без разлика дали навистина се чувствувате така или не. Чекорете со подигната глава. Држете го вашето тело лесно и слободно, а не вкочането и непристапно.rnrnСите ние имаме топлина и доверба некаде во нас и можеме да научиме како да бидеме харизматични. Користењето на овие совети ќе ви помогнат да го разбудите она најдоброто во себе, а тоа потоа ќе го извлече најдоброто и од другите околу вас.rnrnПрочитајте и на кој начин се заљубуваат силните жени…

  • Луѓето се на Земјата поради 2 причини: Да сакаат и да бидат сакани!

    Луѓето се на Земјата поради 2 причини: Да сакаат и да бидат сакани!

    Обидете се да ги отстраните сите непријатели од своите мисли, затоа што истата интелигенција која поминува низ вас, поминува и низ другите луѓе. Кога ќе сфатите дека сте поврзани со сите, ќе ви биде незамисливо да ги повредувате другите, а особено да чувствувате омраза кон нив.rnrnЛуѓето се на Земјата од две причини: Да сакаат и да бидат саканиrnrnСо други зборови, на оваа планета не постојат погрешни избори, сите сте овде со одредена причина и иста божествена енергија тече низ вас, па кога ќе престанете да мислите дека сте посебни од другите, ќе почнете да согледувате дека вистинската причина за којашто сте овде е љубовта. rnrnБог не сака да научите да го сакате него, туку да научите да се сакате едни со други, затоа што тоа значи да се биде свето битие, да се нема непријатели и луѓето да се сакаат помеѓу себе. Тоа е она што значи навистина да се сака Бог. Настојувајте љубовта да ви биде главен фокус во вашиот живот. Кога ќе успеете во ова, нема да имате никакви очекувања од другите околу тоа како ќе реагираат на вашето изразување на љубовта. rnrnДавајте без да очекувате некакви награди или нешто друго за возврат. Запаметете, вие сте на Земјата само од две причини: Да сакате и да бидете сакани! Ако ѝ се препуштите на оваа мисла, сѐ во вашиот живот ќе добие поинаква смисла и тој ќе стане поубав.

  • Дидров ефект – зошто луѓето го комплицираат својот живот?

    Дидров ефект – зошто луѓето го комплицираат својот живот?

    Славниот француски филозоф Дени Дидро, речиси целиот свој живот го поминал во сиромаштија. Тој се наоѓал во ситуации кога дури немал ниту што да јаде. Во 1765 година сето тоа се променило. По милост на руската владетелка Катерина Велика, тој добил сума од денешни 50.000 долари за својата библиотека што таа ја откупила. Човекот кој дотогаш тешко се снаоѓал во животот, одеднаш имал еден куп пари на располагање.rnrnДидров ефект – зошто луѓето го комплицираат својот живот?rnrnПрвото нешто што го направил е тоа што купил црвено одело. Токму со овој настан започнале и проблемите. Внимателно го донел дома црвеното одело и го соблекол мантилот. Оделото со својата убавина го ставило во сенка сѐ она што се наоѓало во скромниот стан на Дидро. Во еден момент тој сфатил дека сите останати работи кои ги поседува се сосем обични и дека ја уништуваат убавината на скапоценото црвено одело. Тој решил да направи нешто, па веднаш се упатил кон друга продавница каде што купил скапоцен тепих. По иста логика, за само неколку дена го реновирал станот, купил големо огледало, фотелја, скулптури и садови. Сѐ заменил со нови и скапоцени работи.rn

    Како да го препознаете Дидровиот ефект, 200 години подоцна, во модерното општество/

    rnДенес, повеќето луѓе тежнеат кон едноставност и мир, а го прават токму спротивното, односно си го комплицираат животот внесувајќи немир во сопствените животи. Токму тоа е познато како Дидров ефект. Тој не се однесува само на материјалните работи, туку и на севкупните мисли, чувства и дела кои го одликуваат човекот и го прават единствен, посебен и вреден. Колку пати во вашата околина имате слушнато некој кој вели дека сака да се откаже од сѐ и да се изолира некаде на тивко и мирно место? Од друга страна пак, колкумина од нив навистина го имаат направено тоа? rnrnУдобноста на секојдневниот живот, натпреварот во кој секојдневно ја докажувате својата вредност, заслужувањето љубов и признание, ограничување на вистинската, но проширување на виртуелната способност, во суштина се само работи на кои со години сте се „навикнале“ и на кои ве насочуваат вашите родители, наставници, животната средина, идолите… речиси сите. Може да се каже дека на некој начин сте фасцинирани и дека од дрвото не можете да ја видите шумата. Сконцентрирани сте на наметнатите детали во животот, не гледате, но чувствувате, дека зад сето тоа има нешто со што природно сте поврзани: Мир, љубов и радост кои всушност го претставуваат животот.rnrnДидров ефект – зошто луѓето го комплицираат својот живот?rn

    Што да направите за во животот да ја слушате музиката која ја сакате, а не само бучава?

    rnНастојувајте да не бидете многу изложени на ситуации кои од вас бараат постојано да давате одобрувања и потврдни одговори. Не мора да одите на секој нов настан или на секоја нова средба која ќе ви се понуди. Не преземајте ги туѓите обврски. Ако не знаете што сакате, тогаш брзо дознајте што не сакате, затоа што тоа е многу добар почеток. rnrnМајкл Џордан како мал вежбал одење во една соба во скромниот стан на неговите родители. Подоцна научил да скока, а уште подоцна научил да скока толку добро, што оставал впечаток дека лета. Тој се усовршувал и ги преминал сите граници, со што стигнал до тоа денешната негова „вредност“ да биде 1,24 милијарди долари. Па, работата, дисциплината, фокусирањето, континуираниот раст и развој на одбраниот потенцијал, му овозможиле да стане она што е денес.rnrnМногу важна работа во развојот е промената. Таа е константна и постојано присутна. Па, тука настанува проблемот, затоа што оваа вистина многу мал број луѓе навистина ја разбираат. Промената е единствена константа во животот, но таа е континуирана, линеарна и во согласност со вас и вашето битие. Ако поминувате низ пазарот и од сѐ земете по малку, постои реална шанса дека ќе почувствувате болка во стомакот. Тоа е промена која е непланирана. Имате чувство дека сте направиле сѐ, а главата и понатаму ве боли, чувството на празнина не ви дава мир и немате радост. rnrnДруг пример е кога би поминувале низ истиот тој пазар и би го земале само она што ви е потребно за планираниот ручек. Дома ќе си дојдете со помалку работи, но ќе направите прекрасен и вкусен ручек кој ќе ве развесели, ќе ве нахрани и ќе ви даде енергија, а ако го поделите со некого, тогаш ќе имате дополнителна радост, ќе бидете помирни, поисполнети и порадосни.rnrnПрестанете да посакувате да имате повеќе. Секогаш ќе има нешто што ќе ви недостига, а премногу луѓе имаат навика да кажат: „Ех да имав повеќе пари, ех да бев помлад…“ Таквите луѓе никогаш нема да бидат среќни, затоа, потребно е да престанете да посакувате и да почнете да работите, па реализацијата на желбите ќе дојде како последица на вашата страст. Но, не е доволно да ги знаете овие мудрости, туку многу е важно да ги разберете и да ги примените во животот. Да имате помалку, значи да бидете посреќни и поисполнети!

  • Водич за мрзливи луѓе: Како постепено да се изградите во подобри личности?

    Водич за мрзливи луѓе: Како постепено да се изградите во подобри личности?

    Дали сте знаеле дека мрзливоста има корени во вашите инстинкти за преживување? Многу одамна, нашите предци не требало да размислуваат долгорочно, туку морале да останат фокусирани на сегашниот момент, за да може да реагираат и да преживеат доколку бидат нападнати од непријатели, животни или пак природата. Сепак, во модерно време, кога преживувањето не е ваш врвен приоритет, овој инстинкт ги спречува некои од вас да се вклучат во одредено однесување што не нуди моментални резултати.rnrnВодич за мрзливи луѓе: Победете ја мрзливоста со помош на овие идеиrnrnПричината за еден човек да биде мрзлив, врежана длабоко во структурата на неговиот мозок, не е една. Понекогаш луѓето се мрзливи затоа што го немаат пронајдено својот вистински пат и не знаат што треба да прават. Доколку за себе мислите дека сте мрзлива личност, тогаш погледнете ги овие неколку идеи кои ќе ви помогнат да се подобрите.rn

    Почнете да вежбате

    rnМожеби веднаш ќе си кажете дека немате време. Но, тоа не е вистина. Сѐ што ви треба е вежбање од 20 минути, 3 пати неделно, за да добиете некакви резултати. Не бидете скептици, затоа што ако не се обидете, како ќе знаете? Важно е да ги отстраните сите мисли кои ве спречуваат да преземате некаква акција. Не мора да трошите дополнително време да излегувате надвор и да одите во теретана, затоа што постојат многу вежби кои можете да ги практикувате во вашиот дом. Вежбањето е важно затоа што така ќе создадете чувство на среќа и еуфорија и понатаму ќе бидете мотивирани да извршувате и други работи.rn

    Зголемете ја довербата

    rnНедостатокот на доверба честопати е основен проблем на мрзливоста. Некои луѓе едноставно се родени за да развиваат поголемо ниво на доверба, додека пак на други им треба повеќе напор за да го постигнат ова. Тоа не е комплицирано. Размислете за сите работи што ги имате постигнато до сега. Не е важно дали се големи или мали, важно е дека имате постигнато нешто во животот. Ова може да ви покаже во што сте добри и да изградите одредено ниво на доверба. Исто така можете да си поставите некои цели и да ги означите кога ќе ги остварите, па на овој начин да ја зголемите и довербата. Започнете со нешто мало, како на пример средба со стар пријател, подготвување нов рецепт и слично.rnrnВодич за мрзливи луѓе: Победете ја мрзливоста со помош на овие идеиrn

    Останете мотивирани и фокусирани

    rnНе лажете се. Дури и луѓето кои не се мрзливи имаат проблем да бидат фокусирани во текот на подолг период. Клучно е да ги разберете страста и здодевноста. Многупати луѓето се откажуваат, а дури и не сакаат да започнат со нешто, само затоа што им недостига фокус и мотивација. Но, дури и успешните луѓе понекогаш се чувствуваат без мотивација и здодевно, но сепак, на некој начин успеваат да го надминат тоа. Што ги прави нив различни од останатите? Тие не им дозволуваат на емоциите да ги утврдат нивните акции и да им го отстранат вниманието од нивните планирани цели. Морате да размислувате за себе и постепено ќе се подобрите.rn

    Предизвикајте ја вашата креативност

    rnПочнете да мислете за себе како на некоја креативна личност. Може да ви звучи глупаво, но верувањето дека сте креативна личност, всушност ќе ви помогне да станете таква. Постојат многу методи кои може да ви помогнат да ја поттикнете креативноста. На пример, напишете листа со работи кои морате да ги завршите во текот на една недела. Креативноста е многу важна ако сакате да се подобрите себеси, затоа што таа ви ја дава потребната енергија за да ги следите вашите соништа и да ги остварите вашите цели.rnrnИсто така настојувајте да бидете во друштво на нови луѓе со кои ќе бидете во можност да ги споделите вашите мисли, грижи и идеи. Никогаш не потценувајте ја моќта на она што ви го даваат другите како повратни информации и секогаш слушајте сѐ што ви зборуваат. Важно е да сфатите дека сакате да се промените, а за тоа е потребно време. Дружете се со мотивирани луѓе и дозволете им на ентузијазмот, енергијата и мотивацијата од другите да се префрлат и кај вас. Сѐ што ќе дозволите да влезе во вашиот ум, ќе ви влијае. Затоа, обидете се да го храните со позитивни и работи кои ќе ве мотивираат.rnrnПотребно е да сфатите дека целата оваа трансформација е процес кој трае и дека е важно да преземате мали чекори за да уживате во малите победи. Ништо не може да биде изградено за еден ден, а дури и мал напор повремено може да ви помогне да остварите големи цели во животот.rnrnДоколку ви е потребен дополнителен начин за победување на мрзливоста, тогаш вреди да ја погледнете и оваа јапонска метода против мрзливост!

  • 14 луѓе откриваат зошто не би можеле да си го замислат животот без куче

    14 луѓе откриваат зошто не би можеле да си го замислат животот без куче

    Помеѓу човекот и кучето постои уникатна врска. Без разлика дали се релаксирате заедно, шетате, работите или играте, неговото друштво секогаш е пријатно. Оние кои чуваат куче ќе се согласат дека деновите се многу поубави кога до нив е четвороножниот пријател. Погледнете ги изјавите на овие луѓе кои низ различни ситуации потврдуваат зошто кучето е нивниот најдобар пријател.rnrn14 луѓе откриваат зошто не би можеле да си го замислат животот без кучеrn

    „Замислете да живеете без вашите очи. Невозможно е навистина да се замисли тоа, но знаете дека тоа е страшно, така? Па, јас сум слеп и замислувам дека би било пострашно ако го немам моето куче помошник. Пред да ја добијам Луси, ми беше страв да излезам надвор. Но, таа е како мал магичен мост помеѓу мене и слепиот свет. Се сеќавате кога во Волшебникот од Оз сѐ се претвори од црно бело во боја? Па, токму тоа ми се случи и мене кога го добив ова куче. Одеднаш животот имаше многу повеќе можности. Одеднаш почувствував дека можам да летам. Одеднаш имав очи кои функционираа.“ – Едвин, 37 години

    rn

    „Јас сум самохрана мајка со три деца и сите ние живееме во населба која станува сè поопасна. Кога се разведов пред една година, отидов до локалното засолниште за животни и посвоив женски ротвајлер кој ме штити мене и децата.“ – Ана, 31 година

    rn

    „Кога плачам, тој ме штити. Кога ќе се здебелам пет килограми, тој не вели ништо. Кога ‘рчам тој не може да ме слушне, затоа што ‘рчи многу погласно. Освен ‘рчењето, зошто човекот ги прави овие работи? На кратко, животот без моето куче би бил како живот со момче, но без куче – мизерен. Би ја нарекол најдобриот пријател на човекот, но тоа би било сексистички и плус тоа, јас не сум маж.“ – Џес, 26 години

    rn

    „Есента е моето омилено време во годината и близу до мојата куќа се протега селски пат каде што може да се види како лисјата ја менуваат бојата. На свеж ден како денес, шетањето по тој пат е како калеидоскоп од бои – може да видам зелени, портокалови, жолти и кафеави лисја под синото небо. Но, задоволството од шетањето по овој пат ќе биде помало доколку покрај мене не е мојот црн лабрадор по име Фишер. Тој е најважната боја од моето виножито. Животот без него ќе ја нема основната боја за мене.“ – Џесика, 24 година

    rn

    „Првото нешто што ми падна на ум беше дека ако го немав моето куче, ќе бев во можност да го јадам секој оброк во целосен мир, без да ја врти неговата мала опашка и задникот, постојано додевајќи ми нешто. Претпоставувам дека би било убаво, освен тоа што кучето би ми недостигало толку многу, што не би била способна да јадам.“ – Ешли, 25 години

    rn

    „Живот без моето куче? Замислувам како доаѓам дома и тишината е толку забележлива, што дури е заглушувачка. Јас сум интроверт кој работи дневно во канцеларија и најдобриот дел од денот е доаѓањето дома за кучето да ми го лиже моето лице со лигави бакнежи. Отворањето на вратата на мојот стан без куче внатре, е како да отворање подарок за Божиќ, само за да се види дека станува збор за празна кутија.“ – Џеф, 27 години

    rn

    „Ја добив кога беше кученце од околу еден килограм, а не можам да се сетам на ниту еден ден кога мојата шестгодишна женска мешана пудлица не направила нешто што ќе ме насмее. Па, животот без неа би бил како свет без смеа. Никој не ве поздравува подобро од кучето. Никој не е повеќе возбуден што ве гледа. Тие се природни антидепресиви.“ – Сара, 25 години

    rn14 луѓе откриваат зошто не би можеле да си го замислат животот без кучеrn

    „Пред две години бев на летно кампување со моето куче и девојката на огромна и речиси пуста област на земјата. Одеднаш, без некоја очигледна причина, мојот сладок мал булдог по име Фифи почна отежнато да дише, како да бил избоден во белите дробови. Бев оддалечен речиси еден час возење од која било ветеринарна станица, но возев преку тие пусти патишта со силна брзина, проколнувајќи го Бог, истовремено молејќи се да не го убие моето куче, тоа куче кое е, беше и ќе биде мојот цел свет. Животот без него? Си го замислувам, тој би бил ужасен.“ – Џим, 33 години

    rn

    „Претпоставувам дека можам да си го замислам животот без моето куче – тој би бил обичен живот, само без мојот омилен другар во секоја сцена. Без разлика дали е тоа спиењето, јадењето, пешачењето или гледањето телевизор, ќе постои голема дупка каде што треба да се наоѓа моето куче. Звучи како хорор филм!“ – Тед, 26 години

    rn

    „Кога ќе помислам на животот без моето куче, се потсетувам на стиховите на една стара песна: ‘Замисли свет каде што не свири музика, потоа замисли црква каде што никој не се моли, ако некогаш си погледнал во небото без синило, тогаш си видел фотографија од мене без тебе…’ Така го замислувам животот без мојата мала крзнена топка. Тој би бил како утро без кафе или како кревет без перница. Како ден без сонце или езеро без вода. Тоа би било живот, но не можам сосема да кажам дека ќе се живее.“ – Били, 43 години

    rn

    „Дали некогаш сте посегнале по креветот, барајќи некој за да се милувате и откривате дека таму има само перница? Зар не е тоа најосаменото чувство на светот? Не се грижам за тоа што моето куче тежи речиси исто колку мене, ниту дека тој ги растура креветите и чаршафите. Она за што ми е гајле е тоа дека кога ќе посегнам кон креветот, може да почувствувам како удобно спие. Сѐ додека тој е тука, никогаш нема да се чувствувам осамено.“ – Енди, 24 години

    rn

    „Пред 18 месеци ми беше дијагностициран рак на црниот дроб и ми беше кажано дека ќе живеам уште една година. Живеам со рак, со хемотерапии, тестови и третмани, тага и не знам уште колку ми останува од животот, но не можам да си замислам еден ден во оваа агонија без моето куче, каде и да одам. Она за што се грижам е тоа каков ќе биде нејзиниот живот кога јас ќе си заминам. Понекогаш сакам да мислам дека таа е бесмртна.“ – Бес, 42 години

    rn

    „Имам мала, дебела и кафеава 13-годишна чивава женка, по име Тини. Бездомен пар ми ја продаде пред еден ресторан ако се согласам да им купам вечера. Фактот дека тие се подготвени да го продадат овој мал ангел во замена за оброк, ми кажува колку биле ужасни нивните животи таа вечер. Можам да кажам дека тие ја сакаат и дел од мене чувствуваше вина што ја имам. Но таа ми носи многу среќа, па кога се обидувам да го замислам животот без неа, замислувам како се чувствува тој кутар пар секој ден и секоја ноќ.“ – Џони, 29 години

    rn

    „Кој би ме будел наутро? Кој би ме поздравувал кога ќе се вратам дома? Кој би шетал со мене во паркот? Кој би ги јадел последните залаци од секој оброк што го јадам? Кој би лаел кога ќе има чудни звуци на покривот? Кој ќе ги фаќа глувците во подрумот? Зошто ме прашувате вакво прашање, дали се обидувате да ме вознемирите?“ – Кристен, 24 години

    rn14 луѓе откриваат зошто не би можеле да си го замислат животот без куче