Луѓето што ги запознавате никогаш не се такви какви што се претставуваат. Сите имаат развиено фасада зад која го кријат својот вистински карактер. Маската што ја ставаат обично е целосна спротивност на она што се обидуваат да го скријат. Маската им служи како психолошки одбранбен механизам за да можат да преживеат, да бидат прифатени, сакани или игнорирани. Сигурно ќе ви бидат познати некои од следниве 20 општествени маски што луѓето ги ставаат…rnrn
rn
1. Антипатична личност
rnЌе ја препознаете оваа личност по нејзината навика прво да зборува, а потоа да мисли. Овие луѓе се обидуваат да ја скријат нивната несигурност. Тие зборуваат гласно за да не ја забележите нивната осаменост и недостаток на самодоверба.rn
2. Будалеста личност
rnУбавите луѓе го користат својот надворешен изглед за да ги добијат работите што ги сакаат. Токму поради тоа тие не ги развиваат останатите карактеристики и стануваат празноглави и арогантни. Кога некој ќе ги одбие за прв пат, тоа го доживуваат како голем пораз, бидејќи не се навикнале да го слушаат зборот „Не“.rn
3. Површно религиозна и фанатична личност
rnОвие луѓе најчесто се обидуваат да скријат 2 работи: Или имаат некаков голем грев или не се премногу паметни. Тие мислат дека сѐ е црно или бело. Веруваат дека лесно може да се дефинира што е правилно, а што погрешно. Таквите луѓе ја користат религијата за да го сокријат фактот дека се многу збунети. Им одговара тоа што религијата не ги следи правилата на логиката и што сите мисли се отворени за интерпретација, бидејќи нивниот ум не може да ги разбере комплицираните работи.rn
4. Личност што ги следи правилата
rnЛуѓето кои постојано ги користат правилата за да се одбранат, потполно се неспособни да размислуваат со своја глава. Тие се плашат од луѓето кои се попаметни и ги сметаат за закана. Тоа е така затоа што паметните поединци ги предизвикуваат да размислуваат поинаку и покреативно, а тоа ги тера да излезат од нивната удобна зона. Правилата им даваат сигурност, бидејќи им кажуваат што да прават и како да размислуваат.rn
5. Крал/кралица на драмите
rnЛуѓето кои постојано претеруваат и драматизираат сакаат да привлекуваат внимание, затоа што сакаат сѐ да се врти околу нив. Тие имаат потреба сите да ги сфатат сериозно, а игнорирањето го сметаат за најголема навреда.rn
6. Привремено срамежлива личност
rnПостојат 2 типа луѓе: Оние што се навистина срамежливи и оние што се понекогаш срамежливи. Привремено срамежливите луѓе се преправаат дека се срамежливи за да го сокријат својот капацитет и способност за грубост и антипатичност. Срамежливата фасада им помага да ги препознаат луѓето кои ќе ги прифатат такви какви што се.rn
7. Цинична личност
rnЛуѓето кои се постојано зајадливи и цинични всушност се многу осамени и несреќни. Со цел да ја сокријат својата циничност, тие ја негираат емоционалната вредност на работите. Тие се дружат само со луѓе кои се исти како нив, бидејќи така се чувствуваат подобро.rn
8. Пасивно-агресивна личност
rnОвие луѓе веруваат дека отвореното покажување на лутината нема да ги одведе никаде, па затоа се преправаат дека се согласуваат со сите. Тие се несигурни во себе и сакаат да се борат, но немаат ниту волја ниту сила за тоа. Уверени се дека луѓето не ги интересира како се чувствуваат и имаат проблеми со ниската самопочит. Сметаат дека никој не може да ги разбере. Многу им е важно другите да се сложуваат со нив, па дури и да се работи за привидна дружба.rn
9. Личност која сака да биде нешто што не е
rnНајлесно е да се препознаат таквите луѓе. Тие се белите рапери без никакво улично искуства, претенциозните момци што се дружат со училишниот насилник, колегата кој секогаш премногу се труди за да го импресионира шефот, девојката со црна коса која станала русокоса за повеќе да им се допаѓа на момците и слично. Проблемот на ваквите е луѓе е што не се почитуваат себеси. Нивната самопочит зависи од туѓото одобрување.rn
10. Неуморниот кловн
rnЛуѓето кои постојано ги смеат другите, се обидуваат да го одвлечат вниманието од нивната сопствена несигурност. Се надеваат дека со нивната смисла за хумор ќе можат да ги прикријат своите недостатоци. Тоа се забележува кога ќе претераат со шегите во ситуација кога никому не му е дојдено до смеа.rnrn
rn
11. Сезнајковци
rnЛуѓето кои се претставуваат како сезнајковци всушност се обидуваат да привлечат внимание. Тие знаат многу безначајни факти, но ретко кога станува збор за навистина вредни информации. Тие го користат своето „знаење“ во разните кавги и со тоа ги нервираат останатите.rn
12. Личноста која постојано се фали
rnЛуѓето кои постојано се фалат се многу несигурни. Тие се толку навикнати на фалењето што тоа станува дел од нивната природа. Поголемиот дел од нивните фалби се лажни и им служат за да ги прикријат животните грешки од кои се срамат. На нивните зборови им нема крај.rn
13. Интелектуалци
rnИнтелектуалците се многу срамежливи луѓе кои се кријат зад нивниот памет. Тие ужасно се плашат од неуспех. Не сакаат да ризикуваат и никогаш не го преземаат првиот чекор. Понекогаш користат реторички прашања за да ги збунат нивните противници.rn
14. Бирократи
rnЛуѓето кои сакаат да ги комплицираат работите се во потрага по нивната самопочит. Тие се многу несигурни и сметаат дека не постигнале ништо во животот. Тоа е така затоа што се плашат од промени. Бирократите мислат дека вредноста е правопропорционална со сложеноста на нештата.rn
15. Разумна личност
rnМотото на овие луѓе е „Нападот е најдобра одбрана“. Но, тие не сфаќаат дека не можат да нападнат ако не го познаваат својот противник. Разумните луѓе се познаваат само себе. Нивната разумност е само привидна, но со текот на времето, ако претераат со зборување, може да им падне маската.rn
16. Дипломати
rnЛуѓето кои постојано измислуваат бесмислени изрази за да ги „неутрализираат“ изговорените зборови се всушност многу опасни манипулатори. Дипломатското однесување им служи за да му го одвлечат вниманието на слушателот и да го смират непријателот, а потоа да ги реализираат нивните скриени мотиви.rn
17. Џентлемени
rnСите мажи кога сакаат да освојат некоја жена се подготвени да разговараат со неа, да ѝ купуваат скапи подароци, да изјавуваат љубов, па дури и да признаат дека погрешиле. Мажите честопати носат маска на џентлемени за да ги привлечат жените.rn
18. Дами
rnДури и најљубезните жени понекогаш можат да станат антипатични и ладни. Тоа им служи како одбранбен механизам за да се заштитат од машките предатори. Меѓутоа, жените кои често ја користат својата „злоба“ всушност очајно бараат внимание.rn
19. Успешни деловни луѓе
rnНе дозволувајте да ве прелаже нивното одело, голем автомобил и голема куќа. Тие луѓе не поседуваат ништо друго освен материјални работи. Работите што ги поседуваат им служат само за да ги исплашат другите и да ги натераат да помислат дека не се на нивно ниво.rn
20. Лажни пријатели
rnНекои луѓе се спријателуваат со вас само за да извлечат некаква корист. Во моментот кога нема да им требате повеќе, вашето пријателство ќе заврши. Со текот на времето ќе им падне маската и ќе се открие нивното вистинско лице.rnrnПрочитајте ги и овие 8 знаци дека носите лажна маска на злобна и непријатна личност.


rnrnНашите вилици се помали од оние на нашите предци. И забите исто така ни се помали, а некои луѓе воопшто немаат умници. Нашата исхрана денес се состои од помека храна и токму затоа не ни требаат умниците. Другите заби не мораат да работат исто толку колку порано. Денешните заболекари најчесто ги отстрануваат умниците.rn
rnrnНа почетокот, сите луѓе имале кафеави очи. Но, пред околу 6.000-10.000 години, сме почнале да мутираме, а тоа довело до појава на поединци со сини очи. Иако генот за сини очи не е доминантен, успева да преживее. Истражувањата покажале дека мажите со сини очи најмногу ги привлекуваат жени со сини очи. Тоа е причината зошто овој ген сѐ уште постои.rn
rnrnПросечната висина на луѓето се менувала низ годините. Некогаш сме биле повисоки, некогаш пониски, но во просек, стануваме сѐ повисоки. Во текот на последниве 100 години, мажите станале за 10 центиметри повисоки. Најголемата причина за зголемувањето на висината е исхраната и здравјето.rn
rnrnКоличината на влакна што денешните луѓе ја имаат е значително помала од онаа на нашите предци. Сега, немаме толку многу влакна на телото. Единствените места што не претрпеле никакви промени се главите и пазувите. Не можеме да кажеме дека еден ден воопшто нема да имаме коса, затоа што влакната ни помагаат да ја регулираме телесната температура. Трепките ги заштитуваат очите, а влакната во носот го прочистуваат воздухот што го вдишуваме. Веѓите ги заштитуваат очите од потта. Како што можете и самите да забележите, влакната се многу важни, па затоа постои мала веројатност дека целосно ќе ги снема во иднина.rn
rnrnТибетанците живеат на едно од најизолираните места во светот: Хималаите. И покрај тоа, тие некако успеваат да дишат воздух што не содржи многу кислород. Ова е возможно благодарение на еволуцијата. Истражувањата покажале дека Тибетанците имаат ниско ниво на хемоглобин. Луѓето кои не се добро подготвени, имаат високо ниво на хемоглобин на такви висини и тоа многу им го отежнува дишењето. Луѓето кои живеат на големи височини имаат посебен ген кој им помага да дишат на тие места.rn
rnrnСовремените луѓе одат на 2 нозе за разлика од нашите предци кои оделе на 4. Нашиот ’рбетен столб се навикнал на исправената положба на телото. И покрај тоа, многумина од нас страдаат од болки во грбот. Истражувањата покажале дека овие проблеми се чести кај луѓето чии пршлени не се разликуваат многу од оние на шимпанзото. Луѓето и шимпанзата имаат заеднички предок и некои од нас сѐ уште го имаат истиот облик на пршлени. Ова е најверојатно причината зошто имаме болки во грбот. Нашиот ’рбет сѐ уште не се навикнал целосно на исправеното одење.rnrnВо продолжение прочитајте 
rnrnОваа девојка со многу тетоважи е познат модел и видео блогер од Латвија. Нејзината прва тетоважа ја направила кога имала само 14 години и оттогаш тетоважите станале дел од нејзиниот живот. Иако изгледа како „лоша девојка“, Монами не пие алкохол, не пуши цигари и е против сите супстанци кои предизвикуваат зависност.rn
rnrnМожеби ја знаете Бет како пеачката од бендот Госип. Таа самата се опишува како „дебела“, но го прифаќа својот изглед. Луѓето ја сметаат за ексцентрична бидејќи не се срами да изведува во облека која открива многу и се прашува зошто луѓето велат дека треба да се облекува скромно и да не привлекува внимание само затоа што има некој килограм повеќе. Многу дизајнери, вклучувајќи го и Карл Лагерфелд го делат истото мислење и ја покануваат да биде модел на нивните ревии.rn
rnrnТешко е да се поверува, но оваа жена има 89 години. Бади е доволно храбра за да се облекува „весело“ и сака да го извлече максимумот од животот. Познатите брендови навистина сакаат да соработуваат со неа. Сè започнало кога нејзината внука решила да направи Инстаграм профил за нејзината модерна баба. Луѓето ѝ велат дека не се облекувала соодветно за нејзината возраст, но што всушност значи тоа?rn
rnrnСледејќи го сонот да изгледа како елф, овој млад Аргентинец потрошил илјадници долари на пластични операции. Уште откако бил мал тој бил опседнат со светот на фантазијата и навистина сакал да изгледа како овие митски суштества. Многу луѓе се прашуваат дали има некој ментален проблем, или пак едноставно си го следи својот сон.rn
rnrnКога ќе видите некој со пирсови и тетоважи, сигурно си помислувате дека со годините ќе му помине и желбата. Но, Елајн веќе има 57 години и не планира да се „смири“. Таа го украсува своето тело со тетоважи и целосно ја бричи главата. Таа е една од најпознатите пирсинг мастери во светот и го работи она што го сака. Таа има објавено и неколку книги за пирсингот. Елајн изјавила дека не планира да се промени, барем не во наредните 20 години.rnrnПродолжува на 
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrnПродолжува на 
rnrnРазмислете за китовите. Цицач со мозок поголем од нашиот, кој има комплексна песна за миграција која ја менува секоја година. Какви мисли ли се вртат во неговиот мозок?rnrnЕден 
rnrnРуперт Шелдрејк се обидел да го направи ова во еден TED говор кој е насловен „Научната заблуда“, а неговиот говор бил забранет. Ова не значи дека Руперт бил во право, а целата наука греши. Ова е можност да се отвори дијалог за тврдењата на науката кои научната заедница сака или не сака да ги земе предвид. Значи, можеби луѓето не се најинтелигентната форма на оваа планета.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=JKHUaNAxsTgrnrnНавистина е фасцинантно да ги погледнете цицачите кои биле многу подолго на планетата од нас, но имаат и поголеми мозоци. Ние луѓето се гордееме со нашата технологија, алатите за создавање, машините… Се разбира лесно е да се утврди таа интелигенција на основа на технологијата. Но, овде е и емоционалната интелигенција што е внатрешна, не може лесно да се измери, но има голем удел во успехот на некоја личност.rnrnИнтуиција, сочувство, емпатија, обично се сметаат за чувства, но овие вештини, овие нефизички алати, се користат за искачување на социјалната скала. Медитацијата исто така може да се смета за нефизичка алатка која ја менува нашата биологија, го намалува стресот и го отвора умот. Можеби сме само на почетокот на разбирањето дека алатите не мора да бидат физички или мерливи со помош на традиционалната наука за да бидат вредни.rnrn
rn


rn
rn
rn
rnrnПродолжете на 