Дали сте знаеле дека љубителите на плажа се во суштина многу среќни луѓе, коишто знаат вистински да уживаат во животот? Продолжете да читате за да дознаете зошто е тоа така.rnrn
rnrn1. Тие се едноставни. Луѓето коишто обожуваат плажи ги ценат едноставните убавини во животот, како што се природните пејзажи, чувството на сончева топлина на кожата, освежувачкото пливање во море и пријатното попладне поминато со пријателите. Сите сакаат да поминуваат време со нив, бидејќи е многу лесно да ги направите среќни.rnrn2. Тие се во потрага по авантура. Луѓето коишто сакаат да одат на плажа не се типови луѓе коишто се затвораат дома и гледаат ТВ серии секоја вечер. Тие сакаат да излегуваат надвор и да бидат активни. Овие личности се среќни, бидејќи тие не забораваат дека и во секојдневниот живот треба постојано да сме во потрага по некаква забава.rnrn3. Тие знаат како да се релаксираат. На плажа, сè што треба да правите, е да легнете на песокот и да уживате во сонцето. Љубителите на плажа знаат дека вистинското задоволство во деновите кога сакаат да се одморат и да не прават баш ништо нема да го пронајдат ако лежат дома во кревет. Напротив, тие одбираат да се излежуваат на некое убаво природно место, коешто ќе ги потсети колку се благословени што се дел од овој неверојатно убав свет.rnrn4. Тие знаат да бидат среќни и со малку пари. Впрочем, плажата е бесплатна!rnrn5. Овие луѓе умеат да ја остават работата во канцеларијата и вистински да ги опуштат своите мисли. Плажите се одлично место да се оддалечите од вашето напорно секојдневие бидејќи екраните не работат баш добро на сончева светлина, па најчесто остануваат затворени во вашата торба. Луѓето коишто можат да избегнат контакт со технолошки уреди барем по неколку часа дневно се посреќни од останатите.rnrn6. Ако можете да поднесете да ве гребе песокот под долниот дел од костимот за капење, тогаш вие сте личност којашто може да се справи со непријатностите во животот, без да дозволите тие да ве победат. Љубителите на плажа, се свесни дека малиот неред или неудобноста не се причина за фрустрации и нервози. Тие, едноставно, не дозволуваат малите нешта да им го одземат чувството на среќа.rnrn7. Тие знаат како да бидат благодарни за малите задоволства. Нема ништо фенси или трендовски во одењето на плажа. Тие се едноставно прекрасно, природно богатство! Најсреќните луѓе во светот се оние коишто се радуваат на едноставните животни задоволства и умеат да бидат искрено благодарни што имаат прилика одвреме-навреме да посетуваат прекрасни, природни дестинации.rnrnМоже да сакате да дознаете и зошто одењето на плажа може да направи чуда за вашето психичко здравје.
Tag: луѓе
-

7 причини зошто љубителите на плажи се едни од најсреќните луѓе
-

8 мали нешта поради кои луѓето несвесно ве осудуваат
Човечкиот мозок е природно програмиран да им суди на другите. Тоа на некој начин е и механизам за преживување, поради кој тешко запознаваме некого без да го интерпретираме неговото однесување. Најчесто, судовите ги носиме врз основа на она што е очигледно, без да се обидеме да дознаеме нешто повеќе за конкретната личност.rnrn
rnrnПрвичните судови ги поставуваме уште при ракување и при перципирање на говорот на телото. Често, имаме целосно мислење за некого, базирано само врз лесно воочливите однесувања. Всушност, кога формираме мислење, често повеќе влијаат некои ситни детали поради кои носиме заклучок и не ја гледаме поголемата слика.rnrnЗа волја на вистината, нашето потсвесно однесување си има свој јазик и код и колку и да се трудиме да го контролираме тоа преку свесниот дел од нас, токму тие ситници издаваат какви луѓе сме. Проверете дали поседувате некои од овие ситни карактеристики или дали можеби препознавате некои од нив кај личности што ги познавате. Токму врз нивната основа, луѓето носат судови за вас (и вие за нив, исто така):rnrn
rn1. Како се однесувате кон персоналот во фирми и угостителски локали
rnЕдна од индициите каква личност сте кај потенцијалните работодавци е како сте се однесувале со нивните вработени кои треба да ве упатат до просторијата за интервју. Слично, кога сте на службени ручеци, многумина следат како се однесувате кон персоналот во локалот. Без разлика како сте се покажале на интервјуто или пред колегите и клиентите, вашиот однос кон персоналот остава поголем впечаток кај нив.rn
2. Колку често го проверувате телефонот
rnНе постои ништо понепрофесионално од „типкање“ на мобилниот телефон за време на разговор. Освен ако е личност која предобро ја познавате и која ве познава вас подеднакво добро, во другите случаи оставате впечаток дека сте незаинтересирани, невнимателни, немате почит и не знаете да слушате. Разговорите секогаш треба да се одвиваат очи во очи.rn
3. Вашите „нервни“ навики
rnГледање во нокти, чешкање на главата, тресење на ногата и слични мимики и тикови оддаваат впечаток дека сте нервозна личност која нема контрола врз своето однесување. Бидете внимателни, бидејќи може за вас да помислат дека ваквите навики значат дека сте перфекционист кој лесно се фрустрира и на кој му е здодевно.rn
4. Колку долго ви треба да поставите прашање
rnВо текот на разговорот, треба да оставите доволно простор да се искаже и соговорникот, но и да поставите прашања за да има динамика во комуникацијата, без да се фокусирате исклучиво на себе. Балансирајте со количината на информации кои ги споделувате и со прашањата кон соговорникот. Тоа е основата на добриот и квалитетен разговор.rnrn
rn5. Начинот на ракување
rnСлабото млитаво ракување прави да изгледате како личност со ниска самодоверба. Иако ракувањето воопшто не е цврста основа врз која треба да се формира мислење за некого, во природата на луѓето е да судат токму поради тоа.rn
6. Одговорност и почит
rnДоцнењето, одложувањето на обврските и непочитувањето кон другите се карактеристики со кои не смеете да се гордеете. Тие често се појавуваат кај личности кои применуваат мултитаскинг техники во извршување на задачите или пак, кои се претерано опуштени во однос на животот. Исто како и ракувањето, доцнењето и неодговорноста не даваат целосна слика за тоа каква е една личност, но лесно можат да доведат до негативен суд.rn
7. Ракописот
rnИако веќе е познато дека вашиот ракопис нема никаква врска со тоа каква личност сте, многумина, токму според начинот на пишување, ќе се обидат да проценат дали сте нервозна, срамежлива, интровертна или екстровертна личност. Затоа, ако треба да напишете важно писмо, најдобро е да го направите тоа на компјутер и да го испечатите или пак да го испратите преку имејл.rn
8. Контакт со очите
rnВо тек на разговорот, препорачливо е да одржувате контакт со очите со соговорникот, но и да не претерувате, за да не оставите впечаток на агресивна и морничава личност. Како и да е, многу е веројатно дека нема да ја „погодите“ дозата, но држете се до тоа 60% од времето во текот на разговорот да одржувате контакт со очите, а во остатокот да гестикулирате без да го гледате соговорникот.rnrnПрочитајте и колку е самокритичен секој хороскопски знак.
-

10 непогрешливи навики на неодоливите луѓе
Многумина паѓаат на погрешното верување дека допадливоста и неодоливоста се природни карактеристики на личноста. Некогаш, некој може да не изгледа многу привлечно или да е асоцијален, но повторно да зрачи со енергија и самодоверба, кои лесно шармираат. Дури и вие самите повеќе сакате да поминувате време со ваквите луѓе, а често и се прашувате што ги прави толку неодоливи.rnrn
rnrnТие, всушност, не се никогаш во потрага по одобрување, бидејќи се доволно самоуверени за да надоместат самите. Постојат и неколку навики кои тие свесно или несвесно ги негуваат, па обидете се и вие со нив:rn1. Фокусирани се најмногу на луѓето
rnТие се секогаш заинтересирани за луѓето околу нив, па не им останува многу време да мислат на себе, ниту тоа дали на другите им се допаѓаат. Тоа е она што во прв момент ги прави неодоливи. За да ја прифатите оваа навика, фокусирајте се и вие на луѓето околу вас и што тие ви кажуваат. Кога тие ви се отвораат, треба да ги слушате, но и да поставувате прашања, за да дојдете до решение на нивниот проблем.rn
2. Тие се автентични
rnНеодоливите луѓе точно знаат кои се и нив не им е потребно некој друг да им каже како да го организираат времето и што да направат следно. Свесни се дека никој не сака глума и затоа нив можете да им верувате целосно.rn
3. Наоѓаат причини да го сакаат животот
rnАко ги погледнете, ќе сфатите дека овие личности се позитивни и страсни и дека никогаш не им е здодевно. Тие на животот гледаат како на голема авантура од која сакаат секогаш да бидат дел. Овие личности имаат и лични проблеми, кои ги решаваат на начин што им пристапуваат постепено. Секогаш се надеваат дека следниот ден или следната недела ќе бидат подобри.rnrn
rn4. Не сакаат површни разговори
rnНеодоливите луѓе едноставно мразат кратки и површни разговори за кои може да се каже дека се одвиваат роботски. Ако дојдат во ваква ситуација, нивниот мозок става бариера, бидејќи препознава личност која не сака да создаде реална поврзаност. Имаат поголема почит за длабоките разговори преку кои полесно се запознаваат со својот соговорник.rn
5. Имаат почит кон сите
rnТие се љубезни и полни со почит, без разлика во каква ситуација се нашле. Исто така, никогаш нема да ги видите како се однесуваат лошо кон некого, бидејќи сакаат да бидат и љубезни кон сите, но и останатите да го видат тоа.rn
6. Имаат голем интегритет
rnЛуѓето со висок интегритет се неодоливи бидејќи лесно се движат низ своите планови и разговори. Концептот на интегритетот е едноставен, но мора да се вежба. Неодоливите луѓе никогаш нема да зборуваат лошо за колегите, но ќе ја кажат вистината дури и ако таа боли.rnrn
rn7. Не се обидуваат премногу
rnНе сакаат да се наметнуваат ниту себе, ниту своето мислење, а уште помалку сакаат да се фалат со своите достигнувања. Тие се свесни колкав несакан ефект може да имаат изнасилените обиди некому да се допаднете.rn
8. Се смеат
rnНа нивните лица често ќе забележите насмевка, бидејќи тоа како изгледаат е само манифестација на како се чувствуваат однатре. Ако сакате да примените некоја лекција од неодоливите луѓе, обидете се да се насмевнете во тек на разговор и следете како соговорникот на тоа ќе реагира.rn
9. Вложуваат мал труд за да изгледаат одлично
rnВнимаваат на облеката, односно на целокупниот изглед, а истото го прават и со својот дом и канцеларијата. Според нив, ова е јасен знак дека имаат почит кон другите.rn
10. Ја препознаваат разликата меѓу факт и мислење
rnНив не им е страв да се впуштат во комплицирани и контроверзни теми и сакаат нивното мислење да биде чуено. Со нив можете да разговарате за секоја тема која ви паѓа на памет, почнувајќи од вакцини, ГМО, трендови, па сè до политика и религија.rnrnПрочитајте и кои 5 нешта мистериозните и неодоливите жени ги прават различно од другите.
-

Најсилните луѓе знаат како е да се биде скршен на милион парчиња
Најсилните луѓе ја познаваат болката. Тие страдале, биле повредени и се чувствувале мртво додека сѐ околу нив живеело. Најсилните луѓе некогаш биле слаби и беспомошни. Морале да научат како да бидат силни и отпорни. Морале да научат како да се борат за својот глас и да го бранат својот став. Морале да научат како да преживеат. Морале да научат како да живеат сами кога сѐ што им требало било пријателска рака.rnrn
rnrnНајсилните луѓе не добиваат сѐ што ќе посакаат, немаат совршен живот и не ги донесуваат правилните одлуки секогаш, но знаат како да продолжат понатаму кога им снемува гориво. Знаат како да ја најдат храброста откако биле обесхрабрувани одново и одново. Тие веруваат дека нивното трпение и толеранција ќе ги одведат многу далеку. Тие знаат дека животот ги тестирал повеќе пати и дека можат да ги положат сите негови тешки тестови.rnrnНајсилните луѓе го разбираат одбивањето, осаменоста, скршеното срце и загубата. Тие немале лесно минато или среќно детство. Тие пораснале и станале подобри луѓе и покрај сите потешкотии низ кои морале да поминат и сѐ уште љубат со сето нивно срце. Тие љубат на заштитнички начин, бидејќи не дозволуваат нивните сакани да поминат низ истата болка.rnrnСамо тогаш кога премногу добро ќе ја познавате болката, ќе знаете како да љубите безусловно. Најсилните луѓе даваат сѐ од себе за да им помогнат на нивните најблиски, бидејќи знаат како да бидат сочувствителни и секогаш се тука за да понудат рамо за плачење. Тие се радуваат кога ја споделуваат нивната сила со другите, бидејќи тоа ги прави уште посилни.rnrnИронично, но најсилните луѓе љубат најсилно и скршените срца им помагаат да се чувствуваат целосни. Најсилните луѓе секогаш се смеат наутро како да не исплакале цела река солзи ноќта претходно.rnrnВо продолжение прочитајте и зошто само најсилните луѓе страдаат од анксиозност. -

Што значи да се биде човек без влакна на јазикот?
Најголемиот проблем на директните луѓе е тоа што другите мислат дека тие не размислуваат пред да проговорат. Веруваат дека не ги мислат сериозно нивните зборови, само поради тоа што не им е тешко да ги кажат гласно. Но, луѓето без влакна на јазикот се токму тие кои разбираат како е да не се чувствува ништо. Тие знаат дека рамнодушноста е полоша од болката. Ним не им пречат ни позитивните ни негативните емоции, сѐ додека можат да ги почувствуваат. Тие понекогаш се чувствуваат заглавени во емотивната празнина и се прашуваат кога таа бесчувствителност ќе заврши.rnrn
rnrnКога луѓето без влакна на јазикот ќе добијат наплив на емоции, доаѓа до еден неоспорлив контраст. Одеднаш нивните чувства не се поврзани со апатијата, рамнодушноста и летаргијата. Одеднаш тие имаат што да кажат.rnrnДиректните луѓе се доволно паметни за да знаат колку се ретки и посебни моментите кога имаат што да кажат и чувствуваат нешто што вреди да се преточи во зборови. Првиот инстинкт можеби ќе им каже дека треба да ги задржат силните зборови за себе, но тие знаат дека мора да се ослободат од нив.rnrnВо суштина, директните луѓе се најискрените личности кои некогаш ќе ги запознаете. Тоа што понекогаш не се однесуваат тактички, го надоместуваат со нивната искреност и лојалност. Луѓето без влакна на јазикот ќе ви кажат кога ќе се вљубат и кога ќе престанат да сакаат. Директните поединци одбиваат да живеат во облаци и ја ценат реалноста. Никогаш не би прифатиле да живеат во лага или полу вистина.rnrnТие се обиделе да ги потиснат своите емоции во минатото, се обиделе да внимаваат да не повредат нечии чувства, но после сите нивни обиди, сфатиле дека тоа нема никаква смисла. Директните луѓе никогаш не би ги одглумувале нивните чувства, ниту пак би се преправале дека не чувствуваат ништо. Најлошиот кошмар за директните поединци е преправањето дека нивните чувства не постојат откако поминале подолг период без нивното присуство.rnrnКажувајте ја вистината! Кажувајте ја гласно пред оние што сакаат да ја чујат, дури и да сте само вие во прашање. Тоа можеби нема да промени ништо, но барем ќе ви помогне да се чувствувате пријатно во своја кожа. Заборавете на воздржувањата. Бидете целосно транспарентни за да можете да бидете најдобрата верзија од себе. Не морате да живеете со онаа верзија од себе што ви вели дека треба да се воздржувате и да ги потиснувате работите.rnrnСигурно постојат луѓе околу вас кои знаат веднаш да ја препознаат вистината. Луѓе кои ја ценат искреноста исто толку колку и вие. Луѓе кои знаат колкав личен развој е потребен за да може човек да биде искрен кон себеси и кон другите. Луѓе кои знаат низ што сте поминале за да стигнете таму каде што сте сега и кои се свесни дека патот не ви бил воопшто лесен. Луѓе кои знаат дека некои работи се толку важни што мора да бидат кажани. Без разлика дали се добри или лоши, најважно е тоа што се кажани од срце.rnrnВо продолжение прочитајте и зошто не треба да се плашите да бидете ранливи. -

Моќни илустрации ни покажуваат свет во кој луѓето и животните си ги замениле местата
Луѓето често ги убиваат животни за храна, но многу пати и за задоволство. Тоа станало толку нормална појава, што веќе не ни размислуваме за неа. Но што ако си замислиме паралелен универзум во кој животните ги експлоатираат луѓето? Дали ова ќе ја промени нашата перцепција? Токму ова го направила германската артистка Барбара Даниелс.rn
„Замислете модерно општество со заменети улоги на луѓето и животните. Како ќе се чувствувате ако сте доминирани од друг вид? Моите илустрации се обидуваат да ги одговорат овие прашања.“
rn
1. Свеж човек
rn
rn2. Прошетка во парк
rn
rn3. Вести
rn
rn4. Тренирање во циркус
rn
rn5. Огнени прстени
rn
rn6. Борби со луѓе
rn
rnrnПродолжува на следната страница…rn -

9 сосема обични и секојдневни нешта што ги ужасуваат луѓето кои мразат физички контакт
Сите ние познаваме барем еден пријател што постојано се обидува да избегне прегратки или бакнежи. Ако не знаете таков – тогаш можеби токму вие сте тој во вашето друштво! Како и да е, за сите останати луѓе, ова однесување може да биде многу чудно затоа што не знаат зошто таа личност не сака допири. Во продолжение погледнете ги најчестите ситуации што за оние кои не сакаат физички контакт се многу отежнати.rnrn
rn1. Туѓи деца
rnДецата се цвеќињата во нивниот живот… сè додека ги набљудуваат од далеку. Тие ги обожаваат најмалите на блиските пријатели, но едноставно не сметаат дека е потребно преку прегратки да ја покажуваат нивната љубов. Единствените личности што тие ги прегрнуваат се нивните партнери и своите деца.rn
2. Лето
rnЛетата имаат еден голем проблем – испотени тела на сите луѓе во околината! Скоро невозможно е да не допрете непозната личност со разголена облека и испотена кожа и како за беља, тие најмногу се „лепат“ до оние што мразат физички контакт.rn
3. Прегратки без причина
rnНа овие личности им е многу тешко да разберат зошто мора да има прегратка при поздравувањето. За нив, мавтањето е нешто сосема прифатливо кога велат „Здраво“ или „Чао“.rn
4. Прегратки со причина
rnТие неретко запаѓаат во непријатна ситуација кога непозната личност ќе се обиде да ги прегрне. Уште полошо, во овие ситуации нивното однесување се перципира како студено, иако тие во своето срце се многу топли и добри личности.rn
5. Масажи
rnИако повеќето луѓе обожаваат масажи, оние што мразат физички контакти едноставно не можат да замислат да уживаат кога ги допира некоја сосема непозната личност… по целото нивно тело! Во нивните очи тоа е едноставно неприфатливо и неприродно.rn
6. Базени
rnБазенот е супа со луѓе. Моментот кога нивното лице ќе биде измиено со истата вода што измила нечии стапала ќе биде последен во нивниот живот.rn
7. Нови врски
rnПотребно им е време да се навикнат на нова личност во нивниот живот. Тие не се способни за инстантно отворање, но штом тоа се случи, тие ќе ја подарат сета нежност што ја чувствуваат во себе.rn
8. Стари пријатели
rnТие имаат само една порака за старите пријатели: „Не нè допирајте додека ни зборувате!“ Тие се сосема способни да го следат разговорот и без постојано да бидат подудирани по рамената или рацете.rn
9. И најважно од сè…
rnАко овие личности редовно ве прегрнуваат, тоа значи дека сте најважните и најсаканите личности во нивниот живот.rnrnПа, во која група спаѓате вие? Дали сте оние што немаат проблем со допирот, или од оние што целосно би го избегнале? Пишете ни во коментарите подолу… Во меѓувреме, прочитајте ги и овие 5 причини зошто физичкиот допир е толку важен!
-

Силните луѓе позитивно влијаат на другите дури и тогаш кога самите минуваат низ бурен период
На силните луѓе не им оди секогаш сѐ од рака, ама се обидуваат да ги држат работите под контрола. Тоа се луѓе кои поминале низ многу разочарувања, но не дозволиле тие да ги скршат, туку да им помогнат да ја согледаат вистината.rnrn
rnrnСилните луѓе не се откажуваат од она за коешто секој ден размислуваат. Кога ќе наидат на пречки на патот, тие бараат решение. Тие сфатиле дека болката предизвикана од каењето е посилна од болката предизвикана од напорната работа. Токму затоа, тие даваат сѐ од себе за да ги остварат своите цели.rnrnСилните луѓе можат да ги направат другите среќни дури и тогаш кога самите минуваат низ бурен период. Тие знаат дека светот не се врти околу нив. Кога се уморни, тие бараат одмор, а не излез од ситуацијата. Тие научиле дека не треба да се занимаваат со туѓите животи, бидејќи и онака се презафатени со сопствениот живот.rnrnСилните луѓе многупати чуле од другите дека тоа што сакаат да го направат е невозможно. Но, тие знаат дека постојат многу поединци околу нив кои се ограничени и не дозволуваат туѓите ограничувања да влијаат на нив.rnrnСилните луѓе знаат дека ако стравот е посилен од желбата, тогаш ќе мора да посакаат малку посилно. Тие знаат дека многу проблеми во животот можат да бидат решени доколку отворено се разговара за нив, наместо да се потиснуваат емоциите во себе.rnrnСилните луѓе имаат многу лузни, но продолжуваат да живеат понатаму како ништо да не било. Тие секој ден ги прифаќаат промените, бидејќи знаат дека подобро е да се менуваат отколку подоцна да се каат поради тоа што ништо не им се случувало.rnrnСилните луѓе не се ослободуваат само од лошите поединци, туку и од лошите навики што ги стекнале. Силните луѓе не се толку посебни. Тие се обични луѓе кои се посветени на своите цели и улоги. Тие преку дела ќе ви го покажат она што другите ви го покажуваат преку зборови.rnrnСилните луѓе ја разбираат суровоста на животот, но тоа не ги спречува да бидат позитивни и да се однесуваат онака како што се чувствуваат. Силните луѓе се толку едноставни што сета нивна сила не е ништо друго освен последица на нивната едноставност.rnrnПрочитајте ги и следниве 8 карактеристики што ги одликуваат моќните луѓе. -

Дали луѓето имаат способност да апсорбираат енергија од другите?
Неодамна научниците открија дека растенијата можат да ја апсорбираат енергијата од другите растенија. Поради ова откритие, целиот научен свет може да биде превртен. Овој факт нуди докази дека и луѓето можат да апсорбираат енергија едни од други слично како и растенијата.rnrn
rnrnИстражувањето било под водства на доктор Олаф Круз. За прв пат научниците докажале дека зелената алга научно позната како „Chlamydomonas reinhardtii“ не само што се вклучува во процесот фотосинтеза, туку таа може да собира и алтернативна енергија. Оваа енергија доаѓа од разни растенија кои се наоѓаат околу алгата.rnrnЗа да растеме, потребна ни е енергија како калории од храна, минерали од вода, кислород и сончева светлина. Сето ова го добиваме од нашето опкружување. И на растенијата им е потребна сончева светлина, храна, вода и јаглероден диоксид. За ова истражување, Круз и неговиот тим ја засадиле алгата и ја набљудувале кога не можела да добие енергија од вообичаените извори. Поради овој недостаток, алгата почнала да „собира“ енергија од растенијата околу неа. Таа создавала ензими кои ја обработувале целулозата од другите растенија со цел да расте.rn„Ова е прв пат да се забележи вакво однесување кај вегетативен организам. Фактот дека алгата обработува целулоза се противи со секој учебник. На некој начин гледаме дека растенијата јадат други растенија“, изјавил Круз.
rnПодоцна тој решил да го спореди ова со однесувањето на луѓето.rn
„Токму ова е причината зошто некои луѓе се чувствуваат неудобно во одредена група каде што има мешавина од енергии и емоции.“
rnОд овде потекнува прашањето: Какво влијание ќе има ова на истражувањата врз луѓето и дали тие би можеле да се хранат еден од друг? Бадар-Ли, една од истражувачите објаснила:rn
„Кога истражувањата за енергијата ќе станат понапредни, ќе можеме ова да го видиме и кај луѓето. Човечкиот организам е многу сличен на оној на растенијата. Потребна му е енергија за да ја нахрани емоционалната состојба, а ова може да им даде енергија на клетките или да го зголеми нивото на кортизол, во зависност од емоционалната причина.“
rnСпоред неа, сега е совршениот период да почнеме да го истражуваме полето на биоенергијата.rn
„Луѓето можат да апсорбираат енергија и да се лекуваат преку други луѓе, животни или кој било дел од природата. Поради ова се чувствуваме многу убаво и енергично кога сме во природа.“
rnИмајќи го ова на ум, за да се заштитите од потенцијални „крадци“ на енергија, пробајте некој од следниве совети.rn
1. Заземјување
rnКога се чувствувате навистина истрошено, излезете надвор и прошетајте боси. Можете и да седнете на земјата. Земјата ја враќа рамнотежата на нашите енергии и ова ќе ви помогне да се „наполните“.rn
2. Исчистете се
rnНаправете си купка со солена вода или запалете жалфија за да се исчистите кога се чувствувате негативно. Иако звучи лудо, многу луѓе го прават ова и тврдат дека е навистина ефективно.rn
3. Држете се настрана од негативност
rnНе мора да ви кажуваме дека одредени луѓе, места и нешта се полни со негативна енергија. Оваа негативна енергија има големо влијание и на вас. Ако е возможно, избегнувајте секаков контакт со такви луѓе и места. Ако не можете, употребете некој од претходните совети за да се исчистите.rnrnНауката има откриено навистина многу работи, а со секој напредок научниците стануваат сè поотворени за можностите на енергијата. Иако многу луѓе ги кажувале овие работи со години, полесно е да верувате кога гласините се поткрепени од науката.rnrnПогледнете ги следниве подетални инструкции за тоа како да се заштитите од луѓето кои зрачат со негативна енергија.
-

Дали се чувствувате како да не припаѓате никаде? Можеби сте ѕвездена душа!
Дали сметате дека не припаѓате на оваа планета? Секако дека физички сте родени тука, но вашата душа како да дошла од некое друго место. Тоа можеби е така затоа што сте ѕвездена душа. Ѕвездените души постојат поради многу посебна причина и имаат благородна мисија што треба да ја исполнат за време на нивниот живот.rnrn
rnrnДушите на овие луѓе се многу понапредни од душите на останатите. Тие поминале низ многу работи и проживеале повеќе животи, па затоа се исполнети со многу конфликти. Ѕвездените души се луѓе кои секогаш ја зборуваат и бараат вистината. Тие во себе носат важна порака што треба да му ја пренесат на светот. Тие го доживуваат животот на комплетно поинаков начин за разлика од другите луѓе и ги гледаат работите во посебно светло. Иако сакаат да се вклопат, не можат да го сторат тоа.rnrnЅвездените луѓе имаат благородни карактеристики што другите не можат ни да ги дефинираат. Тие се прекрасни, но светот не ги разбира. Имаат длабоки чувства на емпатија за планетата и сите суштества што живеат на неа, а тоа си има свои предности, но и свои слабости.rnrnДоколку се пронајдовте во овој опис, сигурно не ви е лесно да живеете на овој свет. Можеби понекогаш се чувствувате како да сте доживеале бродолом и немате каде да одите. Не можете да го најдете вашиот дом. Вашата душа многу долго патувала низ универзумот за да стигне таму каде што е сега. Иако работите не ви се баш најјасни во моментов, ќе ви се разјаснат во иднина.rnrnКако ѕвездена душа, имате можност корисно да го трошите вашето време. Ќе се поврзете со другите луѓе и ќе го претворите светот во подобро место за живеење. Можеби ќе ви се чини дека другите ве осудуваат и дека ништо нема смисла, но тоа е така затоа што не ја гледате големата слика. Бидете свои и сѐ ќе си дојде на свое место. Вашата свест е на космичко ниво и тоа треба да ви биде доволно.rnrnАко се чувствувате како да не припаѓате никаде, не трошете време на тоа. Вашата цел е многу поголема. Можеби ви се чини дека целиот свет се свртел против вас, но работите не се секогаш такви какви што изгледаат. Останете доследни на себе и претворете го местово во ваш дом. Нема ништо лошо во тоа да се биде „отпадник“ и треба да знаете дека не сте сами, без разлика дали сте свесни за тоа или не. Ѕвездените души се насекаде околу вас и ќе успеете да ги најдете само ако престанете да се претворате во нешто што не сте.rnrnНе им е на сите судено да се вклопуваат во општествените рамки. Светов не е црно-бел. Осмелете се да бидете виножито!rnrnДоколку ви е тешко да си го најдете своето место на светов, прочитајте зошто старите души не се прифатени од семејството и пријателите.