КАФЕ ПАУЗА

Tag: луѓе

  • Според оваа интересна студија, постојат само 4 видови луѓе!

    Според оваа интересна студија, постојат само 4 видови луѓе!

    До неодамна, сите ние ги делевме луѓето на интроверти (оние што повеќе уживаат да минуваат време со себе одошто со другите), екстроверти (оние што уживаат во социјални ситуации) и амбиверти (комбинација од интроверти и екстроверти, што го ценат времето со себе, но и што сакаат одредено ниво социјална интеракција). Но, според една неодамнешна масивна студија, постојат четири видови карактерни типови, што можат да ги опфатат сите луѓе на оваа планета – просечни, резервирани, модели на однесување и себични. Сите овие категории се карактеризираат со посебни карактерни црти што се целосно уникатни од останатите.rnrnrnrnЗа потребите на студијата, истражувачите од Северозападниот Универзитет анализирале 1,5 милиони одговори од четири прашалници, каде што испитаниците одговарале меѓу 44 и 300 прашања со цел да откријат што е можно повеќе информации за своите индивидуални карактерни црти. Потоа, истражувачите се фокусирале на тоа што во психологијата е познато како „Големите пет карактерни црти“, што вклучуваат невротичност, ектровертност, отвореност кон нови искуства, прифатливост и совесност. Од таму, со помош на нивните уникатни алгоритами, истражувачите успеале да ги сведат нивните откртија на четири големи карактерни видови.rnrnПрвата група – „просечни“, опишуваат луѓе што се најчесто поневротични (поанксиозни и со променливо расположение) во однос на другите. Овие луѓе најчесто сакаат да излегуваат и да се дружат, но не се многу отворени на лично ниво. Според авторот на студијата, Мартин Герлач, жените почесто се наоѓаат во оваа категорија од мажите.rnrnВо другата група, што е наречена „резервирани“, според научниците, спаѓаат оние луѓе што се емотивно стабилни, ниту невротични, ниту премногу отворени. И покрај тоа што можеби не се премногу екстровертни, тие не се ни интровертни. Со други зборови, резервираните луѓе едноставно го следат текот на настаните.rnrn„Моделите на однесување“ се најчесто постари индивидуи, што имале големо животно искуство. Тие се најчесто полни со знаење, но и отворени за нови идеи. Според истражувањето, жените и тука се ви поголем број од мажите.rnrnПоследната категорија ги вклучува „себичните“, оние што целосно се насочени кон себе. Тие се сметаат и за поларна спротивност на „моделите на однесување“. Овие луѓе се многу екстровертни, но и целосно затворени, ригидни и со ниска совесност. Со други зборови, тие го прават она што го сакаат, без разлика што мислат другите и дали тоа е добро или лошо. За среќа, истражувањето открило дека во оваа категорија најчесто спаѓаат младите луѓе со мало животно искуство.rnrnПа, што вели оваа студија за вашиот карактер? Можеби ништо, но можеби и сè. Зависи каде се наоѓате во моментов во вашиот живот. Вистината е дека колку и да не сакаме да се категоризираме, понекогаш тоа може многу да ни помогне за да го пронајдеме нашиот вистински животен пат.rnrnИако и самите истражувачи велат дека понекогаш може да дојде до преклопување на повеќе категории, сепак повеќето од луѓето остануваат константни и во својата удобна зона. Но, тие исто така можат и да се променат, особено под влијание на созревањето и животното искуство. Потсетете се само каде сте биле пред 10 години, а каде сте сега и веднаш ќе ви стане јасно за што зборуваме.rnrnОткријте го вашиот карактер: Најпрецизниот психолошки тест со само 4 прашања!

  • 12-те видови луѓе што ќе ги сретнете на секој пивски фестивал

    12-те видови луѓе што ќе ги сретнете на секој пивски фестивал

    Оваа сезона фестивалите на пивото се неизбежен дел од нашите животи. Можеби не се сите добри, но секогаш е подобро да отидете, отколку да не се напиете пиво воопшто. Штом ќе посетите неколку вакви фестивали, ќе забележите дека истите видови луѓе постојано се појавуваат. Па, погледнете кои се најчестите посетители на речиси сите фестивали за пиво.rnrn12-те видови луѓе што ќе ги сретнете на секој фестивал на пивотоrn

    1. Луѓето возбудени за пиварата што сè уште не постои

    rnОвие луѓе веројатно ќе ве прашаат дали сте го забележале логото на некоја непостоечка пивара. Иако отворањето е закажано дури за 2020-та година, тие се возбудени уште од сега.rn

    2. Фалбаџија

    rnБез разлика колку е добро пивото, оваа личност пробала „подобра верзија“ што сигурно не е достапна на овој фестивал. Дури и да кажете дека и вие сте го пробале тоа пиво, ќе ве информираат дека тие го пробале пред вас и дека било посвежо.rn

    3. Човекот што никогаш не научил да се движи во толпа

    rnОваа личност или е заробена и го блокира целиот „сообраќај“, или минува без да размислува за другите и ги валка сите со неговото пиво. Неговите вештини никогаш нема да се подобрат.rn

    4. Човекот што знае дека ја има најдобрата брада

    rnНеговата брада е неверојатна, добро одржана и блескава, па слободно гледајте во неа. Сигурно ќе ја забележите и тивката самодоверба на неговото лице. Овој човек знае нешта. Овој човек видел сè.rnrn12-те видови луѓе што ќе ги сретнете на секој фестивал на пивотоrn

    5. Критичар

    rnЕдноставно не е нормално цел ден да коментирате вкусови и различни видови пиво.rn

    6. Оригиналниот посетител

    rnОваа личност доаѓала на фестивалот уште додека тој бил илегален собир од 10-тина момци. Носи навистина стара маичка од некоја пивара која поминала низ 1.000 перења, но сè уште изгледа совршено. Оваа личност ги има најдобрите приказни.rn

    7. Песимист

    rnОваа личност ги знае и ги има пробано сите пива што се нудат на фестивалот и целосно е подготвен за негативни критики. Нему му се допаднало само некое пиво во неименувана пивница што го пиел пред многу години.rn

    8. Фан на пиварата

    rnОваа личност разговара со сопственикот или вработениот во пиварата како да е негов најдобар пријател. Се разбира, зад него има цела редица луѓе кои чекаат да дојдат на ред.rn

    9. Нов посетител

    rnОваа личност најверојатно ќе си замине порано, ќе заборави да јаде и ќе има незгодна ситуација во тоалетот.rnrn12-те видови луѓе што ќе ги сретнете на секој фестивал на пивотоrn

    10. Родители кои успеале да најдат дадилка

    rnНивното дете има околу една година. Имаат само пет часа слободни за пиење и пијат како пивото да е при крај. Навистина ќе го мразат утрешниот ден.rn

    11. Оптимист

    rnОваа личност има само една критика за сите пива: Прекрасно е!rn

    12. Личноста што се жали

    rnНа некој начин оваа личност поверувала дека само тој и неговите пријатели ќе присуствуваат на фестивалот. Навистина не сака да чека во редици.rnrnПогледнете и некои од најневеројатните фестивали што се прославуваат ширум светот.

  • Глупав, дебел, неспособен: Зошто имаме потреба да ги етикетираме луѓето?

    Глупав, дебел, неспособен: Зошто имаме потреба да ги етикетираме луѓето?

    Кога се раѓаме, сите сме чисти, слатки, мирни, спокојни. Но, таа еднаквост трае кратко. Набрзо, некои стануваат бесни, други зборлести, трети повлечени. Потоа стануваме бубалици, бељаџии или вообразени. Уште од најмала возраст сме осудени на етикетирање, па затоа воопшто не е чудно што тоа продолжуваме да го искусуваме во текот на целиот живот, а и самите да го практикуваме врз други. Но, зошто го правиме тоа?rnrnРазумниот одговор би бил дека етикетирањето е неопходно за комуникација. Потребно ни е да ги категоризираме луѓето во групи и според тоа да ги градиме нашите врски со нив. Ова ни помага да се доближиме и длабоко да се поврземе со луѓето кои се слични на нас, и истовремено да се тргнеме настрана од луѓето кои не ни одговараат. Но покрај ова, многупати закачуваме етикети само колку да го направиме тоа, без да има потреба да ги сместиме луѓето во некоја група, а тоа влијае на нив повеќе отколку што мислиме.rnrnГлупав, дебел, неспособен: Зошто имаме потреба да ги етикетираме луѓето?rnrnЕтикетите се исклучително индивидуални. Она што за еден човек е глупаво, за друг може да е урнебесно. За некој убава е личноста со беспрекорни заби, за друг онаа која има смело држење на телото. Дури и кога ќе кажеме за некој дека е тврдоглав, можеби мислиме на неговата непобедлива упорност, додека други ќе го употребат истиот збор за да опишат негативна карактеристика. Кога им ставаме етикети на луѓето со цел да ги опишеме, всушност само ја опишуваме нашата перцепција за тие личности. Се сеќавам на средношколските денови, на еден посебно возбудлив ден кога се подготвуваме за изведба на школската театарска претстава во која учествував. Ме шминкаше една девојка која ми рече дека имам многу мазно лице. Всушност, беше фасцинирана од мојата кожа и целиот разговор ни беше околу тоа. Нешто подоцна, еден дечко ме праша зошто сум толку „бубуљичава“. За среќа, перцепцијата за моето лице претходно ми ја оформи друга личност. Ѝ благодарам.rnrnЕтикетите се моментални. Никој од нас не е имун на промени. Сите секојдневно по малку се менуваме. Се развиваме, созреваме, па грешиме и тонеме во очај за повторно да се издигнеме. Во тој процес, она што сме денес, утре веќе не сме, а за една година можеби повторно ќе бидеме. Ова се однесува како на внатрешните карактеристики, така и на надворешниот изглед. Можеби не можеме да си додадеме висина, но можеме да ослабеме, да се здебелиме, да се дотераме. Не можеме ниту од корен да си го промениме карактерот, но можеме да делуваме на нашето однесување. Ако денес сме немотивирани, мрзеливи или неуспешни, утре ќе бидеме упорни, трудољубиви и успешни. Зошто тогаш да ги дефинираме луѓето со зборчиња кои опишуваат само некоја моментална состојба или карактеристика? Дали имаме некаква реална корист од тоа?rnrnЕтикетите ги пренагласуваат карактеристиките. Ако некого наречете дебел, тоа само ќе направи тој да се доживува подебел одошто е. Кога некој за вас е глупав, тој ќе се чувствува поглупав како резултат на тоа што вие го доживувате така. Ставајќи етикета на некого, ние нагласуваме една негова карактеристика и почнуваме да ја доживуваме личноста врз основа на тој еден збор. Колегата на работа изгледа непродуктивен и тоа е причина да го дефинираме како таков и да го критикуваме на состаноците или за време на паузите. Но, тој е истовремено и изразито колегијален, дружељубив, го подига расположението и им дава мотивација на другите луѓе. Тој е невидливата алка што го држи синџирот. Сепак, не ни текнало да го доживееме како клучен за успехот на тимот, бидејќи тој е непродуктивен и сработува најмалку од сите. Дефинирајќи ги луѓето со еден збор во негативна конотација, забораваме дека тие се многу повеќе од тоа, и им отежнуваме на нив самите да ја променат таа карактеристика кај себе. Дури и личноста дотогаш да не се доживувала себеси на тој начин, кога другите ќе ѝ залепат таква етикета, таа може да почне да мисли, да се чувствува и да се однесува така. Доколку сакаме да видиме позитивни промени кај луѓето, треба да користиме позитивни етикети. Така ќе ги мотивираме да се трудат да бидат доследни на она што другите го гледаат кај нив.rnrnЕтикетите ги ставаат луѓето во кутии. Етикетите ограничуваат. Опишуваат само еден дел од личноста, кој може да е моментален, пренагласен и субјективен. Додека растев, помеѓу тинејџерите беше нормална поделбата на кремци и рокери. Запознаваш нова личност и скоро задолжително следи прашањето дали си „крем“ или „рок“. Тоа автоматски те дефинира како се облекуваш, каква музика слушаш, каде излегуваш и дали си кул или си аутсајдер. Нормално, не можеш да се дружиш со некој од другата страна зашто едноставно припаѓате на два различни света. Колку минлива работа! Оние од „кремот“ набрзо почнаа да излегуваат на рок свирки, а рокерите да носат светли бои и спастрени фризури. Кога им поставуваме етикети на луѓето, ние правиме претпоставки за нив. Тие претпоставки ни оневозможуваат вистински да ја запознаеме личноста, а тоа понатаму води до предрасуди, пристрасност и ограничени погледи. Луѓето се многу повеќе од еден збор, тие се многу повеќе и од збир од зборови.rnrnЕтикетите нѐ разликуваат, но и нѐ разделуваат. Етикетите постојат за да ни помогнат да го организираме светот околу нас. Ни овозможуваат да дознаеме каде припаѓаме, од што сме дел, со кои луѓе делиме слични карактеристики, вредности и ставови. Од друга страна, различните карактеристики вештачки нѐ разделуваат од луѓето со кои можеби имаме потенцијал меѓусебно да си го направиме животот подобар, поисполнет и побогат… Хомофобот ќе избега од личност која штотуку ја запознал затоа што е геј, а можеби тоа пријателство еден ден би му го спасило животот. Разликите помеѓу нас не создаваат конфликт на интереси, тие се само разлики во животниот стил, убедувањата и начинот на однесување. Доколку не ги потенцираме со етикети, можеби би сфатиле дека сме послични еден на друг одошто мислиме.rnrnЖена, мајка, сопруга, ќерка, претприемач, уредник, колумнист, колешка, другарка… Има толку многу етикети што ме опишуваат. Сакам луѓето да ме дефинираат со етикети кои се силни и трајни и притоа да не забораваат дека сите тие се само мал процент од она што сум јас. Единствената етикета што ја прифаќам е моето име. Јас сум јас и сум 100% само човек. Само затоа што и некој друг е уредник на медиум не значи дека водиме иста уредувачка политика, само затоа што сме другарки, не значи дека мора да се облекуваме исто, само затоа што си мајка, не значи дека ќе се согласуваме. Можеме да си бидеме одлично друштво со луѓе кои се по некоја карактеристика различни од нас – имаат друга сексуална ориентација, поинакви политички погледи, припаѓаат на друга религија или етничка заедница. Сѐ што треба е да ги оставиме етикетите на облеката и теглите за да им пристапуваме на другите само и само како на ЛУЃЕ.rn

    Пишува: Ирина Мицов

  • 9 одлики на луѓето на коишто не можете да им верувате

    9 одлики на луѓето на коишто не можете да им верувате

    За една врска да трае, нема ништо поважно од довербата. Во совршен свет, би требало целосно да ѝ верувате на другата личност, исто и таа вас. Но верувањето на сите може да има ужасни последици бидејќи не сите се онакви какви што изгледаат.rnrn9 одлики на луѓето на коишто не можете да им веруватеrnrnДодека некои луѓе толку добро ја кријат нивната неискреност што нема да ја откриете сè додека не ве изневерат, постојат и оние кои имаат одредени одлики кои секогаш ќе ви покажуваат дали можете да им верувате или не.rn

    1. Претеран шарм

    rnЛичноста која изгледа необично шармантно, секогаш делува како да крие нешто. Обрнете внимание на овие луѓе и ќе сфатите дека се заинтересирани да дознаат повеќе за вас без да откријат нешто за нив. Во еден момент ќе ги откриете нивните вистински намери, но веќе ќе бидете вплеткани со нив.rn

    2. Отсуство на емпатија

    rnДа можете да ги мамите и повредувате другите е знак за недостаток на емпатија. Луѓето со емпатија не би можеле да им го забодат ножот во грбот на другите бидејки се свесни за болката што ќе ја нанесат.rn

    3. Особини поврзани со нарцизам

    rnЗа нарцисите не постои ништо и никој во светот што им е поважно од нив. Ова ги прави погрешни луѓе за верување во која било ситуација. Никогаш нема да си ги признаат грешките и секогаш ќе наоѓаат причини да изгледа како вие да сте ги натерале да направат нешто погрешно. Ако им верувате, сигурно ќе завршите со скршено срце.rn

    4. Неможност за чување тајни

    rnЌе знаете дека не можете да верувате некому, ако тој или таа открива информации што другите му/ѝ ги кажале во доверба. Постои голема шанса дека таа личност го прави истото и со вашите тајни. Тие сакаат да знаат сè и сметат дека споделувањето и озборувањето ќе ги направи популарни.rn

    5. Неодлучност

    rnОвде не станува збор за обична неодлучност. На овие луѓе не можете да им верувате со одлуките без разлика колку се важни. Можат постојано да се движат помеѓу екстреми и не остануваат лојални на никого.rn

    6. Постојано кажуваат да

    rnВнимавајте на луѓето кои постојано се лепат за вас. Ќе потврдуваат сè што ќе кажете и никогаш нема да дојде до несогласување. Дури и кога навистина грешите, тие ќе ве поддржуваат со надеж да добијат нешто за возврат. Кога ќе немате што повеќе да им понудите, очекувајте повеќе никогаш да не ги видите.rn

    7. Дволичност

    rnДволичноста можеби е популарен израз, но овие луѓе можат да имаат многу лица. Тие се однесуваат различно со секого и никогаш не можете да бидете сигурни дали ќе ве остават за некој друг. Пред вас ќе бидат совршени, но штом ќе го завртите грбот ќе почнат да ве критикуваат. Да им верувате значи дека наскоро целиот свет ќе ги знае вашите тајни.rn

    8. Склоност кон насилство

    rnИако на почетокот овие луѓе изгледаат добро, секогаш има некој знак што покажува дека нешто не е во ред. Ќе биде потребно некое време за да ја тргнат маската и да го покажат нивното вистинско лице. Штом ќе почнете да им верувате, тие ќе се обидат да ве контролираат. Внимавајте на начинот на којшто се однесуваат со луѓето околу нив за да знаете дали треба да си заминете навреме.rn

    9. Ве избегнуваат во јавност

    rnОвие луѓе се пријателски настроени кога сте сами или на места каде што никој не ги знае. Но, ќе ве избегнуваат како болест кога сте на место со луѓе што ги знае. Ако ви го прават ова, тоа значи дека се зближиле со вас само за да добијат нешто. Штом ќе го добијат тоа ќе ве напуштат без размислување за болката и предавството.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека имате проблеми со довербата во врската.

  • Чувајте ги силните луѓе во вашиот живот, бидејќи понекогаш тие се поранливи и од вас

    Чувајте ги силните луѓе во вашиот живот, бидејќи понекогаш тие се поранливи и од вас

    Со нив не е секогаш лесно, не е секогаш пријатно, ниту пак е едноставно… но, со нив, дефинитивно е сигурно. Токму затоа и треба да се грижите за најсилните околу вас, бидејќи понекогаш, тие можат да бидат многу понезаштитени дури и од најслабите.rnrnrnrnЗа време на олујата, тенката трска се витка, додека пак борот, може да биде искорнат од корен и да падне. Ова се случува и со силните луѓе. Тие не се одговорни само за себе и за своите најмили. Тие се одговорни за целиот свет околу нив. Силата привлекува, па затоа и имаат толку многу луѓе околу нив за кои тие лично се чувствуваат одговорно.rnrnНо, силните луѓе воопшто не се поздрави или поотпорни од сите останати. Тие едноставно веруваат дека не смеат да се срушат и да се распаднат сè додека некој зависи од нив. Тие се во состојба дури и за време на срцев удар, да скокнат во вода, да допливаат до дете што се дави, да го извадат на обала, да се погрижат дека сè е во ред со него и дури потоа да се препуштат на сопствената болка.rnrnСилните луѓе најчесто се многу осамени. Ова е директна последица од нивната сила. Никој не размислува дека тие би можеле да страдаат, да тагуваат, да плачат… Сите ги земаат здраво за готово, додека тие едвај се борат за здив без никој да забележи.rnrnСилните луѓе се движат по земјата цврсто, но молчеливо. Со нив не е секогаш лесно, не е секогаш пријатно, ниту пак е едноставно… но, со нив, дефинитивно е сигурно. Токму затоа и треба да ги поддржите, дури и ако мислите дека тие имаат целосна контрола над својот живот.rnrnСамо најсилните луѓе страдаат од анксиозност и тоа токму поради овие 5 карактеристики.

  • 10 квалитети што треба да ги поседува секое човечко суштество

    10 квалитети што треба да ги поседува секое човечко суштество

    Постојат одредени карактеристики што треба да ги има секое човечко суштество. Карактеристики што имаат моќ да им помогнат на другите и да нè поврзат со себе и со светот на подлабоко ниво.rnrn10 квалитети што треба да ги поседува секој човекrn

    1. Верба

    rnВерба во себе и во сè што сте. Верба во вашите способности. Верба во животот и во бесконечната интелигенција што нè создала сите.rn

    2. Храброст

    rnХраброст да го создадете животот кој длабоко во себе знаете дека заслужувате да го живеете. Храброст да одите каде што повеќето луѓе не се осмелуваат да одат. Храброст да бидете личноста којашто сте родени да бидете.rn

    3. Љубов

    rnЉубов кон себе. Љубов кон пријателите. Љубов кон вашето семејство. Љубов кон работата. Љубов кон планетата и љубов кон вашиот живот. Љубов кон оние кои ве сакаат, и љубов кон оние кои не ве сакаат.rn

    4. Длабоко чувство на поврзаност

    rnЧувство на припаѓање и длабоко чувство на поврзаност кон сите нешта, луѓе и места. Препознавање себеси во сè и секој. Разбирање на единството на сите нешта.rn

    5. Имагинација

    rnСпособноста да инспирирате и да се чувствувате инспирирано. Способноста да го користите вашиот ум за да создадете нови светови и да откриете нови димензии. Да одите онаму каде што никој не бил и да ги направите нештата што никој ги нема направено.rn

    6. Одбивање на застрашувачките нешта

    rnСпособноста да ги одбиете сите нешта што потекнуваат од стравот. Да ги игнорирате, да ги одбиете и да покажете рамнодушност кон оние нешта што прават да се чувствувате одвоено од вас, од светот околу вас, од нештата што ги посакувате и од вашите соништа.rn

    7. Благодарност

    rnЦенење и заблагодарувања за нештата што се овде, но и за нештата што ги немате. За нештата што веќе ги имате, за животот што го живеете сега и за многуте благослови што ви ги испратил животот и што допрва ќе ви ги испраќа.rn

    8. Отворен ум

    rnЧист и отворен ум што ги прима сите и сè. Без потреба да судите и обележувате луѓе и искуства кои не се поврзани со вас.rn

    9. Доверба

    rnВерувајте во моќта и мудроста на животот. Верувајте дека никогаш не добивате повеќе од она со коешто можете да се справите. Верувајте во себе, верувајте во вашите внатрешни моќ и мудрост и верувајте во способноста да ги добиете нештата што сакате да ги добиете.rn

    10. Одвојување

    rnСилата да ги оставите нештата што повеќе не ви служат. Сите места и сите луѓе што повеќе не ви требаат или не ги сакате во вашиот живот. Способноста да се ослободите од вашите ограничувања, стравови, сомнежи и несигурности. Тргнете го фокусот од личноста што сте и насочете го кон личноста која сакате да бидете. Силата да му дозволите на вашето старо јас да „умре“ за да може да се роди сосема нова личност.rnrnШто мислите вие, што е тоа што ги прави луѓето вредни и достојни?

  • 27 луѓе покажуваат како изгледа вистинската среќа

    27 луѓе покажуваат како изгледа вистинската среќа

    Среќата е нешто кон кое се стреми секој од нас. Секоја личност има различно разбирање за тоа што е среќата и неверојатно е колку луѓе успеваат да ја достигнат. Ова се примери од нешта што корисниците на Интернет ги нарекуваат среќа. Ова се фотографии што навистина ќе ве инспирираат.rn

    1. Пар ослабел заедно за 5 месеци

    rn27 луѓе покажуваат како изгледа висинската среќаrn

    2. „Лемон во засолништето наспроти кога ја однесовме дома, само неколку часа подоцна“

    rn

    27 луѓе покажуваат како изгледа висинската среќа

    rn

    3. „Детето што живее во соседниот град ја објави оваа фотографија“

    rn27 луѓе покажуваат како изгледа висинската среќаrn

    4. „Навистина сум среќен што ја видов мајка ми по 6 месеци тренирање“

    rn27 луѓе покажуваат како изгледа висинската среќаrn

    5. „Над 2 години со сопругот поминавме безброј часови на тестови и третмани. По неколку кршења на срцето се одлучивме да престанеме да се обидуваме. 2 недели подоцна добивме позитивен тест за бременост. Денес го славиме 3-от месец од животот на ќерка ни.“

    rn27 луѓе покажуваат како изгледа висинската среќаrn

    6. „Денес беше мојата последна хемотерапија за рак на дојката“

    rn27 луѓе покажуваат како изгледа висинската среќаrn

    7. „Денес ја победив 12-годишната битка против бездомништвото. За прв пат откога имав 16 години имам место што можам да го наречам дом.“

    rn27 луѓе покажуваат како изгледа висинската среќаrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 7 древни општества кои правеле ритуали со човечки жртви

    7 древни општества кои правеле ритуали со човечки жртви

    Кога ќе размислите, постои и модерна верзија на жртвувањето луѓе. На пример, војниците кои се испраќаат во војна. Прашањето е дали некој моќен и денес верува во „моќта“ на човечките жртви? Овие општества правеле ритуали во кои жртвувале бебиња, деца и возрасни. Овие жртвувања биле толку ужасни и чудни што ќе ве натераат да размислите како луѓето биле убедени да ги изведуваат.rn

    1. Ацтеки

    rn7 древни општества кои правеле ритуали со човечки жртвиrnrnКако и секоја друга култура што го обожувала богот на сонцето, и Ацтеките жртвувале луѓе. Во главно им ги ваделе срцата, ритуал преку кој ја обединувале душата на жртвуваниот со сонцето. Добро е познато дека Ацтеките правеле човечки жртви. Наводно го правеле ова од 1300-тите до 1500-тите, односно додека не биле освоени од Шпанците. Шпанците биле насилни и безмилосни, па лидерите на Ацтеките принесувале човечки жртви.rn

    2. Келти

    rn7 древни општества кои правеле ритуали со човечки жртвиrnrnНаводно Келтите принесувале човечки жртви како дел од нивните религиски ритуали. Грчкиот географ и филозоф Страбо ги спомнал келтските човечки жртви во неговата книга „Географија“:rn

    „Тие го удираат човекот одреден за жртвување со меч по грбот и прават пророштва врз основа на неговите движења. Го жртвуваат без присуството на друидите. Прават голема фигура од слама и дрво и во неа ставаат диви животни и луѓе. Потоа целата ја горат.“

    rnМногу експерти се сомневале во тврдењето на Страбо, но тоа се покажало како точно кога било откриено тело на маж кое ги потврдило приказните. Телото било тепано, задавено и му било пресечено грлото.rn

    3. Кинези

    rn7 древни општества кои правеле ритуали со човечки жртвиrnrnМногу одамна, од 1600-та до 1046-та година п.н.е. во Кина се принесувале голем број човечки жртви за време на династијата Шенг. Овие жртвувања биле и религиозни, но и за политичка контрола. Постоеле 3 вида жртвување – јама, темел и интернирани.rnrnЗа жртвувањата во јама биле користени млади и здрави мажи кои биле сечени на парчиња и закопувани без нивниот материјален посед. Бебињата и децата биле жртвувани на навистина насилен начин и биле закопувани без нивните поседи. Во последниот вид се убивале млади девојки и се закопувале со малку повеќе почит за разлика од другите.rn

    4. Картагинци

    rn7 древни општества кои правеле ритуали со човечки жртвиrnrnОпштеството на Картагинците било богата и моќна древна цивилизација. Но повеќе моќ и богатство значи и повеќе зло. Овие луѓе убивале деца за да ја добијат наклонетоста на боговите и да го заштитат богатството на богатите. Озлогласени се бидејќи жртвувале бебиња и мали деца. Помеѓу 800-та и 146-та година п.н.е. биле жртвувани околу 20.000 бебиња.rn

    5. Етрурци

    rn7 древни општества кои правеле ритуали со човечки жртвиrnrnИсторичарите не сакале да веруваат дека овие луѓе кои им претходат на Римската католичка црква и Римската империја принесувале човечки жртви. Вистината е дека и тие убивале деца поради ритуали. Од тој период било пронајдено обезглавено тело на 8-годишно момче. Неговите стапала биле внимателно поставени под ѕид. На местото имало камен олтар и окултни симболи. Ова општество било богато, но не и моќно.rn

    6. Хавајци

    rn7 древни општества кои правеле ритуали со човечки жртвиrnrnИ Хавајците принесувале човечки жртви, но овие гласини можеби и не се точни. Некои од изјавите потекнуваат од Жак Араго од раните 1800-ти. Наводно, древните Хавајци верувале дека Ку, нивниот бог на војната и одбраната, може да биде задоволен со убивање луѓе. Но во главно се жртвувале поглавари од другите племиња, а не невини луѓе. Сепак и овие жртвувања биле брутални. Ја собирале потта од обесените луѓе и ја нанесувале на телата на свештениците. Го удирале телото на жртвата, го осакатувале и го јаделе човечкото месо.rn

    7. Месопотамјани

    rn7 древни општества кои правеле ритуали со човечки жртвиrnrnВавилон е познат по човечките жртви. Овој град бил сместен во Месопотамија, односно на територија на денешен Ирак. Во Библијата се спомнува за жртвувањата на деца во Вавилон. Исто така биле жртвувани и возрасните за да ги придружуваат нивните лидери во задгробниот живот.rnrnДознајте нешто и за најужасните смртни казни низ историјата.

  • Истражување: Животните стануваат ноќни за да избегнат контакт со луѓето

    Истражување: Животните стануваат ноќни за да избегнат контакт со луѓето

    Одбивајќи да живеат и да се однесуваат на повнимателен начин, луѓето ја уништуваат Земјата. Животните се свесни за ова, па едно истражување покажало дека сè повеќе и повеќе видови стануваат ноќни.rnrnИстражување: Животните стануваат ноќни за да избегнат контакт со луѓетоrnrnИстражувањето е спроведено од Кејтлин Гејнор, еколог на Универзитетот во Калифорнија. Заедно со нејзините колеги таа заклучила дека обичните активности како планинарење и кампување ги плашат животните и ги тераат да бидат поактивни во текот на ноќта.rn

    „Ова укажува дека животните се однесуваат внимателно околу луѓето. Можеби мислиме дека не оставаме трага кога шетаме низ шумите, но нашето присуство има трајни последици.“

    rnЗа истражувањето Кејтлин анализирала 76 истражувања кои вклучувале 62 видови животни од 6 континенти. Дабарите во Бразил, лавовите во Танзанија, којотите во Калифорнија и тигрите во Непал учествувале во истражувањето.rn

    „Истражувачите споредиле колку време се активни овие суштества надвор во однос на разни човечки активности како ловење, планинарење и фармерство. Во просек, тимот открил дека човечкото присуство предизвикало зголемување на ноќната активниот за 20%, дури и кај животните кои не бил ноќни.“

    rnАна Бенитез Лопез која го прегледувала истражувањето изјавила:rn

    „Никој ги немаше собрано и анализирано овие податоци на ваков детален начин.“

    rnКејтлин додала дека наодите се малку застрашувачки.rn

    „Дури и ако луѓето мислат дека немаме влијание на животните, влијаеме без да знаеме. Луѓето го прават нивното во текот на денот, а животните во текот на ноќта.“

    rnКејтлин се надева дека видовите ќе научат да коегзистираат и да ја делат планетата.rnrnЗнаевте ли дека луѓето уништиле 83% од сите диви животни на планетата?

  • 5 причини зошто сретнувате одредени луѓе во вашиот живот

    5 причини зошто сретнувате одредени луѓе во вашиот живот

    Луѓето се појавуваат во вашиот живот со причина, само на краток период, или остануваат со вас целиот живот. Фактот дека сретнувате одредени личности има своја цел. Најчесто тоа е поради некоја причина која сте ја искажале свесно или потсвесно. Во текот на животот ќе запознаете 5 видови луѓе кои ќе имаат важна улога во градењето на вашиот живот.rnrn5 причини зошто сретнувате одредени луѓе во вашиот животrn

    1. Луѓе кои ја будат вашата душа

    rnОвие луѓе доаѓаат за да ве инспирираат. Тие ве потсетуваат дека вашите соништа може да станат реалност. Поминувањето време со овие луѓе прави да се чувствувате како да можете да направите сè.rn

    2. Луѓе кои ви го покажуваат патот

    rnОвие луѓе ве потсетуваат на вашата цел во животот. Со нив се поврзувате уште веднаш. Се чувствувате како да ги знаете со години. Вашиот живот има цел. Понекогаш можно е да залутате и да ја заборавите големата слика. Потребно е да ја истражите вашата душа и да ги разгледате вашите чувства. Овие луѓе ви помагаат да ја почувствувате возбудата.rn

    3. Луѓе кои ви предизвикуваат болка

    rnОва се луѓето кои ве држат назад. Го мразите нивното присуство. Но, тие ве држат со причина. Понекогаш не сте подготвени за одредени нешта. Тешките врски во животот понекогаш се сила која ве движи кон прекрасна иднина. Побарајте ја добивката во болката.rn

    4. Луѓе кои ви помагаат да созреете

    rnОва се луѓето кои ви помагаат да го научите она што не го знаете. Тие ви го покажуваат вистинскиот пат и ви помагаат да ги постигнете вашите цели.rn

    5. Луѓе кои остануваат

    rnОвие луѓе ве поддржуваат секогаш. Тие ја градат вашата емоционална основа. Целта на врските кои траат цел живот е да ве научат на многу важни животни лекции.rnrnНештата се случуваат за да ги тестираат границите на вашата душа. Сакајте ги и оние кои не ги сакате. Тие ќе ве научат колку е важно да бидете сакани и да сакате. Применете го она што сте го научиле. Извлечете го најдоброто од секое познанство во вашиот живот.rnrnДознајте и што ќе се случи кога ќе го сретнете вашиот духовен близнак.