Сè уште постојат дилеми, дали ова писмо е навистина напишано од Чарли Чаплин и адресирано до неговата ќерка. Некои велат дека тоа е дело на новинарско перо. Тврдат дека пред 30 години го напишал ирански новинар по име Farajollah Saba и го објавил во весникот во кој пишувал, под наслов „Фантазија“. Но, поголемиот дел се убедени во спротивното.rnrnБез разлика кој од нив е во право, писмото испраќа силна порака, која верувајте, вреди да се прочита…rnrnЧарли Чаплин во филмот „Детето“rnrnМоја девојко,rnrnСега е ноќ, една Божиќна ноќ. Сите невооружени воини во мојата мала тврдина заспаа. Не се будни ниту брат ти, ниту сестра ти. Дури и мајка ти веќе спие. Додека стигнав до оваа полуосветлена соба, за малку ќе ги разбудев заспаните птички.rnrnТолку сум далеку од тебе! Но, нека ослепам, ако твојата слика не е секогаш пред моите очи. Твојата фотографија е овде на масата, блиску до моето срце. Но, каде си ти? Таму во бајката наречена Париз, танцуваш на величенствената театарска сцена на Шанзелизе. Го знам тоа многу добро, но ми се чини дека во тишината на ноќта слушам чекори, ги гледам твоите очи што сјаат како ѕвезди во зимското небо. Слушнав дека твојата улога во овој празничен спектакал е Персиската убавица, заробена од Тартар Кан. Биди убава и танцувај! Биди ѕвезда и блескај! Но, ако ентузијазмот и благодарноста од публиката те опива, ако аромата на цвеќињата те зашеметува, седни во некој агол и прочитај го моето писмо, слушај го гласот на твоето срце.rnrnЈас сум твојот татко, Жералдин!rnrnЈас сум Чарли, Чарли Чаплин!rnrnДали знаеш колку многу ноќи седев до твојот кревет додека беше бебе, раскажувајќи ти приказни за „Заспаната убавица“, „Будниот змеј“…? А кога сонот ќе ми натежнеше на очите, му се смеев и му велев: „Оди си! Јас спијам со мечтите на мојата ќерка!“ Ги видов твоите соништа, Жералдин, ја видов твојата иднина, твојата сегашност. Видов девојка која игра на сцената, самовила која танцува во небото. Слушнав како зборува толпата: „Ја гледате ли оваа девојка? Таа е ќерка на една стара будала. Се сеќавате? Неговото име е Чарли.“ Да, јас сум Чарли! И да, јас сум стара будала!rnrnДенеска е твојот ред. Танцувај! Јас танцував во големи, искинати панталони, а ти танцуваш во свилено фустанче на принцеза. Танците и звукот на аплаузот понекогаш ќе те вивнат до небото. Летај! Полетај таму! Но, врати се на Земјата! Треба да видиш како живеат обичните луѓе, како живеат уличните танчери, кои танцуваат тресејќи се од студ и од глад. Јас бев како нив, Жералдин! Во текот на ноќите, оние магични ноќи кога паѓаше во сон од моите приказни, јас бев буден. Гледав во твоето лице, го слушав отчукувањето на твоето срце и се прашував: „Чарли, дали ова маченце, некогаш ќе те познава?“ Ти не ме познаваш, Жералдин. Сум ти раскажал многу приказни во тие ноќи, но мојата приказна – никогаш. Таа е исто така, многу интересна. Зборува за гладен кловн, кој пее и танцува во сиромашните квартови на Лондон, а потоа собира милостиња… Тоа е мојата приказна! Јас сум го вкусил гладот, знам што значи да бидеш без покрив над главата. И повеќе од тоа, сум ја искусил понижувачката болка на кловнот-скитник, кој во неговите гради имаше бурен океан од гордост, болно повредена од оние кои му фрлаа парички. Но, сè уште сум жив, па ајде да го оставиме тоа.rnrnПодобро да зборуваме за тебе!rnrnЖералдинrnrnПосле твоето име, Жералдин, доаѓа моето – Чаплин. Со ова име, повеќе од 40 години сум ги засмејувал луѓето насекаде. Но, јас повеќе плачев, отколку што тие се смееја! Жералдин, во светот во којшто живееш, не постојат само танцување и музика! На полноќ, кога ќе излезеш од огромната сала, можеш да ги заборавиш богатите фанови, но не заборавај да го прашаш таксистот, кој ќе те однесе дома, за неговата сопруга. И ако таа е бремена, а немаат пари за пелени за идното новороденче, стави му малку пари во џебот. И кажав на банката да ги покрие овие трошоци. За сите останати, плаќај исклучиво на сметка. Од време на време користи го метрото или автобус, оди пеш и истражувај го градот. Гледај во луѓето! Погледни ги вдовиците и сирачињата! И барем еднаш кажи си на себе: „Јас сум иста како нив!“ Да, ти си една од нив, моја девојко. Згора на сѐ! Уметноста, пред да му даде крилја на човекот, најпрво му ги крши нозете. И ако некогаш се почувствуваш многу поважно од твојата публика, напушти ја сцената. Качи се на првото такси и посети го соседството во Париз. Јас го познавам многу добро. Таму ќе видиш многу танчери исти како тебе, дури и многу подобри, пограциозни и со повеќе гордост од тебе. Заслепувачкиот сјај на твојот театар нема да биде таму. Месечината е нивниот рефлектор. Погледни! Гледај внимателно! Зарем не танцуваат подобро од тебе? Признај го тоа, моја девојко! Секогаш ќе постои некој, кој танцува подобро од тебе, кој игра подобро од тебе! И запамети, во семејството на Чарли никој не бил толку груб и дрзок за да се потсмева со таксист или да се поигрува со просјак седнат покрај Сена.rnrnЈас ќе умрам, но ти ќе живееш…Сакам никогаш да не дознаеш што значи сиромаштијата! Заедно со ова писмо ти испраќам и еден празен чек, за да можеш да трошиш колку ќе посакаш. Но, кога ќе потрошиш два франци, не заборавај да се потсетиш дека третата монета не е твоја. Таа мора да му припаѓа на некој странец, на кого навистина му е потребна. А него лесно можеш да го најдеш. Треба само да посакаш да ги видиш тие кутри и сиромашни туѓинци, и ќе ги најдеш насекаде.rnrnТи зборувам за пари, бидејќи имав можност да ја запознаам нивната ѓаволска моќ. Знаеш дека поминав долго време во циркусот и секогаш бев многу загрижен за акробатите (кои се движеа по тенко јаже). Морам да ти кажам дека луѓето полесно и почесто паѓаат кога стојат цврсто на земја, отколку акробатите од нестабилното јаже. Можеби некоја вечер блесокот на најскапиот дијамант ќе те измами. Во истата вечер тој дијамант ќе биде твоето нестабилно јаже, од кое со сигурност ќе паднеш. Можеби убавото лице на некој принц ќе те измами. Во истиот ден ти ќе бидеш неискусен акробат, а неискусните акробати секогаш паѓаат. Не си го продавај срцето за злато и накит, бидејќи најголемиот дијамант е Сонцето. За среќа, тој блеска на лицето на секој човек. И кога ќе дојде времето и ти ќе се вљубиш, сакај со целото свое срце. Ѝ кажав на мајка ти да ти пишува за тоа. Таа ја разбира љубовта повеќе од мене и затоа е подобро таа да зборува со тебе, за неа.rnrnТвојата работа е многу комплицирана. Го знам тоа. Твоето тело е покриено само со мало парче свила. Во име на уметноста, на сцената може да се појавиш дури и гол, но оттаму треба да се вратиш не само облечен, туку и почист. Но, никој и ништо на овој свет не заслужува да ги види дури ни ноктите од стапалата на една девојка. Голотијата е болест на нашето време.rnrnЈас сум стар и моите зборови можеби звучат смешно, но според мене, твоето голо тело би требало да му припаѓа на оној што ќе се вљуби во твојата гола душа. Не плаши се ако твоето убедување на оваа тема е од пред десет години, од времето кое заминува. Не грижи се! Тие десет години нема да те направат постара. Но, како и да е, сакам да бидеш последниот човек, кој ќе стане поданик на островот на голите! Знам дека татковците и децата се во вечна борба! Војувај со моите мисли, моја девојко! Јас не сакам послушни деца.rnrnВо моите очи нема солзи додека го пишувам ова писмо, сакам да верувам дека оваа Божиќна вечер, ќе биде ноќ на чудата. Посакувам да се случи чудо и навистина да разбереш сè што сакам да ти кажам.rnrnЧарли е веќе постар, Жералдин! Порано или подоцна, наместо бела свила на сцената, ќе треба да се облечеш во црно за да дојдеш на мојот гроб. Сега не сакам да те вознемирувам. Само од време на време, погледни во огледалото. Таму ќе ги видиш моите карактеристики. Дури и кога крвта во моите вени ќе се излади, не сакам да го заборавиш твојот татко, Чарли. Јас не сум ангел, но секогаш се стремев да бидам човек. Обиди се и ти.rnrnТе бакнувам, Жералдин.rnrnТвојот, Чарлиrnrn
Сте се запрашале ли некогаш, како би изгледало кога би го свртеле дејството во филмот и од неговиот крај би направиле почеток? Кога би ги премотувале наназад, многу од филмовите би добиле среќни завршетоци. Еве неколку примери:rnrn1. Ако го гледате филмот „Ајкула“ од крајот кон почетокот, приказната е неверојатно позитивна. Голема бела ајкула спасува луѓе, фрлајќи ги од морските длабочини на површината на водата, сè додека не се отвори преубавата плажа полна со туристи.2. Кога почетокот и крајот би ги смениле своите места во „Лице со лузна“, тогаш режисерот би ви раскажал една необична приказна за скромен мафијаш. Во неа тој се откажува од кокаинот и од криминалот за да го следи сопствениот сон, а тоа е да стане човек кој мие садови и кој сака да заработи доволно пари за да ја посети Куба…3. Ако на овој начин го гледате „127 часа“, филмот ќе се претвори во тажна приказна со среќен крај. Хендикепиран човек, ќе најде рака во пустината, ќе ја прикачи и ќе ужива во убавините на Националниот парк во Јута…4. Во „Матрикс“, Нео се изморува од борбата и употребата на неговите супермоќи. Го ослободува сето кунг-фу знаење од неговиот мозок, по што ù се приклучува на матрицата и започнува нов живот како г-дин Андерсон.5. Ако наназад го гледате „Фајт клаб“, филмот зборува за човек кој од лудак во улична банда, се претвора во продуктивен член на општеството…6. Ако пак, од крајот кон почетокот го гледате „Рамбо“, ќе запознаете човек со необична исцелителна моќ. Тој наместо да ги убива, ги лечи луѓето со неговите магични куршуми.7. И трагедијата „Титаник“ се претвора во приказна со среќен крај. Станува збор за огромен брод кој се издигнува од длабочините на океанот, а чија цел е да спаси илјадници луѓе кои се дават во водата. Ги извлекува и ги враќа назад во Саутхемптон.8. „Годзила“ би била приказна за гигантски гуштер кој помага во реконструкцијата на уништен град, после која со популарниот „месечев од“ се враќа назад во океанот…9. „Карате кид“ е шампион во карате, кој се претвора во мирно и кревко момче, кое го задеваат во училиште и кое на крајот се враќа дома во Џерси.10. „Убава жена“ – тука би се изместиле моралните вредности. Ричард Гир од нормална жена ќе создаде проститутка… 🙂rnrn
Автор: Горана КоневскаrnrnЈапонскиот уметник Макото Тојики твори со помош на светлина, истражувајќи ја нејзината намена при создавање инсталации, кинетички дела и сликовити скулптури. Неговите дела од серијата „Без сенка“ кои се прикажани на овие фотографии, се едни од неговите најпознати креации во кои тој користи долги снопови светлина за да прикаже фигури на луѓе и животни.rnrn
Да се биде сам на непозната територија за многумина претставува кошмар. Чувството на изгубеност е непријатно доживување, па оттука патувањето сам во друга држава за многумина не доаѓа предвид. Сепак, еднаш се живее, па излегувањето од вообичаената рутина на патување може да ни донесе награда во вид на авантура која ќе ја паметиме цел живот. Еве пет причини зошто да патувате по светот потполно сами:rnrnrn
1. Имате поголема слобода
rnИмате апсолутна слобода да одите каде што сакате и да правите што сакате. Доколку вам ви се шета, а вашиот пријател сака да остане во хотелот да спие или вам ви се оди во стариот дел на градот, а вашата пријателка сака да прошета по трговските центри, би било неопходно да направите компромис. Патувајќи сами нема потреба да се договарате со никого за ништо. Имате слобода да си го послушате срцето за секој нареден чекор.rnrnrn
2. Полесно е да запознаете нови пријатели
rnАко сте тргнале сами на пат, тоа не значи дека сте се осудиле да поминете денови или недели во комплетна осаменост. Всушност, ретко ќе бидете без луѓе околу вас. Секаде може да сретнете ваши истомисленици кои тргнале сами да го освојуваат светот, а кои со задоволство би ве запознале или би ви се придружиле ако патот ве носи на заедничка дестинација.rnrnХостелите, пак, се посебна приказна – тие најчесто имаат посебни простории каде што патниците се собираат, се запознаваат и се дружат. Токму овде може да запознаете пријател којшто ќе влијае на вашиот поглед на светот и со којшто ќе останете во контакт цел живот.rnrnrn
3. Го оставате вашиот живот зад вас на одредено време
rnИако токму тоа што на некое време ќе останете без вашето семејство, пријатели и колеги, е она што всушност ваквата авантура ја прави неприфатлива за многумина, сепак оставањето на вашиот живот настрана може да делува многу ослободувачки. Сето она што секојдневно ви предизвикувало стрес ќе го снема, ќе немате близок пријател со кој ќе озборувате или ќе зборувате за старите проблеми кои сè уште ве мачат. Така неоптоварени ќе бидете целосно сконцентрирани на новите пријателства, на прекрасните пејзажи, на градските плоштади и на навиките на локалното население, а од вашето патување ќе направите поголема авантура.rnrnrn
4. Подобро ќе се запознаете себеси
rnНе е многу тешко да се соочите со животните предизвици кога со вас се семејството и пријателите, но кога ќе се најдете потполно сами на непознат терен, тогаш ќе сфатите дали и колку вие самите сте способни да се справувате со секојдневните проблеми. Ова е тоа што ги одвраќа луѓето од идејата да заминат сами на пат, но бидете храбри и соочете се со непознатото. Проблемите на пат може да изгледаат страшни затоа што се нешто ново и непознато, но всушност не се толку тешки. Откако ќе ги решите, како награда ќе добиете поголема самодоверба.rnrnrn
5. Дома ќе се вратите со поинаков поглед на животот
rnНа претходните причини се надоврзува стекнувањето поинаков поглед на светот. Се разбира, откако ќе ја уживате слободата што ја нуди соло-патувањето, ќе си земете мала пауза од вашиот живот и секојдневната рутина, па подобро ќе се спознаете себеси и ќе запознаете нови пријатели кои ќе влијаат на вас, на крајот, различната перспектива на животот е неизбежен резултат.rnrnrnrn rnrn
Стоите во крукче од 5-6 луѓе. Случајно се најдовте таму, но се впуштивте во дискусијата и сè е добро до тука. Наеднаш заминуваат сите по нова порција јадење, а вие останувате во присуство на само една личност, која не ја познавате од претходно, на која дури ни името не ѝ го знаете. Незгодно… Како да го продолжите муабетот? Што да зборувате со некој за кого немате никакви сознанија? Дали и вие да појдете по нова порција јадење?rnrnrnrnСигурно многупати сте се нашле во ваква ситуација, без разлика дали сте на конференција од работа, на роденден кај другар/ка или на свадбата на вашиот втор братучед. Победете ги непријатните тишини и благото учтиво подигнување на врвовите на устата со сила. Еве неколку совети..rnrn1. Разговарајте за вас, за луѓето кои ги познавате од настанот на кој присуствувате, за да утврдите кој ви е заеднички познаник, дали некој колега, пријател или роднина.rnrn2. Поставувајте му прашања на соговорникот. Прашајте го нешто општо за животот, од каде е, со што се занимава, дали има некое хоби. Актуелните настани се секогаш добар двигател на разговори со непознати, па и со подобро познати луѓе. Нова градба, културна манифестација, актуелност од големо значење… Почнувајте ги речениците со: „Што мислиш за…“; „Имаш слушнато…“ и сл. Но, избегнувајте контроверзни теми и воздржувајте се од долги здодевни приказни.rnrn3. Ако забележите дека ви станува здодевно од она што го зборувате, веднаш престанете и преминете на друга тема.rnrn4. Слушајте повеќе одошто зборувате.rnrn5. Кога се среќавате со луѓе кои не ги знаете од порано, ограничете ги приказните што имате да им ги раскажете, зборувајте за скорешни случувања од вашиот живот. Од време на време, спомнувајте нешто во врска со она што моментално ве опкружува, интересната музика во позадина, вкусната храна што е сервирана итн.rnrn6. Имајте во ракав неколку интересни историски факти, на пример:rn
Како дете, Алберт Ајнштајн ретко зборувал. Кога зборувал, тоа го правел многу бавно, дури ја вежбал секоја реченица во главата пред да ја каже како што треба на глас. Ова му се случувало до деветгодишна возраст. Неговите родители биле загрижени. Но, на крајот, една вечер додека јаделе, ја прекинал тишината велејќи: „Супава е премногу жешка.“На родителите многу им олеснило, па веднаш го прашале зошто дотогаш не проговорил ни збор, а тој одговорил: „Бидејќи досега, сè беше како што треба.“
rn7. Сепак, не претерувајте. Никој не сака човек кој мисли дека знае сè.rnrn8. Долгите паузи се најдобар момент за „уфрлување“ некој историски факт. Повеќето луѓе би ве слушале со задоволство што и да имате да кажете, отколку да ја слушаат непријатната тишина.rnrn9. Следете си го сопствениот говор на телото. Луѓето кои изгледаат како да паднале од небо им предизвикуваат непријатно чувство на другите. Делувајте самоуверено и удобно во сопствената кожа, дури и кога не се чувствувате така.rnrn10. Дозволете им на непознатите луѓе да ве прекинат. Тие не се непристојни, туку ви помагаат во меѓусебното запознавање. Дозволете им да зборуваат и почекајте сигурен знак од нив за да ја продолжите вашата приказна. Добро е ако тие ве поттикнат на ова, значи дека сакаат да ве слушаат.rnrn11. Ако сè друго не успее, зборувајте за времето бидејќи луѓето секогаш со леснина се поврзуваат на оваа тема. Секако, имајте предвид од какво место доаѓа соговорникот. Не сакате да му дадете несоодветен коментар за заладувањето на некој кој живее на север и во моментот седи спроти вас со кратки ракави.rnrn12. Имајте резервни изговори за културно да се тргнете настрана. Ова може да е нешто од типот: „Извини, ќе појдам да земам уште една пијачка“; „Ќе одам да земам нешто за јадење“ или „Би требало да одам да се поздравам со…“rnrnСè додека избегнувате лични, политички или контроверзни теми, барем додека се запознавате со луѓето, и имате идеја за прашањата кои сакате да ги поставите, вие можете да разговарате како вистински социјална личност.rnrnДополнително, може да ви бидат од помош и 12-те златни правила за пријатен разговор и 5-те чекори до поздрав социјален живот.rnrn rnrn
„Верувам дека ние луѓето успеваме да направиме многу работи, не бидејќи сме паметни, туку бидејќи имаме прсти за да си направиме кафе.“ – Флеш Розенберг.
rnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.rn
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Истражувањата укажуваат на 12 нешта кои среќните луѓе ги прават различно од другите за да го подигнат нивото на сопствената среќа. Ако почнете да ги практикувате овие нешта уште денес, ќе можете побрзо да ги почувствувате ефектите од повеќе среќа во вашиот живот.rnrn
„Секогаш верував дека квалитетниот живот полн со уживање и мудрости е мое човеково право стекнато со раѓање и ќе ми биде автоматски доделено по некое време. Никогаш не се сомневав дека ќе морам да научам како да живеам, дека постојат специфични дисциплини и начини на гледање на светот кои ќе морам да ги усовршам пред да се разбудам во едноставен, среќен и некомплициран живот.“ – Ден Милмен
rnБез разлика на каков животен пат се наоѓате, овие „среќни навики“ можете да ги примените во секое време.rnrn1. Искажувајте благодарност – Кога го цените она што го имате, она што го имате добива поголема вредност. Па така, ако сте благодарни за добрите нешта кои веќе ви се случуваат во животот, ѝ давате подлабока смисла на среќата. Логично е, би ни било многу тешко да бидеме среќни ако не сме благодарни за она што веќе го имаме.rnrn2. Негувајте го оптимизмот – Луѓето кои се победници по природа имаат способност самите да создаваат оптимизам. Без разлика во каква ситуација се наоѓате, ако сте успешна личност, ќе најдете начин да воведете оптимизам во неа. Оптимистите знаат дека неуспехот е само можност да се научи ново искуство во животот. Луѓето кои размислуваат оптимистички, го гледаат светот како место полно со можности.rnrn3. Избегнувајте споредби со други – Споредувањето со други луѓе може да биде отровно за вас. Кога се споредуваме со луѓе на кои им оди полошо одошто нам, добиваме супериорно чувство кое го вади Канје Вест од дното на нашата внатрешност. Кога пак ни оди полошо одошто на некој друг, споредбата прави да го потценуваме трудот кој сме го вложиле и прогресот кој сме го имале. Во секој случај, споредбата со други луѓе скоро секогаш е нездрава работа, па ако веќе некогаш сакате да се споредувате, споредете се со постара верзија од себеси.rnrn4. Практикувајте акти на добрина – Кога правите добрина, во вашиот мозок се ослободува серотин (супстанца со огромни здравствени придобивки, меѓу кои и ефектот на блажено чувство). Несебичното помагање на другите е супермоќно оружје за раѓање на добри чувства. Ваквите акти се со двојна добивка бидејќи не само вие, туку и оние кои го гледаат тоа ќе се чувствуваат подобро. Набљудувачите ќе ослободуваат серотин само гледајќи што се случува. Па и работата на анти-депресивните лекарства се состои токму во тоа да ослободуваат повеќе серотин во мозокот.rnrn5. Негувајте ги социјалните врски – Најсреќните луѓе на светот се оние кои имаат длабоки, значајни врски со други луѓе. Дури и студиите покажуваат дека стапката на смртност е двојно поголема кај осамените луѓе. Има некое топло чувство кое не облева кога имаме активен круг од пријатели со кои можеме да ги споделува искуствата во животот. Така се чувствуваме како дел од нешто што има подлабока смисла од нашето самостојно постоење.rnrn6. Развијте стратегија за совладување на работите – Како реагирате во моментите кога нешто неочекувано ќе ви ја уништи тековната активност? Ваквите реакции го обликуваат вашиот карактер, а лошите моменти секако се случуваат во сечиј живот. Затоа, добро е да имате спремни тактики за реагирање, кои ќе ги вадите од ракав во дадената ситуација.rnrn7. Научете да опростувате – Негувањето чувство на омраза е лошо по вашето здравје. Вашиот мозок не прави разлика помеѓу сегашните и минатите емоции. Кога мразите некого, вие постојано мислите на тоа, па овие негативни емоции го подјадуваат вашиот имун систем.rnrn8. Стремете се кон фокусирани активности – Постои состојба во која имате чувство дека времето мирува. Тоа се случува во оние моменти кога сте толку многу фокусирани што се соединувате со задачата на која работите. Активноста и свесноста се спојуваат. Не ви се јаде, не ви се спие, не сте емотивни. Само сте комплетно ангажирани во активноста која ја правите. Ништо не ви попречува, ниту ве одвлекува од вашиот фокус.rnrn9. Вкусете ја среќата во животот – Не можете да почувствувате длабока среќа доколку не го забавите темпото за да уживате во неа. Лесно е да заборавиме да уживаме во животните искуства бидејќи толку многу нешта ни се случуваат секојдневно. Но, ако не ги цениме нештата, ги заробуваме моментите на нивната магија. Наједноставните нешта во животот може да бидат највредни, само доколку не забораваме целосно да ги искусуваме.rnrn10. Посветете се на вашите цели – Ако се посветите на нешто со целото срце, ќе постигнете резултати со неописливо голема моќ. Посветувајќи се да направиме нешто по секоја цена, правиме да се случуваат магични нешта. Кога сте целосно посветени да постигнете нешто, немате друг избор освен да го постигнете тоа. Ако немате опција, не можете да се премислите, па потсвесно станувате посреќни бидејќи си ја знаете својата улога во остварувањето на целта.rnrn11. Практикувајте духовни работи – Кога практикуваме духовни работи, сфаќаме дека животот е поголем од нас. Се откажуваме од идејата дека сме најмоќните суштества кои постојат. Тоа ни овозможува да се поврземе со изворот на она од каде што сè е произлезено и да ја прифатиме поврзаноста со сè што постои.rnrn12. Грижете се за вашето тело – Грижата за сопственото тело е од клучно значење за да бидете најсреќната личност што можете да бидете. Ако не поседувате физичка енергија, тоа негативно ќе се одразува на вашата ментална енергија (фокусот), вашата емоционална енергија (чувствата) и на вашата духовна енергија (целта). Некои студии покажуваат дека клинички депресивните луѓе кои континуирано вежбале, го подигнале нивото на сопствената среќа, исто како што тоа го прават медикаментите. Згора на тоа, по 6 месеци, овие луѓе покажувале многу помали шанси повторно да ѝ подлегнат на болеста бидејќи имале зголемено задоволство од самостојното постигнување и чувство на поголема вредност.rnrn rnrn
Кога животот ни станува стресен, честопати ги забораваме нештата кои треба да ги запомниме, а ги паметиме нештата кои треба да ги заборавиме. Ова се 35 потсетници кои ќе ви помогнат да се мотивирате, во миговите кога тоа ви е најпотребно.rnrnrnrn1. Не знаете колку сте силни, сè до оној момент кога единствениот избор кој го имате е да бидете силни.rnrn2. Понекогаш добрите нешта се уништуваат, за да можат подобри нешта да ви зачукаат на врата.rnrn3. Не можете да промените нешто со коешто одбивате да се соочите.rnrn4. Никој не е совршен и ничиј живот не е едноставен. Никогаш не знаете низ што сè поминуваат луѓето околу вас. Секој си има свои проблеми. Затоа, не потценувајте се ниту себеси ниту некој друг. Секој се бори на свој уникатен начин.rnrn5. Плачењето не е знак дека сте слаби. Уште од вашето раѓање, плачењето претставува знак дека сте живи и носите потенцијал во себе.rnrn6. Без разлика колку грешки сте направиле или колку бавно правите некаков прогрес, вие сте сепак многу понапред во однос на оние кои не се ни обиделе да направат нешто.rnrn7. Животот не се состои во чекање бурата да помине, туку се состои во учење како да танцувате додека врне.rnrn8. Нерасположението значи непотребно трошење на вашата шанса да бидете неизмерно среќни. Живнете!rnrn9. Ако успеете да насмевнете една личност, можете да го промените светот. Можеби не целиот свет, но светот во кој живее таа личност. Почнете со поситни чекори и почнете од денес.rnrn10. Понекогаш во животот морате да се дистанцирате од нешто, за да можете бистро да ја видите реалноста.rnrn11. Никогаш не дозволувајте успехот да ве удри во глава. Никогаш не дозволувајте неуспехот да ве спушти премногу ниско.rnrn12. Понекогаш морате да се изборите во тешките денови, за да ги заработите најдобрите денови од вашиот живот.rnrn13. Животот се состои од 10% од она што се случува и 90% од начинот на кој вие реагирате на тоа што се случува.rnrn14. Можете да научите одлични лекции од вашите грешки, доколку не сте презафатени негирајќи дека сте ги направиле.rnrn15. Престанете да се грижите за тоа што другите луѓе мислат за вас. Тоа што тие го мислат не е воопшто важно. Важно е само како вие се чувствувате во врска со себеси.rnrn16. Кога ќе престанете да ги бркате лошите работи, ќе им дадете шанса на добрите нешта да ве уловат.rnrn17. Кога другите луѓе ве третираат лошо, продолжете да си бидете свои. Никогаш не дозволувајте горчината на некој друг, да ве промени како личност.rnrn18. Морате да прифатите дека некои работи никогаш нема да бидат ваши и да научите да ги цените оние кои се единствено ваши.rnrn19. Понекогаш наједноставниот начин да се справите со некој проблем, е да се чувствувате како да сте единствената личност на светот која е незадоволна, пати, се мачи да излезе од дупка и едвај излегува на крај. Но, тоа чувство е лажно. Доколку малку почекате, некој ќе ве пронајде и ќе ви помогне да се чувствувате подобро. На секој од нас ни е потребна помош понекогаш. Потребна ни е личност која ќе ни помогне да ја чуеме музиката во нашиот внатрешен свет. Некој кој ќе не потсети дека нема секогаш да биде вака и дека постојано ќе имаме некој кој мисли на нас.rnrn20. Не плашете се да излезете од вашата „комфорна зона“. Некои од најдобрите животни искуства и можности, се појавуваат само доколку сте спремни да изгубите.rnrn21. Понекогаш ненамерно дозволуваме малите проблеми да ескалираат и да започнат да доминираат во нашиот живот. Ако продавачот ви наплатил 30 денари повеќе, тоа може да ве изнервира, но не дозволувајте да ви го уништи денот. Во животот, постојано ќе постојат мали нешта кои ќе нè иритираат. Тајната се состои во тоа да се трудите да им го дадете најминијатурното внимание, кое што навистина го заслужуваат.rnrn22. Кога кревате раце од нешто, не мора да значи дека сте слабаци. Понекогаш може да значи дека сте доволно силни и доволно паметни за да завршите со тоа поглавје од вашиот живот.rnrn23. Запрашајте се себеси кои луѓе во вашиот живот ве расположуваат, а кои ве влечат надолу со нивниот негативизам. Не заборавајте дека опкружувајќи се себеси со позитивни луѓе полни со љубов, вие сте веќе на половина пат кон среќниот и успешен живот.rnrn24. Немојте да поминувате премногу време оптоварувајќи се со минатото и грижејќи се за иднината. Животот е она што се случува сега. Живејте го моментот.rnrn25. За да можете да бидете креативни, морате да престанете да се плашите дека ќе погрешите.rnrn26. Понекогаш, недобивањето на она по кое сте копнееле долго време, е најдоброто нешто кое можело да ви се случи.rnrn27. За да бидете одлични, не значи дека треба да бидете доминантни врз другите луѓе. Тоа значи дека треба да бидете способни да доминирате со вашиот сопствен потенцијал.rnrn28. Ако имате страст да правите нешто во животот, продолжете со тоа, без разлика што другите луѓе мислат. Таа е постапката за остварување на вашите најголеми соништа.rnrn29. Ако некоја личност сака да биде дел од вашиот живот, таа ќе вложи видлив напор за да го стори тоа. Не трудете се да резервирате во вашето срце, место за оние кои не се трудат да останат во него.rnrn30. Немојте да се каете за вашите интимни врски кои не завршиле добро бидејќи тие ќе ви помогнат да го пронајдете вистинскиот партнер за вас и повеќе да го цените поради она што е и поради она кое го прави за вас.rnrn31. Животот не им се насмевнува на оние кои се перфекционисти, туку на оние кои се борат да ги направат работите како што треба, а за да ги направите работите како што треба, потребно е да бидете несовршени во 99% од времето.rnrn32. Сосема е во ред да се чувствувате гневно понекогаш. Во ниеден случај не е во ред да бидете злобни со некого.rnrn33. Чувствувањето добро и чувствувањето лошо, се секогаш променливи категории.rnrn34. Не молете се кога врне, ако не се молите кога ве грее сонце.rnrn35. Парите се обновлив ресурс. Ако сте изгубиле некои пари, не очајувајте. Секогаш можете да направите повеќе. Но, доколку потрошите драгоцен временски период стресувајќи се околу секој денар или поради губење на некоја битна шанса, никогаш нема да можете да го вратите тоа време назад. Времето е многу поважно од парите. Времето е темелот на животот.rnrn rnrn
Секој од нас има различна идеја за тоа што претставува забава. Обидете се да ги искористите сите прилики кои ви ги пружа животот за интересно пополнување на слободното време и притоа научете кој е вашиот личен стил на забавување. Прочитајте ги астролошките описи и дознајте кои типови собиранки ви одговараат, а кои да ги избегнувате.rnrnrn
Земјени знаци
rnБикот, девицата и јарецот, кога организираат журка за пријателите, сакаат да понудат голем избор на јадења, прекрасно опкружување и опуштена, лежерна атмосфера. Тие ќе бидат задоволни ако сè изгледа беспрекорно добро, храната има идеален мирис и вкус, музиката е добра и гостите се чувствуваат одлично. Земјените знаци најдобро се забавуваат кога се чувствуваат релаксирано и удобно. Поради тоа, тие се чувствуваат најубаво кога се опкружени со луѓе кои не мораат да ги импресионираат или на кои треба да им се докажуваат себеси на некој начин.rnrnСовети за декорирање: Употребувајте земјени елементи додека го украсувате просторот наменет за вашата журка. Декорирајте со убави камења, кристали, земјени садови и сè што дава земјен акцент.rnrnСтил на забавување: сензуално уживањеrn
Воздушни знаци
rnБлизнаците, вагата и водолијата најмногу се забавуваат кога се наоѓаат во средина која го разбудува нивниот интелект и која е исполнета со интересни луѓе од кои можат да научат и чујат нешто ново. На нив им се допаѓаат забави кои ментално ги стимулираат, па затоа сакаат да поканат луѓе кои карактерно ќе се надополнуваат едни со други или кои ќе имаат различни гледишта од кои ќе се родат некои нови идеи и перспективи. Забавите на кои е поважно како сте облечени, отколку каква личност сте во душа, за нив се досадни, па затоа најубаво си поминуваат кога се впуштаат во брзи и духовити вербални размени кои го будат и предизвикуваат умот.rnrnСовети за декорирање: Употребувајте елементи кои потсетуваат на воздух (слики од птици во лет, лесни ткаенини кои ќе се веат од ветерот).rnrnСтил на забавување: интелектуален коктелrn
Огнени знаци
rnОвенот, лавот и стрелецот сакаат добра забава, акција и малку драма кога прославуваат нешто. Бидејќи сакаат луксуз, секогаш им е важно да имаат понуда од најдобри освежувачки пијалаци, а гостите кои се поканите на забавата треба да знаат вистински да го живеат животот и да знаат да си поминат убаво. Поважно им е забавата да помине во смеење и уживање, отколку во муабетење за сериозни теми, па затоа и избегнуваат прослави организирани од работното место и слично.rnrnСовети за декорирање: Користете елементи на оган (запалете огниште на плажа, употребувајте црвена боја и служете лути работи).rnrnСтил на забавување: темпераментна забаваrn
Водни знаци
rnНа ракот, скорпијата и рибите им е важно на забавата да почувствуваат емоционална конекција со луѓето кои се дојдени, па затоа преферираат мали, интимни собиранки, наместо огромни гужви. Тие имаат нежен и спиритуален стил на забавување и обожаваат да прават ритуали и поводи за забава кои за нив имаат некакво значење. Бидејќи се мили и грижливи луѓе, важно им е гостите да бидат добро најадени и напиени и да се чувствуваат удобно на нивната журка. Тие сакат поголемиот дел од храната да ја приготват сами и наместо да служат разни видови предјадења, тие ќе послужат неколку поголеми чинии, за да се осигураат дека ќе има доволно за секој.rnrnСовети за декорирање: Употребете некои водни елементи за вашата журка: декорирајте со мали украсни фонтани, пронајдете цеде со звуци од жуборкањето на океан, масата декорирајте ја со пластични украсни рипки и морски ѕвезди.rnrnСтил на забавување: спиритуален
Поради успешната продажба на честитки, шолји за млеко, маички, приврзоци за клуч, магнети за фрижидер, беџеви и други додатоци, веб-сајтот за подароци Takkoda, преку издавачката куќа TeNeues, почнал да продава и ѕидни календари со хумористични миленичиња, кои се обработени во Фотошоп, за да личат на познатите фаци.rnrnЕлвис Прeсли rnrnАлберт Ајнштајн rnrnБоб Марли rnrnTakkoda бил стартуван од страна на два пара, кои поминувајќи го детството во рурална Англија развиле огромна љубов кон животните, гледајќи ги како суштества со карактер, а не како слатки нешта кои треба само да се галат.rnrnКети Пери rnrnЕјми ВајнхаусrnrnТие фотографираат вистински животни во нивните домови, обидувајќи се да ги доловат нивните природни експресии на лицето, а потоа ги дотеруваат во Фотошоп, за да личат на Лејди Гага, Кети Пери, Елвис Прeсли и други.rnrnОдри ХепбернrnrnОзи ОзборнrnrnЛејди ГагаrnrnГолемиот интерес на овие љубовни парови за животот на светските „ѕвезди“, во комбинација со нивната фантастична смисла за хумор, како и познавања од областа на дигиталната обработка на фотографии, ги создале овие нивни навистина прекрасни, уникатни ремек-дела, кои успеваат да го подигнат расположението.rnrnЏин Симонс од групата „Кис“rnrnЏими ХендриксrnrnД-р Спок од „Ѕвездени патеки“rnrnЏони Деп во „Пиратите од Карибите“rnrnГ-дин ТиrnrnСтиви Вондер rnrn Борат и Винстон Черчил rnrnМајка Тереза и Бери Хамфрис во улога на Дејм Една ИвириџrnrnДоли Партон rnrnМајкл ЏексонrnrnСе сеќавате на првоаприлски маскираните кученца?rn