Прво турате млеко, па потоа корнфлекс, ставате кечап низ целата храна, го чувате телефонот на тивок режим 24/7 или сето ова го правите обратно? Луѓето можат да бидат поделени во 2 категории поради тоа што некои едноставни работи ги прават многу поразлично. Погледнете ги овие смешни разлики и откријте во која категорија припаѓате вие.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги и овие 12 смешни разлики помеѓу мажите и жените.
Tag: луѓе
-

Слики што докажуваат дека на светот постојат 2 вида луѓе
-

Слики кои ги покажуваат секојдневните проблеми на ниските луѓе
Главната причина поради која некои луѓе сакаат да бидат повисоки се проблемите со кои се соочуваат секојдневно. Доколку се чувствувате дека сте имале „лоша среќа“ и сте останале ниски, запомнете што велат: „Добрите работи секогаш доаѓаат во мали количини“. Следуваат слики во кои ќе се пронајдат само ниските луѓе.rn
Маките кога ја вадите облеката од машината за перење
rn
rnСе чини дека некои банкомати се направени само за високи луѓе
rn
rnЕве како ги враќате зачините
rn
rnЉубовта наоѓа начини
rn
rnПонекогаш е тешко да стигнете до сапунот
rn
rnДури и исклучувањето на светлото е проблематично кога сте ниски
rn
rnВо хотелските соби…
rn
rnКога се обидувате да рекламирате нешто, но знакот е поголем од вас…
rn
rnСекогаш кога го чистите автомобилот од снег оставате „четка“ на средината
rn
rnНеопходна опрема за концерт ако сте ниска личност
rn
rnГо делите истиот проблем со превисоките луѓе кога се сликаат – ве нема на сликата
rn
rnОгледало во домот на висока личност
rn
rnКога сакате да го исперете автомобилот…
rn
rnЧистењето е потешко
rn
rnОвој човек се искачи и се ожени
rn
rnrnСледно, прочитајте за предностите и недостатоците на високите луѓе. -

Едноставни начини како повторно да се вљубите во сопствениот живот
Во даден момент од животот, на секој од нас му се случило да се почувствува како да тапка во место. Кога секојдневните активности веќе не нѐ исполнуваат, тоа е знак дека играме пасивна игра во животот. Затоа е потребно да вметнеме нови нешта во нашата рутина, нешта кои ќе направат повторно да се вљубиме во нашето секојдневие.rnrn
rn1. Патувајте почесто
rnОдберете еден викенд во месецот кога ќе отпатувате некаде. Без разлика дали ќе се одлучите за некоја подалечна дестинација или пак ќе ја истражувате Македонија, промена на секојдневното опкружување е секогаш добредојдена.rn
2. Оставете простор за изненадувања
rnНаместо да го контролирате секој аспект од вашиот живот, одвреме-навреме, дајте му шанса на животот да ве изненади. Прифатете го состанокот со момчето/девојката кои сакаат да ве запознаат или отидете на забавата која ја организираат вашите пријатели, без многу да размислувате. Најубавите нешта се случуваат кога најмалку очекуваме.rn
3. Научете да примате љубов
rnПрифатете ја помошта од пријателите, кога тие безрезервно ви ја нудат. Прифатете ги искрените комплименти кои ги добивате од околината. Дозволете си да бидете сакани од луѓето околу вас, но не заборавајте и да се сакате самите себеси. Вие тоа целосно го заслужувате.rn
4. Бидете благодарни
rnСекогаш кога ќе ви помине некоја негативна мисла, веднаш заменете ја со некоја позитивна. Животот не е розов, но убаво е да го гледаме од позитивната страна. Имајте на ум дека вашето расположение зависи само од вас.rn
5. Секојдневно зборувајте со нови луѓе
rnСветот е исполнет со прекрасни луѓе, а ние секојдневно без да забележиме поминуваме покрај нив. Започнете разговор со книжарката во продавницата за книги, прашајте ја бабичката која продава цвеќе како ѝ поминал денот, понудете му помош на бездомникот кој проси во близина на вашиот дом. Ќе се изненадите од тоа колку можете да научите од разговорот со луѓето кои не ги познавате.rn
6. Посветете време за вашата надградба
rnСеднете и запишете ги вашите дневни, неделни и месечни цели. Размислете за тоа на кои аспекти од животот треба да поработите. Не ги пропуштајте курсевите кои ве интересираат и почнете да учите нови работи. Станете свој животен водич и личната надградба ставете ја во преден план.rn
7. Простувајте
rnОставете го минатото зад вас. Простете им на луѓето кои ви згрешиле и простете си на себе за грешките кои сте ги направиле. Верувајте, нема потреба да го носите тој товар во сегашноста, а уште помалку во иднината.rn
8. Бидете физички активни
rnОдберете физичка активност која ви одговара и практикувајте ја редовно. Сите ги знаеме придобивките од вежбањето, па време е да ги почувствувате и на самите себе.rn
9. Забележувајте ги добрите страни кај луѓето
rnНаместо веднаш да ги забележувате мааните кај другите, обидете се да се фокусирате на нивните добри страни. Никој не е совршен, но секој од нас има свои квалитети. Оценувајте ги луѓето врз основа на тоа.rn
10. Бидете опкружени со позитивни луѓе
rnСо кој си, таков си. Размислете за тоа какви луѓе ве опкружуваат и како тие ви влијаат на расположението. Не е погрешно доколку решите некогаш да бидете малку себични и да прекинете да комуницирате со луѓе кои негативно влијаат на вас.rn
11. Правете позитивни планови за иднината
rnНаместо да се фокусирате на негативните искуства од минатото, почнете да ја планирате иднината со позитивен став. На почетокот правете бебешки чекори, тие ќе ве однесат до животот кој отсекогаш сте го посакувале.rn
12. Обрнете внимание на облекувањето
rnОблеката не го чини човекот, но сепак битно е да се чувствуваме убаво во тоа што го носиме. Кога облеката ја носиме со самодоверба, самоуверено ќе ги правиме и останатите работи во текот на денот.rn
13. Слушајте музика која ве расположува
rnНаучно е докажано дека музиката има големо влијание врз нашето расположение. Направете плејлиста со вашите омилени песни и дозволете му на ритамот да ве понесе. Секако, не го пропуштајте и концертот на вашата омилена музичка група – музиката во живо е уште подобра!rn
14. Прифаќајте совети од луѓе кои ве инспирираат
rnНа секој од нас му треба пример во животот. Слушајте ги внимателно советите од луѓето на кои се угледувате, од луѓето кои успеале во полето на коешто сакате да успеете и вие. Нивните зборови се бесценети, а најчесто се бесплатни.rnrnПовозрасните поминале повеќе, затоа прочитајте ги животните совети кои можеме да ги научиме од нив.
-

Интересни факти за луѓето кои може да ве изненадат
Човечката психологија овозможува да се извлечат некои заклучоци кои генерално важат за сите луѓе. За многу од овие нешта не сме свесни, додека некој не ни ги предочи. Прочитајте ги фактите подолу и обидете се да ги примените оние кои можат да ви бидат корисни.rnrn
rnrn1. Доколку ги запишуваме своите соништа, побрзо ќе ги оствариме.rnrn2. Најдобро ги меморираме информациите ако после 30 до 50 минути учење направиме десетминутна пауза.rnrn3. Жените кои имаат повеќе машки пријатели се почесто добро расположени.rnrn4. Мажите не се подуховити од жените, но се поопуштени и повеќе зборуваат, па не се оптоваруваат со тоа дали на другите им се допаѓа нивниот хумор или не.rnrn5. Луѓето кои знаат да кажат „благодарам“ и „извини“ се далеку посреќни и позадоволни од останатите.rnrn6. Може многу да се заклучи за нечиј карактер ако се набљудува неговото однесување со персоналот во ресторан.rnrn7. Луѓето кои имаат силно чувство на вина се подобри во разбирање на мислите и чувствата на другите луѓе.rnrn8. Жените имаат двојно повеќе рецептори за болка од мажите, но и многу повисок праг на толеранција.rnrn9. Луѓето се посреќни ако често го прават она од што се плашат.rnrn10. Кога држиме за рака личност којашто ја сакаме, чувството на болка и несигурност се намалува.rnrn11. Интелигентните луѓе имаат помалку пријатели од просечното.rnrn12. Бракот со најдобриот пријател е со најмали шанси за развод и има големи шанси да трае доживотно.rnrn13. Долгогодишната осаменост е штетна по здравјето како и пушењето по 15 цигари на ден.rnrn14. Најчестиот кошмар вклучува паѓање, неподвижност, прогонување и смрт на блиска личност.rnrn15. Колку се посреќни луѓето, толку помалку сон им е потребен.rnrn16. Човекот брзо носи одлука кога му се оди во веце.rnrnПрочитајте ги и овие 28 изненадувачки, но вистинити факти. -

Нашите омилени сонувачи: 10 занимливости за личностите родени во јуни
Личностите родени во јуни имаат навистина интересен карактер. Тие се сонувачи чии мисли се постојано исполнети со најразлични идеи. Па, ако сакате подобро да ги запознаете овие луѓе, продолжете со читање…rnrn
rn1. Имаат неверојатен карактер и навистина е забавно да се биде во нивно друштво
rnЛичностите родени во јуни се сметаат за луѓе со најдобар карактер. Тие имаат многу таленти, вклучувајќи ги и оние за пеење, танцување и спортување. Станува збор за навистина добри луѓе со одличен вкус кога се во прашање музиката, модата, филмовите…rn
2. Главата им е постојано полна со идеи
rnИдеи, прашања, размислувања… Главната карактеристика на родените во јуни е тоа што тие никогаш не мируваат. Станува збор за љубопитни личности чии желби и интереси се многу разнолики.rn
3. Тие се луѓе со визија
rnКако што веќе спомнавме, овие личности постојано имаат куп идеи во нивната глава, и тие најчесто се навистина квалитетни. Интересно е што тие постојано наоѓаат начини да ги остварат, како и да ги имплементираат во сопствениот живот.rn
4. Имаат отворен ум и бескрајна фантазија
rnОвие сонувачи не знаат за граници кога станува збор за фантазијата. Покрај тоа постојано се отворени за нови идеи и за сè добро размислуваат.rn
5. Самоуверени се
rnЛуѓето родени во јуни се многу самоуверени кога станува збор за нивниот имиџ и изглед. Добриот изглед им е приоритет во животот, па затоа и се многу пребирливи кога станува збор за модата и стилот на облекување. Тие обожаваат да бидат различни.rn
6. Имаат одлична интуиција и безгрешно ги читаат другите
rnЈунските деца имаат интуиција што им овозможува да ги воочат нештата што другите луѓе не ги забележуваат. Имаат природен талент кога станува збор за читање на другите и секогаш препознаваат кога некој се однесува необично или кога нешто го мачи.rn
7. Склони се на промени на расположението
rnЛичностите родени во јуни имаат интензивно променливи расположенија па понекогаш им е навистина тешко да се борат со своите емоции, иако однадвор изгледа како да имаат сè под контрола.rn
8. Сите сакаат да им бидат пријатели
rnПричината поради која луѓето сакаат да бидат во добри односи со родените во јуни е многу едноставна – тие се секогаш тука за своите најблиски и инстинктивно ги штитат. Дури и ако во животот наидат на непријатели, тие ќе направат сè за да ги претворат во пријатели.rn
9. Тие се многу мирни (сè додека некој не ги изнервира)
rnСтанува збор за личности кои имаат сочувство и нежна природа. Тие чекорат низ животот мирно и без многу нервози. Но, постојат и луѓе кои сакаат да ја искористат нивната љубезност, а кога тоа ќе се случи, тие реагираат бурно!rn
10. Забавни се
rnЛичностите родени во јуни имаат неверојатна смисла за хумор, а дел од тој хумор понекогаш се претвора и во сарказам. Покрај нив постојано ќе се смеете, а смислата за хумор им е уште една причина поради која тие се одлично друштво.rnrnДознајте и на кој датум се родени најсреќните луѓе во светот.
-

5 видови луѓе коишто ги среќавате за да останете на вистинскиот пат
Во текот на животот ќе наидете на луѓе кои поради некоја непозната причина требало да ги сретнете. Овие луѓе се лекции, некои минливи, некои трајни, но сите се со моќна порака која има влијание на вашиот живот и на вашите одлуки. Постојат 5 видови космички врски кои најверојатно ќе ги искусите во текот на животот и кои ќе ви помогнат да се движите по вистинскиот пат.rnrn
rn1. Луѓе кои треба да ве разбудат
rnПостојат некои луѓе кои влегуваат во вашиот живот и кои прават огромна промена. Тие, свесно или несвесно, со нивното присуство ве потсетуваат дека не можете да тргнете напред во животот доколку не промените нешто. Овие луѓе ќе го разбудат вашиот потенцијал, кој во спротивно би останал неоткриен.rn
2. Луѓе кои треба да ве потсетат
rnНекои луѓе едноставно се појавуваат во вашиот живот само за да ве потсетат за вашите цели. Целта на овие средби е да ви помогнат да останете фокусирани на вашиот животен пат. Овие луѓе ве потсетуваат кои сте и што навистина сакате.rn
3. Луѓе кои ви помагаат да созреете
rnПостојат луѓе кои ви помагаат да созреете како личност. Тие ве следат и ве водат на вашето животно патување. Понекогаш може и да ве повредат, но секогаш ве носат на неверојатна авантура и на тој начин ви го покажуваат патот кога ќе скршнете од него. Овие луѓе ви помагаат да научите нешта кои не би ги научиле самите и ве тестираат за да можете да созреете.rn
4. Луѓе кои го окупираат вашиот простор
rnНекои луѓе се во вашиот живот на толку кратко и незначајно време, па веројатно не се ни сеќавате на нив. Ова се луѓе кои ги среќавате на автобуска постојка, на улица или со кои сте размениле само 2-3 збора. Никогаш не градите врска со нив. Нивната цел е само да го окупираат вашиот простор. Овие луѓе ве поддржуваат на вашето патување и се овде за да ве развеселат и да го поттикнат доброто во вас.rn
5. Луѓе кои остануваат
rnНекои луѓе засекогаш ќе останат со вас. Тие се ретки и тешко е да ги пронајдете, но се највредните. Тие се ваши блиски пријатели, семејство, а можеби и сродни души. Ова се луѓе кои имаат иста, или слична мисија како вашата.rnrnКога ќе дојде вистинскиот момент, животот ќе ви прати некоја од овие личности. Сè што вие треба да направите е да бидете трпеливи додека чекате. Порано или подоцна, секако ќе се појават во вашиот живот.rnrnДознајте и кои се видовите сродни души што ќе ги сретнете во текот на вашиот живот.
-

Зошто човечките гради се толку големи?
Градите доаѓаат во сите форми и големини, но едно нешто им е заедничко – градите се уникатни кај луѓето. На планетата живеат над 5.000 видови цицачи, но луѓето се единствените живи суштества кои имаат перманентни гради. Некои сметаат дека оваа човечка аномалија е секси, но не можете а да не се запрашате: Зошто човечките гради се толку големи? Дали биле грешка во еволуцијата?rnrn
rnrnСекој цицач развива привремени гради за време на овулација или доење. Воглавно, нивната задача е да произведуваат млеко. Па, штом нема млеко, исчезнуваат и градите. Но ова не важи за жените чии гради се формираат во текот на пубертетот, а не за време на бременоста. Па во некој момент од еволуцијата нешто се променило. Зошто?rnrnНа пример, во 1987-ма година биологот Тим Каро истражувал седум постоечки теории поврзани со оваа тема. Според едната, градите му овозможуваат на новороденчето да цица додека е поставено на колкот. На овој начин мајките се поподвижни и можат да работат и нешто друго. Но ова не објаснува зошто градите остануваат откако мајката ќе престане со доењето.rnrnМожеби најпознатата теорија за ова е предложена од Чарлс Дарвин, а потоа и истражена од зоологот Дезмонд Морис. Во неговата книга од 1967-ма година, „Голиот мајмун“ (The Naked Ape), Морис смета дека градите еволуирале како секс симбол за да го заменат отокот на половите органи кај женките примати за време на овулација. Штом нашите предци почнале да се движат исправено, сексуалните органи не биле толку лесни за забележување. Па, мажјаците не можеле со сигурност да знаат кога женката е сексуално зрела. Поради ова се развиле градите. Оваа теорија објаснува зошто градите на жените растат за време на пубертетот, но не може да објасни зошто остануваат и по менопаузата.rnrnЗа да се открие точниот одговор, потребно е внимателно набљудување на женските гради. Една од најголемите разлики е тоа што градите на жените имаат повеќе масно ткиво за разлика од градите на женките од другите видови. Ова масно ткиво ги исполнува градите и им дава форма – исто како млекото, но е перманентно. Човечките гради можат да се зголемат до тој степен, што жената чувствува болки. Поради ова многу жени прават операција за да ги намалат градите. Само во САД во 2016-та година, 61.000 жена направиле ваква операција.rnrnНо градите не се само неудобни, тие можат да бидат и смртоносни. На пример, ракот на дојката е одговорен за најмногу смртни случаи поврзани со рак кај жените. Секоја година се појавува кај 1,5 милиони жени, а само во 2015-та убил 570.000. Колку што им е познато на научниците, ракот на дојката не е толку чест кај другите примати. Можеби причината е тоа што ризикот од рак се зголемува со возраста, а другите примати не живеат толку долго. Или пак можеби болеста е поврзана со самото перманентно ткиво на градите.rnrnРакот е почест кај ткивото во кое има брза делба на клетки. Секој пат кога клетките се раѓаат и умираат, постои можност да настане грешка во циклусот. Клетката со грешка може да стане канцерогена. Клетките во ткивото на градите се делат многу брзо, па има поголем простор за грешки.rnrnГрадите си го нашле нивното место во човечката култура и општество. Можат да направат жените да се чувствуваат сакано, ослободено и моќно. Исто така, со градите се изградени цели индустрии благодарение на нивната моќ за привлекување. За добро или лошо, човечките гради ќе останат иако сè уште не знаеме што ја предизвикува нивната големина.rnrnДоколку сте жена, добро е да ги знаете овие промени на градите кои укажуваат на сериозен здравствен проблем. -

Психолог советува: Како да се разберете себеси и другите еднаш засекогаш?
Добриот психолог може да ви каже како да се соочите со многуте тешкотии што ги носи животот. Некои професионалци не само што им помагаат на нивните клиенти, туку ги споделуваат нивните совети и онлајн. Овде спаѓа и психологот Антон Шутов, кој го користи неговиот Твитер профил за да сподели многу важни нешта што ги научил во текот на неговата кариера.rnrn
rnКорисни совети
rn
- rn 011
- Стресот не е само ваш непријател, туку и ваш сојузник. Ако личноста нема никаков стрес и се чувствува сосема удобно, ќе почне да чувствува здодевност, а неговата животна енергија ќе се намали на нула. Ова може да предизвика депресија. Постојаниот, слаб стрес нè активира.
- Застанете за момент и вдишете длабоко. Потоа издишете полека. Бавното дишење и длабоката релаксација овозможуваат поголем проток на кислород во крвта. Ова помага при зголемување на фокусот на важните нешта и при намалување на влијанието на стресот. Исто така и ќе ве врати во сегашниот момент.
- За да ја зголемите вашата свесност и да се чувствувате поприсутни, психолозите советуваат да пробувате што е можно повеќе нови работи – нови часови, нови патеки за пешачење, нови теми, нова храна, нови хобија и слично. Ова ја зголемува вашата свесност и ве прави посилни.
- Ако треба да се соочите со предавство, не заборавајте дека тоа работи само во една насока. Само предадената личност го чувствува, додека другата најчесто не го разбира. Не трошете го вашиот здив обидувајќи се да објасните што било. Нема да постигнете ништо.
- Ако се обидувате да донесете одлука, но немате никаква идеја, престанете со потрагата и фокусирајте се на нешто друго. Анализирањето на разни мислења нема да престане, само ќе се премести на подлабоко ниво – во вашата потсвест. За брзо потсвеста ќе ви го даде одговорот. Важно е само да не се изморите од барањето.
- Ако сте креативна личност, не заборавајте дека самотијата е нешто што ви е навистина потребно. Ако редовно се изолирате на одреден период, тишината ја подобрува вашата внатрешна анализа. Најдобрите идеи се формираат во овој период. Па, почесто останувајте сами.
- Ако посетувате психолог не кажувајте за сите нешта што ве загрижуваат. Одберете го најважното и започнете со тоа. Една тема во една сеанса. Голема е веројатноста откако ќе се справите со еден проблем да ги гледате другите од целосно нова перспектива.
- Понекогаш настојувањето да анализирате сè ви е најголем непријател. Способноста да го исклучите вашиот мозок е неопходна. Ако правите нешто опасно не треба да се фокусирате на опасноста. Ризикот од неуспех значително се зголемува кога сте исплашени.
- Изгледа дека лекарствата за болка не само што ја намалуваат физичката, туку ја намалуваат и емоционалната болка. Поради ова, бидете внимателни со нив.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Како подобро да ги знаете другите и себеси?
rn
- rn 011
- Кога повторувате една иста задача сигурно сте забележале дека почнува да го губи нејзиното значење. Го имате пробано ова, зарем не?
- Замислете си дека сте во кафетерија со колеги и вие први завршувате со оброкот. Ако ви се случува ова, голема е веројатноста да имате анксиозност. Според експертите, колку побрзо јадете, толку повисоко е вашето ниво на анксиозност.
- Некои луѓе веруваат дека ако некој брзо го мрда стапалото, сигурно е нервозен. Но ова не е секогаш вистина. Често луѓето кои го прават ова сакаат да ја променат активноста или сакаат да ги натераат другите да работат побрзо.
- Ако сте сами на улица и забележите глутница кучиња, голема е веројатноста да ве нападнат за да ги тестираат нивните вештини и да ги научат помалите членови од групата. Луѓето го прават истото нешто и тоа е наречено малтретирање.
- Малтретирањето кај тинејџерите е сериозен проблем. Најважниот совет – детето не треба да реагира на малтретирањето бидејќи токму тоа го сакаат оние што напаѓаат. Исто така, родителите не би требало да се мешаат бидејќи можат навистина да ја влошат ситуацијата.
- Кога личноста си го допира носот во текот на разговор, не мора да значи дека лаже. Поверојатно е дека се обидува да постави ограда помеѓу неговата уста и соговорникот. Причината е несигурноста.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
За луѓето
rn
- rn 011
- Што да правите ако треба да одржите говор, а публиката е гласна? Не обидувајте се да ја смирите. Само застанете на вашето место и бидете мирни. Наскоро вревата ќе престане и вниманието ќе се сврти кон вас.
- Постои правило – ако некој ги критикува другите луѓе пред вас, веројатно ве критикува и вам штом ќе му го свртите грбот. Секогаш држете се настрана од овие луѓе.
- За да се чувствувате обединето со личноста што ја сакате, обидете се да го синхронизирате вашето дишење. Оваа суптилна промена создава навистина пријатен ефект.
- Пробајте го овој експеримент со пријателите или колегите: Дајте им листови хартија на неколку момци и девојки и замолете ги да нацртаат велосипед. Мажите ќе нацртаат механички реален модел, а жените… Ќе видите самите. Ете колку се разликуваат мажите и жените.
- За да ѝ се допаднете на личност којашто прв пат ја гледате, поставете ѝ 10 прашања за нешто што го сака. Таа ќе ви одговори, а вие ќе слушате. Ова ќе ја натера да ве засака.
- Кога минувате покрај потенцијално агресивна група луѓе, направете го следново:
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn1. Стиснете ги дланките во тупаницаrnrn2. Малку затворете ги очитеrnrn3. Гледајте после групатаrnrn4. Не покажувајте дека сакате да се движите побрзоrnrn5. Не реагирајте без разлика што ќе ви кажатrn
- rn 011
- Личноста која не ве знае, а ве убедува дека е видовите и почнува да ви кажува работи за вас, го користи ефектот Барнум. Односно, изнесува општи карактеристики кои ви изгледаат вистинити само за вас. На истиот принцип функционира и астрологијата.
- Кога родителите, партнерите или пријателите тераат некого да оди на психолог, најверојатно обидот е залуден. Пациентот кој бил присилен да посети психолог нема да се отвори пред терапевтот и ќе пружи отпор на терапијата.
- Сè што ви е потребно од другите луѓе е искреност, без разлика дали ви се пријатели, партнери, колеги, семејство, родители, соседи… Ова е целта на секоја врска.
rn 011
rn 011
rn
rnПробајте ги и овие психолошки трикови кои ќе ви го олеснат животот.
-

Престанете да го барате само лошото во луѓето и запомнете дека има и добро
Многу е полесно да го гледате лошото кај луѓето. Полесно е да повредите некого пред тој да ве повреди вам. Полесно е да ја гледате темнината, но ако гледате само во неа никогаш нема да ги видите ѕвездите.rnrn
rnrnИако бегањето со самосаботирање е многу полесно од соочување со ужасната реалност, нема убавина во тој искривен свет. Иако е полесно да го видите лошото кај личноста наместо да го барате доброто, оваа перспектива е токсична.rnrnНемојте да бидете заслепени од темнината. Полека но сигурно, таа ќе ве изеде.rnrnВо човечката природа е да го гледате само она што сакате да го гледате. Да верувате само во она во коешто сакате да верувате. Да гледате сè поразлично отколку што навистина е. Да гледате само црно и бело.rnrnГо правите ова бидејќи ви дава утеха. Полесно е да верувате во вашата верзија на вистината. Полесно е да ги туркате луѓето од вас, наместо да им го откриете вистинското лице, вашите несигурности и ранливост. Измислената реалност дава безбедност и утеха.rnrnНо, ова е деструктивно. Поради тоа ќе изгубите многу можности, многу пријателства и врски. Стравот од неуспех уште повеќе придонесува кон ова. Страв од соочување и страдање. Страв дека не сте доволно добри.rnrnНо ако никогаш не сте страдале, никогаш нема да дознаете колку всушност сте го сакале она што го сакате. Ако никогаш не сте страдале, набрзо ќе сфатите дека не сте живееле во реалниот свет.rnrnАко сте го гледале само лошото кај луѓето и болката што ви ја нанеле, никогаш нема да го согледате нивниот вистински потенцијал. Ако постојано сте живееле во затворен универзум на недоверба, ќе се изгубите прашувајќи се за автентичноста на луѓето околу вас.rnrnБез разлика колку би било тешко, без разлика колку сега е тешко, одберете да го гледате доброто. Побарајте ја ѕвездата во вашата темнина и дозволете ѝ да ви го покаже светот и сета добрина.rnrnИако некогаш сонцето ќе зајде и ќе го затемни светот, ова е само привремено – тоа повторно ќе изгрее. Лошото е дел од животот и колку и да сакате да го гледате само тоа, не заборавајте дека има и многу добрина. Дозволете ѝ да го осветли вашиот свет.rnrnПрочитајте ги и овие приказни кои ќе ви ја вратат вербата во добрината на човекот. -

10-те најопасни места на Земјата благодарение на луѓето
Можеби сте забележале дека ние луѓето настојуваме да го менуваме нашето опкружување со цел да го направиме поудобно. Додека повеќето места останале погодни за живеење, дел од нив се толку многу оштетени што повеќе не се безбедни за луѓето. Без разлика дали причината е запоставување, тестирање оружје или промена на климата, луѓето ја уништуваат Земјата со векови. Погледнете некои од најопасните места на Земјата благодарение на луѓето.rn
1. Островите Антракс
rn
rnrnВо светот постојат три вакви острови кои биле користени од страна на САД, Обединетото Кралство и Советскиот Сојуз за тестирање биолошки оружја како што е антраксот.rnrnОстровот Груинард се наоѓа во Шкотска и бил користен од страна на Велика Британија за време на Втората светска војна. Бил прогласен како непогоден за живеење во доцниот 20-ти век. Островот Возрожденија се наоѓа во Аралското Езеро и бил поделен помеѓу Казахстан и Узбекистан. Советскиот сојуз го користел во 1950-тите. Планирале да го исчистат, но сојузот се распаднал пред да го направат тоа. Владата на САД го поседува и раководи со Центарот за болести на остров во близина на Њујорк. Кога сакале да го продадат морале да го одредат нивото на загадување.rn2. Корејската демилитаризирана зона
rn
rnrnСо должина од 250 километри и широчина од 4 километри, не постои поголема акумулација на нагазни мини во светот. Влегувањето во зоната претставува ризик за секого. Иако одвреме-навреме се случуваат упади, малкумина влегле и излегле безбедно. Границата е постојано под надзор што дополнително го отежнува влегувањето.rnrnАко сепак успеете да влезете во зоната, поголеми шанси имате да нагазите на некоја од мините отколку да ве уапсат.rn3. Гилман, Колорадо
rn
rnrnГилман започнал како рударски град во 1886-та година за време на сребрената треска во Колорадо. Но денес е град на духови поради трајната евакуација во 1984-та година наредена од Агенцијата за заштита на околината.rnrnГрадот е напуштен поради загадување на водата со непрофесионалното рударство. На почетокот на 20-тиот век, во водата се нашле цинк, олово, арсен и сулфиди. Иако градот не бил голем, загубил население од околу 300 луѓе. Денес градот изгледа речиси исто како и во минатото. Искршени се стаклата, но домовите, зградите, па дури и личните автомобили стојат на нивно место.rn4. Бикини Атол
rn
rnrnМожеби имате слушнато за атомските тестови од 1950-тите во Бикини Атол, но никогаш нема да го посетите ова место. Благодарение на тестовите на САД, жителите биле преселени пред 71 година. На 1-ви март, 1954-та година, САД ја тестирала хидрогенската бомба Браво, нуклеарно оружје од 15 мегатони кое „избришало“ три острови. Островите останале непогодни за живеење поради експлозијата.rnrnПочнувајќи во 1946-та, САД тестирала вкупно 67 нуклеарни направи на и околу Бикини Атол и Маршалските Острови. Верувале или не, има неколку луѓе кои живеат на островот и го одржуваат. Редовно ја тестираат почвата и бараат начин да ја намалат радијацијата.rn5. Пичер, Оклахома
rn
rnrnПичер е одлично место за посета доколку сакате труење со олово. Градот бил напуштен по наредба од Агенцијата за заштита на околината поради бројните нелегални копања низ градот. Инженерите откриле дека 86% од зградите можеле да се срушат во секој момент. Но ова не бил единствениот проблем. Истражување од 1996-та година покажало дека 36% од децата во градот страдале од труење со олово. Низ градот има огромни купови токсичен материјал, а со ова се загадува и водата.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn